Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
kosarka

Кошаркарите на „Академија ФМП“ од Кисела Вода го победија КК „МЗТ Скопје Аеродром 2

Екипата на КК „Академија ФМП“ од Кисела Вода во рамки на 17 коло во Втората кошаркарска лига на гостински терен во СЦ „Јане Сандански“ го надигра составот на „МЗТ Скопје Аеродром 2“, со резултат 79-88.Кошаркарите на „Академија ФМП“ ја забележаа 13 победа по ред и без пораз позиционирани се на врвот на табелата во второто по ранг кошаркарско натпрварување во државата. Најефикасен играч на натпреварот беше Стефан Донаковски со 24 постигнати поени.Денес во рамки на 18 коло, тимот на „Академија ФМП“ со почеток од 21:00 часот во спортската сала „Независна Македонија“ силите на теренот ќе ги одмери против КК „Крива Паланка“.

Спорт | пред 7 години

7 год.
darko-VMRO-DPMNE

ВМРО ДПМНЕ: Македонија го губи институционалниот идентитет како вовед во губењето на националниот

Македонија и Македонците го губат институционалниот идентитет како вовед во губењето на националниот идентитет. Предупредувавме дека со капитулацијата на Зоран Заев е загрозен идентитетот и сега гледаме како во пракса се брише се што е македонско.Зоран Заев тврдеше дека идентитетот е зачуван. Премиерот велеше дека останува придавката македонски. Спротивно на се што зборуваше Заев, деновиве сме сведоци на бришење на придавката македонски/македонска од државните институции, истакна Дарко Костовски., од ВМРО ДПМНЕ.Тој додаде:Владата објави листа со над 136 институции, кои добија нови имиња. Со промената се бришат придавките македонски/македонска, па така „Македонската радио телевизија“, станува „Национална радио телевизија“, „Македонската информативна агенција“, „Национална информативна агенција“, ЈП „Македонски шуми“, станува ЈП „Национални шуми“, додека „Македонски пошти“, по преиуменувањето на Заев е „Национална пошта“.Новите имиња на институциите може да предизвикаат проблем и во меѓународната комуникација на истите, тие не кажуваат чиви се и на која држава.Чив јавен сервис е „Националната радио телевизија“? На која држава? На која земја е ЈП „Национални шуми“? Ова е една целосна конфузија и понижување за сопствената нација приредено од Зоран Заев, човекот кој две години ништо не направи освен што ја понижува сопствената држава.Промената на имињата на институциите е доказ дека идентитетот е целосно променет. Зоран Заев ја лажеше македонската јавност кога го тврдеше спротивното.Промената на институционалниот идентитет е најголемо понижување за една нација, бидејќи со тоа таа го губи правото внатре во својата држава да се декларира како што и се чувствува и како што треба. Промената на имињата е изнасилена и наметната.Доколку е зачуван институционалниот идентитет и доколку придавките македонски/македонско остануваат, зошто сега се менуваат називите на институциите? Дали Зоран Заев се договорил зад затворени врати и нешто повеќе од тоа што првично тврдеше?Господине Заев, што уште не очекува, уште колку понижувања ќе треба да голтнат граѓаните?Понижувањата мора да запрат. Република Македонија мора да застане на нозе. СДСМ да замине, единствен начин за тоа е победа на претседателските избори, што ќе биде главна причина за распишување на предвремени парламентарни избори за промена на оваа власт, истакна Костоски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
rusi

Руски искуства за контрола на квалитетот на храната

Амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин во придружба на аташето за култура, образование, наука и спорт при Амбасадата, Михаил Крапива и почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски, денес оствари работна посета на Природно-математичкиот факултет и Факултетот за Ветеринарна медицина при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.На Природно-математичкиот факултет Н.Е. С.А. Баздникин имаше средба со деканот на Факултетот проф. д-р Ицко Ѓоргоски, Деканатската управа на факултетот и раководителите на Институтите. На средбата исто така присуствуваа и вработени на факултетот кои реализираат соработка со универзитети и институции во Руската Федерација. Присутните го информираа Амбасадорот за досегашната соработка и дадоа идеи за нејзино продлабочување, како и развивање на нови облици на соработка, особено во размената на студенти и професори.Истовремено, раководителот на Институтот за хемија, проф. д-р Марина Стефова му се заблагодари на амбасадорот за помошта на Амбасадата за учеството на претставници од Македонија на натпреварот по хемија „Менделеев“ кој ќе се одржи во Русија во месец април 2019 год. Амбасадорот изрази подготвеност да го поддржи секој вид на соработка која ќе биде во полза на академската заедница и развивањето на руско-македонските врски. На средбата со деканот на Факултетот за ветеринарана медицина, проф. д-р Лазо Пендовски и Деканатската управа на Факултетот, Амбасадорот беше информиран за соработката на Факултетот со двата најголеми Ветеринарни универзитети во Руската Федерација - Универзитетот во Москва и Универзитетот во Санкт Петербург, која се реализира преку заедничкото учество во работата на EAEVE и VetIstanbul групата, како и размената на студенти меѓу институциите која ќе започне во септември 2019 год.Исто така беше разговарно и за идеите за соработка меѓу Факултетот за ветеринарна медицина и Россељхознадзор во областа на контролата на квалитетот и безбедноста на храната, што е од интерес не само на двете институци, туку и на двете држави. По кратката средба, амбасадорот ги посети лабораториите во кои Факултетот ја реализира својата научна и апликативна дејност од областа на ветеринарната медицина и контролата на квалитетот и безбедноста на храната.

Македонија | пред 7 години

7 год.
siljanoska-goce-delcev-1

Силјановска на покана од студентите ги виде условите во студентскиот дом „Гоце Делчев“

Гордана Силјановска Давкова на својот фејсбук профил објави фотографии од студенскиот дом „Гоце Делчев. Таа напиша дека стидентите ја поканале, со цел да ги види условите во кои што живеат.Еве што напиша Силјановска Давкова:„Студентите обично ги среќавам во нашиот заеднички дом: универзитетот! Вчера ме поканија во нивниот втор дом, студентскиот дом „Гоце Делчев“ за да ги видам условите во кои живеат и учат кога не се во училницата. Насмевките и поддршката од овие луѓе се должи на нивниот оптимизам и желба да се борат за подобра Македонија во држава која ќе ги цени нивните способности и резултати. Она што не се гледа на фотографиите се тешките услови за студирање, нискиот студентски стандард и сето она што ги оптоварува младите денес. Им благодарам за убавите часови поминати со нив во кругот на студентскиот дом и во кафе-ресторанот „Форца“, за сите идеи што ми ги дадоа, и за пораките кои ги носам со себе, до крајот на битката за право и правда“, напиша Давкова на ФБ.

Скопје | пред 7 години

7 год.
ivanov-vo-kicevo

Антикорупциска започна од кабинетот на Иванов и неговите армиски унапредувања

Државната комисјиа за спречување на корупција на денешната седница соопшти дека го отвора предметот за именувањата во АРМ од претседателот Ѓорѓи Иванов. Именувањата и унаредувањата според сознанијата на ДКСК се направени во изборен период, што е казниво соглансо Изборниот законик. Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска изјави дека ќе се достави барање до Иванов за целосна документација за да можат да постапуваат по предметот.Од Кабинетот пак на претседателот Ѓорѓе Иванов испратија став за Антикорупциска која ги чешла предизборните укази.Донесените укази на претседателот Иванов се согласно член 18 од Законот за одбрана, со кој Претседателот на Република Македонија и врховен командант на Армијата поставува старешини на формациски места генерали и унапредува и разрешува генерали (точка 11) и поставува и отповикува воени претставници на Републиката во странство (точка 12).Указите се донесени на предлог на МО и ГШ на АРМ, согласно нивните надлежности, во постапка која траеше неколку месеци, а претставува редовна обврска во делокругот на непречено функционирање на државата.При донесувањето на шестте укази се испочитувани одредбите од Изборниот законик и одредбите од Законот за спречување на корупција.Ја охрабруваме Државната комисија за спречување на корупцијата да постапи по овие случаи со што би се отстраниле појавените шпекулации во јавноста, стои во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-3

Стружанец со автомобил удрил две жени – повредените пренесени во болница

На петти март оваа година, околу 17 часот на улица „Пролетерски Бригади“ во Струга, патничко возило „Опел Вектра“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(49) од Струга, удрило во пешаците А.Д.(18) и Л.И (18), двете од струшкото село Радолишта.Од ударот тие се здобиле со повреди и биле префрлени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. По укажаната помош А.Д. била задржана на понатамошно лекување, а Л.И. била пуштена на домашно лекување.Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Струга.

Македонија | пред 7 години

7 год.
lora-i-suzana

Се породи Лора – Сузана Туринџиева стана баба

Ќерката на Сузана Турунџиева, Лора Турунџиева синоќа се породи и на свет донесе момче.Сузана Турунџиева на нејзиниот фејсбук профил објави дека нејзината ќерка Лора стана мајка.„Нејзината желба да се породи природно и да ги следи инструкциите на гинеколозите беше толку силна, што 20 часа издржуваше големи болки, чекајќи се да биде природно. На крај, сепак раѓањето мораше да се заврши со царски рез. Сега имаме бебе! Двајцата се супер, а малиот шармер е ист како тато Филип, кој беше присутен во сала и за цело време на раѓањето ја држеше Лора за рака.

Магазин | пред 7 години

7 год.
IMG_1735

Доделени 37 ваучери за новороденчиња во Општина Кисела Вода

Денес секретарот на Општина Кисела Вода, Александар Алексовски додели нови 37 ваучери за новороденчиња, од кои 16 се за женски деца и 21 за машки.Општината еднократната парична помош која е во висина од 6000 денари ја доделува со цел да им излезе во пресрет за првичните потреби на семејствата кои имаат принова и се со адреса на живеење на нејзината територија.За добивање на ваучер заинтересираните потребно е да поднесат барање и со него да достават на увид важечки лични карти или други исправи за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето и фотокопија од трансакциона сметка. Барањата треба да се поднесат во рок од 90 дена од моментот на раѓање на детето. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
talir

Одложено судењето за „Талир“ – опомена за ВМРО ДПМНЕ

Заради отсуство на одбраната на ВМРО-ДПМНЕ, денешното судење за случајот „Талир“ се одложи.Судијата Осман Шабани предупреди дека следен пат вакви одложувања судот нема да прифати и дека ќе бидат санкционирани.Во „Талир“ обвинети се 14 лица за нелегално финансирање на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. По барање на СЈО замрзнат е и дел од имотот на партијата, меѓу кои и на зградата во која е штабот на партијата. Ова афера беше објавена на 22 мај 2017 година кога прво СЈО ги осомничи, а потоа и обвини сите 14 лица, меѓу нив и екс премиерот Никола Груевски.Судењето е презакажано за 2 април.

пред 7 години

7 год.
grcija-migranti

Татко и две деца се удавија кај грчкиот остров Самос

Најмалку три лица, меѓу кои две деца загинаа во потонат брод со мигранти на источниот брег на грчкиот остров Самос. Грчките медиуми објавуваат дека татко и неговите четири и пол годишни синови близнаци загинаа откако чамецот со кој што се превезувале, се превртел во текот на ноќта источно од грчкиот остров Самос, јави дописничката на МИА од Атина.Во чамецот, во кој имало 12 лица, бегалци и мигранти, веројатно тргнал од Турција, а се превртел далеку од брегот. Грчката крајбрежна служба која пристигнала да помогне забележала и извлекла од морето 11 лица, додека по едно лице започнала потрага. Меѓу извлечените лица биле и двете момчиња кои починале додека траело нивното префрлање. Подоцна, било пронајдено и телото на нивниот татко, кој веројатно се удавил во обид да ги спаси неговите синови. Непознато е дали меѓу спасените девет лица, кои биле префрлени на грчкиот остров Самос, е и мајката на загинатите момчиња.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Кај гевгеличани пронајдени таблети екстази и кокаин

Двајца гевгеличани биле уапсени откако полицијата кај нив пронашла таблети екстази и кокаин.Станува збор за В.М.(34) и Ј.Р.(39), двајцата од Гевгелија. При претресот кај В.М. биле пронајдени полициски таблети екстази и кокаин. Додека, кај Ј.Р. при прегледот бил пронајден и одземен кокаин.Полицијата против двајцата ќе поднесе кривични пријазви. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-4

Полицијата го пронајде 11 годишното дете од Битола

Пронајдено 11 годишното дете од Битола и предадено на родителите.Од страна на полициски службеници е предадено на родителите 11-годишно дете за кое СВР Битола соопшти дека на 04.03. околу 14.30 часот било пријавено дека сe оддалечило од својот дом и дека претходно неколку пати се оддалечувало и се враќало.

Македонија | пред 7 години

7 год.
DSC_0008

Отворена истрага за осомничен кој направил импровизирана лабораторија за марихуана во Козле

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот го приспособил најгорниот кат од својот дом во Козле за одгледување растенија од типот Cannabis, при што направил импровизирана лабораторија со 52 растенија, импровизирана сушилница од картонски кутии каде го сушел растението, а потоа го дробел и пакувал за продажба и вршел екстракција на масло од марихуана.При претрес на домот на осомничениот била  пронајдена наркотична дрога – марихуана со вкупна нето маса од 1.324,43 грама, спакувана во повеќе различни тегли и ќеси, хашиш масло со вкупен волумен од 27 милилитри во 54 капсули, хашиш смола со вкупен волумен од 30,7 милилитри во 11 пластични шприцеви, како и дигитална вага, вентилатори, термометри, инструменти за мерење влажност, екстрактор и други апарати кои ги користел во импровизираната лабораторија.Ценејќи дека се исполнети законските основи, односно дека постои опасност осомничениот да се даде во бегство со цел да го избегне кривичниот прогон  или да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. 

пред 7 години

7 год.
zeni-prava

ЦИВИЛ бара вистинско и доследно почитување и унапредување на правата на жените

Правата на жените се човекови права што веќе 70 години се заштитени со меѓународното право и Обединетите нации. Жените имаат право да живеат ослободени од насилство, ропство и дискриминација. Жените имаат еднакви права да се школуваат, да поседуваат имот, да гласаат и да заработат фер и еднаква плата како и сите други вклучени во пазарот на трудот. За жал, насекаде во светот, па и во Република Северна Македонија, жените и девојките се соочуваат со негирање на нивните права, дискриминација и насилство, едноставно, поради нивната родова припадност.По повод Меѓународниот ден на правата на жените, 8 Март, ЦИВИЛ уште еднаш го крева гласот во поддршка на сите жени во светот, и бара да се стави крај на дискриминацијата и насилството против жените. ЦИВИЛ бара од институциите да престанат со декларативните заложби и доследно да ги спроведат сите закони за заштита на човековите права и слободи и за заштита од дискриминација по родова основа. Институциите на државата и на локалната самоуправа, како и општеството во целост, мора да работат на еманципација и почитување на правата на жените.Политиките и практиките мораат да се подобрат веднаш, без одложување, веќе до крајот на денешниот ден. Секој што го чита или слуша ова соопштение, мора да преземе итни чекори за унапредување на правата на жените.ЦИВИЛ бара од Владата да подготви законски мерки и да воведе практики на најостро санкционирање на секоја постапка што жената ја става во подредена положба или ја дискриминира на работното место, во семејството, во јавноста или на било кое друго место или ситуација. Медиумите и граѓанските организации мораат да манифестираат повисока одговорност и да работат на граѓанска едукација за правата на жените.ЦИВИЛ предлага 8 Март да се прогласи за неработен ден на сите жени во земјата.Правичната застапеност на жената од 50% во институциите и во структурите за донесување на одлуките се подразбира и мора да се спроведе веднаш.

Македонија | пред 7 години

7 год.
alkatraz

Што се крие под познатиот затвор Алкатраз?

Археолози ги потврдија долгогодишните сомнежи на некои историчари дека познатиот затвор Алкатраз е изграден на воено утврдување од времето на американската Граѓанска војна.Истражувачите пронашле неколку простории и тунели под дворот на Алкатраз, доизграден во 20. Век.Локалните медиуми пренесуваат дека истражувачите пронашле голем број соби и тунели под дворот на Алкатраз, каде што своевремено затворска казна служеше познатиот мафијаш Ал Капоне. Пронајдени с целосно закопани градби, складишта со муниција и тунели.Алкатраз првпат го привлече вниманието на американската јавност кога САД во 40-тите години од 19 век ја презедоа Калифорнија од Мексико.Над 400 затвореници, колку што има во него, поминуваат и по 23 часа целосно сами во бетонските изолирани ќелии големи два до три и пол метри.Местоположбата во заливот Сан Франциско го чини примамлив за воени цели. 

Магазин | пред 7 години

7 год.
3-2-1

Таксистите побараа од премиерот да се реши проблемот со нелегалните такси превозници

Претседателот на Владата Зоран Заев денеска прими делегација на Асоцијацијата на легални такси превозници кои на средбата ги  изразија своите очекувања за брзо донесување на законските измени со кои треба да се реши прашањето на нелегалните такси превозници и компании, можностите за целосна фискализација во такси превозот, како и за проширување на можностите за субвенции за електрични возила.На средбата премиерот Зоран Заев истакна дека прашањата што ги засегаат претставниците на Асоцијацијата на легални такси превозници, кои вработуваат повеќе од 4.000 граѓани, се од интерес и за Владата, особено во делот на фискализацијата и елиминирањето на сивата економија, и во однос на квалитетот на такси услугите за граѓаните.Како посебно значаен на средбата беше нагласен заедничкиот интерес за системско решавање на набавката на нови возила со високи еколошки стандарди и електрични автомобили, како придонес во справувањето со аерозагадувањето.

Македонија | пред 7 години

7 год.
stevo-pendarovski-1

Пендаровски: Не сум консензуален кандидат – тоа не е вистинскиот израз

Во гостување на 1ТВ,  Стево Пендаровски, кандидат за претседател на Република Македонија кој го избра СДСМ заедно со ДУИ рече дека тој не е консензуален кандидат за претседател, иако цело време така го најавуваат партиите.-Мислам дека консензуален не е вистинскиот израз. Бидејќи консензуз е комплетно, што значи дека некој треба да ги добие сите милион гласови и ништо да не оди кон другите. Мислам дека е тоа несреќен избран термин. Мислам дека најдобро е да се каже сум заеднички кандидат на две, три, десет, петнаесет партии, невладини организации итн. Тоа е најпрецизниот термин што значи консензуален, нагласи Пендаровски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
todor-cepreganov

Чепреганов: Јас не мислам на студентите да им предавам нешто за Северна Македонија

Јас не мислам на студентите да им предавам нешто за Северна Македонија, вели професорот по историја Тодор Чепреганов во неговото гостување во Само Вистина на Канал 5 телевизија.Тој посочи дека македонските учебници за разлика од останатите балкански држави меѓу кои и Бугарија и Грција најмалку се оптеретени со национализам и се направени според сите европски стандарди.– Јас сум против комисии и уште на почетокот кога  бев поканет да бидам член на оваа комисија кажав дека немам проблем со сопствената историја, сметам дека само тој што има проблем со сопствената историја ќе учествува во комисија за да решава некакви си работи- истакна Чепреганов , на Канал 5. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

КАРИЛ доби два монитора за следење витални параметри, донација од Sport Life

Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување-КАРИЛ, денеска доби донација од Sport Life, која се состои од два монитора за следење витални параметри со два модула за мерење инванзивен притисок.-Голема благодарност до компанијата за оваа донација, која е многу важна за работата на медицинскиот кадар, и донација со која значително се подобрува функционирањето на интензивното одделение на КАРИЛ, рече министерот Филипче.Станува збор за донација од обложувалницата Sport Life, во вредност од 400 илјади денари или 6,5 илјади евра.-Овие монитори се важни за нашата работа, најмногу за пациентите на интензивна нега, за активно следење витални параметри без кои не може едно современо интензивно одделение, изјави директорката на КАРИЛ, д-р Маја Мојсова Мијовска.Двата монитора ја имаат функцијата за следење на виталните параметри на пациентите, мерење крвен притисок, пулс и пулс оксиметрија, инванзивен притисок и ЕКГ. Со оваа донација, се подобруваат условите на КАРИЛ и можноста за следење на здравствената состојба на пациентите.-Sport Life, како општествено одговорна компанија ги поврзува спортот и хуманоста во едно. Особено ни е драго, што во тоа успеавме со акцијата „Голови за победа, голови за радост“, во рамки на Светското првенство во ракомет. Секој гол и успех на нашите ракометари значеше чекор поблиску до реализација на донацијата. Токму денес, имаме чест и да ја доделиме. Тоа се двата монитора за витални параметри кај пациентите, кои во соработка со Министерството за здравство се наменети за клиниката за КАРИЛ. Здравиот живот и хуманоста се дел од нас, дел од спортот и Sport Life, потенцираше претседателот на Управен одбор на Sport Life групацијата, Горан Павиќевиќ.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Реакција ВМРО ДПМНЕ: Јавниот долг ја помина психолошката бариера од 5 милијарди евра и е над 50% од БДП

За штетните економски политики на оваа власт доволно говори фактот дека Македонија минатата година ја заврши со најслаб раст на БДП во Европа и во регионот. Граѓаните чиј стандард опаѓа најдобро го чувствуваат по својот грб и по својот џеб неработењето на оваа власт. Над 500 илјади граѓани живеат во сиромаштија, а долгот за само две години е зголемен за над 500 милиони евра. Јавниот долг ја помина психолошката бариера од 5 милијарди евра и е над 50% од БДП, се вели во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ.Минатата година ја завршивме со срамна реализација на капитални инвестиции од 50%, а за првиот месец од 2019 има катастрофална реализација од само 1,09% на капитални инвестиции. Тоа значи дека парите од буџетот се трошат, а нема ниту проекти, ниту нови училишта, патишта, болници детски градинки и слично. Патем нема ниту нови фабрики и странки инвестиции иако Заев ветуваше дека во Македонија само што не пристигнале Гугл, Фејсбук и Фолксваген.Тоа што е единствена светла точка во економијата на Македонија се странските фабрики кои се отворија во ТИРЗ-овите во време на владата на ВМРО- ДПМНЕ и кои денес СДСМ ги бележи и за индустриско производство и за извоз, а додека беше во опозиција ги напаѓаше и клеветеше. Ова е целото лицемерие на СДСМ на дело, се вели во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ. 

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања