„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
Нема фотографија

Седум сообраќајки во Скопје, еден пешак со тешки телесни повреди

Еден пешак е тешко, а четворица полесно повредени во четири сообраќајни незгоди од вкупно седум што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во три сообраќајки е причинета материјална штета.Според билтенот на СВР Скопје, изминатото деноноќие 67 возачи возеле побрзо од дозволеното, а пет биле под дејство на алкохол. Од сообраќај се исклучени и 13 возачи затоа што возеле пред да се стекнат со правото за управување на моторно возило и двајца почетници. Исклучени од сообраќај се и девет нерегитрирани возила.Сакционирани се и 13 возачи кои зборувале на мобилен телефон додека возеле, како и седум возачи кои не носеле сигурносен појас.Преземени се и мерки против 14 пешаци кои поминале улица надвор од пешачки премин.Сообраќајната полиција издала 80 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 72 возила.Одделението за превенција во текот на вчерашниот ден реализираше сообраќајна поука на која присуствувале граѓани како учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во пешаци.

Скопје | пред 7 години

7 год.
dimce

Арсовски: Бараме предвремени парламентарни избори за да спречиме предизборен грабеж

Во своето гостување во емисијата Клик Плус на Телевизија 21, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски,  како една од причините за предвремени парламентарни избори го наведе, како што вели, изборниот грабеж кој власта го припрема на претседателските избори.„Една од причините зошто бараме предвремени парламентарни избори е за да спречиме предизборен грабеж кој што се повеќе се навестува на претстојните  претседателски избори. Тоа го видовме веќе во неколку наврати, тоа беше видено на референдумското гласање каде што за две до четири секунди гласаше еден гласач. Тоа е практично невозможно и е спротивно на физиката“, истакна Арсовски

Македонија | пред 7 години

7 год.
205155519_Igor

Игор Јанев: Турција и Унгарија нема да го потпишат протоколот за членство во НАТО

Универзитетскиот професор по меѓународно право од Институтот за политички студии во Белград, Игор Јанев на својот Твитер профил напиша дека Турција и Унгарија нема да ја потпишат драфт верзијата на протоколот за членство на Македонија во НАТО.“Турција и Унгарија нема да ја потпишат драфт верзијата на протоколот за членство на Македонија во НАТО! Така што Договорот од Преспа се уште е мртов, заедно и со амандманите на Уставот на Македонија. Ги потикнувам и Турција и Унгарија да не го потпишуваат протоколот. Договорот од Преспа е нелегален”, стои во објавата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
vreme

Облачно со појава на магла, викендов потопло време

Денес во западните делови времето ќе биде променливо облачно, попладне со слаб локален дожд, а на планините со слаб снег. Во останатите делови сончево со умерена облачност. Претпладне по котлините ќе има појава на магла. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Температурата ќе се движи од 3 до 12 степени.Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и температура од -4 до 5 степени.Следува период на претежно облачно и потопло време, особено на повисоките места и на планините што ќе предизвика топење на снежната покривка. Во утринските часови по котлините ќе има појава на магла. За време на викендот ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Од понеделник ќе има локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Магла кај Страцин, Кула, Делчево и Смојмирово

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат. Намалена видливост поради магла до 50-100 метри има кај Страцин, Кула, Делчево и Смојмирово.На патниот правец Струга - г. п. Ќафасан (до с. Франгово) поради оштетување на коловозот, брзината е ограничена на 40 км/ч.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Спасовски: Има луѓе - вработени во државни институции кои шпиунираат за ВМРО-ДПМНЕ

Постојат луѓе и во МВР, но и во други државни институции кои се задолжени и даваат информации за состојбите во институции до ВМРО-ДПМНЕ, истакна министерот Оливер Спсовски одговарајќи на пратенички прашања за објавените извештаи во порталите подготвени од, како што рече, одредени лица за следење на активности на политичкиот противник, но и внатре во ВМРО-ДПМНЕ.-Не дека нешто плус ќе добијат со ваквите состојби со кои се занимаваат, не дека некого ќе исплашат од пратениците или други структури, туку мислам дека ова се прави за самопромоција, кој повеќе ќе му се допадне на Мицковски со тоа кој повеќе ќе донесе материјали, а со тоа да дојдат до подобра позиција. Јасно е дека нема да имаат шанса за таква работа ако продолжат со ваков начин, ниту ќе добијат позиција, рече министерот Спасовски.Министерот вели дека во МВР добиле дел од тие материјали. Тој вели дека до него дошол списокот со сите луѓе кои се задолжени од администрацијата, јавните претпријатија и од Министервата да ги испраќаат таквите извештаи до партијата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
65-ka2

Арачиновец и го pacпукaл носот на мaлoлeтнa девојка во автобус на ЈСП!

Инцидент се случил попладнево откако во автобус на ЈСП со број 65 момче со тупaницa и го pacкpвapил носот на малолетна девојка, па избегал во непознат правец, објави инфомакс.мкГолема група на граѓани во моментов е насобрана на автобуската постојка во селото Сингелиќ пред џамијата, откако момче со тупaницa удpил на малолетна девојка и ѝ го pacкpварил носот.Момчето веднаш се дало во бегство. По инцидентот, на постројката има гужба од насобрани револтирани родители.Текстот во целост на инфомакс.мк

Скопје | пред 7 години

7 год.
Grabez-pistol

Предмалку ограбен маркет во Охрид, маскирано лице со фантомка на глава и оружје го одзел дневниот промет

Грабеж на маркет во центарот на Охрид. Маркетот лоциран на Туристичка околу 19.00 часот бил ограбен од маскирано лице, кое со фантомка на главата и закана со оружје влегло во маркетот и од вработените пред купувачи ги принудил да му го дадат целокупниот промет.Купувачите и вработените видно растревожени и уплашени во моментов даваат изјав пред инспекторите од СВР. Ова е втор инцидент во Охрид попладнево.

Македонија | пред 7 години

7 год.
kokain-spanija

Во заедничка акција шпанската и италијанската полиција запленија 2,7 тона кокаин

Шпанската полиција уапси наводен примач на голема пратка на кокаин во товарен контејнер во Барселона, со помош на италијанските власти, соопштија денеска официјални лица.Операцијата во која биле вклучени инспектори и царински службеници од двете земји доведе до заплена на повеќе од 2,7 тона дрога, што е најголемата количина во Италија во изминатите 25 години, објави агенцијата АП.Според медиумите нелегалниот шверц го изведувала групата наречена „Заливски клан“, која е активна на неколку европски пристаништа.Полковникот Маурисио Синтура од италијанската финансиска полиција изјави дека властите ја пресретнале пратката на кокаин и брзо го замениле со сол пред да ја испратат за Барселона, со цел да им помогнат на властите да го уапсат 59-годишниот Шпанец кој требало да ја прими.

Скопје | пред 7 години

7 год.
novinari-uapseni

Шпанија бара од Венецуела да ги ослободи уапсените новинари

Шпанија побара од властите на Венецуела да ги пуштат на слобода уапсените новинари на агенцијата ЕФЕ.Новинарите се уапсени поради тоа што инсистирале на оставка на претседателот Николас Мадуро. Односите меѓу двете земји дополнително се влошија деновиве , откако премиерот Пабло Санчез го нарече Мадуро диктатор , а пак тој му одговори дека веќе еднаш ги исфрлиле од земјата.Властите на Венецуела уапсиле еден шпански новинар , колумбиска новинарка ,како и фотограф и возач , кои од главниот град на Колумбија , Богота , тргнале кон Венецуела за да известуваат за кризата. На границата ги запреле и уапсиле венецуелските разузнувачки служби.

Свет | пред 7 години

7 год.
besim-demirov

Советникот Бесим Демиров, бара поголеми плати за вработените во ЈП Охридски Комуналец

Советникот Бесим Демиров,, кој е прв советник Египќанин во градски совет во Македонија, ги прави сите свои заложби за подобрување на животот на египќаните. Демиров овој пат јасно и гласно кажа дека бара поголеми плати за вработените во ЈП Охридски Комуналец. Советникот за Скопје1 вели дека барат да се покачит вредноста на бодот во ЈП Охридски Комуналец, затоа што како што вели повеќе од 20 години вредноста на бодот во ова претпријатие не е сменат.Советникот Бесим Демиров смета дека неговото барање е оправдано бидејки платата на комуналците во Охрид, не им овозможува пристоен живот и споредено со другите градови во Македонија, работата на вработените во Охридското Комунално претпријатие им е пониско вреднувана.Инаку во ЈП Охридски Комуналец вработени се 261 лице од кои 149 Македонци и околу 100 египќани и др националности.Но, како што објаснува советникот Демиров револтира и фактото што од 100 вработени Египќани нема ниту еден во администрацијата, туку сите се теренци, поточно собирачи на смет.Советникот Бесим очекува да биде прифатено барањето за покачување на платите.

Македонија | пред 7 години

7 год.
lovat-rba-na-asvalt

(ФОТО) Една слика илјада зборови, млади момчиња преку слика ја покажаа реалноста во земјава

На социјалните мрежи се појави фотографија на која четири млади момчиња со рибарска опрема опрема ловат риби на асфалт.Оваа слика е само надополнување на оние кои секојдневно се постираат на ѕидот на сообраќајниот срам, на кои возачите револтирано фотографираат огромни дупки на патиштата ширум земјава, кои подари дождот деновиве се полни со вода.Но, момчињата се инспирирани токму од дупката на патот Струмица - Г.П. Ново Село.Но, момчињата кои се автори на оваа фотографија се малку пооптимисти. Тие како коментар во описот на фотографијата имаат напишано „Во секое лошо има и добро“.Под фотографијата има и многу коментри од типот: Дали шансите за Влез во Европа се поголеми од можноста да фатите риби во дупките во патот кон Европа?

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Скопјани искасани од кучиња скитници

Двајца скопјани пријaвиле вчера во полиција дека биле каснати од кучиња скитници во два одвоени случаja, во Аеродром и во Карпош.Вчера, во Полициската станица Аеродром, М.Д. (34) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 11 часот на булеварот Трета македонска бригада бил каснат од куче скитник во десната нога.Исто така, С.Ц. (73) вчера пријавил во Полициската станица Карпош дека во вторникот околу 10.50 часот на булеварот Партизански одреди бил каснат од куче скитник во левата нога.

Скопје | пред 7 години

7 год.
fotografii

Фотографии со вулгарна содржина од малолетно девојче биле испраќани меѓу ученици

Фотографии со вулгарна содржина од малолетно девојче биле препраќани меѓу ученици во нејзиното училиште, соопштија од полицијата, кога мајка ѝ го пријавила случајот.Како што инфрормираа од МВР, вчера жена од кумановско село пријавила дека била повикана од страна на класната раководителка и директор на основно училиште каде што учи ќерка ѝ, при што ѝ биле покажани слики на мобилен телфон со вулгарна содржина во врска со нејзината малолетна ќерка, кои биле препраќани меѓу учениците.Од полицијата посочија дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
filip

Македонија Блокира ќе го предложи Филип Петровски за претседател на Македонија

Движењето Македонија Блокира има свој кандидат за претседател. Тие ќе го предложат Филип Петровски за претседател на Македонија.Инку Петровски беше дел од сите протести кои ги организираше „Македонија блокира““, против уставните измени со цел промена на името. Лично Петровски на протестите им го читаше протестно писмо на пратениците од ВМРО ДПМНЕ кои во тоа време најавија дека ќе гласаат „за“ кое подоцна им беше и доставено.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Grabez-pistol

Разбојништво во маркет во Козле, со закана од пиштол ги одзеле парите од прометот

Две непознати лица доцна синоќа, малку по 20 часот, извршиле разбојништво во маркет на улицата Козле, информираа од полицијата.Како што соопштија од МВР, сторителите со закана со пиштол ги одзеле парите и побегнале, а според пријавата, на неколку стотини метри од маркетот тие испукале еден куршум во воздух.МВР презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
policija-traka

Двајца скопјани пронајдени мртви во када во својот дом

Двајца скопјани на возраст од 74 и 76 години биле пронајдени мртви во када во својот дом од страна на внукот, соопштија од полицијата.Од МВР посочија дека пријавата ја добиле вчера малку по 13 часот од страна на Б.Б., кој пријавил дека во када во куќа на улицата Раде Јовчевски – Корчагин ги пронашол починати своите баба и дедо, Ј.В. на возраст од 74 години и Г.В. на возраст од 76 години.Според пријавителот, тие, најверојатно, починале од струен удар.Лекар од итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција, соопштија од полицијата.

Скопје | пред 7 години

7 год.
emuc

(ВИДЕО) Пукано со пиштол плашливец во Средното училиште ЕМУЦ - Св Наум Охридски

Пукање во средното училиште ЕМУЦ Свети Наум Охридски, со пиштол плашливец.Неофицијално ученик пукал во соученици во училиштето. Според првичните информации со пиштол плашливец ученик од трета година пукал во соученици а потоа се пукал и самиот. Пукањето настанало заради кавга. Според очевидците има и повредени. Полицијата врши увид на лице место, а интервенирала и Брзата помош. Наставата е прекината, а учениците видно вознемирени се испратени дома.Еден ученик е пренесен во болница. Полицијата во моментов врши увид. Пред училиштето има неколку полициски возила.Наскоро повеќе.

Македонија | пред 7 години

7 год.
BeFunky-collage-15-800x411

Притвор за двајца вработени во МВР за настанот во Шуто Оризари

Постапувајќи по кривична пријава од Министерството за внатрешни работи во врска со настанот во Шуто Оризари од 28.01.2019 година, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица.За лицата, инаку вработени во МВР, кои во моментот на инцидентот не биле на работа,  постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Насилство од член 386 став 6 од Кривичниот законик.Имено, тие се осомничени дека заедно со уште пет други лица за кои се води постапка во Основното јавно обвинителство Скопје извршиле грубо насилство врз тројца оштетени. Бидејќи осомничените се сомневале дека оштетените лица наводно грабнале дете од Шуто Оризари, тие ги пресретнале и насилно ги извлекле од патничкото моторно возило Хјундаи галопер без регистарски таблици. Притоа физички ги нападнале, удирајќи ги со тупаници и клоци и нанесувајќи им телесни повреди.Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Судија на претходна постапка достави и Предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени. Ваквиот предлог беше прифатен, па со Решение на осомничените им е определен притвор во траење од 30 дена.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ojo

Започната истрага против две лица осомничени за разбојништво

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик.Имено, на 23.01.2019 година двајцата влегле во продажен салон на оператор на мобилна телефонија во близина на Бит Пазар и со употреба на сила и сериозна закана дека ќе нападнат врз животот и телото на едно вработено лице, противправно одзеле 96.500 денари. Осомничените претходно ја разгледале поставеноста на безбедносните камери и провериле колку вработени се присутни во продажниот салон, се обиделе да украдат изложен мобилен телефонски апарат, но притоа се вклучил безбедносниот звучен аларм. Во тој момент осомничените излегле од продавницата и ги замениле јакните. Едниот дополнително маскиран со качулка и марама, се вратил во салонот и извадил пиштол со кој му се заканил на вработениот, побарал од него да ја отвори касата и ги одзел парите. Другиот осомничен за тоа време чувал стража пред објектот, па двајцата го напуштиле местото на настанот.Едно од двете лица против кои е започната истражната постапка е осомничено дека два дена подоцна извршило уште едно кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик.Тој во непосредна близина на казино во Бутел со употреба на сила и сериозна закана дека ќе нападне врз животот и телото на една оштетена и одзел паричник во кој имало лични документи и 200 денари. Притоа и се заканувал дека ќе ја убие ако не му ги даде парите, неколкупати повторувајќи дека има пиштол во јакната.Надлежниот јавен обвинител, ценејќи дека се исполнети законските основи, до Судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени. Во однос на едниот осомничен, судијата го прифати предлогот и со Решение му определи мерка притвор во траење од 30 дена, додека за вториот осомничен определи мерка – куќен притвор.

пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања