Промени тема
За нас
ВО ЖИВО

Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
7 год.
1

(ФОТО) Граѓани до пратениците: Шовинисти не можат да штитат од дискриминација

Со протест пред Собранието претставници на граѓански организации и здруженија денеска со побараа законот за заштита и спречување на дискриминација итно да биде донесен на денешната седница.„Денес сме собрнани за побараме итно донесување на законот за заштита од дискриминација на собраниска седница. Овој закон повеќе од 8 месеци е заглавен во собранието. Иако СДСМ ветија дека ќе се усвои во најкус можен рок, сепак точката од дневен ред беше прескокната. Пратениците донесоа низа закони со кои се попречува правдата на шетата на граѓаните. Силно ја осудуваме реториката на ВМРО-ДПМНЕ која ја користат од говорницата. Тие поттикнуваат дискриминација и насилство кон маргинализираните заедници. Ги повикуваме пратениците од СДСМ и ДУИ итно да го усвојат законот за заштита од дискриминација денес и да застаната на страната на граѓаните“, изјави Елена Петровска, национална мрежа за борба протиб хомофобија и трансфобија.Повеќе од 100 граѓански организации го поддржаа овој закон и побараа негово итно донесување.

Македонија | пред 7 години

7 год.
dzamija-2

СОВЕСТ: Утрово продолжи градбата на минарето во Охрид

Здружението „Совест“ утрово повторно реагира за минарето кое се гради без потребна документација и е предмет на спорење во јавноста, а кое според фотографиите кои тие ги објавија,  утрово продолжи да се гради и покрај најавите на премиерот Зоран Заев дека законите во Македонија важат за сите, па и за минарето.Утрово здружението „Совест“ објави фотографија од нинарето на кое име работници кои поставуваат конструкција за негово градење во височина.Од „Совест“ порачаа дека казната за хаосот и беззаконието ќе ја стигне власта на наредните избори.Но ваквите изјави на премиерот Зоран Заев очигледно немаат никаква врска со реалноста, бидјеќи преку ноќ минарето постојано добива плус по некој метар во височина.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Izbori

Рокот за увид во Избирачкиот список истекува на 14 март

На 14 март истекува рокот за увид во Избирачкиот список и пријавувањето за гласање на дисјаспората. На овој датум завршува и поднесувањето на барањата на граѓаните за запишување, дополнување или бришење податоци во Изборачкиот список.Јавниот увид во Избирачкиот список се спроведува во подрачните одделенија и канцеларии наДржавната изборна комисија, во време од 08:30 до 19:00 часот, вклучувајќи ги и деновите од викенд и празници. На 14 март 2019 годинајавниот увид ќе трае до 24:00 часот.Избирачкиот список се става на јавен увид со состојба на податоци на граѓани со наполнети 18 години живот со важечка лична карта или пасош на денот на изборите (21 април 2019 година), умрени лица 30 дена пред денот на распишувањето на изборите (8 јануари 2019 година) и други податоци од Избирачкиот список на денот на распишувањето на изборите (21 април 2019 година).Од Државната изборна комисија ги повикуваат сите заинтересирани граѓани кои сакаат да извршат увид во своите податоци во Избирачкиот список, тоа да го направат на официјалната веб страница на Државната изборна комисија и во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Економијата се движи во добар правец!

Бројни економски параметри ја докажуваат успешноста на мерките и политиките на Владата предводена од СДСМ. Економијата се движи во добар правец. Потврда за тоа е растот на бруто домашниот производ од 3,7 отсто во последниот квартал од 2018, се вели во соопштението од СДСМ.Во истиот период, стапката на невработеност паднала на 19,4 отсто што е историски минимум. Само во минатата година отворени се нови 26.600 добро платени работни места, а забележан е и рекорден износ на странски инвестиции од 624,5 милиони евра.Ова не се само обични бројки. Ова се конкретни, реални резултати, ова се нови работни места, повеќе пари и повисок животен стандард за граѓаните.Владата предводена од СДСМ останува посветена на спроведување квалитетни и одржливи економски политики што обезбедуваат нови работни места, поголеми плати и повеќе пари за граѓаните, велат од СДСМ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
bura

(ВИДЕО) Силна бура во Германија - откронати дрва, одложени летови

Бура пропратена со оркански ветрови ја погоди Германија, што довело до откажување и одложување на возовите и авионите, а во невремето погинал 47-годишен маж кога врз неговиот автомобил паднало дрво во Бествиг, недалеку од Келн.Дојче Бан денеска објави дека ги сопрело возовите во сојузната држава Северна Рајна-Вестфалија, бидејќи неколку линии беа отсечени поради дрвјата кои паднаа на шините. Поединечни летови од аеродромот во Франкфурт, најпрометни во земјата, се откажани. Два авиони кои летале кон аеродромот Келн-Бон се пренасочени поради силниот ветер.Германскиот метеоролошки завод предупреди дека се очекува бурата да потрае до доцна вечерва во западните и во централните делови на земјата, со ветрови кои се движат со брзина до 120 километри на час.Во Дуизбург, за време на невремето се урна голем товарен кран кој заврши во Рајна.Зоолошките градини во Дортмунд, Вупертал и Хам се затворени поради бурата, додека во Дуисбург се срушил товарен кран и делумно завршил во реката Рајна. 

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Со Власта на СДСМ македонската економија е пред целосен колапс

Со СДСМ на власт македонската економија е пред целосен колапс, сите економски параметри бележат падови, а граѓаните се повеќе  осиромашуваат.Додека повеќе од 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата и не можат да се прехранат, СДСМ и нивните функционери единствено се грижат за своите бизниси и да згрижат што е можно повеќе роднини во државните институции, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Во недостиг на економски резултати, криминалниот картел вработувањето на своите мајки, татковци, баби, дедовци, золви, снаи, зетовци и лични фризеркипочнаа да го прикажуваат како голем економски успех.Расипничката власт на СДСМ и аболицираниот Заев ја направи Македонија најсиромашна држава во регионот и Европа. Земјите од регионот и Европа доживуваат економска ренесанса, а Македонија благодарение на неспособната влада на СДСМ е закована на дното со срамни 2,05% раст, кој е многу далеку 5 до 7% со кои што Заев ги лажеше граѓаните.За неспособноста на оваа власт говори и фактот што и оваа година власта како и минатата нема да успее да реализира ни половина од планирате капитални инвестиции. Нивото на реализација на капитални инвестиции за месец јануари изнесува мизерен 1%, извозот има пад од 1,9%, а пад има и ИТ индустријата и тоа од големи 12,6 проценти.Во услови кога државата економски тоне, власта не запира со задолжувањата. Криминалната власт на СДСМ успеа за прв пат да ја надмине психолошката граница на јавниот долг од 50% и тој веќе надмина 5  милијарди евра за прв пат во историјата на Република Македонија.Сето ова е показател за штетните и катастрофални политики на СДСМ и Зоран Заев кои се вистинска елементарна непогода за државата и граѓаните.Граѓаните повеќе не смеат да живеат во оваа беда која ја донесе СДСМ. Токму затоа потребно е Заев и СДСМ заедно со нивниот криминален картел да си заминат за конечно македонската економија да почне да напредува, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
tramp

Трамп денеска ќе го објави буџетот за фискалната 2020

Белата Куќа денеска треба да го објави буџетот за фискалната 2020 година на претседателот Доналд Трамп, прв чекор во долгиот процес на одредување на финансирањето на САД.Американскиот претседател Доналд Трамп ќе предложи денеска буџет што предвидува намалени расходи за пет отсто и зголемување на расходи за одбрана, здравствена заштита на ветерани и безбедност на границите.Се очекува републиканскиот претседател да објави нацрт на буџетот во 11.30 часот по локално време и тоа ќе биде сигнал за почеток на борбата за финансирање со Конгресот што ги контролира федералните расходи.Од Демократската партија веќе упатија критики за барањето од 8,6 милијарди долари за изградба на ѕид на јужната граница со Мексико. 

Свет | пред 7 години

7 год.
titanik

Во Кривичниот суд ќе се изведат матријалните докази за „Титаник“

Со изведување материјални докази, во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за случајот „Титаник” на Специјалното јавно обвинителство во врска со изборни нерегуларности.Претседател на судечки совет е судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефановска.Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија, во „Титаник” обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања. 

пред 7 години

7 год.
Screenshot_1-5

Што треба да се прави на Чист понеделник и следните денови од Велигденскиот пост?

Денеска започнуваат велигденските пости. Денот по Прочка е чист понеделник кога почнува големиот велигденски пост. На овој ден се чисти куќата, децата и возрасните се бањаат, шишаат и бричат. Особено се внимава садовите за храна да се измијат и испоснат од мрсното. Во минатото тоа се правело со брашно или пепел и со подолго вриење.За време на велигденските пости покрај вообичаените конзумирања храна од растително потекло, житарици, зеленчук и овошје, постојат и одредени карактеристични продукти што се подготвуваат само во одредени денови за време на постите.Во текот на седумнеделниот период на Велигденскиот пост има повеќе празници. Во првата недела од великите пости, од понеделникот до средата се деновите наречени тримери кога не се конзумира никаква храна ниту течност. Одредени продукти од храна се подготвуваат за денот по завршувањето на тримерите, што е третиот ден од почетокот на великиот пост.Во средата, кај оној што ги „држел” тримерите и каде што имало млада невеста, доаѓале гости. Домаќинката за таа прилика има подготвено варена пченица со конопни зрна, ошав – компот од црни сливи и друго сушено овошје (јаболко, суво грозје, диви сливи), кравајче од пченично брашно замесено со пепелница, украсено со бонбони. Се месело, исто така, и пита-зелник, со зеље, одозгора посолено со сусам додека на дното од тепсијата се ставале сецкани ореви. Задолжително за таа прилика како пијалок се носело и боза. Гостите што доаѓаат на посета исто така носеле боза, кравајче и пченица. Во оваа прилика се купувало и сезонско овошје, особено портокали.Првата сабота после прочка е празникот Тодорова сабота- Тодорица, а саботата пред Велигден е Лазарова сабота, а во неделата се Цветници. Празникот Благовештение кој секогаш е на 7 април.За празниците Благовец и Цветници дозволена била употреба на посни меса во кои спаѓаат рибата и полжавите. Рибата печена или пржена на масло, или подготвена со ориз или, пак, со запржен кромид и суви црни сливи, била скоро задолжително подготвувана во овие денови. Полжавите се печеле или се вареле како готвено јадење со зеленчук.Сепак велигденскиот пост не значи само одрекување од храна. Важен е и духовниот пост. Верниците во деновите на постот треба да се воздржат од лоши мисли и дела, и да се обидат да најдат духовен мир, без што постот нема смисол.

Македонија | пред 7 години

7 год.
pendarovski4

Пендаровски: Важно е да ги добијам гласовите од Албанците

Кандидатот за претседател на државата, Стево Пендаровски за „Јутарњи лист“, вели дека е „исклучително важно идниот претседател на Северна Македонија да ги добие гласовите на Албанците.„Тоа е од големо значење, прво поради големата албанска заедница која живее во нашата земја и која има бројни врски со Косово и со Албанија, како и поради регионалната соработка, што е предуслов за европска интеграција, а од нашите други три соседи, Бугарија и Грција се членки на ЕУ а Србија е на пат. Сè уште сме далеку од полноправно членство во ЕУ. Тоа ќе биде за нас голем дипломатски предизвик со офанзивно темпо да се спроведат реформите и да успееме да ги стигнеме Србија и Црна Гора на кои како приближен рок им е дадена 2025 година, вели Пендаровски, за Јутарњи лист.

Македонија | пред 7 години

7 год.
20160610145505-1024x502

АМСМ: Апелираме до возачите да не го користат автопатот Миладиновци – Штип

Ве информираме дека автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. Во моментов на автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. Апелираме до сите возачи да не го користат автопатот.Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Денеска ќе се расправа за интерпелацијата на Спасовски и законот за дискриминација

Собранието на Република Македонија за денеска има закажано продолжение на 86-тата седница на која се наоѓа интерпелацијата за работата на Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски која беше поднесена од страна на опозицијата. Оваа седница е закажана за во 12 часот.Исто така за денес е закажано и продолжението на 90-тата седница на Собранието на која едниствена останата точка е Законот за дискриминација, кој се донесува по скратена постапка.Со новиот закон се подобрува законската регулатива и се врши нејзино усогласување со  правото на Европската Унија и меѓународните стандарди во однос на заштитата од дискриминација. Со неговата примена се очекува да се обезбеди поефикасна заштита од дискриминација.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sela-2

Села со реакции за средбата меѓу Мицкоски и Заев

Додека во владата синоќа се одржуваше состанок помеѓу премиерот Зоран Заев и водачот на опозицијата, Христијан Мицкоски, лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села реагираше на својот Фејсбук профил, пишувајќи за неправдата кон другите партии, особено кон албанските."Кога се потребни гласови на Албанците, средба со сите лидери на политичките партии. Кога станува збор за државата, состанок само со партнер за државата - Мицкоски. Затоа, НЕ заедничко општество за сите, туку држава за сите ", пишува Села.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sonce

Денес температура до 23 степени, утре врнежи од снег

Во текот на денот времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Попладне од север и од запад облачноста ќе се зголеми и во вечерните часови ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини и понекаде на повисоките места особено на запад од снег. Температурата ќе се движи од 1 до 23 степени.Во Скопје слично време со температура од 5 до 20 степени.Во вторник до средината на денот ќе преовладува облачно време на пониските места со врнежи од дожд. На планините и на некои повисоки места особено на запад врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневните температури ќе бидат во значително опаѓање. Од среда времето ќе биде променливо облачно со благ пораст на температурата, а во четврток со услови за слаби локални врнежи.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Денес и утре без струја дел од Кисела Вода, Центар и Студеничани

Заради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија денес ќе останат корисниците од општина Кисела Вода, соопшти РЦУК по добиената информација од ЕВН АД Македонија.Од 08:30 до 09:30 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од дел од ул. „Мишко Михајловски“ и дел од ул. „Емил Зола“, од бр. 18 до бр. 22, Општина Кисела Вода.Утре од 09:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од oбјектите во кругот на Зелен пазар, општина Центар.Во временскиот период од 09:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од дел од с. Батинци, Oпштина Студеничани.

Скопје | пред 7 години

7 год.
53751070_1987113501583065_4347258587253309440_n

Заев: Јанева и нејзиниот тим треба да продолжат со работата во рамките на јавното обвинителство

Темите за кои разговаравме беа претседателските избори и идниот тек на реформските закони кои се многу важни за граѓаните и датум за почеток на преговри со ЕУ, изјави премиерот Зоран Заев по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.„На едни вакви разговори зборевме за сите елементи за фер, демократки избори. Разговаравме за теми важни за опозицијата. Разговараме за тоа што законот го предвидува, но разговаравме и за сите мониторинг мисии. Отворивме иницијатива да ги дополниме местата со мониторинг. Верувам во делот на предизборите, кампањата и изборниот процес. Она што го договоривме е штабовите да имаат комуникација“, изјави премиерот Заев.Во однос на предлог законот за СЈО, Заев рече дека Катица Јанева и нејзиниот тим треба да продолжат со работата во рамките на јавното обвинителство, а „бомбите“ имаат свој лимит и крај, но не и материјалните докази.„Драго ми е што опозицијата прифати да имаме работни групи за законот за јавно обвинителство. СЈО треба да се вгради во јавното обвинителство и да му седаде шанса овој капацитет да продолжи на чело со Јанева и целиот тим. Очекувам низ разговорите на работни групи да се постигнат услови, иднината на јавното обвинителство да има иднина на опстојвање. Ова е значаен дел од реформите. Во делот на она што значи иднина на јавното обвинителство, вградено во СЈО во системот на обвинителство на Република Македонија тоа треба да го направиме во соодветен период. Ние треба до крајот на месец март да изградиме заеднички ставови и да ги изгласаме реформските закони“, рече премиерот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
53636632_801435803552748_4142802978434187264_n

Мицкоски: СЈО го изгуби кредибилитетот за да ја добие нашата поддршка во иднина

На средбата зборувавме за обезбедување на фер и демократски претседателски избори и за реформските закони од агендата за добивање на преговори за пристапување кон ЕУ, изјави лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по средбата со премиерот Зоран Заев.„Разменивме факти и аргументи од наша и од владина страна. Македонија мора да продолжи да се движи во вистинска насока. Република Македонија мора да стане достоинствено место за живеење за сите граѓани. Го пренесов и чувството кое постои помеѓу полистичките неистомисленици, дека имаме чусвтво на политички прогон. Главно, ова беше корисна средба за релаксирање на односите и за дефинирање на околностите за кредибилна претседателска трка на која убедени сме дека ќе победиме. Ги дадовме нашите забелешки за вештачките варботувања во државната администрација, во локалната и државната управа дека сето тоа не води во насока на рекласкирање на претседателаките избори, за трансфери од буџетот кои ненаменски се користат за промотивни активности. Ова не оди во правец на релаксирање на односите за кредибилен изборен циклус. Укажавме на неправилностите од референдумското изјаснување. Многу нешта во однос на првиот и вториот круг од претседателските избори зависат од Владата“, рече Мицкоски.Исто така тој истакна дека тие имале голем број на забелешки во врска со предлог-законот за обвинителство.„Во четвртокот го добивме предлог тектот на законот за јавното обивнителлство. Немавме можност да влеземе во супстратот, но според нас овој специјален јавен обвинител не може и не смее да ја добие довербата бидејќи не само што не ја оправдаа довербата на граѓаните, туку напротив во многу наврати сета таа доверба ја злоупотребија. Ние сме за отварање развговори во врска со содржината на законот и се договоривме од утрешниот ден па натаму да ги формираме тие работни гурпи, да отпочнат една дабата, да го прошириме опфатот, да отвориме нешто што овие граѓани ги фрустрираше изминатите години и да ги затвориме еднаш засекогаш“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
petrovec-pozar

ВИДЕО: Пожар во скопски Петровец

Огромен пожар се шири кај скопската населба Петровец. Во моментов, само едно противпожарно возило е на терен, а има густ чад. Огнот има зафатено голема површина.[embed]https://www.facebook.com/janeski.ognen/videos/1211446112342440/[/embed]Новинарот Огнен Јанески соопшти дека од Противпожарната единица за ТВ24 рекле дека пожарите не се опасни бидејќи горела сува трска.Сепак новинарот со право посочи дека загадувањето што ќе се пренесе во воздухот од ваквите палења е ужасно и големо.Повеќе од 20 пожари предизвикани од запалени стрмништа денеска имало во скопско.

Скопје | пред 7 години

7 год.
levica

Левица по затворската казна на Мијалков: Македонските затвори се само за бедните и сиромашните

Пред два дена беа изречени пресудите на случајот од СЈО “Титаник 2”, каде беа осудени бившиот директор на УБК Сашо Мијалков на 3 години затвор, лидерот на ДПА Мендух Тачи (3 години и 2 месеци), поранешниот член на ДИК Бедредин Ибраими (4 години и 6 месеци), и останатите членови на ДИК Влатко Сајковски, Сашо Срцев и Анета Стефановска (сите по 3 години затвор).„Веќе навикнати на фарсичноста со случаевите на СЈО и длабоко навлезени во кампањата за претседателските избори, оправдан е сомнежот дека пресудите се само ефтин предизборен маркетинг. На сличен начин имаше пресуда и за бившиот премиер Никола Груевски, кој потоа “случајно” им побегна на властите и побара азил во Унгарија, за чие исценирано бегство се уште ниту една инстанца од власта не понела одговорност. Исто така, медиумите информираа и за луксузот кој во притвор го уживаше бизнисменот Орце Камчев, за потоа и тој “специјален” притвор експресно да биде укинат од Врховниот Суд. Сашо Мијалков веќе еднаш беше пуштен дома од притвор за случајот “Империја” и тоа по барање на самото СЈО.Македонските затвори се само за бедните и сиромашните. За сиромашните граѓани, како несреќниот велешанец кој лежи 3 години затвор за украдени 150 ќебапи, додека за милионски проневери случаевите на СЈО или застаруваат или се изрекуваат само условни пресуди!Се додека не се ослободиме од олигархискиот систем на СДСМ-ДПМНЕ-ДУИ кој судската власт, заедно со целата држава, ја држи во заложништво, правда нема да има. Потребно е враќање на криминално приватизираните претпријатија повторно во рацете на граѓаните и експропријација на македонската олигархија, за да се ослободи ова општество од стегите на крупниот капитал. Нема правда во едно општество додека нема економска правда“, соопштуваат од Левица.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Аларматно: Пожарот во Делчево се шири

Се уште е активен пожарот кој денеска околу 13 часот го зафати атарот над делчевското село Тработивиште. Моментно пожарот е префрлен на левата страна од патот Делчево – Пехчево над селото Тработивиште.Пожарот според очевидци настанал околу 13 часот.Во гаснењето учествуваат екипи на Територијалната противпожарна единица Делчево и мештаните. Пожарникарите за дотур на вода ги користат блиските вили коишто се во опасност од огнената стихија која се повеќе се приближува до нив. Ситуацијата, како што велат, е алармантна и потребна е помош за побргу да се локализира огнената стихија.Засега не е позната причината за пожарот и штетата за која од ТППЕ Делчево најавија дека дополнително ќе излезат со соопштение.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања