Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
siljanovska-1

Силјановска: Ќе победам оти луѓе кои до сега не гласале, ми велат дека сега ќе гласаат

Кандидатот за претседател на Република Македонија проф. д-р Гордана Силјановска Давкова вчера оствари средба со граѓаните од Општина Валандово, каде што разговараше со нив но исто така им посочи дека сигурно овие избори ќе ги добие за да се зачекори чекор напред кон отргање на заевизмот од Република Македонија.„Зошто јас се надевам дека овие претседателски избори може да имаат успешен резултат, да бидат успешни за нас, затоа што не е илузија мислам кога по улиците ме среќаваат непознати луѓе кои велат дека никогаш досега не гласале, дека биле неутрални политички, дека не ги интересирало политиката, но дека сега ќе гласаат.Други велат дека гласале за СДСМ, но нема да гласаат на овие избори. Трети велат дека учествувале во „Шарена револуција“ но дека се било изневерено. Четврти велат студенти дека прв пат ќе гласаат, стигнаа и младите.Мислам дека на наша страна се овојпат правото и правдата и дека навистина имаме шанса во првиот круг да покажеме дека победата ќе биде наша зошто во првиот круг? Зошто среќна околност е ако има таква што овој пат БЕСА и Алијанса ќе одат со сопствен кандидат. Што значи дека опаснота од некоктролирано пребрзо полнење на кутиите сега на некој начин ќе биде зауздана. Оти самите албански партии ќе се контролираат и со тоа ќе го контролираат и т.н. консензуален кандидат“, вели Силјановска.

Македонија | пред 6 години

6 год.
detski-igralista-4

Ново инклузивно игралиште во Карпош

Општината Карпош даде согласност локалната самоуправа да ја комплетира целокупната техничка документација за завршната фаза за аплицирање на јавниот повик за добивање грант за објект – урбана опрема во вредност од 56.387 швајцарски франци или во денарска противвредност од 3.044, 898.00 денари од Швајцарската агенција за соработка и развој.Средствата ќе се наменат за реализација на проектот „Детско инклузивно игралиште“, кое треба да биде лоцирано во Урбаната заедница Влае 1 кај плоштадот Делфина, веднаш до постојното детско игралиште.Игралиштето ќе биде изградено на земјиште чиј корисник е Општина Карпош, а ќе зафаќа површина од 450 квадратни метри.Заменик-раководителката на Секторот за развој при Општина Карпош, Александра Теова, нагласи дека станува збор за инклузивен проект, кој ќе опслужува деца со посебни потреби од повеќе општини, а не само од општина Карпош. Предвидената локација во населбата Влае со близина е адекватна и за соседните Ѓорче Петров и Сарај.Во оваа фаза од огласот Општина Карпош е прворангирана со вкупно 45 бода, пред општините Сопиште и Ѓорче Петров.

Скопје | пред 6 години

6 год.
siljanovska

Силјановска: Малцинство во Грција кое зборува друг јазик кое што има свои обичаи и не е грчко

Кандидатот за претседател на Република Македонија проф. д-р Гордана Силјановска Давкова вечерва оствари средба со граѓаните од Општина Дојран, каде што разговараше со нив секојдневните проблеми.Навистина шокантно звучи денешната изјава на портпаролот на Владата дека од другата страна на границата, што ќе рече во Кукуш или како што го викаат Грците Килкис, каде што сите знаеме дека сигурно има многу Македонци, Грција требала сама да одлучи кој бил јазикот што го зборувале луѓето што не биле Грци, ама живееле во Грција. Ете баш така.Неверојатно нешто, како да има покрај македонскиот јазик некој друг јазик. И сега јас се прашувам ако во 1925-тата година е отпечатен „Абецедарот“ и тој може ако не сте го виделе да го купите во „Матица“, 150 денари е, ќе видите дека се што сте учеле и јас што сум учела во прво одделение од „мама меси, Мима носи“, сето тоа е јасно дека е македонскиот јазик.Сигурно не зборувале на говорот на телото, луѓето таму и сигурно „Виножито“ кога ја доби пресудата во Стразбур јасно беше дека тоа беше врзано за правото на формирање на сопствена партија но исто така и за јазикот. И сега сите сме збунети кој е тој друг јазик што има континуитет и врска со Античка Македонија, ама не е македонски јазик, што ќе рече не бил јужнословенски јазик. Жива сум заинтересирана да откриеме. Но на сите ни е јасно има два документи, и не е точно дека е тоа внатрешно прашање на Грција, Советот на Европа има донесено два документи. Едниот документ е Рамковната конвенција за заштита на правата на малцинствата, постоењето на славоговорно малцинство и утврдено уште во 30-тите години, почетокот од Лигата на народите. Значи и тогаш е направен притисок на Грција за креирање или печатење на „Абецедарот“, пресуда има во Стразбур, а исто така има и ОН мисија во Грција дека ја предводеше г-ѓа. Дугал и исто така во Извештајот се утврдува дека има малцинство во Грција кое зборува друг јазик кое што има свои обичаи и не е грчко.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Повеќе села во Скопје без струја

Од „ЕВН Македонија“ информираат дека поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија ќе останат делови на Центар, Чаир, Чучер Сандево и Студеничани.Во периодот од 12 до 15 часот струја ќе немаат корисниците од зградата од блок 12 на улицата Васил Главинов во општина Центар.Во периодот од 10 до 15 часот корисниците од улицата Црвена Вода во општина Центар.Во периодот од 8.30 до 11.30 часот корисниците од зграда од блок 20 на улицата Васил Главинов бр. 3 во општина Центар.Во периодот од 9.30 до 13.30 часот корисниците од бр. 8 и бр. 10 на улицата Самоилова, поранешната фирма „Рубин кармин“ и Фондацијата „Центар за исламска цивилизација“ во општина Чаир.Во периодот од 9 до 14.30 часот корисниците од дел од с. Мирковци во општина Чучер-Сандево.Во периодот од 9 до 15 часот корисниците од дел од с. Батинци во општина Студеничани.

Скопје | пред 6 години

6 год.
ceska

Министерот за надворешни работи на Чешка ќе дојде во земјава

Министерот за надворешни работи на Република Чешка, Томаш Петжичек денеска ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.За време на посетата тој ќе се сретне со својот македонски колега и домаќин Никола Димитров, по што ќе бидат одржани и пленарни разговори меѓу двете делегации.Предвидено е и потпишување на меморандум меѓу двете министерства, како и заедничка прес-конференција на министрите Димитров и Петжичек.

Македонија | пред 6 години

6 год.
dik

ДИК се плаши од бојкот на изборите

Иако досегашната пракса покажала дека за време на вторите изборни кругови излезеноста е помала, Деркоски не стравува од непостигнување на законскиот цензус. Единствената опасност, според него, е доколку некоја од поголемите партии се одлучи на бојкот.Без исполнување на цензусот од 40 проценти излезност на запишаните избирачи во првиот круг, претседателските избори ќе пропаднат, на гласачкото ливче нема да стои новото име на државата туку само имињата на кандидатите и знамето, а какво решение на новоизбраниот претседател ќе му издаде ДИК ќе остане енигма барем уште некое време. Претседателот на Државната Изборна Комисија, Оливер Деркоски во интервју за локален медиум вели дека подготовките за претстојните избори привршуваат и потенцира дека бројните пропусти и скандали кои се случија на Референдумот, овој пат нема да се повторат.Денес пак, претседателот на Вадата задолжен за европски прашања, Бујар Османи ќе има работна средба со ДИК

Македонија | пред 6 години

6 год.
izjava-zaev.Still072

(ВИДЕО) Груевски бил воодушевен и задоволен од Катица Јанева

Кога ги избраа за специјални обвинителки јавноста во нив гледаше надеж дека конечно во земјата ќе дојде ден кога ќе имаме правда и правна држава.Како што минуваше времето така се повеќе растеше разочарувањето од нив.Сега после сите „поплави“ од нив најразочарани се најжестоките борци за правда и шарените револуционери, а единствен задоволен веројатно е Никола Груевски кој уште на 21 септември 2015 ( кога ја избраа Катица Јанева ) изразил големо задоволство од нејзиниот избор.Погледенте го видеото:

Македонија | пред 6 години

6 год.
033B8756-E26C-4BBC-BCD6-21D85C6DFE2D

Адвокатка за апсењето на Чавков: Ниту еден полициски документ не смее да биде доказ

Адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска со своја стручна анализа за последните случувања и апсењето на Митко Чавков.Нејзиното излагање преку Фејсбук, ви го пренесуваме во целост:Можеби додека трае 21 век, ќе ни текне дека ниту еден полициски документ не смее да биде земен како доказ доколку не се повика во суд изјава да даде неговиот составувач со што ќе се обезбеди:-верификација на документот;-предизвикување на валидноста, вистинитоста и релевантноста на документот од страна на одбраната;-предизвикување на кредибилноста на составувачот од страна на одбраната.И не го „жалам“ Чавков, не го ни познавам, но ве жалам сите вас што не сте свесни дека правната држава претпоставува предвидлива процедура која одбраната ќе има шанси да ја преиспитува и предизвикува-напиша Јошевска Анастасовска на својот Фејбук профил.

Македонија | пред 6 години

6 год.
katica-janeva

Јанева тврди дека ја следат: Во однос на прислушкувањето, тоа сега е намалено

Првиот човек на СЈО, Катица Јанева вели дека по секоја цена ќе сака да остане во СЈО, би прифатила секакви услови, а нема да го работи тоа само доколку ја снема. Таа себеси се опиша како интелигентна и проактивна.“Немам контакт со Груевски”, рече Јанева во гостувањето на 1ТВ.Јанева рече дека предметот “Титаник” е обемен исто како и случајот “27 април”.“Во Македонија прислушкувала УБК и немаме сомненија. на чело бил Сашо Мијалков”, додаде ЈаневаЈанева рече дека ја следат одредени лица, но не се оптеретува оти има обезбедување.“Во однос на прислушкувањето, тоа е намалено”, рече Јанева запрашана дали сега се прислушкува во Македонија.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Katica-Janeva

Јанева: Со Заев се гледам службено

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, во гостување на 1ТВ, вели дека нема приватен контакт со премиерот Зоран Заев, коментирајќи ги обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ.“Со премиерот јас сум должна да се видам, други средби немам. Контакт немам. Најмногу контактирам со министерката за правда”, рече Јанева.Јанева вели дека ќе се занимаваат со новата власт по донесувањето на новиот закон за СЈО.

Македонија | пред 6 години

6 год.
zaev-micko

Власта ги знае казните за 27 април уште пред да се изречат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

“Случајот 27-ми април е политички монтиран процес. Власта врши политички прогон и ги шиканира неосновано обвинетите, доказ за тоа е и неоснованото апсење на Митко Чавков и негово приведување непосредно пред да биде изречена пресудата.​Јавноста е сведок на удбашки методи, какви што имало во периодот на Информбирото. ​Заев и власта ги знаат пресудите и казните кои ќе бидат изречени уште пред и официјално да бидат прочитани.​Нехуманиот и потценувачки третман стана пракса во затворите, а притворениците наместо грижа за нивната безбедност од затворската  управа се соочуваат со опасност по нивното здравје.​СДСМ и Заев ја погребаа правната држава. Уставот и законите не се почитуваат и се суспендирани. СДСМ и Заев мора да си одат. Владеењето на правото повторно мора да стане пракса, пишува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
slika-2

Силјановска со пензионерите: Тие се разочарани од пензиите

​Кандидатот за претседател на Република Македонија проф. д-р Гордана Силјановска Давкова денес оствари средба со пензионерското друштво во Гевгелија.​При самата средба проф. д-р Гордана Силјановска Давкова се осврна на секојдневните проблеми со кои се соочуваат пензионерите откако СДСМ дојде на власт.​Наместо да се зголемуваат пензиите како што беше ветено, пензионерите секој месец се разочаруваат од помалите примања. Наместо да уживаат во плодовите на својата долгогодишна работа гледаат како нивните деца ги напуштаат родните огништа, наместо обезбедена здравствена заштита за која плаќале цел работен век секој месец мака мачат да дојдат до лекови на рецепт, нагласи проф. д-р Гордана Силјановска Давкова.​Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова потсети дека власта треба да одговори до кај е случајот со фондот за пензиско – инвалидско, кој го започнаа храбро поради несогласувања со коалициониот партнер работата се врати на почеток, и сега граѓаните не знаат ништо кој е виновен за овој скандал за кој имаат право да знаат што се случува со нивните пари. Епилог од овој скандал мора да има.​Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова со пензионерите утврдија на средбата дека оваа неправда мора да ја исправиме сите заедно, да ги натераме и оваа и сите идни власти да обезбедат достоинствен живот за сите граѓани вклучително и за пензионерите.

Македонија | пред 6 години

6 год.
46804282_2706308569637663_264683870786420736_n-1

Мицковски го доби од Заев тоа што посака

Формирани се двете работни групи кои произлегоа од средбата меѓу премиерот Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски што се одржа во неделата. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ номинирала свои претставници во двете работни групи, потврди денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.-Повеќе сакав да разговараме околу структурните реформи за иднината на земјата во други области како економијата, образованието и здравството, но очигледно Владата не ги напушта тие стари навики да обезбеди некакво законско решение со кое би можела да врши и во иднина политички притисок врз неистомислениците или пак да врши определни активности кои може да компромитираат и контаминираат политички неистомисленици. Ние позитивно одговоривме и номиниравме наши претставници и очекувам дека во најскоро време ќе отворат дијалог по овие две теми, изјави Мицкоски при денешната посета на Стопанската комора.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Русија одлучи да ги казни оние кои ја бомбардирале Југославија

Русија усвои документ по повод претстојната 20-годишнина од почетокот на НАТО-бомбардирањето на Југославија во кој се наведува дека иницијаторите на тоа злосторство мора да одговараат.Во документот што го усвои Горниот дом на рускиот парламент е наведено дека таа воена операција негативно се одразила на понатамошниот развој на заемните односи и довербата меѓу европските држави, а неказнувањето на одговорните довело до нови трагедии во Сирија, Ирак и Либија, пишува „Спутник“, пренесува „Танјуг“.За жал, стои во документот, лекциите не се научени и НАТО продолжи да користи воена сила во други суверени држави – Ирак, Либија и Сирија, а денес истото им се заканува и на Венецуела, Куба и Никарагва.Руските сенатори потсетуваат дека НАТО во бомбардирањето на Југославија користел муниција полнета со осиромашен ураниум, што предизвикало многубројни цивилни жртви.„Покрај тоа, признавањето на независност на Косово, кое следуваше во 2008 година, од низа земји од Западот претставуваше само продолжение на тоа што го започна НАТО – поддршка на сепаратизмот и конфликтот на територија на поранешна Југославија“, се наведува во документот.Русија ги повика парламентите од државите ширум светот, но и меѓународните организации, како и Европскиот парламент да ја осудат агресијата на НАТО против Југославија и да  преземат чекори за да ги санираат последиците.

Свет | пред 6 години

6 год.
Mitko-Cavkov

Еве кој е Митко Чавков

Митко Чавков беше новиот министер за внатрешни работи, кој на оваа фукција дошол од позицијата директор на Бирото за јавна безбедност при МВР која ја извршувал од мај 2013 година.Роден е 24 јануари 1963 година. Дипломирал на Факултетот за безбедност во Скопје, магистрирал на Правниот факултет во Скопје и докторант е на Правниот факултет во Скопје.Работното искуство го почнува во Министерството за внатрешни работи. По завршување на приправничкиот стаж работи како инспектор во УБК, началник на Секторот за криминалистичка полиција во Регионалниот центар на МВР во Струмица, заменик-началник на РЦ на МВР во Струмица, виш инспектор за дрога во МВР, началник на Секторот за криминалистичка полиција во РЦ на МВР во Струмица, самостоен инспектор за финансиски криминал во РЦ на МВР во Гевгелија.Чавков потоа работел и како главен инспектор за финансиски криминал во одделот за организиран криминал во МВР, началник на одделот за организиран криминал во Централните полициски служби во Бирото за јавна безбедност при МВР, началник на Центарот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во Централните полициски служби во Бирото за јавна безбедност при МВР, началник на централните полициски служби во Бирото за јавна безбедност при МВР и директор на Бирото за јавна безбедност при МВР.

Македонија | пред 6 години

6 год.
siljanoska-12

Функционална економија е правна држава, вели Силјановска

Кандидатот за претседател на Република Македонија проф. д-р Гордана Силјановска Давкова денес оствари средба со претседателот на Стопанска комора на Македонија, г. Бранко Азески, во придружба на г. Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ, г. Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и г. Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.Денешната средба со претставниците на Стопанската комора на Македонија беше исклучително корисна, поради фактот дека способноста на една држава во меѓународните односи, меѓу другото, се мери со капацитетите да се вклучи во глобалните стопански текови, но и да одговори и одолее пред потресите кои доаѓаат однадвор во вид на кризи, појасни проф. д-р Гордана Силјановска Давкова.По средбата проф. д-р Гордана Силјановска Давкова додаде дека предуслов за функционална економија е правото и правна држава, и се додека не се воспостави тоа во Република Македонија нема да има развој и просперитет. Економијата е најзначајна за македонските граѓани. За жал економските индикатори покажуваат дека имаме намалување на извозот, намалување на продуктивноста и производството, зголемена зависност од други земји. Зголемените даноци ги земаат првите жртви, даночна евазија и помала наплата на даноците.Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова најави дека значаен дел во нејзината програма ќе биде посветен на економската дипломатија со цел да се подобри животот на граѓаните на Република Македонија кои имаат право на достоинствен живот како што им доликува.

Македонија | пред 6 години

6 год.
stop-policija

МВР во Битола фатило две лица без возачка, двајца пијани, но и нерегистрирани возила

Полициски службеници во Секторот за внатрешни работи Битола на 12 март извршиле контрола за брзина, зимска опрема, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, товарни возила, сигурносен појас, светло.При контролата, констатирано е дека девет возачи управувале возило без возачка дозвола,  кај двајца возачи било утврдено присутво на алкохол и тие биле исклучени од сообраќај. Нерегистрирани биле четири возила,технички неисправни осум возила, појас не користеле двајца возачи и на мобилен телефон разговарале двајца возачи. Четири возачи се писмено опоменати , а изготвени се 39 мандатни платни налози и 26 прекршочни налози. Исто така, при контролата откриени се и други 25 прекршоци.

Македонија | пред 6 години

6 год.
policija-123

Кривична пријава за неготинчанец по претрес во неговиот дом

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Неготино поднесе кривична пријава против Б.С.(52) од село Тимјаник поради постоење основи на сомнение за сторено кривично  дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.На 24.12.2018 во село Тимјаник, полициски службеници извршиле при претрес во домот на пријавената, при што пронашле и одзеле пиротехнички средства.

пред 6 години

6 год.
soobr1

Едно лице почина во сообраќајка меѓу камион и автомобил во битолско

На 13.03.2019 околу 06.50 часот на локалниот пат село Кукуречани – село Драгожани, битолско, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило со битолски регистарски ознаки и патничко возило „Пежо“ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Ш.(52) од село Секирани, битолско.Во незгодата починал М.Ш.. Увид извршила екипа на СВР Битола и се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
pari-za-izjava

Измама во Штип: Лице му понудило дрва, тој ги платил и избегал

На 12.03.2019 во 13.15 часот во Полициската станица Штип, С.И.(68) од Штип пријавил дека истиот ден околу 11.00 часот бил измамен од непознато лице.Според пријавеното, лицето дошло во неговата куќа и му понудило огревни дрва со документи, но кажал дека камионот му бил паркиран во насeлба Сењак во Штип и тргнале да ги видат дрвата.Исто така, според пријавеното, во еден момент непознатото лице му кажало на С.И. да почека и дека тој ќе дојде со камионот.Во меѓувреме, лицето отишло во неговиот дом и од неговата сопруга побарало 11.000 денари за дрвата. Таа му дала 11.000 денари, по што лицето заминало. Откако С.И. се вратил дома сфатил дека бил измамен. Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања