Промени тема
За нас
ВО ЖИВО

Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
7 год.
zaeva

Заева и дечко и се маскираа, но никој не знае во што

Ќерката на премерот Зоран Заев, Александра, и нејзиното момче учествуваа на Струмичкиот карневал, маскирани со оригинална маска.Тие нивната маска ја споделија на социјалните мрежи Инстаграм и Фејсбук.

Магазин | пред 7 години

7 год.
nema-voda

Дел од Скопје без вода

Заради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија утре ќе останат корисниците од општина Кисела Вода, соопшти РЦУК по добиената информација од ЕВН АД Македонија.Од 08:30 до 09:30 часот не електрична енергија ќе останат корисниците од дел од ул. „Мишко Михајловски“ и дел од ул. „Емил Зола“, од бр. 18 до бр. 22, Општина Кисела Вода.Во вторник од 09:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од oбјектите во кругот на Зелен пазар, општина Центар.Во временскиот период од 09:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од дел од с. Батинци, Oпштина Студеничани.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Откако полиција удри по жените, Ердоган ги обвини за непочитување на исламот

Турскиот претседател Тајип Ердоган ги обвини жените кои маршираа во центарот на Истанбул на 8 март дека не го почитуваат исламот бидејќи гласно негодувале на  повикот за молитва.Неколку илјади жени се собраа во петокот во центарот на Истанбул за да го прослават Меѓународниот ден на жената, но полицијата со солзавец  ги растера.На изборен митинг кој беше емитуван на телевизија, Ердоган покажа видео снимено за време на протестот, на кое се  гледа како жените извикуваат пароли додека од блиската џамија се слуша повик за молитва.– Тие покажаа непочитување кон повикот за молитва, рече Ердоган.Жените кои учествуваа на маршот на Твитер напишаа дека пеењето и свиркањето било дел од демонстрациите и не било насочено на повикот за молитва, кој почнал за време на нивниот протест.Полицијата во Истанбул со употреба на солзавец го запре собирот по повод Меѓународниот ден на жената. Безбедносните сили со заштитни елеци им се заканувале на демонстрантите на улицата Истиклал и со кучиња, јави агенцијата АФП. Многу од жените побегнале во околните улици. Според дел од видео снимките објавени на социјалните медиуми, полицајци пукаат со гумени куршуми пред или на стапалата на демонстрантите.Борците за женски права постојано ја обвинуваат владата на Реџеп Таип Ердоган дека не презема доволно мерки против насилството врз жените.Темата се најде во фокусот еден ден пред 8 март, кога почна судскиот процес против познатиот актер Ахмет Курал, кој е обвинет дека ја тепал својата партнерка, турската поп-пејачка Сила.

Свет | пред 7 години

7 год.
DSC_0497

Силјановска е скептик: Договор си е договор, тешко дека ќе преговараме со ЕУ

Силјановска Давкова нагласи дека не е евроинтеграција кога се склучува договор за промена на уставното име, ниту пак кога се носи закон за употреба на јазиците кој е спротивен на Уставот и Рамковниот договор, туку евроинтеграција е кога во Република Македонија се случуваат реформи кои што се од големо значење како за државата така и за сите граѓани.„Веќе слушаме деновиве дека многу тешко дека ќе добиеме датум за преговори како што не убедуваа бидејќи договор е договор, закон за употреба на јазици е закон, ама сега ќе стигнат масата македонска вистинските барања таканаречените Копенхагеншки критериуми, најважно класифициран закон, владеење на правото, просперитетна економија, квалификувана и стручна администрација, државна и јавна, жестока борба со корупцијата и криминалот, жестоко справување со непотизмот, слободни и објективни медиуми. Верувам дека нема ни еден човек меѓу нас кој вакво нешто препознал да прави оваа власт. Тоа се вистинските критериуми и нашата шанса, зошто ние велевме дека подобро е прво да работиме на реформи и можеби потоа да седнеме и сериозно продлабочено да разговараме за името зошто кога вие сте на европскиот пат и се препознавате како европска држава, тогаш посилни се и во преговорите. Но, ако не исполнувате ниту еден од овие критериуми тогаш ќе правите отстапки, какви што правеа, не само на соседот, туку и на коалиционите партнери зошто ви се потребни нивните гласови за изгласување на Преспанскиот договор или за изгласување на законот за употреба на јазиците. Тогаш ќе заборавите на владеењето на правото и демократијата и ќе велите целта е многу висока, важно е ние нели да работиме на евроинтеграциите, ама не е евроинтеграција да склучите штетен договор за земјата или да донесете закон за употреба на јазиците кој е спротивен и на Уставот и на Рамковниот договор“, рече Силјановска Давкова.

пред 7 години

7 год.
zaev-janeva

Силјановска: Заев ви е женска Катица

Силјановска Давкова истакна дека Заев и СДСМ се 4 години на власт, сега две години и претходно во техничка влада, потенцирајќи дека освен што го променија името на државата немаат направено ниту една реформа.-Се е чудно во тој заевизам и чувме сега уште и јазично чудо чувме, човекот небаре е Блаже Коневски почна да го дополнува македонскиот јазик со нов збор кој никој не знае што значи, значи како завидлизам. Завидливост знам што е, но на што да му завидуваме? На што? Па да му завидуваат луѓето од 27-ми зошто тој не беше осуден туку беше ослободен. Му завидуваат луѓето дека го помилувале. Му завидуваат луѓето дека што сака прави, од работи на Охрид до простување на долгови, се што сака прави. Си зборува некој специјален јазик, никој не го разбира, англиски никој не го разбира, ама и македонски сега почнавме да не го разбираме, ама таков си сакаат луѓето од надвор. Јас понекогаш, не е убаво може да кажам, велам па тоа што Катица е машки, женски Заев, Заев ви е женска Катица, посочи Силјановска и додаде:„Затоа државата место напред, не само што не оди напред туку не стои во место, оди назад и тоа сега го слушаме деновите. Сега велат добро е вие си го сменивте името, договор си донесовте, ама сега бујрум да видиме ние што станува со владеењето на правото со критериумите , европски, со просперитетната економија, со корупцијата и криминалот, со непотизмот, со неспособната администрација, е сега гледајте уште месец два. Тие не се две години на власт, 4 се. Беа во техничката влада, ако вие не сте направиле сите ли Преспанскиот договор и со законот за употреба на јазици се занимаваа. Не, ама изгледа само со тоа се занимаваа тоа им го диктираа. Сега кога треба сами да направат реформи, од реформа нема ништо. И јас сум убедена дека ние напролет нема да добиеме датум затоа што Европската Унија сама си има проблеми и не и треба уште едно гајле наречено Западен Балкан, затоа мислам дека беше многу пологично, многу подомаќински, многу попаметно прво вие реформите да си ги решите, па тогаш можеби и прашањето за името кога ќе бидете здраво демократско општество или на патот на оздравувањето на лекувањето, тогаш и поинаку ќе се однесуваа кон нас во поглед на името.“

Македонија | пред 7 години

7 год.
stevo-pendarovski-1

Пендаровски уверен дека го следат: Следени се и црковни веледостојници, политички опоненти, јавни личности

Кандидатот за претседател од редовите на СДСМ, Стево Пендаровски денеска од Битола истакна дека освен него, следени се и јавни личности, црковни веледостојници, политички опоненти.„Во однос на пријавата која пред два дена ја поднесов до СВР Скопје и очекувам брза реакција од нивна страна низ процедура тоа да се открие, бидејќи не станува збор само за мене претпоставувам дека станува збор за еден подолг временски период наназад во кој некои луѓе се следени, како јавни личности, црковни веледостојници, политички опоненти. Верувам дека МВР професионално ќе си ја заврши работата и во најскоро време ќе имаме одговори – рече Пендаровски од Битола.

Македонија | пред 7 години

7 год.
zaev-micko

Средбата почна: Мицковски и Заев ја оправаат државата или дискутираат за своите интереси?

Лидерите на двете најголеми политички партии Зоран Заев и Христијан Мицкоски се затворија во четири ѕида и започнаа дискусија. Средбата инцирана од Мицкоски се одвива во барокната зграда на Владата, а точките за дискусија се познати на јавноста. Ова среќавање во четири очи треба да реши дел од состојбите во државата, а дали очекувањата ќе бидат исполнети, останува да видиме по завршувањето.Интересно е што двајцата лидери постојано се наверуваат и клеветат пред камерите, секојдневно се критикуваат и навредуваат, па потоа заедно седнуваат да дискутираат и тоа го прават во „име на државата и граѓаните“. На ова постојано се реагира, па се поставува прашањето, дали се среќаваат поради државата или поради своите интереси.На лидерската средба, како што најави претходно премиерот Заев, ќе се разговара за претстојните претседателски избори, реформските закони и се што е во интерес на државата.– Мене ми е значајно да разговараме за престојните претседателски избори, за евроинтеграцискиот процес на нашата земја заради тоа што дури и НАТО не е завршено се уште, изјави вчера меѓу другото Заев.Покрај претседателските избори и реформските закони, изјави Мицкоски, ќе се  разговара и за Предлог законот за Специјалното јавно обвинителство кој го добиле во работна верзија, а ќе го отвори и прашањето за предвремени парламентарни избори.

Македонија | пред 7 години

7 год.
53912516_10213762970456224_4830600754907578368_n

(ФОТО) Хит преписка меѓу студент и професорка која ќе ве насмее до солзи

На социјалните мрежи осамна фотографија од е-маил комуникација меѓу професорка и студент. Во истата, по повод празникот Порчка, студентот бара од професорката да му прости за тоа што препишувал и да му дозволи да полага во јунска сесија.Но, не се одело според планот. Професорката рекла дека е атеист и му потенцирала дека ќе треба да полага по три испитни сесии, под казна.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Малолетници каменувале воз, го повредиле машиновозачот

На 09.03.2019 година во 09,55 часот, воз кој сообраќал од железничката станица Ѓорче Петров во правец на железничка станица Скопје Север, на влезниот сигнал на железничката станица Скопје Север, бил каменуван од неколку малолетни лица на возраст од 12 до 15 години. Било скршено предното стакло од кабината на машиновозачот, а со телесна повреда се здобил машиновозачот З.Р. (50) од Скопје.Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
PROCKA-PRILEP

(ВИДЕО) Прилепски карневал: „За сите деца да биде сонце“ оддекна на улиците

Со многу сонце и со поддршка од прилепчани, но и од туристите – љубители на карневали кои денеска беа во Прилеп, се одржа карневалот „Прочка 2019“.[embed]https://www.facebook.com/janeski.ognen/videos/1211227585697626/[/embed]Бројни маски, поединечни и групни, со учесници од разни возрасти и од многу градови од Македонија и  гости од  Бугарија, Турција, Грција, Србија, Хрватска дефилираа на  „Прочка 2019“ во Прилеп. Меѓу учесниците беа и членовите на Здружението на лица со интелектуална попреченост „Порака“ со маската „Цветна алеа“. Оценувачката комисија во состав: Габриела Шукуроска, Хилда Црнеска, Лилјана Неделкоска, Рубин Белчески и Благоја Атанасоски ќе треба да ги изберат најдобрите.

Македонија | пред 7 години

7 год.
tepacka1

Стружанец физички ја нападнал сопругата во дворот од општата болница

На 09.03.2019 година, околу 10 часот, во кругот на Општата болница во Струга нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од А.А. (29) од Струга врз Е.Б.(39) и неговата сопруга А.Б.(32), од Струга. По целосно документирање на настанот, полициската станица од Струга ќе поднесе соодветна пријава.

Македонија | пред 7 години

7 год.
20190308083602

Пендаровски најави дека ќе ги помирува Македонците

Прочка е добра можност за национално помирување, особено меѓу Македонците. Вака изјави кандидатот за претседател Стево Пендаровски.Во изјавата за медиумите, Пендаровски рече дека во својата кампања ќе се фокусира на националното помирување што се случило меѓу Македонците за време на промена на името и уставните измени.Тој нагласи дека овој процес бил уникатен за земјава, меѓутоа власта и опозицијата можат да најдат заедничка основа за многу прашања што актуелно ги делат.

Македонија | пред 7 години

7 год.
tepacka1

Физички пресметки во Прилеп и Струмица

На 10.03.2019 година во 04,20 часот во Полициската станица Прилеп М.Н.(24) од Прилеп пријавил дека околу 02,30 часот пред кафе бар лоциран на улицата ,,Кеј 1- ви Мај“ физички бил нападнат од страна на едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 10.03.2019 година во 02,30 часот во СВР-Струмица Д.П.(22) од Струмица пријавил дека истиот ден околу 01,30 часот во угостителски објект бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
kursum

Залутано зрно површно повредило девојка во својот дом

На 09.03.2019 година околу 23,50 часот во СВР-Скопје Н.Б.(54) од Скопје пријавил дека во неговиот дом во Чаир во собата каде што била неговата ќерка пробило залутано зрно и и нанело површински повреди (изгореница). Се работи на целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
policija-3

МВР проверува кој од полицијата се дрогира

Во осумте сектори за внатрешни работи во МВР започна систематска контрола на полицајците. Првични резултати, неофицијално зборуваат за осомничен полицајци за користење дрога. Извори од Министерството за внатрешни работи истакнуваат за Алсат дека систематските контроли завршиле во Тетово и во Охрид, додека во Струмица е пред крајот, објави Алсат.Контролите не завршиле во Куманово, Велес, Штип и Битола, а по завршувањето во секторите од горенаведените градови, контролите ќе започнат и во Скопје. Алсат дознава дека по систематските контроли, осомничените полицајци за користење наркотици ќе подлежат на судски вештачења.Ако судското вештачење констатира дека полициските службеници користеле наркотици, МВР ќе донесе одлука согласно Закон или отпуштање од работа. Како што се соопштува, истрагата ќе се прошири и на откривање на каналите од каде се обезбедува дрогата.Неофицијално, постојат сомнежи за мали количини на дрога запленета од активни корисници или и од соработката на полицајците со шверцерите.Систематската контрола на физичката, здравствената и психичката состојба на полицајците е регулирана со колективен договор.Полициските службеници се обврзани на секои 24 месеци да подлежат на детални прегледи, а една годишно на психичка контрола. Меѓународните пракси покажуваат дека полицајците се обврзани систематска контрола да вршат на секои шест месеци.

Македонија | пред 7 години

7 год.
izjava-zaev.Still066

Вечерва подметнати пожари во струшка Радожда

Вечерва пламени јазици ја уништуваат трската е во селото Радожда на источниот брег на Охридско Езеро кое исто така е дел од општината Струга.Веќе еден месец Охридско Езеро на територијата на општина Струга е изложено на намерно подметнување пожари и масовно уништување на живиот свет во езерото и на брегот со цел да се уништи целата природа ( која е под заштита на УНЕСКО и под заштита на законите на Република Северна Македонија кои никој не ги почитува ).Јавна тајна е дека тоа се прави за потоа тука да се изградат дивоградби ( угостителски објекти и сместувачки капацитети ) кои некој смислил да ги легализира со законот кој го најави Владата, а со кој  треба да се легализираат новите довиградби.УМРЕ ДРЖАВАТАГраѓаните на Северна Македонија секојдневно коментираат дека повеќе не функционира ни еден дел од системот на владеење и се погласно се коментира дека чесните луѓе се оставени сами на себе.Полицијата до сега нема откриено ни еден потметнувач ( инвеститор во објектите ) ниту има превземено било какво дејствие по лудилото кое се случува пред очите на сите.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Заев и Мицковски вечерва да и простат на Ивона за затаениот данок за гаќите откако 5,5, милијарди украдени остануваат нечепнати

“Единствена Македонија и македонскиот народ ги осудуваат т.н. лидерски средби на Христијан Мицковски и Зоран Заев од партијата „Погреб за Македонија„ составена од ДПМНЕ и СДСМ оти служат единствено за замајување на јавноста кога на сите во Македонија им е јасно дека Мицковски и Заев се контролирани и купени од ист странски центар. Лагите на странските марионети Заев и Мицковски повеќе не поминуваат оти Заев како опозиционер се силеше дека ако стане премиер ќе расчисти со грабежот од 5,5, милијарди евра на власта на ВМРО-ДПМНЕ или како што велеше Заев сликовито: „уништувале, краделе пари, товареле бродови, однеле 5,5, милијарди евра„.Наместо враќање на украденото, марионетата Заев тргна по стапките на претходната власт на ДПМНЕ и прво што направи си зема лиценца за производсттво на дрога, бизнис вреден околу 100 милионин евра.Јавноста се изнагледа обвиненија за уривањето на Космос, набавка на мерцедес, изборни измами и нерегуларности, незаконско следење на комуникаици и уништување на опрема во УБК, бесправно градење, уништување на изборен материјал, мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување…, меѓутоа, овие обвиненија немаат допирни точки со одземањето на украдените 5,5, милијарди евра.Народот не гледа никакво фајде доколку и сите обвинети од поранешната власт завршат во затвор, а притоа украдените 5,5, милијарди останат нечепнати а марионетите Заев и Мицковски ќе глумат лидерски средби кои биле во корист на граѓаните.За волја на вистината, во случајот на една обвинета новинарка која се товари за даночно затајување сепак ќе дојде до одземање на нелегално стекнатото бидејќи, ќе мора да го врати затаениот данок при купувањето на нејзините гаќи. И толку од украдените 5,5, милијарди евра.На големиот христијански празник Прочка како празник за прочистување и очистување на гревовите, единствена добра работа на вечерашната т.н. лидерска средба меѓу Мицковски и Заев е доколку и простат на Ивона за затаениот данок за гаќите во услови кога 5,5, милијарди евра украдени пари остануваат опростени и заборавени”, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mkd-412476

(ВИДЕО) Хорор лет за Њујорк за 326 патници

Според изјавата на американската аеродромска служба, авионот слетал безбедно и повредените од меѓународниот аеродром Џон Ф. Кенеди во Њујорк се префрлени во околните болници.[embed]https://twitter.com/CeFaanKim/status/1104590849080508417?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1104590849080508417&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.mkd.mk%2Fsvet%2Fvesti%2Fhoror-let-za-njujork-32-patnici-povredeni-video[/embed]Патниците претежно се здобиле со исеченици и модрици, а една стјуардеса скршила нога, изјави официјалниот претставник на аеродромот Стив Колман.Боинг 777 со 326 патници и 21 член на екипажот летал над Атлантикот кога влегол во зона на турбуленции, рече Колман.Турската авиокомпанија засега не го коментираше настанот.

Свет | пред 7 години

7 год.
siluvanje

ХОРОР: Кавадарчанец ја силувал екссопругата

Во 09,00 часот во Полициската станица Кавадарци, 29-годишна жена од Кавадарци пријавила дека истиот ден околу 05 часот кога се враќала во својот дом ја пресретнал нејзиниот поранешен сопруг од Кавадарци кој извршил обљуба врз неа.Сторителот е приведен во полициска станица и известен е јавен обвинител од ОЈО-Велес.Се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
53654610_417285622357886_6592756146317033472_n

ГАЛЕРИЈА: 29 споменици сред Скопје со морбили, а чинат 2.5 милиони евра

На „Мостот на уметноста“ на реката Вардат во центарот на Скопје ќе бидат поставени 29 скулптури, по 14 од двете страни и една централна. Сите скулптури се позеленети, а некои од минувачите на шега велат: “Овие како морбили да имаат фатено”.Причината за ваквата појава, според дел од познавачите на проблематиката е загадениот воздух односно ПМ честиците,бидејќи смогот содржи сулфурдиоксид, па се создал бакарен сулфат.Автори на мостот се Коста Мангаровски и Викторија Мангаровска. Изградбата на мостот чини речиси 2,5 милиони евра.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања