Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
pretepan

10 годишно дете нападнато во Карпош

На 12.03.2019 во 11.30 часот во СВР Скопје, Е.К.(38) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 10 часот на улица „Московска“ неговиот 10- годишен син бил физички нападнат од 14- годишен малолетник.Исто така, на 12.03.2019 во 11.30 часот во СВР Скопје, Ќ.Ф.(47) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 10.00 часот на улица „Московска“ неговиот 14 годишен син бил физички нападнат од четири лица меѓу кои било и лицето И.Н.(17) од Скопје. Исто така, на 12.03.2019 година во 17.30 часот И.Н.(17) пријавил дека истиот ден околу 10.00 часот на улица „Московска“ бил физички нападнат од Ќ.Ф.(47). Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

6 год.
belgrad-heroin

Седум случаи на трговија со дрога во Скопје, Тетово, Гостивар и Куманово

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против Е.А.(20) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори”. На 11.03.2019 во село Глажња, општина Липково, полициски службеници извршиле претрес во домот на З.А., татко на пријавениот, и во собата на пријавениот биле пронајдени и одземени 129 грама кокаин, 155.550 денари и 100 евра. Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Т.(48) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 11.03.2019 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во Скопје, при што пронашле и одзеле 294 грама марихуана, семки од Cannabis, 47,5 милилитри хашиш-смола, таблети екстази и дигитална вага со остатоци од марихуана.СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.Ц.(26) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 07.03.2019, во угостителски објект во Тетово, сопственост на пријавениот, полициски службеници извршиле преглед над него и пронашле и одзеле марихуана.Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Л.М.(25) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 02.11.2018 година во Гостивар полициски службеници извршиле преглед на патничко возило ,,Фолксваген Пасат“, управувано од пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ѓ.М.(30) од село Здуње, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“. На 18.04.2018 на излез од Гостивар, кај место викано „Здуњска крстосница’’, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „Рено Клио’’, управувано од пријавениот, во кое имало уште четири сопатници, при што пронашле и одзеле марихуана.Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ј.А.(37) од село Беловиште, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 30.08.2018 во Гостивар, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин.СВР Куманово поднесе кривична пријава против Х.Д.(22) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 05.01.2019 пред ноќен клуб во Куманово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле амфетамини. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
siluvanje

Девојче од Скопје повеќепати силувано од биолошкиот татко

На 13.03.2019 во 01.55 часот во полициска станица 13-годишно девојче од Скопје пријавило дека во повеќе наврати била физички, психички и сексуално злоставувано од нејзиниот татко Е.Ф.(50).Е.Ф. е приведен и задржан во полициска станица. За настанот е известен Јавен обвинител и Центар за социјални работи и се преземаат мерки за расчистување на случајот.Девојчето е згрижено и заштитено. Од страна на стручен тим укажана му е психосоцијална помош, што во континуитет ќе ја добива.

Скопје | пред 6 години

6 год.
sos-188562-188647

Пронајдено исчезнато девојче од СОС Детско село

На 13.03.2019 е пронајдена и вратена во СОС „Детско село“16-годишна штитеничка на установата, која беше пријавена за исчезната на 12.03.2019 во Полициската станица Гази Баба.Таа во неколку наврати досега смоволно ја напуштала установата и била пронаоѓана и враќана назад од страна на полицијата.

Македонија | пред 6 години

6 год.
53636632_801435803552748_4142802978434187264_n

СДСМ: Тендери во четири очи имаше во времето на Хидро Мицкоски

„Трет ден лаги од белиот дворец, нелегални тендери и договорање провизии се матрица на ВМРО-ДПМНЕ и тоа е минато, сега во енергетиката се работи домакински и според закон, затоа државата продава вишоци на струја. Во отсуство на политичка платофрма, идеја и програма ВМРО-ДПМНЕ штанца лажни вести и невистини, секојдневно.Тендери во четири очи и заткулисни игри се одлика на  ВМРО-ДПМНЕ и криминалните политики со кои ја уништуваше енергетиката, ја укина ефтината тарифа а струјата ја поскапи за 100 проценти. Во тоа време Христијан Хидро Мицкоски тераше бизниси со хидроцентрали.РЕК Битола веќе ги демантираше лагите на ВМОР-ДПМНЕ.Постапката била отворена и завршила со електронска аукција која автоматски ја исклучува можноста за личен контакт. Критериум за добивање електронската аукција била цената и затоа е избрана фирма која понудила најниска цена. Преку домаќинско и одговорно работење на Владата предводена од СДСМ ја стабилизира енергетиката и денеска државата продава вишоци на струја, а воведена е и ефтина тарифа на струјата“, се вели во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
mile

Доктор Бошњаковски тврди: МРСА се лекува со антибиотска маст

На прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски, рече дека МРСА се лекува со антибиотска маст. Ова следува откако вчера во градинка и школо во Чаир било откриено дека неколку лица заболиле од страшната бактерија.– Сакаме да потенцираме дека апсолутно не постои никаков простор за паника. Станува збор за бактерија од групата стафилококни бактерии. Според направените анализи од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, како и од резултатите од Центарот за јавно здравје, овој вид на бактерија се лекува со редовни лекарста и со обична антибактериска маст. Истовремено од страна на ДСЗИ веќе се преземени сите неопходни мерки и во училиштето и во градинката, спроведена е дезинфекција, механичко чистење на просториите и сите други мерки кои ги наложува протоколот при појава на каква било бактерија. Не постои потреба за затворање ниту на училиштето, ниту на градинката, рече Бошњаковски.Јавноста реагира и прашува дали Миле Бошњаковски е портпарол или доктори, но и, како се дрзнал да даде вака изјава.

Македонија | пред 6 години

6 год.
mrsa

Доктор тврди: „МРСА“ убива повеќе луѓе од вирусот „ХИВ“

Читајќи ја вашата статија за супер бактеријата „MRSA“ дека убива повеќе луѓе од вирусот ХИВ, морам да ви признам дека првпат во Македонија гледам дека се зборува на таа тема. Како доктор и пред тоа како студент никогаш не обрнувавме внимание на таа тема, односно никогаш некој постар колега не ни укажа на тоа дека таква бактерија постои.По заминувањето на специјализација во Словенија, првпат го слушнав зборот „MRSA“ и се позанимавав на интернет што значи тоа и како се пренесува таа бактерија и како се лекува, посетив и неколку семинари каде имаше предавања на таа тема. Навистина се согласувам со тоа дека таа бактерија убива, пред се ако се развие сепса од таа бактерија, која најчесто се наоѓа во носот, грлото и кожата, или во отворени рани. Како сепса најчесто ги зафаќа белите дробови. Таа бактерија е стафилокока која е отпорна на метицилин, но постојат други антибиотици кои успешно ја покриваат, еден од тие антибиотици е „Ванкомицин“, гликопептиден антибиотик, кој се употребува за профилакса и  за лекување инфекции со грампозитивни бактерии.  Друга карактеристика дека таа инфекција брзо се пренесува во болници, старечки домови, и други места каде се хоспитализирани или лежат подолго време пациенти, на кои имунолошкиот систем им е ослабен. Пренесувањето е по пат на контакт или воздушно-капков начин.Друго правило кое треба да се почитува кога знаеме дека пациентот ја има таа бактерија мора да биде во изолација од другите пациенти додека е хоспитализиран. Во собата влегува само персонал кој е облечен со заштитна наметка, капа, маска и ракавици. Сите апарати во собата остануваат внатре додека пациентот кој ја има оваа бактерија е хоспитализиран. По направениот преглед од страна на докторите и медицинскиот персонал и по напуштање на собата наметката, капата, маската и ракавиците се фрлаат во посебна корпа за отпадоци, рацете се дезинфицираат со алкохол кој се наоѓа пред влезот, односно на самата врата. Прашање е како да се победи инфекцијата предизвикана од оваа бактерија.  Начинот е едноставен, секојдневно дезинфицирање на телото, носот и грлото, правило е 6 дена, на седмиот ден се земаат брисеви од кожата, носот и грлото и ако се негативни дезинфекцијата продолжува понатаму, а брисевите се повторуваат до три пати, и ако резултатот е негативен тогаш пациентот веќе не е „MRSA“ позитивен. Уште еден фактор кој помага таа бактерија да исчезне е пациентите да не се хоспитализираат толку долго време и да се отпуштаат побрзо од болниците.Можам да соопштам еден факт за болниците во Словенија. Пред 10 години „MRSA“ беше страшна тема и Словенија беше една од водечките држави во Европа по бројот на вакви инфекции. По воведувањето на дезинфекционите средства во секое одделение, пред секоја врата, дури и пред главните влезови, Словенија успеа да го реши тој проблем, и да ја намали присутноста на тој вид бактерија за околу 70-80 %. На тоа прашање работеа многу доктори од микробиологија и инфективните болести, работат и понатаму, и имаат формирано посебна екипа која при хоспитализирање на пациентите компјутерски добива информации, дали тие веќе ја имаат таа бактерија, и пред секоја сместување во болница им се земаат брисеви и тоа се контролира. Но, многу сум среќен што во Македонија почна да се зборува за таа бактерија, и на оваа тема треба да се посветат сите што работат во медицинските установи, Министерството за здраватво заедно со министерот, Владата на Р. Македонија да се направи екипа од стручњаци што ке го решаваат прашањето на супер бактеријата Стафилокока отпорна на метицилин.Д-р Климент Дајоски – специјализант по општа хирургија

Македонија | пред 6 години

6 год.
monstrum

Преку бомбите, СЈО стигнало до нарачателите на „Монструм“

Адвокатот на шестмината осудени па одново обвинети во повторениот процес за петкратното убиство кај Смилковоското езеро се надева дека за 2 до 3 недели специјалната обвинителка Фатиме Фетаи ќе ги презентира прислушуваните аудио снимки за „Монструм“ и ќе се дознаат нарачателите, но и како што вели вистинските убијци на четирите момчиња и рибарот.Засега се претпоставува дека постои огромен материјал во кои се споменува овој кривичен настан. Го најави, па одбегна да го емитува јавно тогашениот лидер на опозицијата Зоран Заев, па им го предаде заедно со останатите снимки на Специјалното јавно обвинителство.Прочитајте повеќе на ТЕЛМА.МК

Македонија | пред 6 години

6 год.
spasovski

Спасовски крие кој ја напишал белешката за Чавков, а се вели дека тоа е припадник на алфите

Инаку според она што е напишано во белешката припадник на Алфите вчера се сретнал близок пријател на семејството Чавкови. Токму пријателот кажал дека екс директорот на БЈБ во петок ќе бега на халкидики каде имал вила. Ќерката на Чавков, Зорица Чавкова во отворено писмо до дипломатскиот кор прашува кој ја нарачал белешката за татко и и како обвинителката немала потреба да се сомнева во содржината.„Убедена сум дека оваа белешка е измислена под притисок и закани од нарачателите и дека ќе се разоткријат истите. Ќе си лежи оној кој ја измислил вилата на Халкидики. Не знам дали тие што му дале задача да измисли таква службена белешка му објасниле какви ќе бидат последиците за него“, пишува таа.Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, не е конкретен  дали Чавков бил следен бидејки припадник на единицата Алфи ја напишал белешката токму поради која Чавков заврши в притвор.Адвокатот на Чавков вели дека е недозволиво да се бара притвор пред изрекување на прсуда што укажува на исходот од судскиот процес.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Slika-S.Pendarovski

Пендаровски: Иванов доби мандат на нелегитимен начин и го злоупотребува

„Претседателот на државата треба да обединува не да дели.За жал во последно време сме сведоци дека господинот Иванов чији втор мандат беше добиен на нелегитимен начин продолжува да ја злоупотребува таа функција и упорно сите закони кои се носат во Парламентот, а се од интерес на сите граѓани ги праќа под старото Уставно име и со тоа оневозможува тие да влезат во сила и од тоа да видат ефект сите граѓани на Република Северна Македонија.Наместо да ја дели нацијата, граѓаните, претседателот треба да обединува тоа е негова прва и последна задача.Ве уверувам дека ако ја добијам довербата од граѓаните на нашата држава дека јас ќе бидат првиот кој ќе застане во заштита на граѓанските интереси, не на интересите на некоја тесно партиска група, или политичка елита.За жал во изминативе 10 години ние не видовме човек на таа позција кој знае да работи во интерес на граѓаните, затоа што исклучиво ги следеше интересите на партијата која го постави на таа позција или попрецизно на фамилијата која стоеше зад таа партија.Време е во оваа земја интересите на граѓаните да бидат на прво место, а интересите на тесно партиските центри на моќ да бидат оставени настрана“, вели претседателскиот кандидат Стево Пендаровски кој денес шеташе низ пазарите.

Македонија | пред 6 години

6 год.
pendarovski

ФОТО: Пендаровски си купи јаболка од пазар

Претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски, денес прошета низ пазарите а неговата ПР служба за тоа извести преку соопштение.Јавноста пак прашува, дали Пендаровски оди на пазар само поради кампањата или пак ова го прави редовно.Фотографијата испратена од СДСМ служи за потсмев на социјалните мрежи, каде се критикува Пендаровски, а ПР-пот е оценет како лош.Додека Пендаровски шеташе низ пазарите, претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска беше со таксистите.

Македонија | пред 6 години

6 год.
cavkov

Чавков е безбеден во Шутка, сместен во посебна соба

Митко Чавков е сместен во хашка соба во истражниот затвор во Шутка. Од вчера поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност е во притвор поради сомнежи дека подготвувал бегство во Грција. Обвинителството за организиран криминал побарало изолација на Чавков откако добиле оперативни сознанија дека планира да пребега и да се сокрие во куќа кој ја поседувал на Халкидики. Од обвинителството посочија дека нема причина зошто да се сомневаат во службената белешка на МВР.Семејството на Митко Чавков негира дека поседува имот во Грција. Неговата ќерка – Зорица Чавкова на социјалните мрежи предупреди дека оној кој ја измислил вилата на Халкидики ќе се соочи со последици. Побара амбасадорите во земјава да го разгледаат приведувањето на нејзиниот татко. Постот го заврши со паролата „нема правда нема мир“.

Македонија | пред 6 години

6 год.
drisla

Град Скопје си ја зема Дрисла

Дрисла новиот концесионер ќе го добие по завршувањето на претседателските избори. Според градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов недвосмислено е дека со депонијата ќе раководи германската компанија „Шолц“. Дотогаш депонијата ја презема Град Скопје.Советот на Град Скопје денеска не расправаше за избор на концесионер за депонијата Дрисла по барањето на градоначалникот Петре Шилегов седницата да се одложи, поради претстојните претседателски избори. Шилегов порача дека недвосмислена е одлуката партнер на градот во работењето со депонијата да биде германската компанија „Шолц“, која е највисоко рангирана од комисијата која ја формираше градоначалникот. Според него, седницата е одложена бидејќи тој не сака Советот на Град Скопје да остави било каква правна дамка или алиби дека одлуката се донела за време на изборна кампања.„Потенцирам уште еднаш нашата одлука, нашата препорака до Советот за носење на одлука е „Шолц“ да биде новиот партнер на градот за периодот за којшто се издава концесијата. Денеска дадов налог до градската администрација да ја започне постапката за преземање на управувањето на Дрисла од страна на Градот Скопје се до завршувањето на постапката, односно носењето на оваа одлука за новиот концесионер. Така што да ја започнеме постапката со излегување на италијанскиот концесионер од Дрисла и Градот ќе управува со депонијата се до мај месец кога ќе биде донесена одлуката за избор на Шолц“, рече Шилегов.Повеќе на Радио Слободна Европа

Скопје | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Фирма која не исполнувала услови земала тендер од ЕЛЕМ, тврди Арсовски

„Денеска ќе ви приложиме нов договор помеѓу СВ Инвест, фамозната фирма која што работи се и сешто во РЕК Битола и РЕК Битола каде што директор е Васко Ковачевски од редовите на СДСМ, склучен пред само 2 недели односно заведен со архивски број од 28 февруари, во вредност од 49.560.000 денари. Фирмата СВ Инвест пред само 2 недели земала тендер за Услуга од технолошко чистење на БТО системите во РЕК Битола во вредност од исто така над 800.000 евра односно 49.560.000 денари. Во 3 дена објавивме 3 тендери што ги земала фирмата СВ Инвест која инаку беше поврзувана низ медиумите со картелот на власт и тоа сите 3 тендери се во вредност од над 800.000 евра. За само неколку месеци фирмата СВ Инвест без работници, без механизација, без искуство зема тендери во вредност од над 2.4 милиони евра и тоа дел од нив договорени во 4 очи“, вели Арсовски.„Ова е начинот на работа на СДСМ. Личен интерес, личен профит и сомнителни тендери преку кои се цицаат парите на граѓаните од фирмите како РЕК Битола. Во претходните 2 тендери кои ги објавивме имаше и сериозен сомнеж за криминал. Требаше да дадат одговори дали се влијаело на менување на критериумите и дали можеби некој влијаел да баш фирмата СВ Инвест ги земи односно и бидат доделени истите тендери. Го охрабруваме јавното обвинителство, ревизорите и сите надлежни институции да спроведат соодветни истраги. За сите овие работи еден ден ќе се одговара. Еден ден кога нема да биде заробено судството, кога Заев нема да ги има судството и обвинителството во свои раце, ќе се спроведат соодветни истраги и сите ќе одговараат за сомнителните зделки“, вели Арсовски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
DSC_8292

Карпош добива адреналински парк од 54 милиони денари

Во организација на Општина Карпош, во просториите на У.З „Кузман Јосифоски-Питу“ во населбата Козле, денеска, се одржа презентација и јавна расправа за планот за управување со животната средина, за изградба на „Спортско адреналинскиот парк – Карпош“. На средбата присуствуваа претставници од граѓанскиот сектор, бизнис секторот и локалната самоуправа кои се активни и работат во областа на одржливиот развој и животната средина, како и заинтересирани граѓани од Општина Карпош.Презентацијата ја отвори заменик-раководителката на Секторот за развој на Општина Карпош, Александра Теова, која во оваа пригода ги образложи техничките аспекти на проектот. Имено, овој проект е финансиран од Европската Унија, а имплементатор е Светската банка и Кабинетот на заменик-министерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, како дел од проектот за локална и регионална конкурентност. Поточно, ЕУ покрива 87% од вкупната вредност за реализација на проектот, или 47.238.993 денари, а Општина Карпош од својот буџет ги обезбеди останатите финансиски средства, односно 7.342.832 денари.Изградбата на адреналинскиот парк кој ќе се протега на вкупна површина од 6.500 м2, се очекува да започне во мај годинава.  Притоа, ќе биде реконструирано детското игралиште на површина од 480 м2,  скејт-паркот на 1.100 м2, ќе биде изградено ново игралиште за одбојка и фудбал на песок, а атрактивниот адреналински парк за возрасни и деца ќе биде изграден на три нивоа, кој ќе се позиционира на површина од 1.600 м2.Предвидено е просторот дополнително да биде облагороден со хортикултурно уредување, каде ќе бидат засадени повеќе од 100 дрвја. Ќе биде поставена и нова урбана опрема, клупи, корпи за отпадоци и лежалки за релаксација. Планирано е да се изгради и плато за одмор со мини сквер, а во околината ќе се постават тоалети и четири дрвени куќички за продажба на безалкохолни пијалоци. Просторот ќе го осветлуваат енергетско ефикасни ЛЕД- светилки со соларни панели.Во рамки на презентацијата говореше и претставничката од Одделението за заштита на животната средина и природата од Општина Карпош, Марина Филиповска, која ги запозна присутните со сите аспекти на проектот и стандардите кои се применуваат, со цел да се одржи здравата животна средина.По презентацијата се разви активна дискусија со присутните кои поставуваа прашања за одржливост на адреналинскиот парк и за техничките детали на проектот. Од аспект на урбанистичкото решение, на стручните прашања одговараше претставникот од Секторот за Урбанизам при Општина Карпош, архитектот Вангел Караиванов, кој воедно е и предлагач на неколку проектни идеи за спортско-адреналинскиот парк.

Скопје | пред 6 години

6 год.
momo

„Самоубиствените" онлајн игри и медиумското безумие

Што е заедничко помеѓу "Blue Kit", "Momo", "Docky Docks" и "DELETE"? Сите четири ја возбудуваат  имагинацијата на децата и малолетници, имагинација разбудена од апетите на  бескрупулозните медиуми  за привлекување публика и создавање паника кај нивните родители.  Три клучни зборови ги поврзуваат овие четири имиња - интернет, деца, самоубиство. И тие споделуваат две важни карактеристики:1. Тие се застрашувачки урбани легенди, често почнувајќи од специфичниот жаргон и начините на онлајн комуникација на современите тинејџери.2. Иако страшните  приказни  се измислени, тие навистина можат да им наштетат на психата на помалите и повеќе ранливите деца. Бидејќи откако ќе станат доволно популарни, неизбежно некои тинејџери имаат неодолива желба да ги искористат за да ги заплашат своите врсници или помладите деца.Експертите за онлајн ризик за деца почнаа да ги користат како за овие така  и за други митови, терминот juvenia (млади и параноја), како и терминот "технопаника", кои го нагласуваат преувеличувањето на понекогаш реални, а понекогаш и непостоечки  опасности за децата во дигиталниот свет. Таквите  претерувања стигниваат од  случаите на таканаречените "онлајн игри" кои ги тераат децата да извршат самоубиство  до целосна фикција.Феноменот на технопаниките не е навистина нов. Таа ја придружува секоја технолошка иновација на човештвото - од електрична енергија, преку телефон, до радио и телевизија. Сепак, дигиталнита технопаника има специфична карактеристика, која значително ги зајакнува како тонењето на  младите генерации во дигитални технологии и како и неподготвеноста на родителите за "дигитално родителство". Бидејќи многу родители се срамат  да разговараат со своите деца за новите технологии, верувајќи дека истите ќе се изложат на , овој дел од животот на нивните деца останува заглавен во магла и ирационални стравови.Ова ги тера да ја прифатат сосема сериозната фикција  за некои онлајн игри наречени "Blue Kit" или "Momo" каде стотици деца извршиле самоубиство,  без да се мачат да проверат дали таквите игри и такви факти едноставно постојат или не.Начинот на надминување на "технопаниката " оди преку значајна комуникација родител-дете за теми од  дигиталниот свет и неговите можности . Нема потреба родителот да биде специјалист во оваа област затоа што и неговото дете не го очекува ова од него во секој случај.  Но, искрениот интерес за онлајн живот и детска забава ќе овозможи значаен разговор и детски пријателски додаток за комуникација со родителот  за дигиталниот свет. И ако родителот праша дали детето ќе изврши самоубиство како резултат на една од "ужасните самоубиствени игри", би можел да биде изненаден каквонавистина неговото дете навистина е.Здружението Интернет Хотлајн провајдер Македонија е основано во 2008 год. Со единствена цел борба против нелеглани содржини и активности на интернет и промоција на позитивните вредности на ИКТ алатките и услугите.Од 2008 год. , истото е во комуникација со ИНХОПЕ  линк: INHOPE Homepage и Инсафе линк: Better Internet for Kids - Insafe and INHOPE од 2008 год. И активно лобира за основање на еден таков центар во РСМ.  

Македонија | пред 6 години

6 год.
gordana-siljanovsak-davkova

Силјановска за амнестирањето: Доста е од „виши цели“ за отворање на патот кон ЕУ

Кандидатот за претседател на Република Македонија проф. д-р Гордана Силјановска Давкова во контекст на најновите случувања во правосудниот систем, правните експерти и новинари зборуваат за „политичка поплава“.Јас би рекла дека е ова цунами на политичко самоволие какво што досега не сме виделе, а кое резултира со правна несигурност, селективна правда, внесување страв кај судиите кои не постапуваат според законот, туку за да избегнат јавен линч и политичка осуда, дуваат и на јогурт и така ги кршат правата на обвинетите и ги дискриминираат, појасни проф. д-р Гордана Силјановска Давкова.Според проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, небезбедноста на притворените, играњето „пинг-понг“ со мерката притвор, амнестирање на повеќе од половина обвинети и драконски казни како што се очекува за останатите поврзани со настаните од 27-ми април. Доста е веќе со повикување на „виши цели“ отворање на патот кон НАТО и ЕУ, и оправдување на партизацијата на законодавната власт со наметнување на самоволие од страна на владата. Секоја критика на ова што ни се случува пред очи и натаму се дискредитира и замолчува со наводна „одбрана на криминалот и на фамилијата“.Ги повикувам колегите од правните факултети, адвокатската комора, НВО кои се занимаваат со правосудниот систем и човековите права, но и сите граѓани да се ослободат од стегите на стравот и политичката коректност и нештата да ги наречат со вистинското име: политичко самоволие и страховлада! Уставниот суд мора под итно да почне да ги решава ургентните предмети кои се однесуваат на човековите права, без да калкулира и да ги остава „жешките костени“ за Собранието, нагласи проф. д-р Гордана Силјановска Давкова.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

По Димитров и Бошњаковски не кажа на кој јазик зборуваат Македонците во Егејска Македонија

Откажувањето во целост од македонското малцинство во Грција се докажува секојдневно, и покрај тврдењата на власта, особено во периодот пред референдумот дека нема никогаш да кренат раце. Денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски не сакаше да каже фактичка состојба, односно да одговори на кој јазик зборуваат Егејците, односно роднините на македонските државјани, во Грција.-Постои одредена категорија на население во Република Грција, која што не зборува на грчки јазик, која говори на друг јазик, но не сме ние тие што ќе детерминираме кој на каков јазик зборува, бидејќи тоа ќе биде мешање во внатрешните работи на друга држава, рече Бошњаковски, портпарол на Влада.

Македонија | пред 6 години

6 год.
cigari

Поскапуваат цигарите во Македонија - една кутија ќе чини и до 300 денари

Нова тура поскапување на цигарите во Македонија. Од минатата недела, во продавниците поголемиот број брендови цигари се продаваат за околу 5 денари поскапо.Граѓаните велат дека поскапо плаќаат за брендовите Вест, Родео и Бос.Се уште нема информации за поскапување на други брендови на цигари.Согласно планот за зголемување на акцизите, за неколку години се очекува кутија цигари за чини скоро 300 денари.

Македонија | пред 6 години

6 год.
gruevski-mala

Груевски по апсењето на Чавков: Договорена е казната, а тој е невнин

Експремиерот и осуден бегалец Никола Груевски на социјалните мрежи напиша статус откако ОЈО побара, а судот ја одобри, Митко Чавков да биде во притвор.„1.Ова трето по ред апсење на Митко Чавков, како и претходните две, како и целиот прогон против него е лична одмазда на Зоран Заев кон него заради предметот ,,Поткуп" каде по лична пријава на жртвата бизнисмен, по налог на обвинителството и со спроведен налог од МВР со видео снимка се документираше и предаде на судот очигледен доказ кој потоа стигна и до македонската јавност која виде како градоначалникот Зоран Заев бара поткуп и објаснува како тоа е нормална работа во неговата општина.Можам само да замислам под каква тортура и притисок во овие неколку години е и лицето бизнисмен кој го пријавил барањето мито во МВР.И покрај легално стекнатите докази (видео снимка направена по налог на обвинител), судиите кои го водеа предметот Поткуп од кој едниот судија беше Добрила Кацарска го прогласија Заев за невин. Истите судии во случајот Тенк каде имаа нелегално стекнати докази (аудио материјали), кои беа копии не споредени со оргиналот, одбија нивно вештачење за нивната автентичност и целовитост и свесно го игнорираа Законот за приватност, без никакви докази, во постапка за која државната комисија за спречување дискриминација објави мислење дека судиите и судот воделе постапка во која ми била извршена директна дискриминација, на база на претпоставки и асоцијации мене и другите во предметот Тенк не прогласија виновни.Истите судии во истиот период.Самиот Заев две недели однапред во изјава објави дека судот ќе ме прогласи за виновен, а него за невин.Трите случаи ги водеше ист судија, судијаката Добрила Кацарска: 27 ми април, Тенк и Поткуп.2. Предвременото апсење на Чавков само ја покажува спрегата помеѓу обвинителството и судот.Иако обвинителството од страна на судот треба да има ист третман како одбраната и обвинетите, бидејќи за судот и двете страни се странки со еднакви права, очигледно е, и уште еднаш се покажува дека и двете се раководени од еден ист центар.Обвинителството предвреме знае, пред судијката да пресуди, дека судот ќе го осуди Чавков за виновен и предвреме бара и добива притвор за него.3. Митко Чавков е невин и жртва на политички прогон и политички монтиран процес, кало и многу други лица во тој предмет кој настана како резултат на свесно и планирано незаконско бирање н претседател н Собранието, темпирано токму во време кога пред истото се одвиваат граѓански протести кои траеја помалку од два часа дневно.Процес во кој прво е договорена казната за Чавков и другите обвинети, а потоа е почната постапката и судењето а Заев уште кога дојде на функцијата Премиер даде изјава дека Чавков требало да бега од него со која однапред кажа дека ќе биде прогонуван.Судењето е политичко и е чиста фарса.4. Чавков има нарушено здравје и со овој чекор и оваа освета свесно се става во ризик неговиот живот.5. Токму Митко Чавков беше директор на бирото за јавна безбедност (БЈБ), а Сашо Мијалков директор на државната безбедност(УБК) кога МВР спроведе одлучна операција за спречување на ,,до заби,,вооружените и нелегално влезени на македонска територија терористи и криминалци кои планираа масовни убиства и терор над македонското население но и терор врз некои албански политички личности и структури во Македонија кои денес се дел од владата.Таа група беше неутрализирана и спречена во намерите, во Куманово со акцијата на МВР на 9ти мај 2015та година.Припадници на таа група која има сериозна контрола во затворот Скопје најпрвин ги нападнаа и им нанесоа физички повреди на поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски токму во истиот затвор каде СДСМ сега ги смести токму Митко Чавков и Сашо Мијалков кои долг период беа главни стожери на безбедноста во Мскедонија.Таа група веднаш по претепувањето на поранешните министри јавно објавија на фб дека секој функционер од владата која ја предводев ќе го снајде истото како Јанакиески и Ристовски ако дојде кај нив, а дека мене ќе ме нашле ,,на крајот на светот,,.6. Апелациониот суд за случајот Тенк по барање на СДСМ за мене одлучи во рок од 2 месеци од кои еден месец беа годишните одмори на судиите.За терористите од Кумановско Диво насеље не носи одлука над 16 месеци.Судот работи со огромна брзина за банални и фабрикувани политички мотивирани случаи на СЈО и ОЈО од типот на пример протестите во општина Центар, набавката на блиндирано возило, дивоградбата на Фијат Цановски или 27ми април..., а веќе 7 години максимално бавно за случајот Смилковски езеро каде брутално и сурово се ликвидирани пет млади и невини лица.7. СДСМ на чело со Заев го контролира и управува судот и обвинителствата и преку нив се пресметува со политичките неистомисленици, ги користи како инструмент за политичка борба и терор, политичко пазарење и уцени, елиминирање на политички противници и конкуренти и втерување страв кај населението и опозицијата.Не постои реформа која ќе промени нешто во судот и обвинителствата која ќе промени нешто додека овие институции се заробени, заплашени и уценети од извршната власт која нарачува апсења и пресуди“, пишува Никола Груевски.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања