„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
180427-kanye-west-trump-mn-1200_ade8fed7f7859c59596929b1675c3fb3

(ВИДЕО) Канје Вест на ручек со Трамп во Белата куќа

Пристигнувањето на Канје Вест во Белата куќа предизвика голем интерес во јавноста. Рап-ѕвездата денеска се состана со зетот на претседателот Трамп, Џаред Кушнер, а потоа пристигна на ручек со Доналд Трамп. Голем број медиуми во живо ја пренесуваа средбата.https://www.facebook.com/RTnews/videos/1827948263991784/Посетата е резултат на пријателските односи меѓу Трамп и Вест, кои претходно се состанаа во кулата на Трамп во Њујорк за време на претседателската транзиција во 2016 година, по што разменуваа твитови во текот на изминатата година.

Магазин | пред 7 години

7 год.
policija-2-1

10 девојки ги забавувале гостите во угостителски објект во Тетовско

Полициски службеници од СВР Тетово извршиле акциска контрола во угостителски објект во село Горно Седларце, лоциран покрај автопатот Тетово – Гостивар, сопственост на Н.Ш.(42) од Тетово. Притоа, во објектот биле затекнати 10 девојки (пет од Република Македонија и пет од Република Албанија) кои ги забавувале гостите. Странските државјанки биле приведени во Полициската станица Тетово за натамошна постапка.Контрола била извршена и во угостителски објект во Тетово, лоциран покрај регионалниот пат Тетово – Желино, сопственост на А.Х.(46) од Тетово. Притоа, во објектот биле затекнати шест девојки (две од Република Македонија и четири од Република Србија) кои ги забавувале гостите. Странските државјанки биле приведени во Полициската станица Тетово за натамошна постапка.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Уапсен дилер со дрога во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија, до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје, поднесе кривична пријава против Д.В.(28) поради постоење основи на сомнение за сторено кривичнo делo „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.Завчера околу 21.30 часот на улица „Благоја Паровиќ“ полициски службеници го забележале пријавениот како фрла кесе со марихуана. Кесето било пронајдено, а Д.В. бил лишен од слобода. После тоа, врз основа на судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом, каде биле пронајдени една кеса со марихуана, една вреќа со марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана. По извршеното вештачење било утврдено дека во пакувањата има еден килограм и 793 грама марихуана.

Скопје | пред 7 години

7 год.
43655127_2015503968495805_1958246645908897792_n

Розова панделка во Градски парк

По повод одбележувањето на месецот на борбата против ракот на дојката, а во рамки на кампањата „Напред розово 2018“, денес во Градскиот парк во Скопје беа засадени цвеќиња.Претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, заедно со директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Ардијан Муча, поддржувачите и активистите на Здружението „Борка“, како и претставници од граѓанскиот сектор, присуствуваа на настанот и во знак на поддршка на борбата против ракот на дојката, засадија цвеќиња во форма на розова панделка.Цвеќињата за настанот ги обезбеди ЈП „Паркови и зеленило“, а истиот е во организација на здружението „Борка – За секој нов ден“.

Скопје | пред 7 години

7 год.
soobrakajka1-1

Жена повредена во сообраќајка на автопатот Куманово -Скопје

Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа што се случи денеска на автопатот Куманово -Скопје на делницата Романовце-Миладиновци.Според МВР, возилото „пежо 206“ со скопски регистарски таблици во 14:50 часот, управувано од 32-годишната Ј.Л.С, изгубило контрола, удрило во брегот и се превртело.– Жената се здобила со повреди и е пренесена во Ургентниот центар во Скопје, а сопатникот М.Л е неповреден – соопшти полицијата.

Скопје | пред 7 години

7 год.
vodno

МЕР: Изградбата на гасоводот на Водно продолжува, активистите ќе ja контролираат изведбата

Постигната е согласност со граѓанските активисти, изградбата на магистралниот гасовод Делница 5 Скопје - Тетово - Гостивар кај потегот на Водно продолжува, соопшти денеска акционерското друштво за вршење енергетски дејности Македонски енергетски ресурси (МЕР).МЕР соопшти дека по постигнување на согласност со граѓанските активисти кои ќе бидат дел од работните групи за мониторинг на изведбата на целиот проект, од понеделникот 8 октомври, почнати се активностите за продолжување на изградбата на магистралниот гасовод од 25 километри на потегот кон Шишево.

Скопје | пред 7 години

7 год.
stevce

(ВИДЕО) Јакимовски: Не со СЈО, со стрелачки вод да дојдете, ГРОМ нема да го гласа срамниот договор со Грција

,,Не со СЈО, со стрелачки вод да дојдете, ГРОМ нема да го гласа овој срамен договор кој сте го потпишале со Грција. Да им честитам на пратениците за досегашната истрајност и да ги повикам да издржат. Пораката која што ја пративме на 30 септември, е посилна порака дури и од Илинден 1903 година. Покажавме дека сме народ, покажавме дека сме нација и покажавме дека неправедно се обидувале да не помножат со нула на сите претходни договори. Ако на ова истраеме до крај, јасно покажуваме ова признание денеска го добиваме од секаде во светот”, изјави лидерот на ГРОМ и поранешен градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски во врска со истрагата која ја отвори СЈО против него.https://www.facebook.com/600643960025254/videos/473378833174641/ Тој од пред седиштето на СЈО порача дека ,,на ваквата партиско – полициска-обвинителска конструкција и во забавиште не можат да им веруваат”.,,Јасно е дека со ова се прави уште еден неуспешен обид за пресметка со мене. Очигледно е дека пресметките со мене ги чинат многу скапо, а тоа се покажа на 30 септември. Очигледно дека се обидуваат на ваков начин на сите оние кои не сакаат да гласаат за срамниот договор со Грција, да им покажат како ќе завршат доколку не бидат послушни и доколку не го гласаат срамниот договор. Сакам да им порачам на СДС и на Заев, нема да не скршат. Немој да мисли дека ќе бидам политички мртов, напротив, ќе видиме на овие избори кој потоа ќе биде политички мртов. И нека не кажуват трикови дека имал кратки рокови за да се распише пржинска влада, 100 дена ќе дадат за пржинска влада да ги утврдиме нивните криминали, да ги прашаме што правеле во здравство, како ги набавиле ,,пасатите” во заеднички служби во Влада, да ги прашаме како ги набавуваа возилата од МВР се од иста фирма…Како делеа пари од Фондот за иновации, да го прашаме ова СЈО, овие обвинители кого се од своите фамилии вработија. Ќе отвориме многу прашања и во тие 100 дена ќе видите како ќе ги ископаме како компири од под земја.Арам да му е на ова обвинителство”,рече Јакимовски.СЈО вчера информираше дека е отворена истрага „Хармонија“, поради основано сомнение дека во 2012 година осомничените Никола Груевски – претседател на Владата, Миле Јанакиевски како министер за транспорт и врски и Стевчо Јакимовски – градоначалник на општина Карпош, со искористување на својата службена положба, за Приватен меѓународен балкански универзитет Скопје прибавиле значителна имотна корист во износ од 23.730.912 денари, односно 385.868 eвра.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Над сто хектари шума изгоре на Беласица

Во попладневните часови на вчерашниот ден било пријавено дека настанал пожар на планината Беласица на македонска територија, во правец на местото викано Тиха долина и местото викано Сарикаја, помеѓу селата Банско и Свидовица.Во пожарот биле зафатени околу 105 хектари високо стеблеста шума, бука и бел бор.Истиот бил локализиран во 17.40 часот од екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица и работници на ПШС-Беласица. Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Тродимензионален перформанс на зградата на прилепскиот ,,участак

Прилеп и Куманово годинава заедно го чествуваа „11 Октомври“ на свеченоста што се одржа во центарот на градот, во организација на Општина Прилеп, а на која присуствуваа делегација од Владата на Република Македонија предводена од премиерот Зоран Заев и делегација од Општина Куманово со градоначалникот Максим Димитриевски.Пред масовниот народен собир, градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски пренесе слободарски пораки, оддавајќи почит на борците од НОВ кои што ги вградија своите животи во денешната слобода.„Ние продолживме по нивните стапки, по нивните соништа да направиме држава која што ќе има свој напредок и просперитет. Сите сакаме просперитетна Република Македонија, интегрирана во евроатланските асоцијации. Патот е тежок и долг, но заедно ќе го изодиме, зашто знаеме дека на крајот од тој пат не чека,светла иднина. Тој пат го одбраа младите, студентите, бизнисмените,уметниците, спортистите и сите граѓани.Најголем дел од граѓаните на Република Македонија го избраа овој пат и ќе гоизодиме. На претседателот на Владата, на премирот Зоран Заев ќе му покажеме дека оваа држава ќе излезе на вистинскиот пат,сите заедно со премиерот Заев ќе покажеме што сакаме. Имаме своја визија и своја цел. Таа цел сите заедно ќе ја оствариме. Сакам во оваа прилика да повторам уште еднаш дека Македонија ќе ја биде“,порача градоначалникот Јованоски.Неговиот колега од Куманово, Максим Димитриевски пренесувајќи ги честитките од своите сограни рече дека Прилеп и Куманово се вградени во македонската историја. „Нашите предци гордо и достоинствено излегоа,ги земаа пушките во рака, се организираа и почнаа едно сенародно востание за ослободување на државата од фашизмот. Токму поради нив благодарејќи на тие генерации луѓе денеска живееме на ова парче земја, кое што сите ние го сакаме и веруваме во нејзината иднина. Затоа истите тие не обврзуваат.Таму кај што тие застанаа да продолжиме, сите ние заедно. Нашите предци не обврзуваат денеска почитувајќи го минатото и историјата, следејќи ја нашата Македонија, низ формата на една Вардарска, Социјалистика Република денеска да продолжиме на патот кон европеизацијата на една стабилна држава вредна за достоинствен живот на секој нејзин граѓанин“, рече градоначалникот на Куманово, Димитриевски.Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев во своето обраќање стави акцент на влогот на храбрите борци од Антифашистичкото востание и НОБ. „Должни сме на нашите идни генерации да им дадеме доволно причини да си го видат своето сопствено место во домот Република Македонија.Должни сме да преземеме одговорност за Република Македонија да биде дом, на слободата на сите нејзини граѓани. Како нова ѕвезда, во европското соѕвездие. И затоа и денеска можеме да кажеме дека сме повторно пред историски избор. Оваа генерација треба одлучно и храбро и да го направи исчекорот за остварувањето на нашата стратегиска цел во оваа фаза од нашата историја. Егзистенција за секого, европски животен стандард, осигурани граници, безбедност, стабилност, признаен идентитет. Сето ова преку членство во НАТО, а потоа и членство во ЕУ“,порача премиерот Зоран Заев, вечерва од Прилеп.Премиерот Заев и градоначалниците Јованоски и Димитриевски положија свежи цвеќиња пред бистата на Јосип Броз Тито во меморијалниот музеј „11Октомври“, посетувајќи ја трајната поставка од НОБ. При тоа тие се запишаа и во книгата на спомените. Од денеска до бистата на Тито се наоѓа и една од репликите на орденот „Народен Херој“,одликување на градот Прилеп,врачено од Маршалот Тито на 07 мај 1975 година, како симболично признание за влогот на градот кој даде 650 борци погребани на Могилата на непобедените,а 15 од вкупно 66 народни херои во цела држава.Чествувањето во предвечерието на големиот национален празник во Прилеп продолжи со импровизираниот напад на Участакот, а потоа со импресивен огномет.  Изутрина делегации од Општина Прилеп,политички партии и граѓани ќе оддадат почит и ќе положат свежи цвеќиња пред споменикот на Методија Андонов-Ченто, пред споменикот на Кузман Јосифоски-Питу, Алејата на народните херои, споменикот Жена – борец и Могилата на непобедените.,,Раѓањето на македонската држава е резултат на личната одлука на секој маж и секоја жена, на сите учесници во Народно ослободителната војна. Таа генерација наши претходници ја грабна историската шанса за создавање своја држава. Секој од нив одделно препозна дека е време за избор кој ги стави на вистинската страна на историјата. Презедоа одговорност.Денеска повторно сме пред историски избор. Оваа генерација треба одлучно и храбро да направи исчекор кон остварување на стратешката цел – Република Македонија да биде дом на слободата на сите нејзини граѓани, нова ѕвезда во европското соѕвездие. Нека ни е честит 11 Oктомври, Денот на народното востание!“- е пораката од одбележувањето на ,,11 Октомври“.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sad-1

САД: Кина претставува поголема закана од Русија

Кина спроведува кампања без преседан за да влијае врз американското јавно мислење воочи конгресните избори во ноември и претставува најголема долгорочна контраразузнавачка закана за САД, се согласуваат американските безбедносни претставници.Американската министерка за внатрешни работи Кирстен Нилсен и директорот на ФБИ Кристофер Вреј потврдија за одборот на Сенатот за безбедност дека Кина се меша во американските избори и претставува поголема закана од Русија.Нилсен изјави дека постојат две закани, кога станува збор за безбедноста на американските избори: една се однесува на хакирање на изборната инфраструктура, како избирачките списоци, а другата се однесува на кампањи кои чија цел е да влијаат врз јавното мислење.„Кина апсолутно и без преседан се обидува да влијае врз мислењето на американската јавност, но за сега не забележавме обид за загрозување на изборната инфраструктура“, рече министерката и експерт за сајбер безбедност, пренесе Фокс њуз.Вреј во својата проценка рече дека Кина претставува уште поголема закана од Русија.„Кина на многу начини претставува сеопфатна, комплексна и долгорочна контраразузнавачка закана. Русија се бори да остане релевантна по падот на Советскиот Сојуз. Тие ја водат денешната битка, а Кина утрешната“, рече директорот на ФБИ.Претседателот Доналд Трамп во Советот за безбедност на ОН рече дека Кина се обидува да се меша во изборите во ноември, на сметка на неговата администрација.

Свет | пред 7 години

7 год.
turcija-1

Турција: Тешкото оружје е повлечено од Идлиб

Турското Министерство за одбрана соопшти дека процесот на повлекување на тешко оружје од демилитаризираната зона во Идлиб, Сирија, денеска е завршен.Во соопштението Министерство за одбрана потсетува дека земјите гаранти, Турција и Русија, потпишаа договор на 17 септември за стабилизирање на демилитаризираната зона во Идлиб.Оттаму додаваат дека во рамките на Договорот, кој беше постигнат во рускиот град Сочи, особено внимание било посветено на географската структура и населените места, и дека била формирана демилитаризираната зона, во должина од 15-20 километри.– Турција ги исполни своите обврски во рамките на Договорот. Во тој контекст, на 10 октомври 2018 година го заврши повлекувањето на тешкото оружје од демилитаризираната зона во Идлиб, со цел да се стави крај на тензиите во областа и да се елиминира ризикот од меѓусебен конфликт,  се истакнува во соопштението.Министерство за одбрана на Турција додава дека продолжуваат активностите во рамките на воспоставувањето одржлив и траен мир во Идлиб.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Ураганот Мајкл ја погоди Флорида

  Ураганот „Мајкл“ погоди област во близина на Мексико Бич во сојузната држава Флорида, со сила на ураган од четврта категорија, соопшти Националниот центар за урагани.Ураганот предизвика смртоносни бранови, носејќи со себе ветровите од 250 километри на час.Силните ветрови на ураганот уништија неколку објектите во градот Панама Сити бич.Ураганот „Мајкл“ претходно  се претвори во ураган од четврта категоријата пред да ја погоди Флорида, а 500.000 луѓе беа советувани да се евакуираат.– Помина времето за евакуација по должината на брегот, напиша гувернерот на Флорида Рик Скот на Твитер, и додаде: „Ако одлучите да останете во областа за евакуација, веднаш треба да побарате засолниште”.Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи вонредна состојба на цела Флорида.Градоначалникот на Апалачикола Ван Џонсон рече дека, во градот, кој најверојатно ќе биде најсилно погоден од ураганот, евакуацијата е задолжителна.-Мојата најголема загриженост е тоа што некои луѓе дури сега почнаа сериозно да ја сфаќаат оваа бура и да се евакуираат, рече Џонсон за Си-Ен-Ен.– Се надевам дека другите што не донеле таква одлука ќе можат да заминат додека патиштата се проодни и пред да се затворат мостовите, вели Џонсон

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Мотивот за морничавото и злобно убиство на новинарката Викторија е откриен

Локалниот бугарски портал Русе 24 пренел дека неколку метри од местото каде е пронајдено телото на убиената новинарка Викторија Маринова е пронајден дел од црвена блуза која ја носела тој ден.Претходно регионалниот обвинител Георги Герогијев потврдил дека дел од нејзината облека и клучевите од автомобилот и нејзиниот мобилен исчезнале. Исто така, истражувачтите потврдиле дека на местото на убиството есе пронајдени многу ДНК примероци, што за поедини е доказ дека станува збор за избрана жртва.Таквиот став го подржува и бугарскиот криминолог Ботево Ботев кој гостувајќи во утринската програма на БТВ телевизија рекол дека верува дека мотивот за убиство нема врска со истражувањето за корупцијаа на кој Маринова работела последниве месеци, туку дека е „обичен случај“.Напаѓачот е „психопат на кој не му е првпат да напаѓа жени“, рекол Ботев потсетувајќи на нерешениот случај на бруталното убиство на жената од истиот град  кој се случил пред повеќе од десет години и неколку убиства во Софија, на кои исто така им претходеле силувања, а кај кои изборот на жртвата е случаен.Сепак, колегите на убиената новинарка не се сложуваат со тоа, дури поедини бараат истрагата да ја преземе меѓународниот истражувач сомневајќи се во бугарската полиција.

Свет | пред 7 години

7 год.
berlin

Берлин: Прашањето за германски репарации кон Грција е правно и политички затворено

   Германската Влада смета дека прашањето за воените репарации кон Грција е „правно и политички затворено“, изјави портпаролот на Владата во Берлин, Штефан Зајберт, одговарајќи на новинарско прашање за новите претензии од некои грчки политичари.– Навистина многу пати сме го разгледувале тоа прашање. Нашата позиција е дека прашањето за германските репарации е правно и политички завршено. Таа позиција не е променета. освен тоа, во врска со ова прашање нема никакви официјални чекори од страна на грчките власти, истакна Зајберт.Тој нагласи дека нема никаква информација за договор меѓу грчката и полската влада за појава на нови претензии за репарации од Германија.Според некои западни медиуми, кои се повикуваат на владини извори во Атина, грчкиот претседател Прокопис Павлопулос би можел повторно за време на посетата на германскиот колега Франк-Валтер Штајнмаер денеска и утре, да ги постави на дневен ред претензиите на Грција за стотици милиони германски репарации.

Свет | пред 7 години

7 год.
jajca

Македонските јајца со подобра цена од грчките, бугарските и полските

Само пет фарми од Македонија (Гостиварско, Скопско, Гевгелиско, Неготинско и Ресенско) извезуваат јајца на пазарите во Европската унија. Пласманот е континуиран и се реализира главно во Хрватска, Бугарија и Грција.Земјава засега располага со околу 1,1 – 1,2 милиона кокошки во интензивно, фармско производство, каде продукцијата на јајца дневно достигнува приближно еден милион, а уште еден милион кокошки се регистрирани кај индивидуалните земјоделски стопанства каде одгледувањето е екстензивно, слободно, и продукцијата на јајца е нешто помала.– Дневната продукција во интензивното производство достигнува околу еден милион јајца, а во екстензивното нешто помалку, што е сосема доволно за домашниот пазар. Остануваат количини и за извоз.  Македонија е на листата земји за извоз на јајца во ЕУ. Ги исполнува сите безбедносни и квалитативни параметри. Пет објекти се вкупно регистриани за извоз во ЕУ и тие континуирано извезуваат, вели за МИА директорот на фармата за производство на јајца „Везе Шари“, Абдулезел Догани.Според него, до август просечната цена на јајцата беше добра, околу пет денари, а во септември – октомври нешто послаба, четири до 4,5 денари, што е вообичаено поради купувањето дрва за огрев, правањето зимница, ајвари, почетокот на школската година,…– Со цената на јајцата сме некаде во средина на европскот пазар. Не сме ниту меѓу најевтините, ниту меѓу најскапите. Во Грција, Бугарија и Полска јајцата се сега поевтини од кај нас, достигнуваат 3,5 – четири денари, истакнува Догани.„Везе Шари“ утре ќе се приклучи кон одбележување на Светскиот ден на јајцето, 12 Октомври, со два настана. Ќе донира јајца во градинките за деца со посебни потреби во Тетово и Гостивар, како и во СОС Детското село. Децата, како што информира Догани кој е и ветеринарен лекар, ќе имаат можност да слушнат нешто повеќе за придобивките од исхраната со јајца.

Македонија | пред 7 години

7 год.
gruevski-1

Брза реакција на Груевски за СЈО: Нови фабрикувани случаи, ова е политички прогон за промена на името

Новите шест истраги на СЈО се само продолжување на политичкиот прогон кон сегашни и поранешни високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, а во контекст на слабеење на позициите на партијата и нејзини поединци, како и во контекст на промената на името по неуспешниот референдум, реагираше синоќа на својот фејсбук-профил поранешниот премиер Никола Груевски по објавувањето на новите шест истраги на Специјалното јавно обвинителство.За Груевски нема никакви сомневања дека Владата додека тој бил премиер работела посветено и привлекувала странски инвестиции.„Очигледно, од илјадници инвеститори и компании кои работеле во Република Македонија избрани се компании од Русија, Турција и Кина, со цел да се создаде слика дека ВМРО-ДПМНЕ било политички и економски ориентирано кон овие држави за да тоа, а не кон НАТО и ЕУ државите, иако јавно е позато дека по сите параметри, независно дали е увоз-извоз или странски инвестиции, над 90 отсто од соработката се со компании од држави членки на ЕУ и НАТО, како Германија, Британија, Америка, Белгија, Италија, Холандија итн“, напиша Груевски.За случајот со Балканскиот универзитет тој вели дека земјиштето на кое се изгради универзитетот било продадено на јавна електронска лицитација на која можеа да конкурираат и други кандидати од областа образование и дека цената од 1 евро квадрат била почетна цена која некогаш кога немаше други кандидати била и конечна. „Пред доаѓањето на ВМРО на власт имавме во изобилство неизградена земја низ градовите и селата, локации полни со шут и ѓубре и 39 отсто невработени луѓе, односно само 560 илјади вработени. Со новите политики на ниски почетни цени на земјата вработеноста од 560 илјади луѓе се искачи на 740 илјади вработени, а невработеноста опадна од 39 на 22 отсто. Промената на уредбата на почетната цена на земјата не ја сменил еден човек, туку е сменета со одлука на Владата и важи за сите. Нашиот однос како Влада кон сите инвеститори беше крајно пријателски и тоа многу помогна да ги убедиме инвеститорите да инвестираат во Македонија. Патем речено, да напоменам дека од она што јас го знам инвеститор и сопстевеник на Балканскиот универзитет во Скопје се фондации и НВО кои се и хуманитарни и добротворни организации и во чии управни одбори членуваат првите луѓе на најголемите турски компании како Ефес Пилсен, Кока кола, Ваикики, Халк банка и повеќе други“.Распределбата на средствата за јавни кампањи владата го вршела во целост согласно закон, откако претходно на јавен оглас ангажирала специјализирана куќа за медиа планирање, вели Груевски.„Владата никогаш сама, без критериум и надвор од закон не вршела распределба ниту одлучувала каде и колку средства за кампањи ќе се наменат. Ваквиот начин на финасирање на владини кампањи е присутен и во речиси сите други развиени држави. Не случајно кога своевремено СДСМ го критикуваше законот по кој се распределуваа средствата за медиумски кампањи, немаше одговор на нашата понуда да предложат друг закон, но тој закон да е од некоја понапредна и поразвиена држава. Оттука, никакви државни средства не биле незаконски префрлани на наводни преземени медиуми. ВМРО-ДПМНЕ ниту имало ниту поседувало медиуми“, напиша поранешниот премиер.За него нема сомневање дека овие случаи се всушност класичен политички прогон од политичките противници за што преку закани од различен тип ги контролира најголем дел од медиумите, кои притиснати од тоа давале поддршка на политиките на владата и политичкиот прогон и фабрикувани случаи и монтирани случаи, под притисок и како што бара СДСМ.„Останатите 4 случаи се исто така празни и фабрикувани. Само човек кој не ги разбира или несака да ги разбере можностите за доаѓање до средствата кои Македонија 20 години се обидуваше да ги добие од Руската Федерација како средства од поделбата на побарувањата на поранешните републики од поранешната СФРЈ може од тој успех да креира истрага.Тука на СЈО можам да им препорачам две работи. Нека испитаат како и зошто во време на СДСМ, Македонија прифатила долгот од 90 да се сведе на околу 60 милиони долари. И нека проверат и пресметаат зошто СДСМ не успеала да ги повлече и искористи тие пари како долг кон нас и колку е загубено што тие пари не дошле пред 10 или 20 години во Македонија.Само влада која го тераше народот да се вози во 20 години стари и амортизирани автобуси може да има комплекс на друга влада која речиси комплетно го обнови автобускиот возен парк во главниот град со нови и најсовремено опремени автобуси и при тоа еден дел од автобусите заради туристички имиџ и атракција ги набави во ретро дизајн“.„Накратко, политичкиот прогон кој се спроведува преку СДСМ продолжува и се интензивира. СЈО не е ниту независна, ниту неполитичка ниту непристрасна институција. СЈО е класичен инструмент за репресија кон политичките неистомисленици и што подолго одржување на власт на СДСМ“, напиша Груевски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mamki

АХВ: Почнува есенската кампања за вакцинација на лисиците против беснило

Со авионско фрлање на вакцинални мамки, денеска почнува тринаесеттата, есенска кампања на Агенцијата за храна и ветеринарство за вакцинација на лисиците против беснило, која ќе се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија, соопштија од АХВ.На целата територија на Македонија, со исклучок на населените места, водените површини и високите планински врвови, заклучно со 19 октомври, од спортските аеродроми во Скопје и Штип ќе бидат фрлени 500 илјади вакцинални мамки, наведуваат од Агенцијата од каде преку своето соопштение апелираат до граѓаните да внимаваат при движењето во природа и доколку најдат мамка никако да не ја допираат.„Мамките се со кафена боја и наликуваат на чоколадни коцки. Направени се од смеса со рибино брашно и имаат мирис на риба кој ги привлекува лисиците. Во мамките е сместена пластична капсула во која се наоѓа течна вакцина која содржи ослабен вирус на беснило, како и биолошки маркер – тетрациклин, кој се користи за утврдување на успешноста на вакцинацијата. Како одговорна институција апелираме мамката да не се допира, но, доколку сепак граѓаните дојдат во контакт со неа, таа треба внимателно да се отстрани и остави во помалку населена област, каде ќе биде неможно истата да дојде во контакт со деца. Ако се случи граѓаните да дојдат во контакт со течната содржина од капсулата, неопходно е рацете да се измијат со голема количина сапун и вода, во траење од најмалку пет минути и задолжително веднаш да појдат на лекар. Мамката внимателно треба да се земе со ракавица или кеса и да се понесе со себе“, образложуваат од АХВ во своето соопштение.Од Агенцијата за храна и ветеринарство исто така ги потсетуваат и сопствениците на домашни миленици, кучиња и мачки дека имаат законска обврска да ги вакцинираат животните против беснило, болест која во Македонија за последен пат е регистрирана во 2012 година. По реализација на вакциналната кампања против беснило, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе спроведе поствакцинален мониторинг заради контрола на успешноста на оралната вакцинација, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
oktomvri-1

Заедничка прослава во Прилеп за 11 Октомври

Со бројни манифестации Прилеп вчера и денеска го одбележува празникот 11 Октомври - Денот на оруженото востание во НОБ и Револуцијата.Во чест на празникот вчера во центарот на градот ќе биде отворена манифестацијата „Денови на медот“. Во текот на денот, кај Домот на културата „Марко Цепенков“ се одржа и крводарителска акција во организација на Црвениот крст од Прилеп.Традиционалните манифестации во пресрет на празникот почнаа синоќа. Во ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ е отворена изложба на уметниците Катерина Деспот и Васка Сандева.Во чест на празникот на свеченоста од пред меморијалниот музеј „11 Октомври“ за значењето на празникот говореа премиерот Зоран Заев и градоначалниците на Куманово Максим Димитриевски и на Прилеп, Илија Јованоски со што и официјално прв пат беше означена заедничката прослава на празникот на двата града.„Должни сме да преземеме одговорност за Македонија да биде дом на слободата на сите нејзини граѓани, како нова ѕвезда во европското соѕвездие. Денес сме повторно пред историски избор: оваа генерација треба одлучно и храбро да го направи исчекорот за нашата стратегиска цел во оваа фаза од нашата историја - егзистенција за секого, европски животен стандард, осигурани граници, безбедност и стабилност, признаен идентитет. Сето ова преку членство во НАТО и во ЕУ“, рече Заев.Пред 77 години, рече Заев, нашите државотворни предци направиле избор и го кренале  гласот Македонија да ја направат дом на слободата, победник над фашистичкото зло.„Презедоа одговорност, избраа да изградат држава, светилиште на слободата, по цена на живототите и ја ставија на пиедесталот на новата држава, како подарок и како завет за сите идни генерации, никогаш да не ја изгубат и да не ја доведат во прашање. Ние денеска им оддаваме должна почит на тие храбри државотворни луѓе кои им дарија држава на идните генерации да ја чуваат, да ја негуваат и да ја развиваат“, рече Заев.За него празниците се добар момент да се запрашаме: како да го зачуваме она што го наследивме и како од Македонија да направиме подобра држава.„Секоја генерација е должна да ги проширува видиците и да реагира тогаш кога некој го блокира и го оневозможува развојот. Оваа должност најмногу им припаѓа на политичките лидери, на народните избраници. Нашите претходници што ја извојуваа слободата не ни ја дадоа за да ги делиме луѓето.  Должни сме, на сите наши деца да си го видат сопственото место во домот - Република Македонија. Да преземеме одговорност за Македонија да биде дом на слободата на сите нејзини граѓани, како нова ѕвезда во европското соѕвездие. Денеска сме повторно пред историски избор: оваа генерација треба одлучно и храбро да го направи исчекорот за нашата стратегијска цел во оваа фаза од нашата историја - егзистенција за секого, европски животен стандард, осигурани граници, безбедност и стабилност, признаен идентитет. Сето ова преку членство во НАТО и во ЕУ“, истакна Заев.Прославата синоќа беше заокружена со традиционалниот импровизиран напад на градот, како потсетување на историските настани од 1941-та и со богат огнометДенеска ќе им биде оддадена почит на загинатите борци, народни херои и дејци и на сите што ги дале своите животи во НОБ и Револуцијата. Делегации ќе положат свежи цвеќиња пред спомениците на првиот претседател на президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто, на идеологот на НОБ и Револуцијата, Кузман Јосифоски Питу што се во центарот на Прилеп и на Могилата на непобедените, каде се моштите на 650 загинати борци од НОБ, како и пред бистите на народните херои.Денеска ќе се одржи и одбојкарски турнир на спортските ветерани во салата од средното училиште „Ѓорче Петров“, а од 13 часот, прв пат пред и во Домот на културата „Марко Цепенков“ ќе се одржи уличен фестивал насловен „Со Марко на улица“. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
osmani

Османи изненаден, аперила за побрза истрагата од СЈО

Откако СЈО објави дека отвори истрага против ексминистерот за здравство, сега вицепремиер за европски прашања Бујар Османи, тој вели дека за него, потегот на Обвинителството е изненадување. Османи додава дека како министер за здравство, но и сега, работел според законот во интерес на граѓаните.„Информацијата за отворената истрага од страна на СЈО, иако уште претходно како шпекулација ја имав слушнато и прочитано во медиумите, сепак претставува изненадување за мене, особено спомнувањето на моето име во контекст на евентуални злоупотреби. Во мојата политичка и воопшто професионална кариера, и како Министер за здравство порано, и сега, како Вицепремиер, предводник на Секретаријатот за европски прашања, секогаш сум работел според закон, и во интерес на сите граѓани на Република Македонија. Задржувајќи го истиот принцип, сакам да испратам неколку пораки:Поведената истрага ја сметам за нормална, коректна и професионална обврска на Обвинителството и во таа насока стојам на располагање и на Специјалното Јавно Обвинителство, и на било кој друг правосуден орган во земјава, за соработка во интерес на идентификување на целосната фактичка состојба. Сакам да потенцирам дека немам што да кријам, напротив, очекувам што е можно побрза и поефикасна истрага, а со цел да се утврди вистината - дека ниту сум влијаел, ниту сум можел да влијаам, а ниту сум можел да бидам запознаен со евентуална злоупотреба, секако, доколку таква постоела“, се вели во посмената изјава на Османи.Во новата истрага на СЈО која се води под името „Пациент“ во која се осомничени за 15 лица, еден од нив е и поранешниот министер за здравство, Бујар Османи, а сегашен вицепремиер. Според СЈО, постои основано сомнение дека осомничените ја злоупотребиле службената положба и овластување во постапки по јавни набавки за извршување градежни и градежно – занаетчиски работи во повеќе јавни здравствени установи низ државата.СЈО смета дека постои основано сомнение дека во 2010 година четворица од осомничените, Фатмир Авмедовски, Бетим Љамалари, Менсур Ибрахими и Жаклина Чагороска, како одговорни лица – претседател и членови на комисијата за јавни набавки во Министерството за здравство на РМ, при вршење на јавна набавка за изведување градежни и градежно – занаетчиски работи во повеќе јавни здравствени установи низ Македонија, поднеле незаконит предлог за избор на најповолна понуда, а осомничениот Бујар Османи, како министер за здравство, наместо да го одбие предлогот на Комисијата, донел решение за избор на најповолна понуда на понудувачот ГБС – Благоевград – Република Бугарија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
gruevski

Катица Јанева: Се надевам дека за 20 дена ќе го видиме Груевски зад решетки

Обвинителката на СЈО, Катица Јанева во гостувањето на Канал 5 рече дека се надева оти поранешниот премиер Никола Груевски кој е правосилно осуден на затвор од 2 години, наскоро ќе го види зад решетки. Според досегашното работно искуство во судот во Гевгелија и текот на роковите по донесување на правосилна одлука, Јанева рече дека очекува до петок да ја добијат одлуката од Апелацискиот суд во Скопје, а потоа откако и Груевски ќе ја добие одлуката, ќе може да отиде во затвор.„Се надевам дека Груевски наскоро ќе го видиме зад решетки. Тоа, според она што јас го имам како искуство би можело да биде за 20-тина дена. До петок очекуваме пресудата од Апелацискиот суд во Скопје да биде испратена во писмена форма и до СЈО, а по ова и Груевски да ја добие одлуката и да може да замине во затвор“, рече Јанева.Поранешниот премиер Никола Груевски е осуден на затвор од 2 години за набавката на луксузниот мерцедес. Пресудата му ја изрече Основниот суд во Скопје, а пред неколку дена му беше потврдена и од Апелацисикиот суд во Скопје. По одлуката на второстепениот суд пресудата е правосилна.Груевски по добивање на одлуката во писмена форма, како и по добивање на упатниот акт ќе треба да се јави во затвор за издржување на затворска казна.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања