7 год.
46317741_255773971764209_8357199638603759616_o

(ФОТО) Се асфалтираат улици во Трубарево

Деновиве во Општина Гази Баба се работи на асфалтирање повеќе улици. Улиците 16 и 14  во Трубарево се веќе асфалтирани, а следуваат и улиците 12 и 10. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
skolo-4

Евидентиран случај на шуга во Карпош

Во основното општинско училиште „Владо Тасевски“, во Козле, Општина Карпош евидентиран е еден, изолиран случај на SCABIES – шуга.Инфективното заболување е присутно кај едно лице - ученик од второ одделение, а заради превентивни причини, сите ученици од утринава се ослободени од настава.Сакаме да ја известиме јавноста, учениците и сите родители дека нема простор за паника. Кај ниту еден друг ученик не се појавени симптоми на ова заболување, а во изминатиот период, Општина Карпош направи редовна дезинфекција на училиштето. Во текот на денешниот ден ќе се направи уште една, вонредна дезинфекција.Изолираниот случај на шуга, по втор пат се појавува кај истиот ученик, поради недоволна семејна грижа за личната хигиена.Одделението за детска, социјална и здравствена заштита при Општина Карпош и Центарот за јавно здравје веќе се во комуникација со матичниот лекар, специјалист – дерматолог кој констатирал SCABIES кај ученикот.Редовната и непречена настава во училиштето ќе продолжи во понеделник, 19.11.2018 година.

Скопје | пред 7 години

7 год.
46445254_10155444281481706_4672804193323450368_o

Хуманитарни пакети за четири установи во Општина Карпош

Во рамки на хуманитарната акција „Подај рака-донирај за својот сосед“, која се организираше по повод Деновите на Општина Карпош денеска од Одделението за детска, социјална и здравствена заштита при Општина Карпош беа доделени хуманитарни пакети во Центарот за едукација „ Монтесори“, кој се наоѓа во ООУ „Аврам Писевски“, во населбата Бардовци, во „СОС Детското село“, во Пунктот за бездомници при Црвениот крст на Македонија во „Момин поток“, како и во ЈСУ Психијатриска болница „Бардовци“.Како што истакна и заменик-раководителката на секторот за Дејности од јавен интерес Гордана Зафировска-Стојчевска, локалната самоуправа во континуитет им помага на социјално загрозените семејства и граѓаните кои живеат на нејзина територија.-Постојано сме во контакт со семејства и граѓани кои се во тешка материјална состојба и согласно нашите надлежности им помагаме преку овие хуманитарни акции, или пак поединечно. Оваа година, освен во традиционалните установи, за прв пат хуманитарни пакети дониравме во болницата „ Бардовци“, со што го зголемивме капацитетот на нашата социјална и хумана помош, нагласи Зафировска- Стојчевска.Во овие установи беа доделени кондиторски производи, средства за лична хигиена, како и конзервирана храна наменета залицата кои престојуваат во овие установи.

Скопје | пред 7 години

7 год.
46479657_2068567349856133_8871092033188528128_o

Започнаа подготовките за големата есенска акција за садење

Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ по налог на Град Скопје деновиве на терен вршат подготовки за претстојната голема есенска акција за садење.„Во рамките на есенското садење ќе бидат засадени 3.500 висококвалитетни листопадни садници на повеќе локации во сите скопски општини. Дрвјата се набавени од Град Скопје, за што од буџетот беа издводени 12.5 милиони денари.На предвидените локации на терен се копаат дупки, се одложува неквалитетната земја и се заменува со плодна земја.Дрвјата во рамките на есенското садење ќе бидат засадени по должина на градските сообраќајници, во средишните жардиниери на булеварите, во парковите, на локации каде што биле исечени, како и во дрворедите каде што треба дополнување“, велат од Град Скопје

Скопје | пред 7 години

7 год.
46447608_2068777036501831_6027661019940126720_o

Пловечка препрека во Вардар за собирање на пластика

Екипи на Град Скопје, Министерството за животна средина и просторно планирање и „Пакомак“ деновиве поставуваат пловечка препрека за собирање пластична амбалажа во коритото на реката Вардар, во Лисиче.Проектот ќе се промовира наредната недела во рамки на Европската недела за справување со отпадот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
gorge-ivanov

Иванов ги повика МВР и УБК да одговорат зошто го следат?

Кабинетот на претседателот на Република Македонија e згрозен од содржината на јавно објавеното решение за притвор на лицето Кирил Божиновски, каде се цитира идентична службена белешка на УБК, како и во случајот на Миле Јанакиески, соопшти Кабинетот на шефот на државата.Од таму додаваат дека на идентичен начин се злоупотребува претседателот на Република Македонија. Единствената разлика во содржината на цитираната белешка е што во првиот случај се посочува на остварена средба со посредник на Миле Јанакиески, а во вториот на средба со посредник на Кирил Божиновски.– Категорично ги негираме изнесените наводи во службената белешка на УБК и информираме дека ниту е побарана, ниту одржана средба со Кирил Божиновски, ниту со негов посредник. Негираме и дека е остварена средба со посредник на Миле Јанакиески. Кабинетот на претседателот на Република Македонија јавно прашува дали се уште незаконското следење на комуникации се прикрива со користење на измислени извори?

Македонија | пред 7 години

7 год.
Zaev

Заев се сомнева дека Груевски е киднапиран

Дали Никола Груевски доброволно ја напуштил Македонија или бил киднапиран. Очекувам и Груевски и Унгарија да дадат одговори на овие прашања. Редно е како држава јавно да ги поставиме овие прашања, изјави премиерот Зоран Заев на прес-конференција во Владата.„Јасно е дека избегал со дипломатско возило од Унгарија. Сите докази ќе бидат споделени со јавноста, ќе ги предадеме со Унгарија, но и на Европската Унија”, рече Заев.Сомнежите дека е киднапиран, Заев ги образложи со тоа што Груевски побегнал со дипломатско возило на странска амбасада.„Секоја амбасада е екстериторијална, таму нашиот систем и полиција не може да делува. Од тој аспект прашувам дали доброволно заминал или бил киднаиран. Одговорот на прашањето ќе разјасни многу работи“, вели Заев.Во врска со бегството на Груевски и информациите кои што се појавија во јавноста, тој потврди дека е точно дека тој преку Албанија и Црна Гора избегал во Будимпешта каде што побарал азил. Но, Заев е дециден дека Груевски ,,лаже дека имал закани за животот и немало индиции дека ќе бега”. Според Заев, со бегството експремиерот Никола Груевски ја потврдил вината и рече дека очекува Унгарија позитивно да одговори на македонското барање и да го екстрадира во земјава.Во врска со случајот тој вели дека постои добра соработка со албанските и црногорските власти, со кои се разменуваат информации.

Македонија | пред 7 години

7 год.
zagaduvanje-sred

Протест за чист воздух во Скопје

Во сабота со почеток во 12 часот жителите на главниот град ќе протестираат пред Инспекторатот на Град Скопје поради загадениот воздух. Тие се организираат преку социјалната мрежа Фејсбук каде е најавен протестот.„Да СТАНЕМЕ сите за чист ВОЗДУХ! За НАС, За ТЕБЕ, За Мене, За НАШИТЕ дома, за НАШИТЕ деца, За СИТЕ НАС!Протестот НЕ Е политички организиран! Организиран е од МЕНЕ, од ТЕБЕ, ОД твоето ДЕТЕ, ОД твоите МАЈКА и ТАТКО, од СИТЕ нас!“, стои во објавата.

Скопје | пред 7 години

7 год.
policija

Унгарија ќе прати 30 полицајци да ја чуваат македонската граница

Унгарија ќе прати полициски контингент со 30 полицајци во Македонија за да се зајакне заштитата на границата од илегални минувања на мигранти, соопшти унгарското МВР. Оваа вест беше соопштена вчера, еден час откако Кабинетот на премиерот Виктор Орбан потврди дека осудениот пратеник и експремиер Никола Груевски е во Будимпешта и побарал азил во Унгарија.Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски завчера рече дека Груевски ја напуштил Македонија преку илегален премин, но нема официјални податоци за тоа каде точно се упатил и од каде и на кој начин влегол во Унгарија.Според унгарската полиција, контингентот ќе патролира на македонско-грчката и македонско-бугарската граница, а опремен е со теренски возила, уреди за ноќно гледање, рачни термални камери, заради откривање и спречување на илегални преминувања и спречување трговија со луѓе и шверцување нелегални мигранти. Ист таков унгарски контингент со 15 полицајци ќе биде испратен и во Србија.Унгарски полицајци и досега беа дел од европските полициски сили што ја заштитуваат македонската граница од илегални мигранти.

Македонија | пред 7 години

7 год.
zaev-cipras-pres-860x680

Ципрас: Договорот од Преспа меѓународен модел за решавање на споровите

Грција – За Договорот од Преспа како меѓународен модел за решавање на билатералните спорови и за перспективите и можностите што ги отвора на економски план, говореше меѓу другото грчкиот премиер Алексис Ципрас на третиот „Thessaloniki summit“.– Договорот од Преспа, според мое мислење, може да биде меѓународен модел за решавање на разликите на заемно прифатлив начин. Еден модел за многу измачениот регион на Балканот. Тоа е договор што ја истакнува Грција, што ги заштитува нејзините интереси и права, без да се крие, туку ја гледа вo очи иднината и можностите што ги има пред неа, рече Ципрас.Грчкиот премиер се задржа на можностите што Договорот од Преспа ги отвара во однос на економијата.– На пример одлуката што набргу ќе ја донесеме и ќе можеме да ја донесеме веднаш по ратификацијата на договорот од грчкиот Pарламент, а се однесува на железничко поврзување на Атина, односно Пиреа – Солун – Скопје – Белград, еден модерен и брз воз што ќе пренесува стоки, но и граѓани. Многу важен проект за регионот. Исто така и проектите што ќе се реализираат врз база на мерките за градење доверба. Одлуката на ЕБРД e да финансира прекугранични инфраструктурни проекти и поврзување за да се поддржи Договорот од Преспа и да се финансираат овие проектa, рече грчкиот премиер во неговото обраќање на самитот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Мета: Бегството на Груевски е признавање на вина

Албанскиот претседател Илир Мета, гостувајќи во синоќешната емисија „Опен” на тиранската телевизија Топ чанел, иако воздржано сепак ја кометираше веста за бегството на поранешниот македонски премиер Никола Груевски во Унгарија, минувајќи преку Албанија.Мета изјави дека минувањето на Груевски низ Албанија е прашање кое треба да им се постави на соодветните одговорни органи во Албанија, додавајќи дека на еден начин заминувањето на Груевски од Македонија е признавање  вина од негова страна.– Тоа е прашање со кое одговорните авторитети во земјава треба да се позанимаваат. Не сакам да се мешам во ова прашање, но сметам дека неговото заминување од Македонија е знак на слабост. Избегнувањето на правдата е неприфатливо и на некој начин е признавање на вината, рече Мета.Претходно истиот став Мета го изнесе и на меѓународна конференција на новинари во Тирана, нагласувајќи дека секој политичар, уште  повеќе политичар со голема одговорност, каков што е случајот со Груевски, не треба да ја избегнува ниту правдата ниту политичка борба.– Не можам да судам за ова прашање, бидејќи станува збор за друга земја и имајќи ја оваа позиција нема потреба да отворам дебата за ова прашање. Но, имаме случаи и во Албанија, кога имало притвори што се сметаат за политички, тие се соочувале. Неговото заминување е, исто така, еден вид признавање на вината, без оглед на тврдењата што може да ги изнесе, рече Мета.

Свет | пред 7 години

7 год.
kako-do-pochist-vozduh-vo-gradovite-199360

Конференција „Како до почист воздух во градовите“

Во галерија „КО-РА“ во Домот на културата „Кочо Рацин“ денеска ќе биде одржана конференција на тема „Како до почист воздух во градовите“.Конференцијата е организирана од страна на Невладината организација „Зелен Институт“ од Скопје, со поддршка на „Bureau de Helling“ од Холандија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
45688694_502115700279276_2725193608721334272_n

Полицијата мораше да знае каде е Груевски

„Момци, се гледаме утре во 9 часот“Додека надлежните институции допрва ќе истражуваат како екслидерот на ВМРО-ДПМНЕ ѝ плукна во лице на правната држава, безбедносни експерти директно го вперуваат прстот кон МВР и министерот Оливер Спасовски. Тие наоѓаат еден куп маани и апсурдности во работењето на полицијата, односно во самиот процес на обезбедувањето на Груевски.„Оставете ги тие приказни за судот, Специјалното обвинителство, овие или оние. Единствената вина за бегството на поранешниот премиер е во МВР. Кога судот ќе донесе мерка за претпазливост, односно земање пасош, единствената институција задолжена да внимава тој да не ја напушти државата е Министерството за внатрешни работи. Службите треба да направат план врз основа на индициите и сознанијата со кои располагаат, да го следат и да внимаваат да не им побегне од очи, особено што стануваше извесно неговото заминување во затвор. Дури и ако зборуваме за диви премини, и во овој случај границите ги чува граничната полиција. Во ред, не може физички да се обезбедува целата граница, но непоимливо е службите да не добиле информација дека Груевски подготвува бегство. Ако е така – тогаш имаме голем безбедносен проблем, значи дека системот не функционира“, вели нашиот соговорник, кој инсистира на анонимност поради чувствителноста на случајот.МВР имаше шестмина свои вработени што му беа лично обезбедување на Груевски. Според законот, тој го одбира тимот, главно со луѓе што му се од најголема доверба. Тие не му беа 24-часовна заштита, туку го обезбедуваа кога имаше потреба, односно кога ги извршуваше редовните обврски или по повик. Кобната вечер на 8 ноември, околу 23 часот, го оставиле дома, а тој им рекол: 'Момци, се гледаме утре наутро во 9 часот'. 'Момците' дошле, но него го немало. Чекале да им се јави кога ќе му затребаат. Груевски се јави во вторникот, на 13 ноември, ама од главниот град на Унгарија.„Нивната задача е да прават белешки за безбедноста на Груевски, да јават доколку имаат сознанија за можни напади, атентати или други опасности за животот на експремиерот. Всушност, тоа е обврска на сите вработени во МВР. Конкретно, кога зборуваме за оваа шесторка, тие во Министерството доаѓаа само за да стават гориво во возилото, за сервис или перење. Тие беа третирани како луѓе на Груевски и никој не бараше ништо од нив, иако земаа плата од МВР. Проблемот е во другите служби на Министерството. Тие требаше во секој момент да знаат каде е Груевски, па и да дознаат што планира да направи“, посочува нашиот соговорник.Стоилковиќ: Ова е шлаканицаВо меѓувреме, не стивнуваат шпекулациите околу рутата преку која побегнал Груевски. Медиумите блиски на одредени власти во земјава и во регионот спинуваат погрешни, па и смешни информации, со цел нивните ментори да не понесат одговорност или да не бидат поврзани како помагачи на Груевски. Во тој контекст, се лажни вести дека поседувал и побегнал со бугарски пасош, па дека преку Албанија летнал со авион на компанијата „Малев“, која, патем, е згасната со години, дека поминал граница маскиран со шапка и очила за сонце и слични глупости. Во домашната јавност, пак,  пратеникот Иван Стоилковиќ и лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски се споменуваа како јатаци на Груевски, но двајцата ги отфрлаат ваквите невистини.Јакимовски: Има индикации за договорПретседателот на ГРОМ оценува дека со бегството на Груевски сите сме поразени: и власта и опозицијата, целото правосудство и самиот тој.„Но најголеми виновници се оние што му ги создадоа претпоставките за бегството. Кршењето на човековите права, кршење на процесно право, судење без адвокат, судење во енормно кратки рокови, судење за смешно кривично дело за набавка на 'мерцедесот', а не за корупција, инсистирањето да се затвори по секоја цена, погодувајќи го тајмингот кога се расправа за уставните амандмани - го направија овој случај класичен политички и монтиран. Жал ми е што Републичкиот судски совет не го сфати сериозно обвинувањето на Груевски дека врз Апелација се врши притисок да се донесе осудителна пресуда. Длабоко сум убеден дека овој случај ќе прави дополнителни штети во Советот на Европа. Знаејќи ја задртоста на Виктор Орбан, моја претпоставка е дека нема да зборуваме за обичен случај на барање азил, туку ќе се отворат многу прашања што тоа се случува во Македонија. Сето тоа ќе оди на штета на сите граѓани благодарејќи на 'Кацарска судството', кое го замени 'Сваровски судството'. Во моментов, имаме судство што се карактеризира со својата бруталност, непринципиелност, одмаздољубивост и непочитување на законските прописи и пресумпцијата на невиност“, посочува Јакимовски во изјава за нашиот весник. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Џафери: Не верувам дека Груевски ќе добие азил

За време на интервјуто во Алсат, претседателот на Собранието рече дека не верува дека Унгарија, како земја на Европската Унија, ќе му даде азил на поранешниот премиер Никола Груевски.- Унгарија е членка на Европската Унија и НАТО, а за да учествува во овие заедници, се проценува дека одлуките треба да ги превзема според европските вредности и јас не верувам дека унгарскиот народ ќе прифати да се стави еден црн печат на неговата судбина и неговиот статус како европско заедница со давање политички азил на Никола Груевски - рече Џафери.За време на интервјуто спикерот додаде дека не може да не му се дава плата на Груевски како пратеник во Собранието, но ќе му се намалува како што минува времето.- Во моментов, Никола Груевски има мандат за пратеник, и се додека го има мандатот нема правна пречка за запирање на платата, бидејќи платата е определена од статусот на пратеникот. Но, ако не се појави најмалку 3 сесии, платата ќе се намали за 15 отсто и можеме да го направиме токму тоа, како што е предвидено со законот - рече Џафери.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Новата суперѕвезда покажува дека не сме сами

Планетата наречена Суперземја е пронајдена околу орбитата на најблиската соло-ѕвезда. Има огромни импликации за шанси за вонземски живот.Суперземја е откриена околу орбитата на најблиската ѕвезда на нашето Сонце. Бернардовата ѕвезда е црвено џуџе што е на само шест светлосни години оддалечено од нас – практично како да е во нашиот двор, во галактичка смисла. Сега, астрономите забележале „замрзнат слабо осветлен свет“, најмалку 3,2 пати е потешка од Земјата што кружи околу неа.Планетата, позната како Бернардова ѕвезда б, е втората планета најблиска до Земјата надвор од Сончевиот Систем и орбитира околу ѕвездата-домаќин еднаш на секои 233 дена.Важно е затоа што е наш сосед, а ние сакаме да ги запознаеме нашите соседи – вели Игнаси Рибар од Институтот за вселенски студии на Каталонија и шпанскиот Институт за вселенски науки.

Магазин | пред 7 години

7 год.
sneg

Снег го парализира надземниот транспорт во Њујорк

Првите врнежи снег за оваа есен го парализираа функционирањето на надземниот транспорт во Њујорк.Влажниот снег и и силните налети на ветар кршеа гранки од дрва кои го отежнаа сообраќајот, јавија локалните медиуми.Полицијата им препорача на луѓето да не излегуваат и да ги избегнуваат патиштата.оради лошото време, автобусите тешко стигнувале до централната автобуска станица на Мехнетн, што предизвикало голема гужва на станицата.Доцнеле и вонградските возови, а на мостот „Џорџ Вашингтон“ дошло до верижен судар во кој учествувале неколку автомобили.

Свет | пред 7 години

7 год.
pozari-1

Во пожарите во Калифорнија загинаа 63 лица, 630 исчезнати

Бројот на потврдени жртви во пожарите во Калифорнија се искачи на 63 лица, додека 630 се сметаат за исчезнати, изјави окружниот шериф Бат Кори Хони.Најтешко е погоден градот Парадајз, во кој живееја 27 илјади жители. Таму пожарот уништи 9.000 домови, а од негогашниот град сега се останати само купишта пепел.Од подрачјето погодено од најсмртоносните пожари во историјата на Калифорнија евакуирани се околу 50 илјади лица.

Свет | пред 7 години

7 год.
azil

Во Грција регистрирани 74 илјади баратели на азил

Во моментов во Грција престојуваат 74.000 баратели на азил, соопштија грчките власти, нагласувајќи дека прават напори за подобрување на условите во мигрантските центри на островите.Грчкиот министер за миграциска политика Димитрис Вицас изјави дека последните месеци околу 6.000 лица од центрите на островите се преместени во внатрешноста на земјата.Тој призна дека состојбата во тие центри е „тешка“. Во нив се сместени околу 20.000 лица, а инфраструктурата е предвидена за помалку од 10.000.Во текот на оваа година во Грција нелегално влегле околу 42.000 мигранти, од кои 14.000 преку границата со Турција.Вицас нагласи дека не очекува зголемување на миграцискиот прилив во текот на наредната година, додавајќи дека бројот на мигранти, кои незаконски ја напуштаат Грција и одат кон други европски земји, е минимален.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Панел дискусија „Финска како економија на знаење“

Стопанската комора на Македонија денеска во Скопје организира панел дискусија на тема „Финска како економија на знаење“.На панел-дискусијата амбасадор на Република Финска во Србија, задолжен за Македонија и Црна Гора, Перти Иконен, пред македонската деловна заедница ќе ги претстави искуствата на Финска како економија заснована на знаење, при што фокусот ќе биде ставен на добрите практики на земјата во областа на образованието и функционирањето на јавната администрација.Трибината е дел од активностите на Стопанската комора на Македонија за организирање трибина пред деловната заедница, на коишто се дебатира за теми релевантни за економскиот раст на земјата, користејќи ги при тоа искуствата на развиените економии во сектори и дејности што се од клучно значење за иницирање неопходни промени во економскиот модел на државата.

Скопје | пред 7 години

7 год.
orban-1

Европските Зелени го обвинуваат Орбан дека се обидува да предизвика конфликт

Европската партија на Зелените објави соопштение за бегството на Никола Груевски во Унгарија и обвинува дека Орбан сака да испровоцира конфликт.– Премиерот Орбан е гение кога станува збор за наоѓање нови начини да се травестира владеењето на правото, неговиот последен „успех“ е да прими политички криминалец од соседна Македонија како бегалец, спротивно со антибегалските закони кои самиот ги воведе, пишува во соопштението потпишано од потпретседателот Рајнхард Бутикофер и Моника Фрасони.Тие го осудија и портпаролот на Орбан за изјава во која го нарекол Зоран Заев „кукла на Сорос“.Зелените силно го критикуваат „цинизмот и провокативниот однос кои можат да бидат толкувани само како обид да се создадат тензии на Балканот и да се распалат конфликти со кои ЕУ и македонската Влада макотрпно се обидуваат да се справат на инклузивен, праведен и културен начин“.– Никој нема бенефит од извонредното однесување на господинот Орбан, освен рускиот претседател Путин кој е ужаснат од секој чекор кој го прави македонската нација кон вклучување во евроатлантската заедница. Русија се обиде директно да се вмеша во Македонија и Грција но безуспешно до сега. Срамно е членка на политичката фамилија на ЕПП да игра во антиевропска екипа, додаваат тие.Унгарскиот европратеник од Зелените, Бенедек Јавор, кој вчера во интервју за МИА ги образложи можните сценарија на владата на Орбан во случајот со Груевски, во соопштението итно ги повикува унгарските власти да ја разјаснат својата позиција, да соработуваат со македонските власти и најбрзо што можат да го вратат Груевски назад.-Унгарија не смее да помага никому кој сака да избегне правни последици за своите злодела и треба да испрати порака до Македонија како земја кандидат дека нема исклучоци и двојни стандарди во земја членка на ЕУ, тоа е минимумот за задржување на кредибилитетот на ЕУ кога очекува почитување на стандардите на владеењето на правото во Македонија, напиша Јавор.Тој повика Унгарија да не им служи на руските интереси во регионот.

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања