7 год.
idioti-1

Ципрас и Заев меѓу фаворитите за Нобеловата награда за мир, тврди шведски новинар

Грчкиот и македонскиот премиер, Алексис Ципрас и Зоран Заев, се меѓу фаворитите за Нобеловата награда за мир, изјави Виктор Нумелин, специјален уредник за Нобеловата награда во шведската новинска агенција ТТ, во интервју за грчката новинска агенција АНА.„Тешко е да се каже кој е номиниран и кој не е номиниран бидејќи тоа е делумна тајна, но тие се споменати за наградата“, вели Нумелин.Тој додава дека секоја година има многу шпекулации и дискусии за тоа кој ќе ја добие наградата за мир. „Оваа година многу се зборува за Корејскиот Полуостров, зборуваат за ситуацијата со бегалците, ситуацијата околу преговорите меѓу Грција и Македонија“, вели Нумелин.Тој додава дека многумина од членовите на комисијата за наградата ќе сметаат дека е идеално Нобеловата награда за мир да им биде дадена на двајцата премиери или на некој друг кој учествувал во преговорите. Тој истакнува дека малиот одѕив на референдумот ги отежнува работите. „Но, ништо не е невозможно“, додава Нумелин.

Македонија | пред 7 години

7 год.
soob

13 сообраќајки во Скопје, две лица потешко повредени

Еден пешак и еден сопатник се здобиле со тешки телесни повреди, а осум лица со лесни телесни повреди во седум од вкупно 13 сообраќајни незгоди на подрачјето на Град Скопје.Откриени се поголем број прекршоци и санкционирани се 27 возачи кои возеле побрзо од дозволеното, еден возач под дејство на алкохол, 14 пред да се стекнат со правото на управување моторно возило и двајца почетници. Од сообраќај се исклучени и две возила кои биле технички неисправни и 17 нерегистрирани возила.Сообраќајната полиција издала 59 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ отстранети се 64 возила.Полицијата санкционирала и еден возач кој поминал крстосница на црвено светло, двајца возачи кои не дале првенство за минување на пешаците, еден за неправилно престројување и еден за неправилно престигнување.Одделението за превенција во текот на вчерашниот ден реализира посебна воспитна мерка сообраќајна поука, на која присуствуваа граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на возачи (мобилен, појас, престројување и брзина).

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Поголема количина дрога запленета во Охрид

Во акција реализирана утрово, СВР Охрид пронајде и одзеде торбица со опојна дрога марихуана и приведе еден македонски и пет албански државјани. Торбицата е пронајдена во автомобил марка „Мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки управувано по булеварот „Железничка“ во Охрид  од В.В. (55) од Гевгелија.Акцијата, во која се пронајдени и одземени и други предмети, е реализирана поради постоење основи на сомнение дека сега приведените, се сторители на казненото дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотички дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.Пронајдената торбица со марихуана и останатите предемти, се испратени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.СВР Охрид дополнително презема и други мерки за целосно документирање и расветлување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
dzambo

Го промени светот: 50 години од претставувањето на легендарниот „Џамбо Џет“

Еден од најпознатите патнички авиони на сите времиња и првиот супер голем патнички авион на светот, американскиот „Боинг 747 Џамбо Џет“ слави 50 години постоење и успех во превозот на патниците ширум светот.Новоотворената фабрика „Еверет“ во близина на Сиетл била избрана како местото на кое што на 30-ти септември 1966-та година пред јавноста и официјално ќе биде претставен најновиот авион на „Боинг“ – најголемиот „747 Џамбо Џет“.Станува збор за авион кој во буквална смисла на зборот направи револуција во воздушниот сообраќај и ја започна ерата на производството на големите патнички авиони.Популарниот „Џамбо Џет“ беше дизајниран за да може да лета на долги релации и да пренесе двојно повеќе патници, од на пример, дотогаш најдобриот „Боинг 707“. Новиот „Џамбо Џет“ можел во воздух да полета со максимално 333 тони товар, а за да се крене во воздух биле задолжени моќните мотори со сила на потисок од 16,8 тони.Сепак, тоа што се сметало за негова најголема предност во однос на останатите патнички авиони, е тоа што бил многу поголем од авионите на конкуренцијата – должината од 63,6 метри и распон на крила од 59 метри. Опашката на авионот е висока колку шесткатница, па на почетоците овој авион имал и проблеми со наоѓањето на соодветна инфраструктура за паркинг.Авиокомпаниите веднаш застанале во ред за да го набават својот џиновски „Џамбо Џет“ кој што имал долет од неверојатни 8560 километри.Успехот на „Џамбо Џет“ авионот бил огромно олеснување за „Боинг“, затоа што американската компанија тогаш имала долгови од повеќе од една милијарда долари, најмногу поради проектот за развој на тој авион. За спроведување на проектот за развој на „Џамбо Џет“, од „Боинг“ побарале средства од дури седум различни банки.Сепак, ризикот и тоа како се исплател – култниот „Џамбо Џет“ е активен и ден денес, постои и верзија „747-8“ и неговото време се чини дека се уште не е поминато.

Магазин | пред 7 години

7 год.
begalci

Висок комесар за бегалци на ОН: Спасувачките операции во Медитеранот станаа заложници на политиката

Високиот комесар за бегалци на ОН изјави дека само малку од милионските сириски бегалци во странство се вратиле во својата татковина, и посочи дека спасувачките операции во Медитеранот станале „заложници на политиката” и треба да продолжат.Италијанецот Филипо Гранди зборуваше на редовниот годишен состанок на Извршниот комитет на Агенцијата за бегалци во Женева и ја повика Европската унија да ја задржи својата актуелна политика за обезбедување на азил на мигрантите.Тој забележа дека Либија, која е главната локација од која мигранти одат низ Средоземното Море во Европа, во последните месеци ја зајакнала својата крајбрежна стража, но, не и другите институции. Како резултат на тоа, многу мигранти и бегалци се насилно вратени во Либија, каде што се жртви на експлоатација и апсење во ужасни услови.– Така споделувањето одговорност се претвори во бегство од одговорност, рече Генди, осврнувајќи се на аргументите на ЕУ за миграцијата.– Одбивањето на овие луѓе не може да биде одговор, а пазарењето за секој поединечен брод (со бегалци), дури и кога преговорите  завршуваат успешно, не е добро решение, рече тој.

Свет | пред 7 години

7 год.
junker

Јункер: Расправата во Британија за Брегзит е далеку од стварноста

Расправата во Велика Британија за нејзиното напуштање на Европската унија и понатаму е далеку од стварноста, изјави синоќа претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер.– Имам впечаток дека Британците мислат дека сме се откажале од Велика Британија, но всушност е обратно, изјави Јункер на форум во германскиот град Фрајбург.Тој додаде дека британската јавност никогаш не била правилно известена за последиците од напуштањето на ЕУ. Според него, во Британија никогаш не била одржана вистинска кампања за референдумот и Британците како и министрите во британската Влада дури сега откриваат колку прашања се покренати со Брегзит.– Доколку преговорите за воздушниот сообраќај не успеат, ниту еден британски авион нема да може да слета на континентот. Луѓето тоа не го знаат и треба да им се каже, нагласи Јункер.

Свет | пред 7 години

7 год.
haradinaj

Харадинај: Војската на Косово е завршена работа, имаме поддршка од Вашингтон

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, по враќањето од Њујорк, каде што присуствуваше на Генералното собрание на Обединетите нации, изјави дека ја добил поддршката на САД за трансформација на Безбедносните сили (ФСК) во Вооружени сили, односно војска на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.– Војската е завршена работа, изјави синоќа Харадинај во емисијата „Пресинг“ на телевизијата Т7, додавајќи дека, покрај високите претставници на Вашингтон, сенатори, конгресмени и други американски фактори, за процесот на трансформација на ФСК во војска ги информирал и сите други релевантни меѓународни фактори.– Ниеден авторитет не е неинформиран. Знаеја дека го правиме ова и беа информирани на време, изјави Храдинај.Намерата на косовските власти е да ја трансформираат ФСК во војска, без да го сменат Уставот, наспроти барањата на западните сојузници таа трансформација да се изврши со уставни измени. Со оглед дека за интервенција во Уставот се потребни и мнозинството гласови на пратениците од српската етничка заедница, а кои се категорично против формирање воени сили на Косово, Харадинај, со поддршка на другите политички субјекти на Албанците во земјата, реши трансформацијата да ја изврши со законски измени. За таа цел, пред пар недели, Владата му достави на Собранието предлог за измени на неколку закони, со кои се предвидува зголемување на надлежностите на ФСК и прераснување на Министерството за ФСК во министерство за одбрана.На прашањето во интервјуто на Т7 дали одлуката за заобиколување на Уставот при формирањето војска на Косово може да предизвика излегување на Српската листа од Владата, Харадинај одговори дека партијата, која го претставува српското мнозинство во Косово и ја има целосната поддршка на официјален Белград, „нема причина за такво нешто“

Свет | пред 7 години

7 год.
vucic

Вучиќ во Москва на разговори со Путин, во фокусот ситуацијата во Косово

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска ќе разговара во Москва со претседателот на Русија Владимир Путин, и според него тоа е еден од најзначајните состаноци во однос на сите што ги имал со него во изминатите години, јави Танјуг.– Состојбата во нашиот регион е многу сложена, потребно е да се мери секој збор и политички потег. Во моменти кога економски напредуваме, имаме големи политички проблеми во регионот и за многу од нив не е сигурно каков исход може да имаат ако се случи какво било нарушување на стабилноста и мирот, нагласи синоќа Вучиќ во изјава за српски медиуми во Москва.Тој најави дека со Путин ќе разговараат за билатералните односи, за ситуацијата во регионот и во светот за да добие совети и за тоа како Русија да и помогне на Србија во остварување на политичките и национални цели.– Ќе разговараме и за многу конкретни проекти. Тие се значајни за подобар живот на нашите граѓани, животниот стандард на нашите луѓе, додаде Вучиќ.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Сончев ден, па голема промена од утре

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во западните планински делови со услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.Утринската температура ќе се движи од пет до девет, а дневната од 19 до 26 степени.Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе достигне до 25 степени.Во следните денови ќе преовладува променливо време со температури кои се околу просекот за овој период од годината. Врнежи од дожд се очекуваат во среда и петок, особено во јужните делови од земјава.

Македонија | пред 7 години

7 год.
vajgrel

Вајгл: Македонските политичари да се обединат околу проектот за европска Македонија

Известувачот во Европскиот парламент за Македонија словенечкиот пратеник Иво Вајгл ги повика денеска македонските политичари да се обединат околу проектот за европска и евроатлантска Македонија.„Сега е важно меѓународната заедница, ЕУ и НАТО и понатаму да ја поддржуваат Македонија на патот кон интеграциите. Останато ќе мора да го одработат македонските политичари кои би морале да бидат свесни дека се работи за долгорочен интерес или дури и за судбината на македонскиот народ и држава. Тој факт е поголем и поважен од партиските интереси и веројатните уцени чија цел е да се заборави на незаконитите постапки на претходната влада“, вели Вајгл во изјавата за медиумите.Тој истакнува дека мнозинството жители на Македонија го поддржала проектот на сегашната Влада за Договорот со Грција, но „околу половина милион“ потенцијални гласачи од Македонија кои живеат во странство „практично се придружило на бојкотот свесно или поради лажни информации“ со што, оценува Вајгл, придонеле на референдумот да не биде постигната предвидената законска квота од најмалку 50 процентна излезност.Така, резултатот на референдумот всушност открива „контрадикторна ситуација во денешната македонска политика“ во која сите декларативно се изјаснуваат за европската и евроатлантската иднина на државата, а во исто време на бојкот на референдумот повикуваат и најголемата опозициска партија и шефот на државата, иако, вели Вајгл, вчерашното советодавно референдумско изјаснување било „една од значајните станици на патот на Македонија до целта“.

Македонија | пред 7 години

7 год.
izbori

Предвремени избори ако за 10 дена нема договор за уставни измени

За неколку дена ќе се знае дали постои амбиент за постигнување договор со опозицијата за двотретинско мнозинство кое е потребно за да се изгласаат уставните измени во Парламентот кои произлегуват до Договорт за името со Грција, кажа вчера премиерот Зоран Заев.Тој во изјава дадена по свечениот час на новозапиишаните студенти на ФИНКИ, најави дека од денеска ќе почнат разговорите со опозицијата за да се дознае дали постои можност за договор. Смета дека постои капацитет за одржување предвремени избори кои се, вели, последна опција доколку не се постигне договор.– Секако дека има капацитет за избори. Законот и Уставот ги предвидуваат следните чекори. Но, се надевам дека ќе успееме да се договориме. Процесите неможат да бидат замрзнати и да стојат на место, работите мора да се движат напред, рече премиерот.Доколку не се постигне договор и се оди на предвремени избори, според него, изборите ќе се случат брзо, а како термин за нивно организирање го спомна крајот на ноември. Тој напомена оти во целиот тој процес мора да се мисли и на другите рокови, на пример на изборите за Европскиот парламент кои ќе се одржат во мај следната година, а на кој ќе учествува и Грција.Заев истакна дека во  сегашната ситуација реално е сите да покажат политичка зрелост со оглед на тоа што никој не понуди алтернатива на НАТО и ЕУ, ниту пак подобар договор од овој што е постигнат со Грција.И вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска на заедничката прес-конференција во Владата вчера со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи најави дека во следните седум до десет дена ќе се направат сите потребни консултации со пратениците и пратеничките групи и ќе се процени дали постојат шанси да се обезбеди двотретинско мнозинство.– Доколку постојат, сметаме дека Македонија реално ќе добие шанса во брза и ефикасна процедура да ги заврши своите обврски, да обезбеди членство во НАТО и почеток на преговори со ЕУ. Доколку не, мора да ја употребиме втората демократска алатка, а тоа е организирање на предвремени парламентарни избори, појасни Шекеринска.Двајцата вицепремиери испратија порака дека сега е време кога на Македонија и е потребно единство повеќе од кога било и кога пратениците не треба да донесат партиска, туку лична одлука дали сакаат во ЕУ и НАТО или сакаат изолација.– Ова е време кога на Македонија и е потребно заедништво повеќе од кога било досега. Пратениците во Собранието на Република Македонија ќе имаат јасен избор – од една страна Македонија во НАТО и ЕУ, а другата страна е изолација и неизвесност. Пратениците очекуваме да ја прифатат пораката од референдумот, да ја преземат својата одговорност и да ја направат Македонија земја во која граѓаните ќе имаат подобри шанси за живеење, рече Шекеринска, додавајќи дека во блиска иднина Македонија нема да има ваква шанса.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

„ Кардиолошкиот Завод “ обоен во црвено по повод Светскиот ден на срцето

„ Кардиолошкиот Завод “ од Охрид, по повод Светскиот ден на срцето, што годинава се одбележува под мотото “МОЕТО СРЦЕ… ТВОЕТО СРЦЕ…”, вечерва беше осветлен во црвено. На овој начин медицинскиот тим на установата испрати порака за подигање на свеста за подобра грижа за здравјето на срцето, дотолку повеќе што кардиоваскуларните заболувања и натаму се причина број еден за смртност кај нас и во светот.„ Светската Здравствена Организација годинава излезе со број од 17,5 милиони смртни случаи кои настанале како последица на кардиоваскуларни заболувања, па затоа пораката која годинава е всушност прашање е што можеме секој од нас како поединец да направи и сите ние што можеме да направиме во превенција на срцевите заболувања и здравјето ? Одговорот ќе го најдеме преку лична едукација на пациентите и населението за препознавање на симптомите и начинот на живот кој не создава ризици по здравјето на срцето “ - рече Елена Коваческа Башуроска, директорка на болницата.Лекарскиот  тим  на пациентите им делеше брошури и совети кои се однесуваат на сите аспекти на превенција на срцевите заболувања.„ Кардиолошкиот Завод од Охрид е институција која организира континуирана едукација на пациентите за да се подигне свеста за кардиоваскуларните заболува, а со тоа да се подигне и нивото на грижа за здравјето. Што се однесува до лекарскиот тим,  на нас останува да ги следиме светските трендови во кардиоваскуларната медицина и да ги воведуваме новите постапки и процедури тука кај нас “ – рече Никола Бакрачески, раководител на оддел за интервентна кардиологија.Кампањата „ Кардиолошкиот Завод “  Охрид, ја реализира во соработка со „Алкалоид“.Активностите по повод „Светскиот ден на срцето“ ќе завршат со хуманитарен настан од кој средствата ќе се наменат за деца со здравствени проблеми од семејства кои се под социјален ризик.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Две лица го изгубија животот во тајфунот кој ја зафати Јапонија

Најмалку две лица го загубија животот во тајфунот кој утрово го погоди Токио.Тајфунот „Тами“ вчера вечер ги погоди западните делови на Јапонија, а метеоролозите предупредуваат дека на островот Хокаидо се можни обилни врнежи пропратени со силен ветер.Јапонските медиуми јавуваат дека двајца го загубиле животот, а околу 130 се повредени. Двајца се водат како исчезнати, а околу 400.000 домаќинства се без струја.Голем број луѓе чекаат на железничките станици, а дел од нив се затворени. Откажани се повеќе од 230 летови, најголем дел од нив во северните краеви на Јапонија.

Свет | пред 7 години

7 год.
1200px-Informal_meeting_of_ministers_for_foreign_affairs_Gymnich._Arrivals_Nikola_Dimitrov_36957321831

Димитров: Не давам оставка додека не ја биде Македонија

Шефот на дипломатијата Никола Димитров по лажната вест дека поднел оставка од функцијата по вчерашниот референдум, на неговиот „Фејсбук“ профил објави дека почнале специјална војна против него.– Не им доаѓа ум. Специјална војна почнаа. Значи, како што вели Виктор Иго, нема ништо посилно од една идеја на која и дошло времето. Ќе ни ја биде нашата Македонија! И не кревам раце додека не ни ја биде, пишува Димитров.Претходно, веста за оставката преку соопштение ја демантираше Министерството за надворешни работи, најостро осудувајќи ги, како што наведува, малициозните обиди за ширење лажни вести.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Иванов: Одговорност од Владата, референдумот не е успешен, а пратениците да го слушаат народот

Претеседателот Ѓорге Иванов по референдумот вели дека референдумот е неуспешен, а Владата треба да се соочи со одговорност пред народот. Според него, Македонија останала непоразена. Иванов порача да не се извртува вистината, бидејќи како што кажа, референдумот е неуспешен. Порака испрати и до Собранието, на кое му порача дека треба да го послуша народот кој испратил јасна порака.„На вчерашниот референдум, народот го отфрли преспанскиот договор. Народот е против наметнати и избрзани решенија. Пораката е испратена. Реалноста е дека референдумот не успеа. Не ја поценувајте суверената волја на народот. 36,9 излезност не е волја на народот, туку 69 отсто кои не излегоа. Реалноста е дека референдумот е неуспешен. Време е за одговорност пред македонскиот народ“, порача претседателот Иванов.„Поддршката за ЕУ и НАТО ја намаливте. Ги манипулирате граѓаните, а нашите партнери ги лажете. Истовремено, очекувам набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР сериозно да ги земе забелешките од избирачките места. Оние другите кои се мешаат од страна, да ги почитуваат меѓународните конвенции“, додаде Иванов.Тој го цитираше и Доналд Трамп и тоа што тој го кажал од говорницата во Обединетите нации.„Верувам во амбицијата на нашиот народ. Референдумот не е анкета, туку одлука која обврзува. Собранието мора да ја почитува таа одлука. Им честитам на македонскиот народ за нивната одлука“, рече Иванов.За оние кои излегле да гласаат на референдумот, Иванов рече дека Македонија треба да иде во ЕУ и НАТО, но со реформи, без притисоци и уцени.„Само цврсто сплотени може да го изодиме патот до ЕУ и НАТО. Немаме дилеми дека таму ни е местото. Но таму треба да влезе со човечко достоинство без уцени и притисоци. Имаме два големи предизивика со кои треба да влеземе, тоа се реформите. Со партиски клиентизам и без реформи во правниот систем, не можеме“, додаде Иванов.

Македонија | пред 7 години

7 год.
finki

Рекорден број запишани студенти на ФИНКИ

Претседателот на Влада, Зоран Заев, и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, денеска се обратија на првиот свечен академски час за новите студенти на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), каде што оваа година се пријавија рекорден број од 933 заинтересирани студенти, или 13% повеќе од минатата година.Во своето обраќање, премиерот Заев рекол дека големиот интерес за упис на овој факултет и рекордниот број запишани студенти, меѓу другото е и поради извонредниот наставно-научен кадар на овој факултет, наведуваат од Владата.„Информатичката технологија е една од најбрзо растечките индустрии во светот и во Македонија. Младите тоа го знаат и затоа се насочуваат кон оваа област со надеж за подобра работа по завршувањето на студиите“, изјави Заев.Претседателот на Владата во своето обраќање потсети дека на почетокот на септември Владата и Фондот за иновации доделиле финансиска поддршка за отворање три бизнис-акцелератори за млади претприемачи и иноватори. Еден од тие акцелератори е деловно-технолошки акцелератор „УКИМ“ во Скопје, кој ќе биде сместен на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.„Оваа иновација во поддршката на младите луѓе како вас, кои поседуваат креативни бизнис-идеи, ќе понуди можност и поддршка за развој на стартап-компании што ќе носат профит. Тоа ве прави учесници во развојот на македонската економија и создава услови да го дадете својот придонес во подобрувањето на животниот стандард на сите граѓани“, изјави премиерот Зоран Заев.Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, во своето обраќање, како што наведоа од Владата, изјавил дека Министерството во моментов активно работи на повеќе проекти што имаат заедничка цел, а тоа е целосно дигитализирана Македонија.„Тоа го правиме во соработка со бизнис-секторот, со граѓанскиот сектор и секако со академската заедница, односно со дел од вашите професори, а многу често тоа значи и заедно со вас. Дигиталниот самит, кој се одржа во Скопје пред неколку месеци, беше место каде студентите од овој факултет се претставија со свои иновативни решенија и пронајдоци пред публика од целиот регион и Европа“, рече Манчевски и укажа на проектот  Младинска гаранција, со што се предвидува квалитетната понуда за вработување, натамошно образование, преквалификации, стажирање или практикантство на младите. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Власта да се зафати со враќање на довербата во избирачкиот список, порача ОБСЕ

Владата и администрацијата сериозно да се зафатат со решавање на прашањето околу избирачкиот список и враќање на довербата во него, порачаа од мисијата на ОБСЕ/ОДИХР.Ова е една од препораките на мисијата по спроведениот референдум, од каде потенцираат дека и покрај празнините во законската рамка, темелните слободи биле почитувани во непристрасно администрираниот референдум.„Темелните слободи на собирање, здружување и изразување беа почитувани низ целиот процес, иако непостоењето на официјална кампања ‘против’ значеше дека гледиштата на кампањата ‘за’ доминираа, медиумите обезбедија опсежни информации и широк спектар на мислења“, рече амбасадорот Јан Петерсен, шеф на мисијата на ОДИХР за набљудување на референдумот.ДИК го администрираше референдумот непристрасно и одржуваше ефикасни состаноци, но недостигаше суштествена дебата за клучни прашања, велат меѓународните претставници и додаваат дека иако властите вложиле извесни напори да обезбедат јавни информации во врска со договорот, неговата содржина била недоволно објаснета.„Доколку ги почитуваме оние кои одбраа да не гласаат, мораме да ги почитуваме и оние над половина милион граѓани кои сериозно го сфатија референдумот и одлучија да го дадат својот глас за иднината на земјата. За во иднина, се надеваме дека прашањето на точноста на избирачките списоци ќе биде најпосле решено. Сигурни сме дека ќе дојдат наредни избори, а треба да се има доверба во избирачкиот список“, рече Штефан Шенах, шеф на делегацијата на парламентарното собрание на Советот на Европа.Меѓународните претставници во однос на цензусот посочија дека во различни држави има различни примери дали воопшто треба да постои праг на излезност кога станува збор за консултативен референдум. Кај консултативниот референдум политиката ги прашува граѓаните, но на крајот одлучуваат политичарите за разлика од обврзувачкиот референдум, додаде Шенах.ОБСЕ/ОДИХР генерално оцени дека референдумскиот процес минал во мирна атмосфера, без поголеми инциденти.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Zoran-Zaev-1-by-SDSM-4x3

Заев: Деновиве ќе се знае дали ќе има договор со опозицијата или ќе се оди на избори

За неколку дена ќе се знае дали постои амбиент за постигнување договор со опозицијата за двотретинско мнозинство кое е потребно за да се изгласаат уставните измени во Парламентот кои произлегуват до Договорт за името со Грција. Ова го истакна денеска премиерот Зоран Заев во изјава дадена по свечениот час на новозапиишаните студенти на ФИНКИ.Заев истакна дека денеска е ден за сублимирање на сите анализи и планови и додаде дека од утре ќе почнат разговори.Според него, постои капацитет за одржување предвремени избори кои се последна опција доколку не се постигне договор.– Секако дека има капацитет за избори. Законот и Уставот ги предвидуваат следните чекори. Но, се надевам дека ќе успееме да се договориме. Процесите неможат да бидат замрзнати и да стојат на место, работите мора да се движат напред, рече премиерот.Доколку не се постигне договор и се оди на предвремени избори , според него, изборите ќе се случат брзо. Постои можност тие да се организираат до крајот на ноември, временска одредница која ја спомена и вчера. Тој напомена оти во тој целиот тој процес мора да се мисли и на другите рокови, на пример на изборите за Европскиот парламент кои ќе се одржат во мај следната година, а на кој ќе учествува и Грција. Вели дека засега нема поддршка од конкретни пратеници на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени и оти деновиве ќе се дознае преку разговори со опозицијата каков е амбиентот во таа насока.Заев истакна дека во сегашната ситуација реално е сите да покажат политичка зрелост со оглед на тоа што никој не понуди алтернатива на НАТО и ЕУ, ниту пак подобар договор од овој што е постигнат со Грција.Извор:lider.mk

Македонија | пред 7 години

7 год.
42990361_701786270196797_5961938841966215168_n

Сефер Цаноски: Знам какви таленти има на ФОН

Вашите родители со право се горди на вас, рече магистар Сефер Цаноски кој е генерален директор на Универзитетот ФОН на стартот на студентската година.„Од вас зависи дали ќе завршите. Ние ќе ви ги обезбедиме најдобрите услови, најдобрата пракса, како од вас би направиле кадар кој ќе биде квалитетен”, рече Цаноски.Цаноски им порача на студентите дека треба континуирано да се надоградуваат и учaт, и тоa да го прават доживотно.„Јас ја работам оваа професија 18 години. Знам каков кадар има нашава дежава, знам какви таленти има тука. Се надевам ќе ги вкусите придобивките од ЕУ”, додаде Цаноски.

Скопје | пред 7 години

7 год.
42878918_330198411087997_2164784656736583680_n

Универзитетот ФОН го означи почетокот на студентската година

Универзитетот ФОН го означи почетокот на студентската година. Прв на церемонијата се обрати ректорот Нано Ружин кој вели дека европската иднина и се насмеала на универзитетот, но и на Македонија.„Лошата епоха на семејството Цаноски е минато. Овој универзитет секогаш го почитуваше правото. Воочивме дека треба да се потпираме на квалитетните кадри, а не со успаните”, рече Ружин.Ружин вели дека претстојат реформи кои ќе го променат квалитетот на ФОН. Според него, ќе се зголемува бројот на странски студенти, бидејќи се борат за тоа сите да бидат рамноправни внатре, а надвор, ФОН ќе биде присутен насекаде.„За разлика од јавните универзитети, тука поседувате ваш идентитет”, додаде Ружин.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања