Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
drisla

Медицински отпад кој се гори во Дрисла, донесен во огромни количини

Количината на отпад добива загрижувачки размери во Македонија. Ако во 2000 година имало 115 тона медицински отпад, во 2017 година количината достигна 900 тона, или девет пати повеќе. Овие бројки се објавени од страна на Заводот за статистика и од депонијата Дрисла, која во моментов е единствената институција која го собира и уништува овој отпад.Во печката во Дрискла секој час горат до 250 килограми медицински отпад, а  секој ден во депонијата влегуваат над три тони медицински отпад.Најголемиот дел од отпадот, како што велат од Дрисла, доаѓа од Клиничкиот центар, од болницата Св. Наум Охридски и од Клиничката болница во Тетово. Од тетовската болница велат дека ѓубрето се транспортира двапати неделно, во зависност од потребата, а може да се транспортира дури и неколку пати неделно.„Нашата болница има договор со фирми кои се лиценцирани за транспорт на отпадот и да го третираат до крај. Ги имаме сите точки на собирање на локално и централно ниво за транспорт и привремено складирање, кои се доставуваат до Скопје двапати неделно според договорот“, рече Ариф Ибрахими, Клиничка болница Тетово.Од гинеколошката болница „Мајка Тереза“ во Чаир минатата година потрошиле 348.506 денари за 5.392 килограми медицински отпад. Во меѓувреме, за оваа година болницава има предвидено поголема количина на отпад.„Првично се собираат во сите одделенија, потоа од таму во посебни кутии кои се обележани со посебни ознаки и, конечно, од сите овие одделенија се депонираат на претпоследната депонија која е наместена на таков начин што таму да нема контакт ниту живиот свет на животните, ниту децата или што и да се движи во таа насока. За оваа година планирани се околу 6.200 килограми медицински отпад. Како што се зголемува бројот на раѓања, така се зголеми тежината на медицинскиот отпад”, изјави Илир Шурдани, Гинеколошка болница “Мајка Тереза”.Според инфектолозите, медицинскиот отпад претставува висок ризик доколку тој се допира на незаштитен начин и може да предизвика ширење на разни инфекции доколку се фрлат надвор од посебните места за собирање на медицински отпад.Извор: Алсат ТВ

Скопје | пред 7 години

7 год.
chair-copy

Ќе се уништи зеленилото, за Чаир да има 5 паркинзи

Фадиљ Амети веќе 50 години живее во Топанско Поле. Вели дека во Чаир се гради многу, но  хигиената според него е на многу ниско ниво. Во минатото, се присетува Амети, градењето не било толку интензивно, па поради тоа ова место било почисто и позелено за разлика од сега.„Секако дека е подобро, без градби. Населбата е изградена. Парковите се посредени. Недостига хигиена. Ми се чини дека тогаш имаше повеќе чистота. Чистота околу парковите, тоа недостига“, изјави Фадиљ Амети, жител на Чаир. Еко-активистот Африм Османи вели дека надлежните институции треба да ги казнуваат граѓаните кои ги уништуваат зелените површини. Предлага да се намали изградбата на објекти и да има повеќе паркови и зеленило.„Градењето е една од главните причини за уништување на парковите, зеленилото и сечата на дрвја. Еднаш засекогаш треба да се реши прашањето за градење. Новите градби, градежништвото, претставува еден од главните фактори за уништување на зелените површини“, изјави Африм османи, еко-активист. Од друга страна, во недостиг на паркинзи, граѓаните ги паркираат нивните возила на зелени површини.Првиот човек на Чаир, Висар Ганиу вели дека од јуни ќе започне изградба на нови паркинзи во оваа општина. Паркинг ќе има во близина на улицата „Цветан Димов“, втор на популарната Пластичарска улица, потоа кај Исабеговата џамија и еден кај Албанскиот театар на Бит Пазар.

Скопје | пред 7 години

7 год.
161753_jelena-karleusa_ff

Јелена Карлеуша го менува името

Српската пејачка Јелен Карлеуша ќе си го смени името. Таа реши покрај своето, да го додаде и името на нејзината мајка- Дивна, во знак на благодарност и сеќавање на неа.Пејачката одлучи за јавноста и понатаму да остане ЈК, но во личните документи покрај своето име ќе го додаде и мајчиното.Инаку, познатата поп пејачка се уште е очајна поради големата загуба.Според српските медиуми, нејзината здравствена состојба полека се враќа во нормала, но се уште постојано зборува за нејзината мајка и многу често се расплакува додека зборува со најблиските.Пејачката изјавила дека сака да го додаде името на својата мајка и на тој начин постојано да биде поврзана со неа, но и да и се оддолжи за целата поддршка што и ја давала постојано додека била жива.

Магазин | пред 7 години

7 год.
sekerinska-arm-2

Само шест жени се доброволци да бидат дел од АРМ

Рамноправни, но само на зборови. Така на шега се коментираше присуството на само шест девојки во 37. генерацијана АРМ, која денеска, на 8 март, положи заклетва. Половина од нив се мајки со деца, за кои следните три месеци ќе се грижат татковците. Вкупно 86 војници кои доброволно отслужуваат воен рок дадоа заклетва во велешката касарна „Алексо Демниевски Бауман“.„Сите машки членови во семејството имаат служено војска и тоа ми беше предизвик да ја продолжам таа традиција. Сакав да го искусам тоа што тие го искусиле. Иако е тешко, ова е ново прекрасно искуство, да се научи на ред, дисциплина. Овде сите сме исти, се поддржуваме меѓусебно и нема разлика во пол и националност“, речеАлександра Јакимова од Скопје.Меѓу припадниците на АРМ е и кајакарскиот репрезентативец Енис Небиоски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
trska-3

Гори заштитената трска во Охрид, виновници нема ниту некој реагира

Граѓанското здружение Охрид СОС објави дека вчера попладне во близина автокампот „Андон Дуков“ и Св. Еразмо горела трска и ниска вегетација, при што, како што потрдил и портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, интервенирала противпожарната служба од Охрид.-Дали започнува „традиционалното“ палење на овој потег? Оваа активност е законски забранета, но и покрај тоа одредени поединци и понатаму продолжуваат со оваа пракса. Веројатно не се свесни дека со палењето тие ја загадуваат животната средина и ја намалуваат плодноста на почвата. Или толку им е гајле.Од Охрид СОС укажуваат дека со палењето на стрништата (како што ги класифицира државниот инспектор за животна средина) се уништуваат големи количини органска материја и скоро целокупната количина на азот во почвата. Исто така, палењето го забрзува намалувањето на содржината на хумус во почвата, ги уништува некои од потребните микроорганизми.-Сепак, се чини како да е најлесен начин за некого да исчисти одреден простор кој потоа се користи како земјоделско земјиште, или за други цели, велат од Охрид СОС. Казната за палење стрништа, плевели и други растителни отпадоци, потсетуваат оттаму, се движи од 6 до 8 илјади евра за правни лица и од 1,5 до 3 илјади евра за физички лица. Освен казната, сторителот ќе треба да ја надомести и штетата.– Засега, нити некој е казнет, нити има желба за превенција и укажување на негативните последици од овие активности. Се пали, противпожарната служба ќе изгаси, ќе се смират страстите и ќе се заборави, до следниот пат. Инспекторите, ако излезат, само ќе продефилираат и толку, велат од Охрид СОС.Претходно случаи на опожарување на трската беа забележани на западното крајбрежје, помеѓу градот Струга и Калишта.Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, вчера, одговарајќи на новинарско прашање за ов ие случаи, рече дека ќе се предложи преземање на ингеренциите за сите општини, а не само за Охрид и Струга.– Предлогот до Собранието може да го поднесе Министерството за транспорт и врски преку Владата или пратениците. Тоа се прави заради подобро менаџирање со  плажите. Проценка на сите е дека тоа треба да го прави државата, а не општините, рече Сугарески и додаде дека надлежностите за градежното земјите си остануваат кај општините.

Македонија | пред 7 години

7 год.
pari-za-izjava

НБРМ: Граѓаните не сакаат да плаќаат со картици, туку со ќеш

Последните податоци на Народната банка за септември 2018 година покажуваат дека од вкупниот број трансакции реализирани со кредитни трансфери или приближно пет милиони, во хартиена форма се реализирани 2.896.599 трансакции, додека електронски 2.069.280. Податоците укажуваат дека електронскиот начин на плаќање е поприфатлив за правните лица, кои од вкупниот број електронски трансакции со кредитни трансфери реализирале 1.771.544, додека, пак, физичките лица иницирале 14,4 отсто од електронските трансакции со кредитни трансфери или 297.736 трансакции.Од реализираните електронски плаќања преку мобилен во септември 2018 година се остварени над 66 илјади.Објавените податоци, сепак, покажуваат дека од година во година има раст на трансакциите со кредитни трансфери иницирани преку мобилен, така што во 2017 година почнуваат од 25.597 во јануари и во последниот месец достигнувале 54.897, а во 2016 година во првиот месец се реализирале 13.085 и достигнале 29.367 во декември 2016 година.Банките континуирано инвестираат во модерни и иновативни технологии, а целта е на клиентите да им се овозможи услуга 24 часа. Во своите услуги речиси сите имаат понуда за мобилно банкарство. За да се зголеми неговата примена нудат и поволности и пониски провизии, но истакнуваат дека сè уште поголемиот број клиенти не се подготвени да ги прифатат новите технологии.

Македонија | пред 7 години

7 год.
40365847133_ed7090183a_o

ГАЛЕРИЈА: Заев со сопругата, Филипче и Анѓушев беа на журка во Струмица

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев присуствуваше на годинашното издание на Струмичкиот карневал, како еден од 7-те најатрактивни зимски настани во Европа, кој го обезбеди своето место на листата на 20-те најдобри улични карневали во светот.Премиерот Заев заедно со сопругата, и со членови на Владата на Република Северна Македонија, на покана на градоначалникот на Струмица Коста Јаневски, присуствуваа на централниот настан од карневалските свечености и ги проследија стотиците групни и индивидуални маски во духот на традицијата што со децении ја гради оваа манифестација.Со бројните гости од земјата и од странство како учесници или како посетители, карневалот во Струмица и оваа година потврдува дека е значајна алка во градењето мостови на соработка преку културата и традицијата со сите збратимени градови коишто и оваа година испратија свои делегации на карневалот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
maska-dimitrov-zaev-zbogar

ФОТО: Димитров од карневал со порака до Жбогар

Со маска „Обединета Европа” – амбасадоре, има тука порака, ова синоќа на Фејсбук профилот напиша шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, кој заедно со евроамбасадорот Самуел Жбогар, со премиерот Зоран Заев и со струмичкиот градоначалник Коста Јанев се фотографираа со маската „Обединета Европа“.Гости на премиерот на синоќешниот Струмички карневал му беа повеќе министри и амбасадори кои иако не носеа маски, се сплотија меѓу нив и заиграа, поведени од атмосферата на плоштадот во Струмица.

Македонија | пред 7 години

7 год.
gordana-siljanovska

Силјановска до Заев: „Завидлизам“ значи да му завидиш на умот

Кандидатката за Претседателка на РСМ од ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, станува сѐ пожестока во настапите кон политичкиот ривал.[embed]https://www.facebook.com/kandidat.za.pretsedatel/videos/1178183379006972/[/embed]Таа преку видео порака и на вчерашните средби и настапи пред граѓани, му одговори на премиерот Зоран Заев, кој вчера критиките за наводен ,,заевизам “ што тој го спроведува низ своето владеење, рече дека тоа е ,,завидливизам“.Силјановска одговори:,,ЈАЗИЧЕН ЗАЕВИЗАМ: Да му завидуваш на „умот“! Тоа е значењето на „завидлизмот“!Откако го „зацврстија“ македонскиот јазик, сега уште и го збогатуваат со северно/народни елементи“вели таа.,,Заевизмот денес премина во нова форма јазичен дилетантизам. Зоран Заев си измисли нов збор во македонскиот јазик, завидлизам. Тој збор е придонес на заевизмот кон нивниот новоговор во Северна. Ние сме Македонија, не Северна! “- порача Силјановска од Крушево.

Македонија | пред 7 години

7 год.
avion

Авион се урна во Кенија

Патнички авион на „Етиопијан ерлајнс“,  се урна на летот од Адис Абеба кон Кенија, потврдија властите.Авионот го загубил контактот набрзо по полетувањето во 08:38 часот. Во авионот имало 149 патници и 8 членови на екипажот.“Во овој момент, во тек е операција на пребарување, но немаме информации дали има преживеани и за можните причини за несреќата“ изјавија од авиокомпанијата.Етиопската Влада го изрази своето “најдлабоко сочувство до семејствата на оние што ги загубија своите најблиски во Етиопијан ерлајнс Боинг 737 кој летал до  Најроби, Кенија“.

Свет | пред 7 години

7 год.
Tetovo-1

Мицкоски од Тетово: Граѓаните живеат потешко, бидејќи владата краде

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски оствари средба со граѓани во Општина Тетово. Мицкоски исто така го посети и оствари средба и со членовите и симпатизерите на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Тетово.Мицкоски пред граѓаните нагласи дека граѓаните во Република Македонија се потешко живеат бидејќи оваа влада единствено што знае е да краде и да ги осиромашува граѓаните и државата.Тој потенцираше дека консензуалниот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски е изгубен во своите изјави, додавајќи дека тој самиот е свесен дека ќе ги изгуби претседателските избори и измислува алиби дека го следи странска служба блиска до опозициската партија.Тој ја почна сопствената кампања на начин на кој што најмалку се надевавме. Првата изјава му беше дека го следат странски служби кои што се блиски до голема опозициона партија. Го прашавме министерот и несуден кандидат за претседател Оливер Спасовски, дали е безбеден господинот Пендаровски, денеска демант стигна од премиерот, и претседател на СДСМ кој што рече дека Стево Пендаровски е апсолутно целосно безбеден, вели Мицкоски.Мицкоски исто така рече дека Пендаровски не може да биде претседател бидејќи во минатото ги навредувал граѓаните на Република Македонија и граѓаните не можат да имаат доверба во него, односно како што рече тој е човек на Заев и го претставува заевизмот.Значи кандидатот трката покрај тоа што граѓаните порано ги навредуваше, почнува со лага и како можеме ние како луѓе да ја дадеме довербата за човек кој што го навредуваше сопствениот народ и од истиот народ бара поддршка а целокупната кампања ја почнува со лаги. Не што е дел од заевизмот, туку тој човек претставува голем и жесток апологет на деспотот заевизмот.Претседателот Мицкоски коментирајќи ја денешната изјава на Заев посочи дека има разлика помеѓи Заевизам и Завидлизам, и дека нема за што  да се има завист.-Го слушам Заев вели денес како ова не било Заевизам туку завидлизам. Или го лажат човекот или навистина верува дека ова било од завист. За да има завист, треба барем нешто од нешто да направат. А на што да му завидуваме што ја потона ли земјава, што ја дотераа до питачки стап дека Македонија според листата на Транспаренси интернешнл корупција се наоѓа на местото заедно со Руанда и Танзанија, изjави Мицкоски. Според него во Македонија нема ниту реформи во ниту еден сегмент во општеството.-Тоа што сме последни по раст во економијата во регионот и југоисточна Европа. Убиства имаме речиси секој ден или некаков човек исчезнува. Не направија никаква реформа во образованието ниту во здравството, објасни Мицкоски.Мицкоски нагласи дека Заев ја понижил и омаловажил сопствената држава и народ, потенцирајќи дека од граѓаните зависи како ќе се мобилизираат се со цел да се спречи ова што во моментот се случува.Заев не само што успеа да ја понижи и омаловажи сопствената држава и народ туку и претставува навистина големо разочарување за сите граѓани, и оние кои му ја даваа поддршката гледаме како секојдневно се оградуваат од него. Заевизмот добива епидемиолошки размери и нашата задача е тоа да го спречиме, вели тој.

Македонија | пред 7 години

7 год.
DSC_0046

Силјановска: Луѓето се вредни и чесни, а животот е тежок и стандардот низок

Кандидатот за претседател на Република Македонија Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова денеска оствари средба со граѓаните на Општина Кривогаштани.Пред присутните Силјановска Давкова истка дека како и во другите општини така и во Кривогаштани животот е се потежок, а стандардот низок, нагласувајќи дека кога ќе стане претседател ќе стори се што е во нејзина моќ да го врати достоинство и угледот како на граѓаните, така и на Република Македонија.Во Кривогаштани, како и во другите места, луѓето се вредни и чесни.  Тешко е да се гледаат нивните напатени лица и закоравени раце. Ако станам претседателка ќе сторам се што е во моја моќ да им го вратам достоинството. Но, ним им значи и Македонија, не само личниот стандард. Им ветив дека ќе си го вратиме угледот на нашата Македонија. Им реков, ве молам зборувајте со вашите пријатели, објаснете им дека само заедно ќе ги вратиме владеењето на правото и правдата за Македонија, кажа Силјановска Давкова.

Македонија | пред 7 години

7 год.
DSC_2423

Вработеноста е намалена, а платите растат, тврдат од СДСМ

„За повеќе пари кај граѓаните и подобар стандард: Невработеноста намалена под 20 отсто, платите растат, отворени нови 26 600 работни места.Со успешните економски политики на Владата невработеноста е намалена под 20 проценти.Во последниот квартал од минатата година забележан е пад на невработеноста на 19.4 отсто што е најниско ниво до сега. Во исто време податоците покажаа раст на економијата, БДП е зголемен за 3.7 отсто.Сите клучни економски параметри покажуваат раст и позитивни тенденции.Расте бројот на странски инвестиции, отворени се 26 600 нови работни места, растат платите, се намалуваат трошоците, намалени се казните, се повеќе пари завршуваат кај граѓаните.Позитивните економски резултати се показател на посветеноста на Владата предводена од СДСМ да обезбеди поквалитетен живот и повисок животен стандард“, се вели во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Беровчанец удрил во сообраќајни знаци, завршил со тешки повреди

На 09.03.2019 година во 11,15 часот било пријавено дека на автопатот во изградба Миладиновци-Штип, кај клучката за влез во Свети Николе, патничко моторно возило “Голф“ со скопски регистерски таблици, управувано од Г.М.(86) од Берово, удрило во сообраќајни знаци.Г.М. се здобил со тешки телесни повреди констатирани од страна на лекар од Клиничката болница во Штип. Увид на местото на настанот бил извршен од страна на увидна екипа од Полициската станица Свети Николе и се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-2

Куче нападнало скопјанец во Влае, го каснало за рака

На 09.03.2019 година во 20,50 часот во Полициската станица Карпош Д.П.(30) од Скопје, пријавил дека на 08.03.2019 година околу 02,30 часот на булеварот “Партизански Одреди“ во близина на мостот “Обединети Нации“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната рака.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Скопјанец каснат од куче-скитник

На 09.03.2019 година во 13,35 часот во Полициската станица Центар Н.В.(63) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 12,00 часот на улицата “Кеј 13-ти Ноември“ бил каснат од куче-скитник во пределот на левата нога.

пред 7 години

7 год.
b2Vk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTnprN01EQV8vZTI0N2NkNDc3ZjllYTBjZDA3NTRkM2NhY2VkYWMxYjMuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

Страшно: Во пожар изгореле 13 јагниња и дел од трло

На 09.03.2019 година околу 14,00 часот било пријавено дека во с.Стањевци-Свети Николе, во трло сопственост на Б.Д. поради неисправна електрична инсталација избувнал пожар во кој изгореле 13 јагниња, кровната конструкција и дел од трлото.Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица.-Свети Николе.

Македонија | пред 7 години

7 год.
pozar-drvja

Опожарена борова шума и сува трева

На 09.03.2019 година околу 13,30 било пријавено дека покрај регионалниот пат Делчево-Берово настанал пожар во кој биле опожарени околу 20 хектари борова шума и сува трева.Пожарот во 17,45 часот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Пожар во лозја, ја зафатил и железничката пруга Скопје-Гевгелија

На 09.03.2019 година околу 15,00 часот било пријавено дека во Неготино, на потегот од ЖС-Криволак кон ЖС-Градско, во непосредна близина на полигонот на АРМ, настанал пожар, при што биле опожарени лозја, а на неколку места биле зафатени и делови од прагови на железничката пруга Скопје- Гевгелија.Пожарот во 16,10 часот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Мотор излегал во провалија, возачот пренесен во болница

На 09.03.2019 година во 13,30 часот било пријавено дека на регионалниот пат Штип-Неготино В.В.(41) од Скопје управувајќи мотоцикл „Јамаха 850“ излетал надвор од патот и паднал. В.В. се здобил со тешки телесни повреди констатирани од страна на лекар од Клиничката болница во Штип.Увид на местото на настанот бил извршен од страна на увидна екипа од СВР Штип и се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања