Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
taksi

Таксист пронајден мртов во Скопје

Таксист вечерва е пронајден мртов под Железничката станица во Скопје. Случајот во полиција во 18.30 часот го пријавил случаен минувач кој го приметил неподвижниот возач на семафорите кај Железничка станица.По увидот е констатирано дека починатиот немал траги на насилство, а повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден.Станува збор за 58-годишно лице.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Зоран Крстевски: Дали зависноста, поистоветувањето и опсесивната емоционална врзаност за одредени лица?

Пишува Зоран Крстевски, доктор по филозофски науки, едукатор, мотиватор и тренер за личен развој за vecer.press Дали зависноста, поистоветувањето и опсесивната емоционална врзаност за одредени лица и ситуации може да создаде штета за духовната состојба на нашата личност?За стабилноста и интегритетот на нашата личност е мошне ризично целосно да зависиме од другите луѓе, да ја загубиме самостојноста и да станеме подредени на туѓите влијанија. Секој зрел и самосвесен човек треба да ја гради својата посебност, да ја развива самовредноста и да не дозволи другиот да го води и креира според сопствените погледи и потреби. Кога сме доведени во ситуација нашата судбина да зависи од добрата волја, способноста и одлуката на надворешните фактори, тогаш сме како птица без крилја, која немо исчекува каков ќе биде исходот од наметнатата ситуација. Такви моменти има кога се соочуваме со сериозни здравствени, финансиски, професионални, семејни и други егзистенцијални проблеми, како и со граничните ситуации на животот, кога преовладува прашањето: Да се биде или не.Добро е да бидеме отворени за конструктивни совети и да соработуваме со лицата кои не опкружуваат, но не треба премногу да зависиме од нивните влијанија, како и од нештата произлезени од минатото.Некои поединци не преземаат одлуки доколку не се консултираат со другите луѓе, така што постојано бараат совети или оправдувања за своите постапки. Да се префрли одговорноста врз родителот, партнерот, пријателот, колегата, психијатарот или советникот е знак за незрело, несигурно и лабилно однесување.Суштината на зрелиот и самосвесен поединец е да се потпира на самиот себе, да верува во сопствените вредности, да го гради интегритетот на личноста и да го развива карактерот врз начелата на одговорноста, самостојноста и позитивниот пристап кон животот. Тоа не значи дека не треба да примаме корисен совет, да иницираме консултација со добронамерни личности и да го сослушаме мислењето на другите, напротив, тоа е мошне битно и препорачливо за развојот на нашата личност. Но, ако ги фаворизираме согледбите на другите, манифестираме малодушност, несигурност и зависност, тогаш максимално ќе ги намалиме шансите за напредок и за духовно воздигнување на својата личност.Може да замислиме што ќе се случи со одредено општество, семејство или индивидуа, доколку ги загубат уздите на себевладеење и себеконтролирање, дозволувајќи некои странски емисари, надворешни фактори или туѓи влијанија да им определуваат како да живеат и размислуваат и какви вредности да негуваат.За духот на човекот е поразително доколку тотално ја загуби самоконтролата и манифестира зависност од алкохолот, цигарите, наркотиците, седативите, коцкањето, ниските страсти, храната и разните задоволства. Во такви ситуации, наместо да биде субјект, поединецот нужно станува објект, кој не умеејќи да се справи со зависноста, инстинктивно им се предава на пороците и нагонските сили на телото. Патолошката врзаност за родителот и тоталната зависност од партнерот, исто така покажуваат дека се работи за сериозна криза на идентитетот и за незрело однесување, кое неизбежно ќе предизвика големи емоционални страдања и проблеми во животот.Да бидеме во мир со себе, да умееме да ги контролираме ниските побуди на телото, да владееме со сопствениот дух и да не им подлегнуваме на негативните емоции е показател дека сме станале зрели, одговорни и самостојни личности, кои се способни да се справат и со најтешките искушенија на судбината.Во градењето на својот животен пат, најмалку што треба да направиме е да се поистоветуваме или споредуваме со кои било личности, зашто секој човек има свои вредности, слабости и судбински патеки што лично треба да ги осознае и изоди во текот на своето постоење. Наша задача е да го пронајдеме посебното во самите себе, да го осветлиме и развиваме на најдобар можен начин.Не треба да се споредуваме со никого на светот, зашто ако се споредуваме, тоа значи дека се навредуваме самите себеси и не веруваме во сопствената оригиналност и посебност. Треба да знаеме дека секој си е посебен на свој начин и поседува свои вредности, таленти и доблести, кои е неопходно што повеќе да ги осознава, развива и усовршува.Зависничкиот однос, опсесивното врзување и поистоветување со другиот може сериозно да ја загрози нашата личност и да не доведе во ситуација на бесперспективност, несигурност и нереализираност. Тоа најчесто се случува откога ќе ја загубиме поддршката на која цело време сме се надевале и потпирале. Добро е емоционално да се врзуваме за лицата кои позитивно не мотивираат и стимулираат, но уште подобро е да бидеме независни, со силен дух и решителни во бранењето на сопствените права и вредности. Целта е да владееме со своите постапки, бидејќи “поединецот кој е постојано подложен на туѓо влијание е мртов човек”, напишал Тома Аквински.Во Новиот завет се наведени зборовите на Исус Христос дека кога ќе дојде моментот треба да ги напуштиме своите родители и да тргнеме кон божјиот пат и духовната вистина. Поуката асоцира дека не е корисно за развојот на нашиот дух ако дозволиме родителите, партнерот, општествениот фактор или другите луѓе константно да ни наметнуваат какви треба да бидеме и што треба да правиме.Тогаш не се работи за автономен, туку за хетерономен (наметнат) морал, кој не произлегува од нас самите, туку од туѓите правила на однесување. Суштината се наоѓа во решеноста да го креираме тоа што сакаме да бидеме, но исклучиво низ начелата на етиката, вредноста и добродетелта.Позитивната определба, секогаш раѓа позитивни плодови.Во будизмот се смета дека опсесивното врзување за надворешните нешта е мошне штетно и опасно, зашто предметите може да исчезнат, славата и успехот да избледат, а другите луѓе да не остават. И што ќе правиме тогаш?Сите ние посакуваме блиските кои го напуштиле овој свет и убавите настани од минатото повторно да бидат присутни во нашиот живот, но како да ги вратиме саканите и да направиме нештата да бидат, какви што некогаш биле. Тоа е невозможно! Затоа најреално и најкорисно е да се врзуваме за вредностите на сопствената личност и да се ориентираме кон сé што не мотивира да одиме напред, создавајќи го мирот во душата и среќата во актуелниот миг од своето постоење.Заслепеноста од авторитети и некритичкото потпирање на туѓите влијанија се мошне опасни за самовредноста и интегритетот на нашата личност.Полтронството, кодошењето, безрбетништвото и улизувањето се негативни карактерни појави, кои создаваат лоша слика за самиот поединец, но и за напредокот на колективот, посебно ако таквите некадарни личности заземат видни општествени функции. Тие се како притаен паразит, кој бавно, но сигурно ги загрозува сите витални институционални клетки на државата. Детекцијата на таквите лицемерни индивидуи е спас за заедницата и можност едуцираните, независни и квалитетни поединци да дојдат до израз. За жал, со својата полтронска способност на упикување и одработување, многу често се случува одредени лигавци да се пробијат на значајни раководни функции и со својата неспособност, лажна подобност и неодговорност да го уништат напредокот на институцијата, компанијата или државата.Некои луѓе присутни во нашата непосредна околина споделуваат позитивна, додека други предизвикуваат негативна енергија.Поткажувачите, улизувачите и полтроните, иако најчесто се претставуваат како добронамерни и насмеани личности, носат во себе голема горчина, гнев и отпор кон поуспешните и поспособните и скоро секогаш зрачат со негативна енергија.Лекот е навреме да ги забележиме и да се дистанцираме од нивното ментално и енергетско влијание, зашто тие се луѓе кои од се сакаат да придобијат, а со ништо добро да не возвратат. Најлошото нешто кое може да си го направиме на самите себе е со таквите индивидуи да оствариме блиска интимна релација и да се доведеме во ситауција да зависиме од нивната одлука, внимание и влијание.Нема поголема мудрост од способноста автономно да владееме со сопствената судбина и самите да одлучуваме за животните патеки што сакаме да ги изодиме во текот на своето постоење. За да го постигнеме тоа, неопходно е да се заштитиме од поединците кои се обидуваат да ја загосподарат нашата личност, да се дистанцираме од негативците и да не дозволиме нивната енергија, страв, малодушност и несигурност да станат наша судбина.Постојат луѓе кои се иритираат од туѓата среќа – дружењето со таквите персони е лоша одлука која може скапо да не чини во текот на животот.Изборот секогаш треба да ни бидат ведрината, радоста, позитивната енергија, решителноста, самостојноста и храброста, без оглед дали некому тоа ќе му се допадне или со завист ќе гледа на таквата наша состојба. Ние не живееме поради одоброволувањето на јавноста и задоволувањето на туѓите желби и потреби, туку за да бидеме среќни со самите себеси и исполнети од чувството дека со своите постапки не ги прекршуваме моралните закони и не им наштетуваме на другите.Заклучокот е дека колку повеќе владееме со сопствените нагони, копнежи и зависности, толку помалку ќе бидеме под удар на надворешните фактори и дистанцирани од негативните вибрации на лошите луѓе и неповолните животни ситуации.извор: vecer.press

Магазин | пред 7 години

7 год.
gordana-siljanovska

(ВИДЕО) Силјноска Давкова ги собра потребните 10 илјади потписи- „Од срце ви благодарам“, рече преку ФБ

Откако за само неколку часа професорката Гордана Силјановска Давкова ги собра потребните 10 илјади потписи од граѓани за кандидатурата на претстојните претседателски избори, таа преку својот Фејсбук профил изрази благодарност до граѓаните.https://www.facebook.com/gordana.siljanovska.71/videos/117181956086445/

Македонија | пред 7 години

7 год.
naum-za-linc

(ВИДЕО) Стоилковски: Кривична и политичка oдговорност за обидот за линч на поранешните министри мора да има

Одговорност за обидот за линч на поранешните министри Јанакиески и Ристовски мора да има. И кривична и политичка. Одговорност за лажењето и прикривањето на обидот за линч мора да има. Мора кривично да одговараат и сторителите и тие кои што дозволија ова да се случи, а пред се оние кои го инспирираа и го нарачаа линчот. Оставката на директорот на истражниот затвор е само гол популизам во обид да се забошоти скандалот и да се амнестира деспотот Зоран Заев и неговиот извршител Рената Треневска Десковска, истакна Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Почитувани,Кога поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков беше притворен, во јавноста веднаш беа пуштени негови фотографии за тој да биде понижен и жигосан. Одговорност немаше од надлежните. Во истражниот затвор Скопје беа нападнати и Јане Ченто, Коста Делов и Кире Ѓорѓиевски. Одговорност немаше.Повеќе од очигледно е дека насилството во истражниот затвор не е случајно, туку е нарачано и организирано. Во дворот на затворот камерите работат, а три дена како веќе нема никакви детали околу обидот за линч на Јанакиески и Ристовски. Зарем некој верува дека послушниците на деспотот Заев немаше да лиферуваат некоја снимка доколку имаше барем 1% вистина во манипулациите со кои што се обидуваат да го излажат народот. Ни сами не веруваат во лагите дека Мицкоски и Груевски стоеле зад обидот за линч. Ни сами не веруваат во лагите дека Јанакиески или Ристовски ги нападнале осудените од Диво Насеље, само заради некаква вербална расправија. Да беше така, досега ќе гледавме нови спектакуларни снимки од апсења и снимки од малтретирање, но за жал гледаме само обиди да се забошоти истрагата, исто како што исчезнаа снимките од пајакот што ја нападна полицајката.Почитувани,Последните закани од кумановската група и нереагирањето на власта, покажува дека станува збор за спрега преку која што деспотот Заев сака политички да се одмаздува кон неистомислениците. Отворено се поставува прашањето дали е ова враќање на долгот од страна на куменовската група за селфито на Заев и Оливер Спасовски во Диво Насеље и поддршката што ја даваа тој и Оливер Спасовски ?После сите овие случувања, станува јасно дека во истражниот затвор веќе никој не е безбеден и затоа бараме судот да ги преиспита мерките и за Спиро Ристовски и за поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски и за поранешниот заменик министер за земјоделие Христијан Делев и за сите останати кои политички се притворени.Почитувани,Министерката за Правда Рената Треневска Десковска и Директорот на Управата за извршување на санкции мора да си поднесат оставки веднаш за да се овозможи професионална и независна истрага.Македонија никогаш нема да биде дел од демократска Европа со вакво деспотско владеење на Зоран Заев. Време е Заев да си замине да излезе од власта и да ја ослободи Македонија. Доколку нема храброст самиот да го стори тоа, ќе го види одговорот на народот прво на претстојните Претседателски, а потоа и на предвремените парламентарни избори каде што жестоко ќе биде поразен Зоран Заев и “заевизмот” со што се владее во Република Македонија, истакна Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Силјановска му се поклони на Груевизмот и на дело го применува, изборот на кандидатката на Мицкоски е фарса

Се потврди она што јавноста веќе добро го знае, дека изборот на кандидатката на Мицкоски е обична фарса, тој самиот ја избра.Соочен со изгубената поддршка од граѓаните но и внатре од своите сопартијци и пратеничката група Мицкоски ги принудува членовите на ВМРО-ДПМНЕ да собираат потписи. Бидејќи очигледно немаат доверба ниту во сопствените членови Мицкоски и Силјановска бараат од нив да потврдат дека се попишале со самосослк или т.н. селфи.Тоа е вообичаениот начин на ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски за идентификација, односно лоцирање на оние членови кои постапуваат спротивно на наредбата на партискиот шеф.Толку од професорката од Правниот факултет и наводната борба за владеење на правото. Силјановкска му се поклони на Груевизмот и на дело започна да го применува меѓу членовите на ВМРО-ДПМНЕ.На граѓаните и на Република Северна Македонија не им е потребен уште еден партиски послушник, не им е потрбен нов Иванов, фикус или кактус, туку вистински претседател кој ќе ги застапува интересите на сите граѓани.Силјановска и Мицкоски бадијала ги принудуваат членовите на ВМРО-ДПМНЕ, ги чека пораз на претсеадтелските избори, велат од СДСМ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
arsovski-za-mak-brod

Арсовски: Жариштето на епидемијата од непотизам го запали црвениот аларм и во Македонски Брод

Да потсетиме дека братот пратеничката на СДСМ Анета Димовска Симеска од позиција стоматолог во приватна здравствена ординација е именуван за директор на здравствениот дом. Но тоа не е се’, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Имено братот на Анета Димовска Симеска кој е и директор на здравствениот дом во Македонски Брод Жарко Симевски распишал оглас за вработување. Дали е точно дека на тој оглас сам себе се пријавил и се вработил, па за да биде иронијата уште поголема добил и специјализација, а неговата стоматолошка ординација од претходно кај што работел станува концесионер на просториите на истиот здравствен дом кај што тој самиот е директор.Ова е истовремено и непотизам но и сериозен сомнеж за злоупотреба на службена должност на еден директор во случајов Жарко Симевски. Во Брод ова не е единствен случај. Непотизам има во случаите и со вработувањата на синот и внукот на градоначалникот на Македонски Брод Живко Силјановски кои се вработиле во Македонски шуми каде што директор е Слободан Вељановски од редовите на СДСМ. Во истото претпријатие се вработил и синот на директорот на претпријатието Бојан Вељановски, како и братот на командирот на полициската станица и синот на бившиот пратеник на СДСМ од Македонски Брод, Борче Ангелкоски. Иако има одлука на трудов инспекторат за ваквите вработувања едека се незаконски, сепак тие повторно се на работа.Зарем во општина како Македонски Брод кај што има огромен број на млади луѓе кои немаат работа и си заминуваат од градот, токму децата и блиските на функционерите од СДСМ да бидат вработени на огласи. Животот очигледно дојде само за нив.Епидемијата од непотизам не престанува и покрај лажното морализирање на власта. Лекот е изборен пораз на власта кој ќе го демонтира деспотот Заев од оваа власт, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Прашање од новинар – реакција на прес конференцијата на Костадин КостадиновПред два часа прес конференција одржа портпаролот на СДСМ при што рече дека од морални и етички причини лицата блиските од функционери на власта поднеле оставка меѓутоа тоа го очекува и од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кои што во негово време вработувал во АД ЕЛЕМ?Одговор на Димче Арсовски: Видете смешни се сите оние обиди да се дефокусира од темата каде што луѓе кои што се две години на власт во државава од редовите на СДСМ си ги вработуваат своите роднини. Со последниве случувања сакаат да не убедат дека ВМРО-ДПМНЕ е во моментов на власт и ВМРО-ДПМНЕ во моментов ги вработува синот на Мира Стојчевска и сите останати роднини така да сите обвинувања со кој што пробуваат да дефокусираат се премногу смешни. Треба да си ја сносат и моралната но и секоја останата одговорност за сите овие работи бидејќи како што гледате денеска и во пресот наведов и во многу други случаеви наназад. Има полни раце работа можеби и за обвинителството и за антикорупциската каде што на незаконски начин се вработувани луѓе. Така и денеска во случајот со вработувањето во шумското, така да сите оние обиди за дефокус се и повеќе од смешни и не можат да ја убедат јавноста дека во моментов ВМРО-ДПМНЕ ги вработува сите овие луѓе од СДСМ, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
bura-split

ВИДЕО: Најголема брзина на ветер измерена во Сплит -бурата носи се пред себе

Во Сплит ноќеска дувала најјаката бура во историјата на метероролошките мерења на Марјан. Биле забележани удари од 176 km/h (48,9 m/s), што е и најголема брзина на ветер измерена во Сплит.Меѓу многуте видеа кои се објавени на кои се гледа како бурата носи се пед себе има и едно ново видео на кое се гледа како ветер носи жена по пат. 

Свет | пред 7 години

7 год.
racen-frlac

Тетовчанец пронашол рачен ракетен фрлач

На 22.02.2019 година околу 13.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека покрај локалниот пат за село Селце, на место викано Црн камен“, Н.Ф.(44) од Тетово пронашол рачен ракетен фрлач.Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи за ракетен фрлач РБП 64 мм М 80 од СФРЈ. Рачниот фрлач бил подигнат од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување и предаден за понатамошна постапка.

Македонија | пред 7 години

7 год.
falsifikt-evra

Со фалсификувани 100 евра купил две штеки цигари

На 22.02.2019 година во 18.30 часот во Полициското одделение Ранковце, Д.В.(36) од Крива Паланка пријавил дека на 21.02.2019 година во 18.45 часот во продавница во село Ранковце непознато лице пуштило во оптек банкнота од 100 евра, за која се сомнева дека е фалификат. Лицето купило две штеки цигари за 1800 денари и му бил вратен кусур од 4300 денари. Со потврда за привремено одземени предмети банкнотата била одземена за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
UaYct-

Кај Клишта пронајдени четири најлонски вреќи со марихуана

На 22.02.2019 година околу 20.00 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Франгово“, при обиколка, кај одводeн канал на брегот на Охридското во село Калишта пронашле четири најлонски вреќи со околу 50 килограми марихуана.Пронајдените вреќи биле подигнати за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
MOV_4678.00_00_01_19.Still001

Мицкоски: Заканите од кумановската група се уште еден обид јавноста се дефокусира од сите овие злодела

Мицкоски се потпиша на кандидатурата на професорката Гордана Силјановска Давкова и одговраше на новинарски прашања.Прашање од новинар: Како го коментирате писмото што е објавено во весникот Лајм каде се праќаат закани од кумановската група до вашите поранешни функционери?Одговор на Христијан Мицкоски: Како можам да го коментирам освен да кажам дека тоа е уште еден обид да јавноста се дефокусира од сите овие злодела кои ги прави оваа криминална непотистичка и насилничка власт луѓето претпоставувам се обидуваат од внатре да му слугуваат на деспотот Заев притоа надевајќи се гледајќи каква е реалноста дека он може да измени закони доколку тоа му е неопходно на него и на тие околу него претпоставувам бараат определена милост од деспотот Заев за да може што побрзо да излезат од таму или нешто друго да се случи. Инаку како човек грозоморно и монструозно е да воопшто коментираме едни такви изјави од луѓе кои што се соочуваат со затворска казна која што е резултат на она што тие го сторија за време на кумановските настани односно на местото Диво Насеље. Обично кукавици преку фејсбук се закануваат по луѓе и по политичари и по граѓани еве како сакате земете, а притоа се обидуваат да му слугуваат на владетелот за да добијат што помала казна. Сте сториле нешто има да одговарате.Прашање од новинар: Рековте дека нема да гласате за реформските закони и во процесот Жан Моне, доколку не се поддржи вашиот предлог за Јавен обвинител. Што доколку власта тоа не го дозволи и не ги ослободи, мислам, овие за кои се бара одземање на имунитетот за пратениците?Одговор на Христијан Мицкоски: Јас и во мојата изјава кажав дека, денеска Македонија како правна држава функционира по принципот, дајте ми човек ќе му смислам обвинение. Отприлика на тоа се сведува правото, и одприлика на тоа се сведува обвинителството и судството во Република Македонија. Ние како политичка партија нема да поддржиме ниту еден производ кој што ќе произлезе од оваа криминална непотистичка и насилничка Влада, предводена од деспотот Заев, се до оној момент додека не видиме дека од спротивната страна навистина постои добра волја и чесна намера, да Македонија се врати на вистинската патека. А тоа е, да биде повторно правна држава каде што ќе владее правото. Првиот чекор е, еве овој. А тоа е, да се поддржи кандидатот на опозицијата за нов Јавен обвинител во Република Македонија. Има уште неколку чекори, кои што, доколку Зоран Заев нареди, јас сум убеден дека Јавниот обвинител веднаш ќе ислугува и ќе ги испорача, a тоа е, најпрвин да ди разгледаат евидентираните недоследности и неправилности кои што се случуваа за време на референдумот на 30-ти септември 2018-та година. Каде што се кршеа светски рекорди, каде што законот на физика беше мало дете, кога луѓето успеваа да гласаат за 2,4 секунди, дури и Усаим Бод можеше да им позавиди на луѓето. Каде што имавме излезеност, на некои избирачки места, поголема од 98% иако во минатото, ако ги анализирате изборните циклуси, ќе видите дека таму излезеноста не надминала педесетина проценти.Еве му два хинта од наша страна каде што он навистина може да докаже дека ова е правна држава дека навистина постои честитост да ги изведе пред лицето на правдата сите оние сторители на тие недела и на тој начин практично на нас како опозиција ќе ни ги одземе аргументите и ние навистина ќе се повлечеме. Но јас не верувам дека он ќе се охрабри ќе се осмели бидејќи тие слуги тоа го прават за да му слугуваат и за да може на нечесен начин да го крадат гласот на народот и гласот на граѓаните. Oо ние на следните претседателски избори ќе сториме се да повторно не се случи. Tака да еве долгата приказна на кратко има еден начин тоа е да го поддржи предлогот на опозицијата за нов јавен обвинител и вториот е да ги изведе пред лицето на правдата и да ја добијат заслужената правдина за сите недела оние лица кои што безмилосно и брутално ги полнеа кутиите за време на референдумот каде што повторно ќе кажам луѓе гласаа за неверојатни 2,4 секунди и излезеноста беше 90 %.Јас навистина сум вчудоневиден како е можно до ден денешен после неколку месеци никој да не се охрабри да го постави ова прашање и на јавното обвинителство и на министерката за правда и неправда и на претседателот на Владата деспотот Зоран Заев. Ако ние треба да живееме во држава каде што мракот и темнината ќе ја задушат критичката мисла одбивам и ќе се борам во првите редови да тоа замине во историјата. Првиот чекор граѓаните можат да го направат на 21 април подржувајќи ја масовно професорката Гордана Силјановска Давкова за името на правото и правдината да се вратат повторно во Република Македонија и да се спасиме од деспотизмот кој што за жал денеска масовно зафаќа размери во Република Македонија. Ајде сите заедно да го подржиме овој предлог во името на правото и правдината во името на честита Република Македонија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
MOV_4678.00_00_01_19.Still001

Мицкоски се потпиша на кандидатурата на Силјановска Давкова и рече, сигурен сум во победата

Како граѓанин денес, овде во подрачната единица на Министерството за правда во Општина Карпош дојдов да се потпишам на кандидатурата на професорката Гордана Силјановска Давкова и на тој начин практично да ја изразам мојата недвосмислена поддршка пред се како колега, како граѓанин на Република Македонија и како претседател на најголемата политичка партија во Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ.Сведоци сме на секојдневно, перманентно кршење на правото и правдината и еден од условите да повторно Македонија заличи на правна држава, на демократска држава е токму победата на претстојните претседателски избори кои што ќе се случат, првиот круг на 21 април, вториот круг на 5 мај.Јас сум силно убеден дека ВМРО-ДПМНЕ заедно со професорката Гордана Силјановска Давкова, но и со граѓаните на Република Македонија ќе извојува убедлива победа над она кое што ќе го кандитира деспотот Заев заедно со СДСМ и групата која што е собрана околу него и практично од тој ден започнува враќањето на правото и правдината во Република Македонија.Гледате имаме една актуелна политичка ситуација каде што правната држава во Македонија функционира по принципот „дајте ми човек, ќе креирам обвинение“, тоа се случува изминатите неколку дена. Граѓаните на Република Македонија, ние како политичка партија комплетно ја имаме загубено довербата во правната држава, ја имаме загубено довербата во обвинителството, ја имаме загубено довербата во судството. И доколку еве апелирам од овдека владејачкото мнозинство навистина верува во честитоста на обвинителството и навистина верува во независноста на судството редно е да го исполни барем едно од ветувањата во нивната изборна програма за време на предвремените парламентарни избори во 2016 година, а тоа е Јавен обвинител на предлог на опозицијата.Ја користам оваа прилика да го повикам Зоран Заев и Владата на Република Македонија да се охрабрат, да се осмелат и да потврдат навистина дека тоа што го говорат дека немаат замешателство во одлуките на обвинителството и во одлуките на судството да го потврдат со тоа што ќе го поддржат предлогот на опозицијата за Јавен обвинител. На тој начин ќе покажат уште еднаш дека веруваат во чесни, фер и правични претседателски избори кои што следуваат како што рековме на 21 април и на 5 мај.А јас ја користам оваа прилика овдека од Карпош да ги повикам граѓаните масовно да се придружат и да го поддржат кандидатот Гордана Силјановска Давкова да ги повикам на 21 април масовно да излезат и да гласаат за кандидатот, Гордана Силјановска Давкова и на тој начин да отпочнеме да пишуваме заеднички, една нова истотија за Република Македонија и за граќаните во Република Македонија.Ајде сите заедно да ја вратиме Република Македонија онаму каде што и е местото, да владее правото, повторно да ја поставиме правната држава, повторно да ги вратиме успесите на планот на економијата. А не, пљачката и криминалот кои што се за жал денеска секојдневие во Република Македонија. Да го исчистиме деспотизмот и да си ја вратиме Република Македонија на граѓаните.Првиот чекор, граѓани на Република Македонија, имате шанса и можност да го направите токму на 21 април. Од тогаш почнува падот на деспотот и на онаа мала група која што се уште го поддржува. Време е да заминат на темната страна на историјата, истакна Мицкоски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
kostadinov-za-mickoski

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски да го повика својот братучед од ЕЛЕМ и сите свои роднини да се повлечат од работните места

СДСМ е против партизација и против непотизам. Одлучни сме и заедно со граѓаните се бориме да ги промениме работите во нашето општество, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.Партизацијата која што со децении беше пракса во Македонија, конечно е на колена. Благодарение на јавноста и благодарение на свеста и интегритетот кои постојат во нашата партија.Не се сите исти.Членови на семејствата на претставници на СДСМ преземаа морални чекори на повлекувања од своите работни места на свои и покрај тоа што со своето вработување не прекршиле ниту една процедура, не загрозиле ничие право и ги исполниле сите критериуми по мерит системот.Поради морални и етички причини од работните места веќе се повлекоа: мојата мајка, дедото на пратеникот Кирацовски, синот на пратеникот Мисовски, братот и сопругот на пратеничката Стојчевска.Тоа е интегритет. Заедно го менуваме општеството, се случуваат процеси кои не биле возможни во минатото.Ајде сега да видиме дали колкав е интегритетот на Мицкоски и неговите од ВМРО-ДПМНЕ. Ајде да видиме што има да каже партијата која го рашири непотизмот до невидени размери. Од овде, од пред центарот на непотизмот и симболот на криминално владеење, го повикуваме Христијан Мицкоски да ги повика своите роднини и роднините на своите сопартијци да се повлечат од работните места кои им биле обезбедени поради нивно влијание.Граѓаните многу добро знаат дека Мицкоски во минатото раководеше со АД ЕЛЕМ. Токму во ЕЛЕМ-турс е вработен Горан Манасиевски, прв братучед на Христијан Мицкоски. Покрај братучедот на Мицкоски, во ЕЛЕМ турс работа добил и Никола Шајновски, сопруг на личната партиска секретарка на Мицкоски, но и Косана Мазнева, која е дел од неговиот партиски кабинет.Сопругата на Хрстијан Мицкоски пак е вработена во гимназијата Орце Николов во Скопје. Дури и самиот Мицкоски е пример за непотизам со тоа што бил асистент кај својот татко на Машинскиот факултет, Иван Мицкоски.Има едни кои ја слушаат јавноста и реагираат. И има други кои се кријат во партиските палати, натрупале проблеми во државата и немаат грам чесност и морал.Очекуваме Мицкоски да ги повика сите свои роднини, како и сите роднини на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ кои работните места ги добиле поради влијанието на нивните блиски, да се повлечат од работните места.Ајде Мицкоски, расплети го чворот од вработувања кои си ги создал околу тебе. Се друго е политикантство, неискрен, неодговорен и несериозен однос на опозициската партија кон граѓаните.ВМРО-ДПМНЕ ја преполни државната администрација, ајде нека почне повлекувањето, во име на борбата против непотизмот во нашата земја, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

Македонија | пред 7 години

7 год.
vencanici-3

(ФОТО) Се отвори 9-от по ред „Саем за венчавки“

Од 22 до 24 февруари во х.Александар Палас се одржува саемот за венчавки. Голем дел идни невести и младоженци пред кои е големата венчавка, вчера беа на отворањето на 9-от по ред Саем .На свеченото отварање со ревија на познатите во венчаници, додека денес и утре (сабота и недела) ќе имаме можност да видиме неколку индивидуални модни ревии, на наши креатори но и нови колекции на познати светски брендови ќе се представат кај нас оваа година.Домќин и водител оваа година е Александра Илиевска од кулинарското шоу „Брза Кујна“, а во венчаници имавме можност да ги видиме : Милена Антовска, Јана Бурческа, Зои Блаж, Сања Барби Цинцева, како и Викторија Лоба. фото: Лејла Ибраимоска

Магазин | пред 7 години

7 год.
janusev

(ВИДЕО) Јанушев одговара на новинарски прашања: СДСМ се соочува со очајно слабиот рејтинг

Игор Јанушев се потпиша за поддршка на Гордана Силјановска Дафкова за Претседател на РМ и при тоа одговори на неколку новинарски прашања. Во продолжение одговорите на Јанушев.Прашање новинар: Господине Јанушев во 46 градови во државава веќе започна давањето поддршка на списокот за кандидатурата на професор Гордана Силјановска Давкова. Вие сте во Велес и дојдовте да го направите она што најголемиот број од членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ очекувано ќе го направат денес.Одговор: Да точно така, денес сум во Велес, туку што го дадов мојот потпис за поддршка на кандидатурата на професорката Гордана Силјановска Давкова. Апелирам до сите оние кои што се залагаат за правда и право, за сите оние што сакаат вистинско обединување во Република Македонија, за сите оние кои што сакаат да ги победиме овие црнила да ја дадат својата поддршка за победничкиот кандидат на претстојните претседателски избори.Прашање новинар: Како ги коментирате последните случувања на политичката сцена, меѓутоа и надвор и сите оние непопуларни настани што имавме можност деновиве да ги видиме? На неколку наврати и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ веќе го коментираше тоа на прес конференција, меѓутоа и после тоа повторно истата песнаОдговор: Со сите овие работи кои што се случуваат во овие две години, со целиот криминал, корупција, непотизам, незнаење што го прави СДСМ соочени со очајно слабиот рејтинг, соочени со се уште немањето на соодветен кандидат со кој што ќе се спротивстават на професорката Силјановска, ова се веројатно потези во очај со кои што сакаат само да ја дефокусираат јавноста. Меѓутоа не се свесни дека ВМРО-ДПМНЕ се грижи за своите, ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи вакво однесување и ВМРО-ДПМНЕ ќе ги победи. Народот ќе ги казни и ќе одговараат сите кои што го прават ова на било кој граѓанин на Република Македонија и за целиот криминал кој што во изминативе две години го прават.Прашање новинар: Каква кампања планирате и каква очекувате?Одговор: Во однос на кампањата засега ќе ги задржиме информациите, се уште работиме на тоа како ќе настапиме, дали тоа ќе биде добро познатиот и класичен пристап во однос на организација и на митинзи и на презентација на програмите, или сепак ќе воведеме нешто ново. Сепак имаме цел месец до почетокот на кампањата, така да ќе имаме прилика сите да се увериме во она што сега го кажувам.Прашање новинар: Како ја коментирате тезата се поприсутна во јавноста односно во одредени средини дека може да се случи после двата круга Талат Џафери да остане како вд претседател и да ги потпише сите оние документи потребни во рамките на онаа платформа ако може така да се каже планирана од позицијата?Одговор: Уште еден обид на власта за дефокус и за тргање на вниманието од нашиот претседателски кандидат професорката Силјановска. Меѓутоа треба да се соочиме со реалноста, а таа е следна. Во првиот круг на избори не е потребен цензус така да и со 100.000 или 200.000 излезени гласачи не менува ништо, од друга страна и во случај и на неуспешни избори Талат Џафери останува вд претседател на државата, од друга страна во рок од неколку месеци ќе треба да се организираат нови претседателски избори, не гледам зошто или кој би бил методот на некој начин на присила односно да се присили власта да даде предвремени парламентарни избори после неколку месеци, а не го стори тоа во моментот. Така да тезите во однос на бојкот и слично воопшто не држат и не се добри во овој момент во македонското општество со сите овие работи кои што се случуваат. Единствен начин да се спротивставиме и да покажеме пркос е да излеземе да го поддржиме кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи е најдобриот кандидат и со тоа да ги победиме и Заев и сите овие криминогени активности кои што ги прават.Прашање новинар: Сосема за крај бидејќи се наоѓате во Велес, која е пораката до велешани во текот на денешниот ден со оглед на тоа што рокот истекува во 19 часот?Одговор: јас би ги повикал сите велешани, сите граѓани на Република Македонија да излезат и да го дадат својот потпис со тоа да поддржат конечно градење на правната држава и на правото и да поддржат кандидат кој што ќе се залага за доследна примена и на Уставот и на законите.

Македонија | пред 7 години

7 год.
bitola-pomos-1

Со Шведска помош до нови иновативни проекти во општина Битола

Делегација од Шведска, предводена од професорот на Кралскиот институт за технологија во Стокхолм Нелсон Сомерфелд, ја посети Општина Битола и оствари средба со градоначалничката м-р Наташа Петровска.Професорот Сомерфелд го предводи проектот кој во иднина треба да и донесе нови современи технолошки услови на Клиничката болница во Битола. Станува збор за хибриден систем за греење, ладење и вентилација, кој ќе претставува комбинирана технолошка иновација. Проектот е веќе дел од програмата за работа на Кралскиот институт во Стокхолм, при што е завршен првиот дел, кој содржи три можни решенија. Од нив ќе се избере најдоброто решение за Клиничка болница, по што ќе следува подготовка на техничката документација и проект за изнаоѓање средства од инвеститори и странски фондови. Како дел од делегацијата, на средбата присуствуваше и Марија Русенгрен, битолчанка која живее во Шведска. Таа досега во повеќе наврати донирала и помогнала во многу институции во градот Битола, а беше иницијатор и за реализација на овој проект.Градоначалничката Петровска се заблагодари на помошта од страна на гостите од Шведска, при тоа поздравувајќи ја иницијативата за воведување на иновативните технологии. Петровска посочи и дека во иднина може да се продлабочи соработката на Кралскиот институт со Техничкиот факултет од Битола, кој може од стручен аспект да биде вклучен во реализацијата на овој, но и на други проекти во градот. Општина Битола го помага овој проект преку вклучувањето на инженерот Горан Неделков, вработен во општината, задолжен за реализација на проектот.Претставниците од Клиничка болница Битола, предводени од директорот д-р Зоран Лазаров, ја истакнаа важноста од реализирањето на овој проект, со што во болницата ќе биде целосно комплетиран системот за греење, ладење и вентилација.

Македонија | пред 7 години

7 год.
kolev

Колев од Рим: Заев и Мицкоски го рушат меѓународниот авторитет на македонците

За жал морам да констатирам дека политичките игри и препукувања помеѓу премиерот Заев и претседателот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, влијаат негативно на меѓународниот углед на нашата земја, истакна претседатеот наГраѓанско Демократска Унија- ГДУ, Петар Колев.За време на мојот разговор со ко-претседателот на ЕCR проф. Лагутко и европратеникот Ангел Џамбазки тие изразија загриженост околу случувањата во истражниот затвор Шутка, каде беа нападнати поранешните министри од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски. Стигнавме до заклучок дека институциите треба да бидат оставени да си ја завршат работата по случајот, без никакво политичко влијание и виновните да ја понесат својата одговорност.За мене најголем проблем во настанатата ситуација е фактот дека со такви немили настани и нивното погрешно менаџирање од страна на Заев како премиер и Мицкоски како лидер на најголемата опозициска партија, се руши меѓународниот углед на македонските институции. Тоа не смее да се случува бидејќи ниту едно политичко поентирање не е доволно вредно за да се стави под знак прашалник авторитетот на нашата земја и секако почнувањето на преговорите за членство во Европската Унија, вели Колев.

Македонија | пред 7 години

7 год.
soobrakajna-nesreka

Утрово „БМВ“ излетало од патот и се превртело на покривот во Кнежевска река - има повредени

На 23.02.2019 година во 00.50 часот на крстосницата од регионалниот пат Куманово- Свети Николе и исклучок од автопатот во изградба Штип-Миладиновци, патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(26) од Скопје, излетало од патот и се превртело на покривот во Кнежевска река. Притоа, со тешки телесни повреди е здобиле сопатниците П.Ј.(25) од Скопје, А.М.(21) од Куманово и Х.И.(20) од Скопје. Со возила на Итна медицинска помош тие биле пренесени во болницата во Штип, по што П.Ј. бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје, а останатите биле задржани на понатамошно лекување. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Свети Николе.

Македонија | пред 7 години

7 год.
uapsen

Приведен Гостиварец баран со Меѓународна потерница од Република Србија

На 22.02.2019 година, врз основа на судска наредба, полициски службеници од Полициската станица Гостивар извршиле претрес во дом и други простории сопственост на В.А. од село Железна Река, каде моментално престојувал неговиот син М.А.(43) од Република Србија. При претресот, биле пронајдени и одземени околу 500 грама марихуана. Претходно, на 21.02.2019 година М.А. бил лишен од слобода откако при личен преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. Исто така, по извршени проверки било потврдено дека М.А. се бара со Меѓународна потерница од Република Србија за издржување казна затвор од осум и три години. М.А. бил приведен во Полициска станица Гостивар, а судија на претходна постапка му одреди притвор од 30 денови. На 22.02.2019 година, по преземени мерки и активности, во населба Млаки 2 во Гостивар полициски службеници ги лишиле од слобода З.Х.(33) од Тетово, Л.С.(27) од село Милетино, тетовско, М.З.(1973) од с.Мала Речица, тетовско и С.Н.(25) од Тетово, кои биле со патничко возило „Фолксваген Голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од З.Х.. При преглед на возилото и лицата, кај З.Х. била пронајдена кеса со околу 500 грама марихуана. Лицата биле задржани во Полициската станица Гостивар, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Македонија | пред 7 години

7 год.
zelen-karton

Турски државјанин лишен од слобода поради „Фалсифување на исправа- зелена карта“

На 22.02.2019 година во 12.10 часот на Граничен премин „Деве Баир“, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа- зелена карта“, од слобода бил лишен Д.Т.(37) од Република Турција, кој управувал товарно возило „Даф“ и полуприколка „Fruehauf“ со турски национални ознаки. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања