„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
7 год.
krizen-stab-ohrid

Општина Охрид се справува со снегот

Вршителот на должност, градоначалник Константин Георгиевски , утрово одржа работен состанок со членовите на Оперативниот штаб, директорите на јавните претпријатија и претставници од Територијалната противпожарна единица со цел преземање на активности и мерки за непречено движење на пешаците и одвивање на сообраќајот на територијата на Општина Охрид, во услови на снег.Од утрово екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ со работна сила и механизација се излезени на терен и со координирани активности работат на расчистување на уличната патна мрежа во населените централни градски подрачја и периферијата.Екипи на ЈП „Проаква“-РЕ Водовод- Охрид, веќе го расчистија патот за с.Елшани, работат на патот кој води кон с.Коњско, а потоа ќе се расчистуваат и патиштата кои водат кон селата Велестово, Горно и Долно Лакочереј, Орман, Рамне и сите останати рурални средини.Екипите на ЈП „Билјанини Извори“, покрај тоа што работат на расчистување на паркинзите со кои стопанисуваат, вклучени се и во расчистување на тротоарите во централното градско подрачје.Екипи на останатите јавни претпријатија, потпомогнати со механизација и работна сила од рано утрово вршат расчистување на снегот по тротоарите низ целата територија на Општина Охрид.Екипи на ангажираните компании со кои е склучен договор за зимско одржување, го расчистуваат снегот и ги посипуваат со ризла, патните правци кои водат кон селата Куратица, Речица,Свињишта, Завој, Опеница, Косел, Вапила, Ливоишта, Вапила-Расино и Вапила-Сирула.Покрај механизација, од страна на јавните претпријатија, формирани се и работни екипи за расчистување на тротоарите и посипување со ризла,со цел непречено движење на пешаците.Согласно утврдениот план за работа, веќе се расчистуваат тротоарите во централното градско подрачје. Се расчистува чаршијата, плоштадите, улиците „Македонски Просветители“ и „Туристичка“, населбата Воска со улицата „Гоце Делчев“, улиците „Питу Гули“, „Јане Сандански“, „Сирма Војвода“, „7-ми Ноември“, „Марко Нестороски“ и „Кленоец“.Од раните урински часови, се работи на расчистување на пристапните патишта кон детските градинки, основните и средни училишта, Општата Болница, Здравствен Дом „Маларична“ и меѓуградската автобуска станица.Општина Охрид упатува апел до сите граѓани, согласно законот за јавна чистота да вршат расчистување на снегот пред своите објекти, и да не го фрлаат на коловозните ленти, со цел непречено одвивање на сообраќајот. Со намера расчистувањето да се одвива непречено, охриѓани треба да ги отстранат своите возила од јавни површини, тротоари и улици.Активностите за расчистување на снегот ќе траат во текот на целиот ден. На терен ќе биде и в. д градоначалникот Константин Георгиески, кој во текот на денот ќе одржува и наредни работни состаноци со надлежните служби.

Македонија | пред 7 години

7 год.
protest-1

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ се приклучи на протестите, но претходно демонстрантите го обвинија Мицковски дека дошол да се слика

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ се приклучи на протестот кој околу 12 часот започна пред Собранието на Република Македонија.Демнстрантите побараа од Мицкоски да се обрати пред присутните, но тој ги одби.Тие му рекоа дека дошол само да се слика, го прашаа да не сака црвен тепих.Демонстрантите исто така му му рекоа на Мицкоски декаколку не се обраќа му порачаа да си замин, бидејќи те не се таму за сликање, туку за одбрана на Македонија.  

Скопје | пред 7 години

7 год.
press-vlada

Хеленик Петролеум ја тужи Македонија, бара оштета од 32 милиони долари поради непочитување на договорот за купување на мазут

Македонската Влада почнува процес на преговори со цел цел да се изнајде решение што ќе ја намали потенцијалната штета на Буџетот на Република Македонија, доколку државата го загуби арбитражниот спор со Хеленик Петролеум за отшетно побарување поради неисполнети обврски за набавка на 500 илјади тони мазут годишно во периодот од 2008 до крајот на 2011 година.Станува збор за оштета од 32 милиони долари поради непочитување на договорот за купување на мазут. Од 2007 до крајот на 2011 година до кога работеше рефинеријата, државата според договорот имала обврска да набавува по 500 илјади тони мазут на годишно ниво.Државата во овој период не ја исполнила својата обврска, за што Хеленик Петролеум сега бара оштета од државата. Владиниот потпарол вели дека започнати се преговори со грчката компанија за да се намали висината на оштетата која што Хеленик петролеум ја бара од државата.„Во момемнтов владата започнува процес на преговори со цел да се изнајде решение со која ќе се намали потенцијалната штета врз Буџетот на Македонија направен пред повеќе од 20 години“, изјави Миле Бошњаковски, портпарол на Влада.Ова не е прва тужба која што ја има Македонија од Хеленик Петролеум. Во 2007 година изгуби ваква арбитражна постапка бидејќи од 1999 до 2007 година не ја исполнила својата обврска според договорот за ОКТА, односно не купувала по 500 илјади тони мазут годишно.

Македонија | пред 7 години

7 год.
pisatelka

Да сум јас на место на пратениците, би се убила, рече писателката Жаклина Михајлова

Очигледен е револтот на демонстрантите кои излегоа денеска на протест пред Собранието против уставните измени, објави фокус.мк.Жаклина Михајлова, која е писател, во анкета за медиумите порача дека Македонија е на Македонците.-Не пасе народот трева. Сега е време да се обединиме. Нема слобода под туѓ јарем. Македонија е на Македонците. Да им покажеме на овие велепредавници дека Македонија е наша. Една свеќа запалете за Македонија. Оваа земја е како пиреј. Светот ни се смее нам. Не сум убедена дека лесно ќе поминат уставните измени. Да сум јас на нивно место (политичари), би се убила – рече таа.Драган Угриновски од „Македонија блокира“ им порача на пратениците да се вклучат во протестот.-Пораката е да остане Македонија. Да остане јазикот и нема да дозволиме промена. Сите што сакаат да го сменат тоа во Собранието, не ги сметам за Македонци. Имаме голема поддршка, но власта ги уценува и ги држи дома, во страв. Им порачувам на пратениците да дојдат со нас. Ќе ги слават како херои во некоја друга држава. Ќе вршиме притисок да не успеат измените – рече тој.извор: Фокус.мк

Скопје | пред 7 години

7 год.
mobilni

Приведен крадец од Прилеп, украдените мобилни телефони во вредност од околу 400.000 денари вратени

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп, поднесе кривична пријава против Г.Д.(47) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“, казниво по член 236 од Кривичниот законик на Република Македонија.Во периодот од 06.01.2019 година до 08.01.2019 година пријавениот со употреба на сила влегол во продавница за мобилни телефони на улица „Јане Сандански“ во Прилеп и одзел кутија со мобилни телефони, како и друга галантерија за мобилни телефони, по што побегнал.По пријавување на настанот, полициски службеници презеле мерки за расчистување на случајот. На 08.01.2019 година бил извршен претрес во домот и други простории кај пријавениот, при што биле пронајдени украдените предмети со вкупна вредност од 396.350 денари.Исто така, покрај предметите од ова кривично дело, при претресот бил пронајден лап топ, кој бил пријавен за украден на 05.01.2019 година. Пријавениот, кражбата ја извршил во продажен салон на улица „Кеј 1 Мај“ во Прилеп во периодот од 04-05.01.2019 година.Сите украдени предмети се вратени на сопствениците.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ohrid-sneg-5

Поради снежните врнежи забрана за камиони на повеќе патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, а на планинските превои со остатоци од кашест снег на коловозот.„Забрани за движење на тешки товарни возила има на патниот правци крак Маврово-Дебар, Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража, Струга граничен премин Ќафасан и Тетово-П.Шапка каде за останатите возила е задолжително користење на зимска опрема (синџири).Од 13:20 часот се воведени забрани за тешки товарни возила на патниот правец,Ресен-Битола преку планискиот премин Ѓавато и Ресен-Охрид преку планинскиот премин Буково.Од 14.15.ч се воведува забрана за тешки товарни возила на патниот правец Кичево-Охрид преку планинскиот премин Пресека.Снег врне со променлив интензитет на цела територија во Републиката.Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони“, велат од Македонијапат.ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
press-vlada

(ВИДЕО) Редовна прес-конференција на портпаролите на Владата на Република Македонија, Бошњаковски и Хоџа

Редовна прес-конференција на портпаролите на Владата на Република Македонија, Миле Бошњаковски и Мухамед Хоџа, по вчерашната 114-та седница на Владата на Република Македонија.

Скопје | пред 7 години

7 год.
bogdanovic-press

Општина Центар ќе си врати 96 милиони денари од „Пелагонија“ од Гостивар, поради оваа фирма општината лани беше блокирана

Општина Центар ќе си врати 96 милиони денари од фирмата „Пелагонија“ од Гостивар поради кои лани летото ѝ беше блокирана сметката, ова го соопшти денеска на пресс конференција градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.“Со оваа одлука, конечно општината доби правна разрешница на овој предмет, кој минатата година доведе до блокирање на сметката на општината. Врз основа на Решението на Врховниот Суд, АД ‘Пелагонија’ на Општина Центар треба да ѝ го врати целиот износ, односно вкупно 94.482.306 денари. Парите кои ќе бидат вратени назад во општинската каса ќе бидат пресраспределени во програмите за работа на општината. Продолжуваме со расчистување на затекнатите судски пресуди, а во текот на годината очекуваме уште неколку вакви судски одлуки“, изјави градоначалникот Богдановиќ.Поради нејасни, побивани пресуди и недоволно образложени причини за решителни факти, а согласно членот 343 став 2 точка 14 од Законот за парнична постапка, Врховниот Суд на РМ утврди дека АД “Пелагонија“ во предметот поврзан со изградба на катна гаража кај зградата на Нова Македонија, на Општина Центар треба да ѝ ја исплати целосната сума за која беше оштетена општината, во висина од 94.482.306, 00 денари.

Скопје | пред 7 години

7 год.
zaev-ambasador

Средба на премиерот Заев со амбасадорот Јазбец

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорот на Република Словенија во Македонија, Милан Јазбец со кого разговараше за актуелните политички процеси во земјата и за планирани активности на билатерална соработка меѓу двете земји во наредниот период.На средбата, премиерот Заев го информираше амбасадорот Јазбец за постапката и фазите на уставните измени и спроведувањето на Преспанскиот договор изразувајќи очекување за успешно заокружување на процесот во Собранието на Република Македонија.Амбасадорот Јазбец ја поздрави посветеноста на Владата за исполнување на реформите и нагласи дека Република Словенија останува силен поддржувач на напорите на Македонија за интеграциите на земјата во ЕУ и НАТО. Тој подвлече дека е многу важно, историскиот момент пред кој се наоѓа земјата да го искористат сите партии и да бидат единствени во донесувањето на одлуките кои ќе и помогнат да земјата да ги оствари евроатлантските аспирации.На состанокот се разговараше и за искористување на можноста за поголема динамика на економската соработка помеѓу Македонија и Словенија, како и за продлабочување на соработката на проекти од областа на земјоделството.Премиерот Заев изрази благодарност од свое име и од име на граѓаните на Република Македонија за помошта, заложбите и големата пријателска помош која Македонија ја има од Република Словенија, за заокружување на демократските процеси на патот кон евроатлантските интеграции.

Скопје | пред 7 години

7 год.
46804282_2706308569637663_264683870786420736_n-1

Мицкоски повика на протести

Денес е финалниот акт на еден срамен процес во кој Република Макеоднија е втурната од страна на Зоран Заев и владеачкото мнозинство, во кој до промената на Уставот се доаѓа преку недемокатски пат, изјави лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.„ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во тој процес и нема да даде легитимитет затоа што таквите измени немаат легитимитет од граѓаните. Тие се штетни и оставаат белег врз македонското достоинство и идентитетот. Имаме процес на промена на Уставот преку промена на уставното име, преку пазарење и уцени, а за таа цел има злоупотреба на обвинителството и судството.Кацарска судството и рускоска обвинителството и СЈО се механизмите на власта за пресметка и уценување. На референдум Зоран Заев не доби поддршка за менување на Уставот и името, туку тоа го прави на криминален начин“, изјави Мицкоски.Тој додаде дека останува запишано дека името не го менуваат граѓаните туку 80 пратеници обезбедени преку уцени и закани.„Ќе прашам, европски вредности ли се тоа? Сите оние кои се залажуваат дека на овој начин ќе дојдеме до европска Македонија се лажат. Вака сме се подалеку, бидејќи Европа е вредност и принципи, кои што владеачкото мнозинство ги крши. Оваа Влада спроведува политика која нема легитимитет од граѓаните. Мојата татковина, татковината на граѓаните е Република Македонија, онаа за која мнозинството гласаше на референдум на 8 септември“, вели Мицкоски.Тој додаде дека во ваква ситуација преостанува само отпорот.„Јас ќе го користам демократското право да протестирам и пркосам на се она што се случува денес и следните денови во Собранието. Ве молам да не подлегнувате на провокации, да ни се придружите и да останеме достоинствено, иако државата е окупирана“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
protest-1

Протест пред Собранието - во одбрана на македонското име, идентитет, историја и традиција

Протест пред Собранието на Република Македонија додека траеше седницата за уставни измени за договорот од Преспа, која е одложена за во 16 часот.Улицата пред Собранието е целосно блокирана, а се забележува и зголемено присуство на полицијата.Протестот како што велат организаторите ќе трае до полноќ.Од „Тврдокорни“ и „Македонија блокира“ истакнуваат дека протестот е за одбрана на македонското име, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ и против, како што наведуваат, „најголемото национално предавство“.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

При претрес пронајден кокаин

Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за недозволена трговија – Одделение за недозволена трговија со дрога, до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против  С.Џ.(37) од Скопје поради основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, предвидено и казниво по член 215 од КЗ.При претрес на пријавениот бил пронајден кокаин.

Скопје | пред 7 години

7 год.
UaYct-

Пронајдена марихуана кај 17-годишен скопјанец

Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за недозволена трговија – Одделение за недозволена трговија со дрога, до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против  17 годишно лице од Скопје поради основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, предвидено и казниво по член 215 од КЗ.При претрес на пријавениот била пронајдена марихуана.

Скопје | пред 7 години

7 год.
marihuana2

Кривична пријава против 19-годишен скопјанец, при претрес била пронајдена марихуана

Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за недозволена трговија – Одделение за недозволена трговија со дрога, до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против  Ц.М.(19) од Скопје поради основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.При претрес на пријавениот била пронајдена марихуана.

Скопје | пред 7 години

7 год.
policija-22

Пронајдени уметнички слики и разновиден алат кај гостиварец обвинет за тешки кражби

Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица Гостивар, на 8.1.2019 од 15 до 16 часот, извршиле претрес во објект на улица „Јордан Јордановски“ во Гостивар, во кој времено престојувал 30-годишниот Б.С. од Гостивар.При претресот, реализиран со судска наредба, во објектот се пронајдени предмети кои потекнуваат од повеќе тешки кражби: уметнички слики, разновиден алат и други предмети.Б.С. е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар, поради сомнение дека е сторител на дваесетина тешки кражби.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Сообраќајка во Виница, едно лице со тешки телесни повреди

На 08.01.2019 година околу 17.25 часот на крстосницата  од улиците  Браќа Миладинови и Тошо Арсов во Виница се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило Шеворлет лачети со штипски регистарски ознаки, управувано од А.П.(40) од Виница, и  патничко моторно возило Форд фиеста со штипски регистарски ознаки, управувано од Љ.К.М.(28) од Виница.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Љ.К.М. и била пренесена за укажување на лекарска помош во Клиничката болница во Штип. Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
46785137_364377431000623_6746717091652435968_n

ЈКП „Водовод“ апелира да се заштитат водомерите

Ниските температури кои владеат во Битола предизвикаа дефекти во водоводната мрежа во одредени домаќинства, најчесто од пукање на стаклата на водомерите. Од ЈКП „Водовод“ апелираат граѓаните да ги заштитат своите водомери, бидејќи тоа е единственото алтернативно решение, а за сите дефекти и прекини во снабдувањето со вода да се обратат на дежурниот телефонски број 047238200.Од ова јавно претпријатие информираат дека е зголемена потрошувачката на вода за околу 25%, односно во одредени делови од денот, особено во вечерните часови, таа достигнува и до 680 литри во секунда. Стравувајќи од замрзнување на чешмите и цевките за вода, граѓаните  оставаат да тече вода постојано. Сепак од ЈКП „Водовод“ апелираат водата да се користи рационално. И покрај ваквите временски услови, снабдувањето со вода е непречено, а во меѓувреме за новонастанати дефекти, граѓаните можат да се јавуваат на дежурниот телефон. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
ojo-1

ОЈО поднесе обвинителен акт за лице од Турција кое криумчарело накит

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице, 27-годишна државјанка на Република Турција поради сторено кривично дело – Криумчарење од член 278 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Обвинетата делото го сторила на 18 декември, околу 20 часот на аеродромот во Скопје, кога избегнувајќи ја царинската контрола пренела непријавена стока-накит од бело злато. Накитот бил со вкупна тежина од 380.50 грама кои имаат вредност од 11.106.000,00 денари.Со оглед на оценката дека се уште постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, како и можност обвинетата да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје достави посебен предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетата.​

пред 7 години

7 год.
sneg-ohrid-za-sajt-1

(ФОТО) Снежен Охрид

Утрово Охриѓани се разбудија во снежен Охрид. Снегот кој започна да врне од запдните делови на земјава, во текот на денов ќе ја зфати целата наша земја. Најавата на метеоролозите е дека снежната покривка во некои места може да достигне и по половина метар.Патноиот правец Охрид - Кичево, каде од утрово од 8 и 55 часот е воведена забрана за движење на тешки товарни возила и на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража, во двата правци, информира АМСМ.  

Македонија | пред 7 години

7 год.
zaev-hrvtska-2

СДСМ: Мицкоски како и Груевски ги дели граѓаните на лојални и нелојални

Христијан Мицкоски ги продолжува политиките на поделби што ги промовираше неговиот ментор Никола Груевски, велат од СДСМ.„Криминалецот Груевски со години ги делеше граѓаните на патриоти и предавници. Денес неговиот пион Мицкоски граѓаните ги дели на лојални и нелојални.Очигледно Мицкоски сака да се става во улога на судија кој ќе одлучува кој е лојален а кој е нелојален граѓанин.На граѓаните им е доста од партиски суд кој ги делеше и етикетирше цели 11 години. Македонија ги победи поделбите и омразата и реши да се гради како едно општество за сите.На пролет, граѓаните уште еднаш ќе го поразат концептот на поделби што го следи антинародниот Мицкоски. Граѓаните ќе изберат претседател кој ќе ги застапува нивните интереси и кој ќе ја поведе државата во светла иднина во ЕУ и НАТО“, се наведува во соопштението. 

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања