„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
ruskoska

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и забележа на Русковска затоа што ги спомнала во обвинението

Реакција на на независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ во која се и тројцата амнестирани пратеници за крвавиот четврток, Крсто Муковски, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски, за завршното излагање на јавната обвинителка Вилма Русковска.Со жалење констатираме дека, денес Јавното Обвинителство во текот на завршното обраќање не ги испочитува одредбите од член 1 од Законот за Амнестија, каде многу прецизно е дефинирано за какви дела треба да продолжи судскиот процес. Од таа причина сакаме да истакнеме дека почитувањето и спроведувањето на законот е императив за владеење на правото, пишува во соопштението.Русковска пак на ова одговара дека со позитивното мислење за нив законот е испочитуван, што не значи дека тие не се виновни.Во понеделник ќе започнат завршните зборови на обвинетите.

пред 7 години

7 год.
pvdk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvWVdRN01EQV8vNmYyMTdjOWNjMjBmZGJmNzIzMTQwMThmMmI2MzA4MWUuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

Економијата на Италија во рецесија, ова е прв пат по 2013 година некоја земја на ЕУ толку да потоне

Според првичните резултати во четвртиот квартал, економијата на Италија влезе во рецесија. Ова е прв пат по 2013 година некоја земја на ЕУ толку да потоне.Бруто домашниот производ на Италија, третата по големина економија на еврозоната и членка на Г7, паднал во четвртиот квартал од 2018-та година за 0,2 отсто во однос на претхдниот квартал, соопштила денеска италијанската канцеларија за статистика.Тоа значи дека после паѓањето на БДП од 0,1 отсто во третиот квартал во 2018-та година, Италија влегла во техничка рецесија, која по дефиниција настанува кога ќе се забележат два последователни квартали со економски пад.Рецесијата во Италија, исто така влијаела и на пошироката економска еврозона, која во последните 3 месеци во 2018-та година се зголемила за само 0,2 отсто, исто како и во претходното тромесечие. Во Брисел се загрижени дека лошите ефекти од италијанската рецесија допрва ќе се чувствваат.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Охрид претставен на меѓународен саем за туризам „EMITT“ во Истанбул

Општина Охрид во заедничка соработка со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Македонија, учествува на една од најголемите меѓународни изложби за туризам на источен медитеран, во Истанбул, Турција.Туристичките потенцијали на Македонија и Охрид како најпознат туристички центар, почнуваќи од 31.01 до 03.02.2019, ќе бидат претставени на една од петте туристички изложби ширум светот и на водечки туристички настан во Турција, саемот за туризам “East Mediterranean International Tourism & Travel Exhibition- EMITT”. Во обиколката на саемот, министерот за култура и туризам на Турција, Мехмет Ерсој во придружба на амбасадорот на Македонија во Турција, Звонко Муцунски, го посетија и охридскиот штанд.На настанот се присутни повеќе од 1000 изложувачи, од 85 земји. Се очекува посетеност на саемот да надмине 54 000 посетители.Саемот кој го соединува туристичкиот сектор на национално и меѓународно ниво секоја година дава одлична можност за воспоставување нови врски и партнерства, како и нови договори за соработка, развој на веќе постоечки деловни односи, стартување и промоција на нови производи и услуги, размена на информации со домашни и меѓународни туристички експерти.Саемската манифестација секоја година има одлична медиумска покриеност со што на изложувачите им се овозможува зајакнување на врските со странските пазари, во насока на постигнување на бизнис целите.

Македонија | пред 7 години

7 год.
nbrm-narodna-banka

Редовна седница на Советот на Народна банка - разгледан и усвоен најновиот Квартален извештај

Советот на Народната банка на Република Македонија денес одржа редовна седница на која беше разгледан и усвоен најновиот Квартален извештај. Притоа, уште еднаш беше истакнато дека и последното намалување на основната каматна стапка во текот на минатата година е извршено во услови на поволна надворешна позиција и стабилни очекувања на економските субјекти. Повторно беше потенцирано дека и ова монетарно олабавување е соодветно на постојните економски и финансиски услови, при здрави економски основи и отсуство на нерамнотежи во економијата.При разгледување на Извештајот, на седницата беше заклучено дека споредбата на последните макроекономски показатели со нивната проектирана динамика во рамки на октомврискиот циклус проекции не упатува на позначителни отстапувања во одделните сегменти од економијата. Согласно со објавените проценети податоци за БДП, економската активност во третиот квартал на минатата година бележи раст од 3%, што е нешто повисок од проектираниот во октомвриските проекции. Ваквото нагорно отстапување главно се должи на повисокиот раст на извозот, односно поповолната нето извозна побарувачка, како и на повисокиот раст на јавната и личната потрошувачка во однос на очекувањата од октомвриските проекции, додека падот на бруто-инвестициите е поголем од очекуваниот. Годишниот раст на БДП во третиот квартал на 2018 година беше поддржан и од нето-извозот и од домашната побарувачка. Податоците за билансот на плаќања во тој квартал упатуваат на подобри остварувања кај тековните трансакции во однос на планираните, додека тековите во финансиската сметка имаа нешто послаба реализација од очекуваната.Советот воедно констатира дека тековно расположливите високофреквентни податоци за последниот квартал на минатата година упатуваат на продолжување на поповолните движења во економијата, проследени и со поволни очекувања за растот на индустријата. Воедно, одредени индикатори упатуваат и на подобрување на секторот „градежништво“ во споредба со претходниот дел од годината. Личната потрошувачка забележа зголемување. Поволни движења се забележани кај вкупните инвестиции, што се должи на инвестициите на приватниот сектор, додека номиналните податоци упатуваат на потенцијално мало проширување на трговскиот дефицит во четвртиот квартал во однос на истиот период од минатата година. Последните расположливи податоци за бруто девизните резерви за четвртото тримесечје на 2018 година упатуваат на квартален раст, наспроти умерениот пад очекуван со октомвриските проекции. Според сите показатели за нивна адекватност, тие и натаму се одржуваат во сигурната зона.Истовремено, на седницата беше нагласено дека во последниот квартал од минатата година дојде до забавување на годишниот раст на домашните цени, од 1,6% во третиот, на 1,2% во четвртиот квартал. Ова забавување е одраз на побавниот раст на цените на енергијата согласно со движењата на цените на нафтата и нафтените деривати на светските пазари, како и на забавеното движење на базичната инфлација. Од друга страна, кај прехранбената компонента на инфлацијата е забележано мало забрзување на растот. За целата 2018 година стапката на инфлација изнесуваше 1,5%, во најголем дел како резултат на поместувањата кај базичната компонента, а во помал дел од позитивниот придонес на енергетската и прехранбената компонента.Во рамки на дискусијата за усвоениот Извештај беше истакнато дека континуираниот раст на депозитната база и на кредитната активност на банките продолжи и во последното тримесечје од минатата година, што сигнализира стабилни очекувања и зголемена доверба. На годишна основа, вкупните кредити во декември се повисоки за 7,3%, што е во рамки на очекуваната стапка на раст со октомвриската проекција, додека годишната стапка на раст на депозитите во декември изнесуваше 12,1%, надминувајќи ја проекцијата за крајот на годината. Забрзаниот кредитен раст главно произлегува од зголемената кредитна поддршка на корпоративниот сектор, додека депозитниот главно од депозитите на домаќинствата.На седницата, Советот ја донесе Одлуката за престанување на важењето на Одлуката за условите што треба да ги исполнуваат хартиите од вредност во странство во кои може да вложува овластена банка. Усвојувањето на оваа одлука следи по објавата за стапувањето во сила на Одлуката за премин во втората фаза на асоцијација меѓу Република Македонија и Европската заедница и нејзините земји членки, согласно со Спогодбата за стабилизација и асоцијација, а е во насока на натамошно либерализирање на тековите од капиталната и финансиската сметка.Советот разгледа и други прашања од својата надлежност.

Скопје | пред 7 години

7 год.
sredba-janeva-jovevski

Јавниот обвинител на Република Македонија Љубомир Јовески денеска одржа работна средба со Катица Јанева

Јавниот обвинител на Република Македонија Љубомир Јовески денеска одржа работна средба со Катица Јанева, Јавен обвинител на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.На состанокот стана збор за Начелното правно мислење донесено на општа седница на Врховниот суд на Република Македонија со кое е утврдено дека „Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражната постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на преземањето на предметите и материјалите од негова надлежност…“На средбата беа разгледани состојбите и можностите за натамошно постапување по предметите по кои постапува Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Во тој контекст, Јовески и Јанева се согласија дека постапувањето по овие предмети ќе продолжи согласно позитивните законски прописи.

пред 7 години

7 год.
rp3

Скопје ќе добие Retail Park - сите брендови на едно место

Познатите модни бендови, како и продавници за техничка стока, покуќнина и мебел како што се „Нептун“, „Jysk“, „LC Waikiki“, „Sport Vision“, „KFC“, „Zegin“, на едно место. Скопје по примерот на светките метрополи за неколку месеци ќе добие свој Retail Park.Планирано е да има и супермаркет, банка, кафетерија, ресторан и игротека за деца, а предвиден е и паркинг простор за над 300 возила.Паркот ќе се протега на површина од 9.500 квадратни метри, а се наоѓа на местото на некогашната фабрика „Типо“ во општина Чаир.– Долго време Скопје чекаше проект од ваков карактер, интересот за закуп на простор во проектот е голем. Посветено работиме и со нетрпение го очекуваме отворањето, изјави Катарина Николов од Cushman and Wakefield/FortonМКА кои се екслузивен агент за изнајмување.Инвеститор на објектот е компанијата „Али Тобако“ од Скопје, а отварањето се очекува да биде во јуни.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Прекинат прагот на алармирање во Тетово, градот се исчисти?

Согласно податоците од ДАМСКВ на 30.01.2019 година, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 188 μg/m3, и епизодата од два последователни дена е прекината во Тетово.Со тоа престануваат да важат препораките и мерките согласно заклучоците од 40-та седница на Владата на Република Македонија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ruskoska

Завршни зборови за 27 април, Обвинителката Рускоска побара казна затвор за 16 обвинети за крвавиот четврток

Обвинителката Вилма Рускоска во завршни зборови пред судот побара на обвинетите за насилставата во Собранието на 27 април 2017 година да им изречат казни со кои ќе се постигне целта за делото за кое се обвинети, односно за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата.За ова кривично дело, според законот, е предвидена минимална затворска казна од 10 години.– Обвинителството докажа дека на 27 април е извршен организиран насилен напад врз една од најважните оте институции. Докажа дека тоа не беше спонтан упад и зовриени емоции. Обвинитеството докажа дека ова беше организиран и со умисла напад. Доказите потврдија дека преземените дејствија се поврзани и последователни со цел да се загрози уставноиот поредок. Докажа дека ова обвинение не е политички реваншизам, туку акт за докажување на делото и запазување на правото, изјави Рускоска.На 27 април 2017 за време на насилствата во Собранието обвинетиот Митко Чавков, кој тогаш бил прв човек на БЈБ бил во штабот на ВМРО-ДПМНЕ и од таму давал наредби за пасивно делување, рекоа обвинителките на денешното судење. Обвинителката Вилма Русковска прераскажувајќи исказ на загрозен сведок С1 кажа дека Јане Ченто постојано бил во комуникација и добивал наредби од Митко Чавков, а по настаните заедно со Нинџа постојано се сретнувале со Чавков на кого му биле лути дека ги организирал по наредба на Никола Груевски, а сега ги оставил сами на цедило.Таа побара судот при носење на пресудата да ги цени како отежнителните, така и олеснителните околности и да им изрече казна со што ќе бидат постигнати целите.Наредната судска расправа за „27 април“ е закажана на 4 февруари, кога завршни зборови треба да даде одбраната на обвинетите.

пред 7 години

7 год.
nesreka-babic

Тешка сообраќајна несреќа, загина жена, тешко повреден директорот на ,,Коридори Србија“, Зоран Бабиќ

Кај наплатната рампа Дољевац на автопатот Ниш-Лесковац, утрово се случи тешка сообраќајна несреќа, во која една жена загина, а 4 лица се повредени, меѓу кои и директорот на ,,Коридори Србија“, Зоран Бабиќ.Танјуг јавува дека директорот Бабиќ има тешки повреди , со отворени скршеници по телото.Според српските медиуми несреќата е случила при влез кај наплатните куќички, поради магла и неприлагодена брзина, се судриле три возила, во едно од нив настрадала жена која седела на задното седиште и била врзана со појас.Фото: курир.рс

Свет | пред 7 години

7 год.
gordana-retki-bolesti

(ФОТО и ВИДЕО) Во февруари 28 дена ќе „Ги запознаваме ретките болести“

Со видео, аудио и текстуални пораки, кои ќе се емитуваат секојдневно во текот на месец февруари, ќе се запознаеме со 28 дијагнози за ретки болести – утре стартува кампањата „Ги запознаваме ретките болести“. Во кампањата се вклучи и порталот Скопје1.мк.Супер радио, Гордана Лолеска и здружението „Живот со предизвици“ изработија мини-проект, со комплетна тв, радио и интернет кампања „Ги запознаваме ретките болести“ која ќе се емитува на ниво на целата држава.Преку овие кратки „дневни дози“ е објаснето каква е болеста, каков е начинот на дијагноза, има ли лек за неа, дали тие лекови се достапни за пациентите во Македонија. Кои се проблемите со кои се соочуваат самите пациенти но секако и нивните семејства, бидејки кога страда член од семејство страда и целото семејство, потенцира активистот Гордана Лолеска.– За нас беше чест да се вклучиме во оваа кампања, помогнавме во изработка на аудио и видео материјалите за секоја од 28-те дијагнози. Истите ќе може да ги проследите на програмата на многу медиуми ширум државата како дневна доза, почнувајќи од утре, а ќе може да се најдат и на интернет порталите, вели Јане Стефанов, директор на Супер радио.Не секој доктор или специјализант во текот на својата кариера ќе се сретне со некоја од овие ретки дијагнози, бидејки многу е важно кога ќе имаат ваков пациент навреме да ја препознаат болеста. Неофицијално во Република Македонија има околу 2000 пациенти со околу 100 различни дијагнози. Официјалната бројка само на регистрираните ја има министерството за здравство.– Раното и точно поставување на дијагноза е клучно за овие пациенти. Некои ретки дијагнози се толку слични со некоја општа дијагноза, па се погрешно третирани. Преку овие видео и аудио материјали некој можеби сам ќе ја препознае својата диjагноза, па навреме ќе побара дијагностицирање. На младите доктори кои остануваат во Македонија им е потребна доедукација и вакви кампањи се за да ги потсетуваме да читаат повеќе за ретките за полесно да ги препознаваат, подвлече Лолеска.Новина оваа година е што буџетот за ретки болести е зголемен на 380 милиони денари, а се воведе набавка и на три нови лекови.Секоја година се работи на нешто ново за да се подигне јавната свест за ретките болести. На годинашната кампања и претходеше ланската промоцијата на химната на Децата со ретки болести, насловена „Сите сме исти“ во изведба на најдобрите на талент шоуто OhridSUPERSTAR. Претходно, во октомври 2017 година Македонска пошта ја издаде првата поштенска марка во светот посветена на децата со ретки болести. Соработката продолжи и понатаму, па за 10-ти јуни е планирано издавање на поштенската марка Деца со ретки болести – Алпорт синдром со номинална вредност од 18 ден и тираж од 6000 примероци. Следниот месец се очекува потпишување на меморандум за соработка со Македонска пошта за наредните пет години со кој секоја година за денот на ретки болести ќе издава по една поштенска марка со ретка дијагноза.– Овој мини проект е од едукативен карактет релизиран на моја идеја како активист здружението „Живот со предизвици“ со техничка поддршка на Супер радио, во насока на поблиско запознавање на јавноста со ретките болести. Два месеци напорно се работеше на подготовка прво на текстовите за 28-те ретки дијагнози, а потоа и техничката обработка. Стручните соработници беа проф. д-р Велибор Тасиќ и д-р Маја Танкоска. Идејата беше да се направи нешто ново, нешто едукативно, со кое би ги запознале граѓаните со ретките болести, но секако да ги потсетиме докторите, особено педијатрите, кои се клучни во поставување на дијагнозата, потенцира Лолеска.

Македонија | пред 7 години

7 год.
saso-ordanoski-696x316

Орданоски тврди дека само Мицкоски не бил во „содејство“ да се фрли СЈО на колена

Во својата редовна колумна познатиот новинар и аналитичар Сашо Орданоски пишува дека одлуката на Врховен со која се дезавуира работата на СЈО е договорена од страна на политиката и е постигната во „содејство“ меѓу Заев, Ахмети и одредени фракции и поединци во ВМРО-ДПМНЕ (не и Мицкоски) кои имаат сложени тековни односи со овдешниот обид за воспоставување правна држава.Интегрално ја пренесуваме денешната колумна на Орданоски:Во ниту еден висок судски орган во Македонија не може да се донесе одлука, без дискусија, во размер на гласовите 17:2, а таа претходно да не е договорена од страна на политиката. Тоа е случај и со одлуката на Врховниот суд на Република (наскоро, Северна) Македонија со која во голем дел се дезавуира работата на СЈО. И да не ве лажат скандализираните партиски и други соопштенија кои ќе следуваат.Таквата одлука на Врховен е постигната во „содејство“ меѓу Заев, Ахмети и одредени фракции и поединци во ВМРО-ДПМНЕ (не и Мицкоски) кои имаат сложени тековни односи со овдешниот обид за воспоставување правна држава. Оваа одлука на Врховниот суд е еден од последните потези во низа со кои СЈО се фрла на колена – со две третини од обвинителското портфолио кое сега ќе стане бесмислено – за да се оствари здружениот проект за амнестирање на цела една криминална структура од бившиот режим на Груевски која учествуваше во овозможувањето на процесот за зачленување на Македонија во НАТО. Ова се последните гнасни наслаги од тој процес кои сега се „цедат“ низ валканото сито на тој процес. Сосема прилега што таа работа му е оставена оперативно да ја заврши Јово Вангелов, викан „Јово превара“.Тој процес сè уште не е комплетиран: недостасува уште враќањето на Груевски во земјава. И тоа ќе се случи, иако веројатно ќе треба да причекаме да се завршат овие избори. На крајот ќе се испостави дека Груевски никогаш и не ја напуштил Македонија, бидејќи за тоа докази нема. За да се најдат, ќе имаше и истрага за бегството. Ниту истрага се води, ниту ќе има некаков извештај од тоа. Ќе се испостави дека Грујо целото ова време, всушност, спиел кај некоја комшика во соседниот влез на зградата и дека медиумите ја измислиле целата афера. Не е исклучено тоа да ни го соопшти владината служба за односи со јавност. Со закана за тужби против сите медиуми кои ќе го тврдат спротивното.Бидејќи е јасен интересот за оваа валкана операција на осудените и осомничени криминалци, зошто му треба сето ова на Заев? … Мислам дека одговорот е содржан во онаа негова прочуена изјава: „Никој мене не ме праша како од 49 пратеници по изборите стигнав до потребното двотретинско мнозинство во Собранието.“ Кому ваквото објаснување не му е доволно има проблем за кој помош му нема.Општествените последици од ваквиот развој на настаните се стравични. Како што споро се „цеди“ договорениот дил меѓу старата и новата власт (со ДУИ како амалгам за подобро зацврстување на договореното), така споро се губи смислата на политичкиот и, воопшто, граѓанскиот ангажман во Македонија. Прашање е со што ќе се наполни создадениот вакуум, испразнет од надеж и големата нужда за промени?„Има разлика!“? Па, скоро и да нема.Извор: Цивил медиа

Македонија | пред 7 години

7 год.
dzaferi

ВИДЕО: Џафери се вклучи во живо за да се пофали како собраниските седници ги води на албански јазик

Од денеска собраниските седници Талат Џафери, ќе ги води на албански јазик, потврди претседателот на Собранието. Тој пред малку постави и видео на социјалната мрежа фејсбук, со кое се пофали дека собраниските седници ги води на албански јазик.На дневен ред денеска се пратенички прашања.https://www.facebook.com/talatxhaferi/videos/348666415973024/

Скопје | пред 7 години

7 год.
sefer-canoski

ФОН ќе има нов декан - Љубомир Фрчкоски, од 1 март наместо во УКИМ, седнува во ФОН

Сопственикот на ФОН Универзитет, Сефер Цаноски, на својот ФБ профил објави дека познатиот професор од Правниот факултет при УКИМ, Љубомир Фрчкоски од 1 март ќе биде декан на ФОН.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10216287907183124&set=a.2350232728046&type=3&theaterПроф. др. Фрчкоски е професор по меѓународно право, меѓународни односи ,Современи политички теории и др.Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1981. Во 1986 година магистрирал на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, а со титулата доктор на науки се стекнал на Универзитетот „Едвард Кардељ“ во Љубљана во 1989 година.Повеќе од 3 децении работеше на државниот универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје. Работниот однос со универзитетот ФОН започнува со почетокот на новиот семестар од 1 март“-објави Цаноски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ulica-ohrid-2

Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на град Охрид , ја објави програмата за 2019

Со оглед дека четири годишниот мандат на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на град Охрид во овој состав, завршува во април 2019 година, до локалната самоуправа доставивме програма за работа на ОСБСП Охрид за периодот јануари-април 2019 година. Програмата предвидува реализација на повеќе кампањи насочени кон сите целни групи со посебен осврт кон ранливите категории учесници во сообраќајот. Целта е унапредување на безбедноста во сообраќајот на патиштата, едукација за потребата од внимателно, одговорно и совесно учество во сообраќајот, подигнување на јавната свест за внимателност во сообраќајот, подигнување на сообраќајната култура, на сообраќајните правила и прописи, подобрување на сообраќајната инфраструктура во градот, намалување на сообраќајните незгоди.Во таа насока, ОСБСП Охрид во програмата, предложи мерка за смирување на сообраќајот на регионалниот пат Охрид- Св.Наум и за реконструкција и обновување на постојните велосипедски патеки, изградба на нови вело патеки и поставување на велосипедска сообраќајна сигнализација на постојните велосипедски патеки но и на локалните и регионалните патишта. За големување на безбедноста во сообраќајот на регионалниот пат С.в.Наум-Охрид, на влезот на градот каде се менува каректерот на патот и брзината на движење на моторните возила, поконкретно на потегот кај Хидробиолошкиот завод, согласно законската регулатива, предлагаме, како мерка за смирување на сообраќајот да се постават вибрациони ленти. Тоа ќе придонесе за намалување на брзината на движење на возилата на тој дел од патот, каде изминативе години, случени се тешки сообраќајни незгоди со загинати лица. Со воведување на оваа мерка, се очекува подобрување на безбедноста во сообраќајот и намалување на бројот на сообраќајни незгоди. Овој дел од регионалниот пат е посебно небезбеден и за пешаците кои, поради непостоење на пешачка патека (тротоар и премин), се приморани неправилно да се движат на сообраќајниците кон населбата „Мегдани“ и „Хидробиолошкиот завод“. Со цел значително подобрување на сообраќајната безбедност на овој патен потег, поточно на дел од регионалниот пат, ОСБСП-Охрид, во 2016 година предложи поставување на челични одбојни огради како неоходно сообраќајно решение.Со цел зголемување на безбедноста на велосипедистите, ОСБСП во програмата ја реафирмира потребата од обновување-реконструкција на постоечките велосипедски патеки во градот но и изградба на нови што е во согласност со проектот „Велосипедска патека за секоја улица“ инициран од ОСБСП Охрид во 2015 година. Оттука, сметаме дека е потребна анализа на постојната состојба на сообраќајната инфраструктура наменета за велиосипедисти (снижени тротоари и обнова на коловозната конструкција). Предлагаме итно поставување на соодветна хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација на постојните велосипедски ленти но и на регионалниоте патишта Охрид- Св.Наум и Охрид-Струга, каде посебно за време на летната туристичка сезона има значително движење на велосипедисти. Со поставувањето на сигнализацијата, ќе се изврши значајно информирање на возачите на моторни возила, дека на тие делови од патот, се движат и велосипедисти и дека е потребно внимателно возење. Овде, потсетуваме дека, ОСБСП Охрид, во 2015 година го предложи пилот проектот „Велосипедско поврзување на Охрид и Струга“ што е реафирмиран предлог и во оваа програма за работа.Инаку, во изминатиот четиригодишен период, ОСБСП Охрид, реализира низа кампањи и соработка со предшколските и школските образовни центри во градот, со секторот за образование во локалната самоуправа, со СВР Оххрид, со Противпожарната единица, медицинските установи, Црвениот крст, со велосипедските и мото клубови од градот, со здружението на пензионерите, со здружението на глуви и наглуви лица, лицата со посебни потреби, НВО, со други асоцијации и секако со медиумите. Меѓу реализираните проектите се „Како возиме на кружен“, „Детски семафор“, „Сообраќаен час во панорамскиот автобус“, „Секој ден да е безбеден“, „Вози трезвен-стигни жив“, „Го сакам градот безбеден“, „Безбедно вози-без алкохол вози“, „Мобилниот не е попаметен од тебе“,,Дојди на точак во 10“,„ Сообраќаен час во панорамски автобус“, „Вело-мото патрола со полицијата“,„Барам зебра-преминувам на пешачки“ и многу други наменети за сите учесници во сообраќајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Oд 2011 до крајот на 2018 година легализирани 213 илјади дивоградби

Ново законско решение треба да помогне во постапување по нерешените предмети за легализација на дивоградби кои се заглавени со имотно-правни проблеми. По истекот на последниот рок за поднесување нови барања за легализација и комплетирање на предметите на крајот на минатата година, остануваат поделени мислењата околу оправданоста на последното продолжување на рокот, но и за потребата од повторна таква можност, која институциите ја отфрлаат категорично.Овој процес го проследија и коментари во јавноста за сомнежи дека се злоупотребува законската одредба со приложување задолжителни изјави заверени на нотар дека дивоградбата е изградена пред да стапи во сила првото законско решение за легализација на дивоградби во март 2011 година.Државата во три наврати, од март 2011 до крајот на 2018 година овозможуваше да се поднесуваат барања за легализација. За неполни осум години во Катастарот се впишани над 213 илјади дивоградби што добиле правен статус, од кои на територијата на Скопје се 68.516, информираат за МИА од Агенцијата за катастар на недвижности. На терен, пак, и натаму главен кочничар за решавање на поднесените барања се нерешени имотно-правни работи.Работна група за ново законско решениеОд Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) велат дека со одлука на Управниот одбор на ЗЕЛС побарале и со Министерството за транспорт и врски е договорено да се работи на законско решение за надминување на проблемите.

Македонија | пред 7 години

7 год.
49948075_282787959078136_8610624802379530240_n

Собраниските седници од денеска Џафери ќе ги води на албански јазик

Од денеска собраниските седници Талат Џафери, ќе ги води на албански јазик, потврди претседателот на Собранието.На дневен ред денеска се пратенички прашања.

Скопје | пред 7 години

7 год.
kluc

Владата предлага измени на Законот за субвенционирање на станбен кредит, со кои полесно ќе може да дојдете до сопствен дом

Владата на РМ предлага измени на Законот за субвенционирање на станбен кредит, по скратена постапка.Со измените се предвидува намалување на трошоците за субвенционираните кредити, се воведуваат нови модели и поволности за субвенционирање, се олеснуваат условите за отплата на кредитот, се прецизираат условите кои барателите треба да ги исполнат за добивање на субвенциониран станбен кредит и се обезбедува поправична употреба на јавните средства, со цел проектот да продолжи да се реализира во наредниот период и подобро да ги задоволи реалните потреби на што поголем број граѓани за обезбедување на сопствен дом.Со Законот за изменување и дополнување на Законот за субвенционирање на станбен кредит се утврдува износ на субвенција, и тоа на следниот начин:– При купување на нов стан, покрај постојната можност за субвенционирање на 50% од ратата во првите пет години од отплатата на кредитот или 50% од учеството, но не повеќе од 6.250 евра, за лицата до и со наполнети 35 години (а во брачна заедница едниот брачен другар да е до и со наполнети 35 години) се обезбедува субвенција во износ од 70% од ратата во првите пет години од отплатата или 70% од учеството за станот, но не повеќе од 8.750 евра,– за изградба/купување на нова куќа, субвенцијата изнесува 80% од ратата во првите пет години од отплатата на кредитот или 80% од учеството за кредитот, но не повеќе од 10.000 евра, додека за лицата до и со наполнети 35 години возраст (а во брачна заедница едниот брачен другар да е до и со наполнети 35 години), субвенцијата изнесува 60% од ратата во првите три години, 50% од ратата во следните пет години и 40% во последните три години од отплатата на кредитот, или 100% од учеството од кредитот, но не повеќе од 12.500 евра, и– за изградба на надградба/доградба на посебна станбена единица во рамки на постоечка куќа, субвенцијата изнесува 75% од ратата во првите 5 години од отплатата на кредитот или 75% од учеството, но не повеќе од 9.375 евра, а за лицата до и со наполнети 35 години возраст (а во брачна заедница едниот брачен другар да е до и со наполнети 35 години), субвенцијата изнесува 50% од ратата во првите три години, 40% од ратата во следните пет години и 30% во последните три години од отплатата или 100% од учеството од кредитот, но не повеќе од 12.500 евра.Критериуми за избор на корисниците на субвенциониран кредит преставуваат висината на вкупните приходи на барателот, односно вкупните приходи на барателот и неговиот брачен другар и висината на бараниот кредит, при што предност имаат барателите со пониски приходи и барањата на помал износ на кредит.

Македонија | пред 7 години

7 год.
svr

За 24 часа во Скопје 14 сообраќајни незгоди, санкционирани се 10 возачи, издадени се 98 мандатни платни налози

Во текот на изминатиот ден (30.01.2018 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 14 сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, шест сообраќaјни незгоди со телесни повреди и седум со материјална штета. Во сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди и 11 лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 43 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.Од сообраќај се исклучени 16 возачи од кои: 13 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и тројца возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така исклучени од сообраќај се и четири возила бидејќи биле нерегистрирани.Санкционирани се 10 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, еден поради неправилно престројување, 11 поради непоседување пропишана зимска опрема, двајца возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и осум возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.Во текот на изминатиот ден издадени се 98 мандатни платни налози и 72 возила се подигнати со специјално возило "пајак".

Скопје | пред 7 години

7 год.
mvr1

Возач удил пешак и избегал, пешакот со тешки телесни повреди пренесен во болница

На 30.01.2019 година во 13.30 часот на улица „Цано Поп Ристов“ во Кавадарци, Б.Г.(48) од Кавадарци, управувајќи патничко возило „Лада караван“ со кавадаречки регистарски ознаки, удрил во пешакот П.Т.(66) од Глишиќ, кавадаречко, и го напуштил местото. Од ударот пешакот се здобил со тешки телесни повреди и му била укажана лекарска помош во болницата во Кавадарци. Увид на место извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.Се работи на расчистување на случајот..

Македонија | пред 7 години

7 год.
48386635_519827275169320_4504456550655459328_n

Укината забраната за тешки моторни возила на патниот правец Гостивар – Кичево

Укината е забраната за камиони на патниот правец Гостивар – Кичево, преку планинскиот превој Стража.„Македонија пат“ информира дека забраната е укината во 09:45 часот.Забраната беше воведена поради интензивни врнежи од снег.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања