„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
mvr

Работник си ги повредил прстите од десната рака

На 31.01.2019 околу 16 часот, пријавено е дека 28-годишниот гостиварец Н.Н. се повредил работејќи на циркулар во фабрика за мебел во гостиварска Горна Бањица. Сечејќи со машината, тој ги повредил прстите од десната рака и пренесен е во клинички центар во Скопје. Извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mvr1

Во 24 часа во Скопје седум сообраќајни незгоди, 80 мандатни платни налози и 72 возила се подигнати со специјално возило "пајак"

Во текот на изминатиот ден (31.01.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно седум сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, три сообраќaјни незгоди со телесни повреди и три со материјална штета.Во сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди и четири лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 67 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.Од сообраќај се исклучени 20 возачи од кои: пет возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 13 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца возачи затоа што биле возачи-почетници.Исто така исклучени од сообраќај се и девет возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се шест возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден поради неправилно престројување, четворица поради непоседување пропишана зимска опрема, седум возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 13 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.Во однос на пешаците санкционирани се 14 пешаци поради поминување на коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 80 мандатни платни налози и 72 возила се подигнати со специјално возило "пајак".

Скопје | пред 7 години

7 год.
50999749_2077753648960935_5109981462615031808_n

(ВОЗНЕМИРУВАЧКА ФОТОГРАФИЈА) Убиено куче во Прилеп

„Вознемирувачка фотографија. Немаме повеќе зборови со кои можеме да го опишеме ужасното чувство на тага и болка во вакви ситуации. Верувајте воопшто и не сакаме да ги објавуваме овие ситуации, но не можеме и да ја криеме вистината и да шириме розови вести. Кучето скоро една недела се движеше на локација нова автобуска, железничка станица и беше хрането од две хумани особи, за денес да ни ја соопштат оваа вест. Можете по сликата да видите дека не е на улица и не е изгазено од кола, и на улицата каде беше немаше траги од крв. Оценете и сами бидејќи оваа слика нас ни личи дека кучето е удрено по главата т. е. намерно убиено. Ете тоа е една од судбините кое може да ја има едно бездомно куче кај нас. И да напоменеме на таа локација имаме хрането во различни периоди три кучиња кои ги најдовме отруени. За тебе мило ангелче е овај пост бидејќи никој не ти даде шанса за подобро утре“, пишуваат од Помош на животните Прилеп.https://www.facebook.com/1064107413658902/photos/a.1280757195327255/2077753642294269/?type=3&theater 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ЈСП апелира до граѓаните да се паркираат совесно со цел непречено сообраќање на автобусите на Водно

„Во пресрет на претстојниот викенд, сакаме да апелираме до сите граѓани кои планираат да го посетат Водно со автомобил, да се паркираат прописно на обележаните паркинг места, како возилата на ЈСП Скопје би стасувале непречено до крајната станица на Средно Водно.Токму поради несовесните граѓани, а во недостиг на сообраќајната полиција, возилата на ЈСП Скопје (од линиите 25, 25А и 25Б) изминатата сабота сообраќаа со големо задоцнување, дел воопшто не можеа да стасаат до станицата на Средно Водно, некои возила беа приморани патниците да ги оставаат на среде улица, а три поаѓања воопшто не се реализира.Како би ги избегнале овие ситуации и викендов што претстои, апелираме на поголема совесност кај дел од граѓаните, како и на толерантност од страна на патниците доколку застоите се повторат и викендов, имајќи во предвид дека возачите на ЈСП Скопје се приморани да реагираат согласно условите на терен.Истовремено, потсетуваме дека возењето со линиите 25 (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Автомакедонија-Средно Водно) и 25 Б (Дом на печат-Средно Водно) е бесплатно за сите категории на патници за време на викенди и државни празници“, велат од ЈСП Скопје.

Скопје | пред 7 години

7 год.
gordana-siljanovska

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи Силјановска за претседател?

Професорката Гордана Силјановска, пратеникот Влатко Ѓорчев и Филип Петровски, еден од лидерите на движењето „Бојкотирам“ се тројцата чии пријави на повикот за претседателски кандидат се стигнати засега во ВМРО-ДПМНЕ.Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи професорката Гордана Силјановска за претседателски кандидат, односно, таа ќе биде нивни претставник. Со тоа отпаѓаат останатите кандидатури, дознава „Скопје1.мк“.Позади Силјановска ќе застане и Ѓорчев, кој ќе ја поддржи.Рокот за пријавување истече синоќа на полноќ, но во партијата ќе почекаат да не стигне некоја пријава пратена по пошта, па најдоцна до 5 февруари ќе се знаат сите пријави на конкурсот.Триесетина професори со повик до јавноста да ја поддржат кандидатурата на универзитетската професорка Гордана Силјановска Давкова за претседател на државата.Потписници на повикот се: 1. Катица Ќулафкова, академик 2. Наде Проева, професор 3. Каролина Ристовска-Астеруд, професор 4. Фредерика Поповска-Павловска, професор 5. Билјана Ванковска, професор 6. Жидас Даскаловски, професор 7. Елка Јачева Улчар, професор 8. Михајло Миноски, професор 9. Никола Павловски, професор 10. Богдан Богданов, професор 11. Снежана Филипова, професор 12. Костадин Тренчевски, професор 13. Ивица Милевски, професор 14. Јован Донев, професор 15. Велика Стојкова Серафимовска, професор 16. Валериј Софрониевски, професор 17. Јани Бојаџи, режисер 18. Ружица Манојловиќ, професор 19. Игор Улчар, професор 20. Константин Миноски, професор 21. Марија Ристевска, доцент 22. Драги Митревски, професор 23. Тихомир Стојановски, професор 24. Благоја Јанаков, професор 25. Петре Георгиевски, професор 26. Јане Богданов, професор27. Виктор Ѓамовски, професор.

Македонија | пред 7 години

7 год.
kravi

Новинар на тајна задача го откри скандалот со месото од болни крави

Полска извезла 2.700 тони сомнително говедско месо од болни крави во 10 европски земји, објави директорот на полската ветеринарна служба, Павел Нимчук.Целиот скандал го откри новинар на тајна задача, кој бил почнал да работи како работник во една кланица.Кога прашал зошто кравите не можат да стојат, постарите колеги му рекле ништо да не прашува.Романија, Шведска, Унгарија, Естонија, Финска, Франција, Шпанија, Литванија, Португалија и Словачка се земјите во кои биле извезено штетното месо.

Свет | пред 7 години

7 год.
bejbizoo

Скопска зоолошка добива Бејби Зоо

Скопје Зоо добива мини зоолошка градина за најмладите. По теркот на европските и светските и во скопската зоолошка ќе се отвори Бејби Зоо. Тоа е заградена мини зоолошка градина каде што ќе има мали безопасни животни и каде што децата во присуство на Зоо негувател ќе може поинтеркативно да се запознаат со животните, да си играат и да се фотографираат со нив.„Целта е децата уште од мали да ја почувствуваат љубовта и грижата кон животните. Доколку уште од мали нозе научат како да се грижат за нив, сигурно е дека кога ќе пораснат ќе ја имаат онаа зоокултура која сега недостасува кај нас“- изјави директорот Ѓорѓи Галетановски

Скопје | пред 7 години

7 год.
zemjodelci

ОЈО ќе спроведе истрага за злоупотреба на службена положба и овластување при издавање под закуп на земјоделско земјиште

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Лицата се осомничени дека во својство на министри за земјоделство, шумарство и водостопанство и нивни заменици во одреден период склучувале договори за закуп на земјоделско земјиште, кои не ги раскинувале иако закупувачите не го плаќале надоместокот за закуп. Станува збор за досега утврдени 584 договори за закуп на земјоделско земјиште на разни локации низ државата. На овој начин била предизвикана штета на Буџетот на Република Македонија во износ од 88.467.607 денари (над 1,4 милиони евра).Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Предлог за определување мерка притвор за четворицата осомничени.

Македонија | пред 7 години

7 год.
shilegov

Шилегов сака новото јавно претпријатие за третман на кучиња да се вика Лајка

На новинарско прашање на темата, градоначалникот Шилегов одговори дека сѐ уште не е одлучено за името на новото јавно претпријатие, ама негова желба е претпријатието да се вика „Лајка“ – кучето што го смени човештвото, а коешто е земено од улиците на Москва. Според него тоа име би била одлична симболика за новиот концепт во згрижувањето на уличните кучиња.Од денеска Град Скопје започна постапка за формирање ново јавно претпријатие кое ќе биде задолжено за третман и благосостојба на уличните животни, со што стационарот „Вардариште“ ќе биде минато.– Стационарот „Вардариште“ повеќе нема да биде во надлежност на ЈП „Комунална хигиена“, туку ќе добие еднаков статус со другите јавни претпријатија кои се занимаваат со комуналните дејности во градот – хигиената, паркирањето, одржувањето на парковите и зеленилото и јавниот превоз на патници. Новото јавно претпријатие под своја надлежност во целост ќе ги преземе активностите за заловување на животните скитници, стерилизација, ветеринарната грижа, регистрирањето и процедурите за вдомување од заинтересираните граѓани – рече на вчерашната прес-конференција градоначалникот Шилегов.Процедурите околу формирањето на новото претпријатие течат паралелно со процесот на чипирање на домашните миленици. Целта е во истовреме да се стави под контрола механичкиот прилив на кучиња на улиците, предизвикан од неодговорни сопственици, и да се почне процесот за воведување нов системски пристап во третманот на животните скитници.Овој проблем бара вклучување на повеќе институции на локално и на национално ниво и вклучување на граѓанските активисти и здруженија, со цел бројот на кучињата скитници да биде сведен на минимум на начин што ќе обезбеди нивна благосостојба, но исто така ќе гарантира безбедно и непречено движење на граѓаните на јавните градски површини.– Притоа потребно е да се има предвид дека Скопје не е изолиран остров и дека едностран пристап во решавањето на проблемот од градската администрација нема да води до посакуваната цел во насока на надминување на постојната состојба. Треба да знаеме дека миграцијата на кучињата не се решава со правилници, закони, стерилизација, туку со одговорно однесување на сите надлежни институции. Ова значи дека не постои инстант решение со кое кучињата ќе исчезнат од улиците, но тоа не е и не смее да биде изговор на институциите да бегаат од решавањето на овој проблем, туку напротив, со еден координиран системски пристап да се прифати предизвикот да се изнајде одржливо решение – кажа Шилегов.Паралелно со подготовката на административните процедури за основање на новото јавно претпријатие Град Скопје ќе се консултира со здруженијата за заштита и унапредување на правата на животните за формата и начинот на нивното вклучување во целиот концепт бидејќи нивната стручност и искуство можат да бидат максимално искористени во полза на благосостојбата на овие животни.– Новото јавно претпријатие ќе биде основано со буџетски средства на Град Скопје, оние што досега сме ги давале ќе ги зголемиме, како и средства од ЈП „Комунална хигиена“. Во работата на новото претпријатие ќе се вклучи дел од постојниот персонал, а искрено се надевам дека професионално и волонтерски ќе се вклучат и активисти од здруженијата за заштита на животните – додаде Шилегов.Градоначалникот ги потсети и ги повика граѓаните дека и сега од вторник до сабота, во терминот од 09  до 13 часот, можат да го посетат стационарот „Вардариште“ и да си одберат куче за вдомување. Притоа, кучињата што се определени за вдомување, на граѓаните им се отстапуваат истретирани, вакцинирани и без никаков паричен надоместок. Секој граѓанин што вдомува куче, мора да пополни формулар со своите податоци и да се обврзе дека ќе биде одговорен сопственик, почитувајќи ги постојните закони. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
irena-ristic

Ристиќ: Ова не е живот,оти правдата ви е во кафи, а рак се фаќа како грипче во зима

Статус на социјалните мрежи од активистката и актерка, Ирена Ристиќ:"Имате право да умрете", изјавил некој "доктор"...Впрочем, тоа е и најточната констатација за севкупната состојба!Тоа е дефиниција на НИШТОТО со кое сме опкружени!Бидејќи ова не е Живот!Бидејќи е најзагадено!Бидејќи е прљаво до бесвест!Бидејќи рак се фаќа како грипче во зима!Бидејќи пиете лекчиња од паралелен увоз!Бидејќи пензиите некој веќе ви ги потрошил!Бидејќи сме клептоманска нација!Бидејќи сме Апашанат по уредување!Бидејќи криминалци со вратоврски ви ги кројат вчера, денес и утре!Бидејќи бизнисмени во мантии ви се врската со Бога!Бидејќи ПРАВДА, е уствари кафиќ!!!Бидејќи 50% од младите се неписмени!Бидејќи Џипериииии ви ги едуцираат децата!Бидејќи се зрачи со некултура и ароганција!Бидејќи зборувате, а сега веќе и не се разбирате!Можам јас и уште...Одлучете! Ќе умрете?!Или ќе се борите да Живеете...!(Малку сум се изнервирал!)https://www.facebook.com/irena.ristic.779/posts/10157141136674726

Коментари | пред 7 години

7 год.
kasami-kadriu-sela

Алијанса и Беса избраа заеднички кандидат за претседател?

Одлуката на Демократската унија за Албанците да не коалицира со СДСМ туку да настапи со самостоен кандидат на претседателските избори, беше дочекан со аплауз во другите политички партии со албански предзнак. Од Алијансата за Албанците иронично апелираат кандидатот на ДУИ да биде Албанец алудирајќи на долгото консензуално договарање со социјалдемократите.„Не би сакале да веруваме дека оваа нивна одлука дојде како последица на затворената врата и презир кон ДУИ во однос на нивната лажна идеја за консензуален кандидат со СДСМ, а во минатото со ВМРО-ДПМНЕ. Се надеваме дека одлуката на ДУИ се должи на предизвикот на претседателот Зијадин Села упатен јавно преку медиумите за соочување со ДУИ. Бидејќи ДУИ го прифати овој предизвик, ги охрабруваме да го прифатат и другиот - распишување на предвремени парламентарни избори“, велат од партијата.Во опозицискиот дел од Беса веќе понудија сите албански партии да имаат еден заеднички кандидат со цел да се факторизирал гласот на етничките Албанци.„Во тој контекст, подготвени сме за соработка со сите што размислуваат како нас“, велат од Беса на Билал Касами.Повеќе на Независен.мк

Македонија | пред 7 години

7 год.
Tomislav-Tuntev-e1511275814886-780x439

Тунтев: Создаваме услови за развој на ефикасен и безбеден воздухопловен систем

На македонското небо просечно се реализираат по 15 илјади летови месечно, а во врвните периоди на сообраќајно оптоварување дневниот број понекогаш достигнува и до 1.000 операции. Минатата година на двете македонски воздухопловни пристаништа беа прифатени и испратени повеќе од два милиона патника, а во наредните четири години се очекува овој број да достигне три милиони. Ваквиот прогнозиран интензивен пораст на физичкиот обем на сообраќајот не‘ обврзува да градиме и создаваме услови за развој на ефикасен и безбеден национален воздухопловен систем, целосно интегриран во европската воздухопловна транспортна мрежа, вели во интервју за МИА Томислав Тунтев, директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство.Според него, Македонија нема економски одржливи перформанси и финансиски потенцијали да размислува за формирање на т.н. национален авиопревозник, односно дека не постои економска оправданост за развој на, како што вели, еден таков застарен концепт. Сепак, посочува, доколку се појави сериозен инвеститор во областа на воздушниот транспорт кој би сакал да влезе на меѓународниот пазар со современи воздухоплови во македонскиот регистар, и доколку државата препознае економски интерес за заедничко вложување или друг вид на јавно-приватно партнерство во авиобизнисот, тогаш АЦВ ќе биде целосно подготвена во рамки на нејзината надлежност да ги реализира сите неопходни активности тоа да го овозможи.

Коментари | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

„Македонија вработувала“, ама не плаќала придонеси

Ударничкото намалување на невработеноста со проектот „Македонија вработува“ ќе удри по даночните обврзници. Тие, и во овој случај, ќе треба да ја платат цената на политичкиот профит на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ од субвенционираните вработувања во периодот од 2015 до 2017 година. Затоа што за овие работници никој не плаќал придонеси.Проектот „Македонија вработува“ беше замислен како поддршка од државата за отворање нови работни места, за развој на сопствени бизниси и за намалување на трошоците за работа, со ослободување на плаќање придонеси за нововработените. Тоа беше „мерка што им помага и на старите и на младите да најдат работа“ и „врвен приоритет на Владата“, како што милуваа да ја опишуваат политичките првенци од тоа време. Од Агенцијата за вработување велат дека во двете фази од проектот се реализирани вкупно 22.729 ослободувања од плаќање на придонеси. Агенцијата воопшто не зборува за вработувања.Повеќе на Независен.мк

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-22

Уапсени тројца поранешни министри

Четворица поранешни министри и заменици за земјоделие утрово се приведени во истрага поврзана со злоупотреби на земјоделска помош и издавање на државно земјоделско земјиште, потврдуваат за Телма извори од обвинителството, пишува Телма.Во акцијата на одделоот за организиран криминал на МВР се приведени поранешните министри Ацо Спасеновски и Михаил Цветков, како и поранешниот заменик министер Кристијан Делев.Тројцата се однесени во суд на распит, а четвриот осомничен е актуелниот пратеник Љупчо Димовски, кој полицијата се уште го бара.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Нови тројца дилери на дрога се приведени

СВР Велес поднесе кривична пријава против Т.Р.(30) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. На 18 октомври минатата година година во Велес, во населба „Тунел”, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот и пронашле и одзеле хероин.СВР Тетово поднесе кривична пријава против Љ.А.(29) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги” и против Х.Е.(33) од село Мала Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’’.На 15 септември минатата година околу 00.30 часот на регионалниот пат Тетово – село Пирок, полициски службеници извршиле преглед на пријавените и возилото во кое биле и пронашле и одзеле марихуана.

Скопје | пред 7 години

7 год.
vmro_dpmne

Кој ќе биде претседателски кандидат од ВМРО ДПМНЕ ќе се знае на 16 ти февруари

Истече рокот за пријавување кандидатури за претседател во ВМРО ДПМНЕ. Најдоцна до 5 февруари ќе се знае кој се се пријавил на јавниот оглас за претседателски кандидат. На 16 февруари на конвенцијата во Струга партијата ќе го избере партискиот кандидат за претстојните претседателски избори.ВМРО-ДПМНЕ донела став дека нема да ги бојкотира претседателските избори, објави порталот СДК.мк, повикувајќи се на анонимен висок функционер во ВМРО ДПМНЕ.Засега е познато во јавноста дека кандидатури поднесоа пратеникот Владимир Ѓорчев и Филип Петровски. Во јавноста како можен кандидат се споменува и името на професорката Гордана Силјановска Давкова, но од партијата засега нема потврда дека таа се пријавила на огласот кој заврши вчера.

Македонија | пред 7 години

7 год.
karpa

Огромна карпа го попречува движењето на сообраќајот на патниот правец Македонска Каменица – Кочани

Огромна карпа го попречува движењето на сообраќајот на патниот правец Македонска Каменица – Кочани. Карпата се наоѓа на десниот дел од коловозот од делот на Истибања.Поради големиот пречник возачите се движат по слободната коловозна лента, но со тоа им го препоречуваат патот на сите кои сега тргнуваат за Скопје да го користат алтернативниот патен правец Делчево-Бигла.Екипи на ЈП „Македонија пат", како што информираат оттаму, се наоѓаат на местото на одронот и ќе се преземат активности за отстранување на одронот и нормално одвивање на сообраќајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
gazprom

Бугарија одлучи да го продолжи проширување на гасоводот од Турција до Србија

Операторот со бугарскиот гасоводен систем „Блугартрансгаз“, ќе гради гасовод од границата со Турција, преку кој рускиот гас кој се транспортира преку гасоводот Турски тек ќе продолжи во Србија, соопшти компанијата додавајќи дека трошоците за проектот се проценуваат на 2,7 милијарди левови, односно околу 1,4 милијарди евра.„Газпром" аплицираше за проектот за резервација на капацитетот на гасоводот за проширување на Националната газотранспортна мрежа во Бугарија, пренесоа бугарските медиуми. Компанијата зеде учество во спроведување на Фаза 3 од постапката Open Season на "Проектот за развој и проширување на системот за пренос на гас", започнат од "Булгартрансгаз" ЕАД за проширување на националната мрежа на природен гас во Бугарија од бугарско-турската до бугарско-српската граница и поднесе барање за резервација на потребниот капацитет", велат од менаџментот на компанијата.Проектот Турски тек, кој беше покренат откако ЕУ правеше пречки околу претходниот план за Јужен тек кој требаше да испорачува руски гас во хаб во Бугарија по што Москва се повлече, вклучува изградба на два цевковода со моќност од 15,75 милијарди кубни метри секој. Првиот е наменет за снабдување со гас на турските потрошувачи, а вториот за снабдување на земјите од јужна и југоисточна Европа. Планираниот почеток на функционирање на гасоводот е до крајот на 2019 година.

Свет | пред 7 години

7 год.
zname

Собраниската Комисија за надворешни работи, денеска ги избира новите амбасадори - еве кои се ....

Собраниската Комисија за надворешни работи денеска ќе одржи седница со дневен ред – тези за завршен разговор пред стапување на должности амбасадор и вонреден и ополномоштен амбасадор.Според тезите за завршени разговори пред заминување на должностите, Оливер Крлиу ќе биде амбасадор на Македонија во Мадрид. Тој доаѓа од редовите на Министерство за надворешни работи, бил македонски конзул во Њујорк и втор човек во Амбасадата на РМ во САД.Игор Џундев вонреден и ополномоштен амасадор и постојан претставник во меѓународните организации во Виена. Тој претходно бил во постојаната мисија на Македонија во ОН, а му асистирал и на Срѓан Керим кога беше претседател на Генералното собрание на ОН. Џундев е професионален дипломат. На должност вонреден и ополномоштен амбасадор треба да стапат Горан Стевчевски во Унгарија.Тој е исто така кадар од МНР и бил директор на сектор за Југоисточна Европа.Ненад Колев во Виена, Абдулкадар Мемеди во Обединетите Арапски Емирати. Мемеди е професионален дипломат и бил амбасадор во Саудијска Арабија, а е директор на Институтот за геостратегиски истражувања во МНР. Сузана Зеленковска во Словенија. Таа доаѓа од редовите на МНР, а е помошник на директорот на сектор за аналитика и јавна дипломатија. Рамадан Азифи во Германија, Крум Ефремов во Украина и Мира Крајачиќ во Кралството Шведска.Сите тие ќе ги претстават своите платформи пред членовите на Комисија за надворешни работи.

Македонија | пред 7 години

7 год.
vmro-frakcija

Демократска фракција на ВМРО-ДПМНЕ: Време е да ставиме крај на понатамошно обезличување на партијата

„Непринципиелните и погубни дневни политики на актуелното раководството на ДПМНЕ по се изгледа свое финале ќе добијат со претседателските избори. Последните потези со фаворизирање на соросови надпартиски кандидати за претседател или пак охрабрување за кандидатура на истрошени партиски кадри (понизни дечки на сите досегашни партиски гарнитури) го исфрлаат на виделина сценарио за понатамошна девалвација на ВМРО ДПМНЕ, нејзино згаснување и заминување во историјата. Ваквите изнасилено мотивирани петиции за наводна народна и надпартиска поддршка на кандидат за претседател беа вообичаена пракса во времето на владеење на бегалецот од Будимпешта и за жал истата повторно продолжува.Сценариото и епилогот на партиската конвенција се однапред познати и тие се копија на Кумановскиот и Валандовскиот партиски конгрес со однапред познат победник и сигурни гласачи. Се работи за веќе видена фарса и глумење демократија. Поради ова Демократската фракција ма ВМРО ДПМНЕ е загрижена од опасноста конвенцијата да стане арена каде силите ќе ги одмерат поранешните груевсти, а сега најголеми антигруевисти со мали и тапи ножиња со т.н надпартиски провмровски калкуланти инсипирирани и мотивирани од послушниците и наследниците на пребеганиот херој.Почитувани членови на партијата и загрижени патриоти, Демократската фракција на ВМРО ДПМНЕ смета дека крајно време е да ставиме крај на понатамошно обезличување на партијата и на обидите да згасне се она што е чесно, праведно и вмровско. ВМРО-ДПМНЕ поседува интелектуален и морален капацитет и сила да одговори и да ги запре ваквите нечесни и задкулисни игри кои се во функција на реализација на зацртаните цели на Зоран Заев и СДСМ. Со вака изрежирана конвенција ВМРО ДПМНЕ ја пропушта можноста со достоен претседателски кандидат од вмровска провиниенција и профилација да се врати на патот на пристојноста, патриотизмот и достоинството потпрени на вредности препознатливи по личната чест и посветеноста кон татковината и нацијата. Реализацијата на личните егоистични и туѓите намери и интереси мора да биде биде санкционирана со најостра политичка одговорност“, се вели во соопштението на Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања