Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
Renata-Deskoska-nov-min-za-pravda-1-bg_resize

Дескоска: Очекувам сите надлежни институции да го расветлат случајот и да покренат постапки за санкционирање на сторителите

Во врска со инцидентот во затворот во Шутка на Фејсбук се огласи и министерката за правда, Рената Дескоска.„Згрозена сум и најостро го осудувам вербалниот, а потоа и физичкиот инцидент во КПУ Затвор – Скопје. Насилството не е и не смее да биде начин на комуникација никаде, ниту во затворите. Побарав целосно информирање од управата на КПУ Затвор - Скопје, но и очекувам сите надлежни институции професионално и одговорно да го расветлат случајот, а потоа и да покренат постапки за санкционирање на сторителите на насилство, но, и на сите оние кои не презеле мерки за спречување на вакви ситуации“, напиша Дескоска на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Костадинов: Сценаристи на денешниот инцидент во затворот се Мицкоски и Груевски

Сценаристи на денешниот инцидент во затворот се Мицкоски и Груевски. Тие очајно се обидуваат преку насилнички сценарија да ја дефокусираат јавноста од водечката улога од врвот на ВМРО-ДПМНЕ како осомничен организатори на настаните од 27 април, изјави Костадин Костадинов.„Медиуми и интернет портали блиски до ВМРО-ДПМНЕ пласираат голем број неточни вести како дел од ова сценарио. Однесувањето на Мицкоски  во болницата 8-ми септември е само уште една потврда за тоа, имајќи во предвид дека Миле Јанакиески немал никакви повреди, што е потврдено и со прегледот.СДСМ осудува било какво насилство и го осудува инцидентот во Шутка. Благодарение на брзата реакција не успеа денешната провокација, смисленото сценарио на Мицкоски и Груевски. Очекуваме сите надлежни институции да го расчистат овој инцидент.Насилството ќе се санкционира, а Мицкоски нема да успее. Одговорност за нарачателите, организаторите и извршителите за крвавиот четврток мора да има“, вели Костадинов.

Македонија | пред 7 години

7 год.
40530078_10158105600814466_4386630037059665920_n

Зекири до Мицкоски: Проѕирни сте и ваквите сценарија не ви поминуваат

Пратеникот од редовите на СДСМ, Мухамед Зеќири преку својот Фејсбук профил му се обрати на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.„Mицковски проѕирни сте и ваквите сценарија од вашиот ментор кукавицата Груевски преку неговите пулени Миле и Спире не ви поминуваат“, напиша Зеќири на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Директорот на затворот во Шутка за инцидентот: Ќе бидат санкционирани извршителите

Денеска се случија два немили настани. Првиот се случил околу 13 часот за време на редовна прошетка, при  што дошло до вербална расправија помеѓу лицата С.Р. и Л.К., а потоа и до физичка пресметка која била прекината од страна на службите, изјави директорот на истражниот затвор Скопје, Ѓоко Котевски.„Околу 13 часот и 45 се случил вториот немил настан во кој дошло до вербален инцидент меѓу М.Ј и Е.К. кој подоцна преминал во фризичка пресметка и истиот бил прекинат од страна на службите. За двата инциденти прибавени се изјави од сите очевидци и известен е надежниот суд.По инцидентот С.Р. и М.Ј. се пренесени во домскиот лекар и пружена е соодветна грижа. Од страна на С.Р. не била побарана дополнителна медицинска помош, а лицето М.Ј. кое се пожалило на болки, веднаш е испратено во болницата 8-ми септември.Затврот ги превзема сите активности извршителите да бидат санкионирани и во иднина ќе продолжи да постапува професионално. Нашата управа ќе започне истрага со цел да се испита дали е направен некој пропуст и ако е утврден од страна на затворската полиција или другите служби ќе биде покрената соодветна истрага и дисциплинска одговорност“, изјави Котевски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
goran-isceznat

Досие.мк - објави сведоштво како било откриено телото на Атанасовски

Досие.мк во потрага по информацијата дека скопјанецот кој беше пријавен дека е исчезнат го обиколи теренот околку населбата Нерези. Локален жител кој сакаше да остане анонимен ни раскажа како дознал за смртта на момчето, објави Досие.мк .Додека седев на клупите дојдоа момчиња и прашуваа за автомобил и го опишаа момчето. Тие прашуваа како да се качат на височинката над тунелите овде на почетокот од Нерези. Јас им кажав и заминаа. По десетина минути потресени се вратија. Кажаа дека ја нашле неговата кола заклучена и кога го пребарале теренот го виделе телото во долот. Повикаа полиција брза помош. Но само констатираа дека е починат. Никој не знае што се случило. Телото личеше како да е истркалано од височинката и застанато меѓу дрвата пред каналот. Полицијата направи увид и го однесоа, раскажа за ДОСИЕ.МК жител на населбата.Текстот во целост на досие.мк

Скопје | пред 7 години

7 год.
japonski-krap

Неавтохтон вид златен карас уловен во Охридското Езеро

Златен карас уловен во Охридското Езеро. Рибата е убава за глетка, но на овој вид риба, во никој случај не и е местото во езерските води. Како оваа стиба стигна тука сеуште никој не открива.Инаку фотографии од рибата на својот фејсбук профил објави вљубеникот во Охрид и неговите убавини, риболовниот водич Љупчо Стојкоски – Лепи.Станува збор за неавтохтон вид златен карас, риба која и претходно е забележана во водите на езерото, а ја уловил риболовецот Боби Стојаноски.Рибата која е со тежина од околу еден килограм, најверојатно е пуштена во езерото од страна на неодговорни поединци, а е уловена во каналот „Студенчишта“. Експертите апелираат тоа да не се прави, бидејќи сериозно се нарушува биодеверзитетот.Ова не е прв ваков случај. Во август минатата година, нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора“ во водите на Охридското Езеро, кај „Заливот на коските“, ја снимија рибата сончарка (Lepomis gibbosus), која исто така не припаѓа на охридскиот екосистем.Апелираме да не се пуштаат во езерото неавтохтони видови риби, бидејќи можат лошо да влијаат врз биодиверзитетот на езерото. – велат од Нуркачкиот центар „Акватек" од Охрид.Пред неколку години беше уловен исто така азиски вид риба. И тогаш спортските риболовци, научната јавност и љубителите на природата предупредија на негативните последици по живиот свет во Охридското Езеро доколку се зголеми бројот на видови кои никогаш не егзистирале во овие води, кои со милениуми се природно живеалиште на голем број ендемски видови, од кои дел живеат само тука.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mickoski-8-mi-septemvri

Мицкоски до обезбедувањето во “8 септември”: Да не ја правиме голема

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Владо Мисајловски, Игор Јанушев и Јохан Трчуловски обезбедувањето од болницата „8-ми септември“, ги спречи да го посетат Миле Јанакиевски кој денеска беше претепан во затворот во Шутка.Обезбедувањето потенцира дека на Јанакиески му е изречен 30 дневен притвор и дека поради тоа никој не смее да го посетува.На ова претседателот на ВМРО ДПМНЕ им порача:„Да не ја правиме голема“.Тензичната атмофера ја прекина болничкиот персонал, кој на лидерот на опозицијата му рече да остане, а сите останати да го напуштат објектот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
nepotizam-arsovski

(ВИДЕО) ВМРО ДПМНЕ: Епидемија на непотизам во СДСМ, нововработени во ЕЛЕM и Царина

Не може ниту една закана, уцена или прогон да ја покрие срамната епидемија од непотизам на власта. Заразено е целото СДСМ. На јавноста сега и е јасно зошто постои ваква нервоза кај СДСМ и Заев и зошто по секоја цена сакаат да се дефокусира темата за епидемијата од непотизам, истакна на пресс конференција Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Арсовски додаде:Речиси да не постои пратеник или висок функционер од власта чиј што близок роднина не е вработен во некоја државна институција, агенција, управа, државно претпријатија или орган кај што не добива плата над просечните примања на граѓаните во Република Македонија.Почитувани, денес ќе обелодениме две нови имиња на пратенички од СДСМ чии блиски роднини се едни од многуте „заразени“ со епидемијата за непотизам.Прво, пратеничката Фросина Ременски веројатно лажно ќе морализира, но мора да и признае на јавноста и ја прашуваме еве јавно: Дали Зоран Ременски, со кого е во кумовски и во роднински врски, е вработен во ЕЛЕМ? Кои се критериумите, доколку е тоа така, според кои лицето Зоран Ременски, кум и внук на Фросина и на Јовче Ременски, се вработил во оваа државна фирма?Вториот случај кој ќе го обелодениме денес е „Дизел вработувањето“ кое го добил и братот на пратеничката на СДСМ од Виница, Славица Митева Шуманска. Имено, братот на пратеничката, Никола Шумански е вработен како царински службеник во Штип на 01 февруари 2019 година, веднаш после гласањето на уставните измени, пред само 20 дена.Ова е доказ дека во СДСМ не владее морал. Единствено морално е да си ги вработат пратениците и функционерите своите роднини. Тие се оперирале од морал во моментот кога ги вработувале блиските роднини на нивните функционери. Јавноста ја охрабруваме да продолжи секојдневно да не информира и да истражува за ваквите случаи, какошто и тоа го прави бидејќи очајно го навлегоа гневот на граѓаните. Сите граѓани ги плаќаат овие партиски роднини преку буџетските пари прибавени или од зголемени даноци или од бруталното задолжување коешто го прави СДСМ.Оваа криминална врхушка е олицетворение на непотизам и верувајте дека тоа ќе заврши единствено со губење на изборите и со нивното заминување од власт.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Јанакиевски во првото деноноќие претепан - Се подготвуваше ли навистина ликвидација на екс премиерот Груевски?

Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, кои од вчера се во затворот во Шутка, а на кои им беше одреден 30дневен притвор за организација на 27 април, денеска биле нападнати од еден од членовите на кумановската група, кој е осуден за нападот во кумановското „Диво насеље“. Ристовски е со помали повреди, а Јанакиески бил префрлен во болницата „8. Септември“ поради скршеници.По оваа вест се наметнуваат две прашања, колку се безбедни македонските затвори? Но и дали овој инцидент на некој начин најави дека се реализира уште една од најавите на екс премиерот. Имено веднаш откако тој пребега во Унгарија побара азил, на прашањето зошто избега, Груевски на Фб на 20 ти ноември 2018 напиша:„Некој може да ме сака или да не ме сака, да се согласува или да не се согласува со мене, да смета дека водам добри или лоши политики, но неможе да го негира или да ги затвори очите пред она што се случува во Македонија во овој период а кое го опишувам. Јас одлучив да не ја исполнам желбата на СДСМ, додека тие ја разграбуваат и распродаваат државата и националните интереси да седам затворен со политичка одлука и секојдневно да се борам за преживување во затворот, за каде добив сознание дека ми се подготвува ликвидација, пишува Груевски“.Се подготвуваше ли навистина ликвидација на екс премиерот, Никола Груевски?Инаку поранешниот премиер Никола Груевски е осуден на две години затвор за влијание МВР да купи блиндиран луксузен мерцедес од 600 илјади евра од пари на полицијата, по негова лична желба. Освен за веќе отпочнатиот судски процес „Насилство“, поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, е обвинет во четири случаи на Специјалното јавно обвинителство, „Титаник“ за изборните измами, „ТНТ“ за уривањето на објектот „Космос“ на Фијат Цановски, „Траекторија“ за изградбата на автопатиштата.

пред 7 години

7 год.
jabolka-12

МЗШВ и производителите на јаболка се договорија, за една недела ќе подготват заеднички предлози

МЗШВ и производителите на јаболка се договорија, за една недела ќе подготват заеднички предлози Денеска во Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, се одржа работен состанок со производителите на јаболка од преспанскиот регион. На состанокот, се разговараше за актуелната состојба со откупот на јаболка, барањата на производителите на јаболка и мерките што и презема МЗШВ за оваа гранка.Во однос на барањата од страна на производителите на јаболка кои се однесуваат на исплата на основната субвенција за одржување на овошни насади до крајот на март и исплата на дополнителната субвенција од 3 денари од Програма за 2018 до 30 –ти јуни, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николоче Бабовски, посочи дека овие барања ќе бидат исполнети, бидејќи истите се врзани и со законските рокови за исплата.Во врска со барањето на овоштарите за продолжување на дополнителната мерка од 3 денари за предадено индустриско јаболко до крајот на јуни годинава, претставниците од МЗШВ и јаболкопроизводителите се договорија во следните денови да се направаат сите анализи и пресметки и до 1-ви март да се донесат конкретни предлози и да се дизајнира мерка со која што ќе се амортизираат загубите на овоштарите и ќе се реши пласманот.„Знаеме дека овоштарите се наоѓаат лоша состојба, причината е што има големо производство, а и странските пазари се соочуваат со вишоци. Затоа, денеска се договоривме заеднички да направиме анализи како таа мерка да ја дизајнираме и истата да придонесе за амротизација на загубите и секако за решавање на пласманот. До 1-ви март ќе излеземе со заеднички предлози и мерката би се донесла после претседателските избори, бидејќи сега сме ограничени за менување во годишната програма поради предизборниот период. Во врска со времената мерка што заврши на 25 декември лани, калкулациите беа тие 3 денари по килограм за предадено индустриско јаболко, да се трансформираат во субвенциите по хектар.Затоа во новата Програма за 2019 година, субвенциите за одржување на насади се зголемени од 39.000 денари по хектар на 50.000 денари, со тоа што имаат дополнителни 15% за подрачја со ограничнеи можности над 700 метри надморска височина, а Ресен влегува во таа категорија, и таа субвенција за развојните категории достигнува 57.500 денари по хектар. Тоа е прифатено и поздравено од овоштарите“, изјави шефот на кабинет на МЗШВ, Трајан Димковски.Претседателот на работната група на овоштарите, Менде Ивановски изјави дека состојбата на терен е лоша, но дека се задоволни што има разбирање за решавање на нивниот проблем од страна на МЗШВ.„Денеска најдовме разбирање од МЗШВ и претставниците од МЗШВ не сватија дека нашиот проблем е голем и дека треба заеднички да го решиме.Се договоривме во следните денови да имаме интензивни разговори и до 1-ви март да излеземе со конкретни предлози. Тогаш ќе дојдеме до едно решение како да опстојат овоштарите. Во овој момент се откупува мала количина од околу 200 тона на ден и претежно извозот оди за Русија, Ирак и Бугарија“, изјави Ивановски.Ефектите од дополнителната мерка од 3 денари за килограм индустриско јаболко што се воведе со Програмата за директни плаќања за 2018 година се видиливи, досега се откупени 45.000 тони индустриско јаболко, а претходно во просек се откупуваше од 15.000-20.000 тони, што значи дека мерката дава ефект. Од овие 45.000 тони, околу 15.000 тонис се за домашен пазар, а остатокот е извезен.Во делот на пласманот Димковски посочи дека МЗШВ интензивно работи на изнаоѓање на нови пазари за јаболкото но и за другите земјоделски производи и дека се во тек преговорите за извоз на македонското јаболко во Египет. А, дополнително во однос на промоцијата на земјоделските производи, во новата Програма за рурален развој, субвенцијата за поддршка за учество на домашни и странски саеми е зголемена од 400.000 евра на 1 милион евра.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ojo-1

ОЈО : 25 годишен маж нападнал униформирана полициска службеничка при вршење работи на безбедноста

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое се товари за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот 25-годишен жител на Скопје, на 13.02.2019 година, во подземна гаража на улица „Анкарска“, нападнал и телесно повредил едно овластено службено лице – униформирана полициска службеничка. Оштетената со уште тројца колеги, униформирани полициски службеници од Полициска станица од општа надлежност Карпош, пристапиле кон проверки на оштетено патничко моторно возило Цитроен Ц3 паркирано во гаражата. Во тој момент од совозачката врата на возилото излегол обвинетиот. Му било наредено на застане, но се обидел да избега, а оштетената за да го задржи го фатила со двете раце за нозете во делот на потколениците. Притоа, тој почнал да ја удира со нозете во пределот на главата и лицето и да ја влече по асфалтот, нанесувајќи и телесни повреди во вид на потрес, отворена рана на главата и нагмечување на главата.Ценејќи дека се уште се исполнети законските основи заради кои на обвинетиот веќе му е определена мерка притвор, надлежниот јавен обвинител заедно со Обвинителниот предлог до судот достави и предлог за продолжување на притворот.

пред 7 години

7 год.
dogovor-12

Кривични пријави за повеќе лица, едни издавале други закупувале платформа - тераса, а трет бил сопственик

Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за економски и компјутерски криминал, до Основното јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против А.И.(64), Д.Ј.(66) и Д.В.(46), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, казниво по член 353, а во врска со член 45 од Кривичниот законик.А.И. и третопријавениот Д.В., управители на Друштвото за услуги и трговија „ТЦ БИСЕР“ ДООЕЛ од Скопје и второпријавениот Д.Ј., Претседател на „Здружение на сопственици на деловен простор за одржување на ТЦ Бисер “ од Скопје, во периодот од 2013 до 2018 година, сукцесивно во повеќе наврати, во име и за сметка на правното лице Друштво за услуги и трговија „ТЦ Бисер “ ДООЕЛ од Скопје, како закуподавач, склучиле „Договори за издавање под закуп за користење на површина на дел од платформата- терасата“ со 16 правни лица-закупци за вршење дејност надвор од деловен простор за различен временски период, површина и цена за користење на просторот по метар квадратен, иако знаеле и биле свесни дека Друштво за услуги и трговија „ТЦ Бисер “ ДООЕЛ од Скопје не е сопственик на површините кои се предмет на склучените договори за давање под закуп. Врз основа на склучените договори и по основ закупнина правните лица на сметка на ДУТ „ТЦ БИСЕР“ ДООЕЛ Скопје уплатиле вкупно 10.052.285 денари.Првопријавената во вкупно 36 наврати склучила исто толку договори за издавање под закуп за користење на површина на дел од платформа- тераса со 12 правни лица како закупци.Второпријавениот во два наврати склучил договори, додека третопријавениот сукцесивно во вкупно девет наврати склучил исто толку договори за издавање под закуп за користење на површина на дел од платформа- тераса.

пред 7 години

7 год.
goran-isceznat

Пронајдено безживотно машко тело, неофицијално станува збор за 35-годишниот Горан Атанасовски

Пронајдено Безживотно тело во Нерези на патот кон вила „Меранда“, потврдуваат од МВР. Телото било пронајдено денеска околу 13 часот. Телото било во бездна, а на патот било оставено возилото марка „поло“.Наофицијално станува збор за 35-годишниот Горан Атанасовски, кој вчера беше пријавен за исчезнат од страна на неговото семејство.Инаку утрово по соцјалните мрежи се вртеше веста дека е исчезнат Горан Атанасовски. Последните информации на семејството биле дека тој бил виден кај трговскиот центар „Беверли“, од каде заминал со сиво металик „фолксваген поло“.Безживотното тело е предадено на Судска медицина, каде што ќе се изврши обдукција.

Скопје | пред 7 години

7 год.
migranti_kola

Кривична пријава за две лица од Арачиново - криумчареле мигранти

Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против Љ.А.(25) и Џ.М.(18), двајцата од село Арачиново, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“. На 15.02.2019 година околу 09.30 часот на магистралниот пат Демир Капија-Удово, полициски службеници пронашле 10 лица–мигранти, сите од Еритреја, кои во текот на ноќта, со две патнички возила, требало да бидат превезени од границата со Грција до Куманово, но по 30 минути возење, лицата кои ги управувале возилата, ги оставиле на магистралниот пат Демир Капија-Удово. По преземени мерки било утврдено дека пријавените ги управувале возилата.

пред 7 години

7 год.
uvid-2

Од повредените патници во автобуската несреќа, 12 лица сеуште во болница, 2 во тешка состојба

Во врска со состојбата на повредените лица во сообраќајната несреќа која се случи на автопатот Скопје-Тетово на 13 февруари, во моментот во Градската општа болница се наоѓаат 8 пациенти, од кои 1 пациент е во тешка состојба и се лекува на одделот за хируршка-интензивна нега, а останатите пациенти се во добра општа состојба.Што се однесува до состојбата на повредените кои се сместени во комплексот клиники, информираме дека на КАРИЛ во моментов се третираат тројца пациенти, од кои еден е во тешка состојба, додека другите двајца се стабилни.На Универзитетската клиника за неврохирургија има една пациентка и таа во моментов е во стабилна состојба.Исто така, информираме дека пациентот од трауматологија во текот на денешниот ден ќе биде пуштен на домашно лекување.

Македонија | пред 7 години

7 год.
kolev

Претседателот на ГДУ на Самит на Европските конзервативци и реформатори

Претседателот на Граѓанско Демократската Унија Петар Колев, ќе учествува на самитот на АКРЕ (Европските конзервативци и реформатори) кој ќе се одржи во Рим од 22 до 23 февруари.La Convenzione Blu е собир на кој покрај членовите на Eвропарламентот, ќе дебатираат и владини претставници, бизнисмени, академици, претставници на невладини организации,политичари и дипломати.Покрај главните теми на собирот – миграцијата и имиграцијата и одбраната и безбедноста во Европа, самитот ќе претставува и своевиден вовед во кампањата за претстојните евроизбори на кои членките на АКРЕ очекуваат позитивен резултат. Тие во моментов ја претставуваат трета по број политичка групација во Eвропарламентот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Mile-Janakieski

Инцидент во Шутка - претепан Миле Јанкиевски

Извори на весникот „Лајм„, информираат дека денеска во затворот Шутка се случил инцидент.Според нив, член на Кумановската група го претепал поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски.Благодарение на интервенцијата на затворските власти, била спречена поголема несреќа.Официјално сè уште нема  потврда за оваа информација.

пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Платите во државата растат, но само за роднините на функционерите од власта, за сите други паѓаат

Ако СДСМ продолжи со ова темпо да ги вработува ќерките, синовите, мајките, браќата, тетките, стрините и останатите роднини, на високи позиции во државната администрација, просечната плата веројатно ќе продолжи да расте, но право пропорционално со тоа ќе осиромашуваат граѓаните и државата.Платите во државата растат, но само за роднините на функционерите од власта, за сите други паѓаат. Трошоците за живот од месец во месец се се повисоки, а граѓаните тоа го чувствуваат по нивниот џеб. Над 500 илјади граѓани живеат на прагот на сиромаштија и едвај врзуваат крај со крај, а власта ништо не презема.Државата оди кон дното, власта само во последната година задолжи нови скоро половина милијарда евра, пари кои ќе треба да ги враќаат идните генерации. Со тоа јавниот долг надмина 50%.Со СДСМ Република Македонија само тоне. Нема просперитет со власта на Зоран Заев, токму затоа потребно е што побргу да си заминат, велат од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
kostadinov-123

(ВИДЕО) Костадинов за вработените роднини на функционерите: Тоа е личен чин, но очекувам повлекување поради морални причини

На прашањето дали во СДСМ имаат информации колку од роднините врботени во државни институции поднесоа откази, Костадинов вели:Досега е повлечен еден. Тоа е личен чин, но очекувам повлекување поради морални причини. Повлекувањата на најблиските роднини на функционерите да се повлечат од работните места. Тоа е нова вреност која и приличи на СДСМ.Доколку не се повлечат ќе сносат одговорност, додава Костадинов.

Македонија | пред 7 години

7 год.
kostadinov-123

(ВИДЕО) Костадинов: Растот на платите во 2018 е највисок во последните 9 години, се повеќе пари завршуваат кај граѓаните

Платите растат, се повеќе пари завршуваат кај граѓаните, кај работниците, во семејствата. Во 2018 година забележан е најголем раст на просечната плата во последните девет години!Просечната нето плата во декември 2018 година изнесувала 25.784 денари, што е зголемување за над 8 проценти во однос на декември во 2017 година. Само за една година просечната плата е поголема за речиси две илјади денари!Реалните економски политики на Владата предводена од СДСМ даваат реални, видливи резултати. Ако во 2017 година растот на платите се базираше на подигнувањето на минималната плата, во 2018 година воочлив е ефектот на зголемување на продуктивноста на фирмите, новите и добро платени работни места, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник од СДСМ.Оваа година продолжуваат зголемувањата на платите во сите сектори. Повеќе средства се одвоени за активните мерки за вработување, за поддршката за домашните и странски инвестиции.Овие мерки и реални економски политики се добра основа за натамошен раст на платите, со крајна цел просечната плата до крајот на мандатот да изнесува 500 евра.Почитувани,Пред граѓаните презедовме одговорност да испорачаме сериозни резултати во економијата, реформите и интеграциите. Тоа го остваруваме, време е граѓаните да ги почувствуваат очекуваните резултати.Напредокот во евроинтеграциите, членството во НАТО и започнувањето на преговорите со ЕУ дополнително ќе ги интензивира овие позитивни текови, се повеќе пари ќе завршуваат кај граѓаните, додаде Костадинов.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања