„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
7 год.
paridenari1

Тешка кражба во Скопје, украдени повеќе од 30.000 денари

На 02.01.2019 година во 07,45 часот Ш.Д.(43) од Скопје, пријавила дека во периодот од 15,00 часот на 31.12.2018 година до 07,30 часот на 02.01.2019 година во Скопје  во објект на правно лице на булевар „3-та Македонска бригада“, непознат сторител извршил тешка кражба и одзел две метални каси во кои имало околу 3.000 денари и документација, и метален сеф во кој имало околу 30.000 денари и документација од фирмата.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
tunel-demirkapija-696x464

Сообраќајка на патот Гевгелија - Неготино, сообраќајот е во прекин

Oд 20,30 часот на автопатот Гевгелија-Скопје, на м.в.„кај тунелот викан Т2“, помеѓу Гевгелија и Неготино, поради случена сообраќајна незгода сообраќајот е во целосен прекин. Сообраќајот се пренасочува по стариот пат, велат од АМСМ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
amerikanska-doktorka-antisemitist

Лекарка доби отказ откако на Твитер напиша дека на Евреите ќе им дава погрешни лекови

Млада лекарка добила отказ од американска болница откако било утврдено дека повеќе години наназад објавувала антисемитски пораки на социјалните мрежи, пишува британски „Индипендент“.https://www.facebook.com/afshine.emrani/posts/10215712984592263Докторката Лара Колаб работела во болницата „Кливленд клинк“ во американската сојузна држава Охајо. На социјалните мрежи таа честопати пишувала против Евреите. Меѓу другото, објавувала и дека на Евреите намерно би им давала погрешни лекови.Раководството на болницата ѝ доделило отказ на 27-годишната лекарка веднаш штом се дознало за нејзините објави на интернет. Од таму објасниле дека Колаб работела со нив како практикант меѓу јули и септември минатата година, но дека повеќе не е ангажирана во болницата.Лара Колаб долго време јавно пишувала против Евреите. Така, уште во 2012 година таа на „Твитер“ напишала дека намерно би им давала погрешни лекови на сите Евреи.Таа честопати Евреите ги споредувала со кучиња и пишувала дека настаните од холокаустот неосновано се пумпаат.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Уапсени три лица од Велес поради производство и продажба на дрога

Секторот за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава против А.Д.(35) од Велес за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори”, против А.М.(35) од Велес за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори” и “овозможување на употреба на наркотични дроги”, и против Д.Р.(30) и Б.З.(29), двајцата од Велес за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”.На 07.12.2018 година во Велес на улица “Стефан Богоев”, од страна на полициски службеници, при претрес кај пријавените биле пронајдени хероин, како и мешавина од кофеин, парацетамол и хероин, и кеса и фолија со остатоци од хероин.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Жител на Оризари при тепачка добил убодна рана на стомакот

На 02.01.2019 година околу 20,40 часот во село Оризари, кумановско, настанало нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу повеќе лица, при што на С.К.(23) од село Оризари, со остар предмет, му била нанесена убодна рана во пределот на стомакот, по што истиот бил пренесен во Општа болница Куманово.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Aerodrom-620x350

Поради снежните наноси откажани летови во Босна и Херцеговина

Поради бурата која ја зафати Босна и Херцеговина летот на авионот на Кроација ерлајнс  од Загреб до Мостар е откажан. Исто така целосно е запрен сообраќајот на некои регионални патни правци во Херцеговина.Од мостарскиот аеродром велат дека летот е откажан поради силната бура на територијата на мостар. Исто така оттаму додаваат дека е откажан и утрешниот лет на хрватскиот авио превозник.Дополнителни проблеми на возачите на сообраќајниците во југозападните делови на Босна и Херцеговина предизвикува и силниот ветер кој создава снежни наноси. 

Свет | пред 7 години

7 год.
posedarje_bura4-030119

(ФОТО) Силно невреме ја зафати Хрватска

Некои делови од автопатот А1 Заграб-Сплит-Плоче се затвореи поради бурата која ја зафати Хрватска.Во некои делови силниот ветер направи големи материјални штети и истиот достигна брзина и до 160 километри на час.Според метеоролозите средната брзина на ветрот била 115 километри на час.Силниот ветер најголеми штети направи во Сплит.

Свет | пред 7 години

7 год.
bebe-vakcina

До 19 часот вакцинирани вкупно 488 деца

Од Министерството за здравство информираат дека денеска до 19:00 часот вакцинирани се вкупно 488 деца со МРП вакцина.„Апелираме до сите родители да ги вакцинираат своите деца со МРП вакцина, која е висококвалитетна и ефективна, а производител е GlaxoSmithKline од Белгија.Вакциналните пунтови во поликлиниките „Букурешт“, „Бит Пазар“ и „Јане Сандански“ ќе работат и утре (04.01.2019 година) до 19:00 часот.Потсетуваме, се уште е на сила наредбата дека децата, кои се невакцинирани нема да бидат примени во детските градинки, со цел да се спречи ширењето на епидемијата на морбили (мали сипаници) прогласена во Скопје“, велат од Министерство за здравство.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Да се побара или да се очекува покачување – дилема која го засега секој професионалец

За жал, во голем дел од компаниите покачување нема да добиете се додека не се осмелите сами да го побарате од вашиот менаџер. Па дури и тогаш, не мора да значи дека ќе го добиете бидејќи ќе наидете на голем број прашања кои ќе ја испитуваат вашата лојалност, посветеност и вештини. А ако се согласат да ви ја покачат платата, уште следниот месец ви ги зголемуваат работните обврски така што изгледа дека покачувањето не го добивате поради вашите претходни заслуги.Прашањето е: Дали тоа треба така да функционира во една здрава компанија со силна деловна култура и функционални интерни процеси?Секако дека не! Во една таква компанија имате менаџер кој го следи вашиот развој и се залага да добиете фер третман од страна на вашиот работодавач. Со други зборови, се бори за вас исто како за себеси бидејќи е свесен дека штетата е голема доколку ве изгуби – за него, но и за компанијата. Тој знае кога се вложувате повеќе од тоа што сте платени и кога треба да ви обезбеди повисока плата.Покачувањето кога доаѓа без да го побарате е многу поефикасно средство за мотивација бидејќи знаете дека некој ја надгледува и цени вашата посветеност. Тоа не само што е добро за работникот, туку и за целата компанија бидејќи создава (1) култура на самомотивираност и (2) систем на награди според заслуга.7 знаци дека е време за покачувањеЗа тие што се сигурни дека заслужуваат покачување, а се’ уште чекаат да им биде дадено, посочуваме 7 знаци кога е време сами да го побараат:Вашата компанија е во добра финансиска состојбаВашиот шеф е во добро расположениеДругите колеги добиле покачувањеВреме е за разгледување на вашиот перформансНа вашата компанија и оди доброСте се здобиле со нова вештина или титулаИмате понуди од други компанииИзвор: Вработување.ком

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Новинари до Заев: Касните како економскиот раст

Денеска премиерот Зоран Заев заедно со Министерот за финансии Драган Тевдовски одржаа прес-конференција на која ги најавија очекувањата на финансиски и економски план во 2019 година.Прес-конференцијата беше најавена во 12:30 часот, но истата почна еден час подоцна, по што еден од новинарите му рече на премиерот дека касни како економскиот раст. На тоа премиерот Заев само се насмевна и наместо да им се извини на медиумите, тој започна со прес-конференцијата.https://twitter.com/tetkicai/status/1080855569131548673?s=12&fbclid=IwAR0aHNfX7tu9Rc01A7Uur7o-jN8rCxaTpm8xgFM4fnFgcL8bOTAEySQHOQQ

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-22

Незаконско вработување и исплата на плати во Македонски Брод

Надоврешната канцеларија за криминалистички работи Македонски Брод  поднесе кривична пријава против М.В.(59), Љ.Б.(52)  и Г.М.(51), сите од  Македонски Брод, за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.На 30.10.2006 година првопријавениот, како  градоначалник на Општина Македонски Брод, без согласност од Министерството за финансии и Министерството за труд и социјална политика, ја именувал третопријавената за директор во Детската градинка ,,7-ми Септември“ – Македонски Брод.Исто така, во текот на 2016 и 2017 година, првопријавениот, извршил незаконско именување на двајца раководни административни службеници во општина Македонски Брод. Во текот на 2016 година, второпријавениот, како директор на детската градинка ,,7-ми Септември“ – Македонски Брод, без распишан јавен оглас, ја вработил третопријавената, со што истата, по основ на плати, се стекнала со противправна имотна корист од 1.054.971 денари, додека била предизвикана и дополнителна штета на градинката од 48.840 денари.Во периодот од 30.10.2006 до 30.04.2008 година, третопријавената, како директор на детската градинка ,,7-ми Септември“ Македонски Брод,  спротивно на Законот за работни односи, Законот за вработени во јавниот сектор и спротивно Закон за извршување на Буџет на РМ, без согласност од Министерството за финансии, вработила две лица.Исто така, во текот на  2007 и 2008 година, третопријавената, и покрај тоа што знаела дека во наведената институција не била во редовен работен однос, депонирала свој потпис во Централен регистар, а  потоа врз основа на одлука на Совет на Општина Македонски Брод, ретроактивно и биле исплатени шест плати, со што се стекнала со противправна имотна корист од 101.262 денари. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
lWgk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvT1RRN01EQV8vZThlZWZhZDY3YTA0ZjlmZTliOGVhZjk2ZTM4YWFjYjEuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

(ФОТО) Во рок од една недела втор ураган ја погоди Шведска

Десетина илјади лица во Шведска останаа без струја, а во прекин се и телефонските врски отако земјата ја погоди вот ураган во последните седум дена.Кровови, дрва и далеководи се оштетени од силниот ветер чија брзина била поголема од 30 метри во секунда.По невремето луѓето не можеле да побараат помош поради прекинувањето на врските и снемувањето на струја.https://twitter.com/Expressen/status/1080344374746251264?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1080344374746251264&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.blic.rs%2Fvesti%2Fsvet%2Fu-svedskoj-drugi-uragan-za-nedelju-dana-desetina-hiljada-ljudi-bez-struje-telefoni-ne%2Flyjdk34Во некои места лошото време предизвикало прекин во сообраќајот поради затварањето на мостовите. Голем број на училишта останаа затворени и ја откажаа наставата.Исто така многу летови се одложени или доцнат, а авионите слетале на алтернативни аеродроми.Засега 28.915 луѓе немаат струја, од кои 26.177 во областа на Стокхолм. 

Свет | пред 7 години

7 год.
A-k9lLaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTkRZN01EQV8vMWVhMTQzOTM0MWE3MGNjOTIyNjY2ZGNiODY3OGNkZGMuanBnkZMCzQLkAIGhMAE

Контејнери со опасни хемикалии паднаа во море, се стравува од загадување на природата

Околу 270 контејнери, од кои дел се со хемикалии, паднаа во морето кај германскиот град Боркум. Тие паднале од товарниот брод „MSC Zoi“.Контејнерите стигнале до северната обала на Холандија.Стражата веднаш почнала со истражување на Северното море бидејќи се стравува од загадување на природата на пет острови, вклучувајќи го и Тершелинг во Холандија.Надлежните велат дека три исчезнати контејнери имаат хемикалии, а германската и холандската стража апелираат до граѓаните да не се доближуваат до плажите.Бродот е најголем во Европа и истиот има капацитет за пренос на 19.000 контејнери. 

Свет | пред 7 години

7 год.
JC-k9lLaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTUdJN01EQV8vYjI2NWI5NzE2MDJhYTEzNDliZDdkNDhjNmQ3Yjc3ZmUuanBnkZMCzQLkAIGhMAE

Германските новинари предупредуваат: Не патувајте во Турција

Германското новинарско здружение ги советува новинарите и блогерите да не патуваат во Турција.Здружението кое ги застапува новинарите се повикува на известувањето за апсење на државјанин на Германија минатата недела кој беше осомничен за пропаганда поради објава на социјалната мрежа Фејсбук. Тој во објавата и дал поддршка на независната курдска држава.Германските медиуми јавуваат дека за сега тој е пуштен на слобода, но наредено му е да остане во Турција.Групата ги повика новинарите пред да патуваат да проверат дали на социјалните медиуми имале објава која е поврзана со турската политика.

Свет | пред 7 години

7 год.
49241519_2235431753147556_669467654917980160_n

Министерот за култура Асаф Адеми присуствуваше на Новогодишниот концерт на Виенската државна опера

Министерот за култура Асаф Адеми присуствуваше на Новогодишниот концерт на Виенската државна опера, кој годинава се одржа во чест на одбележувањето на 150-годишнината од основањето на оваа светски еминентна оперска куќа.Министерот Адеми, заедно со претставници на Министерството за култура, овој ексклузивен настан, го проследи на лична покана од директорот на Виенската државна опера Доминик Мејер со кого оствари и работна средба. На средбата со директорот на една од најзначајните оперски куќи во светот, министерот за култура Адеми разговараше за можностите за соработка помеѓу оваа реномирана културна институција и националните установи од Република Македонија. Во рамките на престојот во Виена, министерот за култура Адеми се сретна и со светски познатиот виолинист Шкелзен Доли, кој е член на Виенската филхармонија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
marihuana2

19-годишен скопјанец уапсен поради продажба на дрога

Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за недозволена трговија – Одделение за недозволена трговија со дрога, до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против  Х.Т.(19) од Скопје поради основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.При претрес во домот на пријавениот, пронајдена е марихуана.

Скопје | пред 7 години

7 год.
UfVk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTXpZN01EQV8vOTBhNDA4NTAwODVhZTA0NGI2MzNmMzk3YmRkYjEyY2QuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

Заврши потрагата по преживеани во Русија, единствено преживеано е 10-месечното бебе

Потрагата по исчезнати под рушевините на зградата во Магниторск во Русија заврши. Конечниот број на жртви е 39, велат од руското Министерство за вонредни ситуации.Министерството денес прогласи крај на потрагата во која учествуваа стотина спасувачи отако на 31 декември поради експлозија на гас дојде до рушење на дел од зградата.Единствено преживеано е 10 – месечното бебе.Бебето е во болница во Москва, со потешки повреди, но неговата состојба е стабилна.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, внимателно возење на овие патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег.„Снег со среден интензитет паѓа во Маврово,Дебар, Битола, Ресен, Крушево, Кочани, Делчево и на планинските превои Стража,Буково,Ѓавато и Плетвар.На регионалниот пат Р-1203 од с.Рогачево до г.п.Јажинце поради силен ветер наместа има намети од снег.Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на патните правци крак Маврово – Дебар и Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.На планинскиот превој Ѓавато задолжително е употреба на зимска опрема ( ланци )“, велат од Македонијапат.ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
francuska-policija-pariz-gazenje-vojnika-5-620x350

Маж се забил во пешаци и притоа го убил неговиот двегодишен син

Маж со автомобил се забил во група пешаци и притоа го убил неговиот двегодишен син во Луксембург.Во инцидентот повредени се уште 4 лица, меѓу кои и мало дете кое има полесни повреди, изјави обвинителот.Полицијата се сомнева дека причина за ова е семејна расправија бидејќи помеѓу ранетите е и поранешната партнерка на возачот.Осомничениот е уапсен и обвинет за убиство.

Свет | пред 7 години

7 год.
studenski-dom

Фатени студентите кои снимале во тоалетот во Студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“

Од државниот студентски дом „Скопје“ - Скопје информираат дека се идентификувани студентите кои поставиле мобилен телефон со камера на надворешната страна на прозорецот на тоалетот на третиот кат во Студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“.„Се работи за двајца студенти кои престојуваат во Домот, а се фатени веднаш по дојавата. Безбедноста на студентите, како и заштитата на нивната приватност, се многу важни за раководството на Домот. Секое нивно нарушување се зема за сериозен прекршок, а студентите ќе бидат соодветно санкционирани, согласно Правилникот на Државниот студентски дом.Во меѓувреме, раководството на Домот работи и на поставување на видео надзор во студентските домови, за зголемување на безбедноста на студентите“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања