„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Внимавајте ако патувате преку планинскиот превој Ѓавато

Утрово кашест снег е застапен на државните патишта, а на поголем дел од патиштата низ земјава има и забрана за сообраќај на тешки товарни возила.Задолжителна е употреба на зимска опрема за сообраќај преку планинскиот превој Ѓавато.Доколку мора да патувате задолжително почитувајте ги правилата за патување во зимски услови кои ги наложува АМСМ.https://www.facebook.com/blagojce.markovski.12/videos/2901390893210696/

Македонија | пред 7 години

7 год.
svr

Две сообраќајни несреќи во кои се удрени пешаци

На 02.01.2019 година во 17,10 часот на регионалниот пат Тетово - село Пирок, поточно во село Голема Речица, Р.Е.(45) од село Мала Речица, тетовско, управувајќи патничко моторно возило „Сеат Леон“ со тетовски регистарски ознаки удрил во пешакот А.А.(73) од село Голема Речица. По незгодата , пешакот А.А. бил пренесен во Клиничка болница Тетово и по укажана лекарска помош бил пренесен во Комплекс клиники "Мајка Тереза" во Скопје. Извршен е увид на местото на настанот.На 02.01.2019 година околу 19,30 часот на крстосница од улица „Борис Кидрич“ и улица „Крушевска“ во Прилеп, З.М.(54) од Прилеп управувајќи патничко моторно возило „тојота авенсис“ со бугарски национални ознаки удрил во пешаците Д.К.(75) и С.К.(72) двајцата од Прилеп. Во незгодата С.К. се здобила со тешки телесни повреди по што пренесена е во Општа болница Прилеп. Извршен е увид на местото на настанот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mvr

Српски држвјанин излетал од патот на регионалниот пат Гостивар-Маврово

На 02.01.2019 година во 01,20 часот било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар-Маврово кај Новоселски Мост–с.Ново Село патничко моторно возило „Нисан“ со српски национални ознаки управувано од Ф.И.(32) од Р.Србија, излетало од коловозот. Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Гостивар, а потоа во комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гостивар. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
grabes

Украдени 2,3 милиони евра од блиндирано возило во Италија

На автопат во јужна Италија од блиндирано возило се украдени 2,3 милиони евра, сопшти италијанската полиција.Возилото, кое од Бари пренесувало пари за пензии кон поштите, мскирните крадци го стопирале на патот со два шлепера, а потоа користеле два ровокопачи како отварачи за да дојдат до парите.Според полицијата ниту еден од тројцата обезбедувачи на парите не е повреден.

Свет | пред 7 години

7 год.
nasa-11

(ВИДЕО) НАСА покажа фотографија на најоддалечениот вселенски објект во Сончевиот систем

НАСА ја покажа првата фотографија на Ултима Туле, најоддалечениот вселенски објект забележан од човештвото, потврдија од вселенската прес служба.На сликата, Ultima Thule изгледа како кикирика - вселенскиот објект е силно издолжен, измерен околу 32 км на 16 км. Деновиве се очекуваат повеќе фотографии од помало растојание. Најдобрите фотографии во боја нема да се добијат до февруари. Тие ќе откријат дали Ultima Thule има прстени, сателити или кратери.Сите податоци од сондата Нов Хоризонт ќе бидат примани во текот на две години. Сондата Нов Хоризонт вчера се доближи околу 3500 км од Ultima Thule.

Магазин | пред 7 години

7 год.
vmro_dpmne

ВМРО ДПМНЕ: Заради криминогената и расипничка власт на СДСМ граѓаните ќе плаќаат повисоки даноци

Власта продолжува да ги осиромашува граѓаните. Заради криминогената и расипничка власт на СДСМ граѓаните ќе плаќаат повисоки даноци. Новогодишната честитка за граѓаните од одродената власт на чело со аболицираниот Заев пристига во форма на повисоки давачки кон државата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.– Земјоделците, оние луѓе кои чесно и макотрпно го печалат својот леб оваа година ќе плаќаат за 50 проценти поголеми даноци од оние кои што ги плаќале досега. Сите оние кои што досега работеле со договор на дело сега исто така ќе плаќаат поголеми даноци за 50 проценти. Оние пак граѓани кои не можат да најдат работа и лебот го вадат од рента, сега ќе плаќаат данок поголем за неверојатни 100 проценти. На удар се и најсиромашните кои во услови на беспарица, среќата си ја бараат во обложувалниците или игрите на среќа. Сите оние за кои алчните функционери на СДСМ процениле дека треба да им го плаќаат раскошот. Власта на СДСМ наместо да ги мотивира претприемачите да ја реинвестираат својата добивка во нови производствени капацитети или проширување на старите со цел отворање на нови работни места, дополнително го дестимулира реинвестирањето поради фактот што сега фирмите и за реинвестираната добивака ќе плаќаат данок, се наведува во партиското соопштение.Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека Власта продолжува со погубните политики на штета на граѓаните, за лична корист на врхушката на Бихаќка.-Партиските и државните функционери ги полнат своите џебови преку црни и криминални тендери и грантови, измислени функции, на штета на обичниот граѓанин. За да биде појасно цели 10 проценти од новособраниот арач ќе заврши во џебовите на новите партиски назначени заменици директори на јавни претпријатија, парите на граѓаните ќе завршат во џебот на измислените функционери со единствена цел задоволување на партиски интереси на СДСМ. Црнилата се тука, црнилата се во форма на погубната даночна политика, во форма на криминалната и одродена власт која работи спротивно на интересите на своите граѓани. Црнилата се за секое загубено работно место, банкротиран земјоделец, осиромашен граѓанин како резултат на новата даночна политика. Сепак македонските граѓани ја навестија зората, зората која ќе ги порази црнилата. Зората ќе дојде на следните парламентарни избори на кои ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, а ден потоа кога ќе ја формира власта ќе ги намали сега зголемените даноци, порачаа од партијата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sv-julijana

Според календарот на МПЦ денеска е Св. маченица Јулијана

Света Јулијана живеела и пострадала за Христа во градот Витинија, Мала Азија, во третиот век. Потекнувала од богата и угледна фамилија. Уште додека била малечка, била ветена за жена на некојси Елевсиј, кој исто така потекнувал од висок род. Додека растела, Јулијана се запознала со Христовото учење и поверувала во единствениот Бог. Кога и дошло време за мажење, таа не сакала да влезе во брак со Елевсиј, зашто овој бил незнабожец. Родителите не успеале да ја разубедат и најпосле ја предале како христијанка на Елевсиј, кој во тоа време бил управник. Елевсиј ја измачувал два дена, а потоа ја погубил. Оваа блажена девојка пострада во 290 година.

Македонија | пред 7 години

7 год.
taksi

Три лица ограбиле таксист во Арачиново

На 01.01.2019 година во 03,30 часот во СВР-Скопје такси возач С.С.(58) пријавил дека истиот ден околу 01,30 часот во с.Арачиново од страна на три лица откако претходно му рекле да ги превезе до Куманово извршено му било разбојништво и одземени му биле околу 400 денари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
873x400

Пијан тинејџер кршел се пред себе во болница во Загреб

Тинејџер на новогодишната ноќ кршел се пред себе во болница во Загреб, велат хрвaтските медиуми.Според информациите момчето било на возраст од 14 години, а кога дошол во болницата тој имал 4 промили алкохол во крвта. Бил однесен на детоксикација, а при крајот на процесот започнал да дивее и да крши врати, прозорци и телевизори.Докторите и обезбедувањето во болницата се обиделе да го смират пијаниот тинејџер, но кога не успеале повикале полиција која го совладала и го пренела во психијатриска болница за деца и млади. 

Свет | пред 7 години

7 год.
49140137_1046149632257509_3415473575644102656_n

(ФОТО) Внимателно на патот Битола - Ресен

Врнежите од снег кои од вчера попладне ја зафатија територијата на Македонија предизвикаа  проблеми во сообраќајот. Возачите се нервозни бидејќи како што велат снегот кој падна во текот на изминатиот ден на патот Битола – Ресен не е исчистен. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
48364357_2002617993186520_7468203955940491264_n

Облачно и студено време со врнежи од снег

Денес не очекува облачно и студено време со врнежи од снег особено претпладне, и повеќе во западните и јужните делови од земјава. Ќе дува засилен северен ветер најизразен долж Повардарието па ќе има услови за појава на навеви од снег. Температурите ќе се движат од -5 до 1 степен.Во Скопје блачно со врнежи од снег и температура од -1 до 1 степен.Потоа во наредните денови ќе биде променливо облачно и студено со многу ниски утрински температури и со слаби локални врнежи од снег, во петок повеќе на исток и понекаде во планините на западот, а во недела претежно на северот. Најсончево ќе биде во сабота. Поради ниските температури ќе има појава на голомразица.

Македонија | пред 7 години

7 год.
UGTPZ-pat-sneg-kamion

Се уште важи забраната за тешки товарни возила на патните правци Маврово - Дебар и Стража

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи.„Забраните за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци крак Маврово – Дебар, Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража се уште се на сила“, велат од Македонијапат.ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
5

(ВИДЕО) Автомобил заврши во охридска река, поради лизгавите улици

Автомобил заврши во реката „Сушица“ откако претходно се излизгал од коловозот на улицата „Радојца Новиќиќ“ во Охрид.Полицијата врши увид на местото на настанот, а според првите неофицијални информации нема настрадани и посериозно повредени.

Македонија | пред 7 години

7 год.
00-nikolic-danilov_620x0

Почина познатиот српски глумец Марко Николиќ

Почина познатиот српски глумец Марко Николиќ, потврди неговата ќерка на социјалните мрежи.Таа покрај фотографијата со нејзиниот татко ги напиша само годината на неговото раѓање и смрт.Марко Николиќ е роден во Краљево на 20 октомври 1946 година.Тој беше член на Народниот театар од 1970 година. Телевизиската слава ја стекна со главната улога во ТВ серијата „Подобар живот“ (1987, 1990. Година), како и со улогата на Караѓорѓее, во неколку ТВ драми и во серијата „Вук  Караџиќ“.

Свет | пред 7 години

7 год.
nesreca-sarajevo-810x563

(ВИДЕО) Хаос на улиците во Сараево, снегот предизвика неколку верижни судири

Во поголемиот дел од Босна и Херцеговина од утрово паѓа снег и истиот за брзо ги покри улиците, а тоа предизвика отежнато одвивање на сообраќајот.Во Источно Сараево дошло до верижен судир, откако два автомобили не можеле да застанат, па се удриле во три возила кои претходно се судриле.На автомобилите е направена само материјална штета.https://www.facebook.com/CrnaHronikaBiHofficial/videos/370267467082785/Исто така на друго видео може да се забележи автомобил кој удира во друг автомобил со што поместуваат уште шест останати кои се паркирани.https://www.facebook.com/isradioportal/videos/2237504503190973/

Свет | пред 7 години

7 год.
andrej

Папаз открива: Спремам големо модно шоу во Македонија, затоа Америка ќе мора да ме почека

Креативен, критичен, едноставен и со уникатен стил. Неговите безвременски креации ги носат македонските ѕвезди, а неговото име надалеку се слуша. Новата година само што започна, а модниот дизајнер Андреј Папаз Ѓоргиевски веќе работи на нова колекција, големи проекти и модно шоу кое ќе се памети. Дека се „крчка“ нешто големо, може да се забележи и од неговите одговори, а посебно во делот каде Папаз вели „Во моментов имам навистина значајни професионални ангажмани во Македонија, само вистински предизвик би ме одвлекол од тука. Америка ќе мора да ме почека“.Во продолжение ви го пренесуваме целиот разговор со Андреј Папаз Ѓоргиевски.„Скопје 1“: Дали во 2019 ќе видиме нов Андреј или пак нова колекција?-Папаз: Промените од година во година се неизбежни. Андреј за оние приватно што го знаат ќе остане истиот, или уште подобар за оние кои заслужиле, а на професионален план ќе се случат големи проекти, можеби и најубавите до сега во мојата кариера. Нова официјална колекција ќе има, но тоа некако постојано го премолчувам поради тоа што спремам големо модно шоу.„Скопје 1“: Кога ќе видиш лошо парче облека, што прво помислуваш?-Папаз: Периодов се изнагледав лоша облека низ трговските центри, а во голема мера истата ја видов на новогодишните забави. И по толку време мене се уште не ми е јасно како може да се случуваат модни катастрофи, каде преовладува пренатрупаност и невкус. Така што, тука недостасуваат уште многу лекции за модно освестување, но пред тоа треба да се случат некои позначајни индивидуални промени.„Скопје 1“: Деколте или ролка?-Папаз: Зависи од тоа кој и како го носи. Девојка која носи деколте ненападно, на начин како да носи ролка, која не се обидува агресивно да ги презентира атрибутите, според мене е вистинскиот моден рецепт.-„Скопје 1“: Дали би ја напуштил Македонија за да работиш во Америка?-Папаз: Во моментов имам навистина значајни професионални ангажмани во Македонија, само вистински предизвик би ме одвлекол од тука. Америка ќе мора да ме почека.„Скопје 1“: Што повеќе ти пречи, лоша храна или лоша облека?-Папаз: Со добро квалитетно вино преминувам преку лоша храна, но не и преку лоша облека.„Скопје 1“: Три работи што си ги направил во 2018 и се каеш за истите?-Папаз: Првото нешто за кое се каам за минатата а ќе се каам и во Новата година е тоа што не си давам одмор и оддишка, тоа нешто и после толку долго време не знам да го доведам до ред. Второто нешто за што се каам е тоа што не знам да кажам „не” и „доста”, а трето веројатно и да нема, бидејќи 2018 навистина беше убава година.„Скопје 1“: Ако ти се даде шанса, дали би направил промена во стилот на премиерот Заев и како треба да изгледа според тебе?-Папаз: Политичарите и нивните најблиски кај нас се најголеми ѕвезди, соработката помеѓу нив и македонските дизајнери можеби и треба повеќе да се актуелизира. Бидејќи премиерот Заев веќе е докажан во успешните договори, сметам дека би имале одлична соработка, затоа што модерниот префинет изглед треба да биде дел од секој (европски) човек.„Скопје 1“: Како не треба да се облекуваме во 2019 година?-Папаз: Веројатно првиот совет би бил да го пронајдат индивидуалниот стил адаптиран на личниот буџет, без да си прават фарса по социјалните мрежи. Копирањто никогаш не било во мода.

Магазин | пред 7 години

7 год.
UGTPZ-pat-sneg-kamion

Забрана за тешки товарни возила на патот Струга - г.п. Ќафасан

„Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози во западните и југозападните делови од државата каде наместа на некои повисоки места има остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи. Во источните и јужните делови од државата коловозите се претежно суви.Забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар се уште е на сила.Од 18.45ч поради врнежи од снег од превентивни причини се воведува забрана за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.Од 21.30.ч поради врнежи од снег се воведува забрана за тешки товарни возила на патниот правец Струга – г.п. Ќафасан“, велат од Македонијапат.ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
kerka-suzana-spasovska

Ќерката на Сузана Спасовска кажа „ДА“

Ќе се мажи ќерката на Сузана Спасовска. Теона Спасовска, ќерката на македонската фолк дива, Сузана Спасовска на 29.12 објави пост на својот фејсбук профил во кој напиша:„Реков „ДА“, на мојот роденден“, напиша Теона. Избраник на Теона е Виктор Велковски со кого подолг период е во врска.Теона речиси воопшто не се експонира во јавноста и не го продолжи патот на својата славна мајка, зашто воопшто не се занимава со пеење. Таа студира на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, а во исто време работи и во една осигурителна компанија во Скопје.Инаку, Теона е дете на Сузана Спасовска од бракот со српскиот менаџер Раде, со кој во почетокот на 90-ите „Сузе – Национале“ беше во емотивна врска, која не траеше долго.Теона за прв пат се појави во видео запис на својата мајка во песната „Дали знаеш ти (Рамо за плачење)“.

Магазин | пред 7 години

7 год.
ujp_smetki

УЈП нема да ги казнува оние кои го пропуштиле рокот за регистрација -тие кои заборавиле, може да се регистрираат деновиве

31 декември беше крајниот датум до кој граѓаните требаше да се регистрираат во системот на Управата за јавни приходи за персонален данок. Но, оние кои од било која причина го испуштија овој рок ќе може тоа да го направат тоа деновиве.„ До утрината на 31.12 се регистрирани над 650.000 граѓани, но конечната бројка ќе се знае утре. Задоволни сме од одзивот на граѓаните, тој е речиси 100 процентен. Системот е отворен и секој кој го пропуштил рокот ќе може и од утре да ја донесе пријавата во УЈП“, велат од УЈПСпоред првичната информација во електронскиот систем требаше да се регистрираат околу 920.000 граѓани.Ова е првата година кога граѓаните нема да одат на шалтерите на УЈП туку до крајот на април ќе добијат пополнета годишна даночна пријава на мејл адресите. Обврската ќе биде само да ја потврдат или корегираат доколку податоците не се точни. А доколку тоа не го направат до крајот на мај УЈП ќе ја смета таа Годишна даночна пријава за потврдена.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Ministerstvo-za-odbarana-logo

Вработување во Министерство за одбрана, отворени вкупно 12 работни места

Врз основа на член 35 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18) и Уредбата за спроведување на постапката за вработување на административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/18), а во врска со член 20-г од Закон за вработени во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 27/16 и 35/18) и Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 34/15), Агенцијата за администрација објавуваЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ –  383/2018за вработување на  12 државни службеници од група I, подгрупа I во Министерство за одбрана за следните работни места1. Помошник раководител на сектор за политика и планирање(1) извршител(и)Општи услови-   да е државјанин на Република Македонија,-   активно да го користи македонскиот јазик,-   да е полнолетен,-   да има општа здравствена способност за работното место,-   со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.Посебни услови- ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Општествени науки или Политички науки- најмалку 4 (четири) години работно искуство во струката од кои најмалку 1 (една) година на работно место во јавен сектор, односно најмалку 6 (шест) години работно искуство во струката од кои најмалку 2 (две) години на раководно работно место во приватен секторОпшти работни компетенции- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг- учење и развој- комуникација- остварување резултати- работење со други/тимска работа- стратешка свест- ориентираност кон странките/засегнати страни- раководење и- финансиско управувањеПосебни работни компетенции- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење- потврда за положен испит за административно управување- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)Распоред на работно време-   Работни денови понеделник - петок-   Работни часови неделно 40-   Работно време од 07:30 до 15:30-   Опис за работното време cо почеток на работното време помеѓу 7:30 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часотПаричен нето износ на плата: 31.182,00 денариНАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2018 год. се : Бошњак(чка) 1.2. Помошник раководител на сектор за правни работи(1) извршител(и)Општи услови-   да е државјанин на Република Македонија,-   активно да го користи македонскиот јазик,-   да е полнолетен,-   да има општа здравствена способност за работното место,-   со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.Посебни услови- ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правни науки- најмалку 4 (четири) години работно искуство во струката од кои најмалку 1 (една) година на работно место во јавен сектор, односно најмалку 6 (шест) години работно искуство во струката од кои најмалку 2 (две) години на раководно работно место во приватен секторОпшти работни компетенции- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг- учење и развој- комуникација- остварување резултати- работење со други/тимска работа- стратешка свест- ориентираност кон странките/засегнати страни- раководење и- финансиско управувањеПосебни работни компетенции- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење- потврда за положен испит за административно управување- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)Распоред на работно време-   Работни денови понеделник - петок-   Работни часови неделно 40-   Работно време од 07:30 до 15:30-   Опис за работното време cо почеток на работното време помеѓу 7:30 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часотПаричен нето износ на плата: 31.182,00 денариНАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2018 год. се : Албанец(ка) 1.3. Помошник раководител на сектор за поддршка на министерот(1) извршител(и)Општи услови-   да е државјанин на Република Македонија,-   активно да го користи македонскиот јазик,-   да е полнолетен,-   да има општа здравствена способност за работното место,-   со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.Посебни услови- ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Општествени науки- најмалку 4 (четири) години работно искуство во струката од кои најмалку 1 (една) година на работно место во јавен сектор, односно најмалку 6 (шест) години работно искуство во струката од кои најмалку 2 (две) години на раководно работно место во приватен секторОпшти работни компетенции- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг- учење и развој- комуникација- остварување резултати- работење со други/тимска работа- стратешка свест- ориентираност кон странките/засегнати страни- раководење и- финансиско управувањеПосебни работни компетенции- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење- потврда за положен испит за административно управување- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)Распоред на работно време-   Работни денови понеделник - петок-   Работни часови неделно 40-   Работно време од 07:30 до 15:30-   Опис за работното време cо почеток на работното време помеѓу 7:30 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часотПаричен нето износ на плата: 31.182,00 денариНАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2018 год. се : Албанец(ка) 1.4. Раководител на одделение за недвижности, Сектор за недвижности(1) извршител(и)Општи услови-   да е државјанин на Република Македонија,-   активно да го користи македонскиот јазик,-   да е полнолетен,-   да има општа здравствена способност за работното место,-   со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.Посебни услови- ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Техничко - технолошки науки или Природно - математички науки- најмалку 4 (четири) години работно искуство во струката од кои најмалку 1 (една) година на работно место во јавен сектор, односно најмалку 6 (шест) години работно искуство во струката од кои најмалку 2 (две) години на раководно работно место во приватен секторОпшти работни компетенции- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг- учење и развој- комуникација- остварување резултати- работење со други/тимска работа- стратешка свест- ориентираност кон странките/засегнати страни- раководење и- финансиско управувањеПосебни работни компетенции- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење- потврда за положен испит за административно управување- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)Распоред на работно време-   Работни денови понеделник - петок-   Работни часови неделно 40-   Работно време од 07:30 до 15:30-   Опис за работното време cо почеток на работното време помеѓу 7:30 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часотПаричен нето износ на плата: 28.095,00 денариНАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2018 год. се : Турчин(ка) 1.5. Советник - аналитичар за одбранбена политика и планирање, Одделение за одбранбена политика, Сектор за политика и планирање(1) извршител(и)Општи услови-   да е државјанин на Република Македонија,-   активно да го користи македонскиот јазик,-   да е полнолетен,-   да има општа здравствена способност за работното место,-   со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.Посебни услови- ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Општествени науки или Природно - математички науки- најмалку 3 (три) години работно искуство во струкатаОпшти работни компетенции- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг- учење и развој- комуникација- остварување резултати- работење со други/тимска работа- стратешка свест- ориентираност кон странките/засегнати страни и- финансиско управувањеПосебни работни компетенции- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)Распоред на работно време-   Работни денови понеделник - петок-   Работни часови неделно 40-   Работно време од 07:30 до 15:30-   Опис за работното време cо почеток на работното време помеѓу 7:30 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часотПаричен нето износ на плата: 24.750,00 денариНАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2018 год. се : Турчин(ка) 1.6. Виш соработник - инструктор за изведување на обука по медиа тренинг, Одделение за Регионален центар за организирање на обуки за односи со јавноста, Сектор за комуникации, аналитика и оперативна поддршка(1) извршител(и)Општи услови-   да е државјанин на Република Македонија,-   активно да го користи македонскиот јазик,-   да е полнолетен,-   да има општа здравствена способност за работното место,-   со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.Посебни услови- ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Општествени науки- најмалку 2 (две) години работно искуство во струкатаОпшти работни компетенции- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг- учење и развој- комуникација- остварување резултати- работење со други/тимска работа- стратешка свест- ориентираност кон странките/засегнати страни и- финансиско управувањеПосебни работни компетенции- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)Распоред на работно време-   Работни денови понеделник - петок-   Работни часови неделно 40-   Работно време од 07:30 до 15:30-   Опис за работното време cо почеток на работното време помеѓу 7:30 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часотПаричен нето износ на плата: 22.949,00 денариНАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2018 год. се : Турчин(ка) 1.7. Соработник - разузнавач, Одделение за разузнавање 1, Сектор – Служба за воена безбедност и разузнавање(1) извршител(и)Општи услови-   да е државјанин на Република Македонија,-   активно да го користи македонскиот јазик,-   да е полнолетен,-   да има општа здравствена способност за работното место,-   со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.Посебни услови- ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Општествени науки или Природно математички науки- најмалку 1 (една) година работно искуство во струкатаОпшти работни компетенции- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг- учење и развој- комуникација- остварување резултати- работење со други/тимска работа- стратешка свест- ориентираност кон странките/засегнати страни и- финансиско управувањеПосебни работни компетенции- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)Распоред на работно време-   Работни денови понеделник - петок-   Работни часови неделно 40-   Работно време од 07:30 до 15:30-   Опис за работното време cо почеток на работното време помеѓу 7:30 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часотПаричен нето износ на плата: 22.178,00 денариНАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2018 год. се : Албанец(ка) 1.8. Помлад соработник за односи со државните органи и јавната администрација, Одделение за нормативни работи, соработка со Владата во врска со изработка на акти од областа на одбраната, правни, управни и општи работи, Сектор за правни работи(1) извршител(и)Општи услови-   да е државјанин на Република Македонија,-   активно да го користи македонскиот јазик,-   да е полнолетен,-   да има општа здравствена способност за работното место,-   со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.Посебни услови- ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Јавна управа и администрација- со или без работно искуство во струкатаОпшти работни компетенции- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг- учење и развој- комуникација- остварување резултати- работење со други/тимска работа- стратешка свест- ориентираност кон странките/засегнати страни и- финансиско управувањеПосебни работни компетенции- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)Распоред на работно време-   Работни денови понеделник - петок-   Работни часови неделно 40-   Работно време од 07:30 до 15:30-   Опис за работното време cо почеток на работното време помеѓу 7:30 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часотПаричен нето износ на плата: 20.634,00 денариНАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2018 год. се : Албанец(ка) 1.9. Помлад соработник за буџетирање, Одделение за планирање и буџетска координација, Сектор за финансии(1) извршител(и)Општи услови-   да е државјанин на Република Македонија,-   активно да го користи македонскиот јазик,-   да е полнолетен,-   да има општа здравствена способност за работното место,-   со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.Посебни услови- ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки- со или без работно искуство во струкатаОпшти работни компетенции- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг- учење и развој- комуникација- остварување резултати- работење со други/тимска работа- стратешка свест- ориентираност кон странките/засегнати страни и- финансиско управувањеПосебни работни компетенции- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)Распоред на работно време-   Работни денови понеделник - петок-   Работни часови неделно 40-   Работно време од 07:30 до 15:30-   Опис за работното време cо почеток на работното време помеѓу 7:30 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часотПаричен нето износ на плата: 20.634,00 денариНАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2018 год. се : Албанец(ка) 1.10. Самостоен референт за финансиско материјално работење, Одделение за услуги и туризам, Сектор за услуги и туризам, возен парк, одржување и обезбедување(1) извршител(и)Општи услови-   да е државјанин на Република Македонија,-   активно да го користи македонскиот јазик,-   да е полнолетен,-   да има општа здравствена способност за работното место,-   со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.Посебни услови- ниво на квалификациите V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование, гимназија или економско- најмалку 3 (три) години работно искуство во струкатаОпшти работни компетенции- учење и развој- комуникација- остварување резултати- работење со други/тимска работа- ориентираност кон странките/засегнати страни и- финансиско управувањеПосебни работни компетенции- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)Распоред на работно време-   Работни денови понеделник - петок-   Работни часови неделно 40-   Работно време од 07:30 до 15:30-   Опис за работното време cо почеток на работното време помеѓу 7:30 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часотПаричен нето износ на плата: 17.804,00 денариНАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2018 год. се : Албанец(ка) 1.11. Самостоен референт за архивско работење, архивар и деловодител за водење на деловодни протоколи со сите степени на класификација, Одделение за менаџмент со документи, Сектор К-4(1) извршител(и)Општи услови-   да е државјанин на Република Македонија,-   активно да го користи македонскиот јазик,-   да е полнолетен,-   да има општа здравствена способност за работното место,-   со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.Посебни услови- ниво на квалификациите V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование- најмалку 3 (три) години работно искуство во струкатаОпшти работни компетенции- учење и развој- комуникација- остварување резултати- работење со други/тимска работа- ориентираност кон странките/засегнати страни и- финансиско управувањеПосебни работни компетенции- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)Распоред на работно време-   Работни денови понеделник - петок-   Работни часови неделно 40-   Работно време од 07:30 до 15:30-   Опис за работното време cо почеток на работното време помеѓу 7:30 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часотПаричен нето износ на плата: 17.804,00 денариНАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2018 год. се : Албанец(ка) 1.12. Советник за подготовка во одбраната на Одделение за одбрана за регионот Скопје во општина Кисела Вода, Сектор за цивилно воена соработка со регионални центри за одбрана(1) извршител(и)Општи услови-   да е државјанин на Република Македонија,-   активно да го користи македонскиот јазик,-   да е полнолетен,-   да има општа здравствена способност за работното место,-   со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.Посебни услови- ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Општествени науки или Техничко - технолошки науки- најмалку 3 (три) години работно искуство во струкатаОпшти работни компетенции- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг- учење и развој- комуникација- остварување резултати- работење со други/тимска работа- стратешка свест- ориентираност кон странките/засегнати страни и- финансиско управувањеПосебни работни компетенции- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)Распоред на работно време-   Работни денови понеделник - петок-   Работни часови неделно 40-   Работно време од 07:30 до 15:30-   Опис за работното време cо почеток на работното време помеѓу 7:30 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часотПаричен нето износ на плата: 24.750,00 денариНАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2018 год. се : Ром(ка) 1.Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето во електронска форма преку корисничкиот профил креиран на интернет страницата на Агенцијата за администрација.Рокот за пријавување изнесува  15 дена, сметано од денот на објавувањето на огласот. По истекот на рокот за пријавување, огласот ќе биде отстранет од интернет страницата на Агенцијата.Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на секоја следна фаза од постапката за селекција на административен службеник, на интернет страницата на Агeнцијата за администрација.Фаза 1 - административна селекција се спроведува во рок од 15 дена од завршувањето на објавениот оглас.Фаза 2 – испит за административен службеник се спроведува во рок кој не може да биде пократок од 10, а подолг од 30 дена од завршувањето на фаза 1 и истата се снима и емитува во живо на интернет страницата на Агенција за администрација.Фаза 3 – проверка на веродостојност на докази и интервју се спроведува во рок од 10 дена од завршување на фаза 2.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања