„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
7 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Ги намаливме трошоците и обезбедивме повеќе пари во секое домаќинство

Во досегашниот период, Владата предводена од СДСМ преку низа спроведени мерки позитивно влијаеше врз намалувањето на трошоците и обезбедување повеќе пари во секое домаќинство, велат од СДСМ.„Намалувањето на трошоците започна со воведувањето на евтината тарифа на струјата, со која граѓаните на годишно ниво заштедуваат над 11 милиони евра, како и укинувањето на радиодифузната такса којашто на годишно ниво на граѓаните им заштедува околу 12 милиони денари.Мерките за намалување на трошоците на граѓаните продолжуваат. Усвоен е Законот за отпис на камати на долгови којшто ќе ги намали троошоците на заостанатите сметки за струја, вода, телефонија и интернет и ќе го олесни животот на граѓаните, особено оние од ранливите категории“, велат од партијата.Оттаму додаваат дека се намалуваат трошоците за нотарските и услугите на извршителите за 50 отсто до 90 отсто, а со новите тарифници, ќе бидат укинати дури 16 ставки коишто порано се наплаќаа.„Ставаме крај на драконското казнување, воведуваме опомена пред казна и правична казнена политика. Казните се намалуваат и до 75 отсто, се воведува опомена пред казнување, глобите ќе се одредуваат пропорционално на прекршокот, а за првпат се воведува и градација помеѓу малите, средни и големи претпријаија.Со тоа, се постигнува целта казната да не го отежнува животот на граѓаните и компаниите, туку казните пред се да имаат превентивна и корективна улога.И во годината што доаѓа, Владата предводена од СДСМ продолжува посветено да ги спроведува мерките што обезбедуваат намалени трошоци за живот, повеќе пари во семејствата и повисок животен стандард за сите граѓаните“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Тевдовски: Даночната реформа за мнозинството граѓани ќе значи даночно олеснување

Даночната реформа за мнозинството граѓани ќе значи даночно олеснување, односно дека од годинава ќе плаќаат помалку даноци од лани. Ова во интервју за МТВ го истакна министерот за финансии Драган Тевдовски кој посочи дека со реформата за најголем дел од населението стапката на персоналниот данок ќе остане 10%, а даночното ослободување дури ќе им овозможи да платат помалку, бидејќи ослободувањето е зголемено од 7.500 на 8.000 денари.- Нашето решение воведува даночно олеснување што значи дека за најголем дел од населението ќе остане да плаќа опо единствена стаопка од 10%, а даночното ослободување дури ќе им овозможи да платат помалку, бидејќи се зголеми ослободувањето од 7.500 на 8.000 денари, или едноставно да кажам дека нема оптоварување на работниците на вработените кои работат во фирмите, туку дополнително даночно оптоварување има само на еден процент за лицата со највисок доход-вели Тевдовски.Министерот за финансии посочува со реформата се правви и разлика помеѓу доход од труд и доход од капитал како што се дивиденди на пример.-Просечната плата во Македонија е 24.000 денари. Дури и во секторот кој има највисоки плати, а тоа е ИТ секторот, платата е околу 1.000 евра, тоа значи дека за мнозинството вработени, вклучително и ИТ секторот тие ќе оданочувани кај персоналниот само по единствената стапка од 10%, а додека даночното ослободување го намалува даночното оптоварување, особено кај најниските плати.-вели Тевдовски.Очекувањата на министерот за финансии за 2019 година се дека растот на економијата ќе биде посилен од претходната, како и дека ќе продолжи растот на платите. Тој очекува дека паралелно со тоа ќе имаме бенефити и од приближувањето до НАТО, бидејќи праксата на регионот на земјите покажала дека по членството, многукратно се зголемуваат странските директни инвестиции. Како пример Тевдовски ја наведе Бугарија, каде странските директни инвестиции се зголемени за три пати како процент од БДП пет години по членството во НАТО.Тевдовски истакна дека годината која измина на Владата бил растот на платите и намалување на стапката на невработеност. Во полето највните финансии Министерството за финансии работело напорно на 10 системски реформи, кои значајно го подобруваат системот на јавните финансии.

Македонија | пред 7 години

7 год.
anketi-kandidtai

Анкетите почнаа - Константин, Мишел, Лазе, Пецаков, Паскали, Донев ...

Деновиве во Охрид интензивно се прават анкети со кои се мери рејтингот на поедини личности кои се спомнуваат во јавноста или се посакуваат од политичките центри како потенцијални кандидати за претстојните Локлани избори кои ќе мора да се одржат најдоцна до мај 2019 година.Според она што анкетарите прашуваат најмногу од прашањата кои се поставуваат се однесуваат на актуелниот в.д. Градоначалник Константин Георгиевски од СДСМ и на адвокатот Мишел Наумоски кој дел од ВМРО ДПМНЕ.Сериозен дел од прашањата на анкетите е посветен и на Лазе Танески кој е Претседател на СДСМ Охрид и успешен менаџер и инвеститор во хотелски бизниси, а секако тука е и Сашо Донев кој е прв човек на ВМРО ДПМНЕ.На анкетата се ставени и Кирил Пецаков, Томислав Тунтев, Жаклина Лазареска, Васко Паскали, Лазар Коњаноски, Гордана Коњаноска, Митко Тилев, Дејан Паноски, Димитар Спасески, Љупчо Грданоски и други.Во посебен дел се обработува со прашања еден познат охридски бизнисмен, кој се смета за најуспешен „self made man“ во охридските бизнисмени ( човек кој сaм се остварил ) и кој целиот свој бизнис успех го должи на својата работа која повеќе од 20 години е далеку од политиката и политичките криминални центри.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Внимавајте ако патувате преку планинскиот превој Ѓавато

Утрово кашест снег е застапен на државните патишта, а на поголем дел од патиштата низ земјава има и забрана за сообраќај на тешки товарни возила.Задолжителна е употреба на зимска опрема за сообраќај преку планинскиот превој Ѓавато.Доколку мора да патувате задолжително почитувајте ги правилата за патување во зимски услови кои ги наложува АМСМ.https://www.facebook.com/blagojce.markovski.12/videos/2901390893210696/

Македонија | пред 7 години

7 год.
svr

Две сообраќајни несреќи во кои се удрени пешаци

На 02.01.2019 година во 17,10 часот на регионалниот пат Тетово - село Пирок, поточно во село Голема Речица, Р.Е.(45) од село Мала Речица, тетовско, управувајќи патничко моторно возило „Сеат Леон“ со тетовски регистарски ознаки удрил во пешакот А.А.(73) од село Голема Речица. По незгодата , пешакот А.А. бил пренесен во Клиничка болница Тетово и по укажана лекарска помош бил пренесен во Комплекс клиники "Мајка Тереза" во Скопје. Извршен е увид на местото на настанот.На 02.01.2019 година околу 19,30 часот на крстосница од улица „Борис Кидрич“ и улица „Крушевска“ во Прилеп, З.М.(54) од Прилеп управувајќи патничко моторно возило „тојота авенсис“ со бугарски национални ознаки удрил во пешаците Д.К.(75) и С.К.(72) двајцата од Прилеп. Во незгодата С.К. се здобила со тешки телесни повреди по што пренесена е во Општа болница Прилеп. Извршен е увид на местото на настанот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mvr

Српски држвјанин излетал од патот на регионалниот пат Гостивар-Маврово

На 02.01.2019 година во 01,20 часот било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар-Маврово кај Новоселски Мост–с.Ново Село патничко моторно возило „Нисан“ со српски национални ознаки управувано од Ф.И.(32) од Р.Србија, излетало од коловозот. Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Гостивар, а потоа во комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гостивар. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
grabes

Украдени 2,3 милиони евра од блиндирано возило во Италија

На автопат во јужна Италија од блиндирано возило се украдени 2,3 милиони евра, сопшти италијанската полиција.Возилото, кое од Бари пренесувало пари за пензии кон поштите, мскирните крадци го стопирале на патот со два шлепера, а потоа користеле два ровокопачи како отварачи за да дојдат до парите.Според полицијата ниту еден од тројцата обезбедувачи на парите не е повреден.

Свет | пред 7 години

7 год.
nasa-11

(ВИДЕО) НАСА покажа фотографија на најоддалечениот вселенски објект во Сончевиот систем

НАСА ја покажа првата фотографија на Ултима Туле, најоддалечениот вселенски објект забележан од човештвото, потврдија од вселенската прес служба.На сликата, Ultima Thule изгледа како кикирика - вселенскиот објект е силно издолжен, измерен околу 32 км на 16 км. Деновиве се очекуваат повеќе фотографии од помало растојание. Најдобрите фотографии во боја нема да се добијат до февруари. Тие ќе откријат дали Ultima Thule има прстени, сателити или кратери.Сите податоци од сондата Нов Хоризонт ќе бидат примани во текот на две години. Сондата Нов Хоризонт вчера се доближи околу 3500 км од Ultima Thule.

Магазин | пред 7 години

7 год.
vmro_dpmne

ВМРО ДПМНЕ: Заради криминогената и расипничка власт на СДСМ граѓаните ќе плаќаат повисоки даноци

Власта продолжува да ги осиромашува граѓаните. Заради криминогената и расипничка власт на СДСМ граѓаните ќе плаќаат повисоки даноци. Новогодишната честитка за граѓаните од одродената власт на чело со аболицираниот Заев пристига во форма на повисоки давачки кон државата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.– Земјоделците, оние луѓе кои чесно и макотрпно го печалат својот леб оваа година ќе плаќаат за 50 проценти поголеми даноци од оние кои што ги плаќале досега. Сите оние кои што досега работеле со договор на дело сега исто така ќе плаќаат поголеми даноци за 50 проценти. Оние пак граѓани кои не можат да најдат работа и лебот го вадат од рента, сега ќе плаќаат данок поголем за неверојатни 100 проценти. На удар се и најсиромашните кои во услови на беспарица, среќата си ја бараат во обложувалниците или игрите на среќа. Сите оние за кои алчните функционери на СДСМ процениле дека треба да им го плаќаат раскошот. Власта на СДСМ наместо да ги мотивира претприемачите да ја реинвестираат својата добивка во нови производствени капацитети или проширување на старите со цел отворање на нови работни места, дополнително го дестимулира реинвестирањето поради фактот што сега фирмите и за реинвестираната добивака ќе плаќаат данок, се наведува во партиското соопштение.Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека Власта продолжува со погубните политики на штета на граѓаните, за лична корист на врхушката на Бихаќка.-Партиските и државните функционери ги полнат своите џебови преку црни и криминални тендери и грантови, измислени функции, на штета на обичниот граѓанин. За да биде појасно цели 10 проценти од новособраниот арач ќе заврши во џебовите на новите партиски назначени заменици директори на јавни претпријатија, парите на граѓаните ќе завршат во џебот на измислените функционери со единствена цел задоволување на партиски интереси на СДСМ. Црнилата се тука, црнилата се во форма на погубната даночна политика, во форма на криминалната и одродена власт која работи спротивно на интересите на своите граѓани. Црнилата се за секое загубено работно место, банкротиран земјоделец, осиромашен граѓанин како резултат на новата даночна политика. Сепак македонските граѓани ја навестија зората, зората која ќе ги порази црнилата. Зората ќе дојде на следните парламентарни избори на кои ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, а ден потоа кога ќе ја формира власта ќе ги намали сега зголемените даноци, порачаа од партијата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sv-julijana

Според календарот на МПЦ денеска е Св. маченица Јулијана

Света Јулијана живеела и пострадала за Христа во градот Витинија, Мала Азија, во третиот век. Потекнувала од богата и угледна фамилија. Уште додека била малечка, била ветена за жена на некојси Елевсиј, кој исто така потекнувал од висок род. Додека растела, Јулијана се запознала со Христовото учење и поверувала во единствениот Бог. Кога и дошло време за мажење, таа не сакала да влезе во брак со Елевсиј, зашто овој бил незнабожец. Родителите не успеале да ја разубедат и најпосле ја предале како христијанка на Елевсиј, кој во тоа време бил управник. Елевсиј ја измачувал два дена, а потоа ја погубил. Оваа блажена девојка пострада во 290 година.

Македонија | пред 7 години

7 год.
taksi

Три лица ограбиле таксист во Арачиново

На 01.01.2019 година во 03,30 часот во СВР-Скопје такси возач С.С.(58) пријавил дека истиот ден околу 01,30 часот во с.Арачиново од страна на три лица откако претходно му рекле да ги превезе до Куманово извршено му било разбојништво и одземени му биле околу 400 денари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
873x400

Пијан тинејџер кршел се пред себе во болница во Загреб

Тинејџер на новогодишната ноќ кршел се пред себе во болница во Загреб, велат хрвaтските медиуми.Според информациите момчето било на возраст од 14 години, а кога дошол во болницата тој имал 4 промили алкохол во крвта. Бил однесен на детоксикација, а при крајот на процесот започнал да дивее и да крши врати, прозорци и телевизори.Докторите и обезбедувањето во болницата се обиделе да го смират пијаниот тинејџер, но кога не успеале повикале полиција која го совладала и го пренела во психијатриска болница за деца и млади. 

Свет | пред 7 години

7 год.
49140137_1046149632257509_3415473575644102656_n

(ФОТО) Внимателно на патот Битола - Ресен

Врнежите од снег кои од вчера попладне ја зафатија територијата на Македонија предизвикаа  проблеми во сообраќајот. Возачите се нервозни бидејќи како што велат снегот кој падна во текот на изминатиот ден на патот Битола – Ресен не е исчистен. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
48364357_2002617993186520_7468203955940491264_n

Облачно и студено време со врнежи од снег

Денес не очекува облачно и студено време со врнежи од снег особено претпладне, и повеќе во западните и јужните делови од земјава. Ќе дува засилен северен ветер најизразен долж Повардарието па ќе има услови за појава на навеви од снег. Температурите ќе се движат од -5 до 1 степен.Во Скопје блачно со врнежи од снег и температура од -1 до 1 степен.Потоа во наредните денови ќе биде променливо облачно и студено со многу ниски утрински температури и со слаби локални врнежи од снег, во петок повеќе на исток и понекаде во планините на западот, а во недела претежно на северот. Најсончево ќе биде во сабота. Поради ниските температури ќе има појава на голомразица.

Македонија | пред 7 години

7 год.
UGTPZ-pat-sneg-kamion

Се уште важи забраната за тешки товарни возила на патните правци Маврово - Дебар и Стража

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи.„Забраните за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци крак Маврово – Дебар, Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража се уште се на сила“, велат од Македонијапат.ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
5

(ВИДЕО) Автомобил заврши во охридска река, поради лизгавите улици

Автомобил заврши во реката „Сушица“ откако претходно се излизгал од коловозот на улицата „Радојца Новиќиќ“ во Охрид.Полицијата врши увид на местото на настанот, а според првите неофицијални информации нема настрадани и посериозно повредени.

Македонија | пред 7 години

7 год.
00-nikolic-danilov_620x0

Почина познатиот српски глумец Марко Николиќ

Почина познатиот српски глумец Марко Николиќ, потврди неговата ќерка на социјалните мрежи.Таа покрај фотографијата со нејзиниот татко ги напиша само годината на неговото раѓање и смрт.Марко Николиќ е роден во Краљево на 20 октомври 1946 година.Тој беше член на Народниот театар од 1970 година. Телевизиската слава ја стекна со главната улога во ТВ серијата „Подобар живот“ (1987, 1990. Година), како и со улогата на Караѓорѓее, во неколку ТВ драми и во серијата „Вук  Караџиќ“.

Свет | пред 7 години

7 год.
nesreca-sarajevo-810x563

(ВИДЕО) Хаос на улиците во Сараево, снегот предизвика неколку верижни судири

Во поголемиот дел од Босна и Херцеговина од утрово паѓа снег и истиот за брзо ги покри улиците, а тоа предизвика отежнато одвивање на сообраќајот.Во Источно Сараево дошло до верижен судир, откако два автомобили не можеле да застанат, па се удриле во три возила кои претходно се судриле.На автомобилите е направена само материјална штета.https://www.facebook.com/CrnaHronikaBiHofficial/videos/370267467082785/Исто така на друго видео може да се забележи автомобил кој удира во друг автомобил со што поместуваат уште шест останати кои се паркирани.https://www.facebook.com/isradioportal/videos/2237504503190973/

Свет | пред 7 години

7 год.
andrej

Папаз открива: Спремам големо модно шоу во Македонија, затоа Америка ќе мора да ме почека

Креативен, критичен, едноставен и со уникатен стил. Неговите безвременски креации ги носат македонските ѕвезди, а неговото име надалеку се слуша. Новата година само што започна, а модниот дизајнер Андреј Папаз Ѓоргиевски веќе работи на нова колекција, големи проекти и модно шоу кое ќе се памети. Дека се „крчка“ нешто големо, може да се забележи и од неговите одговори, а посебно во делот каде Папаз вели „Во моментов имам навистина значајни професионални ангажмани во Македонија, само вистински предизвик би ме одвлекол од тука. Америка ќе мора да ме почека“.Во продолжение ви го пренесуваме целиот разговор со Андреј Папаз Ѓоргиевски.„Скопје 1“: Дали во 2019 ќе видиме нов Андреј или пак нова колекција?-Папаз: Промените од година во година се неизбежни. Андреј за оние приватно што го знаат ќе остане истиот, или уште подобар за оние кои заслужиле, а на професионален план ќе се случат големи проекти, можеби и најубавите до сега во мојата кариера. Нова официјална колекција ќе има, но тоа некако постојано го премолчувам поради тоа што спремам големо модно шоу.„Скопје 1“: Кога ќе видиш лошо парче облека, што прво помислуваш?-Папаз: Периодов се изнагледав лоша облека низ трговските центри, а во голема мера истата ја видов на новогодишните забави. И по толку време мене се уште не ми е јасно како може да се случуваат модни катастрофи, каде преовладува пренатрупаност и невкус. Така што, тука недостасуваат уште многу лекции за модно освестување, но пред тоа треба да се случат некои позначајни индивидуални промени.„Скопје 1“: Деколте или ролка?-Папаз: Зависи од тоа кој и како го носи. Девојка која носи деколте ненападно, на начин како да носи ролка, која не се обидува агресивно да ги презентира атрибутите, според мене е вистинскиот моден рецепт.-„Скопје 1“: Дали би ја напуштил Македонија за да работиш во Америка?-Папаз: Во моментов имам навистина значајни професионални ангажмани во Македонија, само вистински предизвик би ме одвлекол од тука. Америка ќе мора да ме почека.„Скопје 1“: Што повеќе ти пречи, лоша храна или лоша облека?-Папаз: Со добро квалитетно вино преминувам преку лоша храна, но не и преку лоша облека.„Скопје 1“: Три работи што си ги направил во 2018 и се каеш за истите?-Папаз: Првото нешто за кое се каам за минатата а ќе се каам и во Новата година е тоа што не си давам одмор и оддишка, тоа нешто и после толку долго време не знам да го доведам до ред. Второто нешто за што се каам е тоа што не знам да кажам „не” и „доста”, а трето веројатно и да нема, бидејќи 2018 навистина беше убава година.„Скопје 1“: Ако ти се даде шанса, дали би направил промена во стилот на премиерот Заев и како треба да изгледа според тебе?-Папаз: Политичарите и нивните најблиски кај нас се најголеми ѕвезди, соработката помеѓу нив и македонските дизајнери можеби и треба повеќе да се актуелизира. Бидејќи премиерот Заев веќе е докажан во успешните договори, сметам дека би имале одлична соработка, затоа што модерниот префинет изглед треба да биде дел од секој (европски) човек.„Скопје 1“: Како не треба да се облекуваме во 2019 година?-Папаз: Веројатно првиот совет би бил да го пронајдат индивидуалниот стил адаптиран на личниот буџет, без да си прават фарса по социјалните мрежи. Копирањто никогаш не било во мода.

Магазин | пред 7 години

7 год.
UGTPZ-pat-sneg-kamion

Забрана за тешки товарни возила на патот Струга - г.п. Ќафасан

„Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози во западните и југозападните делови од државата каде наместа на некои повисоки места има остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи. Во источните и јужните делови од државата коловозите се претежно суви.Забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар се уште е на сила.Од 18.45ч поради врнежи од снег од превентивни причини се воведува забрана за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.Од 21.30.ч поради врнежи од снег се воведува забрана за тешки товарни возила на патниот правец Струга – г.п. Ќафасан“, велат од Македонијапат.ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања