Промени тема
За нас
ВО ЖИВО

Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
7 год.
NEMA-STRUJA

Венецуела во мрак

Во дел од Венецуела веќе четврти ден нема електрична енергија, а во многу области, вклучувајќи го и Каракас, струјата доаѓа повремено.Во шест од 23 венецуелски држави се уште нема струја, јави „Ројтерс“.Населението нема вода за пиење, а во болниците снемуваат лекови.Во Венецуела вчера беа одржани два собири, опозициски и на приврзаниците на претседателот Николас Мадуро. 

Свет | пред 7 години

7 год.
samar

ВИДЕО: Младоженецот и` удри шамар на невестата среде свадба, сите ги вознемири!

Камерата сними момент на венчавка кога младоженецот пред гостите и` удрил шамар на својата новопечена сопруга. Снимката вознемири многумина на социјалните мрежи.[embed]Не е познато кога точно настанало ова видео кое сега станало вирално, но се верува дека е снимено во средна Азија, а на него се гледат младенците кои се хранат со торта.Откако мажот на својата сопруга и ставил парче торта во уста, таа му го направила истото, но малку се пошегувала со него, што толку го разбеснило што и удрил шамар од кој таа паднала на столчето.

Магазин | пред 7 години

7 год.
ljubov-2

Зошто сѐ почесто жените влегуваат во врски со помлади мажи?

Во шоубизнисот и политиката, но и меѓу „обичните луѓе“ сѐ почесто гледаме врски во кои мажот е помладиот партнер, во некои случаи значително помлад.Ваквите врски што некогаш беа табу, денес стануваат поприфатени, и од средината, но и од самите жени кои веќе не гледаат на врската со помлад маж како нешто што треба да се крие или да биде привремена забава, туку партнерство со кое гордо се носат.Ако вие сте една од тие жени, знаете дека врската со помлад маж (дури и значително помлад маж) може да биде многу добро за вас. Најважно е да знаете што сакате од животот и да бидете искрени за вашите чувства. Но, нели е тоа основата на секоја здрава врска, најпрво со себе.Ова се предностите на врска со помлад маж:ЕднаквостМажите од помладата генерација денес се поинаку воспитувани и еднаквоста меѓу мажот и жената, во врската и во животот, за нив е стандардот, а не исклучокот. Тие гледаат на финансиската независност слично како жените и се горди што не се издржувани и што знаат да се грижат за себе бидејќи ја ценат индивидуалноста. Двајцата плаќате по пола за сметката и никој никому не должи ништо.Помалку емотивен багажКога имате помалку багаж до минатото е многу полесно да гледате во иднината. Можеби не ви звучи фер на прв поглед, но да бидеме реални – тоа што немал повеќе врски и ситуации во кој му било скршено срцето го прави многу попривлечен и посигурен.Одлично изгледаатУште еден момент за искреност и реалност – младите мажи изгледаат одлично, се грижат за своето тело и изглед и се физички попривлечни и поиздржливи. Тоа не гарантира одличен секс, ама сигурно помага. Исто така, тоа ве инспирира и вие да изгледате најдобро што можете!Сериозната врска не е исклучена како опцијаАко разликата во години е многу голема, најверојатно сценарио е дека ќе поминете одреден период заедно и ќе ви биде прекрасно и потоа вашите патишта ќе се раздвојат. Но, тоа не значи дека не може да функционирате долгорочно, сѐ зависи од вашиот животен стил и животни очекувања.Да, кога сте во „најубавото“ не мислите дека евентуално ќе заврши. За ваше и за негово добро, искрено разговарајте за вашите планови. Ако сакате наскоро да се омажите или да имате деца, а тој се чувствува дека не му е време, не се залажувајте. Но, можеби ќе добиете одговор што не сте го очекувале, затоа – бидете искрени и тоа што порано тоа подобро.

Магазин | пред 7 години

7 год.
ljubov

Во овие хороскопски знаци се раѓаат совршени мажи

Не им е на сите цел да се омажат или оженат, но ако спаѓате во оние кои го сакаат тоа, на помош ви доаѓа хороскопот. Мажите родени во овие три знаци ги имаат сите квалитети па со тоа и се „материјал за брак“.ВодолијаВодолиите тешко го даваат своето срце некому, но кога еднаш ќе се заљубат, подготвени се да дадат се за таа личност. Како сопруга, Водолијата ќе се труди да ги исполни сите желби и потреби на партнерката и ќе ја третира како принцеза. Со овие авантуристи пак, никогаш не е досадно. Единствена маана им е претераната осетливост, заради што некогаш е прелесно да ги налутиш.ЛавИако мажите родени во овој знак понекогаш може да делуваат како женскари заради својата изразито привлечна харизма на која паѓаат многу жени, Лавовите ги забележуваат само оние кои им се слични. Жена која може да ги освои има цврсти ставови и мора да им е рамноправна, а еднаш кога ќе ја најдат остатокот од животот ќе се трудат да и угодат.ШкорпијаИако во младоста се склони кон често менување на партнерките, кога ќе се заозбилат, посветуваат многу внимание на партнерката, а на глас се и како страстни љубовници. Шкорпиите сакаат да се скрасат со само една жена, а во бракот се верни. Посветуваат многу внимание на сопругата.

Магазин | пред 7 години

7 год.
srce

Овие хороскопски знаци никогаш нема да бидат среќни заедно

Некои знаци од хороскопот едноставно не функционираат добро кога се работи за љубовната врска. Иако на почеток на врската се изгледа сјајно и прекрасно, разликите во карактерот ќе доведат до сериозни конфликти кои ќе испливаат на површина порано или подоцна.РАК И ВОДОЛИЈАВо теорија, овие два знаци од хороскопот може да бидат пар, бидејќи се две разумни битија. Меѓутоа, Водолијата е знак кој сака слобода и чувствува дека премногу чувствителниот и посесивен Рак го гуши. Затоа овие хороскопски знаци во светот на ѕвездите не се најсјајна комбинација.ДЕВИЦА И ВАГАТие никогаш нема да имаат долгорочен однос. Нивниот начин на размислување е целосно поинаков. Тие се два знаци од Зодијакот кои најмногу се расправаат, а меѓу нив никогаш нема да има хармонија.БЛИЗНАЦИ И ЈАРЕЦБлизнаците бараат многу внимание кога се во врска. Од друга стрна, Јарците не се секогаш подготвени на тоа. Ова е погрешна комбинација која ги прави овие два хороскопски знаци несреќни во љубовниот однос.

Магазин | пред 7 години

7 год.
horoskop

Брз хороскоп: Вашиот знак опишан во приказна од седум збора

Секој знак на хороскоп има своја есенција, без оглед дали таа била очигледна или е скриена некаде длабоко во нас. Блиц приказни во прво лице во кои секој знак е опишан во реченица од седум – осум збора ќе ви помогне подобро да се запознаете самите себе.ОВЕН:Врескам гласно, но никој не ме слуша.БИК: Немам причини било кому да се извинувам.БЛИЗНАЦИ: Не сум сам, но се чувствувам многу осамено.РАК: Тогаш кога се држевме за раце.ЛАВ: Но никој не знае каков сум всушност.ДЕВИЦА:Кажи ми зошто се чувствувам толку осамено.ТЕРЕЗИЈА: Се правам дека сум некој кој не сум.ШКОРПИЈА: Навистина ми е се’ многу важно.СТРЕЛЕЦ: Би сакал за ништо да не жалам.ЈАРЕЦ: Нема да дозволам моите ѕидови да се урнат.ВОДОЛИЈА: Покажи ми вистинска причина за моето постоење.РИБИ: Чувствувам се, тоа е премногу за мене.

Магазин | пред 7 години

7 год.
vodolija

10 карактеристики на моќните Водолии

Водолиите се големи оптимисти кои веруваат дека можат да поместат цели планини. Тие имаат големи идеи и не ги поднесуваат песимизмот и рамнодушноста на другите луѓе.Ова се 10 најважни карактеристики на моќните Водолии.1. Никогаш не го забораваат начинот на којшто другите се однесуваат кон нив.2. Повеќе од било кој друг хороскопски знак, Водолиите пробуваат да ги прифатат луѓето онакви какви што се.3. Тие не сакаат да ги молат другите луѓе. Ако не се сложувате со нив, или со тоа што го предлагаат, никогаш нема да инсистираат на тоа.4. Кога се повредени, тоа може да биде застрашувачко за некои луѓе, бидејќи кога ќе се случи тие се однесуваат како целосно да ја изгубиле својата душа.5. Водолиите никогаш не се менуваат поради друга личност.6. Тие имаат неверојатна способност да се однесуваат како се да е во најдобар ред, иако тоа не е така.7. Тие се едни од ретките личности кои не се плашат да бидат единствените во канцеларија кои ќе му се спротистават на шефот.8. Наместо да зборуваат за своите проблеми, тие сакаат да ги решаваат проблемите и тешкотиите на другите луѓе.9. Секогаш ги привлекуваат едноставни работи.10. Некогаш имаат црна смисла за хумор и саркастични се по природа.

Магазин | пред 7 години

7 год.
docnenje

На овие хороскопски знаци доцнењето им е во крвта

Доцнењето може многу да ги налути оние кои вечно чекаат, но одредени луѓе едноставни не можат да си помогнат. Дали се неорганизирани, не знаат да проценат колку време имаат или се толку опуштени што не им е важно дали другите чекаат? Можеби нивното доцнење е поврзано и со хороскопскиот знак во кој се родени?ЛавСекогаш доцнат и не го прават тоа намерно. Припадниците на овој знак цврсто решаваат да тргнат од дома на време, но тоа едноставно никогаш не им успева. Имено, секогаш им паѓаат на памет уште илјада ситници што мора да ги завршат пред да излезат.БлизнациКога се во добро друштво, Близнаците често забораваат на времето. Може да им се случи предоцна да погледнат во часовникот и тогаш забележуваат дека пред половина час требало да бидат на некое друго место.ОвенКалендарот на Овните секогаш е преполн. Па затоа, често им се случува термините да им бидат малку преклопени. Секогаш се во брзање и секогаш може да очекувате дека ќе задоцнат малку.РакИ Раковите постојано доцнат. За разлика од Овните, луѓето родени во знакот Рак не запишуваат термини во календар. За жал, тие едноставно забораваат дека се договориле или предоцна им текнува на тоа. Исто така, многу често има се случува и да задоцнат на важен состанок.

Магазин | пред 7 години

7 год.
zaev-odgovornost

СДСМ е очајна, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДСМ соочена со падот на рејтингот и својата неспособност очајнички со манипулации се обидуваат да се оправдаат за епидемијата на непотизам на врвот од власта која што владее во Македонија.Имено тие наместо да мачкаат очи на јавноста треба да одговорат како е возможно во само неколку месеци да имаме стотици случаи на непотизам од сите нивоа на власта. За само неколку месеци тие ги вработија мајките, синовите, ќерките, браќата, сестрите, сопрузите, сопругите, зетовците, снаите золвите и свекрвите на видните партиски функционери во државната администрација за примања повисоки од просечните. Оправдувањата патем им се дека речиси секогаш роднините или биле или единствени кои конкурирале или најдобрите кандидати.СДСМ и должат на јавноста објаснување, но и одговорност како тоа на толку невработени, особено млади и дипломирани кадри, место во администрацијата има за нивните роднини, а не за останатите граѓани. Во ситуација кога има над 500 илјади граѓани кои живеат во сиромаштија, кога се покачуваат акцизите и даноците, кога расте јавниот долг, буџетот се оптеретува со нови вработувања на роднини кои ќе ги плаќаат граѓаните од свој џеб.Оваа епидемија од непотизам може да прекине само со пораз на Претседателските избори на опцијата предводена од  деспотот Заев и криминалниот картел. Тогаш ќе почне демонтирањето на оваа аздисана и ненародна власт“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mickoski

Мицкоски бара МПЦ да му прости: Нема човек кој не згрешил

„Дозволете ми од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ, Вам, на членовите на Синодот, на ценетото свештенство и монаштво, како и на сите православни верници, да Ви го честитам големиот христијански празник Велики поклади -Прочка.Проштевањето е основна христијанска карактеристика и затоа на овој ден кога секој од нас чувствува милоста Божја треба да си подадеме рака и да си ги простиме грешките еден со друг. Заемното почитување и помагање треба да бидат наша водилка за заеднички да ги пребродиме темните времиња и да се спротивставиме на сите предизвици и премрежија.Денес е денот кога треба да се побара, но и да се даде прошка. Нема човек кој не погрешил и само со прошка и признавање на своите слабости ќе можеме во мир и благосостојба да ги пречекаме пораките на овој празничен ден.Нашиот народ секогаш проштевал, споделувајќи ги заедничките христијански вредности затоа што секогаш знаел дека само меѓусебното помирување и верба ќе ни донесе хармонија и напредок на нам лично но и на нашата татковина Македонија.Да не дозволиме поделбите да се наше секојдневие, денес во време кога за жал нашето општество е девастирано,кога имаме мачно секојдневие и премногу омраза, кога неправдата станува основа на прогон и кога е загрозена сигурноста.  Спокојот и мирот нека завладеат во сечиј наш дом, да ги почитуваме нашите ближни, соседи и пријатели. Да го следиме патот на почитувањето, проштевањето и љубовта и заеднички да работиме за просперитетна и успешна иднина за нас и нашите идни генерации“, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
DSC_0132

Силјановска за дивите платформи на Матка: Општините не се држави во држава, и за нив важат законите

Кандидатот за претседател на Република Македонија Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова денеска оствари средба со граѓаните на Општина Сарај.Пред присутните Силјановска Давкова истакна дека идејата на локалната самоуправа отсекогаш била локалнта демократија и воспоставување на контратежа на централната власт.Идејата на локалната самоуправа отсекогаш била локалната демократија, воспоставување на контратежа на централната власт заради деконцентрација на моќта и обезбедување слободен простор за дејствување на граѓаните во општините. Она што се прави со платформите во заштитениот појас, но и во поширокиот простор на Матка, е злосторство и против природата и против демократијата и нејзините принципи. Општините не се држави во држава, и за нив важат законите - освен ако се препуштиме на логиката на локален грабеж и самоволие во интерес на локални шерифи, а на штета на граѓаните. Она што го видов на Матка, дури и во еден прекрасен сончев ден и покрај срдечните средби со посетителите, навистина растажува. Ако ја сакаме Македонија, ако ја сакаме Матка, ако ги сакаме сите наши природни убавини, треба да ги чуваме заедно, обединети, и во согласност со владеењето на правдата. Апелирам итно постапување на надлежните институции, а ги има многу на број кои се повикани да дејствуваат, или ќе ја изгубиме оваа оаза на убавината и спокојот во близина на главниот град. Да се обединиме за да завладее правото и правдата во нашата Македонија, вели Силјановска Давкова.

Македонија | пред 7 години

7 год.
maxresdefault-1

Нема да се отвори автопатот Миладиновци-Штип иако требаше викендов

Отворањето на автопатот Миладиновци-Штип е одложено оти се прават последните безбедносни проверки, велат од Министерството за транспорт и врски. Од Министерството на 6 март за САКАМДАКАЖАМ.МК изјавија дека автопатот ќе биде пуштен во употреба овој викенд, но сега објаснуваат дека тоа ќе се случи штом завршат сите проверки, не прецизирајќи точен датум.„Сите градежни активности на автопатот Миладиновци-Штип односно сите три секции се целосно завршени. Важно е автопатот да биде пуштен во употреба и граѓаните истиот до го користат, но најважна е безбедноста на граѓаните. Овие денови се вршат последните безбедносни проверки и проценки на сите елементи од автопатот. Штом се заврши со овие последни проверки автопатот  ќе биде пуштен во употреба. Тоа ќе се случи наскоро во периодот кој доаѓа“, велат од Министерството за транспорт и врски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Ethiopian-Airlines-Boeing-737-MAX-759x500

Никој од 149-те патници на „Етиопиан Ерлајнс“ не преживеа

Авион на компанијата „Етиопиан Ерлајнс“ се урна брзо по полетувањето од Адис Абеба. Нема никој преживеан од 149-те патници и осум члена од екипажот, соопштија од компанијата. Патниците биле од 33 различни националности. Падот се случил во 8.44 утрината, шест минути откако новиот Боинг 737 Макс-8 полетал.Не се знае причината за падот на авионот чија крајна дестинација требало да биде Најроби во Кенија.  Сведоци велат дека кога паднал авионот имало огромна експлозија, околината е изгорена, а на терен се 4 хеликоптери.

Свет | пред 7 години

7 год.
gordana-siljanovska

Знае ли Силјановска кој ја кандидираше за претседателка?

„Откако конечно ја дозна големата вистина, Силјановска да каже што мисли за тоа што Мицкоски бил асистент кај сопствениот татко.Гордана Силјановска исто како и Христијан Мицкоски се однесува како да не е од тука, како да не живеела во државата последните десет години.Се лаже ако мисли дека со таква лажна реторика сака да побегне од фактот што му се поклони на груевизмот.Дали Силјановска знае воопшто кој ја кандидирал и која партија застанала зад нејзината кандидатура?Доколку не знае, точниот одговор е дека таа  беше избрана на фарсична конвенција на ВМРО-ДПМНЕ како кандидатка на Христијан Мицкоски.Да, тоа е  истиот Мицкоски кој бил асистент кај неговиот татко на Машинскиот факултет, истиот Мицкоски кој како советник на Никола Груевски добил бизниси со хидроцентрали.Сега, откако конечно ја дозна „големата вистина“ за кариерата на Мицкоски, редно е  Силјановска да каже што мисли за тоа што Мицкоски од толку асистенти на Машинскиот факултет бил асистент токму кај сопствениот татко?Обидот на Силјановска да се однесува како да не е од тука, не го менува фактот дека таа и Мицкоски се последните остатоци од Груевизмот.Граѓаните нема да дозволат нов Иванов кој ќе брани криминал и партиски интереси и затоа на изборите масовно ќе гласаат за Стево Пендаровски, идниот претседател на Република Северна Македонија“, пишува во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Rangelova-wide-2000

Рангелова: Разочарувачки е да читаме дека девојчиња ги фрлаат бебињата во шахта

На расправата за предлог-законот за абортус рековте дека „ако се надминете себеси ќе го поддржите“. На кого мислевте: на сите колеги во парламентот, на одредени пратенички или на невладините организации и религиските групи кои се противат на абортусот?- Се обратив до сите пратеници, но и на дел од граѓанските организации со кои имавме спротивставени ставови. Мислам дека станува збор за погрешно толкување. Ако сме за заштита на здравјето на жената, т.е. за легален и безбеден абортус за оние жени што се одлучиле на таков зафат, тоа во никој случај не значи дека ние ги поттикнуваме жените да ја прекинат својата бременост.Напротив, јас би била среќна ако секоја девојка или жена има можност и желба да се реализира во улогата на мајка. Па, има ли поголема среќа за нас од нашите деца? Тоа за мене е најголемиот благослов. Па, сепак да ги почитуваме туѓата одлука и мислење. Можеби треба да размислуваме за континуирана едукација за спречување на несакана бременост уште од најраната училишна возраст, а и за планирано семејство, наспроти санкционирање и сложени административни постапки за прекин на несакана бременост.Разочарувачки е во 21 век да читаме дека млада девојка на 19-годишна возраст го фрлила своето бебе во шахта и слични примери. Зарем тоа треба да го дозволиме и да не ги спречиме овие појави?Целото интервју на Независен.мк

Македонија | пред 7 години

7 год.
Zaev-i-Pendarovski

Заев: Пендаровски е безбеден, го сликале поради колата

Премиерот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев истакна дека консензуалниот претседателски кандидат Стево Пендаровски е безбеден со оглед на тоа што тој изјави дека го следат одредени служби.„Пендаровски е безбеден. Утврдено е дека се работи за сликање за докажување каква кола всушност има и вози. Верувам дека сите граѓани во Република Северна Македонија треба да се чувствуваат безбедни“, изјави Заев.Како што информираше Пендаровски, тој вчера во попладневните часови во СВР Скопје поднел пријава на записник и чека надлежните служби во наредниот период да го одработат тоа што треба.„Ако ме прашавате што јас знам повеќе за тоа – не знам“, изјави Пендаровски и ги упати новинарите на изјавата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски кој на седница за пратенички прашања при крајот на јануари зборувал за следење на јавни личности, па дури, посочи Пендаровски, на великодостојници на МПЦ од некои параструктури.„Можеби тука лежи одговорот. Меѓутоа, јас тоа не го знам“, додаде Пендаровски кој има впечаток дека е следен и, како што рече, чека официјален орган да му каже дали е тоа точно и, се разбира, дали само тој е цел на следење.

Македонија | пред 7 години

7 год.
deponija-sutka-3

ФОТО: Депнијата во Шутка две недели гори, надлежните спијат, граѓаните се гушат

Депонијата меѓу населбите Шуто Оризари и Визбегово гори веќе две седмици. Еколозите секој ден апелираат, ги повикуваат надлежните на реакција, објавуваат фотографии од запалената депонија, пријавуваат, но засега ништо. И вчера огнот, чадот и смрдеата беа неподносливи во тој регион, предупредуваат од граѓанската иницијатива О2 коалиција.На реакцијата на граѓаните и на еколозите, градоначалникот на општина Шуто Оризари одговори дека на 8 Март треба да се слави, а не да се посветуваме на проблеми.„Ќе ве молам, денеска е 8 Март и верувам дека треба овој ден да празнуваме. За десет дена го исчистивме најголемиот дел од депонијата. Булдожерот е приватен и општината го плаќа“, одговори Дудуш, кој ветува дека за две седмици депонијата комплетно ќе биде исчистена.Eколозите порачуваат: „Господа од власта, да земете да си ги едуцирате вашите градоначалници и политичари. Нека земат да си ја работат работата за која бездушно ни наплатуваат од заедничкиот буџет, нека се погрижат за животот и здравјето на сите свои граѓани, нека пробаат да ни го покажат синото небо низ овие облачишта од чадојни, кои ги продуцира нивната негрижа и незнаење. Може потоа и ќе ги поканиме да празнуваат со нас“.

Скопје | пред 7 години

7 год.
zena-810x540-810x540

Работела во фабрика за 16 долари месечно, а денес е најбогатата жена на светот

Ву Јаџун своевремено работела во фабрика за 16 долари месечно, а денес е најбогатата жена на светот која сама го создала своето богатство. Според најновата листа на „Форбс“, Ву располага со богатство од 9,4 милијарди долари, што доаѓа од компанијата за недвижнини „Лонгфор пропертис“, која во 2017 остварила приход од 10,7 милијарди долари. Во ноември, Ву се повлече од функцијата претседател на компанијата и ги предаде своите акции на ќерка ѝ.Ву е за три милијарди долари побогата од Дајен Хендрикс, најбогатата Американка која сама се збогатила. Севкупно, најбогатата жена на светот е Франсоаз Бетенкур-Мејерс, која вреди 49,3 милијарди долари, но таа е наследничка на козметичката империја „Л‘Ореал“.Ву (55) не потекнува од богато семејство. По дипломирањето, се вработила како техничар во една државна компанија, кадешто четири години работела за 16 долари месечно. Потоа четири години била новинар во државна новинска агенција, а кога во 1993 се соочила со низа проблеми да си купи стан, се инспирирала да го почне она што ќе стане „Лонгфор пропертис“, продавајќи го својот прв станбен проект во 1997. „Лонгфор“ е една од првите компании која почнала да гради трговски центри во Кина.Целата сторија прочитајте ја на студенти.мк.

Свет | пред 7 години

7 год.
zz

ФОТО: Заев маскиран во оган, сопругата Зорица во мраз

На традиционалниот маскембал кој се одржа во 2013 во Струмица, премиерот Зоран Заев беше маскиран во оган, а неговата сопруга Зорица Заев во мраз. Тие беа учесници на манифестација, за разлика од оваа година кога само гледаа, но не се маскираа.[caption id="attachment_30426" align="alignnone" width="397"] Заев во 2013 година[/caption]Заева тогаш рече дека маската на премиерот е погодена затоа што тој има топла душа и зрачел со енергија. На Струмичкиот карневал се игра, пее и се прават шеги на сопствена, но и туѓа сметка. Во 2013 година, Заев беше градоначалник на Струмица.

Магазин | пред 7 години

7 год.
ilija-dimovski

Илија Димовски: Размислувам дали да дадам поддршка на СЈО, а бегството на Груевски не е добро

Ако се направи систем којшто ќе значи гаранција на човековите права и на владеење на правото, јас би размислил да дадам поддршка на понатамошно постоење на СЈО, вели пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ во неделното интервју на Радио Слободна Европа.На прашањето, дека членството во НАТО може да зависи и од поддршката на Законот за СЈО, па дали тој ќе го поддржи Законот за СЈО, имајќи предвид дека е обвинет во еден од случаите на СЈО, пратеникот тврди дека членството во НАТО не зависи од тоа, процесот на ратификација на протоколот за членство во НАТО на Република Македонија оди со забрзано темпо.– Мислам дека може да се успее да бидеме можеби рекордер, ако не би биле некаде во рамки на досегашниот рекорд од девет месеци и тоа е добро и треба да се поддржи и со моето учество во тој процес давам пример. Во поглед на Специјалното јавно обвинителство мислам дека е генерален услов за владеење на правото во Република Македонија виз-а-ви процесот на почнување проговори со ЕУ. Јас посебно поради тоа што сум дел од обработката на СЈО, се обидувам да диференцирам став, којшто ќе значи и поддршка, ако е потребно, на понатамошно постоење и функционирање на СЈО. Како и во Парламентот и во судството, како и во образованието, така и во СЈО, мислам дека има и квалитетни и неквалитетни луѓе има и квалитетни и неквалитетни постапки. И ние носиме и добри и лоши закони, дел од предметите на СЈО се базирани на некои сериозни докази, дел се политички – изјави Димовски.Тој вели дека и покрај тоа што како шеф на делегацијата патува по парламенти од разни земји на ратификација на договорот за членството на Северна Македонија во НАТО, не го сменил мислењето за Договорот од Преспа.– Јас мојот став неколкупати сум го соопштил од аспект на штетноста на содржината на договорот. Никогаш не сум ја спорел целта на договорот и тука сакам да направам јасна разлика. Целта на договорот, како што ја разбираме, е членство на Македонија во НАТО пактот и ЕУ, што е став на ВМРО-ДПМНЕ, како прва политичка партија со таков став, уште од самото формирање на парламентарната демократија во Република Македонија. Но, тоа не значи дека содржината на договорот е прифатлива и оправдлива од аспект на македонските национални интереси. Мене ми смета еуфоричноста која власта ја покажува со Договорот од Преспа, од аспект на тоа дека ова е најпатриотски чин, од аспект на тоа дека ова е најдоброто нешто што можело да се направи. Не. Треба да бидеме искрени со граѓаните, ова е болно и тешко постапување на државата и не треба да го криеме тоа, треба да го кажуваме, но секако треба да разбереме дека Република Македонија може да обезбеди многу подобра перспектива и многу подобра иднина како членка на НАТО и на ЕУ.На прашањето, дали има контакт со Никола Груевски, Димовски рече дека многу долго време пред да замине од Македонија, не контактирал со Груевски. Во врска со неговото бегство во Унгарија, Димовски кратко одговори: Не е добро, не е добро!

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања