7 год.
soobr1

Најпрво се обидел да ги прегази, потоа физички се пресметувал

Во полициската станица Гостивар околу 02:45 часот М.Б. (25) од с.Здуње-гостиварско поднел пријава против Б.Р. (36) од Гостивар.Според информациите од МВР, М.Б. се движел пеш по улицата „Живко Брајковски“ во периодот околу 01:30 часот заедно со лицата Џ.А. и А.М., при што му се доближил Б.Р. кој управувал возило и во еден момент завртел со возилото кон нив при што со предниот браник од возилото го удрил А.М. во пределот на десната потколеница. Потоа излегол од возилото и се упатил кон тројцата и започнал вербална расправија, а потоа физички го нападнал М.Б..Се преземаат мерки и активнсти за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-2-1

Драма во градинка во Прилеп: Вработена физички нападната од сопруг на колешка

На 18.10.2018 година во 17,30 часот во полициската станица Прилеп Г.Н.(53) од Прилеп пријавил дека истиот ден околу 12,30 часот во детска градинка на улицата ,,Марксова“ од страна на лицето В.И.(41) бил физички нападнат.Истиот ден, околу 18,15 часот во Полициската станица Прилеп В.И.(41) од Прилеп пријавила дека околу 12,15 часот во детската градинка каде била вработена, додека вршела распределба на храната дошло до расправија со Б.Н.(47), која исто така била вработена во градинката, при што била навредувана со погрдни зборови.По кратко време, во градинката дошол сопругот на Б.Н., Г.Н. и почнал расправија со В.И., и во еден момент физички ја нападнал.Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Татко и син нападнале полициски службеник

Полициски службеници биле нападнати вчера во Гостивар околу 19:30 часот.Тие при контрола на возачот  Е.З.(25) од Гостивар кој управувал со патничко моторно возило „Ауди“, заедно со совозачот, неговиот татко С.З. (50) започнал вербална расправија, а пото физички го нападнал еднит полициски службеник.Лицето било приведено во полициска станица и против истото ќе следи соодветен поднесок. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Шекеринска: Со одлуката во Собранието, Македонија извлечена од ризиците за изолација

„Честитам на заедничкиот напредок којшто во петокот го постигнаа 80-те пратеници од власта и опозиција со единствена цел – да се потврди на евроатланската ориентација на иднината на Република Македонија.Денес, на задоволство и олеснување на огромно мнозинство граѓани во државата, Македонија е уште повеќе подготвена за нејзината просперитетна европска иднина за која сите ние се боревме и сонувавме 27 години – Македонија покажа дека е подготвена да стане членка на НАТО и покажа дека е подготвена да ги почне преговорите за членство во ЕУ.Оваа одлука на 2/3 парламентарно мнозинство значи влез на Македонија во безбедносен штит на најмоќниот воено-политички сојуз во светот“, изјави Радмила Шекеринска.Шекеринска рече дека факторот стабилност кој произлегува од членството на Македонија во НАТО и идниот почеток на преговори со ЕУ ќе донесе нови и големи странски инвестиции но и ќе ги охрабрат домашните инвеститори. Инвестициите ќе отворат нови работни места, ќе обезбедат поголеми платите и ќе обезбедат извоз кој и е потребен и толку важен на Република Македонија.„Историскиот глас на пратениците во исто време беше и глас против изолација, против несигурност и против сиромаштија. Глас против нови политички кризи. Тој глас повторно ги сврте очите на светот кон Македонија. Светот гледа. Светот гледа и ја поздравува покажаната државничка одговорност на пратениците, коишто знаеја дека нивната прва и единствена цел е да ги претстават и обезбедат интересите на оние кои ги избраа, на граѓаните на нашата земја.Овој историски момент повикува на обединување на сите политички сили, на сите прогресивни сили во Република Македонија. Тоа ни е потребно како никогаш досега.  Верувам дека сега е можна дури и поголема поддршка во Собранието за спроведување на договорот од Преспа и со тоа за зачленување на Македонија во НАТО и ЕУ. Секој пратеник кој верува и знае дека Македонија треба да стане дел од западниот свет треба да ги поддржи уставните измени во следните фази“, изјави Шекеринска. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
44540147_2275457076009152_2851954453156724736_o

(ВИДЕО) Николовски и Заев на „Валандовска ракијада“

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска заедно со претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, присуствуваа на манифестацијата „Валандовска ракијада“. Оваа манифестација се одржува по 19-ти пат, за прв пат оваа година е поддржана и од Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство. Овој настан го симболизира завршувањето на  гроздоберот.Министерот Николовски, ги информираше присутните за сумираните податоци за годинешното откупено грозје, како и за сегашните и идните мерки што ги презема МЗШВ за развој на лозарството.„Откупени се близу 100 милиони килограми грозје, а  се постигна и повисока откупна цена, од кои најголем дел од сортите смедеревка и вранец, но и други сорти. Оваа година се постигна и повисока откупна цена за грозјето. . Конкретно просечната откупна цена на вранецот достигна 13,55 денари за килограм, а на смедеревката  12,28 денари за килограм. Ова е значајно да се потенцира ако ја имаме во предвид и дополнителната нова субвенција што ја донесе Владата за лозарите, како и континуираните мерки што ги преземаме“, изјави Николовски.МЗШВ континуирано креира мерки и поволни услови за развој на лозарството. Така, со цел зголемување на рентабилноста на производството на двете најзастапени сорти, воведена е нова дополнителна субвенција од 1 денар за килограм предадено грозје за смедеревка и вранец. За оваа нова дополнителна субвенција лозарите ќе можат да конкурираат до 25 декември годинава.Дополнително, со годинешната Програма за финансиска поддршка во земјоделството, лозарите кои имаат од 1 до 10 хектари лозје, ќе добијат ќе добијат 20 отсто повисоки субвенции, односно наместо 40.000 денари 48.000 денари по хектар за одржување на насади. За зголемување на конкурентноста и следење на светските трендови, воведена е и нова дополнителна субвенција од 12.000 денари по хектар за реконструкција на лозови насади, за промена на сортиментот.Во рамките на денешниот настан четериесет производители на ракија ги претставија своите начини и техники за производство на традиционалната македонска ракија. Комисија составена од технолози го избра производителот на најквалитетна ракија, на којшто му беше доделена награда.

Македонија | пред 7 години

7 год.
slika-iskrsena-kola-678x381

(ФОТО) Досие: Ноќеска искршено возилото од вујкото на Мартин Нешкоски

Горан Митаноски , вујко на Мартин Нешкоски момчето заради чија смрт се крена Шарената револуција за рушење на режимот на Никола Груевски, утринава го пронашол својот автомобил целосно искршен. Сите стакла се искршени, но од внатре ништо не е одземено. Настанот е пријавен во полиција, пишува досие.Ова не е прв проблем на Митаноски. Неговото семејство е под постојан притисок од структури со кои полицијата не може да се справи.Пред дваесетина дена и синот на Митаноски бил нападнат на Кеј на потегот зад Влада. Момчето одело на тренинг кога други момчиња го нападнале и ограбиле. Детето се обидело да се одбрани но кога видело дека еден од нив извадил нож се повлеколо.Семејството на Митаноски не живее спокојно оти имале упад и во домот. Сите настани сите насилства се пријавени во полција но до сега ниту еден од нападите не е решен. Семејството не живее спокојно и секојдневно стравува што ќе се случи следниот ден или вечер.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mirjana-najcevska

Најчевска за Каракамишева: Не смее да се дозволи очигледно глупи луѓе да бидат професори

Професорката Мирјана Најчевска и објасни на професорката по уставно право, Тања Каракамишева, што е двотретинско мнозинство откако Каракамишева преку своите профили на социјалните мрежи го оспоруваше гласањето во петокот за отворање на Уставот. Според Каракамишева за гласањето да биде важечко потребни се 81 глас. Најчевска на тоа вели дека не секој треба да биде професор.„Мислам дека е редно за одредени професии да се прави тест на елементарна интелигенција.Навистина не знам како одредени луѓе завршуваат факултет и магистрираат и докторираат. Тоа е посебна тема.Меѓутоа не смее да се дозволи очигледно глупи луѓе да бидат професори.Значи има неколку вида мнозинство со кое се донесува одредена одлука.Еве, апсолутно мнозинство од 120 е 61 (кога вкупниот број е 120). Ако е 60 не е мнозинство нели туку е еднакво или пата -пата. За да стане мнозинство треба на едната страна да има барем еден човек повеќе, а на другата барем еден помалку од 60 како бројка на еднаквост.Просто мнозинство е мнозинство од присутните. На седница биле присутни 90 и мнозинство би било 46.Двотретинско мнозинство секогаш се пресметува од вкупниот број. Значи не две третини од присутните туку од сите 120 пратеници. Двотретинско мнозинство од 120 е кога две третини од тие 120 или 80 души се на една страна а 40 на друга. Нели 80 е повеќе од 40 и заради тоа е мнозинство, а во исто време 80 претставува две третини од 120 и затоа е двотретинско.И јас навистина мислам дека мојот универзитет треба да размисли за воведување на тестови за интелигенција“-пишува Најчевска.Според Каракамишева, пак, 2/3 мнозинство секогаш било и ќе биде 81 пратеник.„Уставот не вели две третини од пратениците, туку 2/3 мнозинство од вкупниот број на пратеници. Како што апсолутното мнозинство значи 60+1=61 така и 2/3 или квалификувано мнозинство значи 80+1=81 пратеник“,пишува Каракамишева.

Македонија | пред 7 години

7 год.
apasiev

Апасиев: Да сум Заев би се самоубил, да сум Иванов би ги аболицирал сите за да пропадне СЈО

Често добивам пораки у инбокс, од типот: „А ШО БИ НАПРАИЛ ТИ АКО СИ...“?Епа ај да не одговарам поединечно, еве у кратки црти:1. Ако сум Џоле Иванов - Претседател на Републиката би напраил следно:а) Повторно ќе ги активирам аболициите за сите 50 криминалци, со што би ја минирал работата на СЈО [бидејќи и така веќе е очигледно дека е пазарено никој да не лежи, па кад је бал нек је маскенбал];б) Ќе поднесам контрапредлог на владиниот за промена на Уставот на РМ [со цел одолговлекување на процедурата];б) Ќе се обратам со жесток говор на пленарна седница во Собранието на РМ [за да остене во стенограмите кој на чија страна бил];в) Ќе поднесам предлог до Уставниот суд на РМ за да го реши судирот на надлежности [при потпишување на т.н. Преспански договор од страна на министерот-узурпатор]2. Ако сум Христијан Мицкоски - лидер на најголемата парламентарна опозициска партија:a) Би повикал на радикализација на ситуацијата и парализа на државата со 200.000 демонстранти пред Собрание;б) Би го одолговлекувал процесот со процедурални финти и амандмански филибастеринг, до недоглед;в) Би им дал наредба на сите пратеници да прават невидени скандали на седниците на Собранието (процедурални интервенции, тропање по маси, тавчиња, тенџериња и слични иновативни техники).3. Ако сум овој анонимусов шо е Јавен обвинител на РМ шо не го знам како се вика:а) Би отворил итна истрага за поткупт на пратеници и евентуалните закани за да гласаат;б) Би повел постапка за кривично дело Саботажа против 80те пратеници, бидејќи свесно гласаат против Референдумската одлука од 1991 - што е недозволено во правото и подлежи на кривичен прогон.4. Ако сум Зоран Заев - Премиер на РМ:a) Би си дал неотповиклива оставка од функцијата;б) Би се самоубил!Димитар Апасиев

Коментари | пред 7 години

7 год.
Capture-3

(ВИДЕО) ЛДП: Апелираме сите пратеници да се охрабрат и приклучат на визијата за европска Македонија

„Собранието на Република Македонија, донесе историска одлука која што не носи чекор поблиску до остварувањето на нашата визија –  за силна и стабилна држава членка, на клучните меѓународни организации“, вели Моника Зајкова од ЛДП.Според неа, поддршката од 80 пратеници,  која што ја  доби Предлогот за пристапување кон промена на Уставот, е преточување на волјата на граѓаните, кои на референдумот јасно и во огромно мнозинство дадоа поддршка за европска Македонија.„Либерално - демократската партија е одлучна за иднина која гарантира перспектива за сите,  а особено за младите луѓе, кои  до неодамна овде во Македонија не гледаа шанса за напредок и развој.  Наша единствена цел е да обезбедиме подобар животен стандард за сите граѓани , како и гаранции младите да не се иселуваат  во странство, но да градат просперитетна иднина тука, во Република Македонија. Македонија тргна напред! Патот кон европска, просперитетна и безбедна иднина е отворен“, изјави Зајакова.Таа додава дека, предолго бевме заложници на структури кои единствено мислеа и се залагаа за остварување на личните и партиски цели.  Време е да се обединиме и заеднички да се спротивставиме на сите кои и понатаму сакаат да ја држат оваа земја заробена во минатото. Одлуката што пратениците ја донесоа, за отворање на европскиот пат претставува  силна порака за обединување на сите прогресивни сили во општеството.„Либерално - демократската партија апелира во периодот што следува сите пратеници да се охрабрат и  приклучат на визијата за европска Македонија.Сите ние заедно, со поддршка на граѓаните ќе го изодиме овој пат, за Македонија да ја видиме рамо до рамо со сите светски и европски сили во Европската унија и НАТО“ рече Зајакова. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Единствена Македонија бара Иванов да му го одземе мандатот на Заев

„Марионетската власт во Скопје со поткуп од по два милиони евре по пратеник и закани со затвор за пратеници или членови на нивни семејства ја донесе во Собранието одлуката за пристапување кон измена на Уставот.Борбата за спречување на продажбата на светото македонско име, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ е света должност за секој Македонец оти влогот е голем - опстанок или бришење на се што е македонско.Единствена Македонија го повикува претседателот Иванов да преземе една поактивна улога во оваа света борба на македонскиот народ.Да потсетиме, Иванов го даде мандатот за состав на владата откако Заев потпиша гаранции и се обврза на заштита на уставниот поредок, заштита на државните интереси, носење на одлуките според основните демократски принципи и владеење на правото, не додведување на Републиката во положба на зависност спрема друга држава и притоа Заев се обврза дека секој документ на владата спротивно на овие гаранции не важи.Значи, Иванов му додели мандат на Заев под раскинлив услов. На очиглед на целата јавност раскинливот услов е настапен оти гаранциите дадени од Заев се прекршени.Единствена Македонија го повикува Иванов да го повлече актот за определување на Зоран Заев за манадатор на владата“, стои во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Bredli-Kuper-Irina-Sajk-2-830x0

Бредли Купер купи стан на Менхетен вреден 13 милиони долари

Познатиот глумец Бредли Купер купи стан во Њујорк кој чини 13 милиони долари. Холивудската ѕвезда во новиот дом ќе живее со моделот Ирина Шајк и нивната едногодишна ќерка Леа.После големиот успех во филмот “Ѕвездата е родена”, инаку кандидат за Оскар, американскиот актер се почасти себеси и својата фамилија со луксузни неверојатни 370 квадратни метри на Менхетен во Њујорк.Новиот стан има шест спални, четири купатила, приватно кино, паметни уреди…. Дневната соба има камин и поглед на приватна градина каде се наоѓа скара, како и маса за пинг-понг.

Магазин | пред 7 години

7 год.
145

Ученичка се срами од професорот Мухиќ, кој гласаше за уставни измени

„Срам да ви е, и ако ви е треба да ви е, а ако не ви е, срам да ви е што ни срам немате!Срам да Ви е професоре Ферид Мухиќ се надевам дека никогаш повторно нема да имате прилика да предавате за Кант. Се надевам дека никогаш повеќе нема да предавате за морален закон, бидејќи во момент кога политиката Ви стана поле на интерес се поведовте од паролата: Етиката и политиката не одат заедно! Срам да ми е мене што се срамам што учев од Вашите предавања, Ви верував дури и се идентификував со вас“, напиша Магдалена Стојмановиќ.Во продолжение, Скопје1 интегрално ја пренесува реакцијата на Магдалена Стојмановиќ.Срам да Ви е што лажевте цели генерации предавајќи германска класична филозофија и пред сѐ предавајќи за Кант. Срам да Ви е колку што ми е и мене што воопшто човек како вас ми беше не само професор, туку и педагог. Срам да Ви е што погазивте национално чувство на огромен број на луѓе и се дрзнавте да одлучувате во нивно име иако свесно знаете дека човек кој одлучува да постапи со другот спротивно од неговата волја е злосторник. И силувачот постапува против волјата на силуваниот кога го врши чинот на силување. Крадецот постапува против волјата на ограбениот кога врши кражба. Убиецот постапува против волјата на убиениот кога врши убиство. Постапување против волјата на другиот значи злосторство и човек што учел етика добро го знае тоа. Лажевте дека од стана на народот не се слушна ништо за да ја оправдате својата одлука, за да покажете дека по утилитаристички параметри вие постапувате согласно волјата на најголемиот број луѓе кои се изјасниле на референдумот. Да професоре се слушна разорувачко БОЈКОТИРАМ, а вие како талентиран за музика со изострен слух тоа требаше да го слушнете појасно од сите оние кои заедно ја делат со вас собраничката сала. Вака не нѐ учеше Кант професоре!Срам да Ви е екс министерке за култура, уметничка душо која покажуваше емпатија со уметниците во Македонија и нивната незавидна општествена положба. Симулиравте емпатија со уметници а добро знаеме дека ниту еден уметник, не би погазил чувства на друго човечко суштество бидејќи добро знае дека неговата улога во светот е да ја намалува болката. Се надевам дека сега ќе имате доволно пари да купите сѐ што ќе посакате и многу повеќе од тоа, само за да сфатите дека за големи работи треба барем малку душа. Се надевам дека ќе купувате сѐ повеќе, за да сфатите дека имате сѐ помалку.Срам да ви е на сите кои учествувате во креирање и ширење на манипулации за референдумското прашање, вие гласавте за промена на уставно име, а не за Европска Македонија. Сега кога се пристапи кон промена на Устав напикајте си ги во газ и НАТО и ЕУ пошто ништо подалеку од сопствениот газ и не гледате.Срам да ви е вам кои симулиравте национални чувства тогаш кога требаше да бидете допадливи на носителите на една извршна власт за да добиете столче во некоја јавна или државна институција, а сега знаејќи дека можете да ја изгубите погазивте се што го изјавувате за време на мандатот на политичката партија која предходно беше на влас. Се надевам дека цел живот ќе доживувате такви метаморфози и никогаш нема да успеете да се фатите себе.Срам да ви е на сите Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци кои вчера се дрзнавте да одлучувате за прашање кое има национална димензија. Се надевам дека таа демократичност, толерантност, космополитизам и филантропија ќе ја покажете и во оној момент во кој некој вам ќе ви ги креира националните чувства и ќе ви кажува како треба да се чувствувате.Срам да ви е на сите вас заедно со мене што вчера наместо да ги наполниме улиците и да го игнорираме овој корумпиран систем, удобно сместени од тв екрани чекавме што 117 луѓе ќе одлучат за нас.Срам да им е на сите замолчани интелектуалци кои за време на шарената револуција извикуваа – НЕМА ПРАВДА НЕМА МИР а сега се кријат во кабинетите и си играат наука.Срам да ви е толку што срам треба да умрете, барем од срам ако умрете малку достоинство ќе внесете во својот живот.Магдалена Стојмановиќизвор: мкдпрес

Коментари | пред 7 години

7 год.
levica

Левица најавува радикален отпор

„Тоа што некни се случи во Собранието на Република Македонија е само драмски чин на претставата каде тиранијата на политичките елити уште еднаш се маскираше во „демократија“! Поединците од двете криминални политички здруженија на СДСМ и ДПМНЕ, кои денеска се наоѓаат во македонското Собрание, како божемни народни претставници, после неуспешниот Референдум за „Северна Македонија“, веќе не се легитимни да одлучуваат за промена на уставното име на Републиката спротивно на народната волја“, велат од Левица.Според нив, политичката корупција не може да произведе правовалидни одлуки кои ќе го обврзуваат народот! Корумпираните пратеници, заради своите криминални досиеја, се подложни на уцени и поткупи што дополнително ја саботира нивната политичка способност да можат независно и, во согласност со волјата на народот, да носат легитимни одлуки во Собранието на РМ. Македонија е заробена држава во нивниот пеколен круг, а заткулисните антидемократски игри на двете политички орди му служат на еден ист господар – капиталот и парите.„Тие глумат спротивставеност, но кога доаѓа време за спроведување на вазалните одлуки на нивните империјални господари, што народот изрично ги одбил, овие структури – преку заемна заштита и зад затворени врати – ја кројат судбината на народот, по теркот на окупаторот. Затоа, веќе немаат смисла никакви повикувања на владеење на правото и утврдените стандарди и процедури, оти оваа одметната владејачка гарнитура ги има впрегнато сите власти под своја контрола и со политичките противници се справува користејќи го апаратот на државната принуда и репресија.Поради ова, повикуваме на масовен граѓански Отпор против сите инволвирани во оваа уставно-политичка криза и нејзино идно надминување преку ултимативно исполнување на следниве барања:Безусловно суспендирање на противуставната и илегална владина иницијатива за промена на Уставот на РМ и поништување на отфрлениот т.н. „Преспански договор“;Итно распуштање на парламентот и закажување на предвремени парламентарни избори;Формирање преодна техничка влада со ограничен мандат единствено за спроведување фер и демократски избори.Политичката партија Левица најавува дека во иднина се враќа на улиците и ќе ги искористи сите парламентарни и вонпарламентарни начини на политичка борба, со цел враќање на киднапираниот суверенитет на народот! Обзнануваме дека во секоја наредна фаза на гласањето на контроверзните уставни промени ќе бидат организирани масовни антивладини простести под мотото #НароднаСамоодбрана, пред законодавниот дом, во кој седат гробарите на АСНОМска Македонија!Секојдневни радикални политички акции, во координација со сите засегнати политички чинители кои се против промена на уставното име, ќе бидат систематски преземани низ територијата на целата Република.Ги повикуваме сите прогресивни сили да ни се приклучат кон движењето, сè до конечната победа.Кога неправдата станува закон, Отпорот е наша должност!“, стои во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
44464632_297025617797678_8288878331105902592_n

(ФОТО ВЕСТ) Името го даваме, ѓубрето не!

Покрај многуте коментари за уставните промени кои ги налага договорот со Грција, на социјалните мрежи жителите на Скопје реагираат на нечистотијата и отпадот присутен во градот.Преполните корпи за отпадоци и контијери ги има на секој чекор, коментираат корисниците на социјални мрежи

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Дејвид Бекам проговори за гласините околу разводот

Дејвид Бекам проговори за односите со Викторија и призна дека било тешко да се сочува нивниот брак.„Да се биде во брак толку многу години е тешка работа. Со текот на времето стана многу комплицирано“, изјави Бекам.Викторија во јуни објави слика со нејзината ќерка и изјави дека таа и нејзиниот сопруг функционираат нормално, а гласините за нивниот развод најмногу ги погодуваат нивните деца.„Луѓето измислуваат приказни за нас веќе 20 години. Дејвид и јас се навикнавме да ги игнорираме. Тие приказни повеќе ги погодуваат членовите на нашето семејство отколку нас двајца“, изјави Викторија.https://www.instagram.com/p/BjwSa-2FfEL/?utm_source=ig_embed

Магазин | пред 7 години

7 год.
image-9-1200x545_c

Мајк Тајсон до Канје Вест: Почни да ги зимаш лековите

Откако Канје Вест јавно разговараше со Џими Кимел за својата борба со биполарно растројство, Мајк Тајсон му порача дека е време да почне да зема лекови.„Почни да ги пиеш тие е… лекови”, му порача познатиот боксер откако и самиот прозборе за своите психолошки проблеми за време на интервјуто за радио Реал 92.3.Тој откри дека пред 15 години му било дијагностицирано биполарно растројство.https://www.instagram.com/p/BpBdyXLnyFf/?utm_source=ig_embed„Знаев дека нешто не е во ред бидејќи имав напади на бес без никаква причина. Можеме да зборуваме за тоа со часови, но сé се сведува на ова: почни да ги земаш е…ните лекови. Немаше да бидам тука ако не почнев да ги пијам”, рече тој.

Магазин | пред 7 години

7 год.
OCcK_v38_400x400

Цветанова им се обрати на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ

Поранешната министерка за култура, Ганка Цветанова преку својот твитер профил се обрати до пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои во петокот гласаа „За“ одлуката за пристапување кон измена на Уставот заради имплементација на Договорот од Преспа.https://twitter.com/gankacv/status/1053582573631356929„Најголемото наследство што можеш да му го оставиш на своето дете е ЧИСТ ОБРАЗ“, напиша Цветанова.

Македонија | пред 7 години

7 год.
kanceska-mileska

Битолчанец до Канческа: Ни се помоча

Не стивнуваат објавите на социјалните мрежи против пратениците кои во петокот гласаа „За“ одлуката за пристапување кон измена на Уставот заради имплементација на Договорот од Преспа. Битолчанец на својот твитер профил ја објаснува својата, а и емотивната состојба на голем број Македонци.„Ко умрен незакопан сум, отруен во душа, грло ми се стега, солзи ќе прснат, срце ќе ми пукне. Ме убија со нивните предавнички дела – недела. Јаз’к !“, пишува тојhttps://twitter.com/AcoMalio/status/1053907312858091521„Ех мори €лиЗАб€та, затоа ли мрзневме по митинзи, затоа ли пукаа во нас со гумени куршуми, солзавци, шок бомби ?! Ни се помоча нас и на цела македонска историја ! Ќе те стигни и тебе пискотот на угнетените ! Ќе те јаде одвнатре секоја наша солза таговна !“, напиша битолчанецот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Нови тропски бури се движат кон Мексико

Две нови тропски бури се движат низ Тихиот океан кон Мексико, а една од нив може да се претвори во ураган, соопшти денеска американскиот Национален центар за урагани.Тропска бура Вила, која може да се претвори во ураган, е 21-та олуја формирана од почетокот на сезоната на урагани и се наоѓа 415 километри југозападно од мексиканскиот град Манзаниљо, а ветровите достигнуваат брзина од 110 километри на час, пишува АП.

Свет | пред 7 години

7 год.
Nola-Ismajloska-Starova-9jun17-VMRO-DPMNE

ВМРО-ДПМНЕ до пратеничката Исмајловска-Старова: Зарем вреди да се живее со предавство?

Претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Струга, Мирче Аџиоски, ја повика Нола Исмајлоска Старова, која гласаше за уставните измени, да го врати мандатот, како што рече, затоа што 7700 стружани кои гласаа на предходните парламентарни избори не и дале легитимитет да гласа за промена на Уставот и името на Република Македонија.-Бевме сведоци на најголемото предавство во поновата историја на Република Македонија. Се изврши насилство врз државата, но пред се, врз македонскиот народ, без да се почитува волјата на граѓаните, која што беше јасно искажана на референдумот. Се докажаа аспирациите на Зоран Заев и неколку луѓе околу него, кои по секоја цена, без да се бираат средства успеаја да обезбедат 2/3 (двотретинско) мнозинство, за жал со помош од 8 пратеници на опозицијата, меѓу кои и пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ од Струга, Нола Исмајлоска Старова. Вие пратеничке, ги изневеривте вашите сограѓани, ја изневеривте државата во која живеете и загазивте врз волјата на граѓаните на Република Македонија. Зарем вреди да се живее со предавство и жигот кој сами си го закачивте на вашето име?! Зарем нашето име има цена, па се одродивте и одрековте од него?! – изјави Аџиоски.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања