Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
Нема фотографија

Седум сообраќајки во Скопје, три лица со тешки повреди

Во текот на вчерашниот ден (12.03.2019) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 26 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.Од сообраќај се исклучени 32 возачи од кои: еден возач затоа што управувал возило под дејство на алкохол, 27 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и четири возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така, исклучени од сообраќај се и 26 возила бидејќи 23 биле нерегистрирани, две возила биле технички неисправни и едно возило било со претовар.Санкциониран е еден возач поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, двајца возачи поради неправилно престигнување, девет поради неправилно престројување, двајца поради недавање првенство на минување на возила на крстосница, осум возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 18 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.Во текот на изминатите денови издадени се 115 мандатни платни налози и 87 возила се подигнати со специјално возило "пајак". Изминатиот ден се случиле седум  сообраќајни незгоди во кои три лица се здобиле со тешки телесни повреди, а две лица поминале со телесни повреди.

Скопје | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Тешка сообраќајка во Струмица, возачот итно пренесен во Скопје

На 12.03.2019 во 16.45 часот на крстосница од регионалниот пат село Куклиш-село Банско, во село Мокриево-струмичко, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(59) од Струмица и мотоцикл „Јамаха“ без регистарски ознаки, управуван од К.Т.(30) од село Мокрино.Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, кој по укажаната помош во Медицинскиот центар во Струмица, бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
2-3

Џафери се сретна со министерот за надворешни работи на Романија

Во рамки на работната посета на Романија по повод присуството на чинот на ратификација на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО алијансата во Сенатот на Романија, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, во придружба на претседателот на Пратеничката група за соработка со Романија, г. Панчо Минов, оствари билатерална средба со министерот за надворешни работи на Романија, г. Теодор Виорел Мелескану.Министерот Мелескану му посака добредојде на претседателот Џафери и воедно упати честитки за усвоените уставни измени и досегашните успешни чекори во реформскиот и интеграцискиот процес. Тој истакна дека Романија досега пружила безрезервна поддршка на нашата земја во нејзиниот пат кон членство во НАТО и ЕУ, а сега со романското претседателство со Советот на ЕУ, директно ќе се залага за Република Северна Македонија во јуни да добие покана за датум за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ. Министерот Мелескану потсети дека Романија како една од помладите членки во ЕУ, подготвена е да ги сподели искуствата и експертизата за текот на процесот и отворањето на Поглавјата за полноправно членство во ЕУ.Претседателот Џафери изрази големо задоволство од средбата и се заблагодари за безусловната и постојана поддршка на Романија на нашиот пат кон целосна евроатланска интеграција. Тој подвлече дека Република Северна Македонија се залага за градење на добри и конструктивни билатерални односи со Романија, базирани врз конструктивен и отворен политички дијалог, партнерски однос и заемна соработка, особено на културен, образовен и економски план.Соговорниците се осврнаа и на економската соработка, преку креирање на заемен Бизнис форум и трговска размена, а разговараа и за унапредувањето на правата на малцинствата претставувани во двете земји. Тие се согласија дека во иднина ќе продолжат со зајакнување на натамошната соработка и поддршка меѓу двете пријателски земји.

Македонија | пред 6 години

6 год.
brza-pomos

Автомобил удрил пешак во Прилеп, итно пренесен во болница

На 12.03.2019 во 19.20 часот на улица „Александар Македонски“ во Прилеп, патничко возило „Опел астра“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од З.Н.(54) од Прилеп, удрило во пешакот К.Ј.(29) од Прилеп.К.Ј. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во болницата во Прилеп.Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Автобус на ЈСП удри во пешак

На 12.03.2019 во 14.15 часот на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје, автобус на ЈСП, управуван од С.С.(53) од Скопје, удрил во пешакот И.Џ.(66) од Скопје. И.Џ. се здобила со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“.Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

6 год.
ojo

Побаран притвор за осомничен за неовластена продажба на дрога

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување на истражна постапка против едно 48-годишно лице , поради постоење на основано сомнение дека  сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот во својот дом неовластено држел заради продажба наркотична дрога – марихуана со вкупна нето маса од 293,71 грама, пет шприца со наркотична дрога – хашиш смола со вкупен волумен од 47,5 милилитри, семки од растението канабис со нето маса од 21,41 грама и 6 таблети со зелена боја и активна компонента 3,4 метилен-диоксиметамфеамин (MDMA). При претресот во домот била пронајдена и една дигитална вага со остатоци од марихуана.Бидејќи постојат околности што укажуваат на постоење на опасност од бегство и особени околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе го повтори делото, надлежен јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и предлог за определување мерка притвор. 

пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Заев ја посрамоти државата најгрозоморниот настан во историјата, Холокаустот - го нарече - традиција

Зоран Заев по втор пат ги наруши односите на Република Македонија со Израел. Заев ја посрамоти државата и го нарече најгрозоморниот настан во историјата на човештвото - Холокаустот - еврејска традиција, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Власта не успеа да го сокрие срамот. Медиумите од целиот регион експресно ја пренесоа веста и Република Македонија повторно беше најактуелна тема, но за потсмев и срам.Заев по втор пат ги наруши односите она Израел и ги навреди евреите, откако уште во 2015 година се фалеше дека остварил средба со израелскиот премиер, Шалом и разговарал за безбедносно финансиски прашања, па веднаш после тоа беше експресно демантиран.Заев е човек кој ја руши репутацијата на Република Македонија кога и каде стигне.Зоран Заев ги нарушува односите со нашите стратешки партнери и го загрозува угледот на земјата.Зоран Заев и СДСМ мора да си заминат. Потребно е масовно излегување на претстојните претседателски и гласање за Гордана Силјановска Давкова, што ќе биде главна причина за распишување на предвремени парламентарни избори и крај на владата на Зоран Заев и СДСМ, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Пратениците на студиска посета во Холандија за правата на ЛГБТИ лицата

Пратеници, членови на Интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ лицата ќе учествуваат на студиска посета во Холандија, во периодот од 13.3.2019 до 16.3.2019 година. На студиската посета ќе земат учество координаторката Маја Морачанин, заменик-координаторот Павле Богоевски и пратеничките Лилјана Поповска, Славица Шуманска-Митева, Јагода Шахпаска, Снежана Калеска-Ванчева и Емилија Александрова.Поканата за учество на студиската посета е од организацијата ХЕРА - Асоцијација за здравствена едукација и истражување, во рамките на Проектот „Собранието и локалната самоуправа во унапредувањето на правата на ЛГБТИ луѓето“, а поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија.Целта на посетата е презентирање на најдобрите парламентарни пракси за работа на ова поле, како и презентирање на пракси за подигнување на свеста за ненасилство, спречување на говор на омраза и дискриминација.Во рамки на студиската посета предвидена е посета на Парламентот во Хаг и средба со пратениците одговорни за креирање на политиките од областа на ЛГБТИ прашањата, средби со локални политичари, посета на институциии и средби со невладини организации, кои работат на застапување заедно со холандските пратеници.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Папата во земјава ќе престојува 10 часа

Прес-службата на Ватикан објави програма за посета на папата Френсис на Бугарија и Северна Македонија, која ќе се одржи на 5-7 мај 2010 година Папата ќе пристигне во Софија на 5 мај во 10 часот.Папата ќе пристигне во Софија на 5 мај во 10 часот. На аеродромот тој ќе биде пречекан од премиерот Бојко Борисов, потоа шефот на римокатоличката црква ќе ја посети бугарската патријаршија, а  во храмот “Св. Александар Невски “папата Франциск  ќе се помоли пред престолот на Св. Кирил и Методиј, просветители на Словените и покровители на Европа.На 7 мај,  папата ќе ја напушти Софија и заминува за Скопје. По состанокот со претседателот и премиерот на Северна Македонија во просториите на претседателската резиденција , папата Франциск ќе се обрати до претставниците на властите и дипломатите. Потоа, шефот на римокатоличката црква ќе го посети спомен куќата  на познатата Мајка Тереза ​​. Тука ќе има молитва и средба со сиромашните луѓе и верници.Папата во Македонија доаѓа за прв пат а ќе остане само 10 часа. Доаѓа од Софија, на скопскиот аеродром ќе слета во 8 часот и 15 минути а си заминува во 18 часот и 30 минути.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Mitko-Cavkov

Близок пријател го издал Чавков дека планира да бега

Решението за одредување на мерка притвор за поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков, се базира на службена белешка од сознанија добиени од негов пријател. Според оперативните сознанија на Бирото за јавна безбедност, Чавков има вила на Халкидики каде планирал да избега пред да му биде изречена пресудата за 27 април, објави фокус.мк.„По остварена средба со близок пријател, подносителот на службената белешка добил инфорамција дека обвинетиот во случајот за „27 април“, Митко Чавков, поседува вила на Халкидики Р. Грција, каде истиот планира, пред да биде изречена пресудата во петок (15.03.2019 година), да ја напушти државата, односно да се даде во бегство, при што се напоменува дека пријателската врска е во многу блиски релации со семејството на обвинетиот“, стои во решението на судот со кое се уважува барањето на Основното јавно обвинителство да биде определена мерка притвор. 

пред 6 години

6 год.
cavkov

Ќерката на Чавков: Ај докажете дека има вила на Халкидики, тоа го измисливте под притисок и закани

По апсењето на бившиот министер за внатрешни работи Митко Чавков, на својот фејсбук профил се огласи неговата ќерка Зорица Чавкова. Таа на ФБ напиша:„ Го повикувам обвинителството јавно да обзнани барем еден доказ со кој се потврдува информацијата, од службената белешка на МВР, дека Чавков поседува вила на Халкикиди и дека планирал бегство. Верувам дека оваа белешка е измислена под притисок и закани од нарачителите и дека ќе се разоткријат сите. За овој случај ќе бидат известени сите меѓународни субјекти, сите амбасади, нашиша Зорица Чавкова.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10157149337658874&set=a.10151204259878874&type=3&theater

пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

4 години живеел со мртвото тело на неговата мајка, за да ја зема пензијата

Маж од Ријека го прекрил телото на мртвата мајка со ќебиња и ѓубре и така живеел во станот цели четири години.Обвинителството од Ријека покрена обвинение против 49 годишен маж поради неколку кривични дела меѓу кои и измама и повреда на мирот на покојно лице. Тој четири години живеел со мртвото тело на мајката , за да дојде до парите од нејзината пензија.На 22 септември 2017, тој предизвикал и пожар во зградата , кој бил локализиран со брза интервенција на пожарникарите.На мажот ќе му се суди во отсуство , поради тоа што е во бегство.

Свет | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Јавна расправа за изградба на спортско адреналински парк во Карпош

Денеска со почеток во 10 часот, во просториите на У.З. „Кузман Јосифоски Питу“ (ул. Стрезово бр.7 – Козле), ќе се одржи презентација и јавна расправа за Планот за управување со животната средина за изградба на „Спортско адреналински парк – Карпош“ во Општина Карпош.На средбата ќе присуствуваат и претставници од граѓанскиот сектор, бизнис секторот и локалната самоуправа кои се активни и работат во областа на одржлив развој и животна средина, како и засегнати и заинтересирани граѓани на Општина Карпош.

Скопје | пред 6 години

6 год.
bakterija

Дечиња од градинка во Чаир заразени со бактеријата ,,МРСА‘‘

Бактеријата ,,МРСА‘‘ се потврди по контралата направена во градинка и училиште во општината Чаир. Според информациите од ДСЗИ, бактеријата е пронајдена кај од  големата група во градинката ,,Снегулка‘‘ и едно дете од второ одделение во учиштето ,,Панајот Гиновски‘‘.Сите дечиња се на домашно лекување, а ќе се вратат во образовните институции откако ќе биде потврдено дека ја немаат бактеријата.Инаку ,,МРСА‘‘  е бактерија од групата на стафилококни бактерии и е отпорна на повеќе антибиотици.Една таква бактерија е и MRSA или Метицилин резистентен стафилокок. Станува збор бактеријата Staphilococcus aureus која развила специфична отпорност на почеток на дејството на пеницилинот, а потоа и на делувањето на антибиотикот метицилин и слични антистафилококни лекови кои припаѓаат на групата бета-лактамази.Оваа бактерија често се наоѓа на кожата и слузниците на човекот. Бактеријата кај здравите лица не предизвикува никакви симптоми и тие се само преносители на бактеријата. Бактеријата може да се пренесе преку физички контакт, преку кожата или пак преку кивање или близок контакт со преносителот, пишува Рак.мк.Иако бактеријата кај здравите луѓе со јак имунитет не предизвикува болест, таа може да предизвика сериозни инфекции кај лицата со намален имунитет и со оштетена кожа или слузници. Доколку продре под кожата или во телото, може да предизвика сериозни заболувања како: гнојни инфекции на кожата, воспаление на дишните патишта, пневмонија.За да се заштитиме од инфекцијата со оваа форма на стафилококна бактерија, секако треба да водиме сметка за правилната и редовна лична хигиена.

Скопје | пред 6 години

6 год.
gordan-kalajdziev-520x297

Калајџиев за притворот на Чавков: Досега немало притвор пред објавување на пресуда, изгледа се спрема тешка казна

Професорот Гордан Калајџиев во вечерашното гостување на телевизија 24 рече дека е изненаден од вечерашното притворање на Митко Чавков на неколку дена пред објавување на пресудата за 27 април.-Јас бев изненаден со денешната одлука. Ваков преседан досега не сме имале, притвор пред објавување на пресудата. Она што ги плаши луѓето е дека е веќе падната одлуката и дека се спрема тешка казна. Морам да признаам дека сум изненаден од оваа одлука, рече Калајџиев.

Македонија | пред 6 години

6 год.
oliver-belopeta

Белопета: Некој намерно ги криел документите во Министерство за култура

Директорот на скопскиот Џез фестивал, Оливер Белопета во разговор за Фактор во врска со распределбата на средствата на Министерството за култура, изјави дека вакво водење на постапките за доделување на средства за годишната програма нема никаде на Балканот, а веќе ниту во африканските држави.“Ова е период кога би сакале повеќе да разговараме за програми, но ете во 21 век Министерството за култура функционира како да се наоѓа во Бурунди и практично корисниците дури денеска нешто дознаа со кои средства може да располагаат. Инаку, на првата објава која беше на 8 февруари Џез фестивалот и Оф фест беа изоставени со образложение дека не сме поднеле документи, згора на се имаше груби зборови од министерот дека не сме сакале да поднесеме, дека сме настапувале од позиција на сила, а таква моќ во државата освен политичарите не знам дали ние обичните смртници ја имаме. Од фестивалот реагиравме дека се работи за комплетни невистини, тоа и се докажа бидејќи во меѓувреме во министерството се направи увид и се утврди дека сите документи постојат, најверојатно некој намерно ги криел што е можно кривично дело кај некој член од комисијата. Немаше потреба да доставуваме дополнителни документи", вели Белопета.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

СТРАШНО СВЕДОШТВО: Пајак им го кренал возилото, тие се бунеле па алфи ги натепале

Девојка од Скопје со свој Фејсбук статус упати порака до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов и градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ да размислат дали нешто треба да се смени, по нејзината објава каде раскажува како денеска ја тепал припадник на единицата алфи за непрописно паркирано возило пред градинка во Дебар Маало.„Пајак на Град Скопје крева возило на трепкачи пред градинка во д.маало, кое стои помалку од 2 минути. Доаѓа пајак и се спрема да го крене. Брат ми се враќа и им кажува дека оставал дете во градинка, а нема ниедно слободно паркинг место, морал да застане пред градинка 2 минути. Секојдневно деца се оставаат и земаат на ист принцип-пошо нема обезбеден простор за таа намена.. али има иљада кафичи и зграда у зграда плански изградени...Пајак момците продолжуваат да ставаат канџи и да го креваат возилото. Брат ми се јавува дома да донесеме 1500, пошо му бараат толку да ја спуштат колата. Доаѓаме јас и татко ми. Продолжуваме сите пред пајак возилото да се расправаме и објаснуваме... спомнуваме дека вака ревносни не се во чаир нит према тие со големи коли паркирани пред кафичи... полицијата стои со раце в џеб и гледа, а пајак вработените немаат слух за нашето објаснување.Повикуваат алфи (подоцна разбрав дека се алфи...којзнае колкава опасност сме за општеството...алфи еееј алфи дојдоа!!!) да се справат со едно девојче, пензионер и дечко без мускули.. тотално ненасилни... алфите не затепаа, присилно не исповлечкаа да не тргнат.. да не стои пајакот, да може да го однесе возилото и да се врати по уште.. полицијата продолжи да стои со раце во џеб.. пошо не се они сервис на граѓаните, па да се замешаат.. уште и едниот џандар ни рече како денот му е супер.. и покрај тоа што јас уплакана му кажував дека треба да се има разбирање за одредени животни судбини и ситуации.Ама него денот му бил супер, толку многу супер што нема време ни да заштити граѓани, нит па да проба да размисли за тоа што му го кажувам.И така испотепани, си ја земавме колата од пајак служба и си плативме.Вака делува како да е ова Швајцарија, нема нигде пикавец, а за непрописно паркирани ич да не зборуваме. Пее сообраќајот во земјава.Претходните беа насилни во бомбите шо ги слушав.. а овие на своја кожа ги осетив. Додека пишувам, уште ми жежи грбов, и ги осеќам тупаниците на алфа мажот што сигурно е горд на себе, посебно денес, што успешно се избори со девојче од 52 кила!Oliver Spasovski Петре Шилегов Саша Богдановиќ еве, ве тагнав.. ако имате време и не ви е супер денот ко на полицаецот, прочитајте шо се дешава док се топлите у фотељите и размислете дал нешто треба да се смени“, стои во објавата на Фејсбук.https://www.facebook.com/marijana.petrusevska.9/posts/10156131924318616

Македонија | пред 6 години

6 год.
banki-2

СДСМ: Минималната бруто плата од април се зголемува за 3,3%

Минималната бруто плата од април оваа година се усогласува согласно Законот за минимална плата и се зголемува за 3,3%, велат од СДСМ.„По рекордниот раст на просечната плата од 8.1 проценти со ова усогласување и зголемување минималната плата ќе изнесува 17.943 денари, односно 12.507 денари во нето износ.Минималната плата се усогласува со по една третина од порастот на просечно исплатената плата, трошоците на живот и бруто домашниот производ.Растот на просечната плата во декември 2018 од 8,1 отсто е најголем раст на просечната плата во последните девет години.Просечната плата во декември 2018 година изнесувала 25.784 што се речиси 2.000 денари повеќе отколку во 2017 година.Трендот на зголемувањето на платите продолжува и оваа година и тоа во сите сектори.Со водењето на добри економски политики, како и трендот на раст на платите се повеќе пари завршуваат кај граѓаните, во семејствата, се подобрува животниот стандард кај граѓаните“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 6 години

6 год.
nato-mkd-3-1170x780

Романија денеска ќе го ратификува Протоколот за НАТО

Парламентот на Романија денеска на пленарна седница треба да го ратификува Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО.На седницата ќе присуствува и претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој од вчера престојува во работна посета на Романија.Џафери од Букурешт заминува за Вилнус каде што утре ќе присуствува на ратификацијата на Протоколот и во Сејмот на Литванија. Предвидено е претседателот на Собранието на Северна Македонија да има и обраќање пред пратениците во литванскиот Парламент.

Македонија | пред 6 години

6 год.
ehiopian

ВИДЕО: Србин загина, словачки пратеник го загуби семејството во авионската несреќа

Во авионската несреќа во Етиопија, што се случи денеска откако авион на „Етиопиан ерлајнс“ се урна неколку минути по полетување од Адис Абеба, загинаа државјани на повеќе од 30 земји.[embed]Откако е објавен списокот на загинатите 157 патници и членови на екипажот, локалните медиуми јавија дека во авионот на летот ЕТ 302 од Адис Абеба кон Најроби имало луѓе од 33 националности.Танјуг јави дека меѓу загинатите е и државјанин на Србија, кој работел во Светската програма за храна при Обединетите нации.Австриските медиуми јавуваат дека меѓу настраданите се и тројца доктори кои се вработени во болницата во Линц, а кои патувале службено во Занзибар.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања