Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
policija-123

Скопјанец со автомобил удрил 12 годишно дете

На 13.03.2019 во 13.00 часот на крстосница од улиците „Антон Попов“ и „Дренак“ во Скопје, патничко возило „Гранд Чироки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.И.(53) од Скопје удрило во 12- годишно дете – пешак од Скопје, кое се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
mvr1

Штипјанец со автомобил удрил 5 годишно дете кое било во двор од куќа

На 13.03.2019 во 18.05 часот во двор од куќа на улица „Дузлачки рид“ во Штип, патничко возило „Рено 19“, управувано од С.С.(25) од Штип, удрило во петгодишно дете. Детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.Увид на местото извршила екипа од СВР Штип и се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
srpska-policija

Сообраќајна несреќа во Прилеп, повредени 11 лица

На 13.03.2019 во 22.10 часот на улица „Александар Македонски“ во Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фиат пунто“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(54) од Прилеп и минибус „Мерцедес спринтер“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од И.В.(30) од Прилеп.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.Д, а со телесни повреди се здобил сопатникот од истото возило Д.Ј.(44) од Прилеп и уште девет патници во минибусот. На сите повредени им била укажана лекарска помош во Градската општа болница Прилеп. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп и Јавен обвинител.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Гордана Силјановска Давкова се сретна со наши уметници и актери

Кандидатот за претседател на Република Македонија проф. д-р Гордана Силјановска Давкова оствари средба со уметници и актери со кои разговараше за актуелните случувања во областа уметноста.„Се сретнав со наши уметници и актери. Загрижени се од сите скандали во министерството за култура. Јас ви гарантирам дека како претседател ќе воспоставам еден основен принцип владеењето на право да важи за сите, секаде“, појасни проф. д-р Гордана Силјановска Давкова.На крајот од средбата проф. д-р Гордана Силјановска Давкова им вети на уметниците и актерите дека по победата за претседател, ќе започне уривањето на заевизмот кој се повеќе им нанесува штета на граѓаните на Република Македонија. А, со самата победа на заевизмот ќе дојдат подобри времиња за граѓаните но воедно и за уметниците и актерите.

Македонија | пред 6 години

6 год.
nikola-sazdovski

20-годишниот Никола Саздовски, починал по силен удар, а не од пад или удар на асфалт

Со сослушување на вешто лице од судска медицина, предложен од обвинителството за дополнително изведување докази по реконструкцијата на настанот, денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето на Бесир Беља и Скендер Демири, обвинети за убиството на 20-годишниот Никола Саздовски – Саздо.Според вештакот кој ја презентираше направената реконструкција на несреќата Саздовски починал по силен удар.– Сега покојниот починал по силен удар, а не од пад или удар на асфалт или кутија, со оглед дека на телото не се констатирани никакви повреди од пад на тврда подлога, што е наведено и во претходните вештачења и искази пред овој суд, истакна вештакот.Случајот го води судијката Даниела Алексовска-Стојановска, и на почетокот ги повика обвинителството и одбраната доколку имаат дополнителни докази да ги предложат, со оглед дека е исцрпена листата на предложени докази по извршениот увид во списите од реконструкцијата на настанот.Судот го одби предлогот на одбраната за повторно сослушување на вештото лице, поради како што во вештачењето не било побарано тоа лице да вештачи во однос на болката и интензитетот на страдање на сега починатиот, туку во својот исказ тој само се повикува на вештачењето изработено од судска медицина.Обвинителството изрази противење на ваквиот предлог, со оглед дека вештото лице е веќе сослушно и се има произнесено за болката и страдањето.Инаку Саздовски почина на 9 јули 2018 година на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – Карил во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.Двајцата од напаѓачите, Бесир Беља и Скендер Демири, се во притвор во затворот „Скопје“ во Шутка, а за третоосомничениот, кој сè уште е недостапен за органите на прогонот, е распишана домашна и меѓународна потерница.

пред 6 години

6 год.
izbori

Каде да се пријават изборните нерегуларности, ако не во ЦИВИЛ?

Рокот за Јавен увид во Избирачкиот список истекува на 14 март, на полноќ. Имајќи предвид дека бројот на лицата кои извршиле увид во Избирачкиот список, ЦИВИЛ ги повикува граѓанките и граѓаните да го искористат барем последниот ден и да пријават проблеми во Избирачкиот список.Од искуството во претходните изборни процеси, најчести проблеми во Избирачкиот список со кој гласачите се соочуваат се фантомите, разместувањето или исчезнувањето. ЦИВИЛ ги нарече „фантоми“ оние имиња што се појавуваат на одредени адреси, а не живеат таму. Иако ДИК ја уверува јавноста дека нема фантоми во Избирачкиот список, сепак, неколку граѓанки и граѓани пријавија дека фантомите сѐ уште „живеат“ во нивните домови, па дури и дека им се појавиле нови. Во ЦИВИЛ велат дека организацијата е подготвена да оди во лов до последниот „фантом“ и ги повикуваат граѓанките и граѓаните да пријават вакви случаи и на последниот ден од Јавниот увид.Во изминатите изборни процеси, набљудувачите на ЦИВИЛ пријавија случаи кога некои гласачи биле преместени од едно на друго избирачко место. Ова е дополнителна причина да се направи увид во Јавниот список, за гласачите да бидат навремено информирани каде точно (на кое избирачко место) гласаат.Најголемиот проблем, сепак, се случаите кога гласачите, поради грешка или неажурност на институциите или на самите гласачи, исчезнуваат од Избирачкиот список. ЦИВИЛ редовно објавува информации за тоа што граѓанките и граѓаните треба да знаат за Избирачкиот список и секогаш е на располагање да прими поплаки и информации што се однесуваат на проблемите во оваа сфера.ЦИВИЛ беше и останува на ставот дека државата ИМА ОБВРСКА максимално да го почитува правото на глас во секоја ситуација, без оглед на тоа дали гласачите биле неажурни во комуникација со матичните служби или се работи за грешка на системот. Тоа, со сегашната верзија на Избирачкиот список е невозможно.Пријавување на изборните нерегуларностиСо оглед дека изборната кампања започнува на 1 април, дел од предизборниот фолклор секогаш се и говорот на омраза, лажните вести, корупцијата, злоупотребата на службената положба, притисоци, закани и уцени.ЦИВИЛ веќе започна со долгорочниот мониторинг на изборниот процес. Од сопственото изборно искуство, ЦИВИЛ констатитра дека секоја информација во овој период е важна. Не постојат информации што се неважни. Затоа, независно во кој формат да пристигнат: фотографија, видео, постови на социјални мрежи и друг вид комуникации, лично сведоштво или случка, се добредојдени.Сите што сакаат да помогнат во изборниот мониторинг можат да се вклучат како долгорочни и краткорочни набљудувачи на ЦИВИЛ. Уште поважно: независно од тоа дали се поврзани со ЦИВИЛ како соработници, членови и поддржувачи, учесници на семинарите за граѓанско новинарство или пак веќе учествувале во изборните процеси како наши набљудувачи, сите свесни и совесни граѓанки и граѓани, здруженија, организации, па дури и институции, можат да придонесат кон одбрана на правото на глас и да ја алармираат јавноста и релевантните институции за нерегуларностите и на тој начин да помогнат изборниот процес да биде слободен, фер и демократски. Целото општество е повикано во борбата за искоренување на говорот на омраза и лажните вести, пред последиците од нив да бидат несогледливи.„Каде да се пријават изборните нерегуларности, ако не во ЦИВИЛ?“ – кратко изјави претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, во пресрет на објавувањето на овој повик на организацијата што ужива голема доверба од огромен број граѓанки и граѓани, независно од нивната политичка афилијација, припадност или потекло.Пријавите може да се испраќаат во порака по електронска пошта (monitoring.civil@gmail.com), Фејсбук, по телефон (02 / 5209 176), на онлајн пријавата за изборни нерегуларности или лично во седиштето на организацијата во Скопје, информираат од ЦИВИЛ. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Стејт Департментот констатира прогрес во слободата на медиумите и судството

Препознаени се реформите, Стејт Департментот констатира прогрес во слободата на медиумите и судството Според официјалниот извештај на Стејт Департментот на САД за човекови права, Република Северна Македонија бележи напредок во слободата на медиумите и судството, стои во соопштението на СДСМ.Стејт Департментот ја истакнува контролата врз безбедносните служби и потенцира дека во споредба со минатите години се забележува дека Владата го почитува и мотивира независното и непристерасно судство.Во повеќето случаи судовите се придржуваат до законите и процедурите за притворање. Оваа година бројот на наредби за притворање опаднал значајно споредбено со минатите години, стои во овогодишниот извештај.Се истакнува и дека судството генерално го почитува правото за фер судење. Секако дека постојат се уште предизвици и проблеми кои треба да се надминат, на што се работи, но констатациите на Стејт Департментот охрабруваат и мотивираат за уште поголема посветеност, стои во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
IMG_2655

Општина Кисела Вода сади нови 67 дрва на својата територија

Општина Кисела Вода започна акција за садење на нови 67 разни видови дрва на повеќе локации на својата територија.Со денешната акција за садење на дрва локалната самоупрaва исполни уште едно барање на граѓаните. Дрвата: елки, јавори, брези и др. се донација од Цементарница УСЈЕ АД Скопје.Општина Кисела Вода со цел да делува за намалување на аерозагадувањето минатата година засади 160 високо стеблести дрва за парковско уредување. 

Скопје | пред 6 години

6 год.
zaev-za-kandidat

Заев: Одредени слабости наштетија, падна рејтингот на Власта

Премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју на телевизија Канал 5 откри дека најновите испитувања покажуваат дека рејтингот на власта е паднат за шест отсто.-Ако водевме 11,9, сега водиме 5,9. А ВМРО-ДПМНЕ е фиксирано. Одредени слабости на власта наштетија. Ние сме паднати 6 посто, ако се тешиме Ципрас падна 11 посто. За тоа придонесоа храбрите одлуки како уставните промени и Законот за јазици, но и одредени слабости, како непотизмот и тоа прави штета на владејачката гарнитура. Јас сум искрен човек и тоа тешко се надоместува. Но, ако не ги повторуваме грешките мислам ќе успееме. Пораката е примена и сега на нас е тоа да го поправиме, рече Заев. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
obvinitel-rajcev

Рајчев си ја отвори душата: ОЈО нема нема истражен центар, нема истражители, недостасуваат обвинители

Додека цела Македонска јавност еден месец очекуваше одговор од обвинителството, за причините поради кои се случи автобуската несреќа кај Ласкарци, обвинителството призна дека мака мачело за да обезбеди кадар кој треба да излези на терен и да ги собери доказите за несреќата.„Со оглед на тоа дека станува збор за доста обемна предистаржна постапка , работат 2 обинители , бидејќи ова во Скопје е најголемо обвинителтво и покива 90 % од криминалот во Македонија, нема истражен центар, нема истражители, недостасуваат 16 јавни обвинители . По систематизација од 85 стручни работници имаме само 16, од 35 дактилографи по систематизација имаме само 10. Оваа година завршивме со долг од над 9 милиони денари , за вештачења, преводи ...  По наредба побаравме 3 истражители од МВР и ги добивме,  за обемната постапка за несреќата кај Ласкарци, истакна обвинителот Сашо Рајчев, на денешната пресс конференција на која еден месец по автобуската несреќа најголема во земјава, беа соопштени детали за истата.Прашање кое се наметнува, зошто недостасувале 16 обвинители и кадар во ОЈО, кога во целата држава се вработиваат партсики кадри во админситрацијата и роднини на фунцкионери?

Македонија | пред 6 години

6 год.
promocija-na-kniga00

Турција, најголем странски инвеститор од земјите надвор од ЕУ во земјава

 Вкупните странски директни инвестиции (СДИ) во Република Северна Македонија од 1997 до 2017 година изнесувале 4,7 милијарди евра и имаат ниско учество во бруто домашниот производ на државата. Најголеми директни инвестиции во овој период се дојдени од Холандија, а потоа следат Австрија, Грција, Словенија и Унгарија, а од 2015 година на шесто место по СДИ се појавува Турција од каде од 1997 до 2017 година влегле 252,3 милиони евра.Ова беше истакнато на вчерашната промоција на книгата „Странските директни инвестиции од  Република Турција и социо-економскиот развој на Република Македонија“ на д-р Есфер Алији во која се сублимирани резултатите од сеопфатното истражување на авторот на странските директни инвестиции во Република Северна Македонија и нивното влијание на економскиот развој на земјата, со посебен осврт на инвестициите кои доаѓаат од Република Турција.Направеното истражување претставува солидна основа за понатамошни анализи и истражувања кои можат да придонесат за зголемување на обемот на странските директни инвестиции.-Странските директни инвестиции како долгорочен извор и катализатор на економската активност секогаш беа и по се изгледа ќе останат актуелна проблематика во земјава. Општите резултати од ова истражување покажуваат дека економската соработка меѓу Република Македонија и Република Турција е интензивна и активна во повеќе сегменти, а посебно во однос на СДИ. Иако растот на СДИ од Република Турција и трговската соработка бележат значаен тренд на раст во последнава декада, сепак детектиравме дека сé уште има сектори и сегменти во македонската економија каде што постојниот потенцијал за соработка не е искористен, што претставува солидна основа за понатамошни анализи и истражувања, истакна Алији.Според истражувањето на авторот, СДИ во Република Северна Македонија, иако имаат нагорен тренд, сé уште се многу мали и имаат мало учество во формирањето на бруто домашниот производ (БДП). Па така, во периодот 2003-2017 просечно годишно учество на СДИ во БДП изнесува околу 3,62 отсто.Република Турција со нивото на СДИ е најголем странски инвеститор во Република Северна Македонија од земјите надвор од ЕУ. Според официјалните податоци, од Република Турција кај нас се регистрирани 1013 правни субјекти, има 48 регистрирани подружници, во нив се вработени 4.190 лица, со вкупна актива од 392 милиони евра. Позначајни и попознати директни странски инвестиции од Турција во овој период се ТАВ, Џевахир холдинг, Лимак Холдинг, Аџибадем груп, Халк банк, Рамстор, Суташ, Европска очна клиника.Како што беше истакнато на промоцијата, растот на трговската размена меѓу двете земји е причината зошто турските индустријалци и бизнисмени сé повеќе инвестираат во Македонија.Во 2017 година вкупната трговска размена на Република Северна Македонија изнесува 11.688 милиони американски долари, од кои 4.854 милиони долари се извоз и 6.834 милиони долари увоз. Македонија најмногу тргува со Германија, Британија, Грција, Србија, Бугарија, Италија, Кина и со Турција со која во 2017 година вкупната размена изнесувала 456 милиони долари, од кои 367 милиони долари увоз и 88 милиони долари извоз. За споредба, во 2000 година, на пример, вкупната размена изнесувала само 63 милиони долари.Според авторот, СДИ од Република Турција во БДП и во вкупните СДИ во Македонија се одвиваат по нагорна линија. Исто така во периодот од 2010 до 1016 година растот на СДИ од Република Турција е поголем од реалниот раст на вкупните СДИ и БДП на Македонија.Човековата поврзаност, културните интеракции и трговски инвестициски односи меѓу Република Македонија и Република Турција се многу важни и треба да се задржат. Има голем потенцијал за соработка меѓу двете земји кој сé уште не е искористен, кој ќе влијае на понатамошниот раст на СДИ од Турција, а тука се истакнуваат и слободните економски зони чии поволности не се доволно искористени од компании од Република Турција.Алији нотира дека понатамошни приливи на странски инвестиции од Турција во секторите со повисока додадена вредност се многу важни, но од друга страна во иднина треба повнимателно да се следат можностите кои може да произлезат од новите пазарни услови во нафтената индустрија, енергетика и телекомуникациите.

Македонија | пред 6 години

6 год.
vmro_dpmne

ВМРО ДПМНЕ реакција: Фактите говорат дека македонската економија со СДСМ го допре дното

Во време на глобално поволна економска клима, растот на БДП и на платите во Македонија е најмал во регионот. Залудно СДСМ лаже и ја манипулира јавноста. Граѓаните на своја кожа ги чувствуваат нивните погрешни економски политики, се вели во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ.Од партијата додаваат: Фактите говорат дека македонската економија со СДСМ го допре дното. Криминалниот картел предводен од Зоран Заев ја доведе државата до питачки стап. Заради нивното расипништво повеќе од 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата и оваа бројка од ден на ден вртоглаво расте.За расипништвото на СДСМ говорат и секојдневните задолжувања од кои граѓаните не видоа никаков бенефит. Власта која ветуваше дека нема да се задолжува сега не направи најзадолжена држава. Откако се тие на власт јавниот долг надмина 5 милијарди евра што за прв пат ја надмина психолошката граница од 50%.Неспособноста на СДСМ ја потврдуваат мизерните 2,05% раст на БДП, бројка што е многу помала од најавуваните 5 или 7%. Капиталните инвестиции за јануари годинава изнесуваат срамни 1% и е многу веројатно дека и годинава како и минатата година СДСМ нема да реализира ни половина од планираните капитални инвестиции.Додека пак странските инвестиции со кои сега се фалат се инвестициите кои ги донесе или ги договори владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, по кои СДСМ претходно фрлаше со дрва и камења. И тие се единствената светла точка во нивната економија, а граѓаните се уште ги очекуваат Гугл и Фејсбук чии инвестиции Заев бомбастично ги најавуваше.СДСМ покажаа дека не се способни да раководат со државната економија. Единствено што донесоа беда и сиромаштија. Неуспесите на економски план на Македонија може да запрат само доколку СДСМ си заминат. Токму затоа почетокот на падот на овој криминален картел ќе почне со претседателските избори кога ќе ја добија казната од македонските граѓани, стои во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
obvinitel-rajcev

ОЈО: Главна причина за несреќата е недозволена брзина и неисправност на сопирачките

Јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, Сашо Рајчев  на прес-конференција ги презентира информациите за текот на постапката во врска со автобуската несреќа кај Ласкарци. Седум лица се приведени за автобуската несреќа кај селото Ласкарци, меѓу кои и сопственикот на компанијата „Дурмо турс" и возачот на автобусот . Обвинителството бара да се отвори истрага за шест од нив, а за седмото лице бара мерка на претпазливост.Според Рајчев главна причина  за несреќата е недозволена брзина и неможноста возачот  навреме да реагира, но и неисправноста на уредот за сопирање. Според вештите наоди рече Рајчев, евидентирани се кочења, но откако возачот ја поминал заштитаната ограда.„Вештите лица кажуваат дека шоферот изгубил контрола над управувачот, а придонес за тоа се брзината и потоа во одбегнувањето на незгодата, неисправноста на сопирачките за да го запре автобусот.“, истакна обвинителот Рајчев.Основното јавно обвинителство Скопје ги гони приведените за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Овие лица, како што соопштија од обвинителството во моментов се во полициска станица, по што ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка во Основсниот суд Скопје 1 и за нив обвинителството ќе бара мерка притвор.За седмиот осомничен кој издал документација дека работи тахометарот, иако не била направена проверка, ОЈО ќе бара мерки на претпазливост. Тој ќе одговара за несовесно работење во служба.Инаку и во јули 2018 биле евидентоирани недоследности во уредите на сопирачки на овој автобус, но сепак му било издадено одобрение за исправност.Несреќата се случи на 13 февруари кога автобусот на „Дурмо турс" со 51 патник излета од патот Тетово-Скопје и падна во провалија откако ја проби заштитната ограда на автопатот.

пред 6 години

6 год.
36103397_303

Мицкоски ја ниша фотелјата на Јанева

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, покрај досегашните обвинувања за работата на СЈО, вчера изјави дека има и други индиции. Јанева тврди дека СЈО ја потврдило довербата. Надлежноста на СЈО и опстанокот на неговиот тим вчера беа една од клучните теми во три тв-интервјуа: со премиерот Заев на „Канал 5“, со Мицкоски на „Сител“ и со Јанева на „1 ТВ“.„Ќе бараме Комисија составена од членови на политички партии да направи комплетна ревизија на работењето на СЈО“, порача синоќа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој уште еднаш ги објасни неговите оценки дадени по лидерската средба со Заев, дека ВМРО-ДПМНЕ „има сериозни индиции дека во СЈО не се работело по закон“.„Дваесет милиони евра пари на даночните обврзници се потрошени, а резултатите се катастрофални. Да истражиме дали овие индиции се точни“, потенцираше Мицкоски.Говорејќи за финансиските средства со кои располага СЈО, обвинителката Катица Јанева на „1 ТВ“ изјави дека со исклучок на почетокот кога се формирала институцијата, вообичаено трошeле околу 70 отсто од доделените средства, а таков бил и трендот за тековната година.Мицкоски: Имам индицииНо, обвинувањата на Мицкоски не се однесуваат само на начинот на кој се користел буџетот на СЈО.„Јас имам индиции и дека близок роднина на специјалната јавна обвинителка е дел од менаџментот на една телевизија и дека се користи нејзината позиција во комуникација со потенцијални спонзори на таа телевизија“, обвини Мицкоски.Јавноста не доби одговор од Јанева за ваквите обвинувања, бидејќи во синоќешното тв-интервју изостана прашање на таа тема.Но, веќе е извесно дека ВМРО-ДПМНЕ на овие тези ќе ги гради преговарачките позиции при усогласувањето на решенијата во предлог-законот за Јавното обвинителство, со кој се уредува и надлежноста на СЈО во рамките на редовното Обвинителство. Мицкоски во неколку наврати изјави дека Јанева „го загубила комплетниот професионален кредибилитет за да ја добие опозициската поддршка, вклучително и нејзиниот тим“. Засега тој не ја открива аргументацијата за ваквото тврдење, а партиски извори неофицијално најавуваат дека „ќе дојде време и за тоа“.Премиерот Заев вчера потврди дека на средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ имале различни ставови во однос на обвинителката Јанева и нејзиниот тим.„Јас сум поддржувач на тимот на СЈО, затоа што јавно учествувавме во селекцијата на обвинителите во 2015 година, и власта и опозицијата. И навистина оваа институција покажа капацитет, а тоа го препознаа како дома, така и странците кои ни помагаат во правосудниот систем“, рече Заев, додавајќи дека СЈО долг период било искра надеж на враќање на правната држава.Тој најави дека oчекува квалитетно законско решение за СЈО во кое сите ќе веруваат.Работни групи ќе го пеглаат законотСпоред сегашното решение, мандатот на Јанева истекува на 15 септември годинава. Таа е уверена дека аргументите и резултатите се на страна на СЈО и дека по усвојувањето на законот за јавното обвинителство и натаму ќе остане на чело на институцијата, под какви било услови, бидејќи се смета за професионалец. Апелираше до пратениците да го препознаат моментот и да гласаат за донесување на законот, посочувајќи го како важен предуслов за влез во ЕУ и НАТО.Каква ќе биде последната верзија на законскиот предлог ќе зависи од учинокот на работните групи на власта и опозицијата. Три дена по лидерската средба, Мицкоски вчера соопшти дека од нивна страна била утврдена работна група, но изрази разочараност што нивната работа ќе биде посветена само на две законски решенија - за законот за Јавното обвинителство и за Агенцијата за национална безбедност.„Повеќе сакав да разговараме околу структурните реформи за иднината на земјата во други области како економијата, образованието и здравството, но очигледно Владата не ги напушта тие стари навики да обезбеди некакво законско решение со кое би можела да врши и во иднина политички притисок врз неистомислениците или пак да врши определни активности кои може да компромитираат и контаминираат политички неистомисленици. Ние позитивно одговоривме и номиниравме наши претставници и очекувам дека во најскоро време ќе отвори дијалог по овие две теми“, изјави Мицкоски. DW.COM

Македонија | пред 6 години

6 год.
stop-policija

МВР: 32 возачи „лудувале“ во улици, 14 возачи исклучени од сообраќај

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 32 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 14 возачи од кои: 12 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така, исклучени од сообраќај се и 18 возила бидејќи 16 биле нерегистрирани и две возила биле технички неисправни.Санкционирани се двајца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради неправилно престројување, двајца поради неправилно престигнување, еден возач поради неносење заштитен шлем при управување на мотор, тројца возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 20 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 120 мандатни платни налози и 97 возила се подигнати со специјално возило пајак.Изминатиот ден се случиле девет сообраќајни незгоди во кои едно лице се здобило со тешки телесни повреди и едно лице поминало со телесни повреди.

Македонија | пред 6 години

6 год.
iveqgpr0mxohbhtipzy0

Хакерски напад го сруши Фејсбук, мрежата денеска повторно во функција

По вчерашниот најголем пад во историјата Фејсбук, социјалната мрежа денеска повторно во функција, но, се уште има проблеми, јави Си-Ен-Ен.Од компанијата „Фејсбук“ нагласија дека не се работи за хакерски напад, без да соопштат повеќе детали. Исто така, големи проблеми се уште имаат Инстаграм, ВатсАп и Месинџер, апликации кои се во сопственост на Фејсбук.Првите проблеми се случија вчера околу 17 часот. Фејсбук последен пат имаше вакви големи проблеми во 2008 година. Но, тогаш имаше околу 150 милиони корисници, за разлика од сега – 2,3 милијарди.

Магазин | пред 6 години

6 год.
BeFunky-collage-6

Кардиохирургот Петар Ристески со свое предавање во Мастрихт

Македонецот Петар Ристески кој 15 години работи на Клиниката за таракална и кардиоваскуларна хирургија при универзитетот „Џон Волфганг Гете“ во Франкфурт продолжува со активно учество на светски научни собири.Тој во периодот од 8 до 10 март на 24- Европски васкуларен курс во Холандија одржа предавање за минимално инвазивен третман на опсежна аорта и на аортниот лак. На конгресот во Мастрихт беа  презентирани најновите достигнувања во кариохирургијата.Петар Ристески на овој научен собир учествуваше по покана на претседателот на конгресот, професор доктор Мишел Јакобс.Во рамките на конгресот, др. Ристески изведе обука на кариохирурзи, учесници на конгресот, за оперативниот третман со оваа нова, иновативна и оперативна техника. „Ваквите настани се одлична можност за размена на знаења и искуства меѓу кардиоваскуларните хирурзи од различни страни на светот, како и можност за примена на нови технологии, методи и техники во решавање на најкомплексните проблеми од областа на кариоваскуларната хорургија“, рече доктор Ристески.Ристески е македонски кардиоваскуларен хирург кој  15 години работи на Клиниката за таракална и кардиоваскуларна хирургија при универзитетот „Џон Волфганг Гете“ во Франкфурт, Германија. Од 2015 година, тој е шеф на оддел за аортна хирургија.

Македонија | пред 6 години

6 год.
nesreka-prvi-momenti

Приведени 6 лица за несреќата кај Ласкарци

Полицијата приведе шест лица во врска со автобуската несреќа која се случи на 13-ти февруари на автопатот Скопје-Тетово, во близина на селото Ласкарци, каде што животот го загубија 15 лица, објави Алсат.Алсат, неофицијално дознава дека меѓу приведените лица се и возачот на автобусот како и сопственикот на „Дурмо Турс“.Јавното обвинителство денеска во 10,30 часот ќе одржи прес-конференција. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
tifani

Зошто е Тифани Трамп во Белград?

Тифани Трамп трн в око на српските медиуми. Таа се шета низ Белград облечена во лежерно издание, но со огромен број на телохранители околу неа.https://www.instagram.com/p/Bu6H5LKhhzv/Медиумите објавуваат дека 25-годишната ќерка на Доналд, Тифани Трамп деновиве ќе престојува во Србија, додека е на пролетен распуст. Но, се појави и веста дека наводно Тифани го одбрала Белград како дестинација за тајно да се венча со своето момче.Тифани во текот на вчерашниот ден е забележана како шета низ градот, а ја следело и американско обезбедување, како и српски полицајци во цивилно.

Магазин | пред 6 години

6 год.
Slika-Frosina-18-12

Ременски ја спори логиката на Мицкоски за „27 април“

Пратеничката од редовите на СДСМ, Фросина Ременски негодува оти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека обвинетите за „27 април“ се невини и жртви на прогон.„Види логика еј? Мицковски судењето за 27 април и притворот за Чавков го споредува со судењето на нацистите во Нирнбершкиот процес и истовремено тврди дека обвинетите за 27.04 и Чавков се невини, жртви на прогон и големи патриоти? Алоооо, и судените во Нирнберг да не беа невини, прогонувани и патриоти? Каде и која му е логиката на оваа споредба и "навигација"? Нека му каже некој да прочита повеќе за Нирнбершкиот процес, сведочењата обвинетите, оправдувањата што си ги давале за злосторствата и сл. Единствената можна компарација со Нирнберг е потврдата на функционирањето на "теоријата на штрафови и запчаници" и "за одговорноста" што од овие процеси ги објасни големата Хана Арент.  Но, Хана Арент очигледно не е литература за Мицковски“, напиша Ременски.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања