„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
7 год.
mickoski-sobranie

Мицкоски им порача на пратениците: Секој што тргнал против народот свој, народ ќе му се случи

„Македонија е името кое го менуваат оние кои се внатре во Собранието. Тие кои одат спротивно од волјата на надорот, јасно изразена на 30 септември. Но, не знаат дека име со дугме не се брише. Тоа е она што сме, што сме биле и ќе продолжиме да бидеме. Секој што тргнал против народот свој, народ ќе му се случи. Многумина од вас се лути, понижени, измамени. Се чуствува внатрешната болка од она што го прават со името и идентитетот. Срцето се кине кога се витка кичмата на татковината“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред Собранието.„Тие се сакаат ова да биде крајот, но ова нека биде почетокот на нивното заминување. Достоинството никогаш не може да биде земено од луѓето кои го немаат. Меѓу нас има луѓе со различни ставови, погледи, несогласувања. Но сето ова мора да биде на страна, оти сите ние имаме иста цел и таа се вика Македонија. Треба масовно обединување. Само обединети ќе победиме. Десни, леви и од центарот, прасловни христијани, католици, атеисти сакаат да не разединат за полесно да им поминуваат поразите и неуспесите. Нашата прва цел е иднината кон Македонија. Ќе остане запишано дека оваа неправда денес ја прават оние кои ветуваа живот, брда и долини, оние кои ветуваа се и сешто, само за да дојдат на власт. Измамнички, шверцерски, криминално. На власт се доаѓа со труд и работа. Но не и Заев и СДСМ. Билетот за останување на власт им е промената на името и идентитетот. Тој билет не е за народот, туку за власта“, додаде Мицкоски. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Прекин на сообраќајот на патниот правец Маврово-Дебар поради свлечиште

На патниот правец Маврово - Дебар и обратно, во близина на манастирот „Св.Јован Бигорски“, поради свлечиште, сообраќајот е во целосен прекин.Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот. Врнежи на снег со променлив интензитет има на целата територија на Македонија. Поради ниските температури можна е и појава на голомразица.Забрана за движење на тешки товарни возила има на патните правци крак Маврово - Дебар, Гостивар - Кичево преку планинскиот премин Стража, Кичево – Охрид преку планинскиот премин Пресека, патниот правец Прилеп - Макакедонски Брод преку планинскиот премин Барбарос, на патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан, како и на патниот правец Тетово - Попова Шапка, каде забраната важи и за автобуси, а за останатите возила е задолжително користење на зимска опрема (синџири).

Македонија | пред 7 години

7 год.
kevin

По скандалот со Кевин Харт, Оскарите годинава без водител

Оскарите годинава , прв пат, по 1989 година ќе бидат без домаќин, пренесува „Варајети“. Улогата домаќин на 91. издание ќе ја имаат ѕвезди од А-листата во Холивуд кои ќе ги најавуваат номинираните за разните категории, а воедно и победниците.Инаку како водител на оскарите беше најавен Кевин Харт, но тој се откажа од водителската улога откако му беше наредено да се извини за „хомофобични“ твитови напишани помеѓу 2009 и 2011 година, кои беа откриени дури откако Академијата реши да го назначи за водител на Оскари 2019.Номинациите за овогодинешните Оскари ќе бидат објавени на 22 јануари.Доделувањето на наградите е закажано за 24 февруари.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Пропадна денот за уставни измени: Заев не се договори со БЕСА, нема доволно пратеници за гласање

Откако повеќе пати беше закажувана и откажувана седницата на која требаше да се гласа за уставни измени, истата е презакажана за утре во 12 часот.Во текот на денот, премиерот Зоран Заев се обиде да ги убеди пратениците на БЕСА да гласаат за уставни измени, а независните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата да попуштат пред барањата на Касами, но не успеа.Истовремено, пред Собранието се одржуваат протести на здружението „Македонија блокира“.

Македонија | пред 7 години

7 год.
teleskop

(ВИДЕО) Откриен радиосигнал од друга галаксија - кој ни праќа сигнали?

Астрономите во Канада примиле мистериозни сигнали кои доаѓаат од далечната галаксија, а нивното потекло се уште не е познато. Помеѓу 13 радио сигнали, кои се забележани со телескоп во канада, се наоѓал и необичен сигнал кој се повторувал.Точните природа и потекло на радиобрановите не се познати, но астрономите посочуваат на многу необичен повторувачки сигнал што доаѓа од истиот извор, оддалечен 1,5 милијарди светлосни години. Ваков настан досега бил регистриран само уште еднаш, од друг телескоп.„Знаејќи дека има уште еден, значи дека би можело да ги има и повеќе. Ако имаме повеќе повторувачки сигнали и извори за проучување, би можеле полесно да ги разбереме овие космички загатки, од каде доаѓаат и што ги предизвикува“, изјави Ингрид Стерс, астрофизичар од Универзитетот Британска Колумбија.Опсерваторијата ЧИМЕ се состои од четири 100 метри долги и полуцилиндрични антени, кои го скенираат целото северно небо секој ден.

Магазин | пред 7 години

7 год.
grom

ГРОМ: Јасно и недвосмислено соопштуваме - не подржуваме промена на Уставот

Граѓанската Опција за Македонија-ГРОМ излезе со соопштение во пресрет на завршната расправа и гласањето за усвојување на уставните измени и промена на Уставното име.Во соопштението се вели:Единствениот ,, суверен ,, на теритиријата на РМ се македонскиот народ и сите граѓани кои живеат во РМ. Тие одлучија на референдумот во 1991 година Р Македонија да биде самостојна суверена и независна држава. Од таму никој нема право да оди спротивно од волјата нанародот. Покрај едномесечното медиумско насилие, притисоци и референдумски фалсификат на 30 септември 2018 година, власта го доби одговорот кој го бараше, а, ДИК, референдумот го прогласи, затвори и архивира како неуспешен.Имајќи ја во предвид јасно искажаната волја на граѓаните Извршниот Одбор на ГРОМ, по предходна расправа на Централниот Одбор, останува на ставот дека никој нема право да ја редефинира и крши волјата на граѓаните. Народната волја не може да ја кршат осумдесетина однародени пратеници во собранието на РМ. Тие, наместо да бидат гласот на народот се претворија во извршители на мрачни сценарија против Македонците од страна на надворешен фактор.Затоа, ГРОМ, јасно и недвосмилсено и соопштува на македонската јавнст, дека, не подржува промена на Уставот поради промена на уставното име, ниту пак, било – какви така наречени (квази) подобрувања со уставни амандмани.Секој оној кој што се споротиставува и на манипулативен, дрзок и крајно безобразен начин се труди да ја изигра волјата на народот, во многу блиска иднина ќе се соочи не само со политичка туку и со правана – кривична одговорност, согласно позитивните законски прописи во РМ.Граѓанска Опција за Македонија- ГРОМ

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Кривична за скопјанец кој преку Фејсбук се заканувал на пратеници

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи во координација со Основното јавно обвинителство- Скопје презеде мерки и активности поради споделена објава на социјалната мрежа Фејсбук од страна на Б.Б. (49) од Скопје, со која предизвикал загрозување на сигурноста на пратеници во Собранието на Република Македонија и поради ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем односно поради основано сомнение за сторено кривично дело по чл.144 „Загрозување на сигурност“ и по чл.394-г „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ од Кривичниот законик на Република Македонија.По наредба на Основното јавно обвинителство- Скопје Б.Б. на 9.1.2019 е повикан на службен разговор во полициска станица, а одземени се и предмети со цел прибирање на докази. По документирање на случајот, против Б.Б. ќе биде поднесена кривична пријава.Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи. Ги повикуваме сите граѓани кои се изложени на вакви закани или сведочат вакви закани, истите да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата cybercrime@moi.gov.mk.

пред 7 години

7 год.
kola-izgorela

(ФОТО и ВИДЕО) Автомобил изгорел на патот Кичево - Охрид , кај Дебрца

Предмалку изгоре автомобил на патот Кичево - Охрид, кај Дебрца. Во текот на денов повеќе информации за причината за несреќата .

Македонија | пред 7 години

7 год.
1-21

Бачев тврди дека Бејли ги заклучил пратениците и им врши притисок

Лидерот на „Единствена Македонија“, Јанко Бачев, пред Собранието рече дека американскиот амбасадор Џес Бејли затворил тројца пратеници во Собранието и позади заклучени врати им врши притисок да гласаат за уставните измени. Според него, тие се под притисок оти не ги прифаќале барањата на БЕСА.Освен американскиот амбасадор, Бачев тврди дека внатре е Дејвид Стивенсон, а информацијата стигнала пред 15 минути откако претходно била одложена седницата. Тој побара ОЈО да влезе и испита, притоа да даде налог за апсење.

Македонија | пред 7 години

7 год.
morbili

Нови случаи на заболени од морбили

Седум нови сомнителни случаи на заболени од морбили се пријавени денеска во Институтот за јавно здравје, пренесува „Мета“.– Сомнителните случаи се добиени од Инфективната клиника. Тие чекаат лабораториска дијагностика, а дополнително ќе се знае дали ќе добиеме пријава дека се работи за заразна болест. Во новата епидемија, на територија на Скопје, без оние седум случаи од Радишани, во моментов има 13 потврдени случаи – информира д-р Гордана Кузмановска, епидемиолог во Институтот,Кузмановска.Според информациите на „Мета“, станува збор за деца од градинка во Аеродром.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

,,Пајакот” собрал 30 возила во Тетово

Изминатите два дена во Тетово со специјално возило биле подигнати 30 погрешно паркирани возила, претежно во централното тетовско подрачје, и на сопствениците им се изготвени мандатни платни налози.Глобата за ваквите прекршоци се движи од 45 до 180 евра во денарска противвредност.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Куче каснало 34-годишна жена во Кисела Вода

34-годишна скопјанка била касната од куче скитник во Кисела Вода.Како што информира МВР, изутринава во 9:00 часот во Полициската станица Кисела Вода, С.З.(34) од Скопје пријавила дека на улица Михаил Чаков била касната од куче скитник во пределот на левата натколеница.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Screenshot_13-2

Костадинов: Македонија ќе биде дел од ЕУ и НАТО, колку тоа Мицкоски да не го посакува

„Македонија нема друга алтернатива освен членство во ЕУ и НАТО преку прифаќање на Договорот од Преспа“, изјави Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ.Костадинов рече дека ѓраѓаните веќе ставија крај на омразата. Македонија оди напред и враќање назад нема! Македонија ќе биде дел од ЕУ и НАТО, колку тоа Мицкоски да не го посакува.„До моментот на гласањето сме оптимисти дека ќе го обезбедиме двотретинското мнозинство. Очекуваме да се издигнеме над партиските интереси и конечно Македонија да биде дел од Европа“

Македонија | пред 7 години

7 год.
50058551_294177651273110_9060604505892061184_n

Препораки за безбедно возење во зимски услови

За возење во зимски услови, секогаш е потребно многу поголемо внимание и поголема концентрација, пишува Канал 5.Притоа, покрај поседување задолжителна зимска опрема, сите возачи кои ќе го прифатат предизвикот да возат во зимски услови, треба да располагаат и со oдредени знаења и вештини како безбедно да пристигнат до посакуваната дестинација. По тој повод Републичкиот Совет за безбедност во сообраќајот објави препораки за безбедно возење во зимски услови.Потсетуваат дека во согласност со законските одредби, во Република Македонија, возачот на моторно возило, во периодот од 15 ноември до 15 март, задолжително треба да поседува зимска опрема во возилото.Во задолжителна зимска опрема, за возила до 3500 kg, влегуваат зимски гуми кои мораат да имаат шара-длабочина на нагазниот слој од најмалку 4 милиметри или летни гуми со минимум длабочина на шарата од 4 мм и синџири за снег на погонските тркала.Кога станува збор за зимските гуми, потребно е сите четири гуми на возилото да бидат со зимски профил. Зимски гуми се потребни и кога на патот нема снег или мраз бидејќи летните гуми поразлично се однесуваат при возење на ниски температури.Разликата меѓу летните и зимските гуми, не е само во шарата на гумите, која кај зимските гуми подобро ги истиснува остатоците од снег и водата на коловозот, туку и во составот на гумата. Летните гуми при ниски температури стврднуваат и добиваат својства на „тврда пластика" и обезбедуваат многу слаб контакт со подлогата. За разлика од тоа, зимските гуми и при ниски температури остануваат меки и обезбедуваат постабилен контакт со подлогата.Доколку се упатите во некој од ски-центрите, или тргнете на пат кој е на поголема надморска височина, задолжително сметајте на употреба на зимски ланци на погонските  тркала, посочуваат од РСБС.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mkd-404967

ФОТО: Министерот Филипче ја вакцинираше својата внука

Министерот за здравство Венко Филипче објави на Фејсбук дека ја вакцинираше внуката Илина, во обид да ја охрабри македонската јавност, а особено скептиците и заговорниците против имунизацијата.„Единствено добро што родителите можат да направат за своите деца е да им овозможат добро здравје, грижа и многу љубов. Утрово, во амбулантата Млин Балкан ја вакциниравме мојата внука Илина. Вакцините се безбедни, ефикасни и нѐ заштитуваат од разни болести“, напиша Филипче на својот профил на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Отсечени села и непроодни патишта - снегот направи хаос во Македонија

Снежните врнежи го блокираа сообраќајот на повеќе патишта во Македонија кон повисоките населени места, во сила се забрани за камиони преку повеќе планински превои, а движењето на возилата е отежнато и забавено. Ависообраќајот на Меѓународниот аеродорм Скопје досега се одвива проблеми и според информациите од веб страницата, се реализираат полетувањата и слетувањата.– Во скопскиот регион се непроодни патните правци кон повисоките населени места на Скопска Црна Гора, односно селата Брест, Танушевци и Малино во општина Чучер Сандево не се проодни, а тие села немаат и електрична енергија. Во општина Кисела Вода непрооден е патот од Теферич кон Сопиште, покажува извештајот за состојбата на патиштата до 13 часот на Центарот за управување со кризиВо Битолскиот регион, регионалниот патен правец Крушево – Пуста Река не е исчистен, но е прооден за теренски возила со зимска опрема, а во Прилеп сите магистрални и регионални патишта се исчистени и опесочени, проодни за сите моторни возила, освен регионалниот пат за Мариово, кој е од трет преоритет. Регионалниот пат Лагово – Витолиште, моментално е прооден за теренски возила. Во општина Долнени непроодни се патните правци за селата Маргари, Зрзе и манастиорот во село Зрзе. Прооден за сообраќај е и регионалниот патен правец Битола – Ресен – Охрид.Во Охридско, во општина Македонски Брод, регионалните патишта за Кичево, Прилеп и Самоков се проодни, а непроодни се локалните патишта кон повисоките села Дренов, Крапа, Битово, Растеш, Заград, Волче, Ботушје, Бенче, Лупште, Звечан, Инче, Требовље, Брест, Косово, Рамне, Брезница, Могилец, Калуѓерец, Томино село и Сушица. Во општина Струга, непрооден е патот што ги поврзува селата во Малесија од село Присовјани до хидроцентрала Глобочица.Според извештајот на ЦУК, во Велешко, во општините Велес, Градско и Чашка, екипите на Македонија пат, ЈКП Дервен и ГП Изгрев, се на терен и се чисти накај селата Отовица, Сујаклари, Мамутчево, Иванковци, Оризари, Клуковец, Сливник, Раштани и Бузалково. Патните правци кон Горно Јаблчиште и Богомила се тешко проодни. ЈП „Македонија пат“, според ЦУК, е на терен и работи на расчистување.На подрачјето на општините Свети Николе и Лозово патот кон селата Немањици, Ранченци, Мечкуевци и Патетино, како и кон селата Трстеник, Сопот, Преот, Малино, Алакинци и Крушица не се проодни за лесни моторни возила, а се проодни за теренски возила.ЦУК информира дека во кумановскиот регион, во општина Старо Нагоричане единствено регионалниот патен правец кон Србија – Пелинце е прилагоден за движење, додека патните правци кои гравитираат кон селата во козјачијата се тешко проодни. Во општина Липково, тешко проодни се патиштата кои гравитираат кон повисоките села Гошинце, Лукаре и Малино. Регионален пат Ранковце – село Герман е прооден до село Пклиште, а оттаму до село Герман нема усклови за сообраќај. За теренски возила е прооден регионалниот патен правец Крива Паланка – село Огут, додека регионалниот патен правец Крива Паланка – село Луке е прооден во зимски услови. Локалниот пат од село Дурачка река местото викано Метоф кон село Дренак е непрооден.Според извештаите на ЈП „Македонија пат“ и Аавтомотосојузот на Македонија, забрана за движење на тешки товарни возила има на патните правци крак Маврово – Дебар, Гостивар – Кичево, преку планинскиот премин Стража, Кичево – Охрид, преку планинскиот премин Пресека, патот Прилеп – Македонски Брод на планинскиот премин Барбарос како и на патниот праевец Тетово – Попова Шапка, каде забраната важи и за автобуси, а за останатите возила е задолжително користење на зимска опрема (синџири). Од 12:15.часот поради интензивни врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан.Управата за хидрометеролошки работи (УХМР) најави дека врнежите од снег од попладне ќе засилуваат, особено во западните и северните делови на Македонија, каде снежната покривка дополнително ќе се зголеми за 10 до 20 сантиметри, а на планините и над 20 сантиметри.

Македонија | пред 7 години

7 год.
montreal-sud1-205534

(ВИДЕО) Кога првиот снег ќе направи хаос: Автомобилите неконтролирано се судираа еден во друг

Мала количина снег, а големи проблеми. Видеото покажува како во една прилика во Монтреал дошло до серија неконтролирани судири, поради лизгавиот коловоз.Првиот снег направил проблеми за автобуси, автомобили, полициски автомобил, па дури и за возилото за чистење снег.Деновиве и Македонија е затрупана од снег, па затоа внимавајте како се движите со вашето возило. Без зимска опрема воопшто не излегувајте на патиштата, бидејќи со тоа си го загрозувате пред се вашиот живот, но и животот на останатите учесници во сообраќајот.

Свет | пред 7 години

7 год.
zaev-odgovornost

Државјанството останува македонско, со БЕСА преговараме за формулацијата, вели Заев за уставните измени

Премиерот Зоран Заев за преговорите со Беса на Биљал Касами вели дека се разговара околу техничката формулација на државјанството „македонско/граѓани на Република Северна Македонија“ во уставните измени, предвидени со Договорот од Преспа. Како што кажа Заев, станува збор за игра на зборови.„Во делот на процесите на преговорите повеќе учествувам како претседател на СДСМ. Да не бидат лошо пренесени пораките во јавноста, уште еднаш ќе кажам дека БЕСА е принципиелно поставена, како што се и осумте пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, кои се први, не е единствени, заштитници на идентитетот македонски. Суштината на БЕСА е преку формулацијата ’македонско/граѓани на Република Северна Македонија‘ да не се остави впечаток дека Албанците Турците, Србите Власите Бошњаците и Ромите ќе бидат Македонци. Се изнаоѓаат техничките аспекти на решението. Секако државјанството е македонско и така и ќе остане. БЕСА не бара да се смени идентитетот. Како државјанството за сите да биде ’македонско/граѓани на Република Северна Македонија‘, а сепак Албанците и другите етнички заедници да не бидат Македонци, бидејќи не се Македонци. Македонците не треба да се плашат дека некоја албанска партија или албански пратеник бара да биде загрозен идентитетот. Истовремено, па и ние Македонците немаме намера нечија етничко припадност или етничко чувство да го нарушиме. Во тој дух се движат разговорите. Играта на зборовите е важна. Ќе се обидам да ги парафразирам зборовите: ’маќедонис‘ не е исто како ’македоник‘, на албански како се преведува, дали си Македонец или си ’на Македонија‘. Ако бидеме креативни ќе го најдеме решението, како тоа да биде формулирано“, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање на денешното доделување на првиот сертификат за овластен економски оператор.Прашан дали ќе има двотретинско мнозинство за гласање на уставните измени на денешната седница во Собранието, тој не даде конкретен одговор.„Вкупната бројка ќе се знае на самиот акт на гласање. Ќе видиме на првиот амандман. Не можам да кажам во моментов дали ќе има 80 пратеници“, кажа Заев.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Повторно пролонгирана седницата за уставните измени

Од Собранието испратија известување до медиумите дека наместо во 13.00 часот како што беше закажана, седницата за уставни измени ќе почне со два часа задоцнување, или во 15.00 часот.Седницата, како што се дознава неофицијално, е одложена поради средбите на премиерот Зоран Заев со осумтемина независни пратеници од ВМРО – ДПМНЕ и со пратениците на Беса.На дневен ред на пленарната седница се предлог-амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV и XXXVI на Уставот на Република Македонија, како и предлог-уставниот закон за прогласување на амандманите, што претствува трета и последна фаза од процесот на уставните измени кои произлегуваат од Преспанскиот договор.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Заев: Панчо Mинов ќе гласа за уставни измени, за Канческа-Милевска не знам

Премиерот, Зоран Заев, изјави дека според негово сознание пратеникот на ГРОМ, Панчо Минов, ќе гласа за уставните измени, но не знаеше да одговори на новинарско прашање дали за амандманите ќе гласа и пратеничката Елизабета Канческа-Милевска, пишува Фокус.-Пратеникот Панчо Минов ќе гласа, тој работеше на амaндманите и е вграден во амандманите. Но не можам да кажам дали ќе има 80 гласа – рече Заев.На прашање дали е точно според непотврдени информации дека пратеничката Елизабета Канческа Милевска нема да гласа за уставните амандмани, тој рече:-Не знам за ниту еден пратеник. Канческа Милевска е координатор и длабоко е влезена во процесот за се. Одлуката ќе ја носи лично таа, не можам да кажам дали ќе бидат 80, 79 или 82 пратеници, но верувам во самиот процес и останувам оптимист – одговори премиерот.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања