„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg
7 год.
Нема фотографија

Повеќе делови на Скопје ќе останат без струја

Заради технички зафати во дистрибутивната мрежа во текот на денешниот ден без електрична енергија ќе останат корисници од повеќе улици на Скопје.Од 08:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од ул.Лазар Личеновски, поточно Спортската Сала – Кале и сите објекти во околината, од 08:00 до 16:00 часот корисниците од дел од ул. Петар Ацев зграда  бр. 21, во Општина Аеродром, додека од 08:25 до 11:30 часот корисниците од улиците Архиепископ Доситеј, Ресенска, Павле Илиќ, Вуковарска, Жикица Јовановиќ Шпанац  и Ѓорѓија Томовски, во општина Чаир.Од 08:30 до 12:00 часот корисниците од  ул. Димитар Пандилов, Општина Центар, од 08:30 до 13:00 часот корисниците од  ул. Дебарца  од бр.1 до бр. 12,   ул. Коста Кирков бр. 3 и бр. 5, Евангелско – Методистичка Црква  и   ул. Никола Тримпаре од бр. 11 до бр. 20 во Општина Центар, од 08:30 до 13:00 часот, корисниците од улиците: Аврам Писевски, Бајрам Шабани, Архимедова, Вергино и Ордан Чопела од Општина Чаир.Од 09:00 до 15:00 часот корисниците од дел од  с. Моране, Општина Студеничани и од 12:30 до 15:30 часот корисниците од улиците: Дижонска, Ѓорѓија Томовски, Архиепископ Доситеј, Браќа Реџепагиќ и  Божин Стизов, општина Чаир и од 13:00 до 15:00 часот, корисниците од с. Горно Соње ул. 1, во Општина Сопиште.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Болтон на разговори во Москва

Џон Болтон, советникот за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги почнува разговорите во Москва околу тензиите по објавата на Трамп дека ја повлекува земјата од договорот за нуклеарно разоружување. Портпаролот на Кремљ Дмитри Песков потврди дека рускиот претседател Владимир Путин ќе се сретне со Болтон, но не денеска на првиот ден од неговата дводневна посета. Официјална Москва очекува од Болтон да го разјасни ставот на Трамп за повелкување од „нуклеарниот договор“.

Свет | пред 7 години

7 год.
metju

Метју Палмер во посета на Македонија

Заменик-помошникот државен секретар на САД, Метју Палмер, денеска ќе ја посети Македонија за да разговара за американската поддршка за преспанскиот договор меѓу Македонија и Грција. Веста за доаѓањето на Палмер во земјава пред неколку дена ја објави Амбасадата на САД во земјава на својот прифил на социјалната мрежа „Твитер“.„Палмер ќе пристигне во Македонија на 22 октомври за да разговара за поддршката на САД за преспанскиот договор и важноста на напредокот на македонската реформска агенда”, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
7D85B2E3-B7D8-4E68-BF86-394353A5AE1F

Исфрлениот од ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Василевски: Гласав за уставни измени со чиста мисла

Сашо Василевски, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ кој беше исклучен од партијата откако гласаше за пристапување кон измени на Уставот, во изјава за ТВ21 објаснува зошто гласал спротивно од ставот на партијата.-Јас со чиста мисла и со храброст и со сите аргументи, одлучив Македонија да го има единствениот пат кон евроинтеграциите. Иднината за нашите семејства, за нашата држава и за нашите перспективи како Република Македонија, еднаш засекогаш да ставиме крај на поделбите меѓу патриоти и предавници, меѓу Македонци и Албанци. Ние сме едно семејство, кое треба да чекори заедно кон ЕУ и НАТО интеграции, со полна поддршка на нашите пријатели од Вашингтон – вели Василевски.Во изјава за телевизијата пратениците кои гласаа негираат дека биле поткупени, велат дека гласале според свое убедување и додаваат дека се 24 часа под полициска заштита поради заканите кои ги добиваат од петокот.

Коментари | пред 7 години

7 год.
44126870_256200411763917_670987317426520064_n

Собранието го формира телото за помилување на пратениците обвинети за 27 април

Утре се очекува да се формира парламентарно тело за помилување на пратениците кои беа вклучени во крвавото насилство од 27 април. Ова тело беше ветено од премиерот Зоран Заев на прес конференцијата по гласањето на потребата за уставни промени. Барањата на осумте пратеници ќе се изготват заедно со Владата. Четирите барања на пратениците се прифатливи за премиерот Заев. Тој верува дека во рок од 15 дена, ќе се изготват нацрт уставните амандмани кои потоа ќе се достават до Собранието. Заев истовремено очекува бројот на пратениците кои ги поддржуваат овие промени да се зголеми во следните фази.Партиите на Албанците кои најавија амандмани за унапредување на албанското прашање, по се изгледа нема да можат да ги поднесат бидејќи деловникот на Собранието ја определува интервенцијата на пратениците во уставните измени само во членовите кои се засегнати од предлагачот. Но, ниту една од опозиционите партии на Албанцте не прецизира дали ќе го условуваат или не Заев, со нивните четири гласа во Парламентот за промена на името.

Македонија | пред 7 години

7 год.
krsto-mukoski2-696x367-1200x545_c

Вевчанскиот комитет го исклучи Крсто Мукоски од членство во ВМРО ДПМНЕ

Комитетот на ВМРО ДПМНЕ од Вевчани вечерва донесе одлука да го исклучи од членство пратеникот од ова село, Крсто Мукоски.Во официјалното соопштение на ВМРО ДПМНЕ ОК Вевчани стои:ОК на ВМРО-ДПМНЕ Вевчани на денешната седница на Општинскиот комитет донесе Одлука за поведување дисциплинска постапка против членот Крсто Мукоски заради спротивно постапување на донесените одлуки на највисоките органи на Партијата ВМРО-ДПМНЕ.Заради гласањето за промена на уставните измени, а со цел промена на уставното име на Република Македонија се донесе Одлука за исклучување на Крсто Мукоски од член на ВМРО-ДПМНЕ.Борбата за Македонија продолжува!

Македонија | пред 7 години

7 год.
zena

Жена во Аеродром нападнала три деца

Вчера вечер во полициската станица во Аеродром Д.П. (42) пријавил дека истиот ден на булеварот „Видое Смилески-Бато" пред зграда неговиот 12-годишен син и уште двајца негови другари биле физички нападнати од Е.М. (36). и физички ги нападнала.Се преземаат мерки за расчистување на случајот, а против Е.М. ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти МВР.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Најмалку 22 мртви во несреќата во Тајван

Најмалку 22 лица загинаа, а 171 се повредени кога еден од најновите и најбрзи возови во Тајван излета од шините.Несреќата се случила во 16:50 по локално време, додека возот со 366 патника се движел на релација од предградието на Тајпеј кон Тајтунг.Околу 120 војници заедно со пожарникарите ги спасуваат преживеаните. 

Свет | пред 7 години

7 год.
42C39EB3-2014-481F-A5AF-8D28EDEC8068_w1023_r1_s

ВМРО-ДПМНЕ бара начин како да го исфрли Мијалков од партијата

ВМРО ДПМНЕ се подготвува официјално да го исклучи од членство Сашо Мијалков, поранешен прв човек на УБК и личност која со децении во јавноста е експонирана како истакнат член на партијата.„Скопје 1“ побара став од претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, но по речиси 20 часа чекање на одговор, добивме само коментар дека партијата ќе остане без коментар и нема да се огласи по ова наше прашање.Овој процес, за кој според наши извори во моментов во ВМРО ДПМНЕ се размислува како тоа да се изведе, ќе почне наскоро, а поводот за исклучувањето ќе се бара во тврдења за поврзаност на Мијалков со осумте пратеници кои гласаа „за“ по предложените точки за уставните измени и наводна негова улога во обезбедување на мнозинството.Еден од начините кој стоел како опција било исклучувањето да го бараат комитетите од Охрид, Струга и Вевчани, општини од каде дури 4 пратеници застанаа спротивно на партискиот став.Во меѓувреме на социјалните мрежи и неколку портали почна медиумска кампања против Сашо Мијалков која непрекинато се спроведува веќе трет ден, а која е осмислена, со платени постови на Фејсбук и се води од лажни и реални профили на јавни личности, но и на Фејсбук страни каде се водеше кампањата за бојкот на референдумот.ЦЕЛОСНО ПРЕКИНАТИ ОДНОСИТЕ И СО ГРУЕВСКИ СЕ БАРА ПРЕКИН И СО ПРОТОЃЕРЗа прекинот на комуникацијата меѓу почесниот претседател Никола Груевски и новото партиско водство предводено до Христијан Мицкоски, „Скопје 1“ ексклузивно информира пред неполн месец.Мицкоски од старите структури комуницирал уште со Мартин Протоѓер, но во „Белиот Дворец“ секојдневно расте отпорот кон Протогер и се бара и негово ставање на страна од партијата и партиските политики , брифираат наши извори од раководството.

Македонија | пред 7 години

7 год.
durlovski

Дурловски не прифаќа амнестија?

„Подарена слобода на неправедно обвинетиот, прифатена како милост од ,,горе”, ќе биде претежок товар врз плеќите на еден родител, пријател, Македонец, кој цел живот се бори токму за една вистинска... Слобода!“, напиша Игор Дурловски на социјалните мрежи.Ова е првата реакција на оперскиот пеач Игор Дурловски по понудата на Заев во Собранието до ВМРО-ДПМНЕ за амнестија, во замена гласање за уставни пормени. Претходно, реагираше и Борис Дамовски кој побара правда, а не амнестија.И двајцата се обвинети за тероризам за настаните од 27 април минатата година.

Коментари | пред 7 години

7 год.
nola-ismajloska-starova

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Исмајлоска-Старова: Не се каам што гласав за уставни измени, имам поддршка со сопартијците

Експратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Нола Исмајлоска-Старова, за „Макфакс“ вели дека не се кае што гласала за отпочнување на процесот за уставни измени, а најголема поддршка како што вели, добила од сопартијците. Исмајлоска-Старова вели дека потапила според сопственото убедување, а ги отфрла шепкулациите дека добивала закани за да гласа.„Постапив според сопственото уверување. Поддршката која отворено пристигна од голем број граѓани, а и од меѓународниот фактор, е момент кој треба да се обидеме да го искористиме во наша полза, за нашата татковина. Одговорно ги отфрлам наводите за некакви закани кон мене при одлуката којашто ја донесов во македонското Собрание“, вели Исмајлоска-Старова за „Макфакс“.„Не сум загрижена за својата безбедност, особено не, бидејќи постојано добивам поддршка од граѓаните, меѓу кои моите сопартијци се најбројни. Во политиката, како најважен дел од животот на народните избраници, има моменти во кои мора да се донесат и тешки одлуки“, додава пратеничката Исмајлоска-Старова.Денеска, претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Струга, Мирче Аџиоски, ја повика пратеничката Нола Исмајлоска Старова која гласаше за уставните измени во Собранието, да го врати мандатот. Аџиоски додаде дека 7.700 стружани кои гласаа на предходните парламентарни избори, не и дале легитимитет на Исмајлоска-Старова да гласа за промена на Уставот и името на Република Македонија.    

Коментари | пред 7 години

7 год.
Maja-pres-23.02.2017-konecna-1

Маја Морачанин e кандидат за претседател на ДОМ

На денешната седница на Централниот одбор на ДОМ, Маја Морачанин беше едногласно утврдена како кандидат за претседателка на партијата на претстојниот Четврти конгрес на ДОМ.„Општо беше мислењето дека таа е природен избор, со оглед на нејзините квалитети како човек и успешен професионалец, како и поради политичкото искуство и фактот дека во партијата работи искрено, посветено и одговорно, од самиот почеток до денес. Искажано беше и задоволството од демократскиот процес на избор на ново раководство, во тимски дух и пријателство на соборци за исти вредности, што го одликува ДОМ како зелена партија“, велат од ДОМ.Централниот одбор ги усвои и извештајот, програмата и другите конгресни документи, како и предлозите за идни членови на новиот централен и надзорен одбор на ДОМ.Четвртиот конгрес на ДОМ ќе се одржи на 28 октомври. За свечениот дел е најавено присуство на претставници од политички партии во Република Македонија, од зелени партии од регионот и од Европа, како и од поголем број граѓански организации и движења.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Граѓаните и пратениците го победија антизападниот пион Мицкоски

Граѓаните и пратениците го победија антизападниот пион Христијан Мицкоски, кон успехот да се приклучат сите кои се за ЕУ и НАТО без разлика на партиската припадност, реагира Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, по прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.„Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и антизападниот пион, Христијан Мицкоски се спречени во намерите да ја закочат македонската иднина. Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ се поразени, не успеаја да го блокираат патот на Македонија кон ЕУ и НАТО и остануваат единствени кои дејствуваат спротивно на наципналните и државни интереси“, се вели во реакцијата на СДСМ.Партијaта додава дека 80 пратеници во Собранието слободно, по сопствено убедување гласале за иднина во ЕУ и НАТО и ја испочитувале јасно изразената волја на над 80 отсто од сите граѓани и над 90 отсто од граѓаните кои излегоа на референдумот на 30 септември.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Геј секс сред авион, Стујард во тоалет со порно ѕвезда

Стјуард од авиокомпанијата „Delta Ailrines“ е избркан од работа поради секс скандалот кој го предизвикал за време на еден лет на неговата компанија.Стјуардот бил суспендиран откако на социјалните мрежи се појавија фотографии и снимки од авионскиот тоалет, каде имал секс со машката порно ѕвезда Остин Вулф. Од компанијата им се извинија на патниците , кои биле сведоци на непримерното однесување на новниот вработен среде летот.Стјуардот во униформа се снимал со порно ѕвездата и на Инстаграм напишал „Keep Climbing“ што е официјален слоган на „Delta Airlines“.Порно ѕвездата Остин Вулф во слободното време се занимава и со проституција и своитер услуги\ ги наплаќа по 1.200 долари на ноќ.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Стоилковски: Македонија ги преживува најтешките моменти, но никогаш нема да биде уништена

Република Македонија ги преживува најтешките моменти од својата самостојност кои ќе бидат врежани во идните моменти од борбата за државност, изјави денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.„Македонска судбина е таква, се повторува, како што сега на мрачен, шверцерски и мафијашки начин се обидуваат да го избришат, искорнат македонскиот народ, историјата, културата, државата“, изјави Стоилковски.Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, додава дека Македонија никогаш нема да биде уништена, Македонија е создадена врз крв и дела за почит, која што денешната власт ја нема, вели тој.

Македонија | пред 7 години

7 год.
soobr1

Најпрво се обидел да ги прегази, потоа физички се пресметувал

Во полициската станица Гостивар околу 02:45 часот М.Б. (25) од с.Здуње-гостиварско поднел пријава против Б.Р. (36) од Гостивар.Според информациите од МВР, М.Б. се движел пеш по улицата „Живко Брајковски“ во периодот околу 01:30 часот заедно со лицата Џ.А. и А.М., при што му се доближил Б.Р. кој управувал возило и во еден момент завртел со возилото кон нив при што со предниот браник од возилото го удрил А.М. во пределот на десната потколеница. Потоа излегол од возилото и се упатил кон тројцата и започнал вербална расправија, а потоа физички го нападнал М.Б..Се преземаат мерки и активнсти за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-2-1

Драма во градинка во Прилеп: Вработена физички нападната од сопруг на колешка

На 18.10.2018 година во 17,30 часот во полициската станица Прилеп Г.Н.(53) од Прилеп пријавил дека истиот ден околу 12,30 часот во детска градинка на улицата ,,Марксова“ од страна на лицето В.И.(41) бил физички нападнат.Истиот ден, околу 18,15 часот во Полициската станица Прилеп В.И.(41) од Прилеп пријавила дека околу 12,15 часот во детската градинка каде била вработена, додека вршела распределба на храната дошло до расправија со Б.Н.(47), која исто така била вработена во градинката, при што била навредувана со погрдни зборови.По кратко време, во градинката дошол сопругот на Б.Н., Г.Н. и почнал расправија со В.И., и во еден момент физички ја нападнал.Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Татко и син нападнале полициски службеник

Полициски службеници биле нападнати вчера во Гостивар околу 19:30 часот.Тие при контрола на возачот  Е.З.(25) од Гостивар кој управувал со патничко моторно возило „Ауди“, заедно со совозачот, неговиот татко С.З. (50) започнал вербална расправија, а пото физички го нападнал еднит полициски службеник.Лицето било приведено во полициска станица и против истото ќе следи соодветен поднесок. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Шекеринска: Со одлуката во Собранието, Македонија извлечена од ризиците за изолација

„Честитам на заедничкиот напредок којшто во петокот го постигнаа 80-те пратеници од власта и опозиција со единствена цел – да се потврди на евроатланската ориентација на иднината на Република Македонија.Денес, на задоволство и олеснување на огромно мнозинство граѓани во државата, Македонија е уште повеќе подготвена за нејзината просперитетна европска иднина за која сите ние се боревме и сонувавме 27 години – Македонија покажа дека е подготвена да стане членка на НАТО и покажа дека е подготвена да ги почне преговорите за членство во ЕУ.Оваа одлука на 2/3 парламентарно мнозинство значи влез на Македонија во безбедносен штит на најмоќниот воено-политички сојуз во светот“, изјави Радмила Шекеринска.Шекеринска рече дека факторот стабилност кој произлегува од членството на Македонија во НАТО и идниот почеток на преговори со ЕУ ќе донесе нови и големи странски инвестиции но и ќе ги охрабрат домашните инвеститори. Инвестициите ќе отворат нови работни места, ќе обезбедат поголеми платите и ќе обезбедат извоз кој и е потребен и толку важен на Република Македонија.„Историскиот глас на пратениците во исто време беше и глас против изолација, против несигурност и против сиромаштија. Глас против нови политички кризи. Тој глас повторно ги сврте очите на светот кон Македонија. Светот гледа. Светот гледа и ја поздравува покажаната државничка одговорност на пратениците, коишто знаеја дека нивната прва и единствена цел е да ги претстават и обезбедат интересите на оние кои ги избраа, на граѓаните на нашата земја.Овој историски момент повикува на обединување на сите политички сили, на сите прогресивни сили во Република Македонија. Тоа ни е потребно како никогаш досега.  Верувам дека сега е можна дури и поголема поддршка во Собранието за спроведување на договорот од Преспа и со тоа за зачленување на Македонија во НАТО и ЕУ. Секој пратеник кој верува и знае дека Македонија треба да стане дел од западниот свет треба да ги поддржи уставните измени во следните фази“, изјави Шекеринска. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
44540147_2275457076009152_2851954453156724736_o

(ВИДЕО) Николовски и Заев на „Валандовска ракијада“

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска заедно со претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, присуствуваа на манифестацијата „Валандовска ракијада“. Оваа манифестација се одржува по 19-ти пат, за прв пат оваа година е поддржана и од Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство. Овој настан го симболизира завршувањето на  гроздоберот.Министерот Николовски, ги информираше присутните за сумираните податоци за годинешното откупено грозје, како и за сегашните и идните мерки што ги презема МЗШВ за развој на лозарството.„Откупени се близу 100 милиони килограми грозје, а  се постигна и повисока откупна цена, од кои најголем дел од сортите смедеревка и вранец, но и други сорти. Оваа година се постигна и повисока откупна цена за грозјето. . Конкретно просечната откупна цена на вранецот достигна 13,55 денари за килограм, а на смедеревката  12,28 денари за килограм. Ова е значајно да се потенцира ако ја имаме во предвид и дополнителната нова субвенција што ја донесе Владата за лозарите, како и континуираните мерки што ги преземаме“, изјави Николовски.МЗШВ континуирано креира мерки и поволни услови за развој на лозарството. Така, со цел зголемување на рентабилноста на производството на двете најзастапени сорти, воведена е нова дополнителна субвенција од 1 денар за килограм предадено грозје за смедеревка и вранец. За оваа нова дополнителна субвенција лозарите ќе можат да конкурираат до 25 декември годинава.Дополнително, со годинешната Програма за финансиска поддршка во земјоделството, лозарите кои имаат од 1 до 10 хектари лозје, ќе добијат ќе добијат 20 отсто повисоки субвенции, односно наместо 40.000 денари 48.000 денари по хектар за одржување на насади. За зголемување на конкурентноста и следење на светските трендови, воведена е и нова дополнителна субвенција од 12.000 денари по хектар за реконструкција на лозови насади, за промена на сортиментот.Во рамките на денешниот настан четериесет производители на ракија ги претставија своите начини и техники за производство на традиционалната македонска ракија. Комисија составена од технолози го избра производителот на најквалитетна ракија, на којшто му беше доделена награда.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања