Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
prognoza-23.02

Денеска во земјава студено време со силен североисточен ветер кој на места ќе достигнува брзина од 90 до 100 км/час

Поради нагло спуштање на многу студена воздушна маса од север во текот на ноќта и в сабота преку денот ќе дува силен североисточен ветер, на места ќе достигнува брзина од 90 до 100 км/час. Ќе има повремени врнежи од снег, особено претпладне, а на повеќе места ќе се формира помала снежна покривка. Дневната температура значително ќе се намали. Облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег, претежно со слаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во ноќните часови врнежите насекаде ќе преминат во снег, а ветерот значително ќе се засилува и на места ќе достигнува околу 100 км/час.Од недела следува период на суво и ветровито време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во благ пораст.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Бејли до идниот амбасадор на САД во СРМ: Уживај во планините и игнорирај ги троловите

Американскиот амбасадор во земјава Џес Бејли, пред завршувањето на мандатот во државава, сними интервју во кое одговара на 50-тина прашања. Прашањата се поврзани со неговиот престој и работата во Македонија.На прашањето дали е вистина дека влијаел врз најголемиот дел од политичките одлуки во Северна Македонија, тој во шега одговора:– Не, за жал, не, но влијаев врз времето благодарение на ХААРП-от.Иако, како што додаде, би сакал да влијае врз тоа да има што помалку ѓубре на улиците.Тој на неговиот наследник му порача секогаш да ги игнорира троловите, а на граѓаните во Македонија да бидат оптимисти оти земјава има иднина.Од целото интервју Бејли не одговори само на прашањето кој му е омилен премиер Заев или Груевски.Бејли заминува од земјава по 4 години служба.

Македонија | пред 7 години

7 год.
zlata2q

„Охридско лето“ и во зима - Концерт на руската пијанистка Чочиева во "Света Софија

Младата руската пијанистка со светска слава, Злата Чочиева,на 3 март ќе одржи концерт во рамките на фестивалската програма на Охридско лето како дел од настаните кои од годинава ги организира фестивалот надвор од стандардниот термин 12 јули- 20 август. Концертот ќе се одржи во црквата Света Софија со почеток од 18 часот.Стручната јавност за Чочиева вели дека е пијанист од светска класа а длабочината на нејзините перформанси, единствена моќ и зрелост се импресивни.„Таа е многу интелигентен и чувствителен музичар. Во нејзината игра таа ја комбинира длабочината со фантазијата, давајќи им на публиката широка палета на звук“.Злата Чочиева е родена во Москва а моментално живее во Салцбург. Првпат се појави на сцената на 5-годишна возраст, а дебитираше со оркестарот две години подоцна во изведба на Моцарт Концертот КВ. 453 во Големата сала на Московскиот државен конзерваториум. Потоа, завршува две години постдипломски студии кај професорот Жак Рувиер на Универзитетот Моцартеум во Салцбург, каде што беше назначена за асистентка во 2013 година.Во текот на изминатите години, Злата доби многу меѓународни награди за натпреварувања, вклучувајќи го и меѓународниот натпревар Свимановски (Полска), натпреварот за пијано Тиволи (Данска), наградата Моцарт на натпреварот ARD (Германија), првите награди на натпреварот Frechilla-Zuloaga (Шпанија) и натпреварот за пијано на Алберто Фано (Италија) и сребрен медал на Првиот меѓународен натпревар по пијано на Санта Катарина (Бразил), каде што исто така беше прогласена за најдобра изведувачка на омилениот Шопен и публиката.Нејзиниот диск „комплет Етиди на Шопен" за пијано класици беше избран како „Избор на уредникот“ во Грамофон, и е вклучен во листата на 10 најголеми Шопенови снимки.Пијанистката Злата Чочиева предизвика меѓународно внимание со своите високо-вреднувани снимки на дела на Шопен и Рахманинов, истакнувајќи ја како препознатлив глас кај пијанистите со длабок афинитет кон овие композитори. Поздравена од страна на „Грамофон“ како "поседувач на сеопфатна техника која носи внатрешен сјај во секој такт ",Злата Чочиева редовно се појавува во најпрестижните концертни саливо Минхен, Амстердам, Париз, Венеција, Женева, Копенхаген,Порто, Лисабон, Концертната сала Чајковски во Москва, Московскиот конзерваториум и Големата сала на Санкт Петербургската филхармонија.Има настапувано со бројни големи оркестри, меѓу кои и Рускиот национален оркестар, Националната филхармонија на Русија, Симфонискиот оркестар Светланов, Копенхагенската филхармонија, Симфонискиот оркестар на Словачкота радио, Оркестарот на Ница, Михенскиот камерен оркестар и Симфонискиот оркестар на Архус .

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Јанакиески од вечерва во куќен притвор, Ристовски останува во Шутка

Судот вечерва соопшти дека ја прифатил жалбата на Миле Јанакиески и мерката за пртивор ја преиначил во куќен притвор, додека жалбата на Спиро Ристовски е одбиена и тој останува во Шутка.-Постапувајќи по жалби на одбраната на М.Ј. и С.Р. изјавени против решенија на судија на претходна постапка за прифаќање на предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција со кои решенија им се определи мерка притвор во траење од 30 дена, Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје денеска одржа јавна седница во присуство на странките. По произнесување на странките, како и ценење на фактите и доказите приложени во жалбите и решенијата на судија на претходна постапка, советот донесе решенија со кои: Жалбата на обвинетиот М.Ј. се уважува, а решението на судија на претходна постапка се преиначува со тоа што спрема обвинетиот се определува мерка куќен притвор во траење од 30 дена, а поради постоење на причините од член 165 ст.1 т.1 и 2 од ЗКП и се забранува на обвинетиот комуникација со лицата опфатени во кривично правниот настан без дозвола од судот. Жалбата на обвинетиот С.Р. се одбива како неоснована и се потврдува решението на судија на претходна постапка, се вели во соопштението.

пред 7 години

7 год.
dzamija-1

Продолжува да се гради Али Пашината џамија во Охрид без дозвола, надлежните молчат

Не запира интересот на јавноста за Али Пашината џамија која се наоѓа среде охридската чаршија. Оваа џамија со децении беше затскриена и незабележлива, но откако започна реконструкцијата на овој споменик од 16 век не запираа полемиките. Јавноста подолг период реагира по најавата дека на овој споменик се враќа минарето од џамијата со висина од сегашните 6 и пол на 32 метри.Визуелната проекција по завршената реконструкција на минарето покажува дека тоа ќе се издигне над околните објекти и ќе може да се види од сите страни на охридската чаршија.Здружението „Совест“ е гласот на Охриѓани. Тие веќе две години реагираат на тоа како може да се да се изведуваат градежни зафати на споменик на културта, без градежна дозвола.Од „Совест“ за Скопје1 го повторија нивниот став дека се против градба без градежна дозвола. Од здружението додаваат дека уште кога започнаа градежните работи на џамијата  испратиле допис за овој проблем до завод и музеј, до управата за заштита на културно наследство и градежниот инпекторат, но какао што ни рекоа од „Совест“, до овој момент ниту една институција одговорила не нивниот допис.

Македонија | пред 7 години

7 год.
vlada-zname-nato

Нема повеќе „Фејсбук“, „Инстаграм“ во Владата, Директорот на (СОЗР) сака да ги дисциплинира вработените

Директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) во Владата, Пеце Мирчески, им забранил пристап до „Фејсбук“, „Инстаграм“ и другите социјални мрежи на вработените. Тој смета дека вработените наместо да работат си пишувале статуси, објави Макфакс.„Ги поминаа сите граници, никој ништо не работи. Јас како прв човек знам што се случува. Знам дека вработените постојано имаат отворено ‘Фејсбук’ и пишуваат статуси додека се на работа. Знам точно што сум исклучил. Јас правам цело време проверки, ова не е првпат да има ваков проблем, тој постојано се провлекуваше. Се снимаат додека се на работа за да објават на социјалните мрежи. По 16:30 часот нека прават што сакаат, ама по работното време“, вели Мирчески за „Макфакс“.Текстот во целост на makfax.com.mk

Скопје | пред 7 години

7 год.
sanacija-sahta-1

Отворени шахти веќе еден месец, возачите нервозни

Шахтите на булеварот Иво Лола Рибар отворени веќе еден месец. Заградени и отворени , чекаат санација, но и предизвикуваат гужви и нервози кај учесниците во сообраќајот бидејќи возачите треба да ги заобиколат, потечно умешно одбегнат, а при тоа да не им сметаат на останатите учесници во сообраќајот.Инаку на овој булевар нов асфалт беше фрлен во август 2018 год.

Скопје | пред 7 години

7 год.
novcanik

Украден паричник во Рамстор Тафталиџе, сопственикот си ги бара документите

Вчера во 17:00 во Рамстор, Тафталиџе, кај Форца - украден ми е новчаник со пари, лични документи и кредитни картички.Ако случајно некој најде било каков документ на име и презиме Звонко Димитриевски, нека ми се јави на 070/ 554 - 154, напиша сопвеникот на украдениот паричник на социјалната мрежа фејсбук. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
srbija-AMSS

Убиство и самоубиство во Србија - Генералниот секретар го уби претседателот на АМС

Генералниот секретар на Авто мото сојуз на Србија, Предраг Ѓурѓев, со пет куршуми го уби неговиот шеф и претседателот на сојузот, Марко Бутулија.Бутулија им подлегнал на повредите на пат кон болница.Српските медиуми објавуваат дека откако пукал во него Ѓурѓев се самоубил.Убиството и самоубиството се случиле на работното место во АМСС, во Белград, на улица ,,Рузвелтова“.Во инцидентот полесно е повредена една вработена.Бутулија бил и претседател на Ракометниот клуб ,,Црвена Ѕвезда“, а ја извршувал времено и функцијата на генерален секретар на РФ на Србија.Се истражуваат причините за овој инцидент.

Свет | пред 7 години

7 год.
kidnapiranje

МВР ги демантира гласините дека има киднапери кои киднапираат поради препродажба на човечки органи

Во врска со шпекулациите кои се шират во јавноста, а за наводно постоење на киднапери кои киднапираат поради препродажба на човечки органи, Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира истите и ги отфрла како целосно неточни.Министерството за внатрешни работи категорично ги отфрла шпекулациите за постоењето на киднапери. Во Министерството за внатрешни работи досега не се пријавени, ниту случаи на киднапирање поради органи, ниту се вистинити наводите дека досега на исчезнати жртви им недостигале органи.Министерството за внатрешни работи за последните случаи на исчезнување, кои што се целосно расчистени, јасно и недвосмислено соопшти дека се работи за класични случаи на самоубиство. Неосновани се и дезинформациите дека има пораст во бројот на исчезнати лица. Како што е соопштено и во текот на вчерашниот ден - статистичките податоци покажуваат дека не постои тренд на пораст во исчезнувањата и дека во континуитет во последниве 5 години пронаоѓањето на пријавените исчезнати лица се реализира со околу 94%.Статистичките податоци од 2014 заклучно со 2018 покажуваат дека од 2008 пријавени случаи за исчезнати лица, пронајдени се 1876 лица. Дополнително, на веб страницата на Министерството за внатрешни работи може да се проверат сите податоци и сите актуелни случаи на исчезнати лица.МВР ги повикува граѓаните да не потпаѓаат не шпекулации со кои се шири паника и страв.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Обновена фасадата на основното училиште „Димитар Миладинов“ во Општина Центар

Денеска, на настан во присуство на Амбасадорот на Република Бугарија, Ангел Ангелов и директорката на ОУ „Димитар Миладинов“ во Скопје, Маја Ангеловa, градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ го претстави изгледот на новата фасада на едно од најстарите основни училишта на територијата на Општина Центар.Обновата на фасадата и претстојната обнова на фасадната столарија на ОУ „Димитар Миладинов“ е финансирана со средства од грантот кој Општина Центар го доби од Амбасадата на Република Бугарија во висина од 130.000 евра и иста сума на средства кои општината ги издвои од буџетот за оваа намена.“Со средства од општинскиот буџет и благодарение на грантот на Амбасадата на Бугарија ја затворивме финансиската конструкција за овој проект. Направивме замена на постоечката со нова и енергетски ефикасна фасада. Годинава ќе следи и обнова на целата фасадна столарија, вратите и прозорците во училиштето. Со тоа ќе ја комплетираме реконструкцијата на едно од основните училишта со најдолга традиција на територијата на Општина Центар, на кое, за прв пат од неговата изградба во 1954-та година, се прават вакви интервенции. Освен придобивките од аспект на енергетска ефикасност, новата фасада со својот колоритен и атипичен изглед, ќе го разубави централното градско подрачје и престојот на учениците“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.“Денеска завршивме еден од проектите кои Владата на Република Бугарија ги прави на територијата на Република Северна Македонија. Горди сме и благодарни на Општина Центар и на директорката на училиштето за тоа што успеавме да реализираме еден ваков проект.Реконструкцијата на фасадата ќе ја зголеми енергетската ефикасност за 18,4%, што претставува и начин за справување со загадувањето во Скопје. Притоа, новиот изглед на училиштето ќе придонесе кон разубавување на градот и на општината“, изјави Амбасадорот на Република Бугарија, Ангел Ангелов.Фасадата на училиштето е со висока енергетска ефикасност, со што се обезбедува подобра топлотна изолација, заштеда на електричната енергија и намалување на сметките за струја до 30% во зимските месеци. Досегашниот еднобоен изглед на фасадата е заменет со колоритни графити и мурали кои ги изработија реномираните стрит арт уметници, Миро Грчев и Младен Трендевски, чии дела, од неодмна се дел и од галеријата на графти и мурали „Градот убав“ во Градскиот Трговски Центар.“Токму на 65 годишнината од постоењето, нашето училиште добива комплетно нов изглед. Новата фасада има функционална, но и своја урбана димензија, каква што доликува на едно училиште со повеќе од шест децениска традиција. Упатувам благодарност до Општина Центар и Амбасадата на Бугарија за реализацијата на овој проект. Верувам дека нашите ученици и персоналот ќе бидат горди на своето училиште и со задоволство ќе ја следат наставата“, изјави Маја Ангелова, директорка на ОУ „Димитар Миладинов“.Настанот се одбележа со пригодна приредба на учениците, а на Богдановиќ и Ангелов им беа доделени благодарници. Целокупната реконструкција на фасадата траеше шест месеци. Градежните активности се одвиваа по стандарди за здравје и безбедност, во ниеден момент не ја попречија наставата во училиштето и завршија во предвидениот рок.

Скопје | пред 7 години

7 год.
apotek

Кривична за сопственик на веледрогерија -пуштил во промет штетни средства за лекување и затаил данок

Секторот за внатрешни работи Куманово, до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе две кривични пријави против лицето А.И.(45) од Куманово за сторени продолжени кривични дела - “злоупотреба на службена положба и овластување“, “производство и пуштање во промет штетни средства за лекување“, и “даночно затајување“, како и против приватна здравствена установа-аптека ШЕНДИ- ФАРМ за сторени продолжени кривични дела - “производство и пуштање во промет штетни средства за лекување“ и “даночно затајување“.Имено во период од 18.02.2015 година до 29.12.2015 година, како и од 14.01.2016 година до 24.12.2016 година А.И како сопственик и управител на Приватна здравствена установа-аптека ШЕНДИ-ФАРМ, во два наврати од Друштво за трговија на големо и мало веледрогерија ГЕО-ФАРМ ДООЕЛ увоз-извоз Куманово набавил прво 39701 кутии опијатен аналгетик Tramadol во вкупен износ од 2.404.621,оо денари, а потоа уште 78294 кутија од истиот опијатен аналгетик во вкупен износ од 4.913.652,оо денари, а сето тоа по големопродажна цена за кутија од 57,59 денари по кутија со намера да ги препродаде по многу повисока цена (во малопродажба по цена 83 денари за кутија). Притоа, набавените количини воопшто не ги прикажал во материјалното книговодство, ниту во 2015 ниту во 2016 година, не ги внел во книговодствена евиденција, а воедно продажбата на наведената количина не ја извршил преку својата аптека, бидејќи знаел дека овој вид опијатен аналгетик се продава задолжително со рецепт издаден од специјалист.Истовремено пријавениот знаел дека наведениот опијатен аналгетик е штетен по здравје на пациентите бидејќи влијаел на психофизички способности и со негово користење се создава зависност, а најчесто е употребуван од зависници на опијати. Инаку, при продажба по малопродажна цена од 83 денари за вкупно 117.995 кутии би се остварил промет од 9.793.585 денари денари или приход од 2.475.312 денари со што би избегнал плаќање на данок од 5% од продадена кутија како и целосно плаќање на данок а на штета на Буџетот на РСМ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mvr

Фрлил експлозивна направа и избегал

На 22.02.2019 година околу 02.30 часот во СВР Скопје, Д.С.(44) од Скопје пријавил дека непознато лице фрлило непозната експлозивна направа кон неговата куќа, по што избегало. била оштетена врата на гаража, дел од ѕидот на куќата, како и патничко возило „Фолксваген Голф“, сопственост на Ѓ.С.(72). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Нови напади од кучиња

На 21.02.2019 година во 09.45 часот во Полициската станица Аеродром, К.А.(34) од Скопје пријавил дека на 20.02.2019 година околу 17.40 часот на улица „1613“ бил нападнат и каснат од куче, сопстветност на Р.Е. од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 21.02.2019 година околу 07.30 часот во Полициската станица Неготино, В.Л.(55) од Неготино пријавила дека на улица „Ленинова“ во Неготино била нападната од неколку кучиња - скитници, при што била касната во пределот на нозете.

Македонија | пред 7 години

7 год.
pistol-vperen

Скопјанец со пиштол им се заканувал на соседите

На 21.02.2019 година во 16.45 часот во СВР Скопје, било пријавено дека лицето С.П.(62) со пиштол се заканувал на неговите соседи А.Ш.(64), О.Ш.(41) и О.Ш.(62), сите од Скопје. Тие, додека седеле дома, дошол С.П. и почнал да им се заканува. Тие успеале да го задржат, а полициски службеници го привеле и задржале во Полициската станица Ѓорче Петров.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Mickoski-Ceski-Ambasador

Мицкоски на Амбасадорот на Чешка му ја обрзложил политичката тортура која ја применува власта врз опозицијата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес заедно со меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски остварија средба со Амбасадорот на Чешка во Република Македонија, Мирослав Томан.На денешната средба се разговараше за повеќе теми како и за актуелните политички случувања во Република Македонија.Мицкоски го информираше амбасадорот за последните случувања кои се случија изминатите денови. За политичката тортура која ја применува власта врз опозицијата. Претепувањето на Миле Јанакиески и Спиро Ристоски е акт на деспотизам и страв на власта која се плаши од неминовниот пораз од граѓаните.Животите на луѓето кои се во притвор поради политичките процеси се загрозени, а власта се обидува со манипулации да одбегне одговорност. Нема друга држава во светот каде власта така брутално се пресметува со опозицијата и со граѓаните, истакна Мицкоски. Тој истакна дека потребен е јавен обвинител на предлог на опозицијата кој ќе ги расветли сите коруптивни и криминални активности, и воедно ќе обезбеди спроведување на правдата и правната држава, стои во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
skopje-pretpriemaci

Град Скопје домаќин на вториот светски конгрес на претприемачи

По повод Вториот Светски конгрес на претприемачи кој ќе се одржи во Скопје, во втората половина на месец октомври, 2019 година, делегацијата на Светскиот конгрес на претприемачи оствари средба со раководителот на Секторот за локален економски развој, Марко Тодоров и со советничката во Советот на Град Скопје, Билјана Секуловска Габер.Делегацијата беше предводена од генералниот секретар на конгресот и претседател на управниот одбор на Меѓународниот економски форум „Перспективи”, Винко Ќуро, а на средбата се утврдуваа насоките и целите за организација на конгресот, кој е под покровителство на Владата на Република Северна Македонија.- Ни претставува чест и задоволство Градот Скопје да биде домаќин на Вториот светски конгрес на претприемачи. Развивањето и поттикнувањето на претприемачкиот дух кај граѓаните е од огромно значење за развојот на локалната економија. Благодарни сме на Владата што цени дека локалната власт треба да биде вклучена во организацијата на конгресот - рече Тодоров на средбата.Градоначалникот Петре Шилегов ќе земе активно учество на светскиот конгрес, во својство на потпретседател на организацискиот комитет.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Dimsa

(ВИДЕО) ВМРО ДПМНЕ објави нови случаи за кои кажа дека се заразени со епидемијата на непотизам

Ниту политичкиот прогон, ниту пак насилството, ниту заканите по живот нема да не спречат вистината за непотизмот на власта, епидемијата на непотизам да излезат на виделина, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.После скандалозните вработувања на синот, сопругот и братот на пратеничката Мира Дизел Стојчевски, после вработувањата на братот, синот и снаата на пратеничката Милева Ѓорѓиева, после вработувањето на мајката на пратеникот Костадин Костадинов, после вработувањето на синот на пратеникот Горан Мисовски, после вработувањето на кумот и внукот на пратеничката Фросина Ременски, после вработувањето на братот на пратеничката Славица Митева Шуманска и уште десетици други случаи на блиски роднини на функционери, денес ќе ви презентираме два нови случаи кои што се заразени со епидемијата на непотизам.Почитувани, зарази со непотизам бележиме и во два случаи на скандалозно вработување и именување на уште две пратенички од СДСМ. Прво, вработен е братот на пратеничката на СДСМ, Татјана Прентовиќ во Македонската Опера и Балет. Почитувани, многу не интересира кои се критериумите и квалитетите според кои баш братот на Татјана Прентовиќ се вработил во Македонската Операта и Балет?Второ, братот на пратеничката на СДСМ од Македонски Брод, Анета Димовска Симеска од стоматолог во приватна ординација е назначен за директор на Здравствениот дом во Македонски Брод. Немало ли доволно доктори да се изберат во домот за директор, па морало приватен стоматолог, патем и да е брат на пратеничка од СДСМ за да се именува на оваа позиција?Еве ова е системот на партизирање и фамилијализирање на јавната администрација кој што го прават Заев и СДСМ од чистачка до министер како што имаше кажано. Сето ова граѓаните го плаќаат преку зголемени даноци или преку енормните задолжувања. Зарем во држава во која има толкав број на невработени, пред се млади луѓе, кои што секојдневно си заминуваат, е нормално токму роднините на функционерите на СДСМ да бидат или единствени пријавени или пак најдобрите и најквалитетните кандидати.Почитувани,Тоа за жал за СДСМ е нормално, па уште и лажно го морализираат. Граѓаните гледаат со какви лицемерни суштества во власта си имаат работа и оваа епидемија на непотизам ќе ја казнат на избори, затоа што тоа е единствениот ефективен лек против оваа зараза, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
kostadin-sdsm

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски да им се извини на граѓаните за лагите, насилничките сценарија се единствени негови политики

Насилничките сценарија, создавањето тензии и пласирањето лаги се единствените политики на антинародниот Христијан Мицкоски и неговиот шеф, Никола Груевски, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ .Мицкоски треба да излезе пред јавноста и да им се извини на граѓаните за лагите што ги ширеше вчера и за провидниот театар пред болницата 8-ми септември. Особено откако самиот Мицкоски се демантираше себе си. Прво рече дека никој од болницата не дошол да им соопшти за состојбата, а по само неколку секунди признава дека тоа не е точно.Порталите и медиумите блиски до Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, што вчера ширеа лажни вести и драматични шпекулации, треба да им се извинат на граѓаните за пласираните невистини и да ги повлечат спорните објави.Тоа им го должат на граѓаните. Објективното, вистинито и професионално информирање на граѓаните треба да биде императив на сите чинители во медиумскиот и јавниот простор. Соодветна истрага за овој инцидент ќе ги даде сите одговори.Останува фактот дека не успеа обидот на Мицкоскии  Груевски преку насилничко сценарио да го дефокусираат вниманието на јавноста од фактот дека токму врвот на ВМРО-ДПМНЕ е главниот осомничен за организирање на насилствата на крвавиот 27 април.Граѓаните и институциите нема да дозволат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да создадат нови кризи, поделби и тензии. Секаков вид на насилство ќе биде санкционирано. Мицкоски нема да успее, ќе има одговорност за организаторите, нарачателите и извршителите на насилството од 27 април, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
naum-vmro

(ВИДЕО) ВМРО ДПМНЕ: Ова е земја каде на сила владее хунта со политички прогон, со затвори и со физичко насилство

Во Македонија нема демократија. Ова е земја каде на сила владее хунта со политички прогон, со затвори и со физичко насилство. Сето тоа само да се спречи опозициското мислење и делување. Тепањето на Миле Јанакиески и Спиро Ристовски е акт на деспотизам кој што не смее да остане неказнет. Чинот што било дозволено тепање на притвореници е тежок срам за држава на европско тло, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Секој што има барем малку здраворазумие во себе знае дека со оставката на директорот на Истражниот затвор не смее да се забошоти случајот со тепањето на поранешните министри Јанакиески и Ристовски.Оставката на Ѓоко Котевски не смее да биде замена за истрага за случајот, не смее да биде забошотување за да се дојде до вистината кој стои зад овој грозоморен чин. Кои се организаторите, кои се нарачателите? Одговори на овие прашања не смеат да бидат заборавени или да потонат во сенката на оставката на Котевски. Одговорност за физичките напади врз Јанакиески и Ристовски мора да понесат и Зоран Заев и Рената Десковска.Срамно е однесувањето на власта. Срамно е однесувањето на СДСМ. Јасно е дека не само што не е спречено тепањето врз двајца кои што се жртви на политички прогон, туку истите се обидуваат и да ја манипулираат јавноста, дека тепањето, нападот не се случил  или како што велат дека било незначителено, што тоа и да значи. Ништо од реакцијата на власта од реакцијата на СДСМ нема демократски, нема ни Д од демократија, нема ни буква човечност, нема ништо од почитување на човекови права. Зар во заминувањето на оваа власт треба да очекуваме јавни ликвидации, линч на неистомисленици?Македонија е заробеник на систем во кој што Зоран Заев и неговата криминална банда си дозволуваат притворање на политички неистомисленици за потоа да бидат изложени врз тепање и насилство. Без одговорност од врвот до раководителите на службата за обезбедување во затворот, нема да биде решен проблемот.Состојбата е пресериозна, заевизмот е отфрлен од граѓаните, отфрлен од народот, Заев и неговата криминална банда ја испишуваат најнасилната, најдеспотската страница од историјата на Република Македонија.Тепаат и линчуваат луѓе по затвори. Граѓаните ги прочитаа очајните обиди на криминалната насилничка банда која што прави се за да остане на власт. Ова не се заборава, и одговорните ќе бидат казнети, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања