Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
patarina1

Сообраќајот се одвива непречено, по претежно суви коловози, но еве каде има градежни активности

На 09.03.2019 сабота, од 08:00 до 17:00 часот ќе се изведуваат градежни работи при поставување на индуктивни јамки за броење на возила на Автопат А1, делница Смоквица-Миравци (пред клучка Миравци) за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.Ве известуваме дека на 09.03.2019 год. од 09:00 до 11:00 часот и од 13:00 до 15:00 часот ќе има временска забрана за одвивање на сообраќај на возила заради асфалтирање на делницата Младо Нагорчане - Пелинце.ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.ЗИМСКА ОПРЕМА: Потсетување за возачите, дека законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, трае до 15 март. На овој линк ќе најдете повеќе информации што се подразбира под зимска опрема.ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

Македонија | пред 7 години

7 год.
b2Vk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTnprN01EQV8vZTI0N2NkNDc3ZjllYTBjZDA3NTRkM2NhY2VkYWMxYjMuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

Запалена штала во Скопје со тутун и сено

На 08.03.2019 година околу 17,40 часот било пријавено дека во с.Љуботен-скопско настанал пожар во штала сопственост на  Џ.А.Р.(59), при што изгорела кровната конструкција, а опожарено било и поголемо количество на тутун и сено.Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита-Скопје, пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема. Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.

Македонија | пред 7 години

7 год.
pozarna

Гори шума во Крушево

На 08.03.2019 година во 16,45 часот во Полициската станица Крушево, од Територијалната противпожарна единица-Крушево било пријавено дека во атарот на с.Селце, настанал пожар на нискостеблеста дабова шума и сува трева. Од екипа на Територијалната противпожарна единица-Крушево и вработени во ЈП-Липа преземени се мерки за локализирање на пожарот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Возач удрил со автомобил во пешак, па избегал

На 08.03.2019 година во 08 часот во СВР-Битола било пријавено дека во Битола на крстосницата од улицата “Прилепска“ и улицата “Батаљон Стив Наумов“ непознато возило управувано од непознато лице удрило во пешак В.Б.(50) од Битола, по што го напуштил местото на настанот. В.Б. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани од страна на лекар од Клиничката болница во Битола. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Битола и се работи на пронаоѓање на возачот и целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
images_todorov-21

Тодоров: Не сум се карал со Груевски, сум се карал со Мијалков

Поранешниот министер за здравство Никола Тодоров во вчерашното гостување во емисијата анализа на 24ТВ објасни како се одвивал процесот за избор на Христијан Мицкоски за лидер на ВМРО-ДПМНЕ.„Сметам дека човек понекогаш треба да се повлече од политиката и јас тоа го направив. Тоа коинцидираше со настаните од 27 април и после тоа се повлеков и од пратеник. Подрастично и посериозно ја донесов одлуката со изборот на новиот претседател, односно на новото раковдство. Тогаш јас имав еден друг концепт, едно друго размислување. Не сакав да бидам лидер на ВМРО-ДПМНЕ и затоа не се ни кандидирав. Јас имав друг став околу тоа како партијата треба да продолжи понатаму, односно да се направи едно колективно тело од пет до седум луѓе кои ќе го води ВМРО-ДПМНЕ во еден транзиционен период, кој што ќе направи реформа и на статутот, генерално во правец на демократизација на партијата и потоа да се организира еден конгрес со поголем број на делегати. Сепак, тоа не беше причина за кавга. Јас со Груевски никогаш не сум се скарал, се скарав со Сашо Мијалков, кој за разлика од мене не сметаше дека треба да има колективно тело, туку еден лидер. Мијалков застана позади изборот на Мицкоски – истакна Тодоров во интервјуто.

Македонија | пред 7 години

7 год.
najcevska

Најчевска за Силјановска: Нема потреба ваква глупача да ни биде претседател

Професорката Мирјана Најчевска остро ја искритикува кандидатката за претседателка и професор Гордана Силјановска-Давкова, по нејзината споредба на промената на дежавното име, со промената на буква од личното име.“Мене ме интересира колку се сменил идентитетот на Гордана Силјановска кога станала Силјановска Давкова?Се променила како личност? Имала друго знаење од она кое пред тоа го имала? Луѓето на улица не можеле да ја препознаат? Одеднаш станала некоја друга Гордана, а не онаа која била пред тоа? Нели Македонија е сега Северна исто како што Силјановска станала Силјановска Давкова. Не е Пакедонија или Ракедонија или Лакедонија или пак Шакедонија. Навистина нема потреба ваква глупача да ни стане претседател. Некако понижувачки е”, пишува Најчевска.Во своето гостување на ТВ Алсат, проф. Силјаноска Давкова изјави: “Преспанскиот Договор има голем недостаток затоа што граѓаните не го поддржаа на референдум, а со пропаднат референдум ниедна власт нема основа да го менува Уставот. Премиерот Заев после неуспешниот референдум, доколку беше демократ, требаше да си поднесе оставка.“На исистирањето на новинарот Васко Попетревски дека после носењето на Преспанскиот Договор сепак ништо многу не се сменило за државата, народот и земјата и дека никому ништо не фали и ништо не е сменето, професорката Силјаноска Давкова му одговори: “не е точно Васко, ајде еве сменете вие една буква од Вашето име и наместо Васко, бидете Раско“! Новинарот немаше коментар. Доколку ми биде дадена довербата да бидам Претседател на државата, јас никогаш нема да употребам име Република Северна Македонија, полицијата може да ги мести таблите со новото име, но јас тоа наметнато име ќе го игнорирам, рече професорката Силјаноска Давкова.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Tamara-todevska

(ВИДЕО) Тамара ќе пее „Proud“ на Евровизија за Северна Македонија

Вечерва беше промовирана евровизиската песна на Тамара Тодевска, текстот e напишан од Коста Петров и Сања Поповска, композитори се Дарко Димитров, Роберт Билбилов и Лазар Цветковски.Спотот е дело на Чедо Поповски. Пејачката Тамара Тодевска ќе ја претставува Македонија на 64-та „Евровизија“, што ќе се одржи во Тел Авив, Израел, од 14 до 18 мај, одлучи МРТ, носител на лиценцата за учество на овој избор. Ова ќе биде четврто учество за Тамара на овој престижен фестивал, но прво како солист.

Магазин | пред 7 години

7 год.
vmro_dpmne

ВМРО ДПМНЕ реакција: Заев и криминалниот картел ја завршија година со убедливо најнизок раст на БДП и во Регионот и во Европа

Владата на Заев e заинтересирана само за криминални тендери, а не за развој на економијата. Заев и криминалниот картел околу него ја завршија година со убедливо најнизок раст на БДП и во Регионот и во Европа. Тоа пред се се должи на нивната неспособност и неработење. Вкупниот раст за 2017 и 2018 година во време на владеењето на Заев економијата во Македонија пораснала само за 2,05%, се вели во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ на прес конференцијата на Владатана Република Македонија, која се однесуваше на тема економија.Тие не се способни да го реализираат ниту тоа што самите го зацртале.Реализацијата на капиталните инвестиции лани не мрдна од 50%, а годинава ја почнавме со 1,09% што говори дека не се градат патишта, училишта, болници, детски градинки и други проекти кои се од интерес на граѓаните.Особено загрижува падот од 12,6% на ИТ индустријата која се должи на погрешните економски политики и даночните оптоварувања кои ги прави оваа Влада. Ако се има предвид дека во овој сектор работат претежно млади луѓе тоа е само уште една потврда на поразителните бројки дека речиси 90% од младите би заминале од државата заради бесперспективноста која оваа власт ја создава, се вели во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ на прес конференцијата на Владата на Република Македонија, која се однесуваше на тема економија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
bdp

Според Владата - Политиките даваат резултати и економијата се движи напред

Денеска во Владата на Република Северна Македонија се одржа прес- конференција на вицепремиерот Анѓушев и економскиот тим министри посветена на растот на БДП во четвртиот квартал од 3.7% според последно објавените податоци на Државниот завод за статистика, на којашто се обратија заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, министерот за економија, Крешник Бектеши и министерот за финансии, Драган Тевдовски.Вицепремиерот за економски прашања Анѓушев нагласи дека по низата на претходни позитивни информации за економијата од различни сектори, а во согласност со очекувањата на Владата, Државниот завод за статистика објави дека растот на Бруто домашниот производ во четвртиот квартал на 2018 година изнесува 3,7%, додека невработеноста во земјата го достигна најниското ниво во историјата и падна на 19,4%.„Трендот на растот на БДП е позитивен, што потврдува дека Владините економски политики се правилно поставени и дека добро обмислените мерки во сите сектори ги даваат очекуваните  резултати. Растот на БДП во четвртиот квартал на 2018 година изнесува 3,7%, додека невработеноста ја проби психолошката граница од 20%, односно падна на 19,4%,  што претставува намалување од 3,6% за само една година, односно креирани се 26600 работни места во текот на изминатата година. Растот на БДП се базира на раст на градежништвото, кое што е вратено во нормала, со раст од 19,6% во четвртиот квартал, растот на финалната потрошувачка, како и извозот на стоки и услуги.Индустрискиот раст во јануари 2019 година бележи раст од над 12%, што ни дава за право да кажеме дека економијата на Република Северна Македонија има светла иднина и дека создаваме силна економија, шанса за сите граѓани“, потенцираше вицепремиерот.„Во четвртиот квартал забележуваме раст на градежништвото од 19,6 %, што е преку 20 % повисок отколку во третиот квартал. Ова само покажува за силната реализацијата на капиталите проекти. Она што е уште поважно е тоа што градежната сеозна веќе започна и тоа е добар предуслов за висока реализација на капиталните инвестиции и оваа година. Вкупните инвестиции што се инвестираат надминуваат над една милијарда и 200 милиони евра. Овие показатели само потврдуваат дека градежниот сектор се враќа на посакуваните двоцифрени стапки на раст и дека конечно граѓаните ќе ги видат бенефитите од овие инвестициони вложувања,“ соопшти министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски посочи дека во четвртиот квартал од 2018 година, земјоделството бележи пораст со што како сектор има придонес во вкупниот раст на бруто-домашниот производ.„Споредено со претходните квартали кога имавме негативен тренд и состојбата што ја наследивме во 2017 година, кога учеството на земјоделството во вкупното БДП беше негативно, овие податоците покажуваат дека земјоделството се стабилизира, односно излегува од континуираната негативна состојба што е резултат на нагорен тренд на зголемено производство и на зголемени обработливите површини. На пример во 2017 година се обработувале вкупно 226.117 хектари, а во 2018 година 229.414 хектари“, изјави министерот Николовски.Според Бектеши, четвртиот квартал е период на комплетна реализација на мерките и активностите од годишните програми. Планот за економски раст и реалните економски политики преточени во неколку програми наменети за компаниите дадоа резултати во зголемување на конкурентноста, засилена трговска активност и зголемен извоз.„Само во Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво 2018 поддршката за компаниите ја зголемивме, односно бизнис субјектите  имаа на располагање на 47 милиони денари и со неа обезбедивме поддршка на развојот на над 150 претпријатија. Годинава фирмите имаат дури нешто над 53 милиони денари, поделени во дел за мали и средни претпријатија, за кој се веќе активни неколку мерки, дел за индустриска политика, каде поддршка ќе добијат субјектите од преработувачката индустрија, дел за кластерско здружување и нов дел за општествено-одговорно работење“, рече министерот за економија Бектеши.На денешната прес-конференција, Министерот за финансии истакна дека растот на БДП од 2,7% е најблизок до есенската проекција на Министерството за финансии за раст од 2,8%. Со ова Министерството за финансии се потврди како кредибилна институција. За споредба, есенските проекции на другите релевантни институции се движеа меѓу 1,6% и 2,5%. Ова е јасна потврда за зајакнатиот капацитет и посветеност на Министерството за финансии.Кредибилноста на економските проекции е клучна за кредибилно дизајнирање на буџетот, а со тоа и кредибилно водење на фискалната политика.„ Овие позитивни постигнувања се несомнено резултат и на фискалната политика како клучна економска алатка на Владата. Нашата фискална политика овозможи поддршка за повисоки плати, за повеќе вработувања и за зголемени инвестиции. Притоа, ова е постигнато со дисциплинирана фискална политика - низок буџетски дефицит (1,8% од БДП), и стабилизиран јавен долг (48,7% од БДП)“, рече министерот Тевдовски и додаде дека невработеноста за првпат од независноста е пониска од 20%. Се намали на најниски 19,4% во четвртиот квартал.

Македонија | пред 7 години

7 год.
DSC_5185

Средба на премиерот Заев со грчката алтернативна министерка за надворешни работи, Анагностопулу

Претседателот на Владата Република Северна Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со Атанасиа Анагностопулу, алтернативна министерка за надворешни работи на Република Грција.На средбата е констатирано дека успехот на премиерите на двете земји, Зоран Заев и Алексис Ципрас, со постигнатото решение на долгогодишниот спор е силна порака дека Балканот може да биде носител на мир, стабилност и солидарност, спротивно на досегашните перцепции за овој регион, и посебно во услови кога на Европа и се потребни позитивни примери на решавање билатерални прашања и стабилност.По постигнатиот Договор и отворените НАТО перспективи, изразена е поддршка и за европските перспективи на Република Северна Македонија.Оценето е дека европските интеграции се важни како за нашата држава, така и за Грција и за регионот и Европа. Исто така, заеднички е изразена цврста определба за практична имплементација на Договорот од Преспа.-Испишуваме позитивна историја. Имаме заедничка обврска да продолжиме да работиме и на бенефитите од Договорот од Преспа за граѓаните на двете држави, но и да покажеме на Европа и на светот дека освен што се можни решенија на тешките политички прашања, тие решенија носат и придобивки на секој план, рече премиерот Заев.На состанокот е посочено дека денешното потпишување на договорот помеѓу министерствата за надворешни работи на двете држави во Скопје, за отворање нов граничен премин во месноста Маркова нога во преспанскиот регион, носи економски, туристички придобивки, мотивира соработка и дијалог помеѓу нашите граѓани. Но е и јасен знак дека владите и на Република Северна Македонија и на Република Грција се определени на продлабочување и развивање на билатералната соработка, по постигнатиот историски Договор во Преспа, за којшто оддаваат почит и Европа и светот.Се разговараше и за активностите коишто се во тек за отворање уште еден нов граничен премин помеѓу двете држави, во делот на соработката за гасно поврзување, инфраструктурното патно и железничко поврзување, за интересот на компании од Република Грција за инвестирање во Република Северна Македонија, за заедничкиот проект за заштита и реконструкција на Дојранското езеро, за унапредување на културната соработка.Изразена е обострана благодарност за заложбите од двете страни за постигнатиот развој на односите помеѓу Република Северна Македонија и Република Грција, што ќе се унапредува низ потврда на меѓусебната доверба, разбирање и поддршка денес и во иднина.

Македонија | пред 7 години

7 год.
1-7

Филипче: Намаленa e смртноста на новороденчињата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев заедно со министерот за здравство, д-р Венко Филипче, директорката на ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство, д-р Викторија Јовановска, директорот на Клиничката болница во Тетово, д-р Флорин Бесими, директорот на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи, Анте Попоски, претседателката на Комитетот за безбедно мајчинство, д-р Ана Данева Маркова, како и Соња Таневска, претставник на Канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации во државата, денеска присуствуваа и се обратија на настан на којшто беа презентирани резултатите од заедничкиот проект на Владата, министерството за здравство и УНФПА, за намалување на смртноста кај мајките и новороденчињата.Иницијативата за овој проект, како што рече и Премиерот Заев потекна пред една година, и оттогаш до сега се спроведуваа бројни активности во насока на подобрување на условите во родилиштата во земјата, како и кон намалување на смртноста на мајките и на новороденчињата.„Во двете поголеми родилишта во државата, Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје и Клиничката болница во Тетово, обучени се 47 здравствени работници, како мултидисциплинарни тимови, кои пружаат ефективна грижа на мајките и на бебињата, пред, во текот и после породувањето. Неонатолозите во овие и во болницата во Чаир, преку практична работа со поддршка од реномирана меѓународна експертиза, во период од неколку недели добија клучни препораки за посоодветна грижа на новороденчињата, особено за предвреме родени бебиња. Понатаму, адаптирани се 15 протоколи за најчестите состојби кај мајката и новороденчето, пред, за време на породувањето и потоа. Во тек е нивна дистрибуција и брза обука на здравствените работници во 33 родилишта во нашата земја“, рече меѓу другото Премиерот Заев во своето обраќање пред присутните.Проектот, чии што резултати беа презентирани денеска, како што додаде Премиерот Заев, е прв проект којшто се реализира во Република Северна Македонија на принципот „matching funds“. Средствата коишто ги одвои државата потоа беа дуплирани од страна на Фондот за население на Обединетите Нации, со што вкупниот буџет достигна до 5,7 милиони денари или околу 106 илјади американски долари.Потенцирајќи дека здравјето на граѓаните е врвен приоритет во работењето на Владата на Република Северна Македонија, Премиерот Заев посочи дека сите чинители во државата треба да работат уште посветено и понапорно, со цел родилишта во нашата земја да бидат еднакви со родилиштата во високо развиените европски земји.„Соочени со системски проблеми“, како што посочи министерот за здравство д- р Венко Филипче, „го започнавме проектот и истиот даде резултати“.Министерот Филипче истакна дека на Клиниката за Гинекологија и акушерство во 2017-та година починале 36 новороденчиња на 1000 живородени, додека лани - 24 на илјада живородени, што претставува пад за 30%.„Дел од планот за унапредување на женското здравје и активностите кои ги спроведовме, а сакам денеска да ги потенцирам се: отворивме 3 центри за упатување на жени од сексуално насилство, за првпат обезбедивме бесплатни ортопедски градници, за жените коишто се оперирани од рак на дојка, почнуваме со набавка на 8 мамографи во вредност од 85 милиони денари, бесплатни прегледи и лабораториски анализи во текот на бременоста, бесплатно породување за жените кои се надвор од системот на задолжително здравствено осигурување и лица без документи за идентификација, фолна киселина за секоја бремена жена и така натаму“, рече министерот за здравство, д-р Венко Филипче.Исто така, министерот Филипче додаде дека е изготвен план за поголема достапност на жените до гинеколошки здравствени услуги. Во таа насока, како што рече тој, специјалистите гинеколози од секундарно ниво на здравствена заштита ќе можат да пружаат услуги и како матични гинеколози во градовите каде што недостигаат гинеколози, односно Македонски Брод, Демир Хисар, Крушево и Пробиштип. Истовремено, ќе се активираат и мобилни гинеколошки амбуланти за руралните средини.Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи, како што рече нејзиниот директор Анте Поповски, во изминатиов период направи силни напори, според кредибилна методологија да постави стандарди во родилиштата во земјата.Истакнувајќи дека намалувањето на смртноста на доенчињата е обврска на Република Северна Македонија и поради усогласување со целите за одржлив развој на Обединетите Нации, д-р Ана Данева Маркова, инаку претседателка на Комитетот за безбедно мајчинство, рече дека земјава бележи пад на морталитетот на новороденчињата, доенчиеата и на децата под 5 годишна возраст.Претставничката Канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации во државата, Соња Таневска потенцираше дека во изминатите 50 години, колку што постои УНФПА, смртноста на бебињата е намалена за 50%.

Македонија | пред 7 години

7 год.
IMG_1827

Општина Кисела Вода со мултимедијален хепенинг го одбележа 8 – ми Март

Во големата сала на Општина Кисела Вода со мултимедијален хепенинг се одбележа 8 - ми Март, Денот на жената.Одбележувањето на овој голем ден со музички и ритмички точки, со ликовни творби и креативни изработки го збогатија децата од основните училишта и градинки од општината.Имено, на децата од училиштата и градинките и нивните ментори кои учествуваа на конкурсот кој неодамна на тема: 8 - ми Март, Ден на жената го објави локалната самоуправа претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ заедно со секретарот на Општината, Александар Алексовски им доделија благодарници и дипломи за најдобрите цртежи и изработки.Комисијата составена од градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски ги награди ликовните творби и креативни изработки на следните ученици од општинските основни училиштата и дечињата од двете јавни детски градинки:ЈДГ „Весели Цветови“- I место - Клара Нешиќ, ментор Марина Бузалковска- II место - Димитар Ристов, ментор Анета Младенова Јачовска .- III место - Христијан Георгиевски, ментор Анета Младенова ЈачовскаЈДГ „8 Март“- I место - Ева Бојовска,ментор Милка Јовевска- II место - Максим Сегер, ментор Наташа Стевковска- III место - Лана Дајчиновска, ментор Ирена НиколовскаНаграда за креативна изработка Лука Настовски ,ментор Тања ЈовановскаЛиковни творби прва категорија- I место - Сашка Ѓорѓиоска IV 3 одделение ООУ „Круме Кепески“ ,ментор Ирена Павлоска- I место - Ева Стојчевска IV 2 одделение ООУ „Круме Кепески“ ,ментор Марина Крстевска Ангелова- II место - Лука Љотиќ III а одделение ООУ „Рајко Жинзифов“, ментор Весна Стевановска и Светлана Жежовска- II место - Андреа Спасовска IV а одделение ООУ „Рајко Жинзифов“,ментор Горица Станковска и Елизабета Младеновска.- III место - Матеа Исовска IIIа одделение ООУ „Рајко Жинзифов“,ментор Весна Стевановска и Светлана Жежовска- III место - Јована Пешова IVа одделение ООУ „Рајко Жинзифов“,ментор Горица Станковска.Ликовни творби втора категорија- I место- Елеонора Серафилоска IXв одделение ООУ „Кирил Пејчиновиќ“, ментор Лидија Цакович- I место - Ева Карамановска IXб одделение ООУ „Рајко Жинзифов“, ментор Даниел Манасиев- II место - Калина Митревска VIII1 одделение ООУ „Кузман Јосифовски Питу“,ментор Лидија Цаковиќ- II место - Ангела Петрушевска IXв одделение ООУ „Кирил Пејчиновиќ“,ментор Лидија Цаковиќ- III место - Марија Стаменова IX3 одделение ООУ „Кузман Јосифовски Питу“, ментор Лидија Цаковиќ- III место - Анастасија Димитрова IXб одделение ООУ „Партенија Зографски“, ментор Јулијана Арсовска.Прва категорија креативни изработки- I место- Матеј Илиев IV3 одделение ООУ „Круме Кепески“,ментор Ирена Павлоска- II место - Кара Селовски Iа одделение ООУ „Партенија Зографски“, ментор Ирена Србиновска и Халед Никовски- III место-Матеа Блажовска IIIб одделение ООУ „Кирил Пејчиновиќ“, ментор Анета Буковалова- III место- Христина Цветановска IVв одделение ООУ „Рајко Жинзифов“ , ментор Виолета Николин.Втора категорија креативни изработки- I место- Учениците од IX2 одделение од ООУ „Климент Охриски“ ,ментор Биљана Илиева- II место - Мила Маркоска IXб одделение ООУ „Рајко Жинзифов“ ,ментор Даниел Манасиев- III место - Јана Петрушевска VIIб одделение ООУ „Партенија Зографски“, ментор Јулијана Арсовска- III место - Ева Карамановска IX одделение ООУ „Рајко Жинзифов“.

Скопје | пред 7 години

7 год.
gordana-siljanovsak-davkova

Силјановска: Жените не сакаат празни честитки еден ден во годината, туку еднакви можности во сите области

Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова кандидат за претседател на Република Македонија денес по повод 8-ми март Денот на жената присуствуваше на маршот во центарот на Скопје, а подоцна оствари кафе средба со младите и на крај ја посети населбата Ченто каде што се сретна со голем број на граѓани и пазарџии.По повод празникот 8-ми март, Силјановска Давкова запраша дали е 8-март среќен и дали може да се гордееме на планот на женската еманципација и родовата еднаквост?Дали е празник, и дали имаме со што да се гордееме на планот на женската еманципација и родовата еднаквост? Премногу едноставно е да се одржи говор или да се напише пригодно писмо со кое ќе се порача дека на Македонија ѝ требаат силни и остварени жени. Потребна е акција, а тоа се виде на лицата на жените (и мажите) со кои денес марширав во центарот на Скопје. Жените не сакаат цвеќе и празни честитки еден ден во годината, тие бараат еднакви можности во сите општествени и јавни сфери, кажа Силјановска Давкова.Таа потенцира дека лично се нафатила да се бори против еден стереотип за жените во политиката истакнувајќи дека жената со својата специфична природа и пристап кон проблемите може да биде силна и да го менува општеството.Жената, со својата специфична природа и пристап кон проблемите, може да биде силна и може да го менува општеството, ама и начинот на кој се води државата. Ние можеме! Македонија, политиката и Јустиција - сите се во женски род, вели Силјановска Давкова.Силјановска Давкова оствари средба со младите каде што на кафе муабет во кафичот Ла Петит разговараше за голем брј на прашања кои што ги засегаат младите во Република Макеоднија.Подоцна Проф. д-р Силјановска Давкова го посети и пазарот во населбата Ченто каде што се сретна со голем број на пазарџии и граѓани.Се сретнав со луѓе домаќини, загрижени за состојбите со економијата и со функционирањето на државата. Јас им ветив дека мојот избор ќе значи почеток на процесот на враќање на владеењето на правото за сите граѓани без исклучок. Моите ставови може да ги следите на оваа страница. Ширете го мојот глас насекаде затоа што тој води кон правда за Македонија, истакна Силјановска Давкова.

Македонија | пред 7 години

7 год.
53274635_1181104528731671_7251755643084734464_o

Мицкоски: Реалниот живот не се баловите на кои оди премиерот, туку сиромаштијата и беспарицата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше во работна посета на Гостивар, а откако претходно беше во фабриката за тули, замина во населбата Циглана каде имаше средба со жителите.„Ги посетив жителите на гостиварската населба Циглана. Заевизмот кој е матрица на ова тешко и мачно секојдневие силно се чуствува меѓу граѓаните. Една средовечна жена ми вели, имаме фијаско и секој ден слушаме лоши вести, го чуствуваме лошиот живот на наша сопствена кожа. И реалниот живот не се баловите на кои оди премиерот, не се ниту оние скапи автомобили кои ги вози, туку реалниот живот е тука во гостиварска Циглана и насекаде во Македонија каде се чувствува сиромаштијата и беспарицата. Правдата е згазена, владеењето на правото уништено. На Македонија и треба препород и промени. На Македонија и треба честитост и знаење и ние тоа ќе го донесеме. Битката на нашата генерација е за правда и подобар живот“, пишува Мицкоски на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

7 год.
123-1

Инспекторот кој го барал исчезнатиот Пино заминал во пензија, мајката во агонија

Утре во Скопје, со почеток од 14 часот пред Собранието, по трет пат на мирен протест ќе излезе мајката на исчезнатото момче Пино, Маја Трпковска. Покрај неа ќе биде и таткото на Арбен, Бекир Аслан, кој трага по својот син повеќе од еден месец, пишува Фокус.Маја вели дека веќе три месеци живее во агонија, откако нејзиниот 26-годишен син излегол од дома со автомобилот и му се изгуби секаква трага. Таа веќе во два наврати излезе на протест и бараше одговори од надлежните околу тоа како и според кои стандарди и правила се водат истрагите за исчезнатите лица од земјава, бидејќи, очигледно нема успех и десетици граѓани со години наназад не се пронајдени.-Инспекторот кој работеше на случајот со моето дете замина во пензија, тоа е најновото нешто. Назначен е нов, кој се уште нема разговарано со мене. Вчера го барав, рече дека ќе ми се јави, но уште не ме побарал. Минат деновите, поминаа три месеци… Во ова време – невреме за мене и моето семејство, благодарна сум им на хуманите и сочувствителни луѓе кои ми ја даваат поддршката. Запознав многу луѓе кои ги допре мојата мајчинска болка, добивам пораки со поддршка, тоа ми дава сила и знам дека не сум сама. Но, најважното, каде е моето дете, уште останува нерешено. Барам одговори, барам сериозен пристап од институциите, времето одминува – ни изјави Трпковска, додавајќи дека многу и значи тоа што и таткото на исчезнатиот Арбен ќе присуствува на протестот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Darko-Kostovski

ВМРО ДПМНЕ: Само Македонија и македонскиот народ немаат сервис кој ќе го одржува идентитетот

Грција ја има ЕРТ (Елиники Радиофониа Тилеораси), Србија ја има РТС (Радио Телевизија Србија), Бугарија ја има БНТ (Бугарска Национална Телевизија), Албанија ја има РТШ (Радио Телевизиони Шкиптар), Косово ја има РТК (Радио Телевизиони Косова), Велика Британија ја има Би - Би - Си (Бритиш Броадкестинг Сервис). Само Македонија и македонскиот народ немаат сервис којќе го одржува идентитето, истакна Дарко Костовски од ВМРО ДПМНЕ.Поради СДСМ и Зоран Заев Македонија го губи симболот на македонското радио и телевизија.Се наоѓаме пред Македонската Радио Телевизија, основана со одлука на Првото заседание на АСНОМ, институција на која со одлука на Зоран Заев и се брише името и се обезличува. Со одлука на Владата, Македонската радио телевизија станува Национална радио телевизија.Преименувањето на Македонската радио телевизија е доказ дека Зоран Заев и СДСМ не го сочуваа институционалниот идентитет. Преименувањето на МРТ е доказ дека Република Македонија поради договорот од Преспа не може да ги користи придавките македонски/ македонско/ македонска.Зоран Заев и СДСМ тврдеа дека е зачуван институционалниот идентитет. Гледаме дека не е.Преименувањето на МРТ е удар врз културното наследство на македонскиот народ. МРТ е првото радио на македонски јазик, преку кое за првпат македонскиот јазик е пуштен во етерот.МРТ е вистинска културна ризница. Во МРТ се чуваат сите архиви во вид на аудио и видео материјали за создавањето на државата. МРТ е симболот со кој што Македонците, македонската дијаспора иМакедонците од соседството се идентификуваат со Република Македонија. Првата програма на Македонското радио се слуша во цела Македонија како и во соседните држави каде што живеат Македонци: Грција, Мала Преспа и Голо Брдо во Албанија, Бугарија како и во Србија и на Косово. Првата програма на Македонското радио се слуша и преку интернет како и на сателит.Името „Национална Радио Телевизија“ не значи ништо. Не претставува никого, не поврзува никого, не одразува ничии ставови, култура, посебност.Македонскиот народ не го заслужува ова понижување. Зоран Заев и СДСМ мора да си заминат. Потребно е масовно излегување на претседателските избори и победа на Гордана Силјановска Давкова, што ќе биде причина за распишување на нови предвремени парламентарни избори, истакна Дарко Костовски од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
trska-3

(ФОТО) Гори трската кај болницата Св.Еразмо

Во моментов голем пожар кај болницата за ортопедија и трауматологија Св Еразмо. Според сознанијата на Скопје 1, гори трската.Пожарот избувнал околу 18 часот. Во моментов огнената стихија ја гасни противпожарната служба од Охрид со едно возило.Наскоро Повеќе....

Македонија | пред 7 години

7 год.
Naum-Stoilkovski

Стоилковски: Ако Пендаровски, кандидат на власта, се чувствува небезбеден сега, како ли треба да се чувствува кандидатот на опозицијата?

Претседателскиот кандидат на власта во втор обид, Стево Пендаровски се чувствувал небезбеден, обвинува за негово следење како вели веројатно и на неговото семејство. Пендаровски, поранешен полициски функционер, обвинувадека странски служби шетаат и го фотографираат него и неговото семејство, истакна Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Истото обвинување беше поддржано и од Кирацовски, партиски генерален секретар и шеф на изборниот штаб на Пендаровски. А два дена Оливер Спасовски, вицепремиер, партиски противкандидат на Пендаровски, и воедно министер за внатрешни работи молчи за обвинувањата.Јавноста мора да знае, дали државата е безбедна, дали Стево Пендаровски е безбеден, дали е следен од странски служби, кои се тие странски служби за кои што посочува Пендаровски? Спасовски е должен да одговори, постои ли безбедносен ризик, точни ли се обвинувањата на Пендаровски, која е таа опозициска партија за која зборува Пендаровски, а се надоврзуваКирацовски?Почитувани, постои можност и се сомневаме дека ова всушност е основа за следење на опозицијата од страна на власта, свесно се пласира лага за да се отвори истрага со која што би се дозволило следење на противкандидатите.Ако Пендаровски, кандидат на власта, се чувствува небезбеден сега, како ли треба да се чувствува кандидатот на опозицијата? Какви ли избори најавуваат Пендаровски и Кирацовски? Спасовски мора да каже дали е способен да ги заштити претседателските кандидати и да обезбеди фер и демократски изборен амбиент, односно безбеден и демократски изборен ден.Ако Пендаровски како кандидат на власта се чувствува небезбеден, како ли треба да се чувствуваат граѓаните, гласачите во Република Македонија? Дали гласачите се небезбедни? Дали и другите кандидати треба да се чувствуваат небезбедно? Спасовски тоа мора да го каже, уште повеќе, доколку изјавите на Пендаровски се шпекулации и манипулација со јавноста заради тоа што е фатен во лага, тоа да биде соопштено.Алибито на Пендаровски заради неговиот пораз на изборите не смее да биде заевизмот. Жртва не смее да чувството за безбедност а за тоа да биде обвинета опозицијата, а не власта.Токму затоа во Македонија ќе победи правото и правдата, ќе победи Гордана Силјановска Давкова, ќе победи ВМРО-ДПМНЕ. Заевизмот паѓа, победува Честита Македонија, истакна Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mijalkov

Од суд, Мијалков дирекно во Шутка

По барање на Специјалното јавно обвинителство и обвинителката Фатиме Фетаи, Сашо Мијалков од судот каде денеска му беше изречена 3 години казна затвор, ќе биде директно пренесен во притворското одделение во Шутка.Оваа одлука на СЈО следува поради како што кажа Фетаи, опасност од бегство. Мијалков до сега се водеше во куќен притвор. Оваа одлука е обжалена, но се уште нема реакција по однос на истата од судот.

пред 7 години

7 год.
IMG-edd981a1e12cc4216065a25e0009914a-V

ФОТО: Фатен дилер на дрога, проајадени пари и прашкаста материја

СВР Скопје во содејство со Одделот за криминалистичка полиција и СВР Тетово реализираа случај на недозволена трговија со дрога при што до надлежното ОЈО поднесена е кривична пријава против лицето Б.С.(33), а поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело - “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.Имено, вчера (07.03.) околу 14.45 часот, полициски службеници врз основа на судска наредба извршија претрес во домот на пријавениот во Скопје, при што се пронајдени стаклена тегла исполнета со паковки со бела прашкаста материја, кеса со кафеава прашкаста материја, дигитална вага, пари во вредност од 350 евра и 64.000 денари, телефон и други предмети. Пронајдените предмети со потврда се одземени од пријавениот и лицето е лишено од слобода во ПС ОН Гази Баба.Од вештачењето е констатирано дека белата прашкаста материја со вкупна нето маса од околу 270 грама е кокаин, кафеавата прашкаста материја со вкупна нето маса од 100 грама е хероин, додека на дигиталната вага се констатирани остатоци од хероин и кокаин. Инаку пријавениот е евидентиран во крим-евиденцијата како сторител на кривични дела, за што имал и правосилни судски пресуди.    

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања