Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
tepacka1

Физички нападната 68 годишна охриѓанка

На 21 февруари во 05 часот и 50 минути, на улицата „Мирче Ацев“ во Охрид, К.М. (68) од Охрид, физички била нападната, од засега непознато машко лице. Притоа, и ја одзел ташната во која имало околу 8000,оо денари, лични документи и еден мобилен телефон марка „Хуавеј“.СВР Охрид, презема мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
pozar-drvja

Изгореа 100 насади од лешник и околу 2000 м квадратни земјоделска површини

Вчера, околу 11 часот, во месноста „Суво поле“, атар на општина Вевчани, случен е пожар, во кој, на една парцела целосно изгореле 100 насади од лешник и околу 2000 м квадратни земјоделска површини.Пожарот бил локализиран а потоа и целосно изгаснат од Територијалната противпожарна единица од Струга.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Trajko_Veljanoski-golema

Мисовки на Комисијата за мандатни имунитетни прашања дојде со каменот кој бил фрлен кон него на 27 април

Пратеникот на НСДП, Горан Мисовски, на денешната расправа во Комисијата за мандатни имунитетни прашања, го донесе каменот со кој замавнале по него на 27 април, 2017 година. Подигнувајќи го му кажа на Вељаноски дека тој камен бил фрлен кон него и да не го промашел, ќе бил убиен.На оваа сцена се разлутија останатите присутни, и побара да го тргне, а тој потенцираше дека каменот му стои во фиока во канцеларија како спомен.По ова претседателот на мандатно-имунитетната комисија Павле Богоевски даде пауза.Инаку на расправата се одлучува за имунитетот на Трајко Вељановски. Комисијата има рок од 3 дена да одлучи и предлогот да го достави на гласање до сите пратеници.

пред 7 години

7 год.
gjoko-kotevski

Директорот на КПУ „Скопје“ Ѓоко Котевски, ќе поднесе оставка

Директорот на КПУ „Скопје“ Ѓоко Котевски денеска изјави дека го прифаќа барањето на премиерот Зоран Заев и ќе поднесе оставка по вчерашните инциденти во затворот.-Јас сум одговорен човек и професионалец во службата и кога службата ќе потфрли логично е од професионални и морални причини да се поднесе оставка. Од досегашната истрага утврдени се пропусти и непочитување на стандардните безбедносни протоколи во службата за обезбедување на затворот во Скопје. Одговорноста за тоа ја преземам јас, рече Котевски во изјава за медиумите пред КПУ „Скопје“.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Со оставката на Котевски не смее да се прикрива одговорноста на нарачателите за инцидентот во затворот

Со оставката на Ѓоко Котевски не смее да се прикрива одговорноста на инспираторите и нарачателите.Зоран Заев и Рената Дескоска мора да сносат одговорност за тепањето на Јанакиески и Ристоски во притвор, велат од ВМРО ДПМНЕ.дговорност мора да има од Заев и Дескоска, а не истите да се вадат на одговорност само во пониските ешалони на власта.Тепањето на Јанакиески и Ристовски е акт на деспотизам кој не смее да остане неказнет. Чинот што било дозволено тепање на притвореници е срам за демократијата.Срамно и недозволиво, властите не го спречија тепањето, туку синхронизирано се обидоа да ја манипулираат јавноста, дека истиот или не се случил и дека е незначителен.СДСМ не смее да бега од одговорност. Чинот на тепање на затвореници е акт на незрело и недемократско уредување, кое за жал стана државата со Зоран Заев на чело на владата.ВМРО-ДПМНЕ го повикува Народниот правобранител и сите меѓународни претставници во земјата да го испитаат случајот и да спречат понатамошно кршење на човековите права.Заев и Дескоска не можат да се кријат зад пониските ешалони на власта, граѓаните очекуваат одговорност, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
bolnica-123

Новини во националниот систем МојТермин - се воведуваат два нови упати „Итен 24“ и „Упат без термин“

Министерството за здравство и Управата за електронско здравство воведуваат новини во националниот систем Мојтермин, со цел подобрување на здравствената евиденција и поедноставување на работата на здравствените работници, но пред се заради оптимизација на процесот на упатување на пациентите и побрзо добивање на услугата која им е потребна на пациентите.Најзначајната новина која се воведува се два нови упати, од кои првиот тип е „Итен 24“, кој ќе се издава доколку лекарот кој врши преглед утврди дека пациентот заради неговата состојба (животозагрозувачка/итна состојба) е неопходно да биде прегледан од специјалист, односно супспецијалист или да му биде извршена одредена дијагностичка процедура во рок од 24 часа.Вториот тип на упат се нарекува „Упат без термин“ и се користи во случај кога пациентот има потреба од преглед, поврзан со остварување одредено право и прегледот треба да се изврши во следните 7 дена. Овој тип на упат ќе се користи доколку во установата каде што се упатува пациентот не постои слободен термин во следните 7 дена за т.н. регуларен преглед.Имено, упатот без термин нема да се користи за прв преглед, туку за остварување права и обврски на осигурениците од задолжително здравствено осигурување и тоа за:• препорака за боледување,• препорака за користење хронична терапија,• препорака и издавање ортопедски помагала,• остварување право на БПО,• остварување други права за кои е потребно мислење одспецијалист/супспецијалист/ конзилиум на лекари,• преглед/аплицирање терапија, која поради здравствената состојба требада се изврши во рок од 24/48/72 часаВо делот на болничко работење се воведува нова мерка, со која отпусното писмо задолжително ќе се издава на денот на испишување на пациентот од болница, а најдоцна во рок од 24 часа. Доколку за пациентот се чека хистопатолошки наод се издава отпусно писмо со работна дијагноза, а по добивање на резултатите и отпусно писмо со конечна дијагноза.Исто така, интерклиничкиот упат и интерболничкиот упат се спојуваат во еден тип - Упат за трансфер на хоспитализиран пациент. Управата за електронско здравство, заедно со ФЗОМ во изминатиов период работеше на подготовка на правната регулатива во овој сегмент, во соработка и консултација со јавните здравствените установи и Лекарската комора на Македонија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
operacija

Младо момче почина од сепса по операција од хемороиди

Починало младо момче од сепса по оперција на хемороиди, објави „Макфакс“.Како што неофицијално објавува „Макфакс“, пред неколку дена момчето имало хируршки зафат на хемороиди во приватна здравствена ординација.По компликации момчето било донесено на скопските клиники каде што докторите констатирале дека има сепса.Не можеле да го спасат.

Скопје | пред 7 години

7 год.
policija-traka

Пронајдена мртва девојка во Волково

Млада девојка утрово е пронајдена мртва во скопско Волково, дознава Press24. Се уште нема информации во какви околности починала девојката ниту пак дали на нејзиното тело има траги на насилство.

Скопје | пред 7 години

7 год.
hq_boristrajkovski_1493888704

Во понделник одбележување на 15 годишнина од трагичната смрт на претседателот Борис Трајковски

По повод одбележување на 15 години од трагичната смрт на претседателот Борис Трајковски, на 25 февруари (понеделник), во хотел „Холидеј Ин“ со почеток во 15:30 часот, ќе биде одржана панел дискусија на тема „Лидерство засновано на вредности – од принципи до реализација“.На оваа панел дискусија која ќе ја предводи министерот за надворешни работи Никола Димитров ќе присуствуваат истакнати политичари односно поранешни претседатели на држави и влади кои претходно соработувале со претседателот Борис Трајковски, како што се поранешниот претседател на Република Албанија, Алфред Мојсиу, поранешниот претседател на Република Хрватска, Стјепан Месич,  поранешниот претседател на Романија, Емил Константинеску, поранешниот претседател на Украина, Леонид Кучма, поранешнитe претседатели на Република Бугарија, Георги Прванов и Петар Стојанов како и други политичари од регионот и светот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Дел од Аеродром, Карпош и Кисела Вода без струја

Дел од корисниците од селото Долно Лисиче, од улицата „2“ и околните објекти денес, од 8:30 до 11:30 часот, ќе останат без електрична енергија.Во периодот од 9 до 12 часот без струја ќе бидат корисниците од асфалтната база „Гранит“ во Општина Карпош, а од 12 до 15 часот корисниците од Драчево лоцирани на улицата „Сердарот“ и објектите во непосредна близина.Од 9 до 13 часот  без струја ќе бидат корисниците од улицата „Ѓорѓи Капчев“, подулици „7“, „15“, „17“, „19“, „Тодор Чангов“ и подулица „26“ во Општина Аеродром.Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекините се поради планирани технички зафати во дистрибутивната електромрежа во Скопје.

Македонија | пред 7 години

7 год.
najcevska

Најчевска распали по кадрите од СДСМ – бара оставки

„За вакво нешто се прави сериозна истрага. И директорот на затворот поднесува веднаш оставка, како и директорот на Управата за извршување на санкции“ реагираше професорката Мирјана Најчевска по скандалозните информации дека екс-министрите Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски денеска биле нападнати во затворот Шутка.„После ова се размислува и за оставка на министерот за правда. Тоа се вика одговорност, се друго е поддршка на неправото“, напиша Најчевска на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Trajko_Veljanoski-golema

Имунитетот на Трајко Вељановски ќе му се одзема денес

Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања денеска ќе расправа за барањето за одземање на пратеничкиот имунитет на поранешниот спикер Трајко Вељаноски. Седницата на комисијата со која претседавач е пратеникот Павле Богоевски е закажана за 10 и 30 часот.Според Деловникот, Комисијата е должна да го разгледа Барањето и во рок од два дена да достави извештај до претседателот на Парламентот.По добиениот извештај од Комисијата, Собранието најдоцна во рок од три дена треба да одлучува за барањето на судот на пленарна седница. Одлуката за одземање на имунитетот се носи со просто мнозинство од вкупниот број на пратеници.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Денес променливо облачно време, утре се очекува снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а во попладневните часови ќе има локални слаби врнежи од дожд, на планините од снег. Во ноќните часови врнежите насекаде ќе преминат во снег, а ветерот значително ќе засили.Дневните температури ќе се движат од 3 до 14 степени.Поради нагло спуштање на многу студена воздушна маса од север денес во текот на ноќта и утре преку денот ќе дува силен североисточен ветер, чија брзина на места ќе достигнува од 90 до 100 км/час. Утре претпладне и околу пладне ќе има локални врнежи од снег, главно во западните и јужните делови од земјава, а дневната температурата значително ќе се намали, на повеќе места ќе биде само околу нулата. Од недела следува период на суво, ветровито и постудено време.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Rabota-na-pat

Денес и утре промена на режимот на сообраќај на Автопатот А1

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.Виадукт трејд ДООЕЛ известува дека на ден 22.02.2019-петок и 23.02.2019-сабота ќе се изведуваат градежни работи при поставување на индуктивни јамки за броење на возила на Автопат А1, делница Велес-Градско за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони

Македонија | пред 7 години

7 год.
kalista-4

(ФОТО) Охрид SOS бара помош од медиумите, само заедно ќе докажат дека намерно се пали трската кај Калишта

Граѓанската иницијатива Охрид SOS предупредува дека свесно е премолчено намерното уништување на природата, појасот трска  кај Калишта, која секојдневно се гори.  Во дописот SOS пишуваат:Продолжува самоволието на одредени поединци, на кои не им пречи постојаниот притисок, медиумско експонирање на проблемот изминатиов период, па на одредени парцели помеѓу Струга и Калишта тампонираат, поставуваат бетонски огради, палат трска и друга вегетација среде бел ден, а на повеќе локации се депонира и градежен шут. Се чини како да е ова ничија земја, како да не важат овде законите на државата, како да нема никаква контрола од надлежните институции, велат од граѓанската иницијатива Охрид SOS.„Максимално се користи секој момент, имајќи ја предвид најавата на Владата дека ингеренциите за плажите во Охрид и Струга ќе преминат од општинско на државно ниво. Не се знае кој узурпира, кој гради, на терен беа лица со приватни возила, израмнет терен, на неколку места изградени објекти непосредно до езерото, паркирани возила, оградено со жица. Во прилог само неколку фотографии. Глетката е ужасна. Оваа ситуација не беше спомната во одговорот на македонските институции до УНЕСКО. Свесно е премолчено ова намерно уништување на природата, појасот трска кој е овде најконзистентен. Сите молчат, локацијата е надвор од градот, незабележлива, што е уште еден поволен момент за овие узурпатори.Ве повикуваме да ја посетите оваа локација, вашите колеги, дописници да ги евидентираат сите дејствија, нека се сними, нека се затекнат оние кои дивеат покрај патот, среде трската, кои уништуваат дел од природното наследство на охридскиот регион. Направете дополнителен притисок со тоа што ќе известите, ќе потенцирате дека постојат во државата места каде не важат никакви закони, каде никој не доаѓа, нити инспектор нити било кој друг. Каде несметано се девастира живеалиште на многу животински и растителни врсти, специфични за овој предел“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
5-3

Ванковска: Претепувањето на бившите министри зборува за неспособна власт

Професорката Биљана Ванковска на својот Фејсбук профил испрати остри критики за инцидентот во затворот во Шутка.„Не знам која е вистината за претепувањето на бившите министри во притворското одделение, но ова зборува за неспособна (и можеби осветољубива) власт и дава основа за тврдењата на Груевски. За тоа време, едно момче зборува за повисоки плати и економски успеси. Ова е многу посериозно од Монти Пајтон. Престанаа да бидат смешни, а духовити никогаш не ни биле...П.С. Во меѓувреме стасуваат различни верзии за настаните, и најстрашно од се’ е што никој никому не верува! Јазот само се продлабочува“, напиша Ванковска на својот Фејсбук профил.

Македонија | пред 7 години

7 год.
IMG_7457

Кантоне: Честитки за реформските процеси во Северна Македонија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми, вечерва, се сретна со претседателот на италијанската Национална антикорупциска управа Рафаеле Кантоне, придружуван од своите соработници и амбасадорот на Република Италија Карло Ромео.На средбата беше изразена поддршка за постигнатиот Договор со Грција, кој беше оценет како голем и значаен чекор кон успешното остварување на напорите на Република Северна Македонија за европска и евроатлантска интеграција.Исто така, беше истакната посветеноста на Владата на Република Северна Македонија за продолжување на реформите во правосудниот систем, јавната администрација, безбедносно-разузнавачките служби и борбата против организираниот криминал и корупцијата.На средбата, со највисокиот претставник на италијанската Национална антикорупциска управа позитивно беше оценето донесувањето на Законот за спречување на корупција и судир на интереси како и транспарентниот  избор и именување на членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во Северна Македонија.Двете делегации се согласија дека Северна Македонија и Италија  ги поврзува искрено пријателство и соработка, со интенција и поддршка да се продлабочуваат и конкретизираат и идните чекори кои двете  земји ќе ги преземаат во областа на борбата против корупцијата, размената на заеднички искуства, идеи, практики и мерки и во други области.Во таа насока, е и утрешната  Конференција „Институционални реформи за борба против корупција, најдобри практики спрема европскиот модел - италијанскиот пример”, која ја организираат Мисијата на ОБСЕ и италијанската Амбасада во  Скопје, а на која ќе учествува и ќе говори премиерот Заев. На Конференцијата, учесниците ќе имаат можност да се запознаат со италијанската пракса за борба против корупцијата, а ќе се дискутира и за независните надлежни органи одговорни за антикорупција, важните реформи и перспективи за интеграција на земјата во Европската Унија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
36963485283_527d51a418_o-1

Стојчевска: Мојот сопруг поради отчетност пред граѓаните, се врати на старата позиција заменик-командир во Шумската полиција

Мира Стојчевска  во коментар на Фејсбук тврди дека таа на никој начин не влијаела, ниту интервенирала за вработување на член на нејзиното семејство или близок роднина.„Изминативе денови внимателно ги следев реакциите во јавноста во однос на обвинувањата за непотизам, нешто што е спротивно на мојата определба и заложба за градење на општество кое ќе нуди подеднакви услови за сите. Општество кое ќе гарантира еднаквост меѓу граѓаните, независно од нивната партиска, религиозна или каква било друга определба. Тоа е целта за која што се боревме додека бевме во опозиција, тоа е целта на која работиме и сега. Одговорно тврдам дека, откако сум пратеник, а и претходно ниту сум влијаела, ниту пак имам намера да интервенирам за вработување на член на моето семејство или некој близок роднина. Тоа е спротивно на моите принципи и етички критериуми. Сепак сакам јавно да соопштам дека мојот сопруг Ило Стојчевски, кој во Шумска полиција – Сектор Делчево при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како заменик – командир работи од 1998 година, уште на 14. 02. 2019 година побара да биде отповикано временото овластување со кое привремено беше назначен за командир на Шумската полиција – Делчево. Иако не сум имала никакво влијание во неговото овластување за командир на шумската полиција – Делчево, следејќи ги моите, но и неговите принципи за отчетност пред граѓаните, мојот сопруг, независно од неговото долгогодишно искуство одлучи да се врати на старата позиција заменик-командир во Шумската полиција – Сектор Делчево. Исто така, сакам да информирам дека и мојот брат Целе Велевски, кој преку Агенција за привремени вработувања беше ангажиран на определен период од пет месеци во РЕК Битола, се откажа од ангажманот. Иако мојот брат сам одлучува за својата иднина и за иднината на неговото семејство, а неговиот ангажман беше легален, легитимен и во ниту еден случај не беше поврзан со одредена политичка партија, тој реши да се откаже од овој привремен ангажман поради неоснованите сомнежи дека јас сум имала некакво влијание при неговото ангажирање, што целосно не е точно“, напиша на Фејсбук Стојчевска

Македонија | пред 7 години

7 год.
ambasada

Африм Гаши на средба со заменик амбасадорот на Велика Британија г. Доминик Отвеј

Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, придружуван од генералниот секретар Скендер Рецепи- Зејд, денес оствари средба со заменик амбасадорот на Велика Британија г. Доминик Отвеј.Во овој пријателски состанок помеѓу претседателот на Гаши и г.Отвеј се разговараше за последните случувања во земјата и претседателските избори што се очекува да се одржат на 21-ви април.Претседателот Гаши, исто така, го информираше заменик-амбасадорот г. Oтвеј за придонесот и конструктивната улога на партијата "АЛТЕРНАТИВА" во интегративните процеси на земјата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mickoski-8-mi-septemvri

Христијан Костов: Јанакиески нема повреди

Денес во попладневните часови е донесено лице од затворот во Шутка кое било донесено за медицински преглед. По приемот во ургентниот центар дежурната екипа детално извршила преглед, изјави директорот на ГОБ 8 септември, Христијан Костов.„Откако се завршија сите прегледи се донесе заклучок дека кај лицето не се евидентирани повреди. Но, заради анамнестичкиот податок дека лицето било ударано по телото препорачано е од екипата 24 часовен надзор од страна на медицинско лице во установата од кое е донесено“, изјави Костов.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања