„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
7 год.
Нема фотографија

Гостиварчанец додека го чистел оџакот паднал од покривот

На 02.01.2019 година околу 17,30 часот во гостиварската oпшта болница бил донесен Ќ.А.(64) од Гостивар кој, како што е пријавено,  чистејќи го оџакот на својата куќа, се лизнал и паднал од покривот. Ќ.А. се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош е префрлен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.Извршен е увид на местото на настанот. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Славевски: Ја поздравуваме најавата дека власта има намера да се сврти кон економијата во 2019 година

Како најголема опозициска партија ние секако ја поздравуваме најавата дека власта конечно има намера да се сврти кон економијата во 2019 година, но во никој случај немаме гаранции дека она што се најавува дека 2019 година ќе биде година на економијата, а најмалку година на економски бум, ќе се оствари, вели Трајко Славевски од ВМРО-ДПМНЕ.„Што ни дава за право да го констатираме ова? Прво ако се направи една мала споредба со перформансите на некои изминати влади во изминатиот период дека владата предводена од СДСМ и ДУИ ја искористи шансата и покажа колку знае и умее на полето на економијата односно може со сигурност да се каже дека ја прокоцка шансата. Имено резултатите на економски план, граѓаните ги чувствуваат и од морето на бројки кои што беа денеска изнесени ќе оставиме сами да проценат дали подобро живееја или живеат во 2018 година и какви се нивните очекувања врз основа на досега реализираното за 2019 година.Сакаме да се задржиме на споредба повторно на првите две- три години од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ целосни од 2007, 2008, 2009 година затоа што тоа е релевантно со првата целосна година од владеењето на СДСМ. Имено само да потсетиме дека тогаш растот на БДП изнесуваше околу 6 проценти,а сега се задоволуваме или треба да се задоволиме со раст кој што може да биде дури понизок од 2,8 проценти и покрај тоа што се презентираат бројки за некоја зголемена активност во последниот квартал од 2018 година.Понатаму, министерот за финансии презентираше во делот за фискалните реформи 10 таканаречени реформи кои што тешко можат да го добијат тој епитет.Имено, освен она одложувана најавувана дискутирана оспорувана реформа во наводници за зголемување на даноците мислам дека сето друго е само козметички промени. Еве на пример дали може фискална консолидација да ја наречеме реформа која што се остварува со прво нереализирани расходи во буџетот, пред се за капитални инвестиции значи пари прибрани од граѓаните, а не вратени во стопанството, реализацијата на капиталните инвестиции сигурно нема да надмине 50 отсто, со што е невидено досега во практиката на министрите за финансии и владите во Македонија или пак да бидеме горди на буџетски дефицит од само 1.8 отсто кој што повторно не е реализиран со неспособноста за трошење на прибраните даноци и реализација на оние проекти кои што требаше да го подобрат животот на граѓаните и да придонесат за подобрување на климата за водење бизнис во Република Македонија.Или пак дали е реформи намалувањето на неизмирените обврски. Се разбира не станува збор за реформи и мислам дека треба речникот или терминологијата да се приспособи на она што е вистински резултати затоа што мислам овие изјави и прес конференции ги следат и нашите пријатели во странство и треба да комуницираме и со нив, а не само со домашната јавност која што која исто така не е наивна. Овдека јас би укажал на фактот што беше истакнат денеска дека има зголемена наплата на даноците има зголемување на фискалните приходи, дека данокот на добивка е зголемен дури за 29 проценти, нешто слично се случува и во областа на персоналниот данок. Но, сакаме да укажеме ова е резултат на подготовка на претпријатијата и на поединците и субјектите, за зголемување на даноците кој што веќе стапи во сила од први јануари 2019 година. Имено, во последните два месеци во 2018 година нември и декември, извлечени се значителни средства од претпријатијата како предвремена исплата на девиденди, се со цел нели заради неизвесноста која што претстои или беше предизвикана кај претпријатијата од најавените зголемувања на даноците во 2019 година. Значи тоа се однесува и на данокот на добивка, и на персоналниот данок од доход“, вели Славевски.Тој потенцираше за негативните ефекти на кои што многупати минатата година укажа oд воведувањето на прогресивното оданочување и зголемувањето на даночните стапки кај приходите или доходите од капитал како што се кирии закупнини, понатаму од хонорарната работа, оптоварувањето дополнително на земјоделците и слично.„Имено се уште не јасно како може да се тврди дека станува за само еден процент засегнати граѓани во Република Македонија со прогресивното оданочување кога видовме дека сите комори што претставуваат стотици илјадници претпријатија, во кои што работат десетици стотици илјади вработени, беа против и укажуваа на негативните последици од оваа реформа.Не само што ќе ги почувствуваме негативните последици туку со извлекувањето на значителни парични средства од фирмите што се случи во последните два месеци од 2018 година. Понатаму, со бегството односно преселбата на наши професионалци на своите сметки во соседните земји на своите активности во соседните земји подготовките за даночна евазија веќе сме сведоци и ги чувствуваме првите негативни последици од таканаречената даночна реформа со зголемување на даноците од страна на Владата на СДСМ и на ДУИ.Почитувани еден комплекс на прашања кој што зазеде еден добар дел од денешниот прес беше околу зголемување на платите во 2018 година и на очекуваните зголемувања во 2019 година. Имено факт е дека статистиката тоа го потврди платите се зголемени во Република Македонија номинално и тоа за 5, 5 или 5, 7 % што не е за потценување но само да потсетам дека во 2007 година платите беа зголемени за 8 % , 2008 година 10,3 % 2009 година 24 % овдека има и ефекти од воведувањето и на концептот бруто плата односно интегрирањето на некои примања што ги имаа вработените во бруто платата за да настапи финансиската криза рецесијата во Република Македонија и 2009 и 2012 што предизвика умерен раст на платите но сепак како што истакна министерот за финансии имаше раст.Имено, министерот Тевдовски е статистичар и како таков многу добро знае да манипулира со цифрите тој го зеде просекот на раст на платите од 2013 до 2017 година а не се врати малку поназад тоа беа години нели кога дефинитивно се уште се чувствуваат последиците од двете рецесии низ кои што помина Македонија во 2009 и 2012 година и секако дека тоа беше нормално однесување на претпријатијата. Само да потсетам во истиот период соседна Грција ги намали платите за околу 30 % ги намали пензиите за исто така 25 – 30 %.Владата на ВМРО ДПМНЕ тоа често го истакнуваше дека во услови на економска криза пензиите во Република Македонија растеа за разлика како што спомнав во Грција и некои други земји а истото се однесуваше и на платите.Едно од прашањата на кои што ние и претходно имаме укажано а на кое навистина треба да му се обрне внимание е она со што Владата на господинот Заев се фали дека социјалната помош од 1 јануари 2019 година е зголемена за 3 пати. Знаете ова убаво звучи но укажуваме на негативните ефекти и последици на пазарот на труд од една ваква мерка ако се реализира на начин на кој што е зацртана.Внимавајте изедначување на социјалната помош со минималната плата значи декуражирање или обесхрабрување на работоспособните лица да се вклучат во пазарот на работна сила затоа што на пример станува збор за семејства каде што квалификациите се такви што тие на пазарот на труд не би можеле да достигнат до просечната плата или би биле некаде испод просечната плата. Па кој е сега интересот ако државата ви плаќа за седење дома 12.000 денари вие да работите за минимална плата од 12.000 денари или за дополнителни 2.000 денари што би ги добиле или 3 илјади денари за малку повисока плата над минималната. Во услови на стеснување на пазарот на труд во Република Македонија, заради демографските трендови заради иселувањето итн. се губи, односно се пасифизира еден работоспособен дел од работната сила во Република Македонија што секако на економски план ќе има многу негативни последици.И на крај на прашање на новинарите, беше зачнато прашањето на негативните последици од ширењето на хазардните игри, односно игрите на среќа на територијата на Република Македонија од што се видливи бројни реакции од родители и други заинтересирани страни, ние сакаме да предупредиме и да побараме од Владата да поводи сметка во контекстот на она што соседна Албанија нели информациите се дека од почетокот на годинава воведе ригорозни мерки при што по моите сознанија некаде 2300, 2400 такви објекти кладилници се затворени. Може да се очекува притисок на тој капитал на таа опрема на територијата на Република Македонија, ние треба да најдеме начин да се заштитиме од напливот на опреми и отворање на нови места , нови обложувалници наместо оние мерки или намери на Владата дека ќе се анализира кој биле негативните последици итн. Така што овдека сме убедени дека треба да се преземат итни превентивни мерки во оваа насока“, вели Славевски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
bebe-vakcina

Сакаш во градинка, мора вакцина - досега вакцинирани Околу 300 деца

Денеска градинките ги затворија вратите за дечињата кои немаат примено МРП вакцина. Ова е причина родителите да ги вакцинираат своите деца. До поплднево околу 370 деца ја примија вакцината МРП.Инаку министертсвото за здравство прогласи епедимија на морбили на територија на град Скопје. Прстот го нсочи кон антивакциналните кампањи, за кои велат дека го земаат данокот.Според информациите досега, има 19 заболени, од кои 13 се веќе докажани, а шест се сомнителни и за нив се уште се чека лабораториска потврда. Сите заразени не се вакцинирани.

Скопје | пред 7 години

7 год.
studenski-dom

Со мобилен телефон се снимаат женските тушеви во Студентскиот дом Кузман?

Станар во Студентскиот дом „Кузман” смислил начин како да ги гледа оние кои се тушираат во женските тоалети, пишува Вечер.Фоторепортерот на весникот Вечер го фати моментот како од надворешната страна на прозорецот на тоалетот на третиот кат на Домот некој го закачил својот мобилен телефон со цел да ги снима женските тоалети.Иновативноста на овој станар веднаш е споделена на социјалните мрежи со цел да се информираат засегнатите страни.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Германија има потреба од шофери, автомеханичари,чистачи - плата 1800 евра

Германија има потреба од работна сила. Најголема потреба од работници има Берлин, а зад него се Минхен, Хамбург. Повеќе од 10 илјади слободни работни места има во Келн, Штутгарт, Диселдорф.Барани се и возачи, возачи на виљушкари, автомеханичари чии плати се движат околу 14-15 евра од час. Посредници од областа на осигурувањето, магационери и сезонски работници заработуваат околу 16 евра од час. Платата за чистачи се движи до 1.800 евра.Фармацевтската индустрија дава највисоки плати со просечни бруто примања од околу 70.000 евра годишно. На второ место се банките, а на третото индустријата за автомобили. Во машинската индустрија работниците земаат околу 65.000 евра бруто плата годишно.

Свет | пред 7 години

7 год.
buckovski

Бучковски прогнозира дека СДСМ ќе победи во првиот круг на претстојните претседателски избори со разлика од 100.000 гласа пред ВМРО-ДПМНЕ

„ВМРО-ДПМНЕ сега го испитува рејтингот на своите кандидат и таму не гледаме дека е профилиран кандидат кој однапред би имал сериозна поддршка. Можно е по првиот изборен круг, кога би била разликата според мене повеќе од 100.000 гласа за кандидатот на СДСМ, затоа што сум убеден дека СДСМ ќе биде фаворит на овие избори, без разлика кој ќе биде кандидат од оние кои се споменуваат во јавноста, тогаш ќе биде голема дилемата кај ВМРО-ДПМНЕ дали да учествуваат во вториот круг за да биде исполнет цензусот. Во спротивно тивкиот бојкот ќе значи рушење на претседателските избори. Варијантата на Владата дека имаат резервна опција да се отвора Уставот и да се бира претседател во парламентот, според мене е решение кое требаше да биде промовирано не како резултат на неуспешени претседателски избори, туку како решение кое одговара на Уставот и на приликите во Македонија“, вели поранешниот премиер, Владо Бучковски.Според него 2018 година ја одбележал Преспанскиот договор.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mvr

Омаловажувал полициски службеник

На 02.01.2019 година околу 17,20 часот во Скопје на улица „1506“ , Љ.П. (54) омаловажувал и агресивно се однесувал кон полициски службеник при преземање на службени дејствија. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 7 години

7 год.
nagrdai-mvr-1

(ВИДЕО) Наградени полициски службеници за остварени забележителни резултати во работењето

“Чест ми е што како министер за внатрешни работи ja имам можноста да ви оддадам признание за се она што е реализирано изминатиов период, а со особен квалитет и покажана иницијативност во работењето и вршењето на работни задачи во текот на минатата година, и сето тоа да се верификува на ваков начин со доделување решение за зголемен износ на плата.“ Ова меѓу другото, го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешното врачување на триесет решенија на исто толку вработени во различни организациони единици на МВР кои што се еднократно наградени заради остварените забележителни резултати во работењето во текот на изминатата година.Министерот Спасовски потенцираше дека овој успех и постигнатите резултати ќе претставува поттик не само за наградените туку и за нивните колеги, уште поагилно и попосветено да работат во подигнување на интегритетот на полицискиот службеник, и да се соочат со сите професионални предизвици со максимална посветеност и пожртвуваност.Директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски изрази уверување дека сите вработени во МВР ќе продолжат со несмалено темпо на работа.“ Како ваши претпоставени ние сме должни да внимаваме на секој ваш професионален чекор, но и да ги вреднуваме вашите успеси и заложби. Нема да толерираме никакво непочитување на професионалните стандарди или селективност во постапувањето, бидејќи законот мора да важи еднакво за сите“, истакна директорот на БЈБ, Тасевски“.

Скопје | пред 7 години

7 год.
zaev-odgovornost

Заев: Ако истрагата утврди одговорност за бегството на Груевски , ќе ја понесеме почнувајќи од мене, министер, директори, сектори во МВР

„Додека не заврши истрагата предводена од Јавното обвинителство, чесно е извршната власт да не се истрчува со претходни детали што може да бидат дел од предистражна или истражна постапка што ја водат истражните органи. Штом Јавното обвинителство ќе даде пас и тоа на било кој начин ќе го обелодени, ние ќе ги соопштиме сите детали од аспект на извршната власт, пред се, од Министерството за внатрешни работи“, рече премерот Зоран Заев, одговарјќи на новинарско прашање за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски.Заев уште додаде дека ако постои одговорност некаде, и доколку тоа се потврди со конкретни докази и аргументи, одговорноста ќе се понесе почнувајќи од мене, министер, директори, сектори во МВР или било која друга државна институција од извршната власт.-Тука нема дилеми. Уште еднаш потенцирам тајни договори кои значат избегнување на правда немало и нема да има, рече Заев.

Македонија | пред 7 години

7 год.
severna_korea

Најважниот дипломат на Северна Кореја се крие и чека азил од Италија

Севернокорејскиот дипломат Џо Сонг Гил , кој привремено ја вршел функцијата амбасадор во Италија , пребегнал и се крие со семејството на тајно место , објави тајната полиција на Северна Кореја.Амбасадорот на Северна Кореја во Италија, Јо Сонг-гил побара азил во земјата во која ја врши должноста, пренесува „Гардијан“. Со барањето на азил, ова е уште еден случај од ваков тип, каде висок претставник на севернокорејската дипломатија бара азил во една од земјите каде што ја претставува својата држава.Според информациите од дипломатски извори во Сеул, Јужна Кореја, Јо Сонг-гил побарал азил заедно со неговото семејство, а италијанските власти потврдија дека тој е на „сигурно“ додека не се донесе одлука дали неговото барање ќе биде прифатено.Последниот висок диполомат од Северна Кореја кој побара азил и ја напушти својата позиција е Тае Јонг-хо, кој служеше како амбасадор на оваа земја во Лондон до 2016 година.

Свет | пред 7 години

7 год.
lavina

Норвешката полиција трага по четворица туристи од Шведска и Финска, се стравува дека се затрупни од лавина

Норвешката полиција трага по четворица туристи од Шведска и Финска . Тие се водат како исчезнати откако вчера, како што се стравува, ги затрупала лавина во арктичкиот дел на Норвешка.Лавината се случила во северниот норвешки регион Тромс, популарен меѓу скијачите.Временските услови не им дозволиле на спасувачките екипи денеска да ја продолжат потрагата, иако таа се уште не е откажана.

Свет | пред 7 години

7 год.
zaev-cipras

„Нова демократија“ нема да го ратификува Договорот од Преспа - Ципрас треба да бара ново мнозинство

Портпаролката на Нова демократија и европратеничка, Мариа Спираки, во интервју за грчкото радио „Њуз247“, уште еднаш повторува дека Нова демократија нема да го ратификува Договорот од Преспа ниту во овој, ниту во следниот парламент, објави МИА.– Мислам дека не постои нешто друго околу ова прашање. Ова им го имаме кажано на сите наши соговорници и во и надвор од Грција, го имаме кажано со истиот речник, го имаме кажано на сите јазици. Нова демократија нема да го ратификува договорот, ниту во актуелниот ниту во следниот парламент, каде што ќе имаме мнозинство – вели Спираки.Во однос на најавите на коалициониот партнер во владата и лидер на Независни Грци, Панос Каменос, дека ќе се повлече од владата кога договорот ќе дојде во грчкиот Парламент, Спираки вели дека тоа ќе создаде нова ситуација и Ципрас ќе мора да побара доверба од парламентот, јави дописничката на МИА од Атина.– Повлекувањето на господниот Каменос и неговите министри од владата, неопходно е да го одведе господниот Ципрас во парламентот за да побара ново мнозинство. Во спротивно, за нас нема никаков легитимитет – вели портпаролката на Нова демократија во интервјуто за грчкото радио.За можноста Нова демократија да достави иницијатива за гласање недоверба на владата, Спираки уште еднаш повтори дека „сите парламентарни оружја се на маса“, а кое ќе го искористат „е одлука на лидерот на партијата, Кирјакос Мицотакис“.извор: МИАПремиерот Алексис Ципрас треба во грчкиот парламент да бара ново мнозинство, бидејќи неговиот коалициски партнер, Независни Грци, најверојатно нема да гласаат за договорот од Преспа. Ова во интервју за радиото 24. 7 го изјави портпаролката на главната опозициска партија Нова демократија, Марија Спираки.

Свет | пред 7 години

7 год.
kom-higiena-2

На кого му сметаат контењерите за отпад - запалени 10

За време на новогодишните празници, вкупно десет садови за собирање на комуналниот отпад на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје беа запалени и уништени во целост.За време на новогодишните празници, вкупно десет садови за собирање на комуналниот отпад на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје беа запалени и уништени во целост.Најголемиот дел од запалените контејнери се наоѓаа на булеварот Партизански одреди, во општината Карпош, а дел беа поставени на улицата Јане Лукроски, во општината Гази Баба, каде што е опожарен и еден специјален контејнер-ѕвоно, наменет за селекција на стакло.Со овие постапки се нанесува голема финансиска штета на Претпријатието, но и се создаваат проблеми при одлагањето и собирањето на комуналниот отпад во градот. Апелираме граѓаните да престанат со уништувањето на опремата на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје и совесно да го одлагаат својот отпад, за нашите екипи да можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски согласно Оперативната програма за работа.

Скопје | пред 7 години

7 год.
ambasada-germanija-vo-R-Makedonija

Германската амбасада во Скопје реагира: Не е точно дека од почетокот на годинва странските квалификувани работници полесно ќе се вработуваат во Германија

Германската амбасада во Скопје реагира на написите во медиумите дека со почетокот на оваа година, странските квалификувани работници полесно ќе се вработуваат во Германија.Во текот на вчерашниот ден е кружеа информации дека еден македонски работник ќе може да добие право на шест месечен престој во најсилната европска економија ако докаже дека има доволно пари за самостојно да се издржува и покаже одредено ниво на познавање на германскиот јазик.Од германската амбасада велат дека овие информации се неточни.„Информациите за нов закон, кој треба да стапи во сила од 1.1.2019 година и кој на граѓаните од земјите што не се членки на ЕУ ќе им овозможи престој до 6 месеци без работен договор и без работна дозвола во Германија, не се точни. Ве молиме да се информирате на веб страницата на германската амбасада за предусловите и времето на чекање за доделување на работни визи“, стои во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Zoran_Zaev

Има ли Заев 2/3 мнозинство за да поминат уставните измени?

„Конечната бројка на пратеници ќе ја знаеме на чинот на гласање, кој ќе биде резултат на самата дебата, резултат на задоволството на пратениците. Ќе сторам се до последен момент да обезбедам 2/3 мнозинство. Тоа ќе и го соопштам на јавноста во моментот на гласањето“, истакна Премиерот Зоран Заев .Тој уште додаде дека е оптимист дека овој процес ќе се завршимеи додаде дека продолжуваат разговорите со сите.Премиерот додаде дека дебатата ќе почне на 9-ти јануари, а истата предвидено е да трае десет дена.На новинарско прашање дали се сретнал со Касами за да разговара за поддршката за уставните измени, тој не даде конкретен одговор и рече дека очекува со сигурност дека 80 пратеници ќе гласаат за уставните измени на седеницата закажана за 12 јануари.А на новинарско прашање кога ќе влезе Македонија во НАТО, Заев рече дека очекува тоа да се случи во февруари.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sneg-skopje-1

Зимската служба на Град Скопје подготвена за врнежите од снег

Зимската служба на Град Скопје е подготвена за одржување на градските улици и булевари по најавите за врнежи од снег и ниски температури во наредниве денови, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на градските сообраќајници во зимски услови.

Скопје | пред 7 години

7 год.
perihel-2

Земјата е во перихел - Што значи тоа?

Вчера, 2 јануари во 23 часот и 50 минути, планетата Земја беше најблиску до Сонцето за 2016 година, во положба наречена перихел. Во тој момент, нивното растојание ќе изнесува 147 милиони км. Тоа е за 2,5 милиони км помалку од просечното, односно околу 5 милиони км помалку од максималното растојание (152 милиони км) помеѓу Земјата и Сонцето, положба познато како афел (датум: 4 јули 2016 година). Поради близината до Сонцето, во месецот јануари Земјата се движи околу 1 км/сек побрзо (30,3 км/сек) по својата патека отколку во јули, што е причина и за малку пократко траење на годишните времиња (зима на северната, а лето на јужната полутопка) во овој период. Причината за перихел и афел е тоа што Земјината патека (орбита) не е сосема кружна, туку малку елиптична, со едниот крај на „елипсата“ малку поблиску до Сонцето, пишува д-р Ивица Милевски.Иако би требало да се очекува помалото растојание да резултира со потопли јануарско-февруарски лета на јужната полутопка, тоа не е така заради многу понерамномерниот распоред на водата и копното. Сепак, има еден друг многу значаен ефект, а тоа е што количеството на УВ и други зрачења од Сонцето во овој период е поголемо за околу 7%. Тоа зголемување е доволно да предизвика значајни ефекти врз испарувањето на водата во Светскиот океан, влијаејќи врз глобалниот и регионалниот распоред на врнежи. Поради оштетувањето на озонските слоеви, перихелната положба во последно време понеповолно се одразува врз живите организми и човекот, главно преку намалување на имунолошкиот одговор или преку оштетување на кожата и очите. Затоа, без оглед што е зима, треба да се внимава на изложеноста на директното сончево зрачење, особено на повисоките планини!Поради перихелната положба, Сонцето овие денови одлично се гледа и фотографира со послаби оптички инструменти кои имаат заштита и филтри (може и темна, неупотребена филм-фолија или тенка алуминиумска фолија).Инаку, уште порано беа наведени прогнозите на големите светски метеоролошки агенции дека вистинска „снежна“ зима на Балканот ќе се појави по перихелот. Таквите прогнози сеуште се неизвесни, иако има најава за посилни снежни врнежи во текот на идната недела.Автор: д-р Ивица Милевски

Магазин | пред 7 години

7 год.
bebe-vakcina

Клиника за детски болести: Ги повикуваме родителите да ги вакцинираат децата, вакцините се безбедни

Од Клиниката за детски болести апелираат до родителите да ги вакцинираат своите деца и велат дека вакцините се квалитетни и безбедни.„ЈЗУ Клиниката за детски болести ја поддржува иницијативата за имунизација на децата со МРП вакцина. Од имунолошки апсект е оправдана имунизацијата со што се заштитува детето, но придонесува и за искоренување на болеста.Ги повикуваме сите родители да ги вакцинираат децата кои се невакцинирани. Вакцините се квалитетни и безбедни, и се единствен начин да се заштити колективниот имунитет”, се вели во соопштението на Клиниката за детски болести.

Македонија | пред 7 години

7 год.
bertrand-bouchez-409305-unsplash-37oja9s32pd8j8p2vazym8

МЕПСО демантира дека бил склучен договор за набавка на дронови во четири очи

МЕПСО ги демантира наводите дека бил склучен „договор за набавка во четири очи каде набавка зависи само од желбата и волјата на менаџментот на државната институција“ во текст објавен на 1 јануари 2019 година на порталот Лидер.„Во интерес на целосно и објективно информирање на јавноста известуваме дека договорот за набавка на стоки „Специјални летечки уреди (дронови) за извршување вонредни прегледи на далекуводи“ е склучен откако во целост е спроведена соодветна транспарентна постапка за јавна набавка согласно со Законот за јавни набавки. Имено, договорот со правното лице „Флај Кем ДООЕЛ“ е склучен откако е објавен тендер на кој на е-аукција компанијата дала најповолна цена за набавка на 4 дронови и за обука на лица од МЕПСО за управување со тие уреди. Дополнително аргумент во полза на тоа дека е добиена поволна понуда е тоа што планираната вредност на набавката била 922.500 денари, а набавката е реализирана за вредност од 779.980 денари со вклучен ДДВ. Сите овие податоци се достапни на следниот линк https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-evidences/0e1d1b9c-ccbc-4961-998b-89536d3dc5cf јавно достапен на е-системот на Бирото за јавни набавки. Со ова ги отфрламе како неточни, тенденциозни и злонамерни наводите во текстот дека бил склучен деговор во четири очи со што се алудира дека одредено правно лице било фаворизирано.Дополнително, набавката на 4 дрона произлезе од потребите на МЕПСО односно на далекуводните екипи за поефикасно откривање на можни дефекти на преносната мрежа. Овие уреди овозможуваат за многу пократко време да се направи увид на далекуводна траса и да се детектира точна локација на евентуален дефект. Тоа ја прави работата на далекуводните екипи многу поефикасна затоа што за значајно пократко време утврдуваат локација на дефект и превземаат мерки за негово отстранување на која и да е точка од преносната мрежа на МЕПСО со вкупна должина од 2.100 километри. Ова во значајна мерка ја зголемува ефикасноста во работењето на МЕПСО и на подобрува продуктивноста на електромонтерите во далекуводните екипи се со цел стабилно и навремено снабдување со квалитетна електрична енергија на сите потрошувачи на преносната мрежа“, се вели во демантот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

До 12 часот се вакцинирани вкупно 267 деца со МРП вакцина

Министерството за здравство апелира до сите родители да ги вакцинираат децата со МРП вакцина.„Потсетуваме дека се уште е на сила наредбата дека децата, кои се невакцинирани нема да бидат примени во детските градинки, со цел да се спречи ширењето на епидемијата прогласена во Скопје.Министерството информира дека денеска до 12 часот се вакцинирани вкупно 267 деца од предучилишна возраст. Инаку, до овој момент е добиена лабораториска потврда за две лица, од шестте новозаболени, додека за две од нив резултатите се негативни, а кај еден случај  на дете за кое се прават дополнителни лабораториски испитувања.Министерството за здравство, во соработка со Здравствен дом-Скопје воведува и втора смена во поликлиниките, каде се врши вакцинација, односно вакциналните пунтови во поликлиниките „Букурешт“, „Бит Пазар“ и „Јане Сандански“ ќе работат до 19 часот.Напоменуваме дека МРП вакцината е висококвалитетна, производител е компанијата GlaxoSmithKline од Белгија“, велат од Министерството за здравство. 

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања