3 нед.
media-library46c95aps76hu1pgi7Yc

Kraftwerk на 25 јули во Скопје: електронските визионери со голем концерт на Стадионот на АРМ

Легендарниот германски состав Kraftwerk, еден од највлијателните бендови во историјата на современата музика, ова лето доаѓа во Скопје. Во организација на „Авалон продукција“, електронските визионери ќе настапат на 25 јули на Стадионот на АРМ, како дел од нивната нова светска турнеја „Multimedia 2026“, која Скопје го вклучува рамо до рамо со најголемите светски метрополи.Kraftwerk се бенд без кој современата музика тешко може да се замисли во формата што ја познаваме денес. Нивното влијание се протега низ електронската музика, техно-попот, синт-попот, хип-хопот, па сè до рокот и попот, а нивниот уметнички отпечаток е препознаен и институционално, со Grammy Lifetime Achievement Award и членство во Rock & Roll Hall of Fame. Повеќе од пет децении по нивните први чекори, Kraftwerk и понатаму остануваат симбол на иновација, визија и постојано преиспитување на односот меѓу човекот и технологијата.Во време кога вештачката интелигенција станува составен дел од секојдневието и кога технологијата сè подлабоко навлегува во човечката реалност, Скопје ќе биде домаќин на бендот што уште пред децении ја отвори токму таа дилема – симбиотската врска меѓу машината и човекот. Kraftwerk не се само музички состав, туку целосен уметнички концепт во кој звукот, визуелниот идентитет, технологијата и сценскиот настап функционираат како единствено, кохерентно дело.Нивното влијание одамна ги надмина жанровските граници. По Битлси, според многу музички критичари, Kraftwerk се сметаат за можеби највлијателниот бенд во историјата на популарната музика. Како инспирација ги наведуваат бројни светски ѕвезди, меѓу кои Daft Punk, Depeche Mode, David Bowie и Kanye West, што дополнително ја потврдува нивната клучна улога во развојот на современиот музички израз.Влезниците за концертот ќе бидат пуштени во продажба во среда, 28 јануари, од 10 часот, преку платформата avalonbooking.mk и преку продажната мрежа на karti.com.mk низ целата држава. Цената за партер ќе изнесува 1.990 денари, додека фан-пит влезниците ќе чинат 2.990 денари, со ограничен контингент од 1.000 билети.Со овој концерт, Скопје добива редок и значаен музички настан, а публиката можност во живо да го доживее бендот кој засекогаш ја промени музиката, сценскиот настап и начинот на кој ја разбираме врската меѓу уметноста и технологијата.

Магазин | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryum3k6blpklu8asIo7Q7

Герасимовски: Преку Сервисот за стари лица, нашите сограѓани добиваат помош, грижа и човечка топлина во домот

Општина Центар продолжува да обезбедува непосредна поддршка за своите повозрасни сограѓани преку проектот „Сервис за стари лица – Центар се грижи за возрасните“.Една од корисниците е 72 годишната Снежана Димовска, која се движи со потешкотии и веќе четири години ја користи услугата. Од самиот почеток таа ја има истата негувателка Јулијана Алексоска Анчевска, која трипати неделно по два часа ѝ помага во одржување на личната хигиена, движењето, домаќинството, посетите кај лекар и набавката на лекови. Преку оваа поддршка, Снежана не само што ја добива неопходната помош во секојдневието, туку го поминува времето во разговор, социјализација и добро расположение.„Станува збор за многу успешен проект од кој корисниците се исклучително задоволни. Со оваа услуга, која Општина Центар ја спроведува во соработка со невладината организација „Хуманост“, обезбедуваме директна грижа и поддршка за повозрасните жители во нивните домаќинства. Месечно услугата опфаќа околу 100 жители“, потврдува и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.Преку проектот на нега за стари лица, корисниците бесплатно добиваат помош и поддршка од стручни и обучени лица, вклучително негуватели, физиотерапевт и социјален работник, директно во својот дом.Право на користење на услугата имаат лица постари од 62 години, кои се корисници на пензија или социјална помош, со месечни примања до 35.000 денари и со живеалиште на територија на Општина Центар.

Скопје | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryqgo5ra0l87nfavxMVwt

Две лица приведени во Скопје по пронајдена марихуана

Два одвоени инциденти во Скопје завршија со приведување на лица поради пронајдена дрога.На 25 јануари 2026 година, во 12:30 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода М.А. (31) од Скопје, откако при преглед кај него била пронајдена марихуана.Истиот ден, во 12:00 часот, на улицата „Волковска“ од слобода е лишен Ѓ.Л. (44) од Скопје, поради пронајдена марихуана при преглед.По завршувањето на документацијата за случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци против приведените.

Скопје | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarys1ku3s8j4j0eboUFYjX

8.000 денари за секое новороденче во Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров доделува по 8.000 денари финансика поддршка за секое новородено дете.- Продолжуваме со зголемена грижа и поддршка за најмладите и нивните семејства. Од оваа година, секое новородено добива 8.000 денари финансиска поддршка - конкретна помош во најубавите, но и најодговорни моменти за секое семејство. Ова не е само финансиска мерка, туку јасна порака дека семејството, децата и иднината се наш приоритет, порача првиот човек на општината Александар Стојкоски.Додава дека како општина продолжуваат со политики што носат сигурност, грижа и поддршка - таму каде што е најважно.

Скопје | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryvggf871bohdm4RC9Y4l

(Фото) И македонските „камионџии“ со блокади на границите: Балканските транспортери со блокади на границите поради правилото 90/180

Македонските транспортери, заедно со колегите од Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, од денеска започнуваат со блокади на граничните премини во знак на протест против одлуката на Европската Унија од април годинава, со која престојот на професионалните возачи во земјите од Шенген-зоната се ограничува според правилото 90 дена во период од 180 дена. Протестот се спроведува преку целосно или делумно запирање на товарниот сообраќај, додека патничките возила и јавниот превоз ќе се пропуштаат без застој.Во Македонија, според најавите на организаторите, ќе бидат блокирани граничните премини Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце и Блато, додека преминот Табановце – Прешево ќе биде затворен од српска страна. Блокадите започнуваат во 12 часот и, според најавите, може да траат во текот на целата седмица, со исклучок за камиони што превезуваат лекови, жива стока, експлозиви и муниција.Транспортерите, организирани преку асоцијацијата „Макам-транс“, предупредуваат дека примената на правилото 90/180 и новиот електронски систем за евиденција на влез и излез, познат како EES, ќе има сериозни последици врз економиите на земјите од Западен Балкан. Според нив, професионалните возачи од држави надвор од ЕУ се третираат како туристи, што практично го ограничува нивното работење и го доведува во прашање функционирањето на синџирите на снабдување.Претседателката на „Макам-транс“, Билјана Муратовска, предупредува дека доколку не се најде решение, економските последици ќе бидат далекусежни. Таа посочува дека ќе мора да се ангажираат странски превозници, што значително ќе го поскапи транспортот, а производите од регионот ќе станат неконкурентни на европскиот пазар. Дополнително, возачите се соочуваат со ризик од апсење, притвор и депортација доколку го надминат дозволениот број денови на престој.Министерот за транспорт, Александар Николоски, минатата недела изјави дека проблемот со електронската евиденција и ограничувањата за транспортерите подолго време е отворен во комуникацијата со Европската Унија, но досега нема разбирање од европска страна. Тој оцени дека станува збор за огромен економски проблем што може сериозно да ја погоди македонската и регионалната економија, особено извозно ориентираните компании, вклучително и оние што работат во технолошко-индустриските развојни зони. Според Николоски, дури и зголемување на транспортните трошоци од три до пет проценти би ги направило домашните компании неконкурентни на европскиот пазар.Од друга страна, Стопанската комора на Македонија предупредува дека блокадите на граничните премини не се решение и дека проблемот со системот EES треба да се решава исклучиво преку институциите. Од Комората велат дека нарушувањето на протокот на стоки со Европската Унија, дури и за еден ден, може да предизвика сериозни штети, не само за транспортерите, туку и за сите деловни субјекти вклучени во надворешнотрговската размена.Според нив, загубите би се манифестирале преку пенали за задоцнета испорака, откажување на договори, намалено производство, нереализиран извоз и недостиг од суровини за навремено производство. Иако засега не може прецизно да се процени обемот на штетите, од Комората оценуваат дека тие сигурно би биле од големи размери.Стопанската комора, заедно со коморите од Западен Балкан, веќе упатила заеднички апел до претседателката на Европската комисија, барајќи усвојување привремени мерки што ќе им овозможат на професионалните возачи непречено да го вршат меѓународниот патен транспорт сè додека не се воспостави трајно и системско решение. Според Комората, сегашниот пристап е неконзистентен со целите на Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан и тешко се усогласува со напорите за подлабока економска интеграција на регионот во Единствениот пазар на Унијата.Европската Унија останува најзначајниот извозен пазар за Македонија, со повеќе од три четвртини од вкупниот извоз, поради што, како што нагласуваат стопанствениците, од стратешки интерес е да се зачува стабилноста на синџирите на снабдување и да се обезбеди непречен проток на стоки, без дополнителни бариери што би ја загрозиле економската активност во земјата и регионот.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryqs8lm10glap46Z6cw9N

ЗНАМ се дели, ВМРО прави ново движење за создавање контролирана и раситнета опозиција, вели СДСМ

Проектот ЗНАМ, оваа сателит партија на ВМРО се дели и веќе е целосно маргинализирана. Нивната улога беше за раситнување на СДСМ а сега служат само за да гласаат Закони по налог на ВМРО и да ѝ дадат легитимитет на кражбата и корупцијата преку криминални тендери, велат од СДСМ.„Бидејќи ЗНАМ веќе се разитнува, ВМРО подготвува ново „движење“ кое треба да прерасне во уште една нивна сателит-партија во Македонија за да се збунат гласачите и да се ситни опозицијата.Copy-paste сценарио преземено од Вучиќ за раситнување на опозицијата и создавање контролирани политички структури, односно контролирана опозиција.Станува збор за т.н. Српска демократска лига, која ќе биде директна копија на Српската лига – партија со изразен проруски наратив и отворена поддршка на Русија.Во оваа конструкција, од ЗНАМ се издвојува Саша Богдановиќ како можен претседател, поради неговите директни врски со СНС, со задача да ја преземе улогата која досега ја имаа ЗНАМ и Стоилковиќ, познат по средбите со „Ноќните волци“ на Путин.Паралелно, за уште едно движење се водат разговори и со други поединци-квислинзи од редовите на СДСМ, уценети или купени, со директна финансиска поддршка од ВМРО.Целта е едноставна и јасна: раздробување на гласовите и слабеење на единствената вистинска опозиција – СДСМ.Единствената партија што не е контролирана, за разлика од оние кои редовно одат на состаноци со власта, даваат легитимитет на тендерската коалиција и во Собранието гласаат за законите на ВМРО, кои утре ќе се користат за притисок и следење на опозицијата.Сега веќе е кристално јасно зошто се постојаните напади врз СДСМ, зошто се обидите за рушење на партијата и зошто црните кампањи не престануваат“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryjnt6nntoq53h0TwpPSM

(Видео) Херојска спасувачка акција: Тројца мажи извлекоа дете и мајка од потопен автомобил

Снимка на која тројца мажи спасуваат дете и неговата мајка од полупотопено такси возило во река предизвика восхит на социјалните мрежи. Несреќата се случила за време на студена ноќ во Дагестан.На снимката се гледа како еден од мажите преминува преку греда додека автомобилот се приближува. Во истиот момент, друг маж, облечен само во долен дел, полека се спушта по гредата за да помогне, додека третиот го држи детето за нозете додека неговиот колега го префрла на сигурно.Со заеднички напор успеале да го извлечат детето од возилото, а потоа ја спасиле и мајката, која исто така била заробена. Возачот на автомобилот бил извлечен без повреди.Еден од спасувачите е идентификуван како Асадула Магомедов, ученик на школата на Абдулманап Нурмагомедов, именувана по легендарниот ММА тренер. Снимката брзо стана вирална на интернет, а корисниците ја истакнуваат храброста и одлучноста на тројцата мажи.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryfp5vj1n9ak0i9uUU1ss

Таткото на загинатата Надица со остра порака до адвокатката нa Деко: Кога кажавте дека тој е човек а не монструм беше најболна реченица досега

Александар Наунов, татко на загинатата Надица во трагедијата во „Пулс“, остро реагираше на јавната изјава на адвокатката на обвинетиот сопственик на објектот, Дејан Јованов-Деко, оценувајќи дека повикувањето на сочувство и емпатија е во целосна спротивност со зборовите што таа претходно ги упатила пред родителите на жртвите.Наунов потсети на изјави дадени за време на судењето, кога, како што наведе, адвокатката јавно тврдела дека обвинетиот требало да одговара за небрежност, а не за тешки кривични дела, дека немал свест за своите обврски, како и на, за родителите, најболната реченица: „За вас тој е монструм, а за мене е обичен човек“.„Тоа беше кажано директно пред нас – родители кои ги погребаа своите деца. Тоа не е емпатија, тоа е суровост“, истакна Наунов, оценувајќи дека денешните тврдења за злоупотреба на ликот на адвокатката претставуваат не само неточност, туку и потценување на интелигенцијата на семејствата на жртвите.Тој нагласи дека на транспарентите од протестот не била препознаена само една личност и дека повеќе луѓе имале физичка сличност со прикажаниот лик, но никој друг не реагирал ниту ја толкувал пораката како личен напад. „Ние семејствата никого не спомнавме по име, ниту напаѓаме. Се бориме за вистината и за животите што ги загубивме“, порача Наунов.Во својата реакција, тој се осврна и на обидите, како што рече, да се заштити угледот на правната професија, истакнувајќи дека истиот не го нарушуваат родители кои бараат правда, туку релативизирањето на одговорноста на лице кое, според обвинението и досега изнесените докази, стои во центарот на нелегален, небезбеден и финансиски нерегулиран објект. „Се работи за лице кое поради профит ги игнорирало безбедносните стандарди, го заобиколувало законот преку мито и корупција, а денес се прикажува како некој што немал свест. Дали сте свесни колку е тоа сурово за родители чии деца таа вечер беа изгорени, задушени, згмечени и отруени?“, рече Наунов.Претходно, адвокатката Ивана Коцевска, бранител на прво и третообвинетиот во предметот „Пулс“, излезе со јавно соопштение поради, како што наведе, употребата на нејзиниот лик на транспарентите што ги носеа учесниците на денешниот „Марш на ангелите“ во Кочани.Во реакцијата, Коцевска наведува дека досега се воздржувала од јавни настапи од почит кон болката на родителите, но дека по поднесувањето кривична пријава за настани кои ги оцени како вандализам од 17 март 2025 година, повеќе немала простор за молк. Таа тврди дека нејзиниот лик бил злоупотребен и фотомонтиран на начин што, според неа, го нарушува не само нејзиниот личен углед, туку и угледот на адвокатската професија во целина, поради што апелира до надлежните институции да реагираат во заштита на професионалниот и личниот интегритет.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryv3901mqr9fc34HuSIWL

Тензичен старт на судењето за “Пулс”: доцнење на спровод на обвинети од тетовскиот затвор го одложи стартот, судијката не сакаше да слуша објаснувања и ги искара полицајците

Судското рочиште за предметот „Пулс“ денеска започна со приближно едночасовно задоцнување, откако спроводната служба од Тетово не пристигна навреме. Пролонгирањето на почетокот предизвика напнатост во судницата и остра реакција од судечкиот совет.Веднаш по стартот на постапката, судијката Диана Груевска Илиевска побара објаснување за доцнењето и им нареди на судските полицајци да ги повикаат одговорните од спроводот. „Зошто доцните?“ праша таа, без да остави простор за одолговлекување.Еден од полициските службеници се обиде да објасни дека биле известени подоцна, но судијката го прекина, нагласувајќи дека вакви оправдувања се неприфатливи. Таа посочи дека сите термини биле однапред познати и дека наредбите биле испратени уште пред повеќе од еден месец.„Пренесете им дека мора еден час порано да тргнувате. Датумите ви се достапни навреме“, порача судијката, потенцирајќи дека ваквите пропусти не смеат да се повторуваат.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryoo7vnu0sfi5qawGnTCO

Ексминистерот Лога фати да ја критикува Владата поради одлука на Трамп, Најчевска му напиша “Кретену неписмен…!”

Поранешниот министер за правда, Кренар Лога, во јавна реакција оцени дека е загрижувачки фактот што Северна Македонија и нејзиниот премиер остануваат надвор од агендата на американскиот претседател Доналд Трамп, посочувајќи дека земјата е изоставена од иницијативата „Board of Peace“, заедно со Србија и Босна и Херцеговина. Според Лога, ваквото изоставување не е случајно, туку претставува директна последица на погрешни политики и недостиг од јасна дипломатска визија.Тој наведува дека етноцентричните политики, внатрешната реторика насочена кон дневнополитички поени и отсуството на суштински реформи придонеле државата да ја загуби својата меѓународна кредибилност. Наместо да биде дел од клучните маси каде што се носат важни одлуки, Северна Македонија, според Лога, е сведена на обиди за средби на маргините на самитите, често не со водечките меѓународни фактори, туку со соседи со кои контактите се редовни и на домашен терен.Лога нагласува дека дипломатската изолација не е резултат на туѓи неправди, туку на внатрешни слабости: неспроведени реформи, заробени институции, недоволно владеење на правото и инструментализација на идентитетските прашања за политички цели. Според него, меѓународните партнери не ги вреднуваат декларативните патриотски пораки, туку конкретните резултати, институционалната стабилност и државната сериозност. Тој предупредува дека доколку ваквата практика продолжи, постои реален ризик земјата дополнително да западне во изолација и да се претвори во периферна држава без политичка тежина и без вистински глас во меѓународните процеси на одлучување.Наспроти оваа оценка, професорката по право Мирјана Најчевска реагираше со исклучително остра реторика, целосно отфрлајќи ја идејата дека блискоста со Доналд Трамп може да се смета за политичка предност. Таа порача дека е срамно да се биде близок до Трамп, а уште помалку негов сојузник, оценувајќи дека таквите кругови ги сочинуваат криминалци или луѓе подготвени на понижувачка сервилност. Според Најчевска, македонското општество треба да се стреми кон изградба на демократска држава заснована на европски вредности, а не, како што истакна, кон создавање мафијашко опкружување.“Кретену неписмен, срамно е да се биде близу до Трамп а камо ли да се биде негов сојузник”, напиша Најчевска меѓудругото.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarys7om2kqll30h2CYB0o0

Три автомобили се судрија во тетовско, две лица префрлени на клиника во Скопје

На 25 јануари 2026 година, во 22:50 часот, СВР Тетово доби пријава за сообраќајна несреќа на регионалниот пат село Јажинце – Тетово, во близина на влезот за село Непроштено, во која учествувале три патнички возила „Фолксваген Голф“ со тетовски регистарски ознаки.Возилата ги управувале Е.С. (25) од село Слатино, А.И. (55) од село Доброште и А.Ј. (19) од село Слатино.Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобиле Е.С. и неговиот сопатник Б.С. (36), кои по укажаната помош во Клиничка болница Тетово, поради сериозноста на повредите, се префрлени во Комплекс клиниките „Мајка Тереза“ во Скопје.Исто така, со тешки повреди се здобила Ш.В. (45) од село Доброште, сопатничка во возилото управувано од А.И., кој се здобил со телесни повреди. Со телесни повреди се здобил и возачот А.Ј. од село Слатино.На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово во координација со јавен обвинител, а истрагата е во тек.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
490506140_1221633092883168_4859003472972009158_n

Вучиќ: Оваа година одиме на избори, мислам дека ќе бидат на есен

Претседателот Александар Вучиќ изјави за „Blic TV“ дека оваа година ќе се одржат избори и дека најверојатно тоа ќе биде на есен.„Оваа година одиме на избори. Мислам дека сите избори ќе бидат на есен. Мислам дека тоа е поверојатна опција“, рече Вучиќ за Blic TV.На прашањето дали би поднел оставка од претседателската функција за да се спојат претседателските и парламентарните избори, тој рече дека не ја исклучува таа можност.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryqqrsptvd76ke09CWzlw

„Приказната за Сиљан“ од февруари во Кинотека на Македонија

Програмата на Кинотека на Македонија за февруари 2026 година претставува внимателно изграден мозаик од современи авторски визии и значајни европски остварувања, кој уште еднаш ја потврдува Кинотеката како простор на мисла, чувствителност и отпор кон заборавот. Ова не е програма што нуди лесна забава, туку покана за длабинско гледање и активно учество во филмот како уметнички и етички чин, велат од Кинотеката.Во центарот на вниманието е актуелниот филм на Тамара Котевска, авторка чиј сензибилитет се движи меѓу документарното и поетското, помеѓу човекот и пејзажот, помеѓу исчезнувањето и траењето. Нејзиното дело продолжува да ја истражува кревката рамнотежа помеѓу личното сведоштво и универзалната грижа за светот што го населуваме. Во истата линија на тивка, но моќна авторска исповед се вклучува и документарецот „Приказната за Сиљан“, филм што преку интимна нарација отвора пошироки прашања за идентитетот, наследството и човечката потреба да се раскаже сопствената приказна.Февруарската програма го вклучува и новиот филм на култниот независен автор Џим Џармуш. Неговата минималистичка естетика, тивки паузи и егзистенцијален хумор повторно нè потсетуваат дека филмот може да биде простор на созерцание, а не само на наративна ефикасност. Џармуш останува еден од ретките автори што доследно ја брани слободата на независниот филм.Европската селекција ја проширува програмата со филмовите „Љубовта што останува“, „Луда љубов“, „Двајца обвинители“, „Приватен живот“ и „Ромериа“ — остварувања што низ различни поетики и жанровски регистри се занимаваат со интимноста, вината, правдата и кревките човечки односи во современиот свет. Овие филмови не нудат конечни одговори, туку отвораат простор за сомнеж, емпатија и морална дилема, токму онаму каде европскиот авторски филм е најсилен.Посебно значајна е и програмата за најмладата публика, со избор на квалитетни анимирани филмови за деца, кои не ја потценуваат својата публика. Преку јасна визуелна имагинација и внимателно обликувани приказни, тие носат сериозни пораки за емпатијата, различностите, пријателството и одговорноста — градејќи темели за идни гледачи што ќе умеат да гледаат, а не само да консумираат.„Февруари 2026 во Кинотеката на Македонија не е само месечна програма, туку јасна изјава за филмот како уметност што мисли, чувствува и памети. Простор каде тишината зборува, а сликите остануваат долго по завршувањето на проекцијата“, велат од таму.

Магазин | пред 3 седмици

3 нед.
kremlj-moskva

Кремљ позитивно ги оценува преговорите во Абу Даби – продолжуваат следната недела

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, изјави дека Кремљ ги оценува како позитивни првите преговори меѓу претставници на Русија, САД и Украина во Абу Даби.„Не би рекол дека таму имаше пријателство, тоа е тешко можно во моменталната фаза. Би било погрешно да се очекува голема ефикасност од првите контакти. На дневен ред беа сложени прашања. Но, ако се обидувате нешто да постигнете преку преговори, тогаш неопходно е да се води конструктивен дијалог“, истакна Песков.Преговорите во Абу Даби се однесуваа на териториите во Донбас и нуклеарната електрана Запорожје. Песков додаде дека „продолжувањето на преговорите е планирано за следната недела“.Москва не планира јавни дискусии за поединечни прашања што биле разгледувани, а за Русија принципијално значење има територијалното прашање, кое е дел од формулата договорена во Анкоридж.Преговорите се одржаа зад затворени врати, а руската работна група ја предводеше началникот на Главната управа на Генералштабот, адмирал Игор Костјуков. САД, според помошникот на претседателот Јуриј Ушаков, признаа дека без решавање на територијалното прашање не може да се очекува долгорочно решение. Воените сили на Украина треба да се повлечат од Донбас, што е важен услов за Москва.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarygbu8e1iabj3d8dgQmFg

Австралиан опен со итно соопштение – променет распоредот

Австралиан опен издаде соопштение поради најавените високи температури за вторник, 27 јануари, кога се очекуваат скоро 40 степени.„Поради прогнозата за високи температури за утре, вторник, 27 јануари, направени се следните измени во распоредот. Организаторите одлучија порано да го отворат комплексот за програмата да започне пред најголемата топлина. Вратите ќе се отворат утре во 9:00 часот наутро. јуниорските натпревари ќе започнат во 9:00. Натпреварите на Margaret Court Arena започнуваат во 11:00 и се отворени за сопствениците на „Ground pass“ билети.“„Натпреварите на Rod Laver Arena ќе започнат во 11:30, каде што Арина Сабаленка ќе игра против Ива Јовиќ, а потоа следува Александер Зверев против Лернер Тиен.“Исто така, натпреварувањето на тенисерите во колички е одложено од вторник за среда.

Спорт | пред 3 седмици

3 нед.
zaev-filipce-1

ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски заработува чесно, Филипче и Заев се збогатиле преку власта

СДС изгледа мислат дека имаат многу јака тема за соопштение, па се фатија за вредноста на часовниците на претседателот Мицкоски, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Не е никаква тајна тоа дека претседателот Мицкоски пред да влезе во политиката има работено во бизнис секторот во делот на енергетиката, нешто коешто тој самиот го има јавно говорено, каде што со познати светски фирми има соработувано и има добро заработено.Тоа е се до моментот пред да влезе во политиката, каде што престанува со било каков вид на бизниси и работење за приватни фирми. И што е најважно, се е чесно, транспарентно и до детал објаснето за неговите примања што ги имал.Од друга страна пак, го имаме Филипче и Заев, едниот хирург, другиот земјоделец од Муртино, кои пред да влезат во политиката се никој и ништо, а по нивното владеење или се уште активно појавување во политиката, се здобија со куќи во Нерези, станови и згради во Дубаи, акции во индиски авиокомпании, фирми во и надвор од државата со сомнителен капитал, подароци од фирмите што добивале тендери во вид на автомобили, проценти од тендери, договори и слично.Е ова е разликата помеѓу претседателот Мицкоски и Филипче и Заев. Тоа што овие двајца од СДС од голтари станаа милионери со помош на власта, а претседателот Мицкоски има заработено чесно и на лесно проверлив начин може да се види како заработувал.Пред СДС да каже повторно нешто колку да каже, нека погледне во сопствениот двор.П.С. Ако имаат сомнеж за нешто незаконско, нека се обратат на судиите и обвинителите кои им слугуваат, нека проверат. Ете на оние истите што им помагале да ја откупат Жан Митрев“, се вели во соопштението,

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarypbn8bmh8tu7h8cJG3KG

(Видео) Со необележани полициски возила ќе се мери брзина и ќе се казнува низ Македонија

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави дека паралелно со системот “Сејф сити” ќе бидат активирани и полициски возила со мобилни камери на т.н црни точки.“За многу побрзо од шест месеци ќе може со камерите имплементирани во рамки на возилата да ги ставиме во функција”, рече Тошковски.Изминативе денови се врши тестирање на камерите на сите точки каде се поставени.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
policija-2

Акциска контрола во Скопје: 37 сообраќајни прекршоци, одземен мотоцикл, две лица уапсени за дрога

На 25 јануари 2026 година, во периодот од 14:00 до 22:00 часот, Одделението за безбедност на патниот сообраќај Скопје заедно со Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје спроведоа зајакната акциска контрола на подрачјето на општина Аеродром.При контролата, од слобода се лишени Б.П. (33) и К.З. (21), двајцата од Скопје, затоа што кај нив беше пронајдена и одземена марихуана. Кај Д.А. (26) од Скопје бил пронајден и одземен нож, а во друг случај е одземен мотоцикл поради сомневање за фалсификат.Во текот на акцијата санкционирани се 37 сообраќајни прекршоци, меѓу кои две за управување возило без возачка дозвола, две за истечена регистрација и една за управување под дејство на алкохол. Извршена е контрола на 55 моторни возила, легитимирање на 55 лица и преглед на 48 возила.

Скопје | пред 3 седмици

3 нед.
Zlato

Златото урива рекорди, достигнат историски максимум од 5.000 долари за унца

Цените на златото денес се искачија на историски максимум на повеќе од 5.000 долари или 4.215 евра за унца, поставувајќи нов рекорд.Цената на златото го продолжи историскиот раст во кој цената на овој благороден метал се зголеми за повеќе од 60 проценти во 2025 година. Зголемувањето на цените на златото доаѓа во време кога тензиите меѓу САД и НАТО околу Гренланд придонесоа за растечка загриженост за финансиската и геополитичката неизвесност.Златото и другите благородни метали се сметаат за таканаречени средства за безбедно засолниште што инвеститорите ги купуваат во време на неизвесност.Рос Норман, независен аналитичар, за Reuters, рече дека растот сè уште не е завршен.„Проценуваме дека оваа година цената на златото би можела да достигне и до 6.400 долари за унца, додека просечната цена би се движела околу 5.375 долари“, изјави Норман.Златото е релативно ретко, а според Светскиот совет за злато, до денес се ископани околу 216.265 тони од металот, при што поголемиот дел од златото е извлечено од земјата од 1950 година, како што се развиваше технологијата за рударство и беа откриени нови наоѓалишта.Геолошкиот завод на САД проценува дека уште 64.000 тони злато можат да се ископаат од подземните резерви, иако се очекува залихите да се стабилизираат во наредните години. Во петокот, цената на среброто за прв пат надмина 100 долари за унца, или 28,3 грама, продолжувајќи го растот на цената од минатата година.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-library11g94tc5gute39xNB5R

Серхио Рамос ja купува Севилја, клубот во кој играше двапати

Серхио Рамос и неговиот партнер Мартин Инк од групацијата „Фајв Илевен Капитал“ постигнаа принципиелен договор со група клучни акционери за преземање на фудбалскиот клуб Севилја, објави Маноло Агилар. Договорот отвора период на ексклузивна анализа на финансиската состојба на клубот пред да се пристапи кон склучување на конечен договор, пренесува „Кадена СЕР“.Процесот на длабинска анализа се очекува да трае неколку месеци, по што ќе се донесе конечна одлука. Првичната понуда за преземање на клубот изнесува 450 милиони евра, според информациите на Мигел Анхел Чазари.Рамос играше за Севилја двапати во кариерата – од 2003 до 2005 година и повторно во сезоната 2023/24, по престојот во Реал Мадрид и Пари Сен Жермен.На 15 јануари се одржа и состанок со акционерите, каде Рамос и Перез Солано ја презентираа својата понуда и проект. Состанокот, кој траеше повеќе од два часа, беше оценет многу позитивно, што доведе до постигнување на принципиелниот договор.

Спорт | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања