„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
7 год.
banjaluka-620x350

(ВИДЕО) Страшна несреќа кај Бања Лука, се запали автомобил

Еден возач изгоре во пожар во возило на патот Бања Лука – Приједор. Во автомобилот со загрбски регистарски ознаки пронајдено е изгорено тело.Најверојатно возилото излетало од патот, а потоа избил пожарот.https://twitter.com/branka_topic/status/1083359089999183872?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1083359089999183872&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fjugosfera%2F3022749-stravicna-nesreca-kod-banjaluke-zapalio-se-automobil-vozaca-progutao-plamen-iz-olupine-izvuceno-ugljenisano-telo

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Исчезна воен авион за време на снежна бура, се трага по двајца пилоти

Француски воен авион со два пилота вчера исчезнна од радарот на границата со Швајцарија, и во тек е потрага по истиот.Авионот исчезнал во тек на лет на ниска висина соопшти портпаролката на француските воздухопловни сили.Исто така таа додаде дека планинската област каде последно е регистрирана локацијата на авионот е покриена со снег.Авионот полетал околу 11 часот од базата на североистокот на Франција.По авионот трага полиција, пожарникари, војници, како и локалните жители, но видливоста е многу мала поради густата магла и врнежите од снег.

Свет | пред 7 години

7 год.
IMG-80bc59cbb14f33971c650f6cd0de0c60-V

(ФОТО) 60 работници на ЈП „Комунална хигиена“ го чистеа центрот на Скопје

Во текот на денешниот ден, со 60 работници на терен, ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје продолжува со активностите за чистење на снегот и мразот на булеварите и улиците.„Се расчистува реонот околу Градската болница, Државната болница и поголемите поликлиники, Владата и Собранието на РМ, централното градско подрачје, плоштадот и улицата Македонија, како и Старата чаршија.Непрестано се расчистуваат и посолуваат и пешачките патеки и тротоарите на мостовите Гоце Делчев, Слобода, Мајка Тереза и Камениот мост, за да се овозможи безбедно движење на пешаците.Од механизацијата на терен се употребуваат мултикултиватори, трактори со специјални четки и ножеви за снег, трактори со плуг и патарки за расфрлање на сол“, велат од ЈП „Комунална хигиена“.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Дрон со бомба експлодира во Јемен за време на воената парада, загинаа шест лица

Најмалку шест лица знагинаа кога дрон со бомба експлодира на воената парада денес во Јемен во близина на јужниот град Адена.Експлозијата се случила по говорот на генералниот секретар на Обединетите Нации во Јемен, Мартин Грифитс. Меѓу жртвите има офицери и локални функционери.https://twitter.com/YemeniObserv/status/1083306033269927936?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1083306033269927936&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3022685-pobunjenici-dronom-razneli-ljude-na-vojnoj-paradi-u-jemenu-u-eksploziji-je-krv-prstala-na-sve-strane-najmanje-sestoro-poginulih-videoМета на нападот била најголемата база во Јемен Ал-Анад, која претходно ја користеа припадниците на американските специјални единици за потрага по џихадистите на Ал Каеда во Јемен.  

Свет | пред 7 години

7 год.
jeff-bezos-mackenzie-620x350

Aко немаат предбрачен договор, Мекензи Безос по разводот ќе стане најбогатата жена во светот

Извршниот директор и основачот на Амазон, Џеф Безос и неговата сопруга Мекензи Безос вчера на Твитер објавија дека се разведуваат по 25 години брак. Брачниот пар поседува богатство вредно 137 милијарди долари, а најголемото прашање е дали парот има предбрачен договор, односно како ќе го поделат својот имот по разводот.Според порталот ТМЗ, тие немаат предбрачен договор, што значи дека во тој случај богатство од околу 140 милијарди долари ќе се подели на половина. На тој начин Мекензи по разводот ќе биде тешка околу 70 милијарди долари.Во овој момент постојат бројни шепкулации, а една од нив е дека е можно по огромниот успех со Амазон да постигнале одреден договор, но јавноста со истиот да не е запознаена.Поделбата на имотот ќе биде комплицирана бидејќи како што велат во заедничката изјава планираат да продолжат со заеднички вложување.„Среќни сме што се пронајдовме еден со друг и благодарни сме за секоја година од бракот. Имавме среќен заеднички живот како брачен пар и исто така гледаме одлична иднина ако родители, пријатели, партнери“, изјави брачниот пар.

Магазин | пред 7 години

7 год.
London-Tokijo-voz-3-620x350

Пијан машиновозач возел брз воз во Германија

Одземена му е возачката дозвола на машиновозач на брз воз во Германија поради возење со 2,5 промили алкохол во крвта.Од германската железница соопштија дека инцидентот се случил вчера на редовна линија од Хамбург до Лајпциг.Машиновозачот не застанал на станицата во Витенберг, а патниците пријавиле во полиција која го застанала возот на наредната станица во Битерфелд.Полицијата со алкотест утврдила дека машиновозачот бил во алкохолизирана сосојба, па му ја одзела дозволата за управување со воз.Германската железница покренала дисциплинска постапка кон машиновозачот, и испратила друг кој ги пренел патниците до Лајпциг со задоцнување од 65 минути.Ова е веќе петти случај на одземање на дозвола на пијан машиновозач во изминатите неколку години во Германија.

Свет | пред 7 години

7 год.
bezos-620x350

Се разведува најбогатиот човек во светот, излегува со позната тв водителка

Американскиот милијардер Џег Безос (54), основач на компанијата Амазон, а воедно и најбогатиот човек на листата на магазинот Форбс, објави дека се разведува по 25 години брак.Исто така излезе и нова информација дека најверојатно Безос излегува со поранешната ТВ водителка Лорен Санчез (49), пренесува Бизнис Инсајдер.Њујорк Пост велат дека Лорен Санчез е се уште во брак со Патрик Вајтсел, иако се веќе некое време разделени.Безос и Санчез најверојатно започнале да се гледаат, кога Лорен и нејзиниот сопруг се разделија минатата есен. Санчез има три деца, од кои две со Патрик и уште едно од претходната врска.Богатството на Џеф Безос се проценува на 137 милијарди долари. Со неговата се уште законска сопруга Мекензи Безос има четири деца, а се запознале додека заедно работеле за инвестициско друштво.

Магазин | пред 7 години

7 год.
18787987987987-620x350

Трагедија на снимање на популарна емисија, животот го загубија три лица

Животот го загубија три лица откако се преврте рибарски брод во близина на Орегон.Бродот се превртел поради големите бранови, а истиот требало да учестува во емисија на каналот Дискавери. Ловците на ракови кои загинаа имале од 48 до 50 години.Двајца членови на екипажот се пронајдени надвор од бродот, но подоцна починале во болница, додека третото лице загинало бидејќи било заробено на бродот.https://twitter.com/USCGPacificNW/status/1082890115125399553?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1082890115125399553&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3022543-uzasna-tragedija-na-snimanju-popularne-emisije-poginula-sva-tri-clana-tima-koji-se-takmicio-u-lovu-na-rakove-fotoПолицијата соопшти дека околу 10:13 часот хеликоптер на обалската стража најпрво го пронашла Џејмс Лакеј во водите на Тихиот океан, а околу 12:28 часот во близина на обалата е пронајден и Џошуа Портер.Во соопштението за јавноста, тв каналот Дискавери наведе дека водите во овој предел се многу опасни.„Њупорт во Орегон е едно од последните останати рибарски градови во Тихиот океан“, истакнуваат тие.

Свет | пред 7 години

7 год.
OM_MAKEDONSKI_NAROD

Обединети за Македонија: Сите сме македонски народ

Според последните неофицијални информации, дел од Преамбулата ќе биде „граѓаните на Македонија, македонскиот народ и дел од албанскиот народ, дел од турскиот народ, дел од влашкиот народ…“. Амандманот 36 или членот 49 каде што буквално во самиот предлог стоеше „за дијаспората на македонскиот народ“ да е сменето со „дијаспората на македонскиот народ и другите заедици коишто живеат во Македонија““, велат од Обединети за Македонија.„Во овие историски денови на нашата Македонија, гледајќи ги предлозите за измени на Уставот, Обединети за Македонија не може, но и не смее да не даде еден најбезбеден предлог за сите граѓани на нашата земја кои искрено ја сакаат и почитуваат.ОМ јасно и секогаш зборувала и ќе зборува за обединување на целото македонско ткиво, по примерот на соседните земји, но и на модерниот, цивилизиран свет.Време е да го тргнеме југословенскиот, застарен принцип на гледање на „посебни народи“ во една држава и „други заедници коишто живеат во Македонија“. Време е да го тргнеме видувањето дека македонскиот народ, дел од албанскиот народ, дел од турскиот народ и така натаму, е едно различно нешто, но живее во една иста татковина.Ако ги набројуваме сите етноси по оваа логика, да има барем еден од друг етнос, ќе се чувствува подолу од другите, макар и да е кажано „и дел од другите народи“.Советуваме за доброто на нашата земја, за да нема поголеми проблеми во иднина, напоменувајќи ја најдобрата опција за никој да не се чуствува подоле од некој друг, притоа, ако вистински ја сака Македонија, најдоброто решение е следново:Ако основата на нашата држава е револуционерната борба на нашите предци, Обединети за Македонија, како центар- десно партија која ја почитува традицијата, учи од минатото и се бори во иднина да не се повторат грешките од него, предлагаме ВМРО како организација (не како партија), со сите свои претходни имиња да се внесе во Преамбулата на Уставот и да се земе пример за каква Македонија сонувале нашите предци.Образложението е следно:Устав на ТМОРО:Член 1. Тајната Македоно - Одринска Револуционерна Организација има за цел да ги сплоти во едно цело сите незадоволни елементи во Македонија и Одринско, без разлика на народноста, извојување преку револуција полна политичка автономија за тие две области.Член 4. Член на ТМОРО може да биде секој Македонец и Одринец, кој не е компромитиран со ништо нечесно и бескарактерно пред општеството и кој ветува и се задолжува да биде корисен на револуционерното ослободително дело.Ова нека ни биде пример и основа за тоа каква Македонија сакаме во иднина.Македонски народ е целиот народ на Македонија. Сите сме македонски народ, нема никаква потреба да се делиме по етнос или самочуство, бидејќи во минатото секој се чувствувал Македонец (дел од Македонскиот народ), без разлика на кој етнос или неговото етничко самочувство.Според гласнините, пописот во 2020 ќе биде без графа на етнос. Тогаш, ако одиме попис без етнос, не гледаме потреба од промена на вакви делови од Уставот и ставање на поголем товар на нашата држава.Ајде конечно да ги тргнеме канџите на југословенизмот и застарениот модел на поделби, дајте сите сложно да сме тоа што сме - Македонски народ“ се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
49344283_524885968007791_8808169082969915392_n

(ВИДЕО+ФОТО) Вонредна состојба на Алпите поради снегот

Во скијачкиот центар Риезлерн во Австрија прогласена е вонредна состојба откако снегот достигна висина од 1,5, а на некои места и до 2 метри.https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/1973423316285420/Снегот од улиците со машина се товари во камиони со цел непречено одвивање на сообраќајот.Риезерн се наоѓа на Алпите и истиот е на надморска височина од околу 1100 метри.

Свет | пред 7 години

7 год.
zima-sneg-skopje

Снег веел 105 дена – скопјанец ја носел сопругата на раце до болница за да се породи

Неколку настани кои му се случиле на Скопје ќе останат запаметени, и истите ќе се раскажуваат на генерации. Прв спомен кога ќе се кажа Скопје е разорниот земјотрес кој се случи во 1963 год. пото поплавата во 1962 , како и Чудниот снег кој веел 105 дена без престан.Во Скопје под чудни околности во 1955/56 година без престан паѓало снег 105 дена, за оваа чудна зима има многу малку информации и многу малку се сеќаваат старите жители. Радијата секојдневно најавувале нови паѓања на снег се до последниот ден од бурата, а тоа бил рекордниот 105-ти ден од далечната 1955/56.И покрај тоа што секојдневно се чистел снегот по улиците, следниот ден имало уште повеќе, затоа што снегот не престанувал да паѓа. Таа зима никогаш нема да ја заборави ни дедо Благоја кој неговата сопруга ја носел на раце се до болницата во Драчево, за да се породи. Во таков снег се родила нивната ќерка.

Магазин | пред 7 години

7 год.
dzaferi-talad

Џафери го демантира Бачев, тој вели: Нема заклучени пратеници во Собранието

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, ги демантира информациите изнесени од лидерот на „Единствена Македонија“ Јанко Бачев, дека претставници од американската амбасада, по налог на американскиот амбасадор Џес Бејли држат тројца пратеници заклучени во Собранието.– Ја информираме јавноста дека се работи за класична дезинформација, со цел да се нанесе штета на угледот на Собранието и на процесот на ЕУ и НАТО интеграциите на Република Македонија. Во Собранието на Република Македонија секој пратеник одлучува сам, според своето убедување и нема, ниту ќе има притисоци врз народните избраници и нивното движење е слободно. 75. седница на Собранието на Република Македонија се одвива според воспоставениот ред како и за секоја друга седница, се наведува во соопштенито од собраниската прес-служба.

Скопје | пред 7 години

7 год.
gGJvC-

Лицата вработени во царинската управа кои го посетија Груевски, прераспределени на други работни места

Директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски, нодамна изјави дека еден од двајцата посетители на Никола Груевски, во Будимпешта, е кривично пријавен, односно дека Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција веќе отворило истрага, но оваа изјава на директорот не ја поткрепуваат од јавното обвинителство.Тие велат дека во моментов, не се во можност да ги потврдат изјавите, но дека со поконкретни информации за случајот ќе излезат во наредните неколку дена. Додека јавното обвинителство собира докази , царинската управа си ја заврши својата работа. Тие извршиле прераспределба на други работни места на двајцата вработени кои го посетија Груевски во Будимпешта. Имено, општинскиот советник, во Општина Гази Баба, Александар Трајковски, кој, како што е познато е обвинет во предметот „Насилство во Општина Центар“, е прераспределен од архивар во магацинер.За другиот пак посетител на Груевски од царинската управа велат дека заради одредени специфичности на работното место каде беше претходно е преместен на друго работно место, без да прецизираат на кое.Царинската управа не го соопштуваат името на другиот гостин на Груевски, но неофицијално се работи за братот на личниот возач на Никола Груевски, Трајан Милошевски

Скопје | пред 7 години

7 год.
ekonomski-operator-1

(ВИДЕО) Доделен првиот сертификат за овластен економски оператор

Во Владата на Република Македонија денеска се одржа настан на промоција на концептот овластен економски оператор на кој претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и директорот на Царинска управа на Република Македонија, Ѓоко Танасоски го доделија првиот сертификат за овластен економски оператор на реномираната домашна компанија Европа АД Скопје.Во рамки на овој настан свои обраќања имаа претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски и директорката на Европа АД Скопје, Марика Караџова.„Овластениот економски оператор претставува нов концепт и модернизација на царинското и надворешно-трговското работење кој произлегува како реформа од Берлинскиот процес и Протоколот 5 од ЦЕФТА и вклучување на македонските компании во регионалните и глобални синџири на снабдување. Со овие интеграциски процеси доаѓа до силно јакнење на регионалната економија, токму преку концепти како што се овластениот економски оператор, заеднички царински и гранични контроли, заеднички профили за анализа на ризик и размена на информации. Поседувањето на сертификат за овластен економски оператор за компаниите ќе значи дека ги исполнуваат економските и безбедносните стандарди за вршење на надворешна трговија“, порача премиерот Заев во своето обраќање.Директорот на Царинската управа посочи дека АД Европа е првата фабрика што добива статус на Овластен економски оператор, но во процес е издавање на уште три одобренија за ОЕО, а десетина други компании најавија поднесување на барања.„Со добивање на статус на ОЕО македонските компании покрај поволностите во царинското подрачје на Република Македонија, ќе може да ги добијат истите поволности во сите ЦЕФТА страни, односно можност за поголемо користење на поедноставените царински постапки, приоритетен третман при спроведување на царинските контроли, намален број на физички и документарни контроли од царинските органи, избор на местото за контрола како и други директни и индиректни поволности. Сето ова треба да придонесе за намалување на времето на царинење на стоките, намалување на трошоците за увоз и извоз, зголемување на конкурентноста и поголема интеграција на македонските компании на регионалните и европските пазари. Тоа треба да придонесе за зголемување на нивната професионалност, претприемачки дух и финансиски капацитети“, нагласи директорот Танасоски.Тој додаде дека покрај ОЕО, со новиот систем за електронска обработка на царински декларации ќе се воведе концептот на дигитална царина, отворајќи потенцијали за поволно царинско окружување и раст на производството, извозот и инвестициите.Директорката на домашната производствена компанија Европа АД Скопје, Марика Караџова во своето обраќање зборуваше за економските перформанси на компанијата, за значењето и придобивките што компанијата ќе ги има со добивањето на овој сертификат, за процесот на апликација и изрази благодарност до Владата на Република Македонија за поддршката што им ја пружа на компаниите преку Планот за економски раст за зголемување на конкурентноста.

Скопје | пред 7 години

7 год.
gruevski-mala

Груевски до пратениците: Ова ви е последна ноќ да размислите, народот протестира ама од вас зависи

Течат последните часови до промената на Уставот заради Преспанскиот договор и промената на името, идентитетот, историјата..., напиша предмалку на својот Фејсбук профил поранешниот премиер Никол Груевски.Во неговиот статус тој додава:Кога овие измени ќе поминат во македонскиот парламент, Грција сигурно нема да ја пропушти оваа историска шанса да постигне договор кој за нив е целосен триумф а за нас содржината на тој договор е национална катастрофа. Договор за каков пред две години не сонуваа.Како што кажав во мојот статус во јуни, со овој договор станаа јасни сите некому претходно нејасни работи.Секому стана јасно дека без национално предаство во минатото договор со Грција не бил можен и дека се што се случува во последните 4 години беше во функција на овој и баш ваков договор. Од креираните матерјали, вештачкото креирање негативна слика за ВМРО-ДПМНЕ со невидена досега пропаганда.Преку спречувањето да формира влада по изборите во 2016та, незаконското назначување претседател на парламентот, преку судските прогони кон стотици политичари и нивни соработници, притврања, апсења, ненадејни ослободувања од притвори, закони за амнестии, прогонот кон мене лично со фабрикувани обвиненија, и редица други работи со кои на крајот ги скршија законите, основните принци на однесување и работење и темелните морални вредности во Македонија, со што како ,,нус ефект,, се создаде атмосфера иселувањето од Македонија да стане пет пати поголемо од претходно.Се направи се, за најправо да се изгласа штетниот договор со Бугарија па неуставната двојазичност и конечно главната работа заради која беше осмислена целата операција: промената на името со марионетска влада и пратеници.За жал, големите политички прашања не секогаш можат да решат со правни инструменти. Според силата на поредокот пред векови е констатирано дека прва е војната, втора е политиката па на трето место е правото. Гледаме на дело со стотици примери во последните речиси две години, како политиката го суспендира правото. Или уште повалканото, како правото се стави во функција на политиката.Но, тоа не е веќе демократија.Јас бев и сум голем подржувач Македонија да стане членка на НАТО и ЕУ. Нашето место е таму и во сојуз со Америка. И бев за концепт за разумен компромис за таа цел. Тој концепт со овој договор е мртов.Мнозинството од народот не се согласува со овој договор, што се виде и од исходот на референдумот. Но, марионетската власт е решена да оди против неговата воља, по секоја цена и да го стави секого во затвор, протера или ликвидира, кој ќе и се попречи на патот. Народот излегува и протестира, но сега веќе одлуката е во рацете на пратениците. На оние 79,80 или 81 пратеника.За пратениците на мнозинството, ова не е ноќ за спиење. Оваа ноќ е последна шанса за размислување и премислување со ставањето на националниот пред партискиот и/или личниот интерес. Знам дека не ви е лесно....барем јас знам.Ова се историски одлуки. Да, можен е подобар и пофер договор. Треба само верба, храброст, отфрлање на уцените, воља и време, за постигнување на двете: разумен компромис /фер договор и НАТО и ЕУ.Незаборавајте дека ставате ,,црн печат,, на една 140 годишна крвава битка за македонското национално прашање. Таа пролеана крв заслужува македонското прашање да се затвори, но во полза на македонците. Или поинаку кажано да се затвори, но не на штета на македоците.Тоа е во ваши раце. Од Вас зависи, напиша Груевски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
nesreka-krusevac

Тешка несреќа ка Крушевац, еден починат, а бремена жена се бори за живот

Маж(26) загина, а жена(25), која била во поодмина бременот, е тешко повредена во сообраќајната несреќа која рано утринава се случила на патот Крушевац – Ѓунис. Несреќата се случила помеѓу автобус и патничко возило.Бремената жена е тешко повредена, па лекарите во болницата во Крушевац веднаш ја породиле со царски рез. Бебето е во добра сосотојба , а неговата мајка се бори за живот.Возачот на автобусот е приведен, бидејќи не успеал да го спречи лизгањето низ коловозот и преминал на спротивната лента предизвикувајќи тешка сообраќајна несреќа.

Свет | пред 7 години

7 год.
pozarna

Притвор за охридскиот пожарникар кој нападна колега

40-годишниот пожарникар кој вчера изврши насилство во охридската Противпожарна служба, нападна свој колега и тешко го повреди е во притвор. На Ј.К. од надлежниот суд му е одредена и мерка притвор во траење од 30 дена.Нападнатиот пожарникар пак се здоби со тешки повреди на главата и во моментов е на клиниката во Скопје.Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски информира дека лицето, кое и минатата година нападна и повреди свои колеги, бил притворен неколку часа по инцидентот откако полициските служби покренале потрага по него и го лоцирале местото каде се криел, во објекти во околината на селото Велгошти.Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка телесна повреда“, „насилство“ и „загрозување на сигурноста“, СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Ј.К.(40) од охридското село Велгошти, вработен во протипожарната служба.

Македонија | пред 7 години

7 год.
frckovski

Фрчкоски: Негирањето на етничкиот термин „македонски“, од БЕСА , е безобразлук и напад на идентитетот на Македонците

Со барањата на БЕСА не се сложува ни професорот Љубомир Фрчкоски. Негирањето на терминот „македонски“, според Фрчкоски не е наивна работа, објави Телма.„Негирањето на етничкиот термин „македонски“, доаѓа од делот на Албанците од БЕСА. Тоа скандал и безобразлук и напад на идентитетот на Македонците. Терминот „македонски“ е една од главните придобивки на Преспанскиот договор, вели Фрчкоски.Инаку во моментов се бара техничка формулација за државјанството, што би била прифатлива и за БЕСА. Партијата се закани дека нема да гласа за уставните измени доколку во делот на државјанството не се избрише терминот „македонско“.

Македонија | пред 7 години

7 год.
minis-lokana-1

Министерот Фазлиу, не се сложува со распределбата на средства за градовите, тој сака рамномерниот регионален и на локалниот развој

Системот на локалната самоуправа нормативно е поставен, но треба да биде и да остане функционален. Се интервенираше во санирањето на долговите на општините. Се работи на подобрување на финансирањето на услугите со блок дотации, во областа на образованието, детските градинки и на установите од областа на културата, со цел да се обезбедат оптимални средства од централниот буџет, да не се создаваат дополнителни долгови, но и да се направат заштеди со рационално трошење на парите на граѓаните, рече министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу. Фазлиу акцентот го стави на рамномерниот регионален и на локалниот развој.„2019-та ќе биде уште поуспешна од претходната, ако се има предвид дека буџетските средства за проекти за рамномерен регионален развој во однос на 2018 та година се зголемени за над 55%, а средствата за кофинансирање на проекти за прекугранична соработка за 10%”.Минатата година со 4,5 милиони евра од буџетот на Министерството за локална самоуправа се финансирани вкупно 98 проекти за развој на планските региони, за развој на селата и на подрачјата со специфични развојни потреби. Станува збор за 98 инфраструктурни зафати или пак подготовка на техничка документација за изградба на локална патна, канализациона или водоводна мрежа, прочистителна станица или други интервенции кои што решаваат проблеми на граѓаните.„Годинава само од Буџетската Програма за рамномерен регионален развој, во осумте плански региони во државата ќе бидат финансирани проекти во вкупен износ од 7 милиони евра. Тоа е за 100% повеќе средства во однос на 2017 та. Нашата цел, на Владата и на Министерството за локална самоуправа е со поголемо насочување на средства во помалку развиените плански региони и во селата, да ги намалиме разликите во квалитетот на живеење. Приоритет на оваа Влада е со поголема координација, средствата од различните ресори да се насочуваат таму каде што има најголема потреба, според степенот на развиеност. Сите граѓани треба да добијат еднаков пристап до услугите од јавниот сектор, без разлика на местото на живеење”.Другиот значаен аспект за Министерството за локална самоуправа е реализацијата на проекти за прекугранична соработка, финансирани со средства од Европската Унија преку ИПА Инструментот. Овие проекти во износ од 15% се кофинансирани од буџетот на државата, преку Министерството за локална самоуправа.„Со зголемувањето на средствата за кофинансирање од 10%, Владата ги зголеми можностите за поголема апсорбција на средствата од Европската Унија. Мора да покажеме поголем и финансиски и професионален капацитет за транспарентно и одговорно управување со средствата од Европската Унија, за да можеме да ги реализираме сите и да се избориме за уште поголеми средства во наредниот програмски период, после 2020 година”.Во 2018-та, беа склучени договори за реализација на 40 проекти во рамките на Програмата за прекугранична соработка со Грција, во вкупна вредност од 20 милиони евра и договори за 9 проекти од Програмата со Косово, во вкупна вредност од 3 милиони евра. Беа објавени два нови јавни повици за проекти, со Бугарија и со Албанија. Јавниот повик со Албанија е сѐ уште актуелен, до 1 ви февруари и на располагање ни става нови 3 милиони евра. Јавниот повик со Бугарија заврши и оваа година ќе бидат потпишани договорите за финансирање на одобрените проекти, за што од страна на Европската Унија се обезбедени 7 милиони евра.Во 2019 та година ќе бидат објавени нови јавни повици за проекти со Србија и со Косово. За проекти за прекугранична соработка со Србија има на располагање 1,8 милиони евра, а за проекти со Косово 2,5 милиони евра. Во процес на идентификација е заедничкиот стратешки проект од Програмата за прекугранична соработка со Грција, кој што би се финансирал оваа година, во износ до 4 милиони евра. Не е исклучено тоа да биде и изградба на нов граничен премин со Грција, Маркова Нога, во преспанскиот регион. ”.Министерот Фазлиу изрази задоволство од реализираното во 2018-та.„Најважно од се е да се има искрен однос кон граѓаните и кон проблемите. Убеден сум дека со овој начин на работа сме на добар пат во 2019-та година да оствариме резултати кои што суштински ќе направат разлика во квалитетот на живеење во општините”.

Македонија | пред 7 години

7 год.
46804282_2706308569637663_264683870786420736_n-1

Мицкоски ќе направи се за да пропадне договорот од Преспа и уставните измени

„Ќе сторам се за да пропадне овој договор. Ќе сторам се за да го вратиме назад она што се продава. Сите заедно, со сигурност можеме да ја промениме оваа власт. Не викам дека ќе успеам, ќе се обидам. Се почна со насилен избор на претседател на Собранието. Тие дадоа гаранции дека нема да менуваат име и идентитет. Тие не победија на изборите. Луѓе заглавија во затвор поради 27 април. Но, она што за нив беше мака за цел живот, за власта беше пазарење. Удирајте посилно по Христијан и ВМРО-ДПМНЕ. Седнати во скутот на Заев ќе морате да ги вршите неговите валкани работи. Оние кои му слугуваа на Заев, ги разбирам оти се притиснати, се срамат и поплукуваат се за да истргуваат. Тешко ми е кога ги гледам во таа улога. Удирајте, јас можам да издржам повеќе од тоа што мислите. Само не заборавајте на кого му слугувате. На Зоран Заев. Знам дека подготвуваат операции кои сакаат внатрешно да не разјадат“, кажа Мицкоски пред Собранието.„Единствен политички противник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата е Зоран Заев. А вие ќе бидете обични слуги кои ќе пишуваат статуси по Фејсбук“, рече Мицкоски за оние кои гласаат за уставните измени.„Името не го менуваат оти 2 милиони народ одлучи, туку оти Заев во прва фаза собрал 80 пратеника. Гледаме сега нема, па тргува и тргува, се препелка секој ден. Нека не се затскрива зад европските институции. Не се докажува тоа преку промена на името и идентитетот, туку со работа. Не смееш да тргуваш со нешто што е наследено“, кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања