Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
timthumb

Каменос: Грчките тенкови можат да влезат во Скопје и за 20 минути да се реши целиот „проблем“

Панос Каменос, поранешен министер за одбрана на Грција говорејќи на една локална телевизија, гордо кажа дека грчките тенкови можеле да влезат во Скопје за 20 минути и да се решел целиот „проблем“.„Ние не чувствуваме никаква 3акана. Скопје е работа од 20 минути. Ако трупа тенкови решат да ја преминат границата, ќе стигнат до другата страна на Скопје. Ќе стигнат до Србија“ – изјави Панос Каменос, поранешен министер за одбрана на Грција, за локалната телевизија „ТРТ“ од областа Тесалија.Каменос е поранешен владин коалициски партнер на Ципрас, кој поднесе оставка поради Преспанскиот договор. Тој го критикуваше и поранешниот министер за надворешни работи Коѕијас велејќи дека „дејствувал предавнички“ и против грчките национални интереси.-Не чувствуваме закана. Ниту Албанија може да и се закани на Грција, ниту Скопје, рече Каменос.

Свет | пред 7 години

7 год.
JSP-avtobusi-parkirani

Известување од ЈСП: поради вонреден технички преглед има одредени доцнења на линиите 9, 19, 20 и 22

Почитувани корисници на јавниот превоз,Ве информираме дека од утринава поради вонреден технички преглед на дел од возилата вклучени во јавниот превоз има одредени застои, доцнења на линиите 9, 19, 20 и 22.Генерално, посочените линии ги опслужуваат приватните превозници.Поточно, на линијата 20 возат само автобуси на приватните превозници, а линиите 9, 19 и 22 комбинирано ги опслужуваат возила на ЈСП Скопје и приватните превозници.Возилата на ЈСП Скопје непречено ги реализираат утврдените термини од возниот ред (по три возила сообраќаат на линиите 9 и 22 и две возила на линијата 19), односно на нив не се врши вонреден технички преглед.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Барањето за одземање на имунитетот на Вељаноски Џафери го врати назад

Барањето за одобрување притвор на пратеникот Трајко Вељаноски, било вратено назад поради грешка во членот на кој судот се повикува.Од судот, пак, објаснуваат дека направиле техничка грешка и дека до Собранието веќе го доставиле коригирано барањето за одземање на имунитетот на Вељаноски.

пред 7 години

7 год.
cistenje-dom-2

Се чисти дворот на студентскиот дом „Гоце Делчев“

Комуналните служби на Општина Карпош се приклучија кон акцијата на ЈП „Комунална хигиена – Скопје“ за чистење на дворот на студентскиот дом „Гоце Делчев“. Оваа акција ја поздрави и градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев и во оваа прилика потсети на еко - активностите кои Општината ги презема во овој период:- Изминатиов период исчистивме уште една дива депонија во Тафталиџе 1, а во два наврати запленивме и поголемо количесто на гуми кои во овој период се користат како огревно средство, со што дополнително се загадува воздухот. Почнавме и со засилени инспекциски контроли на терен, бидејќи секој носи одговорност за здрава и чиста животна средина. Апелирам до сите граѓани и фирми правилно да го одлагаат отпадот, затоa што во спротивно, прекршочните казни за непочитување на правилата изнесуваат од 50 до 2000 евра, рече Богоев.Помошник директорот на ЈП „Комунална хигиена - Скопје“, Ејтула Амети напомена дека овие активности имаат цел да ја подигнат и јавната свест кај сите чинители. За потребата од тековно одржување и хортикултурно уредување на овој простор зборуваше Дарио Николовски, директорт на Државниот студентски центар.Градоначалникот Богоев исто така посочи дека локалната самоуправа во текот на пролетта ќе започне со акција на хортиклутурно уредување на надворешниот простор на студентскиот дом „Гоце Делчев“ и ќе додели нови садници за раззеленување на овој потег.

Скопје | пред 7 години

7 год.
zagaduva-skopje

О2 иницијатива детектира уште едно жариште кое го загадува Скопје

Едно од жариштата во Скопје денес, Визбегово-Шутка каде се гори секаков отпад, објавија на својот фејсбук профил од О2 иницијатива.Тие пишуваат:Вакви жаришта имаме и во Сарај-Ѓорче, Карпош, Гази Баба.... Решавањето на овој проблем ќе биде знак дека нештата тргнале на подобро и дека ќе почне да функционира системот, институциите во државава. Оваа појава е забранета со закон и казнива, но ни се случува секојдневно, низ цела година не само тука во Скопје, туку низ цела држава. Дали палење отпад, дали стрништа, преплавени сме од овој проблем. Вакво загадување е едно од најлошите, ослободува палета на токсични, мутагени суптанции кои остануваат долго во воздухот и се таложат во нашите тела. Ова мора да е еден од приоритетите во борбата за намалување на аерозагадувањето. Влада на Република Северна Македонија Град Скопје.https://www.facebook.com/o2inicijativa/photos/a.1250400318410626/2043864489064201/?type=3&theater

Скопје | пред 7 години

7 год.
zaev-pribe

Средба на премиерот Зора Заев со Рајнхард Прибе

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, се сретна со експертот од ЕУ, Рајнхард Прибе, придружуван од амбасадорот на ЕУ во Република Северна Македонија, Самуел Жбогар.На средбата е изразена поддршка на политичкиот процес којшто заврши со Договорот од Преспа и ги отвори интеграциските процеси на Република Северна Македонија. Посебно е нагласена важноста од имплементација на реформите во правосудството и донесените закони, бидејќи, како што е констатирано, еден од важните аспекти, којшто покажува дали функционира една демократска држава, е независен, транспарентен и ефикасен правосуден систем. Заклучено е дека е потребна одговорност од сите во државата за да се обезбеди функционална правна држава.Премиерот Заев соопшти дека постои свесност кај Владата и силна определба да се овозможат сите потребни услови за обезбедување правда и правичност за сите граѓани.- Резултатите во економијата, по отворените интеграции во НАТО, стануваат видливи. Но, се согласуваме дека на земјата и требаат практични резултати во правосудството. Тоа значи имплементација на изгласаните закони и спроведување на потребните реформи што ќе им овозможат на правосудните органи да работат целосно независно, мотивирано, во достоинствени услови за работа. Потребно е сите во државата да го сфатат својот дел од одговорноста во овој процес. ЕУ очекува Република Северна Македонија да покаже резултати во функционирањето на правосудниот систем. Тоа е важно за датумот за преговори со ЕУ што го очекуваме во јуни. Но тие се важни и за граѓаните кои сакаат и заслужуваат да живеат во земја каде што функционираат правдата и правната држава и ќе направиме `се што e потребно за да ја осигуриме правната држава, рече премиерот Заев.На средбата е заклучено дека е потребно успешно спроведување на претстојните претседателски избори за државата да може да го задржи фокусот на потребните реформи важни за евроинтеграцискиот процес.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ezera-zooloska-1

Во Зоолошка градина, започна вториот дел од операцијата- Чисти езера

Во Зоолошка градина, започна вториот дел од операцијата- Чисти езера. Од утринава, екипи на "Улици и патишта" и "Водовод и канализација", заедно со вработените во Зоо Скопје интензивно работат на чистење на езерото кое не беше чистено повеќе од 13 години."Замерките на скопјани беа за езерата и навистина се во право. Чекавме да се подобрат временските услови и веднаш реагиравме. Се надевам во скоро време ќе имаме чисти езера" - изјави директорот Галетановски.

Скопје | пред 7 години

7 год.
veljanoski

Судот испрати барање за одземање на имунитетот на Трајко Вељаноски

Судот денеска го испратил барањето до Собранието за одземање на пратеничкиот имунитет на Трајко Вељаноски, осомничен за организирање на настаните од 27 април, потврдија од судот.Сега треба да се закаже седница на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања, со која претседава Павле Богоевски и која што треба да донесе предлог-одлука за одземање на имунитетот на Вељаноски. По ова за барањето на судот треба да се одлучува на пленарна седница најдоцна во рок од три дена.Одлуката за одземање на имунитетот се носи со просто мнозинство од вкупниот број на пратеници.

пред 7 години

7 год.
filipce-doktori

Филипче: Младите лекари се нашиот фокус и правиме сѐ за подобрување на нивниот статус, квалитетот на едукацијата и условите во коишто работат

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, утрово се сретна со претставници од Здружението на лекари специјализанти, Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари и со Клубот на млади лекари.-Младите лекари се нашиот фокус и правиме сѐ за подобрување на нивниот статус, квалитетот на едукацијата и условите во коишто работат. Во текот на септември 2019 година ќе биде објавен нов конкурс за приватни специјализанти, изјави министерот Филипче.На средбата беше разговарано и за исплаќањето на дежурствата на специјализантите, за нивниот вложен труд и за плаќањето здравствено и пензиско осигурување на приватните специјализанти, како и за спроведување евалуација на едукацијата. Исто така, на средбата стана збор кофинансираните специјализанти да бидат трансформирани во државни со полни права и категоријата кофинансирани да не постои повеќе.Министерството за здравство ќе се труди да обезбеди финансиски средства за исплата на дежурствата на сите специјализанти, како и придонеси за приватните специјализанти, а ќе продолжат разговарите со претставници на здруженијата да бидат инкорпорирани во наставно-научниот совет на Медицински Факултет, со цел заедничка соработка во подобрување на условите на специјализацијата и целокупната едукација.Во следните две недели се договорени средби на министерот Филипче со Здруженијата, со цел зацврстување на соработката со институциите и реализирање на целите на специјализантите.Министерството за здравство, минатата година првпат обезбеди средства за вложениот труд на приватните специјализанти. Грижата за специјализантите и соработката со нив продолжува и во иднина. Вратите на Министерството за здравство се секогаш отворени за нив.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Панел дискусија дел од настаните за одбележување на 15 годишнината од трагичната смрт на претседателот Борис Трајковски

По повод одбележување на 15 години од трагичната смрт на претседателот Борис Трајковски, на 25 февруари (понеделник), во хотел „Холидеј Инн“ со почеток во 15:30 часот, ќе биде одржана панел дискусија на тема „Лидерство засновано на вредности – од принципи до реализација“.На оваа панел дискусија која ќе ја предводи министерот за надворешни работи Никола Димитров ќе присуствуваат истакнати политичари односно поранешни претседатели на држави и влади кои претходно соработувале со претседателот Борис Трајковски, како што се поранешниот претседател на Република Албанија, Алфред Мојсиу, поранешниот претседател на Република Хрватска, Стјепан Месич, поранешниот претседател на Романија, Емил Константинеску, поранешниот претседател на Украина, Леонид Кучма, поранешнитe претседатели на Република Бугарија Георги Прванов и Петар Стојанов како и други политичари од регионот и светот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
gruevski-mala

Груевски на ФБ: Политичкиот прогон против мене и против многумина од ВМРО-ДПМНЕ продолжува

Политичкиот прогон против мене и против многумина од ВМРО-ДПМНЕ продолжува, напиша предмалку на својот фејсбук профил поранешниот премиер Никола Груевски.Постот на Груевски го пренесуваме во целост:Малку им е обвинението и незаконската политички нарачана казна затвор дека сум влијаел да се набави блиндирана кола бидејќи сум сакал да бидам награден со тоа што и јас како премиер понекогаш ќе сум бил превезуван во неа покрај странските гости.Малку им е апсурдното обвинение дека сум барал автопатот Кичево-Охрид да се заврши побрзо наместо побавно оти сум сакал граѓаните да ме наградат со тоа што ќе гласаат за мене на следните избори.Малку им е обвинението дека наводно сум нарачал шамари кои никогаш никому не биле удрени.Малку им е обвинението дека сум злоупотребил службена должност со тоа што општината срушила недоизградена класична и подоцна од судот потврдена дивоградба за која и самиот инвеститор признал дека е дивоградба давајќи барање до општината да му се преиначи градежната дозвола и да биде согласно веќе почнатата дивоградба.Малку им е обвинението каде без еден доказ, сведок против мене или мој потпис ме обвинуваат за неправилно финасирање на партијата оти некој донирал па после дал изјава дека не донирал или дека не се сеќава дали донирал 500 или 1000 евра на партијата.За сите овие лажни обвиненија за кои уште немам пресуда нарачателите на прогонот проти мене веќе побарале од судот да ми одреди максимална казна затвор од законски можната.Малку им е тоа.Сега решиле за почеток да ме осомничат а потоа и обвинат за непостоечки тероризам.Очигледно е дека оваа неспособна и недемократска марионетска влада нема друг начин како да ја покрие својата неспособност и своите чекори кои се штетни за државните и националните интереси на Македонија, својот криминал, непотизам и корупција на секој чекор, па мора тоа постојано да го прави преку неправедни осомничувања, обвинувања, судења и затворања на политичките неистомисленици. Преку лажни спектакли и процеси кои еден ден ќе бидат нивни срам и страв од казна за ова нивно злодело, а дотогаш наша голгота.По којзнае кој пат ќе повторам.Ниту сум организирал, ниту сум дал согласност некој да организира насилен упад во Парламентот и физичка пресметка со пратеници. Напротив, прв од сите политичари веднаш штом дознав побарав смирување на состојбата преку социјалните мрежи бидејќи тој и претходниот ден бев на пат во Виена.Ги повикувам од ОЈО да ги објават јавно доказите против мене.Да ги видиме матерјалните докази или какви и да има докази, па макар и некој лажен, нерелевантен или уценет сведок или загрозен осомничен или обвинет во некој случај.Многу би сакал да ги видам доказите за нешто што не само што не сум го сторил, туку гледајќи како власта го иритира народот, сум стравувал некој друг во такви околности да не го стори тоа, а целата вина и целата негатива да падне на грбот на ВМРО и нејзините членови и функционери.Сакам јавно да слушнам како тоа од позиција претседател на ВМРО-ДПМНЕ сум можел да влијаам на министерот Нухиу (кого мислам дека не го ни запознав лично а како министер бил прв одговорен за редот и мирот во земјата во која главен настан беа протестите и тензиите во и пред парламентот), или на било кој друг функционер од МВР, во правец како што пишува во соопштението на ОЈО да се намалеле полициските сили пред Парламентот.Го повикувам ОЈО да ги презентира наводните докази против мене пред цел народ, пред цела јавност. Докази за нешто што не е сторено.Ајде, не купувајте време, не се вадете на флоскули од типот ,,истрагата е во тек,, или ,,од истрагата ќе произлезе...,, или ,,истрагата е тајна...,, и слични празни флоскули. Ова не е обичен случај, туку случај кој го следи целокупната домашна и меѓународна јавност и неможе наводните докази да бидат само во вашите фиоки.Кога знаете после скоро две години од настан за кој непрекинато се зборува во јавноста и за кој дел од осомничените ги каневте на распит, што значи знаеја дека се опфатени во предистрага, да ги притворате за да не влијаеле на сведоци или да не избегале, како божем досега во цели две години да неможеле, тогаш треба јавно да ги покажете и доказите.За мене знам дека ги немате. А верувам дека и за останатите немате нешто што може да се нарече доказ. Ако е доволно некој да го обвинете само затоа што подржувал мирни протести, тогаш имате причина да ги уапсите сите политичари во земјата, бидејќи сите некогаш подржувале некои мирни протести, но и речиси цел народ бидејќи најголем дел од народот во различни времиња или околности подржувале некои мирни протести за една или друга работа.Но, ако обвинувате некого за организирање упад во парламентот и физичка пресметка на пратеници и уште тоа го нарекувате тероризам и барате казна од најмалку 10 години затвор, тогаш за тоа се потребни цврсти, недвосмислени и силни докази и секако нивно јавно презентирање, нпиша Груевски на ФБ.https://www.facebook.com/NGruevski/posts/10157179980042716?__tn__=K-R

Македонија | пред 7 години

7 год.
vilma-press

Русковска: Доколу не беа отворени вратите немаше да се случи крвавиот настан

На денешната прес-конференција обвинителката Вилма Рускоска изјави дека според неа доколку вратите не биле отворени на 27 април немало да се случи крвавиот настан.„На распит во предистрагата за првиот предмет беа повикани двајца од сега осомничените, така да не сметам дека било што со тој распит и да бил извршен тогаш би се добило. Од тие причини сметам дека не е пропуст на обвинителот што не бил викант на распит. Сметам дека доколку не беа отворени вратите немаше да се случи крвавиот настан“, вели Русковска.Таа додаде дека во законот за амнестија не е амнестирано кривично дело туку се аменстриани поединечни дејствија.„Не сметам дека законот за амнестија би бил било каква пречка и истиот не важи за организаторите“, изјави Русковска.

пред 7 години

7 год.
goran-isceznat

Исчезнато е лицето Горан Атанасовски , ако имате било каква информација пријавете

Преку социјалните мрежи се бара уште едно исчезнто лице.Исчезнато е лицето Горан Атанасовски од Скопје. Истиот има 35 години. Последнни информации кои ги има семејството е дека е виден вчера помеѓу 14:00 и 15:00 часот на локација кај Беверли трговскиот, од каде заминал накај Бриколаж во Сиво металик волксваген поло, со рег. СК-3104-АО.Облечен е во кошула и панталони.Ве молиме ако имате било каква информација, јавете се на 072-224-522 или пријавете во полициска станица.

Скопје | пред 7 години

7 год.
jabolka

Производителите на јаболка денес на средба со претставници од МЗШВ

Претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, денес ќе имаат работен состанок со производителите на јаболка од преспанскиот регион, на кој што ќе присуствуваат откупувачи и претставници од преработувачката индустрија. На состанокот е предвидено да се разговара за моменталната состојба со откупот на конзумно и индустриско јаболко, мерките кои ги презема Владата за овој сектор, но и за предлозите од страна на овоштарите.Инаку, според последните податоци со помош на интервентната субвенција од 3 денари за килограм предадено индустриско јаболко, што се донесе со Прoграмата за 2018-та година, досега се откупени се околу 50.000 тони индустриско јаболка. МЗШВ и во новата Програма за директни плаќања по консултациите со овоштарите направи промени за развој на оваа гранка, со цел од една страна да им се овозможи на производителите на јаболка рентабилно производство, а друга страна да се обезбеди квалитетно и конкуретно производство. Една од крупните промени е во делот на овоштарството, вклучително и за јаболката, за прв пат се врши прилагодување кон насоките на Европката унија и од Светска банка, а тоа значи трансформирање на мерката за дополнителна поддршка кој што постоеше во претходните програми, во субвенцијата по хектар. Трансформирањето  на субвенцијата за килограм предадено јаболко е направено врз основа на длабински анализи и пресметки, и истата е вкалкулирана во субвенцијата за одржување на овошни насади со јаболка. Односно оваа година, финансиската поддршка за одржување на насади со јаболка се зголемува од 33.000 денари на 41.000 денари по хектар, а 20 отсто повисокa финансиска поддршка добиваат овоштарите со развоен потенцијал, поточно за оние овоштари кои имаат од 1 до 5 хектари поддршката расте од 39.600 на 50.000 денари по хектар. Дополнително сите овоштари од преспанскиот регион ќе добијат за 15 отсто повисока субвенција за подрачја со ограничени можности, или субвенцијата ќе биде зголемена од 50.000 на 57.500 денари по хектар.Преку новата Програма за рурален развој, односно преку мерката за предфинансирање на проекти за преработувачки капацитети, ќе се создадае можност за обезбедување на сигурен пласман на земјоделските производи вклучително и за јаболката и за решавање на вишокот на производи.Со цел да им се помогне на овоштарите од овој регион кои изминативе години беше најпогоден од временските непогоди, токму земјоделците од преспанскиот регион први ги добија парите за обештетување од временските непогоди. Владата кон крајот на април лани исплати 85 милиони денари за обештетување на 2.355 земјоделци во Ресен.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sugareski-mato

Министерот Сугарески се сретна со претставници на Македонско - турската стопанска комора- МАТТО

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески оствари работна средба со претставници на Македонско-Турската Стопанска комора -МАТТО.Во рамките на средбата се разговараше за инфраструктурните проекти во Република Северна Македонија и можноста за учество на турските стопанственици и инвеститори во нивна реализација.Министерот Сугарески пред присутните ја образложи инвестициската програма на Владата за реализација на проекти во патната, железничката и комуналната инфраструктура и ги повика стопанствениците да земат активно учество во изградба на капиталните објекти во земјата.Тој го потенцираше планот на Владата и Министерството за транспорт и врски за изградба и реконструкција на преку 700 километри патна мрежа како и изгрaдба на железничкиот Коридор 8 кон Република Бугарија.“Особено ми е драго што денеска се сретнав со турските инвеститори во земјава. Турската стопанска заедница во Република Северна Македонија е важен фактор во развој на економијата и тука гледаме заеднички интереси. Разговаравме за сите инфраструктурни проекти, за новата реформа во законите што ја регулираат градежната дејност и ги повикав сите заинтересирани да се вклучат во нивната реализација. Ни претстои период со големи инвестиции и се надевам дека дел од нив ќе пројават интерес да се вклучат во изградба на капиталните објекти”, истакна министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.На средбата се разговараше и за новиот Закон за урбанистичко планирање и новите решенија во Законот за градење.Министерот повика да се вклучат со свои забелешки за да се изготват квалитетни закони кои ќе имаат функционална примена во пракса. Министерот Сугарески се заблагодари на досегашната соработка со МАТТО и ја потенцираше потребата таквата соработка да продолжи со поголем интензитет и во следниот период.

Македонија | пред 7 години

7 год.
grcija-mnr

Грчкото МНР ја појаснува правилната примена на Договорот од Преспа

Од 12 февруари официјалната употреба на името на северниот сосед е „Република Северна Македонија", краткото име „Северна Македонија", а придавките за државата и органите ќе биде „влада/министер на Република Северна Македонија или Северна Македонија", пишува во информативниот циркулар од грчкото МНР испратен до јавните служби со упатства и насоки за употребата на термините и правилно имплементирање на Договорот од Преспа, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.Како што јавува дописничката на МИА од Атина, грчкото МНР потенцира дека новото име важи за сите употреби, за сите цели и во сите меѓународни и регионални организации, институции и форуми, но и во билатералната службена пошта. Во спротивно, доколку нема придржување до правилната употреба на името и термините, службената пошта, нема да биде примена и ќе се враќа назад до испраќачот.Во однос на документите, во циркуларот се објаснува дека новото име ќе фигурира во сите документи издадени по 12 февруари, а за време на преодниот период до издавањето на новите патни исправи, при влезот и излезот од земјата ќе се става печат според кој ќе се објаснува дека потекнуваат од Република Северна Македонија. За конкретната тема поврзана со патните документи, според АНА-МПА, надлежните грчки власти ќе дадат посебни упатства. Паралелно престанува да важи „Меморандумот за практични мерки" од Времената спогодба според кој на документите со старото уставно име грчките власти ставаа печат „од Грција е призната како ПЈРМ".За употребата на придавките за државата, владата, министрите и сл, во циркуларот, грчкото МНР објаснува дека правилно е да се користи: „Влада на Република Северна Македонија" или „Влада на Северна Македонија", „Министерот за надворешни работи на Северна Македонија", а не „македонска влада" или „македонски министер" и ова важи и за сите приватни субјекти финансирани од државата.За државјанството, правилната употреба е „македонско/граѓанин на Република Северна Македонија", додека пак за регистарските таблички кратенката ќе биде НМ или НМК, а за останатите кодови за земјата остануваат кратенките МК и МКД.За учество на грчки делегации на меѓународни средби за соседната земја потребна е официјална употреба на термините што произлегуваат од Договорот од Преспа, односно за претставниците од соседната земја треба да бидат заведени под термините „претставник/ функционер/ министер/ амбасадор на Република Северна Македонија".Во циркуларот, Министерството за надворешни работи на Грција, потенцира дека грчките делегации треба да бидат внимателни и веднаш да реагираат доколку забележат погрешна употреба од трета земја или организатор или дека нема правилна употреба на името и терминологијата согласно договорот.Во спротивно, според циркуларот, како што објави АНА-МПА, „секоја грчка делегација што учествува на меѓународна средба не треба да потпише или да одобри текстови кога во нив има погрешно споменување на името и на терминологијата врз основа на договорот".Минатата седмица, грчки дипломатски извори за МИА најавија дека Министерството за надворешни работи на Грција, во следните денови ќе испрати циркулар до јавната администрација со кој ќе ги информира за промената на името во Северна Македонија.извор: МИА

Македонија | пред 7 години

7 год.
mvr1

МВР: За 24 часа во Скопје, 151 мандатен платен налог и 106 возила подигнати со пајак

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје по преземени мерки и активности констатирано е дека 58 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 16 возачи од кои: еден возач затоа што управувал возило под дејство на алкохол и 15 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Исто така исклучени од сообраќај се и 19 возила бидејќи 13 биле нерегистрирани и шест возила биле технички неисправни.Санкциониран е еден возач поради поминување на крстосница на црвено светло, пет возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, седум поради неправилно престројување, тројца поради неправилно престигнување, двајца возачи поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, еден поради непоседување пропишана зимска опрема, 24 поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 27 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.Во однос на пешаците санкционирани се тројца пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин и еден пешак поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 151 мандатен платен налог и 106 возила се подигнати со специјално возило пајак.

Скопје | пред 7 години

7 год.
marihuana2

Полицијата во „Ауди“ со струмички регистерски ознаки пронајденa е марихуана

На 20.02.2019 година во 16.00 часот на регионален пат Радовиш –Плачковица од страна на полициски службеници од Надворешна канцеларија за криминалистички работи Радовиш при преглед на патничко моторно возило „Ауди“ со струмички регистерски ознаки пронајденa е марихуана, а во близина на возилото исто така е пронајдена марихуана. Во возилото биле лицата Ј.Р.(33) од село Василево, Б.М.(24), Ф.Д.(20), Б.Д.(27) и Р.И.(30), сите од Радовиш. Лицата се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Голем пожар во Бангладеш - загинаа над 70 лица

Во голем пожар кој изби во зграда во стариот дел на Дака, престолнината на Бангладеш загинаа најмалку 70 лица, јавуваат светските медиуми.Началникот на противпожарната служба во Бангладеш Али Ахмед изјави дека бројот на жртвите може да се зголеми уште повеќе.“Бројот на тела може да се зголеми. Преварувањата  продолжуваат “, изјави тој за АФП.Пожарот избил вчера вечер и се проширил кон поблиските згради, но пожарникарите се сомневаат дека причината би можела да биде краток спој.

Свет | пред 7 години

7 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Системот "Една точка за услуги" обезбедува услуги од 10 институции на едно место, градиме систем на отворени и услужни институции

Владата предводена од СДСМ останува посветена на реформите во јавната дминистрација што обезбедуваат отворени и услужни институции коишто работат во интерес на граѓаните.Во таа насока е и отворањето на центарот „Една точка за услуги“ каде што за граѓаните ќе бидат достапни повеќе елетронски услуги и информаци на едно место. Во новоотвроениот центар во Скопје граѓаните ќе можат да добиваат информации и услуги од Министерството за внатрешни работи,, Министерство за транспорт и врски, Министерство за труд и социјална политика, Управата за водење на матични книги, Агенција за катастар на недвижности, Агенцијата за вработување, Управата за јавни приходи, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Фондот за здравствено осигурување и Централниот регистар.На овој начин значително ќе се намали времето на чекање на граѓаните и се подобрува ефикасноста на институциите. По гСкопје, предвидено е отворање на валви центри и во другите градови во државата.Системот „Една точка за услуги“ е дел од процесот на градење сервисен систем на јавни услуги и ефикасна јавна администрација, која во центарот на своето внимание ги има потребите на граѓаните и работи исклучиво во нивен интерес, стои во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања