Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: За еден ден собрани над 32.000 потписи за Стево

Граѓаните низ целата држава масовно се одзваа на повикот преку потписи да дадат поддршка на заедничкиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски. За само еден ден, над 32.000 граѓани се потпишаа за кандидатурата на Стево, стои во соопштението од СДСМ.Со тоа, кандидатурата на Стево е единствената кандидатура за претседател на државата којашто е поддржана практично од над 30.000 граѓани, над 30 политички партии и 60 пратеници. Македонци, Албанци, Срби, Турци, Роми, Власи, сите етнички заедници, сите заедно се обединија околу Стево.Како одговорна и државотворна партија, им се заблагодаруваме на сите граѓани, на сите коалициски партнери, на сите пратеници кои дадоа поддршка за Стево.Одиме сите заедно со Стево, партии, пратеници, граѓани, одиме сите заедно кон една голема победа за доброто на нашата држава, за подобра иднина за нашата и идните генерации, велат од СДСМ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
zatvor-grcija

Масовна тепачка меѓу Албанци и Грк во грчкиот затвор еден загинат 7 тешко повредени

Еден грчки затвореник загина, а седум се повредени во тепачка во грчкиот затвор Коридалос, јавуваат грчките медиуми. Тепачката избувнала меѓу затворениците од Грција и Грузија и Албанија.До тепачката дошло на психијатриското одделение во затворот и во неа учествувале голем број на затвореници вооружени со рачно направени оружја.  Повеќе затвореници се тешко повредени и се префрлени во болница.https://twitter.com/webVOICEnews/status/1103785613806002182?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1103785613806002182&ref_url=https%3A%2F%2Fpress24.mk%2Fmasovna-tepachka-megju-albanci-i-grk-vo-grchkiot-zatvor-zatvorenik-izboden-do-smrt-7-teshko  

Свет | пред 7 години

7 год.
mijalkov-2

Денеска пресуда за „Титаник 2“, на Мијалков му се заканува од една до пет години казна затвор

Во Кривичниот суд денеска во 12.30 часот треба да биде објавена пресудата за случајот „Титаник 2“, кој се однесува за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година.Во „Титаник 2“ на СЈО обвинети се лидерот на ДПА Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.Мијалков е се уште во куќен притвор, а по одлуката на Врховниот суд, кој ги пушти од притвор бизнисмените од „Империја“, иста одлука се очекува и за поранешниот шеф на УБК. Неговото име беше споменувано во политичките пазарења на власта за обезбедување на мнозинството во парламентот за уставните измени за промената на името на земјава.Со правното мислење на Врховниот суд, со кое е утврдено СЈО да не може да покренува обвиненија и истраги после јуни 2017 година, се отвора можност пресудите на пониските судови да паднат пред Врховен. 

пред 7 години

7 год.
8-mi-mart

ЦИВИЛ бара вистинско и доследно почитување и унапредување на правата на жените

Правата на жените се човекови права што веќе 70 години се заштитени со меѓународното право и Обединетите нации. Жените имаат право да живеат ослободени од насилство, ропство и дискриминација. Жените имаат еднакви права да се школуваат, да поседуваат имот, да гласаат и да заработат фер и еднаква плата како и сите други вклучени во пазарот на трудот. За жал, насекаде во светот, па и во Република Северна Македонија, жените и девојките се соочуваат со негирање на нивните права, дискриминација и насилство, едноставно, поради нивната родова припадност.По повод Меѓународниот ден на правата на жените, 8 Март, ЦИВИЛ уште еднаш го крева гласот во поддршка на сите жени во светот, и бара да се стави крај на дискриминацијата и насилството против жените. ЦИВИЛ бара од институциите да престанат со декларативните заложби и доследно да ги спроведат сите закони за заштита на човековите права и слободи и за заштита од дискриминација по родова основа. Институциите на државата и на локалната самоуправа, како и општеството во целост, мора да работат на еманципација и почитување на правата на жените.Политиките и практиките мораат да се подобрат веднаш, без одложување, веќе до крајот на денешниот ден. Секој што го чита или слуша ова соопштение, мора да преземе итни чекори за унапредување на правата на жените.ЦИВИЛ бара од Владата да подготви законски мерки и да воведе практики на најостро санкционирање на секоја постапка што жената ја става во подредена положба или ја дискриминира на работното место, во семејството, во јавноста или на било кое друго место или ситуација. Медиумите и граѓанските организации мораат да манифестираат повисока одговорност и да работат на граѓанска едукација за правата на жените.ЦИВИЛ предлага 8 Март да се прогласи за неработен ден на сите жени во земјата.Правичната застапеност на жената од 50% во институциите и во структурите за донесување на одлуките се подразбира и мора да се спроведе веднаш. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Две жени каснати од кучиња скитници во Скопје

На 07.03.2019 година во 12.25 часот во Полициската станица Кисела Вода М.П.(53) од Скопје, пријавила дека на булеварот “ВМРО“ била касната од куче скитник во пределот на левата нога.На 07.03.2019 година во 20.15 часот во Полициската станица Центар П.М.(35) од Скопје, пријавила дека на улицата “Кирил и Методиј“ била касната од куче скитник во пределот на десната нога.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

На аеродромот Скопје приведено лице евидентирано во листа за Апсење

На 07.03.2019 година во 14,30 часот на Граничниот премин “Меѓународен Аеродром-Скопје“ при извршена проверка на Б.И.(27) од с.Слупчане-кумановско било констатирано истиот евидира во стоп листата со мерка „A“ (Апси).Лицето било предадено на полициски службеници за спровод до КПУ-Идризово.

Скопје | пред 7 години

7 год.
soobrakajka

Сообраќајни несреќи со автомобили и мопеди во Свети Николе, Прилеп, Скопје

На 07.03.2019 година во 14,45 часот било пријавено дека во Свети Николе на улицата “Младинска“ патничко моторно возило “Опел“ со светиниколски таблици управувано од С.П.(43) од с.Милино удрил во пешакот Д.М.(81) од Свети Николе. Д.М. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница во Штип. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Свети Николе и се работи на целосно расчистување на случајот.На 07.03.2019 година во 18,30 часот било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-с.Витолиште Ц.Б. (77) од Прилеп управувајќи мопед „Томос“ изгубил контрола над истиот и паднал на коловозот. Ц.Б. бил пренесен во Градска Болница-Прилеп, каде од страна на лекар констатирани му биле тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп.На 07.03.2019 година во 18,00 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на булеварот “Партизански Одреди“ наспроти Трговскиот центар “Порта Влае“ Б.Л. (61) од Скопје управувајќи мопед „Бенели“ изгубил контрола и паднал од мопедот. Б.Л. бил пренесен во комплексот клиники “Мајка Тереза“, каде од страна на лекар констатирани му биле тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.На 07.03.2019 година во 18,45 часот во СВР-Скопје било пријавено дека во с.Булачани патничко моторно возило “БМВ“ со скопски регистерски таблици управувано од Д.Б.(28) од с.Булачани-скопско удрило во Б.Р.(59) од с.Булачани- скопско кој туркал мотокултиватор. Во негодата со повреди се задобил Б.Р. кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ каде констатирани му биле тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija

МВР санкционира возачи на автомобили, ама и пешаци

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 10 сообраќајни незгоди од кои две со тешки телесни повреди, пет сообраќајни незгоди со телесни повреди и три со материјална штета. Во сообраќајните незгоди две лица се здобиле со тешки телесни повреди и шест лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 34 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.Од сообраќај се исклучени 25 возачи од кои: шест возачи затоа што управувале возило под дејство на алкохол, 17 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така исклучени од сообраќај се и 15 возила бидејќи 14 биле нерегистрирани и едно возило поради претовар.Санкционирани се шест возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, пет возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, шест поради неправилно престигнување, седум возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 20 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.Во однос на пешаците санкционирани се тројца пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин и еден пешак поради поминување на коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 104 мандатни платни налози и 80 возила се подигнати со специјално возило пајак.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Kanalizacija-Krkardas-3

Атмосферска канализација на ул. Христијан Тодоровски Карпош - Битола

Завршуваат проблемите на жителите на ул. „Христијан Тодоровски Карпош“ во населбата Баир, во однос на водата која постојано течеше покрај нивните домови за време на дождлив период. Деновиве на терен се работеше на поставување на атмосферска канализација. Поради непристапниот терен за работа со машини, се работеше рачно на ископ и поставување на цевките, од страна на вработените во КЈП „Нискоградба“, по налог на Општина Битола.Врдноста на овој зафат е над 230.000 денари. По поставувањето на атмосферската канализација, оваа уличка ќе биде повторно вратена во првобитната положба, со скалите кои водат до црквичето „Св. 40 маченици“, во месноста попозната како Кркардаш.

Македонија | пред 7 години

7 год.
20190308083602

Пендаровски: На 27 април ВМРО-ДПМНЕ подготвуваше државен удар

Пендаровски синоќа во студиото на ТВ21 рече дека јасна била целта на ВМРО-ДПМНЕ за време на 27. април. Тој вели дека од ВМРО-ДПМНЕ подготвувале државен удар.„Јасно е дека стануваше збор за државен удар кој го подготвуваа, го планираа и го изведоа највисоките структури на власта. Мислам дека последниве апсења и мерки кои ги презедоа спрема поранешниот спикер на парламентот, јас мислам дека не е исклучена можноста и спрема поранешниот премиер, јасно покажуваат дека врвот на власта беше со намера да оневозможи мирен трансфер на власта“, изјави Пендаровски.https://www.facebook.com/tv21hd/videos/307538759955210/

Македонија | пред 7 години

7 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Силна економијата, нова германска странска инвестиција во земјава

Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ и напредокот воевроинтеграциите ја вратија довербата и конкурентноста во домашната економија. Република Северна Македонија е атрактивна земја за инвестирање со силна економија. Германската компанија „Герешајмер“ реши да ги искористи економските поволности и да инвестира во нова фабрика во земјава, стои во соопштението од СДСМ.Компанијата ќе произведува фармацевтски амбалажи и производи а обезбедува нови 400 работни места наменети за високо квалификуван кадар со високи плати. Странските инвестиции имаат заначајна улога во поттикнувањето на економскиот раст и намалувањето на невработеноста. Само во 2018 во странските инвестиции отворени се 4.500 работни места.Во 2018 година забележан е рекорден износ на странски инвестиции од 624,5 милиони евра, а рекорден раст бележеше и индустриското производство кое во 2018 година беше највисоко во последните седум години.Со пристапувањето во НАТО и процесот на интеграција во ЕУ, економскиот раст дополнително ќе се интензивира со што ќе се отворат можности за повеќе инвестиции, нови работни места, повисоки плати, повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Стево Пендаровски губи, па затоа мора и да измислува

Стево Пендаровски губи, тој знае дека не ја ужива довербата на граѓаните, па се труди да зборува за се само не за вистинските проблеми на граѓаните. Власта молчи два дена откако Стево Пендаровски излезе и кажа дека е следен од странси служби. Никој од МВР не кажува дали Пендаровски е следен и од кого и дали истиот со измислување лаги не создава алиби за претстојниот изборен пораз, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Пендаровски знае дека нема поддршка од граѓаните, па затоа мора и да измислува. Пендаровски знае дека е жртвено јагне на Заев, па не бира методи за да се бламира себе си како целиот циркус да биде поавтентичен.Спасовски нема контрола над ситуацијата, а жртви поради тоа се сите граѓани. Спасовски треба веднаш да излезе и да каже, дали Пендаровски е следен и од кого, во спротивно ќе се потврди дека тој лаже само да го оправда претстојниот пораз.Пендаровски и неговиот ментор, Зоран Заев ќе изгубат на претседателските избори. Граѓаните ќе го поразат СДСМ и ќе го дадат својот глас за Гордана Силјановска Давкова, што ќе биде и причина за распишување на предвремени парламентарни избори на кои граѓаните ќе го испратат СДСМ во историјата, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
3-3

„Преку збор до срцето на жената“ – Мултимедијален настан во Ресен

Синоќа во Домот на културата „Драги Тозија“ во Ресен, се одржа мултимедијалниот перформанс „Преку збор до срцето на жената“. На овој настан, беа презентирани повеќе дела од областа на поезијата и прозата, чија тема е жената, од страна на учениците од основните училишта во Преспа, како и од градинката 11 Септември од Ресен. Поезијата и прозата беше изведена на три јазици – македонски, турски и албански.„Мултимедијалниот перформанс „Преку збор до срцето на жената“ е всушност продолжување на традицијата од минатата година, која започнавме да организираме одредена културна програма под покровителство на сопругата на градоначалникот Билјана Гошаревска, но сепак да биде во некое поинакво светло од она што редовно го правиме. И секако, кој би направил нешто почисто и поискрено од децата, кои своите стихови и песни им ги посветуваат на мајките, бабите, наставничките....нивниот збор се врежува длабоко во срцето на секоја жена. Затоа и вечерва, се надевам дека во срцата на сите присутни жени на овој настан, допреа зборовите од стиховите и расказите на учесниците на овој културен настан“, истакна директорот Васеко Василевски.Музичкиот дел од програмата беше изведен од Кристијан Божиновски, ученик во Школата за пијано која работи под закрила на Домот на културата „Драги Тозија“. Организатор на настанот е библиотеката при Домот на културата „Драги Тозија“ во Ресен, која брои над 50.000 примероци во својот библиотечен фонд, со тенденција на постојан пораст.

Македонија | пред 7 години

7 год.
8-mi-mart-1

За едни Среќен 8 март, за други ден како секој друг - Има ли излез од тунелот?

8 март, многу жени добиваат подароци, цвеќиња, ќе слават по кафани, но дали сите жени го празнуваат денот исто?Чувство на срам, вина, ниска самопочит и самодоверба. Страв за својот живот и животот на своите деца. Насилството врз жената за жал сеуште има и тоа во големи размери. Тоа се манифестира во различни форми. Често, тоа е физичко насилство, но во многу случаи станува збор  груби коментари, љубомора, психолошка агресија, закани  и навреди. Психичкото насилство е познато и како емоционално насилство чија главна карактеристика е тоа што ја нарушува благосостојбата на едно лице. Тоа води кон сериозно емоционално нарушување на психичкото здравје на жртвата.Психолозите се категорични дека психичкото насилство многу потешко се препознава за разлика од физичкото.За жал многу малку жени се одлучуваат да проговорат јавно за психичкото насилство, поготово во Македонија. Според нив, ова е мала земја, каде не смее јавно да се зборува. Затоа што ако кажат вината се насочува кон нив, и наместо закрила добиваат прст вперен кон нив дека се виновни за таквиот однос.Другата причина која е многи значајна, тоа е социјалниот момент. Со ниска или никава плата, каде да се оди велат одредени жени кои со години трпат тортура само поради своите деца.Институциите охрабруваат постојано, кажете, не молчите. Јавно проговорите... Но, што прават  институциите за да им помогнат на овие жени?Едно е сигурно не ги слушајте ветувањата дека насилството ќе престане. Вие и вашите деца заслужувате да се чувствувате сигурно и безбедно од секаков вид на насилство.Побарајте помош. Секогаш има излез  од тунелот.Најновото истражување на ОБСЕ покажува дека 70 отсто жени во земјите на Западен Балкан, Молдавија и Украина доживеале некаков вид насилство. ОБСЕ на конференција во Брисел ги презентира наодите од истражувањето за безбедноста на жените спроведено во 2018 година во Северна Македонија, Албанија, Црна Гора, Косово, Србија, Босна и Херцеговина, Молдавија, Украина и Косово.Околу 16 милиони жени на таа територија се погодени од некоков вид на насилство од својата 15-та година. Ова се неприфатливи факти, како од човечки аспект, така и од аспект на безбедноста и стабилноста, но и од економски и социјален статус на општеството, истакна генералниот секретар на ОБСЕ, Томас Гремингер.Истражувањето на ОБСЕ укажува на фактот дека 60 отсто од 15.000 испитани жени биле психички злоставувани од партнерот, а 45 отсто од нив биле предмет на сексуално вознемирување. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
anagnostopulu

Анагностопулу во работна посета на Македонија

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска ќе биде домаќин на делегација од Република Грција предводена од алтернативната министерка за надворешни работи, Атанасиа Анагностопулу, која е во работна посета на земјава.Централната средба ќе се одржи во Секретаријатот за европски прашања, а во рамки на дводневната работна посета алтернативната министерка Анагностопулу ќе оствари средби и со премиерот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, како и со министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Македонија | пред 7 години

7 год.
51352852_777130685978142_866252714139451392_n

Силјановска за Пендаровски: Ваквиот почеток на кампањата навестува атмосфера на недоверба, ширење параноја, застрашување

Гордана Силјановска – Давкова, претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, на Фејсбук се осврна на изјавата на претседателскиот кандидат на СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски, дека го следела тајна разузнавачка служба, блиска до опозицијата.„Мнозина се прашуваат каква ќе биде изборната кампања. Со право, стравуваат од негативна и валкана кампања, во која противкандидатот/противкандидатката ќе се дискредитира по лична основа, со ad hominem напади, и ќе се претставува како непријател наместо како конкурент во претседателска трка. Веќе реков дека тоа не е мој стил и дека ќе дадам максимален напор натпреварот со двајцата колеги-професори да биде таков каков што ни доликува и каков што од нас очекуваат граѓаните.Со видео порака веќе изразив загриженост околу тврдењата на колегата, проф. Стево Пендаровски, дека е следен од странски служби, односно од лица кои се вработени во македонскиот безбедносен сектор, а со години соработувале со тие (непријателски) служби. Покрај тоа, пратеникот Кирацовски, близок соработник на Пендаровски, обвинува дека постојат „служби на опозицијата“, заборавајќи кој е власт во оваа земја, и кој е одговорен за безбедноста не само на кандидатот Пендаровски, туку и на сите обични граѓани.Но, во оваа прилика сакам да укажам и на неколку други работи:Прво, ваквиот неформален почеток на кампањата навестува атмосфера на недоверба, ширење на (политичка) параноја, застрашување, па дури и тешки инсинуации не само за дел од вработените во нашите безбедносни служби, туку и за опозициските партии, и за мене како кандидат, како луѓе кои не само што се наводно антизападни, туку и кои се „балкански шпиони“. Влезот во НАТО и во ЕУ се тема околу која постои национален консензус, и затоа е погубно ако во кампањата влеземе како ликови кои потсетуваат на филмовите од времето на Студената војна. Присвојувањето на сѐ што е напредно и прозападно од страна на претставниците на власта, фактички, од сите останати прави анахрони „негативци“ и нѐ става во дефанзивна и инфериорна позиција. Она што го сметам за несреќна изјава на Пендаровски, се надевам, дека ќе запре тука и дека нема да се пренесе во официјалниот дел од кампањата, освен ако некој има идеја претседателските избори да ги претстави во манихејска форма како битка на Доброто и Злото, Западот и Истокот, Вашингтон и Москва.Граѓаните на Република Македонија избираат свој претседател, шеф на држава кој ќе ја претставува дома и во странство, и не е ничиј пион на шаховската табла. Како на мала земја ни се потребни сите можни пријатели и сојузници од меѓународната сцена, и тоа како за безбедносна, така и за политичка, економска, културна и друга соработка“, стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

7 год.
cveka

МВР дементира: Ниту е изречена казна, ниту е одземено цвеќе

Министерството за внатрешни работи најостро ја демантира лажната вест што ја шират дел од порталите за наводна казна и одземено цвеќе на, како што велат, "женичка во близина на Сити мол".Ниту е изречена казна, ниту е одземено цвеќе ниту станува збор за жена која продава.Имено, по претходна анонимна пријава од граѓанин, полициски службеници излегле на лице место и го легитимирале Р.М. (19) од Скопје и за тоа е направена службена белешка, при што не е изречена казна и не е одземено цвеќе.МВР апелира до граѓаните да се информираат од релевантни извори на информации и да пристапуваат критички кон порталите кои постојано продуцираат лажни вести. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
VIK_8062

Тевдовски и Жбогар во посета на новото училиште во с.Гургурница

Министерот за финансии Драган Тевдовски и амбасадорот на ЕУ во земјава Самуел Жбогар, денес (8-ми март)  ќе го посетат новото училиште во с.Гургурница, општина Брвеница. Присуство е најавено и од министерот за образование Арбер Адеми, заменик министерот за финансии Ширет Елези, Беким Имери од Канцеларијата на Светска банка и градоначалникот на Општина Брвеница, Енвер Пајазити.Новото училиште е изградено преку Проектот за подобрување на општинските услуги – МСИП, кој го спроведува Министерството за финансии со поддршка на Светска банка и Европската унија. Вкупната инвестиција за изградба на новото училиште во Гургурница е 46 милиони денари и истото ќе го посетуваат околу 200 ученици.Преку Проектот за подобрување на општински услуги се инвестира во капитални проекти кои ги подобруваат условите за живот во општините. Покрај училишта, преку проектот се финансира и изградба на градинки, водоводна мрежа, локални улици, канализации, општински згради и други капитални проекти.

Македонија | пред 7 години

7 год.
gordana-siljanovska-davkova

Силјановска: Ако Пендаровски се чувствува небезбедно, што да очекуваме ние останатите противкандидати

Кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска – Давкова се огласи на Фејсбук со реакција на изјавата на заедничкиот кандидат за претседател на државата на СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски дека го следат тајни разузнавачки служби, блиски до опозицијата.„Се прашувам ако некој кој речиси одраснал во безбедносните служби, ако некој кој бил национален советник за безбедност дури на двајца претседатели се чуствува небезбеден, што да очекуваме ние останите противкандидати за претседател на Република Македонија“, вели таа.https://www.facebook.com/kandidat.za.pretsedatel/videos/952137838316951/

Македонија | пред 7 години

7 год.
mijalkov-2

Денес се очекува пресуда за Мијалков, Тачи и ексчленовите на ДИК

Пресудата за случајот „Титаник 2“ за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година, ќе биде соопштена денес.Обвинети во предметот се лидерот на ДПА Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.Случајот го води судијата Огнен Ставрев.Одбраната во завршните зборови побара ослободителна пресуда за сите обвинети, посочувајќи дека обвинителството не изнело докази со кои се потврдува делото за кое се теретат.Според СЈО, Мијалков како директор на УБК и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го искористил своето реално влијание и моќ и преку Мендух Тачи договорил да се усвојат приговорите за прегласување на три избирачки места во Струмица на локалните избори 2013 година.Поништувањето на гласањето, според Фетаи, е егзактна пресметка на ВМРО-ДПМНЕ за тоа колку е потребно за нивниот кандидат да може да оди во втор круг, додека Тачи иако немал законско право го убедил Бедретин Ибраими да го промени своето мислење и да гласа за приговорите на ВМРО-ДПМНЕ, а за возврат како што појасни Фетаи членовите на ДИК од ВМРО-ДПМНЕ требало да гласаат за приговори на ДПА за Чаир.Другите обвинети членови на ДИК, според СЈО, ја злоупотребиле службената положба и не биле во функција на Изборниот законик, туку на партиските интересни.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања