Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
dario-nikolovski-777x437

Николовски: Ако се констатираат неправилности ќе се бара одговорност за паднатиот таван во „Стив Наумов“

Во инцидентот немаше повредени. Паѓањето е последица на неквалитетната реконструкција на тоалетите пред неколку години, што е уште една од низата проблеми што ги остави претходното раководство – изјави директорот на студентскиот дом „Стив Наумов“, Дарио Николовски во интервју за „1ТВ“.Според директорот веројатно немало ставено изолација за влага и затоа се случило ова.-Потребни се и нови објекти, но неопходна е една добра реконструкција, поготово во Стив Наумов. Во два блока од „Гоце Делчев“ заврши реконструкцијата и тие сега ги задоволуваат стандардите – рече Наумовски.На прашањето, дали ќе има одговорност за паднатите тавани, тој одговори дека ќе биде побарана ревизија, и доколку се констатираат неправилности ќе се бара одговорност. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Силјановска: Името ни е Македонија и имаме вековна обврска да го пренесеме на идните генерации

Кандидатот за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова за време на денешната посета на Радовиш изјави дека таа никогаш нема да го употреби името Северна Македонија.Државата тие сега ја нарекуваат Северна Македонија, ние никогаш тоа име нема да го употребиме оти ако во времето кога ги прекрстувале нашите баби и дедовци, тие не го употребувале тоа презиме, другите ги нарекувале така. Но тие биле спремни да бидат поведени под тортура, зошти ние не би можеле тоа. Да им покажеме дека може каде сакаат да го стават името, на улиците, дека ќе го пречкртуваат луѓето, меѓутоа тоа зборува за нив, не за нас. Ние сме наследиле име и имаме вековна обврска да го пренесеме тоа на оние кои доаѓаа по нас.https://www.facebook.com/kandidat.za.pretsedatel/videos/361942921319119/

Македонија | пред 7 години

7 год.
siljanovska

ВИДЕО: Силјановска сака шминката што ја мачка, да може да ја јаде

Како и сите жени и јас сум многу личности во една. Професорка, мајка која е цел живот и која не заминала како најдобра ученичка  во САД затоа што 17-годишна возраст мислела дека Америка ја пронашла Македонија, вели Гордана Силјановска Давкова, во интервју  за Бекстејџ.„Гордана е дете кога плива и кога игра рок енд рол, кога возела ролшули и победувала на натпревари, таа е талкач по скопските улици, сака да се дружи со кучето и мачето бидејќи и помагаат да се справи со проблемите заради безрезервната љубов.Ние сме либерално семејство во кое се вели не ми кажувај покажи ми. Моите деца се свои и самојстојни. Иако двајцата студирале на правниот факултет никој не знаел дека се мои деца.Јас сум вегетаријанка повеќе од 30 години. Правам се од органско потекло, но на моето семејство не му го наметнувам тоа. Сакам да пешачам, а сакам и јога. Тоа ми помага како што велат јапонците да го најдам своето ики гаи.Не е важно дали е нешто скапо или брендирано. Важно е како ќе го ускладите и носите. Јас сакам органска козметика бидејќи сум имала проблеми со алергиите. Сакам преку лето тоа што го мачкам на косата и на лицето да го јадам“, вели Силјановска. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
gumi-Ohrid

(ВИДЕО) Густ црн чад и ужасен мирис - се горат гуми на влезот од Охрид

На влезот од Охрид кај Петљата се горат гуми. Густ црн чад може да се забележи на огромна далечина. Покрај чадот граѓаните кои живеат во Овој дел измаѓу Струга и Охрид се жалат на многу непријатна миризба која ги гуши.Кој гори гуми и зошто треба да откријат надлежните инспекции.https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/809061672759993/

Македонија | пред 7 години

7 год.
stop-policija

СВР Битола, ловеше прекршувачи на законите

На 05.03.2019 полициски службеници во Секторот за внатрешни работи Битола извршиле контрола за брзина, зимска опрема, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, товарни возила, сигурносен појас, светло, при што биле контролирани 445 возила.При контролата, констатирано е дека 20 возачи го управувале возилото со поголема брзина од дозволената, седум возачи управувале без возачка дозвола, кај пет возачи е утврдено присутво на алкохол и истите се отсртанети од сообраќај. Нерегистрирани биле четири возила, на мобилен разговарале двајца возачи и шест возачи не користеле сигурносен појас. Исто така, осум возачи се писмено опоменати, а на 48 возачи изготвени им се мандатни платни налози и ќе се соочат со соодветни глоби, а исто така изготвени се и 17 прекршочни налози. Исто така, при контролата откриени се и други 18 видови останати прекршоци.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mvr

Сликал медицинска документација и уценувал жена

СВР Струмица поднесе кривична пријава против М.Г.(24) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“.  Пријавениот со мобилен телефон направил фотографии од медицинска документација на Ј.Д., по што, со закана дека наведените фотографии ќе ги прикаже на трети лица, а подоцна и го сторил, ја принудил Ј.Д. во два наврати да му даде 15.000 денари.

Македонија | пред 7 години

7 год.
BUTEL3

Бронзена биста украдена од гробиштата Бутел

На 05.03.2019 во 12.30 часот во СВР Скопје, В.С.Ч.(76) од Скопје пријавила дека во период од 12.02-01.03.2019 од парцела на гробиштата „Бутел“ во Скопје непознат сторител извршил тешка кражба. Сторителот со употреба на сила и погоден предмет одзел една бронзена биста. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Ограбена спортска обложувалница

На 05.03.2019 околу 23.15 во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на улица „Иван Хаџиниколов“ две непознати лица извршиле разбојништво. Сторителите со закана од вработениот одзеле пари и побегнале. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
mvr1

23 годишно лице го напуштил домот – МВР го бара

На 05.03.2019 во 12.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, М.Т.(41) од Скопје пријавила дека од својот дом се оддалечил нејзиниот син А.Т.(23), кој претходно неколку пати го напуштал домот и се враќал. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Кривична пријава за даночно затајување во Куманово

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Д.(45) од Куманово и ДПТУ „Алуна Тим“ ДОО Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“. Првопријавениот, како управител на второпријавеното правно лице, во годишната даночна пријава за 2017 прикажал добивка со намален износ за 11.974.861 денари од реално остварената добивка на второпријавеното правно лице, по што извршил уплата на данок во износ намален за 1.197.486 денари. На овој начин, првопријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 1.197.486 денари на штета на Буџетот на РСМ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mvr

Стружанец упатувал закани по животот кон инспектори по риболов

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Д.С.(27) од село Радожда, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. На 31.01.2018 на крајбрежјето на Охридското езеро, во правец кон село Радожда, пријавениот упатувал закани по животот кон инспектори по риболов од Државниот инспекторат за земјоделие, кои вршеле службени активности. Исто така, фрлил дрво кон нив и повредил еден инспектор.

Македонија | пред 7 години

7 год.
IMG_7893

Меѓуинституционална соработка за борба против корупцијата и перење пари

Денеска во Владата на Република Македонија се одржа Свечено потпишување на Меморандум за соработка за користење на Системот за собирање и обработка на статистички податоци за превенција и репресија на корупција и перење пари.Поддршката за зголемена меѓуинституционална соработка и креирање на веб- алатка – “Систем за собирање и обработка на статистички податоци за превенција и репресија на корупција и перење пари“, ја дадоа педесет државни институции.Целта на овој систем е да ја зајакне соработката помеѓу сите институции вклучени во превенција и борба против корупцијата, без притоа да поднесуваат посебно барање за да добијат одредени податоци кои и онака можат да ги прибават законски. Со овој систем, се очекува значително олеснување на меѓуинституционалната комуникација, а со тоа и зголемување на ефикасноста во борбата против корупцијата и перењето пари.Потписници на овој меморандум беа и министерката за правда Рената Дескоска, министерот за надворешни работи Оливер Спасовски и министерот за информатичко општество и информации Дамјан Манчевски, кои имаа свои поздравни говори на денешното потпишување.Министерката за правда Рената Дескоска, истакна дека овој систем, веб- апликација, ќе овозможи размена на податоци за известување за тримесечните извештајни периоди без никакви дополнителни административни процедури.- Со оваа меѓу-институционална соработка, институциите-корисници ќе може да следат предмети во кривична и прекршочна постапка, дисциплински постапки со кривични предмети со коруптивен елемент, иницијативи за кривично гонење. Покрај ова, институциите-корисници ќе може да го следат постапувањето по предметите – како пријави и извештаи кои ги поднеле, оформиле или доставиле на постапување на други институции, како што се јавните обвинителства, судовите, органите за спроведување на законот и казнено-поправните установи“, потенцираше Дескоска.Министерот Спасовски истакна дека овој систем има голем потенцијал и очекува позитивни резултати и придобивки во борбата против корупцијата.-Политиката што ја прифаќа одговорноста, бескомпромисно да ги менаџира јавните интереси, а не приватните, има шанса и можност квалитетно да се спротивстави на корупцијата. Ние сме способни за една таква борба против корупцијата дотолку повеќе што во изминатиот период успешно установивме низа нормативни и други институционални механизми, што недостигаа, а се клучни за ефикасна борба против корупцијата,, рече меѓу другото во своето обраќање министерот Спасовски .Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски смета дека борбата со корупција претставува голем предизвик, затоа што подразбира менување на политичката култура, и културата на живеење, а дека успехот во таа борба е возможен само кога се има координиран пристап и кога сите чинители во општеството се свесни за важноста на искоренувањето на корупцијата. Според министерот, овој меморандум, е уште еден пример како дигитализацијата помага во борбата со корупција.-Многу често зборувам за придобивките од новите технологии, дигитализацијата и како тие ни го менуваат животот. Една од позитивните страни на дигитализирање на процесите е отстранување на човечкиот фактор, што директно влијае врз намалување на корупцијата, потенцираше Манчевски.Покрај Министерството за правда, Министерството за надворешни работи и МИОА, потписници на овој меморандум се и ДКСК, Јавното обвинителство, СЈО, Врховниот суд, Судскиот совет, Советот на Јавните обвинители, сите апелациони и основи судови во Република Северна Македонија, Државниот завод за ревизија, Агенцијата за администрација, Управата за финансиска полиција, Управата за финансиско разузнавање, Царинската управа, Управата за јавни приходи, Управата за извршување на санкциите, Агенцијата за управување со одземен имот и Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

Македонија | пред 7 години

7 год.
DSC_4312

Заев од Кавадарци: Моделот за поврат на ДДВ е готов

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и заменик-претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и координација со економските ресори Кочо Анѓушев, денеска, заедно со заинтересирани граѓани учествуваат во отворена дебата на трибината „Силна економија – шанса за сите“ во Кавадарци.Во своето воведно обраќање пред присутните бројни граѓани од Кавадарци и регионот, премиерот Заев истакна дека реформите, новите економски политики и Договорот од Преспа, како и нашето членство во НАТО, кое е во процес на ратификација во парламентите на земјите члени на алијансата, поттикнаа силни и позитивни развојни економски трендови.Во поткрепа на оваа тема, претседателот на Владата потенцираше дека 2018 година ја завршивме со рекордна вредност на странските директни инвестиции од 624,5 милиони евра, а стабилната политичка клима и поддршката на преку 250 домашни компании, обезбедија зголемен број на нови, добро платени работни места, постојан раст на просечната плата и трендови кои влијае на растот на БДП на државата како индикатор за општествен раст.„Овие економски позитивни трендови, ни овозможуваат да ги спроведеме мерките по кои се препознаваат политиките на оваа влада: Да ги враќаме парите назад кај граѓаните по многу основи. Од 1 јули ќе започне мерката за враќање на дел од данокот за додадена вредност на граѓаните. Одржавме серија состаноци со Министерството за финансии и со Управата за јавни приходи, и го создадовме моделот за враќање на ДДВ-то за граѓаните. Секој граѓанин на нашата земја на возраст од 15 години нагоре, ќе може да приложи фискални сметки од широката потрошувачка, со што секое семејство ќе може да смета дека во текот на една година назад, во семејниот буџет, ќе си врати околу 30 илјади денари“, информираше премиерот Заев.Во продолжение тој додаде дека вкупниот износ кој ќе се врати назад кај граѓаните од повратот на ДДВ, се проценува дека ќе изнесува од 60 до 100 милиони евра.Позитивните економски трендови имаат своја улога и во реализацијата на новиот пакет социјални закони со кои од сиромаштија ќе извлечат 400 илјади  наши сограѓани кои од април оваа година, откако Собранието ќе ги усвои законите. Дополнително, социјалната помош од сегашните 3900 денари, ќе порасне не нешто повеќе од 11 илјади денари, и тоа е само една нова мерка која опфаќа и многу други во системот на заштита.Освен зголемувањето на висината на социјалната помош, меѓу другото, со реформите пристапот до детскиот и образовниот додаток се зголемува за 20 пати. Од идната година детскиот додаток место досегашните 3.200 деца ќе го користат 73.500 деца, а место образовниот наместо 3.800 деца, 64.316 деца.Исто така типично четиричлено семејство место досегашните 3.000 денари социјална помош ќе зема гарантиран минимален приход од над 10.000 денари, односно секое домаќинство ќе добива паричен надомест според социјалниот ризик во кој што се наоѓа.„Трендот на растот на платите од 6% на годишно ниво, најавува дека во 2020 година ќе оствариме просечна плата од 500 евра“, нагласи на трибината „Силна економија – шанса за сите“ во Кавадарци Претседателот на Владата на РСМ Зоран Заев.Трибината, која е во тек, ќе продолжи со обраќањето на заменик- претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и координација со економските ресори Кочо Анѓушев и со прашања од граѓаните.

Македонија | пред 7 години

7 год.
DSC_0043

(ФОТО И ВИДЕО) Приведен дилер од Скопје, пронајдени хашиш и марихуана

Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за недозволена трговија – Одделение за недозволена трговија со дрога, со кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје го предаде Н.Б.(31) од Скопје, поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик на РМ.Имено, вчера (05.03.) врз основа на претходно добиени оперативни сознанија, по издадена судска наредба извршен е претрес на дом кај пријавениот во Скопје. При извршениот претрес во станот пронајдени се 52 саксии со стебла Cannabis, 1 килограм 324,43 грама марихуана, 54 капсули со вкупен волумен од 27 ml хашиш-масло, 11 шприцеви со 30,7 ml хашиш-смола, неколку семки Cannabis и вага на која имало остатоци од марихуана и хероин. Во станот исто така имало и инсталиран систем – импровизирана лабараторија за одгледување и производство на растенија кои припаѓаат на растителниот род Cannabis и производство на уље од Канабис (сијалици HPS, вентилатори, екстрактор за производство на уље од Cannabis, апарат за вакумирање, лед сијалици, термометри и тајмери, импровизирани сушари , апарат за навлажнување на воздух, стабилизатори за струја, карбон филтер со мотор и канти со непозната течност).

Скопје | пред 7 години

7 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ во паника, а граѓаните го препознаваат вистинскиот претседател - Стево Пендаровски

Разбирлива е нервозата и паниката на ВМРО ДПМНЕ од кандидатурата на Стево Пендаровски за претседател на Република Северна Македонија, се вели во соопштението од СДСМ.На државата и на граѓаните не им е потребен нов партиски послушник, не им е потребен нов Ѓорге Иванов кој ќе работи спротивно на националните и државни интереси.На граѓаните, на државата потребен им е вистински претседател кој влева доверба и сигурност, претседател заедно со демократските и прогресивни сили ќе ја поведе Северна Македонија кон развој и напредок, кон ЕУ и НАТО, а тоа е Стево.60 пратеници со својот потпис дадоа поддршка на кандидатурата на Стево Пендаровски за претседател на државата, а таква можност ќе имаат и граѓаните.Овојпат граѓаните ќе го изберат вистинскиот претседател на Република Северна Македоија-Стево Пендаровски, велат од СДСМ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Slika-Remenski

Ременски: Имаме шанса да создадеме агенција што нема да биде злоупотребувана во политички цели

Реформата на безбедносно – разузанавачки заедници во државата е особено потребна за обезбедување висок степен на ефикасност и успешно функционирање на безбедносните служби, посочи потпретседателката на СДСМ Фросина Ременски, во своето обраќање на 90 седница на Собранието на Република Северна Македонија.- Со овој закон, Законот за коориднација на безбедносно-разузнавачката заедница, за првпат по толку години, имаме шанса да конституираме агенција којашто нема да биде злоупотребувана во политички цели. Оваа реформа се отвора по неколку години години законско нерегулирање на безбедносните служби и можеби отткука, безбедносните структури свесно создавале можности за злоупотреба на службите, со тоа што ја оставале да делува надвор од законски утврдени рамки. Сега, имаме можност тоа да го корегираме и уредиме без да стравуваме дека во инднина ќе ни се случуваат работи што ги сведочевме во минатото, истакна Ременски Ременски посочи дека особено важно е реформите на безбедносните служби да не бидат сфатени како политички реваншизам, бидејќи нивната единствена улога е професионализирање на безбедносниот систем и негово ослободување од партиски и политички влијанија.- Силно ќе се заложам оваа реформа да не добие епитет на политички реваншизам, бидејќи како пратеници и предлагачи на Законот не смее да си дзоволиме таков товар. Но во ниту еден случај не треба да дозволиме, реформата да ја прават оние кои биле директно вмешани во злоупотребата на безбедносните служби. Ќе сторам се за да имаме дебата во која ќе се вреднува професионализмот, но не оној професионализам што значи успешен и сомнителен транзит од една кон друга политичка структура, туку професионализам што треба да обезбеди лојалност кон државата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
slaveva-za-zdravstvo

(ВИДЕО) ВМРО ДПМНЕ: Заеви по виенски балови, а здравството зависи од донации

Денеска почина уште едно девојче на возраст од две ипол години од наводна бактериска инфекција. Вчера почина 12 годишно девојче, едно од низата кои починаа од грип. Досега грипот однесе 5 животи од кои едно е 5 годишно девојче, 14 годишно девојче, 12 годишно девојче, 25 годишна девојка и 80 годишен маж. Уште колку животи треба да згаснат за министерот Филипче посериозно да се зафати со работата, да се свести и да прогласи епидемија? Одговорност за ова од Филипче нема. Заеви се расфрлаат со пари по виенски балови и луксузни спа центри, а здравствената нега зависи од донации, истакна Маја Славева од ВМРО ДПМНЕ.Додека Филипче шета и се фали со донации, македонското здравство паѓа на сите листи во светот.Пред неколку дена заради хаосот во македонското здравство во извештајот „Најздрава нација во светот“ од можни 56 места се најдовме на 56-то место.Денес според Европскиот здравствен потрошувачки индекс (ЕХЦИ), што претставува обид за мерење и рангирање на имплементацијата на здравствената заштита од гледна точка на потрошувачот или примателот на услугата бележиме пад од 9 места. Македонија во 2014 година беше прогласена за „Ракета на годината“, кога го зазеде 16-тото место со 700 бодови, што беше скок од 11 места. И во последниот извештај се посочува дека на ниту една земја не и успеало само за една година да се искачи за 11 позиции.Што се случи од тогаш до сега? Одговорот е јасен, на македонското здравство му се случија аболицираниот Зоран Заев и неспособниот Венко Филипче. Затоа здравството тоне, а граѓаните ја плаќаат неспособноста со своите животи и животите на своите најблиски.Време е за одговорност, бидејќи хаосот во здравството станува се поголем. Господине Филипче поднесете си оставка и спасете ги граѓаните, истакна Славева.

Македонија | пред 7 години

7 год.
DSC_01

Средба Мицкоски – Тицињски, разговараа за актуелните политички случувања

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес , оствари средба со Амбасадорот на Република Полска во Република Македонија, Војциех Тицињски.На средбата се разговараше за актуелните политички и економски случувања во Република Македонија, како и политичкиот прогон кој го спроведува власта кон политичките неистомисленици.Главниот проблем во државата е недостатокот на правдата и проблемите со владеење на правото, посочи Мицкоски.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го информираше амбасадорот за политичкиот реваншизам кој го спроведува власта кон политичките противници.Мицкоски истакна дека интеграцијата на Македонија во ЕУ и во НАТО е клучната стратешка определба на ВМРО-ДПМНЕ. Соговорниците се согласија дека вистинските реформи и Евроатланската интеграција на Македонија е клучна за стабилноста во регионот, а искуството и помошта од Полска при овие процеси е од огромно значење за државата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
za-mlekoproizvoditeli

Николовски: Креираме развојни политики за млекопроизводството

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска ја проследи презентацијата на документот за јавни политики во секторот на млекопроизводството, изработена од УСАИД и Здружението на производители и преработувачи на млечни производи „Знак за квалитет“.Целта на овој документ е да ги лоцираат слабостите во фукционирањето на овој сектор кој ја ограничуваат неговата продуктивност, како и да понуди насоки за подготовка на мерки и стратегии за понатамошен развој.“Тука сме да ги слушнеме предлозите, да ги искористиме препораките од овој документ и заеднички да креираме развојни политики за млекопроизводството.Овој документ и целата дебата верувам дека ни помогне да подготвиме соодветни мерки и политики за развој на млекопроизводството. Ние како министерство работиме на развој на млекопроизводството преку  програмите за финанасикиска подршка во земјоделството и руралниот развој. Во годинешната Програма за рурален развој ја зголемивме финансиската поддршка за мерката за набавка на приплоден добиток од 14 милиони денари на 91 милиони денари. За поголема сигурност во инвестицијата фармерите кои планираат да инвестираат во добиток, прво ќе склучат договор за поддршка со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, па потоа ќе ја реализираат инвестицијата. Оваа мерка е важна за подобрување на генетскиот потенцијал, што крајно ќе лијае и врз квалитетот на финалион производ“, изјави Николовски.При тоа Николовски посочи дека освен мерките од Програмите за  финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, како дополнителна можност за поттикнување на сточасртвото вклучително и на млекопроизводството се и мерките од ИПАРД 2 програмата, кои нудат можности за инвестиции во изградба или реконструкција на фарми за добиток, објекти за добиточна храна, складишта за храна, опрема за земјоделство, изградба на млекарници и друго.Во изминатите 20 години, УСАИД го поддржува развојот на млекопроизводството во Република Северна Македонија преку низа на проекти насочени кон различни делови од вредносниот ланец. Најновиот од овие проекти е Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем, кој во партнерство со водечки компании од овој сектор како млекари, продавачи на сточна храна и опрема, големи фарми, и друго, ко-инвестира во развојот на нивните вредносни ланци, поточно во зголемување на приносите и квалитетот на сировото млеку преку обуки н набавк на современе опрема за комерцијалните млекопроизводители.Соработката помеѓу МЗШВ, Здружението „Знак за квалитет“ и Проектот на УСАИД за развој на деловниот еко-систем е од посебна важност. Според препораките од документот за политките за млекопроизводството, заеднички со здружението „Знак за квалитет“ и со Проектот ќе работиме на зголемување на искористеноста на ИПАРД средства за развој и инвестирање во сточарските фарми според европските стандарди. Во таа насока рамки на проектот за почеток е предвидено да се одберат 3 рурални општини препорачани од млекарите за пилотирање на процес за аплицирање за ИПАРД за урбанизација на земјоделски зони и инвестиции на фарми.

Македонија | пред 7 години

7 год.
plazi-ezero

(ВИДЕО) Надлежностите над плажите на Охрид и Струга за брзо ќе ги превземе државата

За една недела во собрание влегува законот за градежно земјиште. Тоа ќе значи дека надлежностите над плажите на Охрид и Струга ќе бидат под државата, а нема да бидат под локално ниво.„Поради сите проблеми кои очигледно локалните власти не можат да ги решат, државата смета дека на подобар начин тоа може да го направи. Пратенички прашања беа поставени во четвртокот, во делот во надлежност на животната средина и дел во рамки на министерство за транспорт и врски . Државниот градежен инспектор во неколку наврати има извршено контрола во делот на министерството за транспорт и врски, каде се извршени вонредни надзори и се донесени одредени решенија. Трската и депониите се во надлежност на министерството за животна средина. Дел од мерките кои ги превзема Владата на Р Македонија е предлагање закон за одземење на надлежности во делот на крајбрежјето и плажите. Со тоа централната власт ќе управува со плажите, истакна денес Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески .Но, за одземање на надлежностите Владата за прв пат јано проговори на собраниска седница на 27 декември 2018 год.Тогаш Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, одговарајќи на пратеничко прашање истакна дека Владата на Република Македонија размислува за одделување на надлежностите на општините Охрид и Струга во врска со стопанисувањето со крајбрежниот појас на езерото.– Соочени сме со овој проблем. Ингеренциите во моментов се кај општините Охрид и Струга. Во делот со постапување со овие вредности, општинските градежни инспектори, претходно беше покрената иницијатива за вонредни надзори со цел секаде каде има пропусти на овој дел, посебно на плажите, да биде постапено. Во неколку наврати тоа е направено. Владата размислува и ги разгледува сите опции за плажите да се одделат од надлежностите и стопанисувањето со плажите за да не ни се случуваат вакви работи. Во моментов се бара законска опција за тоа. Ова сепак не значи дека ќе се одземат комплетно ингеренциите. Ги знам заклучоците од надзорната расправа на УНЕСКО и врз база на тоа ќе се разгледаат сите опции за да се овозможи државата да стопанисува со крајбрежното подрачје во Охрид и Струга, преку Министерството за транспорт и врски, истакна Сугарески.Тој тогаш потенцираше дека во најбрз рок ќе се поднесат измените и надополнувањата во законот со цел да со плажите да располага Министерстото за транспорт и врски и Владата на Република Македонија.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања