Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
7 год.
Arsovski

ВМРО ДПМНЕ обелодени сомнеж за огромен криминал во РЕК Битола

Повторно, огромен скандал од редовите на СДСМ и Владата на СДСМ. И повторно, сомнеж за испумпување пари на граѓаните и сомнеж за огромен криминал во РЕК Битола.Замислете, фирмата СВ Инвест која беше поврзувана во тесни релации со братот на Зоран Заев, Вице Заев доби тендер во 4 очи, повторувам, тендер во 4 очи, помеѓу фирмата СВ Инвест и Васко Ковачевски како директор на РЕК Битола од редовите на СДСМ, за ангажирање на помошна механизација за потребите на РЕК Битола во вредност 53 милиони денари, односно над 800.000 евра, пари на граѓаните, истакна на денешната пресс конференција Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Најпрвин го затворија Советот за јавни набавки за да можат да склучуваат тендери во 4 очи, практично тоа им беше всушност она „живот за сите“.Еве вака на овој начин, парите на граѓаните завршуваат во фирмите блиски до СДСМ и фамилијата на Зоран Заев и целиот овој криминален картел на власт.Во месец јули РЕК Битола објавила јавен тендер со првични критериуми кој подоцна претрпел поништување во критериумите, односно наместо првично како што се барало телескопски чистач на транспортни ленти со моќност од 80KW и референца од фирмите апликанти, за изработка на целиот тендер, после поништувањето на критериумите, преку истиот предмет на набавка се бара телескопски чистач со моќност од 100KW, односно зголемена е границата и не се бара референца од фирмите кои што треба да бидат носители на тендерот, односно ова поништување на критериумите отвора сомнеж за елиминирање на други потенцијални изведувачи на тендерот и објавување на критериуми кои одговараат единствено на фирмата СВ Инвест. Со ова практично се овозможило СВ Инвест да се јави како носител на тендерот и многу полесно да го добие целиот тендер.Дали со овој потег Васко Ковачевски и СДСМ ја ограничиле конкуренцијата и влијаеле кој да го добие овој огромен тендер?Дали со ова Васко Ковачевски влијаел тендерот кој го склучил во 4 очи да го добие фирмата СВ Инвест, практично за која претходно и самиот Васко Ковачевски имаше изјави дека таквата фирма не работи во РЕК Битола?Дополнително, претходно во 2017 година фирма која го добила тендерот за истата намена имала цена од 3800 денари за 1 час работа на тој телескопски чистач, додека пак сега, истата фирма која тогаш работела за таа цена, сега им ги изнајмува машините и е подизведувач на СВ Инвест, а СВ Инвест е носител на тендерот и цената која што РЕК Битола ја плаќа на СВ Инвест за истата работа од претходно е 4290 денари за 1 час работа, односно дури 500 денари повеќе.Почитувани, ова е еклатантен пример на испумпување на народните пари. Криминалниот картел на власт најелегантно ги граби, ги краде парите на граѓаните од државните институции. Ова лудило мора да прекине и криминалците од власта мора да одат во затвор.Овој можен случај на криминал мора уште веднаш да биде истражен од надлежното Јавно обвинителство и ги охрабруваме веднаш да отворат случај и да ги истражат сите можни сомнежи. Веднаш потоа сите одговорни да сносат одговорност и да одговараат пред лицето на правдата, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
filipce-222

Овозможени дијагностички генетски анализи на наследни болести на сметка на Фондот за здравствено осигурување

Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување овозможи анализите за молекуларна дијагностика на наследни болести да бидат опфатени во листата на услуги покриена со средства на ФЗО. Станува збор за седум услуги побарани од Медицинскиот факултет (одделите  факултет и МАНУ.-Со оваа новина овозможуваме рана и брза дијагностика на наследните болести и на малигните заболувања. На овој начин ќе помогнеме за рана детекција на болестите, што ќе значи и побрза реакција во поглед на методите на лекување. Порано за овие испитувања плаќаа самите пациенти, а отсега ќе плаќаат само партиципација за услугата. Овие испитувања се високоспецифични и секако за нивно спроведување треба да се има соодветен упат од клиниките, откако нема да може да се дојде до дијагноза со стандардните процедури, изјави министерот за здравство, д-р Венко Филипче.Методите НГС (Next Generation Sequences) се спроведуваат во МАНУ од 2012 година и со нив се овозможува дијагностика на голем број болести, вклучително и на ретките болести. Со нив таргетирано се секвенционира панел со 4.800 гени поврзани со ретките и со малигните болести.-На овој начин ја намалуваме потребата за испраќање на пациентите во странство за дијагностика, а во исто време се забрзува времето на реакција кај пациентите, додаде Филипче.Анализите кои ќе се финансираат од ФЗО досега ги чинеа пациентите од 45 до 100 илјади денари.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Се реконструира улицата Брадфордска во Карпош

Екипите на Град Скопје работат на реконструкција на улицата Брадфордска во Козле – општина Карпош, која ќе се обнови на вкупна должина од 200 метри на потегот од крстосницата со булевар Митрополит Теодосиј Гологанов до крстосницата со улица Козле. На терен ќе биде извршена целосна реконструкција на коловозот со вкупна површина од околу 2,500 метри квадратни, како и тротоарска површина од 273 метри квадратни. Градоначалникот Шилегов денеска изврши увид во градежните работи на оваа улица, која речиси секојдневно ја користат граѓаните кои живеат или работат на територија на Карпош и околината.- Градот Скопје со почетокот на градежната сезона ги интензивира градежните активности на градските сообраќајници. Се наоѓаме на улица „Брадфордска“ која веќе десет години е раскопана и со денивелација на шахтите и е голем проблем за Скопјани. Овде во практика може да се види и новиот комунален ред што го воспостави Град Скопје, а тоа е компаниите на отворен повик да се пријават за извршување на прекопи, бидејќи потоа нема да биде дозволено. Очекувам во наредните денови да се интензивираат градежните активности и до крајот на месецот да имаме целосно реконструирана и побезбедена улица за сите учесници во сообраќајот – рече Градоначалникот Шилегов.Шилегов истака дека Град Скопје со интензивната градежната сезона ќе продолжи во наредниот период со реконструкција и проширување на повеќе булевари и улици.Реконструкцијата на улицата Брадфордска е предвидено да заврши до крајот на овој месец, а Градот Скопје за овој зафат ќе потроши околу 5,3 милиони денари. Поради градежните активности, на улицата ќе биде воведен привремен режим на сообраќај.Град Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на привремено поставениот сообраќаен режим, да ја почитуваат поставената патна сигнализација и брзината на движење да ја приспособат на условите на патот. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
DSC03673-2

Со меѓународен здравствен правилник навремен јавноздравствен одговор при природни катастрофи

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска се обрати на работилницата на Светската здравствена организација, посветена на процесот на заедничка надворешна евалуација на Меѓународниот здравствен правилник, усвоен од Генералното собрание на СЗО. Со Меѓународниот здравствен правилник земјите членки се обврзуваат да преземат мерки и активности во однос на превенција, контрола и навремен јавноздравствен одговор при меѓународно ширење болести.„Важноста на брзата детекција, и координиран мултисекторки пристап во одговор ја видовме и во одговорот на природните катастрофи во Македонија, како што беа поплавите во 2016 година. Оваа година како и повеќе земји од регионот и Европа се соочуваме со епидемија на мали сипаници.Министерството за здравство, Комисијата за заразни болести, Институтот за јавно здравје, Министерството за труд и социјална политика, овие три месеци, Република Северна Македонија успешно се справува со епидемијата од морбили (мали сипаници), која е прогласена во Скопје и три други здравствени региони. Во оваа епидемија можевме да ја тестираме важноста на постојаната комуникација и координација меѓу институциите, од една страна, како и комуникацијата на ризикот со населението од друга. Можам да истакнам дека добро и координирано постапивме во оваа ситуација на епидемија. Одзивот на вакцинацијата е навистина голем, граѓаните ја разбраа пораката дека со неа го штитиме нашето здравје и го креваме колективниот имунитет“, посочи министерот Филипче.Република Северна Македонија ги следи препораките на Светската здравствена организација во борба со антимикробната резистентност и континуирано презема мерки за кревање на свеста преку предавања, организирање стручни конференции и креирање јавна кампања за обука на населението за рационална употреба на антибиотици, а дополнително, се врши мониторинг како земја членка на CAESAR мрежата, како и EUCAST методологијата, со цел имплементирање нови методи.„Министерството за здравство, максимално беше ангажирано и ажурно кога се случи страшната сообраќајна несреќа, пред еден месец на автопатот Скопје- Тетово, кај селото Ласкарци. За 15 минути беше активиран целокупниот здравствен систем и здравствените работници направија се за да ги спасат животите на тешко повредените. Мобилизирани беа специјалисти од земјава и искористени ресурсите од повеќе јавни и приватни здравствени установи, како што се: екипите од болницата „8 Септември“, Ургентниот Центар, Клиничката болница во Тетово и возилата за итна медицинска помош од Здравствениот дом во Скопје и од приватните болници „Систина“ и „Неуромедика“. Во мултисекторски пристап Министерството за здравство со Министерството за внатрешни работи и противпожарната единица успешно се мобилизираа и ги активираа сите капацитети. Посебно сум горд што во вакви тешки моменти покажавме координираност, подготвеност, стручност и професионалност“, истакна министерот.Воедно, беше посочено дека имплементирањето на Меѓународниот здравствен правилник е регулирано со посебен член во Законот за јавно здравје. Овој правилник поставува нови барања и обврски за земјите членки на СЗО, кои треба да развијат способност за откривање, верификација, известување и точност на информациите. Меѓународниот здравствен правилник е многу ефикасен инструмент за јакнење на врската, меѓу системите за следење на состојбите и воспоставување брзи механизми на реакција, а прифаќањето на правилникот, и постапувањето според неговите препораки, претставува клучен глобален инструмент за заштита од интернационално проширување на заболувањата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
IMG_8039

Средба на премиерот Заев со израелскиот министер Елкин, најавена е поддршка за интеграциите

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со Зеев Елкин, министер за Ерусалим и заштита на животната средина на Израел.На средбата е изразена поддршка за позитивните промени во нашата држава, реформските процеси, градењето клима на доверба меѓу граѓаните, напредокот во воспоставувањето добрососедски односи. Поздравена е изразената храброст и успехот на политичките процеси важни за евро- атлантските интеграции. Во таа насока поддржани се отворените НАТО интеграции на Република Северна Македонија и европските аспирации на државава. Заеднички е констатирано дека сето тоа овозможува дополнително продлабочување на економските односи помеѓу Република Северна Македонија и Израел. Разговарано е и за изразениот интерес од Владата во Израел за подлабока економска соработка со нашата држава како и за поддршка во интеграциските процеси.-Очекуваме до крајот на годината да станеме 30. земја членка на НАТО и да ги отвориме пристапните преговори со ЕУ со цел полноправно членство во Унијата. Овие процеси за граѓаните и за државата значат стабилност и безбедност, но и економија. Импактот, влијанието врз економијата, од овие процеси е веќе видлив. Странските инвеститори се позаинтересирани за инвестирање во Република Северна Македонија. Во нашата држава се присутни компании од Израел и наша определба е да се развие економската соработка, рече премиерот Заев.На средбата се разговараше за можноста за подлабока соработка во областа на земјоделството, туризмот, за примена на искуства од Израел на полето на технологијата, за реализацијата контакти со бизнисмени од двете земји, со цел дополнително мотивирање на соработката.Израелскиот министер Елкин се заблагодари на премиерот Заев за поддршката во одбележувањето на 76-годишнината од депортацијата на Евреите, што се одбележува денеска во Скопје, за одржувањето на значењето на Меморијалниот центар на холокаустот во Скопје, на Ерусалимската патека кај еврејските гробишта во Битола. Премиерот Заев констатираше дека Република Северна Македонија и Израел се пријателски земји коишто немаат отворени билатерални прашања и дека низ почитта на културата и традицијата меѓу двете земји, односите може само да се развиваат.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Slika-S.Pendarovski

(ВИДЕО) Пендаровски и амбасадорот Клеменс Која, разговарале за улогата на Опсе во изборите

Пред малку имав средба со амбасадорот Клеменс Која, кој е шеф на мисијата на ОБСЕ во Република Северна Македонија. Тема на разговорот беа изборите и процесот кој треба да започне во кој и ОБСЕ како организација ќе има своја значајна улога, мојата главна заложба му ја спомнав, таа ја чувте и вчера по завршувањето на лидерската средба помеѓу Заев и Мицкоски, дека изборите мора да бидат кристално чисти и за тоа мора да се заложат сите актери кои учествуваат во изборниот процес, се разбира одговорноста на власта и институциите на власта е поголема, но се разбира тоа зависи и од однесувањето на секој единечен учесник, на секој единечен гласач во изборите, истакна Стево Пендаровски, заедничкиот кандидат за претседател.Од негова страна ми беше најавено дека наскоро ќе биде димензионирана мисијата според потребите кои ние како држава ќе ги искажеме, очекувањата се дека бројката на мониторингот ќе биде слична како во претходните неколку изборни циклуси, значи некаде околу 300 луѓе меѓутоа за тоа допрва треба да се донесе одлука во централата на ОБСЕ во Виена, и за тоа се разбира ние ќе дадеме и согласност и претходно барање, значи ништо нема да се одлучува без нас.Нашата заложба е, зборувам сега во името на владејачката структура да има што е можно повеќе мониторинг, особено од граѓанскиот сектор, затоа што навистина на овие избори сакаме да покажеме дека далечно минато треба да бидат времињата кога се даваа гласови на нерегуларен начин и конечно на крајот на изборниот процес да имаме победник кој ќе биде признаен од сите учесници во процесот и понатаму тој победник ќе треба да соработува на дневна основа. Истакна Пендаровски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
vmro_dpmne

ВМРО ДПМНЕ реакција: Оливер Спасовски и МВР мора веднаш да одговорат која странска, тајна служба го следела Пендаровски

Стево Пендаровски манипулира со јавноста. Тврдењето дека е следен сега се обидува да го релативизира до мера на баналност и со тоа покажува само дека се плаши од изборен пораз па е принуден да се бламира, со тези кои би ги користел како алиби, се вели во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ.Оливер Спасовски и МВР мора веднаш да одговорат која странска, тајна служба го следела Пендаровски. Доколку нема доказ за тоа јавно да кажат дека Пендаровски лаже и ја заплашува јавноста за своја лична политичка корист.Институциите не смеат да бидат само уште една сламка за спас на власта која тоне.Граѓаните не му веруваат на Пендаровски. Тој е втор Заев, измислува, заборава, лаже.Пендаровски е само уште еден политичар кој нема намера да ги почитува Уставот и законите. Република Македонија нема потреба од нов Заев. Државата има потреба од честит претседател, кој ќе работи согласно Устав и закон и ќе делува во согласност со државните и националните интереси, се вели во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
DSC_5425-1

Министрите Манчевски и Поповски на средба со Пауел, заменик директор на Отворено владино партнерство

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски, денеска остварија средба со заменик-директорот за Отворено владино партнерство од канцеларијата во Вашингтон, САД, Џо Пауел.На состанокот министерот Манчевски се осврна на активностите преземени во рамки на отворените податоци како основен предуслов за соработка помеѓу институциите и граѓаните.„Во моментов имаме 190 отворени податочни сетови од повеќе од 40 институции. Ова е само почеток, и бројот на податоците постојано се зголемува. Институциите стануваат свесни за важноста од отворање на податоците, а бизнисите, граѓанските организации, медиумите се повеќе ги користат овие податоци што им се на располагање“, подвлече министерот Манчевски.Министерот Поповски ги претстави сетот на мерки што Владата на Северна Македонија ги презема за развој на концептот “Отворена Влада”.“Најголем предизвик беше да се отворат институциите. Не само што ги направивме достапни за граѓаните информациите за работење на владата, туку и создаваме систем на критериуми за секоја наредна власт. Претставници на граѓанските организации во Република Северна Македонија се вклучени во креирање на стратегии, измени и дополнувања на закони и мониторирање на нивната имплементација, со цел да добиеме поуспешен и посеопфатен процес“.Како што истакна Пауел, Владата е лидер во регионот од аспект на Отвореното владино партнерство. Според него Акцискиот план усвоен минатата година, има конкретни мерки и поради тоа постои можност за зголемување на соработката и поддршката што ОВП ќе ја обезбеди за Северна Македонија.„Ова е прва посета на високи претставници на ОВП тука, од формирањето на ОВП во 2011та година. Сакаме успехот што Северна Македонија го постигна да биде инспирација и Вие да бидете лидер за другите земји од регионот“, истакна Пауел.Заменик-директорот Џо Пауел и неговата делегација се во посета на Северна Македонија во рамки на Глобалната недела за отворено владино партнерство. По тој повод, МИОА организира и јавен настан „Каде сме и следни чекори во рамки на отвореното владино партнерство" кој ќе се одржи на 12-ти март 2019 година во Клуб на пратеници.

Македонија | пред 7 години

7 год.
IMG_2535

Поставени се нови канти за селектирање на отпад во Кисела Вода

Денес Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „Комунална хигена“ на повеќе локации на својата територија постави нови канти за селектирање на отпад, на стакло и пластика.Имено кантите се донација од „Пакомак“ - Друштво за управување со пакување и отпад од пакување. Мината година Општина Кисела Вода во соработка со  истото друштво во своите простории постави пластични канти за селекција на пластика, се со цел, селекцијата на отпадот да започне од работните простории на вработените.Општината како и досега така и во иднина ќе продолжи да работи во насока за зачувување на животната средина. Локалната самоуправа апелира до граѓаните за почитување на Законот за јавна чистота, како би придонеле за почиста Кисела Вода. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
11032019_navodnuvanje_juzhnovardarska_dolina-3

(ВИДЕО) Потпишан договорот од програмата за наводнување на јужната долина од реката Вардар

Во Домот на културата во Валандово денеска се одржа настан во  организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Владата на Република Северна Македонија на кој министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и претставникот на компанијата изведувач на проектот Штрабаг, Златан Ѓурѓиќ го потпишаа договорот за градежните работи за проектот за наводнување на јужната долина на реката Вардар од втора фаза. На настанот присуствуваа и имаа свои обраќања Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев.Со потпишувањето на овој договор започнува со реализација важен проект кој претставува значајна капитална инвестиција за воведување модерни системи за водоснабдување во земјоделството во вредност од 24.3 милиони евра од кој дел се буџетски пари, а дел се кредит и грант од германската развојна банка KfW.„Со потпишувањето на договорот за овој важен проект „Програма за наводнување на јужна Вардарска долина втора фаза“, ги зголемуваме капиталните инвестиции во земјоделството, создаваме модерни системи за наводнување, што крајно ќе придонесат за намалување на трошоците и загубите во производството, а од друга страна ќе придонесат за создавање на модерно и европско земјоделство“, рече премиерот Заев во своето обраќање и додаде дека водата е наше природно национално богатство кое има приоритетно значење за сите.Премиерот Заев посочи дека заедно со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, интензивно интензивно се работи на реконструкција и изградба на современи системи за наводнување.„Проектот за наводнување на јужната долина на реката Вардар втора фаза еод витално значење за валандовскиот регион. Во моментов сегашниот систем обезбедува наводнување на околу 1.600 хектари, но поради неговата дотраеност, земјоделците трпат загуби во своето земјоделско производството.Најважно за земјоделците од реализацијата на овој проект, е дека со новиот систем се очекува драстично намалување на трошоците за вода. Со сегашната изградба на втората фаза ќе се обезбеди навремено и квалитетно наводнување на над 2.000 хектари земјоделска површина. Овој проект е вреден над 24,3 милиони евра. Станува збор за вредна инвестиција со која го подигнуваме земјоделство и го правиме конкурентно“, нагласи премиерот Заев.Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања и координација на економските ресори, Кочо Анѓушев, потенцираше дека реализацијата на овој проект ќе има гарантира на земјоделците од валандовскиот регион квалитетно и предвидливо земјоделско производство.„ Со овој проект придонесуваме еден од најбогатите региони за земјоделски производи да добие квалитетно наводнување и предвидливост во земјоделското производство. Ќе се зафаќа вода од Удово од реката Вардар, понатаму со главен цевковод од 8,9 километри ќе се носи до препумпни станици и ќе има дистрибутивна мрежа од 85 километри. Сето тоа гарантира дека во иднина сите луѓе и граѓани во РСМ кои планираат да се занимаваат со земјоделство, а ние се обидуваме да ги охрабриме да бидат во поголем број, ќе имаат еден систем кој што ќе им гарантира дека навремено ќе добијат вода која што е суштински важна сите земјоделски производи а посебно за раноградинарските култури кои што се исклучително запазени во овој регион, каде што овој систем за наводнување ќе биде инсталира“, изјави вицепремиерот за економски прашања, Анѓушев.Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, посочи дека реализацијата е предвидено да трае 21 месеци, но се очекува да заврши и порано со оглед на тоа дека сите услови за инвестицијата се исполнети. Дополнително потенцираше дека со германската развојна банка „ KfW“,  веќе течат преговорите за  нова поддршка за спроведување на трета фаза од проектот за јужно-вардарска долина, со кој ќе се наводнуваат дополнителни 1.700 хектари.„Денешното потпишување на договорот со изведувачот на овој важен проект,  дава силен придонес на нашата политика за модерно и конкурентно земјоделство. Без рехабилитација на системите за наводнување и без проширување на постоечката водоводна мрежа не можеме да зборуваме за модерно и конкурентно земјоделство. Овој проект се состои од главна и секундарна мрежа во вкупна должина од 85 километри, односно замена на главниот отворен канал во затворен гравитациски канал на пумпната станица Удово и пумпната станицата Страиште во должина од околу 9 километри и дополнителна секундарна терцијална и дистрибутивна мрежа“, изјави министерот Николовски.Освен договорот со изведувачот на градежните работи денеска на настанот министерот Николовски ги потпиша и договорите за надзор на проектот со Градежниот институт Македонија и договорот за консултантски услуги со компанијата AHT Group AG. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
soobrakajna-nesreka

(ФОТО) Лудувал со 140, изгазил куче и се пофали на ФБ колку моќна кола има!

На социјалните мрежи може да се најде се и сешто. Се фалат кој што јадел, каде бил излезен, што купил, сме виделе се и сешто, но една објава страшно ги револтира корисниците на социјалните мрежи.„Друштво сакам да дадам еден голем респект за моето BMW 530. На автопат Велес – Скопје со брзина од 140 километри, удрив куче од оние овчарскине , го разделив на неколку дела. Што е најбитно колата не се помрдна. Е тоа ти е друштво BMW!Да беше било што друго сега немаше да пишувам.Како и да е респект за BMW. И за крај ќе ,и треба преден браник па пишите ако знаете каде да си купам“,стои во објавата.После оваа објава излишен е секаков коментар. Но, сепак дали некој од надлежните ќе превземе нешто да го пронајде сторителот на овој грозоморен чин, останува времето да покаже.  

Македонија | пред 7 години

7 год.
krazba

Кичевчани преку кражби стекнале 100.000 денари

Поради постоење основи на сомнение за сторени девет казнени дела „тешка кражба“, полициската станица од Кичево против, Н.Р.( 27) од Кичево и Л.А. (28) од селото Грешница, поднесе кривична пријава.Пријавените, казнените дела ги извршиле во периодот од декември минатата, до февруари оваа година, кога, со употреба на подесен алат и физичка сила врз влезни врати и прозорци, насилно влегувале во куќи и станови. Притоа, одземале пари и други вредни предмети со што, се стекнале со протиправна имотна корист од 100.000,оо денари.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sud-ohrid

Меша ли политиката прсти во изборот на судии во Охрид?

Судскиот совет на Република Македонија врз основа на член 39 од Законот за Судскиот совет на Република Македонија објави оглас за избор на  2 (двајца) судии на Управниот суд.Неофицијално дознаваме дека еден од „одбраните“ ќе биде администратор односно секретарот на судот во Охрид, инаку активист на СДСМ и дел од шарената револуција.Кандидатите за избор на судија на Управниот суд треба да ги исполнуваат условите предвидени во член 45 од Законот за судовите  од  Законот за изменување и дополнување на Законот за судовите. Според огласот кандидатите кои ги исполнуваат условите полагаат психолошки тест и тест за интегритет. Од страна на Судскиот совет на Република Македонија ќе бидат спроведени психолошки тест и тест за интегритет за кандидатите кои ги немаат положено тестовите, како и проверка на знаење на практична работа со компјутери.

Македонија | пред 7 години

7 год.
vmro_dpmne

Реакција ВМРО ДПМНЕ: Криминалниот картел на власт предизвика катастрофа во економијата

Криминалниот картел на власт предизвика катастрофа во економијата. Тие за две изминати години имаат просечен раст на БДП од 2,05%, убедливо најнизок во регионот и Европа. Македонија со овој криминален картел на власт забележи пад од 37 места на Форбс листата за водење бизнис, а на листата за перцепција на корупција сме на 93 место зад Руанда, Намибија и Свазиленд. За владата очигледно е одлично тоа што 500 илјади граѓани живеат во сиромаштија, се покачуваат даноците и акцизите, цените растат, а стандардот на граѓаните опаѓа, се вели во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ.Заради неспособноста на оваа влада за две години јавниот долг е пораснат над психолошката граница од 5 милијарди евра или над 50% од БПД, односно секое просечно семејство е задолжено за нови 1000 евра долг поради оваа власт.Од друга страна најголемиот буџет во историјата на Македонија наместо за капитални инвестиции, училишта, градинки, патишта , болници се троши за покривања непотистички вработувања на мајки, синови, ќерки, золви, снаи, зетовци и други блиски роднини во администрацијата за натпросечни плати. Ова е “Мира Дизел моделот“ за покачување на плати и намалување на невработеноста кој што единствено знае оваа власт да го прави.Крахот на економијата поради погрешните и штетни политики на оваа власт е очигледен. Неуспесите може да престанат само ако оваа власт падне на избори. Почетокот на падот и демонтажата на власта почнува со Претседателските избори кога граѓаните јасно ќе ги казнат за нивниот криминал и корупција, се вели во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
2B1010B7-3AEB-45BB-9A85-CB966B49F2D7

Пендаровски не знае дали го следат, а не сака да каже дали сеуште се сомнева на странски служби

Кандидатот за претседател од СДСМ, Стево Пендаровски не кажува дали уште се сомнева во тоа дека странски служби го следеле и фотографирале низ улиците. Според него, тоа е завршена работа која е препуштена на МВР, од каде треба да се одгатне мистеријата. Пендаровски вели дека се чувствува безбедно, но чувството кога приметил дека го следат било непријатно. Тој не сакаше да коментира ништо, само рече дека нови следења во изминативе денови. Пендаровски не сакаше да ги коментира неговите противкандидати, откако беше запрашан кои позитивни особини ги гледа кај Силјановска. Тој се надева дека нема да има валкана кампања од противниците.

пред 7 години

7 год.
54434302_421341881958397_7802000421819514880_o

(ФОТО) Повторно гори трската кај струшкото крајбрежје

Повторно гори трската кај струшкото крајбрежје. Во објавата на Фејсбук страницата VOX Struga пишува дека на местото забележале двајца пожарникари кои не преземаат ништо за гаснење на пожарот.https://www.facebook.com/voxstruga.mk/posts/421342121958373 Исто така палење на трската имаше и во текот на изминатиот викенд. Од еко-здружението Охрид-SOS на својот Фејсбук профил напишаа дека било известено Министерството за внатрешни работи, но оттаму добиле одговор дека не биле надлежни за проблемот.https://www.facebook.com/OhridSOS/posts/2296871803924797  

Македонија | пред 7 години

7 год.
pozar

Запалила сува трева, па огинот се проширил и ја зафатил викендицата

На 10.03.2019 околу 14.20 часот во СВР Штип било пријавено дека на место викано „Амушкови чешми“, атар на Пехчево, настанал пожар пред викендицата во која престојувала К.М. од Пехчево.Според пријавеното, таа запалила сува трева и смет, а поради временските услови пожарот се проширил и ја зафатил викендицата, а зафатил и поголема површина со борова шума.  Притоа, К.М. се здобила со повреда на левата рака и и била укажана лекарска помош.Пожарот бил локализиран од екипа на Територијалната против пожарна единица Берово, екипа од Шумско стопанство „Равна река“, екипа од Дирекцијата за заштита  и спасување и други лица кои се затекнале на местото. Извршен бил увид на местото.

Македонија | пред 7 години

7 год.
pozar-1

Тетовчанец во обид да изгасне пожар се здобил со повреди

На 10.03.2019 околу 16.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат Тетово-село Гермо настанал пожар, кој се проширил во дворното место на И.С.(37) и ја зафатил шталата и друг објект. Според пријавеното, пожарот го забележал И.З.(68) од Тетово, кој се обидел да го изгасне при што се здобил со повреди.Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово. Извршен бил увид.

Македонија | пред 7 години

7 год.
soobrakajka

23 сообраќајки во Скопје, едно лице со тешки телесни повреди

Во текот на изминатите денови (08, 09 и 10.03.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 82 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 73 возачи од кои: 25 возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 39 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и девет возачи затоа што биле возачи-почетници.Исто така, исклучени од сообраќај се и 40 возила бидејќи 37 биле нерегистрирани и три возила биле технички неисправни. Санкционирани се седум возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, осум возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престигнување, 19 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 22 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.Во текот на изминатите денови издадени се 253 мандатни платни налози и 157 возила се подигнати со специјално возило "пајак". Изминатите денови се случиле 23 сообраќајни незгоди во кои едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а 19 лица поминале со телесни повреди.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ОЈО отвори истрага за неовластено пуштање во промет наркотични дроги кокаин и хероин

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот набавил поголемо количество наркотична дрога – кокаин и хероин и потоа ја препакувал во својот дом со намера да ја пушти во продажба. При извршениот претрес од овластени службени лица од СВР Скопје, на 07.03.2019 година, во домот на осомничениот биле пронајдени и одземени: наркотична дрога кокаин со вкупна нето маса од 269,41 грама, наркотична дрога хероин со вкупна нето маса од 90,9 грама, дигитална вага, како и две лажици, картичка и нож со остатоци од наркотична дрога.До судијата на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје, надлежниот јавен обвинител достави и предлог за определување на мерка притвор за осомниченото лице, ценејќи дека постои опасност осомничениот да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања