Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
pistol-vperen

Во домот на битолчанец пронајдено оружје, заработи кривична

СВР-Битола на 09.03.2019 година поднесе кривична пријава  против А.Ј. (54) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “недозволено држење на оружје или распрскувачки материи“ по чл.396 ст.1 од Кривичниот законик.Имено, при претрес во домот на пријавениот пронајдени и одземени се пиштол марка „ЦЗ“ калибар 6.35мм со рамка со шест куршуми и пиштол–непозната марка калибар 6.35мм со рамка за истиот со два куршума. Од страна на судија на претходна постапка од Основниот Суд-Битола, на А.Ј. одредена му била мерка притвор во траење од 30 дена.

Македонија | пред 7 години

7 год.
zaev-mickoski

Кој од кого ќе побра прошка? - денеска лидерска средба Заев - Мицкоски

Лидерите на двете најголеми партии – владејачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, ќе се сретнат денеска , како што потврдија и двајцата деновиве. Тоа ќе биде нивна прва средба по речиси осум месеци, кои поминаа во знак на изразено ривалство меѓу двете партии во однос на клучните политички процеси што се одвиваа во овој период во земјава.Иако засега нема повеќе детали за средбата, која има посебна симболика со оглед на тоа што се поклопи со верскиот празник Прочка, првичните најави се дека засега веројатно нема да се оди на проширување на форматот со лидерите на другите парламентарни партии.Мицкоски во интервју пред два дена рече дека на средбата ќе истакне дека специјалната обвинителка Катица Јанева не ја оправда дадената доверба, како е потребна лустрација на сите политичари во изминативе три децении и утврдување на потеклото на нивниот имот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sugareski

Автопатот Миладиновци-Штип е готов, ама не е готов

Автопатот Миладиновци-Штип, секција Миладиновци–Кадрифаково и Кадрифаково–Миладиновци не е пуштен за сообраќај. На автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер, соопшти денеска АМСМ, упатувајќи апел до сите возачи да не го користат автопатот.Министерот за транспорт Горан Сугарески вчера исто така апелираше да не се користи автопатот.„Овие денови се вршат последните безбедносни проверки и проценки на сите елементи на автопатот. Штом се заврши со овие последни проверки автопатот ќе биде пуштен во употреба. Тоа ќе се случи наскоро во периодот што доаѓа“, изјави Сугарески.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Screenshot_4

(ВИДЕО) Ласкова: СДСМ немаше да бидат борци за демократија без жените

Традиционален осмомартовски марш, по повод меѓународниот ден на жената 8-ми март, од 12 часот се одржува низ улиците на Скопје, во организација на Форумот на жени на СДСМ.[embed]https://www.facebook.com/SDSMakedonija/videos/619459328495521/[/embed],,Испраќаме силна порака, еднакви сме. Борбата за еднаквост продолжува.  СДСМ немаше да бидат борци за демократија без жените. Меѓу нас се оние што сме ги оставиле разочарани, но Форумот на жените е отворен да помогне на сите. Ќе продолжиме да ја креваме свеста и горди сме дека во Изборниот законик влезе 40 отсто квота за жени, а до 2020 ќе бидеме 50 отсто жени во политиката”, порача Цветанка Ласкова, претседателка на Форумот на жени на СДСМ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Gjorge-Ivanov1

Шекеринска го блокира на Иванов

Идниот воен претставник на земјава во НАТО во Брисел, како и военото аташе во Париз, веројатно, ќе ги постави новиот шеф на државата и врховен командант по изборите што завршуваат во мај. Дотогаш овие две места ќе бидат празни, како што беа и во изминатите месеци, сè додека претседателот во заминување Ѓорге Иванов по распишувањето на изборите не реши да ги потпише указите и да ги пополни испразнетите позиции. Сепак, наследникот на Иванов и министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе го имаат одлучувачкиот збор дали во Брисел и во Париз ќе заминат поранешниот аѓутант на Иванов - бригадниот генерал Мирче Ѓоргоски и полковник Марио Јуришиќ.Во екот на предизборието Иванов кој, веројатно, веќе ги пакува куферите за заминување од претседателската резиденција, се најде на „тапет“ во Антикорупциската комисија. Како што до скоро беше обвинуван дека го прекршува Уставот, со апсолутното вето за законите за јазици и за ратификација на Преспанскиот договор, сега е „осомничен“ за прекршување на законите за избори и за спречување корупција, кои предвидуваат соодветни ограничувања во однос на кадровските поместувања, социјалните трансфери и располагањето со државни ресурси од денот на распишувањето на изборите до нивното завршување.Од Министерството за одбрана велат дека вицепремиерката Шекеринска нема да ги потпише решенијата за испраќање на двајцата воени претставници. Антикорупциската комисија, пак, отвори постапка за одлуките на Иванов што беа објавени во „Службен весник“ минатата седмица.Антикорупциската комисија ќе бара информации од кабинетот на претседателот и од Министерството за одбрана за извршените именувања. Покрај именувањата на Ѓорговски и Јуришиќ, Иванов неодамна потпиша и неколку унапредувања и рокади во рамки на армијата. Така, началникот на Генералштабот Васко Ѓурчиновски го унапреди во генерал-потполковник, Драган Ковачки стана командант на Првата механизирана пешадиска бригада, а Бесник Емини началник на штаб во Здружената оперативна команда. Упатените велат дека за унапредувањата во чинови во делот на армијата кој не е под капата на Министерството, Шекеринска нема надлежности, но затоа, пак, може да го стопира испраќањето на воени претставници во странство.Според правилникот на Министерството за одбрана за упатување на лица на должности во меѓународни мисии, министерот за одбрана донесува решение во кое точно се наведува денот на стапување на позицијата и времетраењето на мандатот. Од Министерството за одбрана велат дека во предизборниот период нема да ја продолжат процедурата за упатување на Ѓорговски и Јуришиќ во странство.Повеќе на Независен.мк

Македонија | пред 7 години

7 год.
tv-img

Кој ги поседува и управува медиумите во Македонија?

Жените речиси и да не учествуваат во сопственоста, а далеку поретко се и на раководните позиции во медиумите во земјава, покажува прелиминарното истражување на ССНМ, по повод Меѓународниот ден на жената, кое опфати 26 редакции.Позицијата на сопственикот, управителот и директорот се трите точки во кои се сконцентрирана реалната моќ која де факто решава за вработените и за политиката на медиумот. Во нивна надлежност се одлуките за продавање на медиумот,  затворање, прогласување стечај, зголемување на бројот на вработените  или технолошки вишок, но и назначување на уредниците што практично им дава овластување и во креирањето на уредувачката политика, покажува истражувањето.Овие три позиции, според податоците добиени од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги, импресуми на весниците и порталите и од информациите добиени од самите вработени, се речиси исклучиво во рацете на мажите. Жените сопственици, управители или директори се повеќе исклучок што го потврдува правилото, особено кај традиционалните медиуми.Па така, кај телевизиите во однос на сопственоста жените се присутни на ниво на „статистичка грешка“. Од дванаесет телевизии кои ги анализиравме, осум се во сопственост на правни лица, три се во 100 отсто сопственост на мажи, а само во една жена учествува во сопственоста и тоа со 10 проценти. За нијанса е подобра ситуацијата во учеството на жени во управувачката структура. Од 12 анализирани во три управители се жени.Истражувањето на ССНМ покажува дека слична е ситуацијата и во печатените медиуми. Од шест анализирани само еден (неделникот „Фокус“) е во сопственост на жена, која истовремено е и управител. Сите други весници кои ги анализиравме се или во сопственост на мажи или на правни лица кои повторно се во сопственост на мажи и управувани од мажи.Кај Јавниот сервис чиј што основач е Собранието и државната информативна агенција – МИА судејќи по составот на програмскиот совет односно на  надзорниот одбор се внимавало на родовата застапеност, но раководните позиции односно директорувањето кое во пракса значи оперативна моќ, е сепак резервирано за мажи.Индикативно е дека трендот отстапува кај порталите каде речиси еднакво се застапени и мажите и жените како сопственици и управители. Од петте портали кои ги анализиравме два се во сопственост и управување на жени, два на мажи,  а еден е во заедничка сопственост  и на маж и на жена. Но, останува фактот дека примерокот во ова прелиминарно истражување е премногу мал, во однос на вкупниот број на портали во земјава, за да може да се извлечат сигурни доминантни трендови.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВИДЕО: Мајкл Џексон напишал песна за злоставување на деца

Откако документарецот „Leaving Neverland“ ја виде светлината на денот, во јавноста се појавуваат сè повеќе детали за приватниот живот на Мајкл Џексон и неговата темна страна.Сè повеќе луѓе се убедени дека кралот на поп музиката навистина бил педофил, а бројни радио станици ги исфрлиле неговите песни и повеќе не ги пуштаат.Дејли Меил пренесува дека Џексон напишал песна за злоставувањето на децата, која го носи насловот „Знаете ли каде ви се децата?“, а која зборува за сексуалното злоставување на едно девојче од страна на нејзиниот очув. 

Магазин | пред 7 години

7 год.
yyy

ФОТО: Пожар во бараки на општина Аеродром

Ноќеска, петнаесетина минути по полноќ, на булевар „Јане Сандански“ избувнал  пожар во барака сопственост на општина Аеродром, во која имало тримери, косилици за трева и друг алат. Од огнот била зафатена и барака на ЈП „ Паркови и зеленило“.Од полицијата информираа дека пожарот е локализиран, а во тек е увид на местото на настанот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
2-4

ФОТО: Гори ли гори Скопјево наше

Гори ли гори Скопјево наше, депонијата во Шутка веќе две и пол недели, Вардариште во Гази Баба стандардно, во Сарај кај Лека, Крушопек исто, загадувачи колку сакаш, реагираат од О2 Иницијативата, објавувајќи и фотографии.Реакцијата ви ја пренесуваме во целост:Одговорите од надлежните се:„Не палете отпад“ – Казни видовме? Колку? Кој е казнет? Како се очекува тие што палат да престанат?! Нешто се припотресоа еве гледаме, па гори цело Скопје.„Не можеме да стражариме цело време“ – Па, ако во град каде живее пола од државава ви гори депонија повеќе од две и пол недели, не стража, туку цела екипа треба да работи нон-стоп за да се исчисти тој дел и почне итен процес на рекултивација. За Варадриште да не збориме, Сарај, Лека, Крушопек…„Непознат сторител“ – Камерите за што се? Има камери по улициве, а на местата каде постојано се пали, поставете камери да го покријат теренот за да има познат сторител. Во Парк-шума Водно и во други шумски и заштитени подрачја, поставете камери и систем за итно реагирање, за екипи да се пуштат веднаш, на самиот почеток, а не откако ќе букне, па тешко се гаси

Скопје | пред 7 години

7 год.
vucic-111

Вучиќ до Приштина: Бандо, сиктер со таа хартија

Српскиот претседател Александар Вучиќ порача дека Србија никогаш нема да го прифати ултиматумот кој Приштина го постави со усвојувањето на платформата за продолжување на преговорите.Мојот одговор до сите нив е таков – не знам колку ќе останам, бидејќи Харадинај ми се закани дека ќе ме собори од власта, некои наши политички противници убаво ги дочекуваат во Приштина, им помагаат на различни начини, можеби и ќе ме соборат но јас на тие услови никогаш нема да се согласам, порача Вучиќ.Сега сиктер со таа хартија, бандо од Притшина, каде и да сакате и видете дали некој тоа ќе ви го исполни, Србија нема, кажа тој.Српскиот претседател кажа дека пред шест месеци го предупредил Брисел дека нацрт платформата на Приштина е вовед во катастрофа на целиот Балкан, а дека Европската Унија го уверувала дека платформата нема да дојде на дневен ред, дека нема да ја изгласаат, а дека денес велат дека „немаат коментар“ за документот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
IMG_2321

Во Скопје се одржува 10 от Меѓународен турнир во карате „Фунакоши Гичин опен“

Денес градоначалникот Филип Темелковски во спортската сала „Архиепископ Доситеј“, во Кисела Вода свечено го отвори 10 по ред Меѓународен турнир во карате „Фунакоши Гичин опен“.На турнирот кој по 8 пат се одржува во Кисела Вода се натпреваруваат ученици, помлади кадети, кадети и јуниори од Бугарија, Србија, Албанија и Косово.Од клубот „Фунакоши Гичин“ му се заблагодарија на градоначалникот Филип Темелковски за поддршката која ја добиваат од него.-Ова е десетто јубилејно издание на „Фунакоши Гичин опен“, за првпат откако градоначалник на Општина Кисела Вода е Филип Темелковски, Општината ни помага во организацијата на овој турнир, – нагласи во своето обраќање пред присутните претставник на „Фунакоши Гичин“. Од клубот во знак на благодарност за големата поддршка од Општината на градоначалникот Темелковски му беше доделна плакета.Градоначалникот Филип Темелковски во обраќањето нагласи дека Општината како и досега така и во иднина ќе продолжи да работи на развивање и омасовување на спортот во Кисела Вода.-Благодарам на организаторите што ни ја дадоа оваа можност да бидеме дел од организацијата на овој Меѓународен турнир. Општина Кисела Вода останува отворена за сите спортски настани кои имаат за цел промоција на општината и на здравиот начин на живот. Само преку спортот можеме да изградиме здрави личности кои ќе бидат двигатели на нашата општина, – кажа градоначалникот Филип Темелковски.Дел од турнирот заедно со градоначалникот проследи и претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ.Клубот „Фунакоши Гичин“ почна успешна соработка со Општина Кисела Вода со доаѓањето на власт на градоначалникот Филип Темелковски кој постојано вложува максимални напори за развивање и омасовување на спортот во општината, се со цел за создавање на здрава младина.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Заев: Тие што зборуваат за „заевизам“ страдаат од „завидлизам“ и си прават туризам на умот

Премиерот Зоран Заев од Градскиот парк рече дека Скопје никогаш не било поубаво од денес, а не знае дали е тоа поради сонцето или поради жените на СДСМ кои искочија на марш. Тој порача дека тие денес не слават, туку се борат за права.„Речиси во сите 17 цели на ОН се споменуваат жените и девојките. Наша обврска е тие цели да ги постигнеме. Да ставиме крај на сиромаштијата, да овозможиме иклузивно еднакво и квалитетно образование. Ништо нема да се оствари ако не се вклучат жените од целиот свет и нашата земја. Ние сме социјал демократи. Нашата обврска е најголема. Светот ги препозна нашите успеси. Тргнаа работите од дома. Само нашите опонентни зборат за „заевизам“. Нема „заевизам“ туку „завидлизам“. Тие што зборат за „заевизам“ си прават туризам на умот“, рече Заев.Заев потенцираше дека тие водат грижа за сите.„Рамноправност е кога Силјановска на 5-ти мај ќе ни ја честита победата на Стево Пендаровски. Имаме акндидат за чиста петка“, додаде Заев.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Полицијата ги растерува жените со солзавец

Полицијата во Истанбул со употреба на солзавец стопираше собир по повод Меѓународниот ден на жената. Безбедносните сили со заштитни елеци им се заканувале на демонстрантите на улицата Истиклал и со кучиња, јави агенцијата АФП. Многу од жените побегнале во околните улици. Според дел од видео снимките објавени на социјалните медиуми, полицајци пукаат со гумени куршуми пред или на стапалата на демонстрантите.Ваквата полициска интервенција дојде неочекувано, и покрај тоа што учесниците немале дозвола за одржување на собирот. Во текот на изминатите години властите дозволуваа одржување на маршеви за права на жените и против насилство од страна на мажите, дури и за време на вонредната состојба по обидот за пуч во 2016 година.Протестот бил на плоштадот Таксим, а стотици припадници на полицијата на демонстрантите им го блокирале патот за маршот да не продолжи по главната авенија.Најголемиот марш по повод Денот на женатавобичаено се одржува на најважната шопинг-улица во Истанбул. Оваа година, непосредно пред одржувањето на маршот, властите го забранија собирот на улицата Истиклал. Сепак, илјадници жени и покрај забраната се собраа за да протестираат за своите права и против насилство. Околината беше полна со полицајци, кои поставија барикади околу плоштадот Таксим.

Свет | пред 7 години

7 год.
53302331_819242381763629_6743109057130790912_n-702x336

Амбасадор повика битолчани да се придружат на Маршот на живите

Израелскиот амбасадор Дан Ориан и внуката на д-р Хаим Абраванел, Рахел Шели Леви Друмер ги повикаа битолчани утре да им се придружат на Маршот на живите, како дел од одбележувањето на 76-годишнината од депортацијата на Евреите.

Македонија | пред 7 години

7 год.
zaev-mickoski

Лидерска средба на прочка: Мицкоски и Заев ќе си подадат рака

Лидерите на двете најголеми партии – владејачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, ќе се сретнат в недела, како што потврдија и двајцата деновиве. Тоа ќе биде нивна прва средба по речиси осум месеци, кои поминаа во знак на изразено ривалство меѓу двете партии во однос на клучните политички процеси што се одвиваа во овој период во земјава.Иако засега нема повеќе детали за средбата, која има посебна симболика со оглед на тоа што се поклопи со верскиот празник Прочка, првичните најави се дека засега веројатно нема да се оди на проширување на форматот со лидерите на другите парламентарни партии. Заев вчера кусо изјави дека е потврдена лидерската срeдба за в недела со Мицкоски. На прашањеto дали ќе си простат со лидерот на опозицијата, Заев рече вчера дека е транспарентен, во духот на помирувањето.

Македонија | пред 7 години

7 год.
samoubistvo

Самоубиство во Скопје, второ за 24 часа

Мртво машко тело претпладнево е пронајдено во скопската населба Маџир Маало, дознава КУРИР.Телото било пронајдено под мостот, а според првичните информации до кои дојде КУРИР, човекот се фрлил од него.Од МВР за порталот велат дека најверојатно се работи за самоубиство и повеќе детали најавија за подоцна.Инаку, во последниве 24 часа, ова е второ самоубиство во Скопје.Текстот во целост на курир.мк

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Според новиот предлог закон, за да си директор треба да покажеш успеси и заслуги

Министерството за информатичко општество и администрација, го објави текстот на работната верзија на Предлог законот за висока раководна служба. Доколку овој закон се донесе, во иднина високите раководители во администрацијата ќе се вработуваат преку јавен оглас и преку систем на заслуги. Според новиот предлог закон се воспоставува комисија за високораководна служба, составена од одреден број членови, со признаени професионални заслуги, кредибилитет и личен интегритет. Високите раководители ќе се вработуваат преку систем на заслуги и процедури на јавен оглас, во отворен натпревар достапен за сите граѓани на Република Македонија со високо образование.Од денеска предлогот е достапен на Единствениот национален електронски регистар на прописи-ЕНЕР, каде во наредните најмалку 20 дена, сите заинтерсирани ќе имаат можност со свои коментари, забелешки и предлози да придонесат кон подобрување на текстот на Законот.Од МИОА најавуваат дека секој висок раководител ќе се избира преку индивидуализирана процедура. Иницијативата за пополнување на позиција ВРС ќе ја има министерот, односно органот на власта кој е надлежен за управувањето и мониторирањето со услугата или телото во кое е предвидено раководното место. Иницијаторот ќе го даде описот на одговорностите и должностите на таа позиција.

Македонија | пред 7 години

7 год.
praga-bolnica

Во болница во Прага, пациент пукал во болните

Двајца пациенти се ранети при инцидент со пукање во една болница во Прага, соопшти чешката полиција. Во соопштението се наведува дека еден од панциентите почнал да пука во болницата синоќа пред полноќ.Напаѓачот бил сместен во иста соба со двајцата повредени пациенти.Еден од повредените е во тешка состојба.Истрагата за инцидентот е во тек.

Свет | пред 7 години

7 год.
Nadrilekari

Македонец почина лекувајќи се кај надрилекар од Србија

Уште еден Македонец починал откако почнал да се лекува кај надрилекарот од Србија Мирољуб Петровиќ. Српскиот весник „Блиц“ во денешното издание објавува сведоштво на вујкото на 42 годишниот Ристо Крстевски, Александар Илиевски кој тврди дека неговиот внук Ристо починал по едногодишно лекување со тинктурите на Петровиќ, за кои платил цело богатство, па дури се задолжил и со кредити, овјави novatv.mk.Како што објави Блиц, на внукот на Илиевски, Ристо во ноември 2016 му бил дијагностициран карцином на грлото и веднаш се обратил кај Петровиќ. Како што тврди тој од Петровиќ добил совет: „Слушајте ме мене, не ги слушајте дебилните лекари“.Ристо се лекувал цела година со тинкрутите на Петровиќ, а 12 дена бил и во центарот на Петровиќ кај Лесковац. За лекувањето Илиевски вели дека зеле и кредит, продавале имот, бидејќи месечно тинктурите чинеле 160 евра, а престојот во центарот 600 евра.Но неговата состојба на крајот се влошила и тој починал на 17 декември 2017.Текстот во целост на novatv.mk

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Во Истанбил со солзавец против маршот на жените

Демонстрации по повод Денот на жената во Истанбул, кои не биле насилни, полицијата ги запрела со употреба на насилство. Интервенцијата на полицијата дошла неочекувано. Полицијата во Истанбул со употреба на солзавец стопираше собир по повод Меѓународниот ден на жената. Најголемиот дел од демонтрантите на Плоштадот Таксим биле жени на кои полицијата им го блокирала патот откако тие сакале да го продолжат маршот кон главната пешачка авенија.Граѓаните носеле транспаренти на кои пишувало „Феминистички револт против насилството на мажите и сиромаштијата“ и „Родена сум слободна и ќе живеам слободно“. Голем број од жените носеле виолетова облека, како симбол на движењето за правата на жените.https://twitter.com/MidiaNINJA/status/1104097405480435714?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1104097405480435714&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fsvet%2F%25d0%25b2%25d0%25b8%25d0%25b4%25d0%25b5%25d0%25be-%25d0%25bf%25d0%25be%25d0%25bb%25d0%25b8%25d1%2586%25d0%25b8%25d1%2598%25d0%25b0%25d1%2582%25d0%25b0-%25d1%2581%25d0%25be-%25d1%2581%25d0%25be%25d0%25bb%25d0%25b7%25d0%25b0%25d0%25b2%25d0%25b5%25d1%2586-%25d0%25b3%25d0%25be-%25d1%2580%25d0%25b0%25d0%25b7%25d0%25b1%25d0%25b8%2F

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања