3 нед.
media-librarymsk8rnlg0m7udlkdND6

СКСМ: Блокадите на граничните премини не се решение, ризик од колапс на економијата на Западен Балкан

Проблемот со примената на правилото од 90/180 дена за професионалните возачи во товарниот патен транспорт (евиденцијата на влез и излез на граничните премини согласно EES системот) треба исклучиво да се бара преку институциите, а не со блокади на граничните премини, за да не се случи колапс на целата економија во државата и регионот на Западен Балкан во целост, е ставот на Стопанската комора на Северна Македонија (СКСМ).„Блокадите не може да бидат решение, бидејќи ако се наруши протокот на стоки на граничните премини со ЕУ, само еден ден, а не дури седум дена какви што се моменталните најави, губитници не се само транспортерите во меѓународниот патен сообраќај, туку сите деловни субјекти кои се влучени во надворешно трговската соработка. Засега никој неможе да каже колкави ќе бидат загубите бидејќи тие ќе бидат по повеќе основи: пенали за задоцнета испорака, откажување на договори, намалено производство, нереализиран извоз, неможност за навремено производство ради недостаток на суровина итн, но сигурно е дека загубите ќе бидат од големи размери, што не е во ничиј интерес“, се наведува во соопштението.Минатата недела, СКСМ, заедно со коморите од Западен Балкан, упати заеднички апел до претседателката на Европската комисија во кое укажаа дека очекуваат земјите-членки да усвојат привремени мерки овозможувајќи им на професионалните возачи непречено да го вршат меѓународниот патен транспорт, сè додека не се воспостави трајно и системско решение.Според СКСМ, ваквиот пристап би бил во заеднички интерес на Европската Унија и Западен Балкан и би претставувал јасен сигнал за веродостојна посветеност на интеграцијата на регионот и зачувувањето на функционирањето на синџирите на снабдувањe.„Моменталниот пристап е неконзистентен со целите на Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан и тешко е да се усогласи со нашите заеднички напори за понатамошно интегрирање на економиите на регионот во Единствениот пазар на ЕУ. Економиите на Западен Балкан, како кандидати и на јасен пат кон членство во Европската Унија, целосно опкружени со границите на ЕУ, треба да имаат корист од поедноставена и диференцирана примена на режимот на ЕЕS, што ќе го одрази нивниот статус како партнери во пристапувањето и ќе обезбеди јасна разлика од другите трети земји. На крај останува фактот дека Европската Унија е нашиот најважен извозен пазар, со над три четвртини од вкупниот извоз на земјата и затоа од наш стратешки интерес е да се одржи стабилноста на синџирите на снабдување и непречено да се одвива протокот на стоки“, велат од Стопанската комора.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryo5tvqgqp71ml3GI8uJA

Бројот на загинати во пожарот во фабриката во Грција се искачи на четири, една жена исчезната

Бројот на загинати во пожарот во фабриката за храна „Violanta“ во близина на градот Трикала, во централна Грција, се зголеми на четири, додека една жена сè уште се води за исчезната, пренесуваат медиумите.Според официјален претставник на пожарната служба, 13 лица се наоѓале во фабриката кога пожарот избил околу 4 часот наутро во понеделник, а осум успеале да го напуштат објектот.Причината за пожарот сè уште не е позната, а локалните медиуми известија дека пред избувнувањето на пожарот се слушнал голем експлозивен звук.На местото на настанот се испратени околу 40 пожарникари со 13 возила. Исто така, интервенирале сили од Специјалната единица за справување со катастрофи (EMAK) и експерти од Одделот за кривични дела од пожарната служба (DAEE).

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
vucic

Вучиќ: Луѓето видоа дека министрите не работат како што треба; Барав две работи – борбеност и храброст

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во гостување на ТВ Блиц изјави дека граѓаните имаат јасна слика дека не сите министри се посветени на своите обврски, посебно во критични моменти како што беа снежните непогоди кои оставија делови од земјата без струја.Претседателот посочи дека граѓаните кои беа без струја за време на снежните врнежи видоа дека министрите заминале на одмор и не ги решавале проблемите.„Проблемите секогаш ќе постојат, но важно е луѓето да видат дека министрите се трудат да ги решат, а сега тоа не се случи и луѓето тоа го забележаа“, истакна Вучиќ.Од министрите, како што нагласи, барал две квалитети: борбеност и храброст при носење на одлуки, со уверување дека граѓаните ќе им простат грешки.Тој истакна и дека во земјата постојат луѓе чиј единствен сон е да рушат и дека затоа е важно да се изготват конкретни планови за иднината. Вучиќ потенцираше дека секогаш ги чита сите документи пред да одлучи што е потребно и што да се фрли, за разлика од другите.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarygdrep5tbii6ab0ADrcD

(Видео) Објавено видео од апсење на навивачите по тепачката на аеродромот во Тузла: Се криеле меѓу куќи, во шума и поток

Навивачите на хрватскиот клуб „Хајдук“, познати како „Торцида“, извршија заседа на Меѓународниот аеродром во Тузла пред два дена на навивачи на Црвена звезда кои се враќаа од Малме.Во конфликтот учествувале 93 лица, кои подоцна биле приведени во Министерството за внатрешни работи на Тузланскиот кантон. Од нив 14 лица се уапсени, а за поголемиот дел се очекува да им биде определен притвор.Повеќето приведени се државјани на Хрватска, главно од Далмација, кои влегле во БиХ преку граничниот премин Каменско, а граничните полицајци им рекле дека одат на хуманитарен турнир во Жепче.Во инцидентот биле повредени 23 лица, меѓу кои и еден полицаец, а 18 од нив се јавиле на Ургентниот центар во Тузла. Еден маж од Приједор останал на интензивна нега, додека останатите биле пуштени.Екипа на емисијата „Случајеви X“ придружувана од специјалците на МУП ТК трагала по навивачите, пронаоѓајќи ги меѓу куќи, во шума и во локален поток.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
voda

Водата во Скопје е безбедна за пиење – сите анализи покажуваат усогласеност со стандардите

ЈП „Водовод и канализација – Скопје“ го објави неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, со цел подобра информираност на граѓаните на Скопје.Според податоците од Секторот за санитарна контрола, во периодот од 20.01.2026 до 23.01.2026 биле земени 150 примероци за физичко-хемиска анализа и 150 примероци за микробиолошка анализа од 42 мерни места низ градот.Резултатите покажуваат дека сите примероци одговараат на барањата утврдени со Правилникот за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18), што потврдува дека водата во Скопје е безбедна за пиење.ЈП „Водовод и канализација – Скопје“ апелира граѓаните редовно да се информираат за квалитетот на водата и уверува дека ќе продолжи со редовно мониторирање и контрола.

Скопје | пред 3 седмици

3 нед.
sneg-amerika

Апокалипса во САД: Најмалку седум загинати, повеќе од 860.000 домаќинства без струја, откажани 12.000 летови

Зимската бура која го зафати поголемиот дел од Соединетите Американски Држави досега однесе најмалку седум животи. Повеќе од 860.000 домаќинства се без струја, а околу 12.000 летови се откажани.Тенеси пријави три смртни случаи поврзани со временските услови, две лица загинаа во Луизијана, едно во Тексас и едно во Канзас, според податоците на локалните власти пренесени од NBC News.Температурите во некои делови достигнаа до -35 степени Целзиусови.За некои области на југот на САД е прогласена опасност од силни временски непогоди, а на сила е и предупредување за торнадо за делови од Алабама, Џорџија и Флорида.Во погодените области повеќе од 860.000 корисници се без струја.Ледена дождовница паднала во делови од Џорџија, преку Северна и Јужна Каролина и средноатлантскиот регион, додека во долината на Охајо и североисточниот дел паднал обилен снег.Поради бурната зима откажани се повеќе од 12.000 летови планирани за денеска.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryrhb9sbv0ki648OKTANs

Филипче под сомнеж за приватизација на јавни пари – ВМРО-ДПМНЕ бара ЈО да истражи злоупотреби во „Жан Митрев“

Дали буџетот на клиничката болница „Жан Митрев“ растел во време на мандатот на Венко Филипче како министер за здравство, за да тој си подготви профитабилен бизнис, прашува ВМРО-ДПМНЕ.„Со зголемување на буџетот на болницата секоја година, Филипче веќе имал план.Сопственикот на таа болница, бил дел од судски спор против него, па на Филипче му светнала сијаличката, како може ова да го искористи. Ветувале со Заев дека ќе го ослободат од обвиненијата против него, а тој да им ја продаде болницата по багателна цена, па така министерот за здравство да стане сопственик на истата.Уцени, спогодби, ветувања за влијание во судски постапки, ова е  партиската култура на СДС.И на врвот биле Филипче и Заев, но такво ветување од нивна страна не би можело да се исполни ако многумина знаеле, гледале и молчеле. Кој друг знаел за овие планови?Како точно мислеле да влијаат врз судскиот процес на сопственикот на болницата,и  како планирале да го ослободат од обвиненијата против него? Дали навистина можело да се случи вакво влијание без координација меѓу партијата, администрацијата и судските структури?Вака СДС и ДУИ го урнисаа системот, и ја сведоа довербата во судството на 2%, преку инсталирање на партиски посланици, во секоја институција, во секоја пора на општеството.Очигледно за нив влијание врз судски процеси е легитимен метод на работа.А ако Филипче навистина ја презел болницата по цена далеку пониска од пазарната, како и што му нудел на сопственикот на истата, тоа би било приватизација на јавни пари.Министерот за здравство калкулирал со приватни болници, додека здравствениот систем се рушел од сите страни.Да му светнала сијаличката и за болниците, за ковид болните  кои му умираа по ходници, за ненабавувањето на вакцини, за онколошки болните и скандалот кој се случи на тоа одделение, за условите во државните болници во кои граѓаните треба да се лекуваат, немаше да го уназади и доведе здравството на колена.ЈО да ги испита  индициите за изнуда и сомнежите за криминал за злоупотреба на службената положба“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
GP-Tabanovce

МВР ќе обезбеди непречен сообраќај за патничките возила и автобусите

Министерството за внатрешни работи – Оддел за гранични работи и миграција ја информира јавноста дека до Министерството за внатрешни работи е доставена најава за одржување на јавен протест од страна на асоцијацијата „Макам-транс“, кој е најавен да започне денеска (26.01.2026) од 12:00 часот.Според доставената најава, протестот е планиран да се реализира на следните гранични премини: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце и Блато.Протестот ќе се манифестира со ограничување на сообраќајот за товарни моторни возила, односно со затворање на коловозните ленти и терминалите наменети за товарен сообраќај, додека патничкиот сообраќај ќе се одвива непречено на сите гранични премини. Според најавата на организаторот, протестот е предвидено да трае до седум дена, со можност да биде прекинат и порано, доколку во меѓувреме дојде до надминување на причините поради кои е организиран.Министерството за внатрешни работи, во согласност со своите законски надлежности, ќе преземе соодветни мерки и активности за одржување на јавниот ред и мир, како и за обезбедување на безбеден и непречен сообраќај, со посебен акцент на движењето на патничките возила, автобусите и возилата кои превезуваат лекови, жива стока, опасни материи и други приоритетни пратки. МВР апелира до граѓаните и до превозниците навремено да се информираат за состојбата на граничните премини, да ја следат официјалната комуникација и, доколку е потребно, да користат алтернативни гранични премини.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-library7gtdr65gr0o635RUCYN

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ гласаа против „Безбеден град“ и покажа опозициска хипокризија

Системот Безбеден град за дигитален надзор е дел од стратегијата на МВР за зголемување на безбедноста во сообраќајот, а резултатите беа видливи уште во првите 24 часа од тест-периодот што е јасен показател дека мерката функционира, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„На СДС изговорот им беше злоупотреба на податоци, на ДУИ затоа што немало да се спроведува на ниво на целата држава, па се здружија во опозиција со недоволно потковани причини.Приоритет е безбедноста на граѓаните во сообраќајот, а во првата  фаза камерите ќе бидат поставени на локации со поголем ризик, додека во текот на годината системот постепено ќе се проширува на целата територија на државата.Но, сепак како пратенички групи одлучија  да гласаат против измените на Законот за прекршоци во Собранието.Јавноста добро памети на нивните сојузништва, рака под рака во бројни сомнителни тендери и афери, а сега откако се во опозиција се загрижени за транспарентност и злоупотреби.Или не се свесни за сопствената хипокризија, па не препознаваат или улогата на опозиција ја имаат сфатено како неприфаќање на секој предлог, на секоја иницијатива, што би можела да го подобри животот и да ја зголеми безбедноста на граѓаните.Еве тогаш да прашаме, дел од владината коалиција на СДС и ДУИ беше и Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи. Зошто не презеде ништо во 7 години власт за подобрување на безбедноста во сообраќајот?Измените на Законот за прекршоци кои беа неопходни за официјален старт на системот Безбеден град се усвоија во Собранието со 81 глас ЗА.81 претставници во Собранието, избрани од народот, сметале дека треба да се воведе сисемот Безбеден град.Ама, Венко и Али  сметаат дека тоа е не е добро за граѓаните.Сите развиени земји во светот имаат имплементирано ваков систем.На пример, во Дубаи постои ,,Смарт Дубаи“, официјална иницијатива на Владата на Дубаи, лансирана во 2014 година, со цел Дубаи да се трансформира преку технологија и дигитални иновации. ,,Смарт Дубаи“ вклучува и иницијативи за паметен сообраќај и мобилност, преку податочно-управувани системи.Еден од столбовите е безбедноста во сообраќајот.На Филипче со златна виза ова му одговара, ама граѓаните на Македонија да бидат безбедни, не му одговара.Едноставно е, треба само да пребараат на гугл, дека ваквите системи се гаранција за безбедноста на луѓето во сообраќајот во цел свет.И ова не е конструктивна опозиција“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-library5rofp6vhsqeaeMyTbvN

Oбилни дождови и снег со метео аларм од жолто и портокалово ниво!

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) сподели метео аларм за денеска кад територијата на Македонија е прекриена со „жолто“ и „портокалово“ ниво на врнежи од дожд.УХМР За денеска најави дека ќе има врнежи од дожд, кои наместа особено во централните и источните делови ќе бидат пообилни (над 30л/м2) проследени со ретки грмежи, а на планините врнежите ќе бидат од снег.Во Југоисточна Македонија објави и „жолто“ ниво на хидро аларм каде постои потенцијална опасност од излевање на реките.Денеска времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 30л/м2) проследени со ретки грмежи. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, а дневните температури ќе е движат од 5 до 11 степени Целзиусови.Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд.Утре претпладне времето ќе биде променливо облачно, со дневни температури од 5 до 12 степени. Во источните делови ќе има повремен локален дожд, а на планините слаб снег. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarygjr2cro7k593dDIn2x4

(Видео) Три лица загинаа, а две се исчезнати по пожар во фабрика за храна во Грција

Три лица беа пронајдени мртви, а две други се исчезнати по пожар што избувна во фабрика за храна во близина на градот Трикала во централна Грција, изјави официјален претставник на противпожарната служба за Reuters.Официјалниот извор додаде дека во моментот на пожарот во фабриката имало 13 лица, а осум од нив успеале да излезат од објектот.Причината за пожарот, кој избувнал во раните утрински часови, сè уште не е позната. Локалните медиуми известуваат дека пред пожарот се слушнала голема експлозија.Околу 40 пожарникари и 13 возила биле распоредени на местото на настанот, изјави официјалниот претставник на противпожарната служба.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
avion

Приватен авион со 8 лица се урна на аеродром во Мејн

Приватен бизнис-авион „Bombardier Challenger 650“ со осум лица се урна денеска за време на полетување во американската држава Мејн, соопшти американската Федерална управа за авијација (FAA).Според CNN, степенот на повредите на патниците и членовите на екипажот засега не е познат. На местото на настанот веднаш интервенирале спасувачки екипи, а аеродромот ги затворил сите писти и овозможил движење само на возилата за итни случаи.Уште пред падот, контролорите на летови и пилотите разговарале за многу ниска видливост и одмрзнување на леталото, бидејќи по регионот минувала силна снежна бура. Авионскиот сообраќај бил прекинат само два минути по полетувањето, а очевидци известуваат дека авионот се превртел наопаку на пистата.Според информациите, во авионот имало три лица од екипажот и веројатно пет патници. Утре се очекуваат дополнителни детали и информации за здравствената состојба на повредените.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
dozd-1

Попова Шапка денеска со најмногу дожд – 7 л/м²

Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо, со облачност и повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во централните и источните делови на земјата, над 30 л/м², проследени со ретки грмежи. На планините врнежите ќе бидат од снег, а ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.Најмногу дожд е измерен во Попова Шапка – 7 л/м², а следуваат Демир Капија и Гевгелија со по 5 л/м². Другите мерни места забележале помали количини, од 4 л/м² во Тетово и Лазарополе до 1 л/м² во Скопје-Зајчев Рид, Битола, Берово, Кавадарци, Прилеп, Виница и Струмица.Максималните дневни температури ќе се движат од 7 до 13 степени. Во Скопје времето ќе биде претежно облачно, со повремени врнежи од дожд, а максималната температура ќе достигне до 10 степени.Снежната покривка до утринските часови највисока е во Попова Шапка – 30 см, додека во Маврови Анови е 6 см.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarybj2qo1n7m23s5FBm5Qz

150 минимални плати чинат часовниците на Мицкоски, вели СДСМ

Премиерот Христијан Мицкоски се најде на врвот на листата на политичари од земји членки на НАТО со најскапи часовници, вели опозициската СДСМ.„Тоа што се најде на листата на државници со НАТО членки е благодарение на сериозната државничка политика на СДСМ, која се грижеше за интересите на Македонија, а не за лични интереси и купување скапи часовници. Да се прашуваше Мицко тогаш, денес ќе бевме руска провинција или кинеска колонија а не НАТО членка.Согласно анкетниот лист за имотната состојба, Мицкоски има колекција од часовници вредни 60.000 евра.Во Македонија минималната плата изнесува 396 евра, што значи дека часовниците на Мицкоски чинат колку 150 минимални плати.Дванаесет години треба македонскиот работник да работи за да заработи толку пари колку што чинат часовниците на Мицкоски. 150 минимални плати! Без притоа за ништо друго да не троши пари.Ова ли е четвртата економија во Европа како што вели Мицкоски?Ова покажува „колку е саат“ во Македонија и за што се грижи владата.  Македонија има најниска минимална плата во Европа. Во Црна Гора минималната плата е 600 евра, во Србија од 505-580 евра, во БиХ 525 евра, во Албанија 444 евра.Додека македонските работници молат за леб Владата на Мицкоски им вели дека нема пари за поголеми плати.  А доаѓањето на „економските работници“ кои веќе ги гледаме значи дека поголеми плати нема да има.Пари има са скапи саати, тендери, нов авион, за туристички патувања како она во Давос, нема само пари за работниците. Тое е политиката на Мицкоски“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
GOLF_20220417184153560_fbf71198c4efee9ae5351396bbb511b1-800x579

Медведев: Украински дронски напад врз резиденцијата на Путин можел да предизвика руски одговор со специјално оружје

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев, изјави дека украинскиот напад со дронови врз резиденцијата на Владимир Путин во Новгородската област во декември можел да доведе до руски одговор со употреба на специјално оружје.„Европјаните, а под администрацијата на Бајден и Американците, постојано нѐ провоцираа да носиме тешки одлуки, а овие провокации продолжуваат. Такви игри се исклучително опасни“, рече Медведев во интервју за „Комерсант“, пренесува РИА Новости.Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, претходно изјави дека киевскиот режим на 29 декември извршил напад врз резиденцијата во Новгород користејќи 91 беспилотно летало. Сите дронови биле уништени од противвоздушната одбрана, а според официјалните извештаи нема загинати лица.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarydqfrvo4gcvin0BfYnRY

20.000 евра награда за српските ватерполо репрезентативци, најави српскиот министер за финансии

Министерот за финансии на Србија, Синиша Мали, им честиташе на српските ватерполо репрезентативци за нивниот голем успех и најави исплата на награди од по 20.000 евра за тренерите и играчите.„Стигнуваат парите за српските ватерполо репрезентативци. Повторно покажаа дека се најдобрите. Денеска ќе имаме вонредна седница на Владата и ќе донесеме одлука за финансиска награда. Државата ќе ја исполни својата обврска“, изјави Мали за РТС.Министерот додаде дека членови на Владата мора да дадат максимум посветеност за економскиот раст и развој, со цел зголемување на платите и пензиите и успешно реализирање на проектот EXPO. „Претседателот превзема голема одговорност, а ние, членовите на Владата, мораме да поттикнеме економски раст. Очекувам максимална посветеност од сите“, рече Мали.Тој истакна дека е завршен значителен дел од работата за обезбедување на енергетската сигурност, но дека постојано треба да се постигнуваат нови цели за да се реализираат ветувањата и да се направи оваа година една од најуспешните.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryadk4feipqs4dcyFLoKG

Скандал во OpenAI: ChatGPT користи „Грокипедија“ како извор

Новиот извештај ја вознемири технолошката заедница со тврдењата дека најнапредниот модел на OpenAI, GPT-5.2, при обработка на одредени чувствителни и контроверзни теми користи „Грокипедија“ како извор на информации.Иако GPT-5.2 е претставен како врв на вештачката интелигенција наменет за професионалци, тестирањата покажуваат дека системот при обработка на прашања за: поврзаноста на иранската влада со телекомуникациските компании, контроверзни историски личности и судења за негирање на Холокаустот, како и политички чувствителни теми на Блискиот исток, често се повикува на Грокипедија.Оваа онлајн енциклопедија, која ја лансираше Илон Маск како „анти-вок“ алтернатива на Википедија, од самиот почеток ја следи лоша репутација поради нетранспарентни и понекогаш сомнителни извори. Истражувачите претходно предупредиле дека Грокипедија често повлекува податоци од радикални форуми и сомнителни сајтови, што ја зголемува загриженоста околу безбедноста и објективноста на одговорите на AI.Интересно е дека моделот селективно ги бира изворите – додека за историски теми ја користел платформата на Маск, за прашања поврзани со американските избори и медиумската пристрасност се потпирал на стандардни извори на вести.Од компанијата предводена од Сем Алтман стигна кратко објаснување дека GPT-5.2 го пребарува интернет-просторот за да опфати што поширок спектар на јавни точки на гледиште. Иако тврдат дека користат напредни филтри за спречување на штетни содржини, не дадоа конкретен одговор зошто Грокипедија е меѓу дозволените извори.

Магазин | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarydua1l5424t1odRgRTvo

Родригез: Доста е диктат од Вашингтон врз венецуеланската политика

Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, изјави дека венецуеланската политика не смее да се подвргнува на диктати од Вашингтон.„Доста е диктат од Вашингтон! Доста е странски влијанија врз венецуеланската политика“, рече Родригез за време на средба со повеќе од две илјади работници во рафинеријата Пуерто Ла Круз. Таа нагласи дека приоритет на владата е одбраната на домот и националниот суверенитет.„Ќе се соочиме со нив директно. Со владата на Соединетите Американски Држави ќе ги решиме нашите разлики, нашите историски контроверзии, преку боливарската дипломатија. Ќе влеземе во дипломатска битка лице во лице и рековме – не се плашиме!“, додаде привремената претседателка.Родригез истакна дека Венецуела е подготвена за дијалог во рамките на меѓусебно почитување, но дека „оние кои бараат штета и зло треба целосно да бидат одбиени и исклучени од националниот живот на земјата“. Таа додаде дека оние кои повикувале на блокади, инвазии и бомбардирања на венецуелската територија против нејзиниот територијален интегритет, „не заслужуваат признание од народот на Венецуела“.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Силен земјотрес во Кина

Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди кинеската покраина Гансу, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).Според првичните информации, епицентарот на земјотресот се наоѓал на длабочина од околу 10 километри, на приближно три километри од местото Дијанга.Засега нема информации за повредени лица или за причинета материјална штета.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryt5ric0v46sk54AMQmj5

Филков: Законите за плати во правосудството се подготвуваат внимателно и во согласност со европските стандарди

Министерот за правда Игор Филков информира дека Владата пристапува внимателно и одговорно кон законските решенија за платите во правосудството, нагласувајќи дека станува збор за системски и чувствителни прашања што бараат темелна анализа и усогласување со пошироките реформски цели.„Пристапот кон законите за плати во правосудството е внимателен и одговорен – затоа што станува збор за системски и чувствителни решенија што бараат темелна анализа.Во владина процедура се:▪️ Законот за плати на судии▪️ Законот за плати на јавни обвинители▪️ Законот за плати на членовите на Судскиот совет▪️ Законот за плати на членовите на Советот на јавните обвинителиЦелта е да се обезбеди правично, одржливо и усогласено решение со Реформската агенда и европските стандарди.Процесот е активен, со институционална координација и јасна динамика – реформите се движат напред одговорно и системски“, напиша Филков во објава на социјалните мрежи.Од Министерството за правда посочуваат дека законските измени имаат за цел да воспостават стабилен и предвидлив систем на плати во правосудството, кој ќе придонесе за зајакнување на независноста, ефикасноста и интегритетот на судството и обвинителството.

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања