Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
Нема фотографија

Без вода дел од Центар и Водно

Денес поради дефект на приклучна цевка од Ф-3/4“ на ул.9-ти Мај 8, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од 9-ти Мај и дел од ул.Борка Талевски нас.Центар, од 09:00 часот до санирање на дефектот.Исто така поради промена на шибер од Ф-80мм. на крстосница Васил Левски со Ѓорѓи Абаџиев, во населбата Водно, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Кумровец, Васил Левски и Ѓорѓи Абаџиев од 09:00 часот до завршување со превземената активност.

Скопје | пред 6 години

6 год.
ams_nmo

Директорот на АМС на консултативна средба со младински организации

Проектот „Младинска картичка“, Јавниот повик за грантирање невладини орагнаизации, Националната стратегија за млади и извештајот за Акцискиот план 2016/2017 и Информација за состанокот во Брисел за поглавјето 26 кое ги опфаќа и младите, се само некои од активностите што ги најавува Агенцијата за млади и спорт (АМС) за претстојниот период.На состанокот директорот на Агенција за млади и спорт Дарко Каевски, ги образложи активностите кои се планираат во следниот период и процесите за кои како институција сме надлежни да ги имплементираме во областа на младите и младинското учество, за што побара од младинските организации целосна вклученост во планирањето и имплементацијата на истите. Целта е да се носат политики во консултација со младите и од интерес на младите, токму затоа е од огромно значење за нас како институција, младинските организации да бидат инволвирани во сите активности кои се преземаат.На консултативната средба присуствуваа претставници од 13 младински организации и организации кои работат на полето млади, кои по излагањето на директорот, ги дадоа своите коментари и забелешки за секоја од точките на денешната средба и ја изразија вољата и подготвеноста од нивна страна за да бидат дел од процесот на донесување одлуки и активно да учествуваат во креирање решенија во интерес на потребите на младите.На средбата беа донесени неколку заклучоци со кои се дефинираат идните чекори на делување и конкретни активности во следниот период, а беа договорени и работни средби во тек на месец Април, на кои ќе се разговара за Националната стратегија за млади, дефинирање на методолошки пристап за ревизија на истата и креирање на нов Акциски план.

Македонија | пред 6 години

6 год.
54728600_10157156047017138_1887295577180340224_n

Бетмен испрати порака преку Фејсбук: Браќа за цел живот!

Богдан Илиевски на својот Фејсбук профил објави фотографија на која е заедно со Владо Јовановски, Борис Дамовски и Игор Дурловски. Под фотографијата тој напиша „Браќа до крај. Браќа за цел живот“.Инаку тие беа водачите на протестите „За заедничка Македонија“ кои на 27 април ја повикаа толпата за упад во Собранието.Владо Јовановски, Борис Дамовски и Богдан Илиевски беа помилувани за настаните од 27 април, додека пак Игор Дурловски не поднесе барање за амнестија во дадениот рок од судот.Обвинетите од 27 април денес ќе треба да ја слушнат пресудата од Кривичниот суд. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
7-2

Димитров во работна посета на Атина

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров, на 15 и 16 март 2019 година, ќе престојува во работна посета на Атина.На покана на поранешниот  министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, министерот Димитров ќе учествува на академска конференција по повод одбележување на дваесет годишнината од основањето на одделот за меѓународни и европски студии на Универзитетот во Пиреја. На конференцијата чиј наслов е „Грчката надворешна политика во 21 век“ , МНР Димитров ќе се обрати на панелот „Трансформацијата во Југоисточниот Медитеран“, заедно со поранешните министри за надворешни работи на Република Бугарија и Република Албанија, Даниел Митов и Дитмир Бушати.Во рамките на работната посета на Атина, предвидена е билатерална средба на МНР Никола Димитров со својот грчки хомолог, МНР Џорџ Катругалос, како и куртоазна средба со Николаос Вуцис, Претседател на Парламентот на Хеленската Република.

Македонија | пред 6 години

6 год.
avtopat-tetovo-skopje

Денес завршува обврската за зимска опрема во возилата

Про Законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, трае до денес, 15 март, потсетува АМСМ.Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.Ве информираме дека автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. Во моментов на автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. Апелираме до сите возачи да не го користат автопатот.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

Македонија | пред 6 години

6 год.
27-mi-april-sudenje

Денес ќе се изречат казните за Чавков и другите обвинети за „27 април“

Митко Чавков заедно со останатите 17 обвинети, денес ќе треба да ја слушнат пресудата од Кривичниот суд, како и можната казна за крававите инциденти. Предметот го води судијката Добрила Кацарска.Судскиот процес почна во август минатата година. На почетокот процесот почна против 33 обвинети, кои беа извршители на упадот во парламентот и на нападите врз пратениците. Но, по донесувањето на Законот за амнестија помилувани беа 15 лица.На обвинителна клупа останаа Митко Чавков, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски-Леви, Митко Пешов, Оливер Поповски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Оливер Радулов, Игор Дурловски, Јане Ченто, Игор Југ, Александар Василевски-Нинџа, Никола Митревски-Кољо, Младен Додевски, Горанче Ангеловски, Влатко Трајковски и Вилијам Михајловски, кои се товарат дека сториле кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок.Ексминистерот за внатрешни работи, Митко Чавков по трет пат е во притвор поради опасност од бегство. Имено, минатиот пат, кога Чавков заврши во затворот во Шутка, тој штрајкуваше го глад, а познато е дека тој има и здравствени проблеми.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Mitko-Cavkov

Утре ќе се изречат казните за Чавков и другите обвинети за „27 април“

Ексминистерот за внатрешни работи, Митко Чавков по трет пат е во притвор поради опасност од бегство. Имено, минатиот пат, кога Чавков заврши во затворот во Шутка, тој штрајкуваше го глад, а познато е дека тој има и здравствени проблеми. Чавков е еден од обвинетите во предметот што се води за настаните во Собранието на „27 април“.Митко Чавков заедно со останатите 17 обвинети, утре ќе треба да ја слушнат пресудата од Кривичниот суд, како и можната казна за крававите инциденти. Предметот го води судијката Добрила Кацарска.Информацијата за неговиот план, според белешката, ја дознал припадник на единицата „Алфа“ од близок пријател на Чавков кој му кажал дека има вила на Халкидики и дека планира да избега пред да му биде изречена пресудата. Обвинителката што го води овој случај, Вилма Русковска, во изјава за „Независен“ вели дека информацијата дека Чавков сака да бега ја добиле од полицијата.Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, пак, не потврдува и не демантира ништо и за сите информации упатува во Обвинителството. Адвокатот на Чавков, Сашо Дуковски, тврди дека Чавков не поседува вила ниту на Халкидики ниту било каква недвижност во Грција.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Умерено облачно со сончеви периоди, викендов повисоки температури

Времето ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.Дневните температури ќе бидат во Скопје 12 Целзиусови степени, Маврово 6, Охрид 10, Битола 12, Кавадарци 14, Крива Паланка 11, Берово 8, Дојран 14.За време на викендот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од југозападен правец. Дневните температури ќе се движат од 14 до 24 степени.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Слаткар: Панчо е џуџе кое „пуши“ и се лигуши да добие тезга од 100 евра

2Бона и Слаткар овие денови се најактуелни на македонската музичка сцена откако нивната најнова песна „Дијаманти“ стигна до 1,000,000 прегледи за само 2 недели.Причината за гостувањето беше токму таа, а младите момци 2Бона најавија и спектакуларна соработка со познатата пејачка Елена Китиќ, велат дека јавноста нема видено песна каква што тие подготвуваат, па останува да видиме.Во текот на денешниот ден раперот Панчо од дуото ДНК, ги “пецна” Слаткар и 2БОНА велејќи дека нивните прегледи на “Youtube” се лажни!-Дијамант(И) не направија популарни. Голема благодарност до нашата вечна инспирација и идол Марче Слаткаристика што ни помогна да стасаме до 200.000 ( ОРГАНСКИ ) прегледи.На ова Слаткар реагираше навистина бурно, па дури употреби и погрдни зборови! Во продолжение погледнете за што станува збор: 

Магазин | пред 6 години

6 год.
20190120221927

Панчо до Слаткар: Не те гледам како конкуренција, Ливерпул и Пјаченца неможе да играат во иста лига

Откако познатиот рапер Марко Маринковиќ - Слаткар во емисијата „Ексклузив“ на 1ТВ упати критики кон Панчо, тој се огласи на Фејсбук.„Е Марче Slatkaristika дојде време да ти станам опсесија и многу да те боли што јас Панчо “НЕТАЛЕНТИРАНИОТ” од DNK полнам повеќе клубови и сали од тебе ( твојот последен концерт во Борис Трајковски ) беше ФИЈАСКО #ФАКТ за разлика од моиите два ( ПРЕПОЛН САЕМ ) и еден во универзална. Те боли тоа што зимам дупло поголем хонорар ( затоа прашуваш по менаџери , друг пат слободно јави се ќе ти кажам јас колку зимам ) од твојот и продавам повеќе карти кај и да се појавам со мојот бенд. Од тебе не сум барал услуга никогаш за разлика од тебе што лично ми се јавуваше за да ги викнам пред 2-3 години децава Два Бона ( немам ништо против нив баш ми се симпатични и им посакувам успех) за на радио и секако дека ги викнав, и пар други работи во врска со помош. Не сум праќал мејлови по радија за да ми ги вртат песните за разлика од тебе нели. Многу битно, за разлика од тебе не сум заебал луѓе и разделил бендови ( Скипи и Тајзи ) и после користење фрлил во ѓубре како непотребен материјал. Другарите мои со кои што сум израснал сеуште сум со нив за разлика од тебе што го заеба цело кру Скит и Токсикологија, скаран си и со кумовите ако не се лажам исто такаТоа кажува за тебе каков човек си и колку ти се битни парите пред другарите. Јас знам како без пари бидејќи никогаш тоа и не ми било предизвик. Мојот предизвик се вика ЛОЈАЛНОСТ и РАБОТА , а таа врлина за тебе е мисловна именка. Ја не сум ругал никој во песна, ти се потегна против Врчак кои мене лично си ми зборел дека неможеш да го смислиш, само што он е господин за тебе па не те есапел два посто. На крај да ти објаснам дека, некогаш HUSTLE BEATS THE TALENT за кој за жал ти ги немаш и двете. Се надевам дека децата кои сега ги ЦИЦАШ ќе сфатат на време со кој си имаат работа и дека се свесни во моментот се шлепаш покрај нив #ФАКТ Слаткарче ја не дужам пари за разлика од тебе. Кога ќе изгубиш судски спор не се криј, плати и на жената тоа што и должиш биди мангуп јер нели ПОЛНИ ЧАНТИ ДИЈАМАНТ(И )?А да немам ни јас ништо против тебе исто како ти против мена само кажувам факти, а последниот е дека за жал си станал НАЈ ИСФРУСТРИРАНИОТ ХЕЈТЕР ( јас не го кажувам тоа ти сам си го кажа и предвиде уште на сам старт на кариерата) .Да се потсетиме како идеше : Сите го серат Панчо, не се замарај стари, ХЕЈТЕРИ ЉУБОМОРАТ ДЕКА ПРАВИШ НАЈВИШЕ ПАРИИзвадок од темата : Жолта штампа и таа ми ја праќаше на мејл за да ти ја пуштам , да те потсетам самоКако и да е среќен сум што сум те запознал бидејќи да не те знаев немаше да знам дека може да постои таков ХЕЈТЕР и КОРИСТОЉУБИВ лик на земјината топка.И слободно барај ме ако ти треба помош тука сум да ти помогнам јер не те гелдам како конкуренција Ливерпул и Пјаченца неможе да играат во иста лига“, се вели во објавата на Фејсбук.

Магазин | пред 6 години

6 год.
nikolovski-696x381

Николовски: Победата на Силјановска значи пад на владата на Заев

Во своето гостување во емисијата „И што сега“ на МРТ, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски изјави дека е убеден дека Пендаровски ќе ги загуби претседателските избори и се надева дека во најкус можен рок ќе се случат предвремените парламентарни избори.-Јас во однос предвремени избори го следам она кое што го кажа Зоран Заев. Тој денеска спомена дека доколку Стево Пендаровски изгуби, Владата ќе падне и ќе се случат предвремени избори. Еве да го држиме за збор, Пендаровски ќе изгуби на претседателските избори и се надевам дека Заев ќе си го одржи зборот. Односно победата на Гордана Силјановска Давкова на претседателските избори значи пад на владата на Заев и значи вовед во парламентарни избори кој што се надевам ќе се случат во најкус можен рок, вели Николоски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
UGTPZ-pat-sneg-kamion

Снег на повеќе патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Слаб снег провејува на Плетвар, Ѓавато, Буково и Стража, но истиот не се здржува на коловозот.Ве информираме дека автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. Во моментов на автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. Апелираме до сите возачи да не го користат автопатот.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

Македонија | пред 6 години

6 год.
grip

Четири лица починати од грип за една недела

Четири лица починале од грип минатата недела во земјава. Смртните случаи дури денеска ги објави ИЈЗ во неделниот извештај. Двајца од починатите се од Скопје, а по еден од Охрид и Тетово на возраст од 50 до 63 години.Двајца пациенти починале на Инфективната клиника, а двајца во ГОБ 8 септември. Кај сите лабораториски бил потврден таканаречениот Свиснки грип.Со новите 4 смртни случаи, за месец и половина од компликации од грип починаа 15 лица. Минатата недела во ИЈЗ биле пријавени околу 2.500 новозаболени. Епидемиолозите очекуваат висока активност на грипот и наредниот период.

Македонија | пред 6 години

6 год.
zaevchanel

Заев срце го боли што избегал Груевски

Премиерот Зоран Заев во интервју за тиранската телевизија „Топ чанел“, меѓу другото говореше и за бегството на Никола Груевски. На прашањето на новинарот дали на средбата со Еди Рама, изразил загриженост во врска со прашањето за Груевски, кој, како што беше посочено, ја исползувал Албанија за неговото бегство, тој категорчно одговара „не”.Ги знам сите детали, бидејќи нашата пријателска земја, Албанија, еден ден подоцна детално не информира за се. Пријателите споделуваат информации. Тоа е нешто што е направено во унгарската Амбасада, вон тоа што Албанија можела да направи. Унгарија е пријателска земја со нас, но ние ќе продолжиме да се бориме за спроведување на меѓународното право, бидејќи Груевски е осуден преку транспарентен процес во Северна Македонија.Имаше мониторинг од меѓународните институции што работат во Скопје. Со тоа бегство, тој потврди дека е виновен, а има уште неколку други прашања на суд. Добивме многу лоша порака од земја членка во НАТО и ЕУ, како Унгарија, која не беше пријатна за нас, но ќе продолжиме со доброто пријателство со Унгарија, бидејќи веруваме во правниот систем, а особено во меѓународното право. Се надевам дека владеењето на правото ќе доминира, изјави премиерот Заев.Тој додаде дека нема доказ за тоа дали Груевски имал поддршка од некое лице со политичка поврзаност во Албанија, да влезе во амбасадата на Унгарија, да побара азил, а потоа да ја напушти Албанија.Сакам да бидам внимателен со секој човек во вашата земја, бидејќи Албанија е наш пријател, рече Заев.Прашан дали верува дека потфрлиле безбедносните служби на Македонији и на Албанија за Груевски да и избега на правдата, Заев на новинарот му одговори дека тој не мисли така.Не. Јас не мислам така. Чувствувам лутина во моето срце, бидејќи некој во земјата, кој не е наш или албански државјанин, му помогна. Во последните денови тој беше слободен човек. Тој се уште немаше известие да оди во затвор. Но, по два дена одлуката беше објавена. Таа вечер го организираше бегството. Но, сакам да бидам внимателен кога зборувам за тоа, бидејќи да зборувам без доказ е несериозно, одговори Заев.

Македонија | пред 6 години

6 год.
ambasada-sad

Амбасадата на САД со реакција за изјавата на Мицкоски

Американската амбасада во Скопје во реакцијата што ја објави на Фејсбук и на Твитер порача дека запалливата реторика на политичките лидери предизвикува страв и поделби во земјата особено кога настани од минатото, како Нирнбершките процеси, се користат во погрешен контест.-Воспалителна реторика од страна на политичките лидери предизвикува страв и поделби, особено кога неправилно ги користат минатите настани, како што се Нирнбершките процеси за политички цели. Таквиот јазик е опасен и не придонесува за продуктивен дијалог околу правецот во кој се движи земјата.  Многу е важно лидерите да се вклучат во граѓански дијалог кој може да ја унапреди стабилноста и просперитетот на Северна Македонија, стои во реакцијата на амбасадата.Реакцијата е поради вчерашната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој судењето за крвавите настани од 27 април во пресрет на утрешната пресуда, гo спореди со Нирнбершкиот процес, серија судења од 1945 до 1949 година на политичкото, военото, судското и економското раководство на нацистичка Германија.  

Македонија | пред 6 години

6 год.
zaev-micko

Мицкоски на дебата со Заев

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христија Мицкоски на својот Фејсбук профил ја прифати понудата за дебата со премиерот Заев на Канал 5 телевизија.„Очигледно на власта и гори под нозе и сметките не и се такви какви што ги прикажува во јавност.Добро е што по две директни прозивки премиерот конечно прифати дебата.Ја прифаќам понудата за дебата со Зоран Заев од Канал 5 телевизија, и за разлика од него без некакви дополнителни услови и барања.Ајде на дебата и тоа час поскоро да разговараме за актуелните теми.Поразот на самоволието на Заевизмот е извесен!“, стои во објавата.

Македонија | пред 6 години

6 год.
54514129_2225198494413838_6472532181976612864_n

Иванов си купил станови на улицата кај што живее Мијалов

Претседателот на државата во заминување Ѓорге Иванов, купил два стана на Водно, кои во Катастарот се запишани на име на неговиот син. Во катастарската документација, до која дојде Телевизија 24, со барање за слободен пристап до инфромации од јавен карактер, стои дека за двата стана постои преддоговор за купопродажба, зашто зградата е се уште во градба.Едниот од двата стана на Иванов е со површина од 131 метар квадратен и се наоѓа на вториот кат од новата зграда на  улицата Салвадор Аљенде. На истста улица живее и ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков. Вториот стан е во истата зграда, но најгоре, мансарда со површина од 91 метар квадратен. Мансардата е на две нивоа, со големи стаклени ѕидови од каде се гледа целиот град. Покрај двата стана, во сопственост на синот на претседателот е и гаража од 23 метри квадратни. Дел од соседите велат дека новите станови редовно доаѓале да ги видат првата дама и нејзиониот син. Претседателот поретко. Но него често пати го забележувале како ја набљудува зградата заедно со неговото обезбедување од спротивниот рид, каде што практично завршува и дворот на претседателската палата.Од кабинетот на Иванов велат дека претседателот купил само еден стан, но не го пријавил зашто се уште не го исплатил и нема имотен лист.- „Сите пријавени средства во анкетниот лист за имотната состојба на претседателот Иванов по стапувањето на фукцијата претседател се употребени како уплата за купување на еден стан за кој дополнително е земен и кредит. Станот се уште не е исплатен и не е во сопственост на семејството Иванови и поради тоа не може да биде пријавен во анкетниот лист. Кога станот ќе стане нивна сопственост, тогаш и ќе биде пријавен во анкетниот лист за имотната состојба“, велат од кабинетот на Иванов.Познавачите за ТВ 24 велат дека со оглед на пазарната цена, каврадртурата и локацијата на становите , нивната вредност може да намине и 250 илјади евра. Во овој дел од градот, цена на кавдратен метар изнесува повеќе од 1 200 евра.

Македонија | пред 6 години

6 год.
mickoski-1

Учесник во Шарената револуција до Мицкоски: Историјата ќе те избрише како флека во длабинско перење

Ирена Штеријовска, учесник во Шарената револуција го искритикува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Tаа објави и фотографија на која Мицкоски преку социјалните мрежи ги повикува граѓаните на Репубилка Македонија да им се придружат на 21 април и да ја поддржат Гордана Силјановска Давкова.„Христијан, несреќо кусогледаИсторијата ќе те избрише како флека во длабинско перење. Никаде и никому нема да оставиш трага. Толку си глуп што ни да те заебаваме не вредиш.Сакав само да ти кажам, ние ќе продолжиме да живееме во љубов и разбирање, ќе се сакаме, ќе се обединуваме, ќе растеме се појаки и ќе ве смачкаме вас, бајатите националисти и тажни мразачи. Нашата идеја за еднаквост и прогрес ќе ве брише се дур никој името не ви памти, се дур наместо името твое не викаат “го памтиш ли бе оној... оној како се викаше, што го наследи оној другиот шо сакаше војна да напраи и на крај избега ко пизда... “, стои во објавата на Фејсбук.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10215143450952635&set=a.3683715404481&type=3&theater

Македонија | пред 6 години

6 год.
izjava-zaev.Still074

Охрид нема да дели субвенции за настани од 15 јили до 15 август

СДСМ и ВМРО ДПМНЕ заедно зад предлогот на градоначалникот Константин.Советот на општина Охрид на денешната седница со 20 гласа за го прифати предлогот на в.д. градоначалникот Константин Георгиески со кој се усвои одлука со која општината повеќе нема да смее да финансира и субвенционира настани и манифестации кои се одржуваат во периодот од 15 јули до 15 август кога е шпицот на туристичката сезона.Како што и претходно најавија од ВМРО ДПМНЕ и тие гласаа по оваа точка и дадоа поддршка, со што дефинитивно се става крај на делењето милиони денари на приватни компании за организирање концерти и фестивали во Охрид.Минатата година за оваа намена Охрид подели околу 7 милиони денари, од кои само на „Авалон продукција“ и биле дадени околу 2 милиони денари, а истата таа фирма сега должи за користење на стадионот 820.000 денари плус камата и е дадена на извршител. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

29 годишна Вевчанка, компјутерски превзела лични податоци од две лица и ги злоупотребила

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против Л.Б.(29) од Вевчани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на лични податоци“.Пријавената во текот на јануари оваа година неовластено навлегла во комјутерски систем на лични податоци на две лица од Вевчани и без нивна согласност презела и обработувала нивни семејни и други фотографии, по што ги објавила на нејзиниот лажен Фејсбук профил и постирала коментари со недолични содржини.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања