7 год.
zemjotres-1

Земјотрес почувствуван во западна Македонија, епицентарот во Црна Гора

Земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 180 километри западно од Скопјe, во Република Црна Гора, е регистриран денеска во 14 часот и 47 минути.Како што соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, неговата Рихтерова магнитуда изнесува 4,4, а беше почувствуван од населението во западните делови од Републиката со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Македонија на 10-то место меѓу 190 држави во светот според „Doing Business 2019“

Согласно последниот извештај на Светска банка „Doing Business 2019“, којшто беше усвоен на владината седница, Македонија го подобрила својот ранг за едно место и се наоѓа на 10-то место меѓу 190 држави во светот.Македонија и годинава е лидер во регионот и четврта земја во Европа според условите за водење на бизнис. Оваа година од вкупно 10 индикатори, Светска банка во својот извештај утврдила подобрување кај два индикатори: добивање на градежни дозволи и регистрирање на имот. Кај два индикатори, пристап до кредити и решавање на несолвентност, нема промена во рангот, додека влошување има кај 6 индикатори, односно: започнување на бизнис, пристап до електрична енергија, заштита на малцински инвеститори, плаќање даноци, прекугранично тргување и спроведување на договори.

Македонија | пред 7 години

7 год.
struja-2

Делови од Скопје без струја

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија ќе останат повеќе општини во Скопје.Во периодот од 09:00 до 12:00 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од дел од село Мирковци во општина Чучер – Сандево.Понатаму струја ќе нема ниту во општина Чаир, односно во периодот од 12:00 до 14:00 часот корисниците од пазарот во Чаир, спроти стадионот, а во периодот од 08:30 до 12:00 часот корисниците од делови од улиците Дрварска и Атанас Бабата, Музејот на Македонија, Покриена чаршија, Куршумли ан и улица Самарџиска.Во периодот од 10:00 до 13:00 часот, без електрична енергија ќе останат и дел од корисниците од дел од улицата Будимпештанска околу број 20, во општина Карпош.Понатаму како што соопштија од ЕВН, во периодот од 11:00 до 13:30 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од село Горно Соње во општина Сопиште.Во периодот од 09:45 до 14:30 часот корисниците од селата Рашче, Бојане, Копаница и каптажата Рашче, во општина Сарај, како и корисниците од улиците со број 4, 6 и 7 во село Батинци во општина Студеничани ќе останат без електрична енергија. Во село Батинци струја ќе нема од 09:00 до 15:00 часот.Во периодот од 08:30 до 16:00 часот, како што стои во соопштението на ЕВН струја ќе немаат корисниците од дел од улица Димитар Пандилов т.е. парните броеви од број 6 до број 20 и непарните броеви од број 3 до број 19 и корисниците од улицата Питу Гули т.е. непарните броеви од број 49 до број 55 во општина Центар.Од ЕВН додаваат дека во периодот од 09:30 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од делови од улиците Депа Кајова, Браќа Чакрови, улица Ѓорче Петров и улица Никола Пускаров во општина Ѓорче Петро.Во периодот од 12:00 до 15:00 часот корисниците од улицата Киро Фетак во населба Драчево, општина Кисела Вода ќе бидат без струја

Скопје | пред 7 години

7 год.
emNdQ-

Притворени се Миле Јанакиески и Кирил Божиноски

Од рано утрово во притворени се поранешниот минситер Миле Јанакиески и поранешниот владин секретар Кирил Божиноски, а притворањето уследи од како од државата побегна Никола Груевски, потврдуваат од Судот за Скопје1.мк.Од Судот потврдуваат дека доцна ноќеска е издадена наредба за одредување мерка притвор заради постоење опасност од бегство.Јанакиески е обвинет во пет случаи на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за кои судењата течат, а е спомнат во речиси сите истраги на СЈО.Кирил Божиновски, како поранешен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ е обвинет во случајот со изборни нерегуларности „Титаник“. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ЕК без коментар за барањето азил на Груевски

Европската комисија одбива да го коментира барањето азил на поранешниот премиер Никола Груевски во Унгарија, и потсетува дека владеењето на правото е темелен европски принцип. „Владеењето на правото е темелен принцип на Европската унија за земјите членки исто како и за земјите кандидати. Очекуваме сите страни да се однесуваат строго во согласност со релевантните правила“, велат од Европската комисија додават дека ова е „судска процедура која не смее да се политизира“. Претходно Министерството за внатрешни работи објави дека е распишана меѓународна потреница по Груевски кој се бара заради извршување на казна затвор во траење од две години за сторено кривично дело – примање награда за противзаконито влијание. МВР соопшти дека по направените соодветни проверки, било утврдено дека Груевски се наоѓа во Унгарија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
prasica

Јанева: СЈО побара притвор за Груевски уште во 2016 година, до четвртокот немаше причина повторно да побараме

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) побара притвор за Никола Груевски уште во февруари 2016 година кога некои други не можеа ни име да му споменат, а до минатиот четврток воопшто не одаваше некои настапи дека нема да се јави на суд за да најдеме причина плус зошто повторно би побарале да биде ставен во притвор, порача вечерва специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.– Обвинетиот Груевски против кого се водат четири постапки до минатиот четврток, кога беше присутен во државата, воопшто не одаваше некои настапи дека  нема да се јави на суд за да најдеме причина плус зошто повторно би побарале да биде ставен во притвор. Се однесуваше како слободен граѓанин, си одеше на работа како пратеник во Собранието, се јавуваше на сите покани на рочиштата закажани по разни предмети каде што беше суден, така што ние сметавме дека нема потреба во овој момент да побараме построга мерка на обезбедување. Во иднина сметавме дека со новите истраги кои ќе ги отвораме против сега осудениот, обвинетиот и осомничен дека ќе побараме повторно Судот да ја преиспита одлуката во однос на неговото присуство, рече Јанева во вечерашното издание на  емисијата „Правда неправда“ на 1ТВ.Таа нагласи дека првпат СЈО побарало притвор за поранешниот премиер на 12 февруари 2016 година, а потоа и на 30 јули 2017 година.-Согласно дотогашната и сегашната пракса на Судот за висококоруптивни случаи, СЈО побара притвор за Груевски уште на 12 февруари 2016 година кога ја отвори првата истрага „Титаник“ за изборните нерегуларности. Од страна  Основниот суд Скопје 1 беше одбиено нашето барање, ние поднесовме жалба која  исто така беше одбиена, а немаше ни определено заштитни мерки. Потоа со подигањето на обвиненијата меѓу кои и за Никола Груевски за „Титаник“ на 30 јули 2017 година повторно побарвме притвор и за него од страна на Кривичниот совет беа определени мерки за претпазливост, односно јавување на обвинетиот еднаш неделно во Судот во Скопје и одземање на пасошот, појасни Јанева.Посочи дека институциите не треба да си ја префрлаат вината едни на други за бегството на Груевски од државата и додаде дека се искористени сите моменти и предлози пред Судот за тој да биде во притвор. Нагласи дека по бегството ќе побараат раздвојување за сите други постапки кои се водат против него и додаде дека ќе го судат во отстуство.-Се надевам дека брзо по дипломатски пат Груевски ќе биде вратен назад.  Вечерва е издадена меѓународна потерница и очекувам да биде екстрадиран во најбрз можен рок, потенцира Јанева.

Македонија | пред 7 години

7 год.
tenk

Денеска рочиште за „Титаник“, без Груевски

Во Кривичниот суд во Скопје за денеска е закажано ново рочиште за случајот „Титаник" на Специјалното јавно обвинителство, каде меѓу обвинетите е и поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија каде што побарал политички азил.Одржувањето на денешното рочиште е неизвесно бидејќи Груевски неколку дена е недостапен за полицијата, а од понеделникот попладне тој се бара и со потерница заради издржување двегодишна затворска казна за случајот „Тенк“.Во „Титаник“ за злосторничко здружување и изборни нерегуларности освен поранешниот премиер Никола Груевски, обвинети се повеќе лица, меѓу кои и екс министрите Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска.Случајот се наоѓа во доказна постапка и на минатото рочиште беа преслушани околу 70-тина аудио снимки предложени од Обвинителството. За случајот „Титаник“ СЈО има предложено над илјада бомби, а на досегашните рочишта преслушани се нешто повеќе од 800 разговори.

Македонија | пред 7 години

7 год.
46076579_2064883016891233_3450233755287945216_o

Шилегов на средби со градоначалниците на Подгорица и Пловдив

Градоначалникот Шилегов вчеравечер во ресторанот на „Парк хотел и спа“ имаше работна вечера со делегација од збратимениот град Подгорица, Црна Гора, предводена од градоначалникот Иван Вуковиќ. Двајцата градоначалници разговараа за досегашната соработка меѓу двата збратимени града и за можноста за продлабочување на таа соработка во повеќе области од урбаното живеење. Денеска, пак, градоначалникот Шилегов се сретна со градоначалникот на Пловдив, Бугарија, Иван Тотев. На средбата се разговараше за интересот на Град Скопје да се кандидира за Европска престолнина на културата во 2028 година и за искуствата и соработката со Градот Пловдив кој е Европска престолнина на културата 2019 година.  Делегациите од Подгорица и од Пловдив присуствува на денешното чествување на Денот на ослободувањето на Скопје – 13 Ноември и положија цвеќиња пред Споменикот на ослободителите. Вечер, делегациите од двата града ќе присуствуваат на доделувањето на наградите „13 Ноември“ и на концертот на Македонската филхармонија, што се организира по повод одбележувањето на Денот на ослободувањето на Скопје. Градот Скопје и Градот Подгорица се збратимени од 2008 година и годинава одбележуваат 10 години од збратимувањето. Двата града негуваат плодна соработка и разменуваат позитивни искуства, особено за прашања од комуналната сфера и урбаните проблеми. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
mile-janakieski

Јанакиески: Најостро го осудувам бегството на Никола Груевски

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески за ТВ 21 изјавил дека најостро го осудува бегството на Никола Груевски.– Најостро го осудувам ваквиот чин, бидејќи ќе влијае негативно на судските предмети во целост, а посебно во оние предмети каде сме заедно обвинети – изјави Јанакиески.Тој додава дека не планира да бега од Македонија и дека моментално е во Скопје, најави и појавување на утрешното судско рочиште за предметот „Титаник“.Тој бара од медиумите да информираат објективно и повика да се престане лицитирањето за идни притвори и притисок врз судот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

МВР: Груевски е во Будимпешта и побарал азил

МВР вечерва потврди дека поранешниот премиер Никола Груевски е во Будимпешта. Груевски попладнево на Фејсбук објави дека е во Будимпешта и дека ќе бара политички азил.– По направените соодветни проверки, Министерството за внатрешни работи утврди дека лицето Никола Груевски, кое се бара заради извршување на казна затвор во траење од две години за сторено кривично дело- примање награда за противзаконито влијание, се наоѓа во Република Унгарија. Министерството за внатрешни работи на Република Македонија доби и потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Република Унгарија и дека побарал азил. Министерството за внатрешни работи го информира Основниот суд Скопје 1, по што Судот треба да издаде решение за распишување на меѓународна потерница за осуденото лице Никола Груевски, соопшти МВР.

Македонија | пред 7 години

7 год.
urko-630x420-620x400

Урко ја доби наградата 13-ти Ноември заслуги во спортот

Кик бокс тренерот , поранешен ултимет фајтер и бивш телохранител на Никола Груевски Дејан Митровски – Урко ја доби наградата 13-ти Ноември за особени заслуги во развојот и унапредувањето на спортот во град Скопје. Наградата 13-ти Ноември ја доделува Сојузот на спортови на Скопје.[caption id="attachment_7859" align="alignnone" width="696"] CREATOR: gd-jpeg v1.0 (using IJG JPEG v80), quality = 82[/caption]Урко е популарен на Фејсбук и  Инстаграм каде последните години објавува фотографии од неговите тренинзи, додека во минатото повеќе се промовираше како секс симбол, објавувајќи речиси голи фотки.Покрај него, на листата на наградени се наоѓаат најзаслужните спортисти, тренери, екипи и спортски работници, односно наградата за спортист ја доби кик боксерот Бобан Илиоски, спортски судија – Зоран Поповски, машката ракометна екипа на Вардар, спортските работници Никола Тасев, Перица Крстевски и Гордана Николовска, награда за спортски новинар за новинарот на Нова Македонија, Ласте Димитриевски, најуспешен професор по физичко и здраствено образование за Мартин Мартиновски, награда за животно дело за Кочо Димитровски, Борче Брсаковски и Венцислав Недев, и посебно признание за директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
46110242_255453358455274_5527031407055994880_n

Груевски целосно го потврди ексклузивитетот на Скопје1.мк

Постот на Никола Груевски со кој тој на својот официјален Фејсбук потврди дека е напуштил Македонија и се наоѓа во Будимпешта целосно го потврди ексклузивитетот и информациите кои од петокот ги објавуваше Скопје1.мк , а со кои единствени во Македонија први тврдевме дека Никола Груевски побегнал од земјава за да не оди во затвор.Скопје1.мк прв ојбави и дека Сашо Мијалков со акламација е исклучен од ВМРО ДПНЕ, а за нецели два месеци постоење, Скопје1.мк полека но сигурно станува медиум кој предвреме ги знае и објавува нај ексклузивните вести.Груевски се јави од Будимпешта каде побарал азил 

Македонија | пред 7 години

7 год.
46096487_255799245118719_3313954700683902976_n

Груевски се јави од Будимпешта каде побарал азил

Никола Груевски се јави со пост на неговата официјална Фејсбук страна и целосно го потврди ексклузивитетот на Скопје1.мк кој уште петокот јави дека Груевски не е повеќе во Македонија.„Во последните неколку денови примив безброј закани по мојот живот.Јас сум во Будимпешта сега, и побарав политички азил од Унгарските власти.Секогаш ќе останам верен на каузата на Македонија. Никогаш нема да отстапам“, пишува на Фесјбук, Никола Груевски.https://www.facebook.com/NGruevski/posts/10156942186402716?__xts__[0]=68.ARALB6b6c6SOaJ87d7L6MPxdDDb1ttrI7CZwUqn5dl0lUIPS_o9Jjp9UjceJycbw_JdOMKq88OlRGN4kS5UFtUzTdjzMP3wO4Z6q66HuFJ2rMKvr3N62P_vkTjzMw5wThXS2pVDZd8RsVekWv7tYzkxGo2Aezh_NE17IJeu7lv4W8kJTaM_Df11vhgRRz_5XUiSErAN1m_UiUPZ6C3LUZ4JZUNT2Wvh1EHa0pnOGdcO_EGnzZa5MyPjCTkIkXFwqpz-O404RPEIG4qOS_tJwukbSwSI6o43xgH-RtSFQyNj0ftJzkqv2CaAYYyYQiVXqvAbaJY7uOOGAPw&__tn__=-R 

пред 7 години

7 год.
idiot-2

Заев: Да не се оди на парламентарни избори, да се даде шанса на економијата

Идната, 2019 година да ја прогласиме за економска, како што оваа, 2018-та беше година на интеграциите. Парламентарните избори да се вратат на нормален колосек и да бидат редовни, а не да се одржуваат пред време, рече премиерот Зоран Заев на денешната втора буџетска конференција во Стопанската комора на Македонија.Заев напомена дека одржувањето предвремени парламентарни избори е погубно за економијата, ја отежнува работата на бизнисот, го прави непредвидлив и го оневозможува неговото планирање.Крупните политички чекори, потенцира премиерот, мора да се направат ако сакаме раст и развој на државата.„Да не се оди на избори, туку да се даде шанса на економијата. Знаеме како предвремените парламентарни избори влијаат врз бизнисот особено ако се одржуваат паралелно со други избори како што ќе бидат догодина претседателските. Предвремените парламентарни избори ја умртвуваат економијата за четири до шест месеци. Парламентарните избори да бидат редовни за да му се овозможи на бизнисот да прави планови и предвидливи чекори“, истакна Заев.Претходно претседателот на Стопанската комора Бранко Азески исто така изрази уверување дека 2019 ќе биде прогласена за економска година.„Ние сме за развоен буџет, иако тоа е тешка работа. Ќе направиме се што можеме за 2019 да биде година на економијата“, рече Азески.Буџетската конференција почна со излагањето на министерот за финансии Драган Тевдовски кој пред стопанствениците ги повтори проекциите на Предлог-буџетот за 2019 година.

Македонија | пред 7 години

7 год.
gruevski-2

На Груевски му се губи трагата во четвртокот вечерта

МВР и натаму трага по бегалецот Никола Груевски по кого од вчера е распишана национална потерница. Полицијата, по известувањето од Судот дека е недостапен, го бараше Груевски во неговиот дом, но и околу партиското седиште на ВМРО ДПМНЕ, но не го најде, пишува Нова ТВ.Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одговрајќи на новинарско прашање за одговорноста за евентуалното бегство на Груевски кажа дека вината треба да се бара кај оние кои не одредуваат притвор.„Јас размислувам во однос на одговорноста на оние кои не одредуваат притвор за лица кои имаат можност да избегат од државата, што им дозволуваат да се шетаат и да ги обавуваат сите можни работи и кога ќе се донесе пресудата не се во притвор иако имаат десетици кривични дела и кривични пријави. Замислете има притвор за разбојништво и тешка кражба, а за вакви кривични дела не се одредува мерката притвор“, кажа министерот за полиција Спасовски.Телохранителите на осудениот пратеник и експремиер Никола Груевски, последен пат се виделе со него во четвртокот навечер. Според нивните изјави тие вечерта во четвртокот околу 23 часот го оставиле дома. Од тогаш, Груевски не ги повикал.Груевски имаше упатен акт да се јави на издржување на затворската казна во Шутка, во четвртокот на 8 ноември, пишува Нова ТВ.Тој претходниот ден, на 7 ноември се појави на Комисијата за уставни прашања во Собранието, но по еден час го напушти Собранието и од тогаш не се појавил во Законодавниот дом. Ова практично е последното појавување на Груевски во јавноста кој до тогаш редовно доаѓаше и на судските рочишта, а одвреме навреме се појавуваше и во Собранието.Издржувањето на затворската казна на Груевски му беше одложено затоа што се пролонгираше рокот во кој тој можеше да поднесе жалба до Кривичниот совет, пред да оди во затвор.Имено, судијата за извршување санкции во петокот на 2 ноември донесе решение со кое се одби молбата на Груевски за одложување на затворската казна, но оваа одлука која на неговите адвокати им беше доставена истиот ден, Груевски ја доби дури во понеделникот кога се појави во Судот. Со ова, тој доби дополнителни денови за да ја достави жалбата до Кривичниот совет. Советот одлучуваше во петокот и му ја одби жалбата, но тогаш веќе Груевски го немаше.Судскиот курир неколкупати во петокот се обидe да му го достави решението на Кривичниот совет, но не го наjде дома. За време на викендот, никој не се обиде да го најде Груевски – се чекаше тој самиот да се пријави во затворот во Шутка или да дојде во понеделник во Судот да го прими решението за издржувањето на затворската казна.Судски извори за НОВА потврдија дека Груевски не се појавил во петокот ниту во Судот, но и немал таква обврска. Според мерките за претпазливост што му биле одредени, тој требало секој прв петок во месецот да се пријавува во Судот и тоа го правел редовно. На Груевски му беше одземен и пасошот, пишува Нова ТВ.Од таму исто така објаснуваат дека мерките за претпазливост што му ги одредил Судот, биле потврдени и од Апелација.СЈО бараше притвор за Груевски, уште во јуни лани, но најпрво Судот, а потоа и Апелција го одбија барањето за притвор и му одредија мерки за претпазливост. Судот не донесе одлука за притвор за ниту еден обвинет од поранешното раководство на ВМРО ДПМНЕ за кое СЈО бараше притвор.Дали за Груевски ќе биде распишана меѓународна потерница, треба да одлучи Судот, во координација со МВР. Меѓународна потерница се распишува ако е веројатно дека лицето избегало во странство.До тогаш ликот на Груевски ќе остане на интернет сајтот на МВР за потраги.Екс премиерот, покрај во случајот „Тенк“ во кој е осуден со правосилна пресуда на казна затвор од две години, обвинет е и во уште неколку случаи отворени од СЈО: Насилство во Центар, Титаник, ТНТ и Траекторија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Мијалков не знае каде е Груевски

Поранешниот директор на УБК и доскорешен висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков, на влегување во Кривичниот суд во Скопје изјави дека не знае каде во моментов се наоѓа неговиот братучед и Никола Груевски.„Не знам“ кусо одговори Мијалков на влегување во зградата на Кривичниот суд, запрашан од новинарите за тоа дали знае каде е Груевски.На Мијалков денеска му се суди на ново рочиште за предметот на СЈО „Титаник 2“, каде заедно со претседателот на ДПА, Мендух Тачи, и членови на ДИК обвинети за злоупотреба на службената положба за време на локалните избори во 2013-та.Освен „Титаник 2“, во кривичниот суд има рочишта и за „Титаник 3“ и „Тарифа“.

Македонија | пред 7 години

7 год.
oliver-spasovski

Спасовски: МВР нема вина за Груевски, одговорноста е кај судиите

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски не размислува за оставка откако полицијата направи неколку безуспешни обиди да го пронајде осудениот екс-премиер Груевски. Спасовски вината што Груевски стана недостапен за органите на прогонот ја гледа кај судската власт.„Одговорноста барајте ја кај судиите кои не одредиле мерка притвор за човек кој е осомничен за повеќе кривични дела“, рече Спасовски додавајќи дека полицијата работи врз основа на судските наредби.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Вељаноски за „27 април": Бидете на штрек, не дозволувајте да седнат на моето место

Со изведување смс и вибер пораки меѓу обвинетите на „крвавиот четврток" денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за случувањата во Собранието на Република Макеоднија на 27 април минатата година.Прво е вештачењето на мобилниот телефон на тогашниот собраниски спикер Трајко Вељановски, кое се однесува на смс и вибер комуникацијата во периодот февруари – мај 2017 година.Во судница се присутни сите 32 обвинети, освен обвинетиот Сашко Марковски за кого постапката беше одвоена.Судскиот процес го води судијката Добрила Кацарска, а застапници на обвинението се Вилма Русковска и Ивана Трајчевска.Обвинителката Русковска на почетокот посочи дека вештачењата се преобемни и содржат и приватни пораки, поради што им доставиле испечатени примероци.– На 27 април во 17:48 Трајко Вељаноски испраќа смс порака до Горан Ѓошевски со содржина „бидете на штрек". Ѓошевски во 17:49 испраќа смс порака со содржина „да” и подоцна уште една „сите знаат и од МВР”. Во 18:04 Вељановски му праќа порака „кажи им да влезат двајца внатре и да не им дозволат да седнат на моето место”, прочита дел од вештачењето обвинителката Русковска.Од вибер комуникацијата на телефонот на Вељаноски, продолжи Русковска, може да се види дека тој добива порака од пратеникот Димитар Стевананџија со содржина „како е работата”, по што испраќа одговор „Се спремаме. Тврдокорни. Чекате насоки. Важно спремни”.Подоцна истиот ден Стевананџија испраќа пораки „мора да има кредибилен лидер” и „и критична маса од ск”.– Вељаноски на 25 февруари на Никола Груевски му испраќа порака со содржина „јас пак мислам подобро митингот да се одржи во сабота, ќе има повеќе време за подоготовка, нема да врни и до тогаш се повеќе ќе се наектрелизира Македонецот”.Вељаноски испраќа смс до Гордана Јанкуловска на 27 февруари во 19:47 со содржина „добар беше собирот денес” и таа му враќа „да, супер изгледаше”. Вељановски на 2 март испраќа порака на Сања Угриновска „сакам да му се јавам на Чавков да ги повлече сите", на што таа му враќа „не ве разбирам, овие што заминаа". Подоцна, истиот ден, Вељановски и пишува „сите, и тие што заминале", на што таа му враќа „па јас не би ги враќала".За случајот „27 април" обвинети се уште 32 лица, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување. На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко

пред 7 години

7 год.
apasiev

Апасиев: (Северна) Македонија ќе треба да му исплати оштета на Грујо

Професорот Димитар Апасиев, за нефер судењето и нелегално апсење на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, вели дека (Северна) Македонија ќе треба да му исплати оштета на Груевски.„Од целава калакурница, најјако ќе биде кога тужената странка пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур – Република (Северна) Македонија, дополнително ќе треба да му исплати и ОШТЕТА на Грујо за нефер судење и нелегално апсење без одземен имунитет!“

Коментари | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ОН: нова војна во Газа ќе биде голема трагедија

Обединетите нации, ЕУ и Русија ги повикаа Израелците и Палестинците да и стават крај на ескалацијата на насилството во последните 24 часа. „Нова војна во Газа би била неверојатна трагедија. Мораме да ја избегнеме по секоја цена“, изјави генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш. Во меѓувреме, специјалниот координатор на ОН за блискоисточниот мировен процес Николај Младенов и Египет се обидуваат да ја смират ситуацијата. Палестински екстремисти вчера истрелале околу 300 ракети и минофрлачки проектили врз Израел по претходниот упад на израелските сили во појасот Газа во кој загинаа седум припадници на Хамас и еден израелски потполковник.

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања