7 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се поразени од сопствената партија

„Раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се антимакедонски и антизападни марионети спречени во обидите да ја закочат македонската иднина. Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ се поразени од сопствената партија и не успеаја да го блокираат патот на Македонија кон ЕУ и НАТО. Раководството на ВМРО-ДПМНЕ и антизападниот играч Мицкоски, да ги тргнат на страна рацете од сите граѓани и сите пратеници кои сакаат да ја видат Македонија во НАТО и ЕУ“, велат од владејачката СДСМ.Според нив 80 пратеници во Собранието слободно, по сопствено убедување и низ демократска постапка гласаа за иднина во ЕУ и НАТО и ја испочитуваа волјата на над 80 отсто од сите граѓани.„Македонија се обединува околу иднината во ЕУ и НАТО. Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ остануваат изолирани во темното минато на изолација и поделби“, стои во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Турчин со фалсификувана лична карта од Бугарија приведен на Табановце

На граничниот премин Табановце, во попладневните часови во петокот, за излез од Македонија при извршена контрола на лицето С.Т.М. на возраст од 32 години од Бугарија било констатирано неговиот документ за идентификација, односно неговата лична карта била фалсификат, соопшти полицијата.Со него бил извршен разговор во кој изјавил дека документот го набавил за сума од 500 евра, а неговиот вистински идентитет е А.К. и има 38 години а по потекло е од Турција, се наведува во соопштението на полицијата.Лицето веднаш било приведено и заедно со документот било предадено на полициски службеници од СВР-Куманово за понатамошна постапка.

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-2-1

Приведен Албанец на Табановце, го прелепувал пасошот, со цел прекривање на забрана за влез во земји на ЕУ

На граничниот премин Табановце во петокот бил приведен еден Албанец бидејќи при извршена пасошка контрола било констатирано дека на неговата патна исправа била прелепувана дел на страница од друга патна исправа, со цел прекривање на постоечка забрана за влез во земјите членки на Европската Унија, соопшти полицијата.22-годишниот Ј.П. од Албанија бил приведен на Табановце во обид да излезе од Македонија.Лицето е приведено и заедно со патната исправа било предадено на полициски службеници од СВР-Куманово за понатамошна постапка, наведуваат од полицијата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Еден загинат во сообраќајка на влезот во Охрид

Тешка сообраќајна несреќа која се случи утрово околу 1 часот по полноќ, на влезот во Охрид во близина на Свети Еразмо.Според информациите од МВР, патничко возило „Фијат Пунто“ удрило во товарно возило „Мерцедес“. На местото на настанот починал Д.Р. (38) од Охрид, кој го управувал патничкото моторно возило „Фиат Пунто“ со охридски регистарски таблици. Во автомобилот, сопатници биле и лицата Љ.С.(51), И.Р.(51), И.Ѓ.(56) и Ј.К.С.(35), сите од Охрид, кои се здобиле со тешки телесни повреди. Со телесни повреди, се здобил А.М.(31) од охридското село Лешани, кој го управувал товарното моторно возило „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Охрид, предводена од Јавен обвинител. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
44495402_2028442300535305_341012655181398016_o

Град Скопје ќе ја менува оштетената опрема од сообраќајниците

Екипи на ЈП „Улици и патишта“ по налог на Град Скопје викендов почнаа со менување на оштетената урбана опрема од градските сообраќајници.„На терен на повеќе локации во Градот се отстрануваат оштетените заштитни столпчиња, жардиниери, бекатон плочки од патеките и рабници од тротоарите. На терен ќе биде поставена нова урбана опрема или дел од оштетената опрема што ќе биде санирана“, велат од Град СкопјеОваа активнот на ЈП „Улици и патишта“ ќе продолжи и во наредниот период, а со истата ќе бидат опфатени сите градски сообраќајници во општините.

Скопје | пред 7 години

7 год.
6-1

Премиерот Заев: 21-та Тортијада сведочи дека се можни искрени и верни пријателства

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев присуствуваше и го означи отворањето на 21-та Тортијада, настан што го организира Здружението на лица со телесен инвалидитет Мобилност од Струмица.На настанот свои обраќања имаа и градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски и Претседателот на Здружението на лица со телесен инвалидитет Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски.„Оваа традиционална манифестација, што се одржува 21-на година до денес, носи преубави торти пред нас. Но оваа Тортијада сведочи и дека се можни искрени и верни пријателства, што со години ги негуваме ниe со другарување помеѓу нас и грижа едни за други. Ова наше пријателство е и силна порака до целото општество, дека цврсти пријателства се можни, ако ги градиме со разбирање едни за други, со топлина и со љубов“, истакна Заев во своето обраќање.Премиерот меѓу другото истакна дека за првпат оваа година Владата донесе програма за персонална асистенција на лица со попреченост, целосно финансирана од буџетски средства. Целта е независно и самостојно живеење на лицата со попреченост и нивно активно и рамноправно учество во заедницата, посочи Заев.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Недемократското однесување на Заев ќе создава поголем гнев кај народот, кој е против менување на името

Зоран Заев и неговите 80 очајници не добија мандат на избори да го менуваат Уставот, да го бришат името Република Македонија и да го менуваат идентитетот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Зоран Заев и неговите 80 очајници не добија поддршка ниту на референдумот да ја бришат историјата, традицијата и културата на Република Македонија. СДСМ и Зоран Заев ги погазија демократијата и правдата во Република Македонија. Немајќи смелост да се соочи со волјата на граѓаните која беше јасно искажана на референдумот, Заев посегна кон силување на институциите, државата и волјата на сопствениот народ. Со ваквото насилничко носење на закони спротивно одлуката на народот и присилното собирање на гласови во законодавниот дом под закани за политички прогон, СДСМ и Зоран Заев го изгубија легитимитетот да зборуваат за демократски и европски вредности“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.Тие додаваат дека тоа што ѝ се случило на Македонија е срам и преседан кој нема допирни точки со демократијата и оти таков пример се нема случено во ниту една земја од западниот демократски свет.„Јавноста конечно ја виде позадината на политичкиот прогон преку СЈО и обвинението за настаните од 27 април. Монтирани обвиненија против пратеници кои подоцна ги искористија како уцени за добивање на двотретинско со цел менување на уставното име на Република Македонија и спроведување на договорот од Преспа. СДСМ со нивните насилнички и недемократски методи побараа и добија поддршка од истите пратеници за кои викаа дека се најголемо зло и им посакуваа се најлошо да им се случи. Силувањето на демократијата во Македонија од страна на власта само повеќе ќе го поларизира општеството. Недемократското однесување на Заев ќе создава поголем гнев кај македонскиот народ кој јасно порача дека е против менување на името на државата, против менување на личните исправи и против менување на историјата, традицијата и културата“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.Според нив, со со овој чин СДСМ и Заев ставија крај на своите кариери.„Многу скоро ќе мора да се соочат со граѓаните, а тогаш оваа антинародна и недемократска власт ќе замине во историјата. Македонија и македонскиот народ многу пати во историјата се соочувале со тешки премрежија но секогаш излегувале како победници токму затоа што народот никогаш не се откажувал од својата земја. Демократијата и интегритетот на Македонија ќе и се вратат кога ќе си замине оваа ненародна власт и зло кое што и се случува на нашата држава. Македонија победувала и повторно ќе победи“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
rus-mak

За Русија има само Република Македонија, не северна

Руската федерација по гласањето во македонското Собрание за промена на името, преку социјалната мрежа „Твитер“ реагираше во одбрана на уставното име на Македонија.https://twitter.com/Russian_Emb_MKD/status/1053754859969748992„Русија ја призна Република Македонија под нејзиното уставно име пред повеќе од 26 години и својот став не го менува“, пишува на официјалниот твитер-профил на руската амбасада во Скопје.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Eдна држава го зголемува минималецот на 900 евра

Минималната плата во Шпанија ќе биде зголемена за 22% и ќе изнесува 900 евра од досегашните 736 евра.Ова ќе се случи ако биде усвоен буџетскиот план за идната година.Ова е многу важен чекор за буџетот на Шпанија за 2019 година и најголемо зголемување на минималната плата во изминатите 40 години.Шпанската малцинска социјалистичка влада се договори со левичарската Подемос за зголемување на минималната плата и зголемување на даноците за најбогатите.Највисоката минимална плата во ЕУ е во Луксембург и изнесува 1.687 евра.Зад неа е Холандија до 1.430 евра, а трета е Ирска со 1.509 евра.Шпанија е на осмата позиција.

Свет | пред 7 години

7 год.
kuki

Домовите на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа ЗА уставни промени под полициско обезбедување

Пред куќите на пратениците од Охрид, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски, е забележано полициско присуство, пренесува Алсат. Тие двајца, заедно со останатите пратеници од опозицискиот собраниски состав, кои гласаа ЗА уставни промени во Собранието, се исклучени од редовите на ВМРО-ДПМНЕ откако отстапија од партиската агенда.Телевизија Алсат тврди дека домовите вчера биле под строга заштита од страна на полицијата.Покрај тоа, полициски патроли го надгледуваат и домот на Крсто Мукоски во Вевчани. МВР и премиерот Зоран заев веќе проценија дека овие пратеници ќе бидат под закана, бидејќи вчераги гласаа и поддржаа уставни промени во драматична завршница. По гласањето имаше бура од закани и клетви на социјалните мрежи, а полицијата веќе поднесе една пријава.Случајно или не,тројцата пратеницисе обвинети и има и активни процеси против нив вод страна на редовното Обвинитество. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Македонија создаде раскол во Владата на Ципрас?

На повидок се нови конфликти во грчката Влада, пишува грчкиот весник „Катимерини”, по гласањето за почеток на процедурата за уставни промени во македонското Собрание.Грчкиот премиер, Алексис Ципрас доцна  му честиташе на својот македонски колега, Зоран Заев, за, како што посочи постигнатиот важен чекор во заедничкиот успех, односно да го прифатат предлогот на Владата за измените на Уставот, според кој меѓу земјата се преименува во Република Северна Македонија.Ова се случува неколку дена по оставката на грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас.Според „Катимерини”, Ципрас би требало да сфати дека поделбите во домашната политика се неизбежни и дека тие се одразуваат на стратешките национални интереси на државата.Весникот, пишува дека Ципрас треба да разбере и да влијае на изјавите на министерот за одбрана, Панос Каменос кои можат да влијаат на домашната политичка сцена.Неговото обвинение за поткуп на македонски пратеници поради негативните политички интереси е тема во која грчката јавност брзо ќе се пронајде, а во грчките кафеани ќе се прашуваат: „Колку наши пратеници ќе гласаат за договорот од Преспа”.

Свет | пред 7 години

7 год.
image-0-02-04-f4ca9fabfb593cf707712acd064d271378543984921182b97c493f66286889db-V

Заврши есенската дератизација во Кисела Вода

Општина Кисела Вода заврши со активностите за есенска дератизација за уништување на штетни глодари на својата територија.„Со истата беа опфатени 3863 шахти, во сите месни и урбани заедници. Работните активности на терен ги изврши фирмата Токси Вет, во соработка со ЈП Водовод и Канализација, преку Секторот за комунални работи, инфраструктура, сообраќај и заштита на животната средина“, велат од општина Кисела Вода.Акцијата за уништување на штетните глодари спроведува два пати годишно, на пролет и на есен.

Скопје | пред 7 години

7 год.
kabul

15 загинати во нападот на избирачкото место во Кабул

Бројот на загинати во нападот во Кабул се зголеми на 15 лица.Бомбаш-самоубиец денеска се разнесе во главниот авганистански град и усмрти 10 цивили и пет полицајци, и тоа пред затворање на гласачкото место.Денеска во земјата се одржуваат парламентарни избори.Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Времето променливо облачно со повремен локален дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а околу пладне и попладне повторно ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, а температурата ќе се движи до 23 степени, соопштија од УХМР.Во Скопје времето исто така ќе биде променливо облачно околу пладне и попладне повторно ќе има локални врнежи од дожд, со температура до 18 степени.Во наредните денови времето ќе биде променливо и постудено со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со услови за снег, особено в среда. Пообилни врнежи се очекуваат в понеделник. Повремено ќе дува засилен северен ветер, а дневните температури позначително ќе опаднат.

Македонија | пред 7 години

7 год.
petar-bogojeski-1

Богојески: Пратениците што гласаа „за“ се визионери, раководството на ВМРО го загуби легитимитетот

Иако можеби сега не изгледа така, пратениците кои гласаа за Договорот од Преса во иднина ќе бидат визионери што застанале на победничката страна на историјата, смета Петар Богојевски од реформаторското крило на ВМРО-ДПМНЕ, кој неодамна беше разрешен од позицијата заменик генерален секретар.-Одлуката на Собранието на Република Македонија е само еден почеток на процесот на имплементирање на решенијата на Преспанскиот договор врз Уставот на нашата Република.Се надевам за многу краток период ќе се вградат решенија кои ќе значат условена имплементација на уставните амандмани, доколку Грција не го ратификува овој договор. Дополнително, овој процес нуди можност и за други измени, со кои Македонија може целосно да расчисти со своето комунистичко минато – вели оценува Богојевски.Според него, исклучувањето на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за договорот од партиските органи е невалидно.-Актот на таканаречено исклучување од партијата покажа две работи. Прво, ова раководство го водат гнев и омраза, себичност и кратковидост, со целосно суспендирање на внатрепартиската демократија. Второ, тоа беше нестатутарна одлука, надвор од пропишана процедура, а со тоа и невалидна. Како и да е, ова раководство самото себе си се делегитимираше и го изгуби целиот кредибилитет да ја води партијата – вели Богојески.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Протести во Бразил против десничарскиот кандидат за претседател

Илјадници граѓани од 27 града во Бразил искочија на улиците во знак на протест против кандидатурата на Жаир Болсонаро за претседател на државата.Учесниците на протестот извикуваа „не тој“, што воедно е и слоган против поранешниот воен капетан Болсонаро. Според нив Болсонаро претставува фашизам, нетолеранција  насилство, бидејќои тој ја поддржа диктатурата во периодот од 1964 до 1985 година, а исто така е против хомосексуалците, жените и црнците.Според анкетите, се очекува Болсонаро да победи во вториот круг на изборите кои ќе се одржат на 28 октомври.Во текот на предизборната кампања тој привлече голем број на гласачи поради ветувањата дека ќе стави крај на насилството на нарко-бандите и другите криминалци.Во првиот круг од изборите ултрадесничарскиот кандидат освои 46 проценти од гласовите, а неговиот противкандидат, Фернандо Хадад 28 отсто.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Дали е ова последно менување на стрелките на часовникот?

Викендот 28-ми кон 29-ти овој месец во Македонија ќе почне зимското сметање на времето.Стрелките на часовникот ќе се поместат, а согласно донесената одлука во Европа да се укине промената на времето, во Македонија се следи процесот на усвојување на предлог директивата и претстои усогласување на националното законодавство на РМ и определување на начинот на транспонирање на ЕУ директивата.Иако биоритамот полесно се приспособува на поместување на часовникот назад отколку напред, сепак, несоницата и понатаму останува како најчеста нус-појава.Идејата за поместување на времето ја осмислил иноваторот Бенџамин Френклин кој ја изнел пред своите колеги во 1784 година, бидејќи му пречело што губиме многу дневна светлина. Предложил напролет да се поместува часовникот напред, но идејата не му заживеала. Во почетокот на 20 век идејата први ја прифатиле Германците, а во бивша Југославија влегла дури во 1983 година. Додека северниот дел на планетата преминува на зимско, јужниот дел оди на летно сметање на времето.Поместувањето на часовникот може да ја наруши хормоналната слика што предизвикува низа тегоби како што се мигрени, нервоза и депресија. Поради враќање на часовникот наназад, луѓето губат енергија и повеќе ги чувствуваат временските прилики.Освен редовно вежбање и избегнување тешки оброци, важно е да воспоставите ритам на спиење. Ако порано сте легнувале во 23 часот, сега е најдобро да заминете на спиење во 22 часот. Одбегнувајте ги попладневните дремки зашто телото ќе мисли дека времето не се променило и приспособувањето ќе оди потешко и побавно.И уште нешто – не заборавајте на витаминот Д, кој е многу важен за здравјето, а спречува и остеопороза, депресија… Затоа запомнете дека во зима, поради недостаток на сончева енергија, може да се појави негов недостаток. Во исхраната вклучете намирници како риба, жолчки од јајца, сирење, млечни производи…Зимското сметање на времето трае до последниот викенд во март.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Камен од Месечината продаден за над 600.000 долари

Дел од камен што на Земјата паднал од Месечината, е продаден на аукција во Бостон за сума од над 600.000 американски долари.Купувач на лунарниот камен е виетнамски државјанин, вработен во еден комплекс пагоди во провинцијата Ха Нам, кој на аукцијата платил 612.500 долари.Каменот се состои од шест дела кои можат да се вклопат како сложувалка.Тој е пронајден минатата година во пустинскиот регион на африканската држава Муританија.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Пајажина долга 1000 метри на брегот на езеро во Северна Грција

Илјадници мали пајаци исплетеле пајажина долга 1000 метри на крајбрежјето на езерото Вистонида во северна Грција.Според биолозите овој феномен е редок, и истиот е како резултат на топлото време кое го зголемува бројот на мушички и комарци. Тие се храна за пајаците.Метеоролошките услови се идеални за размножување на пајаците и со такво изобилие од храна се зголемува нивниот број, велат биолозите.

Свет | пред 7 години

7 год.
retardi

Вчера гласаа „ЗА“ – в понеделник Мукоски, Василевски и Арнаудов на судење за собраниските инциденти

Обвинети во судски постапки и пратеници. За пристапување кон уставни измени, гласаа „ЗА“ и опозициските народни избраници – Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов, кои се обвиенти за „крвавиот четврток“, Елизабета Канческа Милевска обвинета во предмет на СЈО „Тендери“, Владанка Авировиќ, мајка на Василие Авировиќ кој е осуден со првостепена пресуда во случајот „Трист“, Зеќир Рамчиловиќ, кој ги организираше протестите пред СЈО кога обвинителството го отвори предметот „Труст“. „ЗА“ гласаа и пратеничките Нола Исмајлоска Ставрова и Емилија Александрова.Осумтемина опозициски пратеници бараат гаранција доколку Грција не го ратификува договорот од Преспа и повторно ги попречува евроатланските интеграции да има понишување на сите прифатени уставни амандмани, постепена промена на името за внатрешна употреба, прифаќање на македонскиот идентитет.„Прифаќање на иницијативата на Претседателот на Владата на Република Македонија г. Зоран Заев искажана на 61-та седница на Собранието на Република Македонија на 15 октомври 2018 год., за простување во врска со настаните на 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија и сеопфатно национално помирување, со формирање на собраниско тело составено од шефовите на пратеничките групи, тројца пратеници и Претседателот на Собранието на Република Македонија кои ќе изготват и предложат до Собранието план за национално помирување“, се наведува во соопштението на осумтемина опозициски пратеници. Сепак, националното помирување предложено од премиерот Зоран Заев нема да има никакво влијание врз судските постапки, коментираат за 1ТВ адвокати на пратениците. Судските рочишта продолжуваат и од понеделник. Обвинетите народни избраници за „крвавиот четврток“ за кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, повторно ќе треба да седнат на обвинителна клупа в понеделник во 10 часот. На судењето за собраниските инциденти ќе се презентираат материјални докази, откако претходно заврши распитот на сведоците, со последниот, загрозениот сведок.На пратениците Мукоски, Василевски и Арнаудов, кои неделава излегоа од домашен притвор, не им се достапни телефоните.„Го добивте мејли оставете порака по звучниот сигнал“, телефонска секретарка„Јас сум на судски процес“, изјави во вторникот пратеникот Сашо Василевски без да даде одговор дали ќе гласа за уставните измени во Собрание.„Засега немаме ништо размислувано, ама секако ќе работиме исклучиво во интерес на Македонија и на македонскиот народ“, изјави во вторникот пратеникот Љубен Арнаудов, одговарајќи на новинарско прашање – дали би гласале за уставни измени во замена за амнестија.Поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа Милевска на 29 октомври ќе треба да седне на обвинителна клупа за случајот на СЈО „Тендери“./

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања