ВО ЖИВО

„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
taksi

Таксист одбил да превезе патници, па го натепале

На 31.12.2018 година  во 23.30 часот такси возач Д.К.(42) од Битола пријавил дека околу 21.45 часот отишол на улица "Козара" во Битола да земе патници но бидејќи биле поголема група на лица одбил да ги превезува и истите физички го нападнале.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
cf37299692163a2754fab2808b5c6850_w790

Малолетничка со петарда повредила Скопјанец

На 31.12.2018 година во 17,05 часот М.Т.(39) од Скопје пријавил дека во 15,30 часот на улица "Македонија", од страна на непознато женско малолетно лице нанесена му е телесна повреда со употреба на пиротехничко средство.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
skolo-4

Кражба во средното училиште „Кирил Пејчиновиќ“

На 31.12.2018 година во 09,30 часот е пријавена кражба во средно училиште ,,Кирил Пејчиновиќ“ на улица "Ѓорче Петров" во Тетово.Во временски период од 28.12.2018 до 31.12.2018 година од страна на непознат сторител со физичка сила отворен е прозорец од училиштето при што одземени се пет мауси, две тастатури, разновиден алат, пехари, искинати биле некоку дневници, а извршено е оштетување во наставничката канцеларија и неколку училници.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Бившиот физички ја нападнал затоа што ја прекинала љубовната врска

На 31.12.2018 година во 18.00 часот Д.Ј.(32) од Скопје пријавила дека околу 15.20 часот пред угостителски објект на улица "Њу Делхиска" додека била со Т.Т.(35) биле физички нападнати од И.В.(40) од Скопје.Спред пријавеното, причината за физичкиот напад е тоа што пред еден месец Д.Ј. ја прекинала љубовната врска со сторителот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
policija-22

Пронајдена 13-годишната малолетничка која беше исчезната

На 31.12.2018 година. во 14,30 часот од страна на полициски службеници од СВР Штип пронајдена е 13 годишната малолетничка која  на 30.12.2018 година во 03,00 часот беше пријавена за исчезната од нејзиниот татко.

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-3-640x382

Автомобил удри во тројца пешаци, две од нив се деца

На 31.12.2018 година околу 20,00 часот во Скопје на улица „Македонска Косовска Бригада“  С.С.(36) од Скопје управувајќи патничко моторно возило „Ланчиа“ со скопски регистарски ознаки удрил во пешаците В.С.(27) и едногодишно дете од Скопје и 6 годишно дете од Косово.На повредените медицинска помош им е укажана во Комплекс клиники "Мајка Тереза". Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Уапсени две лица од Австрија, поседувале кокаин

На 01.01.2019 година во 01.50 часот во Гостивар на улица "Душко Поповиќ" од слобода се лишени Б.С.(22) и Л.С.(24) од Линц, Р. Австрија, кај кои при преглед е пронајден кокаин.По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Автобус удрил во 64-годишна жена од Скопје

На 31.12.2018 година во 11,10 часот во Скопје на крстосницата на булевар „Кузман Јосифовски Питу“ и  улица „Борис Кидрич“, Г.Р.(52) од Скопје управувајќи автобус со скопски регистарски ознаки удрил во пешакот  Л.К.(64)  од Скопје.Во  незгодата Л.К. се здобила со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Комплекс клиники "Мајка Тереза". Извршен е увид на местото на настанот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
brza-pomos

Автомобил удри пешак во Тетово, итно пренесен во Скопје

На 31.12.2018 година околу 13,00 часот во Тетово на улица „Никола Тесла“, Ф.В.(31) од Тетово  управувајќи патничко моторно возило „Сеат кордоба“ со тетовски регистарски ознаки удрил во пешакот А.А. од Тетово.А.А. се здобила со тешки телесни повреди и по укажана лекарска помош во Клиничка болница Тетово е пренесена во Комплекс клиники "Мајка Тереза". Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
evra

20 години еврото како валута во 19 држави

1 јануари 1999 год. 11 членки на Европската унија го воведоја еврото како валута. Лидерите на ЕУ ја истакнаа важноста на заедничката валута, но во овие 20 години истата поминува низ турбулентни времиња.Еврото преживеа неколку поголеми премрежја, вклучувајќи ги и потешкотиите во периодот на неговото пуштање во оптек, финансиската криза во 2008 и должничката криза во еврозоната која кулминираше со интервенционизам во неколку држави.Некои аналитичари сметаат дека превирањата и издржливоста на еврото ја зајакнаа валутата и ја направија помалку подложна на идни проблеми, други забележуваат дека еврото ќе остане ранливо без натамошна интеграција.Валутата не беше веднаш прифатена и кај многу земји нејзиното воведување беше доживеано како несакано зголемување на цените. Во Германија еврото дури доби и прекар “teuro”, што на германскиот значи – скапо.Еврото нкао валута денеска ја користат 340 милиони луѓе во 19 држави во ЕУ и тоа: Австрија, Белгија, Кипар, Естонија, Финска, Франција, Грција, Ирска, Италија, Латвија, Литванија, Луксембург, Малта, Холандија, Португалија, Словачка, Словенија и Шпанија.Испитувањето на јавното мислење спроведено во ноември од страна на Европската централна банка (ЕЦБ) покажа дека 74 проценти од еврозоната сметаат дека еврото е добро за ЕУ, а 64 проценти изјавиле дека тоа е добро за нивната земја.Другите членки на ЕУ за да го користат еврото треба да ги исполнат предвидените монетарни услови.

Свет | пред 7 години

7 год.
silegov

(ВИДЕО) Шилегов исвиркан на вчерашната прослава

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов вчера пред присутните на плоштадот Македонија имаше свое обраќање, пишува Експрес.Тој го зема микрофонот од познатиот пејач Аки Ракимовски и почна да зборува, но беше исвиркан од гостите. Поради тоа тој изјави дека ќе биде краток и порача дека треба да внимаваме на луѓето околу нас и да бидеме хумани.По завршувањето на огнометот, Шилегов повторно се качи на сцената со цел да ја честита новата година на присутните. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Среќна Нова година: Еве како се славеше на плоштадот во Скопје

Тимот на Скопје 1 Ви посакува многу здравје, среќа, успеси и пари во новата 2019- та година!https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/2329550727265402/https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/276274016404009/

Скопје | пред 7 години

7 год.
bebe

Првото бебе во новата година е машко, во болницата утрово се родиле уште седум бебиња

Првото бебе родено годинава на Клиниката за гинекологија е машко, дојде на свет една минута по полноќ. Бебето е прва рожба во семејството Алексовски, тешко е 3900 грама и долго 52 сантиметри.-Бебето беше карлично поставено па породувањето беше изведено со царски рез. Изминатата ноќ имавме доста работа, но тимот на гинекологија успеа да се справи со предизвиците. Сите родилки и бебиња се добро“, изјави д-р Игор Самарџиски.Мајката Ангела и бебето ги посетија министрите за здравство и труд и социјална политика, како и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.Традиционално, бебето доби од градоначалникот Петре Шилегов штедна книшка и златник.Од синоќа до сега на Клиниката за Гинекологија се родиле 7 бебиња.Во изминатата 2018 година родени се вкупно 4630 бебиња. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
brza-pomos

Биланс од прославите - Пијани и натепни завршиле во болниците

Брзата помош од Охрид во новогодишната ноќ интервенирала десетина пати при што две алкохолизирани лица завршиле на инфузија, додкеа три лица повредени со исекотини завршиле на хирургија после тепачка во ноќниот клуб „Хавана“.За целокупниот биланс во новогодишната ноќ официјално соопштение ќе издаде СВР Охрид.

Македонија | пред 7 години

7 год.
1879897888888888888888-620x350

Крваво утро во Белград: Маж повреден во пукање, а еден избоден со нож

Еден маж е тешко повреден во пукање кое се случило во утринските часови пред еден кафич во Белград, а еден е избоден со нож во пределот на градите.Пукањето се случило околу 7:15 часот утрово пред кафичот „Дилема“, кога на маж на возраст од 24 години му било пукано во глава.Со тешки повреди на главата и мозокот е пренесен на реанимација во Ургентен центар. Докторите се борат за неговиот живот.Околу 9 часот дошло до инцидент кога маж на возраст од околу 25 години е избоден со нож во пределот на градниот кош.Според информациите тој бил избоден за време на тепачка и исто така префрлен е на реанимација во Ургентен центар.

Свет | пред 7 години

7 год.
DSC_3607

(ФОТО) Весела и топла атмосфера на плоштадот „Магнолија“ во Битола

На Плоштадот „Магнолија“ во Битола, синоќа во весела и топла атмосфера, илјадници битолчани ја дочекаа Новата 2019 година, со желби за добро здравје и многу успеси.По масовното одбројување, точно на полноќ, со голем огномет беше означен влезот во Новата година, а атмосферата ја надополно и Дедо Мраз, по што беше прочитана новогодишната честитка од градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, која ја дочека Новата година заедно со своите сограѓани на Плоштадот „Магнолија“.„Нека 2019 биде година во која здравјето нема да Ве оптоварува, година во која Вашите желби ќе станат реалност, година во која Вашите лица ќе ги греат насмевки, 2019 нека е година во која ќе се исполнат Вашите копнежи и ќе отворат простор за нови“, им посака Петровска на своите сограѓани.Забавата кулминираше со песната „Ако одам во Битола“ и со масовно играње на Плоштадот „Магнолија“. За убавото расположение придонесе и перформансот „Кафана на Широк Сокак“, односно групата Боеми, заедно со актерките  Илина Чоревска, Викторија Степановска-Јанкуловска, Маја Андоновска-Илиевски, Соња Ошавкова и Маријан Ѓорѓиевски, кои пееја и читаа интересни факти за Битола и битолчани низ времето. Новогодишнат атмосфера, налик на Европските метрополи, беше надополнета и со варено вино, кое се служеше на поставените штандови.Претходно, на Плоштадот Магнолија, во богатата музичка програма која започна во 20 часот, настапија ди-џеј Христијан Ѓаковски, Сефедин Бајрамов и Силви Бенд.Ова беше едно од најмасовните одбележувања на Новата година на плоштадот „Магнолија“ во Битола.

Македонија | пред 7 години

7 год.
kasogi-1

(ВИДЕО) Посмртните остатоци од новинарот Џамал Кашоги во црни вреќи ги изнесол специјален тим за егзекуција?

Се појви видеоснимка на која се гледа како саудискиот специјален тим за егзекуција изнесуваат вреќи. Неофицијлано во нив се наоѓаат посмртните остатоци од новинарот Џамал Кашоги. На снимката се гледа доаѓањето на неколкуте членови на тимот во резуденцијата на саудискиот конзул во Истанбул, на денот кога е убиен Кашоги во конзулатот, оддалечен неколку стотина метри од куќата. Еден од членовите на тимот за егзекутирање носи црни вреќи, кои според турските медиуми веројатно содржат делови од телото на убиениот новинар, кој беше голем критичар на саудискиот принц престолонаследник – Мохамед Бин Салман.Оваа видео снимка ја објавија турските медиуми.Тие објснуваат дека Кашоги влегол во саудискиот конзулат на 2 октомври за да добие документи за развод од неговата поранешна сопруга. Во конзулатот бил убиен и распарчен на делови, дело кое турските власти го карактеризираа како убиство со предумисла, организирано од властите во Саудиска Арабија.Саудијците го негираат тоа и тврдат дека Кашоги бил убиен во операција на „одметнати агенти“, иако првично тврдеа дека новинарот жив го напуштил конзулатот.Кашоги повеќе од една година беше во политички егзил во САД, стравувајќи од политички прогон.

Свет | пред 7 години

7 год.
17778888-620x350-1

(ВИДЕО) Се сруши мост во Москва, 13 повредени

Најмалку 13 лица се повредени, од кои три со тешки телесни повреди кога се сруши мост во Москва.Дрвениот мост се преполовил и се урнал во московскиот парк Горк, а во  моментот на уривањето, на мостот имало голем број луѓе кои се веселеле.„Мостот се урна на делот за лизгање додека на него се уште имаше голем број луѓе“ соопштила дежурната итна служба и додала дека дрвениот мост е висок пет метри.

Свет | пред 7 години

7 год.
1546298212974-0102-620x350

(ФОТО) Пожар во складиште во Лондон, 120 пожарникари го гасат огнот

Најмалку 120 пожарникари го гасат големиот пожар кој го зафати складиштето Кројдон во Лондон.За сега нема информации за повредени или загинати. Исто така не е позната ниту причината за настаување на пожарот.Според надлежните противпожаната бригада е повикана околу 19:47 по локално време.https://twitter.com/LondonFire/status/1079875769743167488?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1079875769743167488&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3020323-veliki-pozar-u-londonu-oko-120-vatrogasaca-se-bori-sa-vatrenom-stihijom-foto

Свет | пред 7 години

7 год.
tokio-nova-godina-6-620x350

(ФОТО) Крвав дочек во Токио: Со автомобил удрил во пешаци, осум повредени

Осум лица се повредени кога младо момче со кола удрил во пешаци на улицата на која граѓаните се собирале за дочекот на Новата година во Токио, Јапонија. Според медиумите едно лице е во животна опасност.Момчето е уапсено под сомнение дека намерно се обидел да убие луѓе со автомобилот, пренесува АП.На видео снимките кои ги објави локалната телевизија може да се забележи мало возило чиј преден дел е смачкан, како и полицајци и возило на итната помош кои се наоѓаат на самото место на настанот. 

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања