3 нед.
media-librarygan6kj3hhkpp8ltitPV

Кичевчанец нападнал 28-годишник со стаклен предмет во угоститлески објект

На 25.01.2026 година, во 14:00 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека во угостителски објект во Кичево, Д.С. (30) со стаклен предмет го нападнал Д.Б. (28), двајцата од Кичево.По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
525260601_10164110712530934_3299071640872807828_n

Жена од Кичево нападнала малолетник на улица

На 25.01.2026 во 12:50 часот во ОВР Кичево е пријавено дека Б.Б.(49) од Кичево, на улица „Влашки пат“ физички нападнала малолетник.По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
296165897_758644842021009_8011557410898836559_n

Се зголемуваат цените на бензините

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,52% во однос на одлуката од 20.1.2026 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,721%, кај дизелот за 2,341%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 2,433% и кај мазутот зголемувањето е за 0,569%.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,0343%.Од 27.1.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 72,00 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 74,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 67,50 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 66,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС 33,099 (денари/килограм)Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит.Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,112 ден/кг и сега ќе изнесува 33,099 ден/кг.Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 27.1.2025 година.Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
magla

Магла и влажни коловози на патиштата – намалена видливост до 30 метри на П.Шапка – Лисец

Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива непречено, но возачите треба да бидат внимателни поради влажните коловози. Намалена видливост поради магла до 30 метри е регистрирана на патниот правец П.Шапка – с. Лисец.Автомобилската федерација на Македонија (АМСМ) апелира возачите да ја прилагодат брзината на условите на патот, да ги почитуваат сообраќајните знаци и да возат внимателно, особено на делниците низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност за одрони. Посебно внимание се препорачува на патиштата Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.Од 15 ноември 2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, која ќе трае до 15 март 2026 година, без оглед на моменталната временска состојба.Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања. Патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица е затворен за сообраќај до 31 март 2026 година.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-library3ft65bndi9t8cA5SQFl

Скопје добива 500 нови паркинг места: Почнува изградбата на две катни гаражи кај Клиничкиот центар

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска заедно со министерот за здравство, Азир Алиу, како и со стручните тимови од ЈП „Градски паркинг“ и Град Скопје, одржаа координациски состанок со кој официјално се отпочнува процесот за изградба на две монтажни катни гаражи во рамки на Клиничкиот центар.– Со реализацијата на овој проект кој ќе го изведува градот Скопје, ќе се обезбедат околу 500 нови паркинг места, со што конечно се става крај на долгогодишниот хаос со паркирањето во и околу Клиничкиот центар.  Ова е конкретно, функционално и трајно решение кое директно ќе го олесни секојдневието и работата на здравствените работници, но и пристапот на пациентите од целата држава кои секојдневно доаѓаат на лекување.Изградбата на монтажните гаражи ќе овозможи подобра организација на сообраќајот, слободен и непречен пристап за итната медицинска помош и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот, со почитување на јавниот простор и современите урбанистички стандарди, објави Ѓорѓиевски.Посочува дека овој важен инфраструктурен зафат е во координација со премиерот Христијан Мицкоски и претставува јасен сигнал за заедничка посветеност кон решавање на реалните проблеми на граѓаните и унапредување на здравствениот систем.-Со заедничка работа, координација и јасна визија, чекор по чекор градиме функционални и одржливи решенија во интерес на граѓаните. Ова е само дел од она што следува. Скопје ја живее новата ера, нагласува градоначалникот на Град Скопје.

Скопје | пред 3 седмици

3 нед.
1659117443-2022-07-25T155144Z_127246473_RC2PHT9BL7DP_RTRMADP_3_HUNGARY-ORBAN-JEWISH-GROUP-750x521

СДС си најде нова опсесија, сега им сметаат Унгарија и Виктор Орбан на кои Заев јавно им се заблагодаруваше, вели ВМРО-ДПМНЕ

Заврши опседнатоста на СДС со Александар Вучиќ и соседна Србија, сега си најдоа нова опсесија, вели ВМРО-ДПМНЕ во реакција на соопштението на СДСМ„Откако со недели и недели ја труеја македонската јавност со соседната земја, до степен човек да не можел да ги разликува дали биле опозиција во Србија или пак во Македонија, сега отидоа малку по на север и се фатија со Унгарија.СДС на чело со Венко Филипче, очигледно, живее во некој паралелен, измислен, универзум штом со ништо друго не се занимаваат освен со теории на заговор, дека се е против нив, небаре се центар на светот.Ваквите состојби кај луѓето бараат професионален третман од стручни медицински лица, за што се надеваме дека ќе се обратат кај лекари и побрзо ќе ја надминат ситуацијата.Или пак, ваквата нивна илузија е нивен свесен чекор, за да избегаат од реалните проблеми и состојби во самата СДС, само и само да не му се загрози претседателското столче на Филипче, за што има се погласни повици да си замине од партијата, која ја имаат заробено со кланот Дубаи.Кога сме кај кланот Дубаи и Зоран Заев, ги прашуваме СДС добри ли му беа Виктор Орбан и Унгарија за време на седумгодишното владеење кога реализираа бројни средби во Македонија и Унгарија со високи делегации, кога лично Заев изразуваше голема благодарност кон унгарската Влада за соработка и помошта која му ја даваа на нашата држава.Наместо да лутаат како безидејни, што и се, им препорачуваме што побрзо да си погледнат во сопствениот двор и да се зафатат со решавање на внатрешните проблеми, зошто никој на СДС и Венко Филипче не им е крив за проблемите во партија, освен тие самите кои не слушаат никого, ни членство, ни поддржувачи, туку си тераат по свое.Дополнително прашуваме, каде во свет лице фатено на дело да шмрка кокаин, дели лекции за морал“, се вели во реакцијата.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-library9h4995cs3gqkeyQSROw

Стојаноски: Заеднички именител за Филипче и Ахмети е криминалот, сега во опозиција се здружени и против граѓаните и нивната безбедност

Ако се погледнат активностите на Венко Филипче и Али Ахмети и кога беа на власт а и сега, заеднички им се две работи, криминални шеми и негрижа за граѓаните, вели Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ„Филипче стана препознатлив по случајот кога изгоре модуларната болница во Тетово, несреќите како онаа во Бугарија и онаа кај Ласкарци. Несреќи во кои поради неодговорноста и пропуста на Филипче загинаа 75 лица.Али Ахмети пак освен криминални шеми нема ништо позади себе. Тука се случаите со внук му Дрин Ахмети, како купување на трговскиот центар Соравија, концесијата добиена од државната ЕСМ за ископ на варовник и многу други.Како и да е пред десеттина дена, Филипче возеше до Мала Речица да се види со Ахмети, за што зборувале секој го кажа своето, ама ете во петокот излегоа координирани нивните пратеници и гласаа против безбедноста на граѓаните во сообраќајот и нивните животи.Тоа замислете координирани за системот безбеден град, поточно за последниот закон кој овозможува негово ставање во функција од први февруари. Да, координирани со ист став за систем којшто ги штити граѓаните, нивната безбедност и животот во сообраќајот.Истите тие здружено молчеа на оваа тема седум години, не направија ништо.Дека Филипче не се грижи за никој, односно се грижи за себе и своите покажа на саботниот Конгрес кога ги нападна сите освен своите. И да, зошто Филипче би се грижел за безбедноста и животот на граѓаните.Има Филипче и свои грижи на Конгресот не му присуствувале една третина од делегатите доволно да покренат барање за нов конгрес. Но, ваквите грижи во кои се најде Филипче се поради неговите деструктивни политики, но тоа не значи дека треба да не се грижи за граѓаните. Тоа треба да е приоритет!Сепак, очигледно е дека ликови како Филипче и Ахмети со толкаво криминално минато не им паѓа на памет да работат за доброто на граѓаните.Затоа тука е ВМРО-ДПМНЕ, кое работи и креира политики корисни за секој еден граѓанин“, додава тој.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryn3jp7nqik66taTRHQPa

Петрушевски: Дали Филипче имал за цел со преземање на болницата Жан Митрев да си приватизира за лична корист пари од народот

Венко Филипче за седум години власт на СДС очигледно во фокусот му биле само работи од негов личен интерес и интерес на неколумина негови другари, а главните зделки ги планирал со менторот Заев, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ„Една од нив е и идејата, поточно планот да ја преземат Клиничката болница Жан Митрев. Случај кој се актуелизираше по неодамнешната изјава и потврда за ова од доктор Жан Митрев.Шемата како во сите случаи, така и во овој се користење на исти нивни техники, изнуда, притисоци, влијание во судски постапки како што и му нуделе на Митрев.Очигледно планот за преземање на приватна болница не им поминал, што е добро затоа што практично тоа ќе значело да си ги приватизираат парите на граѓаните за нивни цели.Филипче дека имал добро подготвен план говори еден клучен факт, а тоа е зголемувањето на сумата од ФЗО која се префрла на Болницата. Сумата во 2020 година достигнала околу 11 милиони евра, што е скоро дупла за разлика од сумата одвоена за болницата во 2015 година.Тоа е класичен план за присвојување на пари на граѓаните за лична корист или приватизирање на народни пари.Филипче е должен на граѓаните да им одговори дали навистина имал за цел со преземање на Клиничката болница Жан Митрев да си приватизира за лична корист, пари од народот.Исто така, јавното обвинителство несомнено да го истражи случајот со Клиничката болница Жан Митрев.Граѓаните заслужуваат одговори, а ВМРО-ДПМНЕ продолжува посветено да работи за интересите на народот“, додава тој.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryt3mm2im2g40q71SyGGS

(Видео) Градоначалник од Филипини преживеа четврти обид за атентат – погоден со противтенковска граната

Градоначалникот на Шариф Агуак, Акрад Митра Ампатуан, преживеа атентат кога неговото оклопно возило беше погодено со противтенковска граната во неделата, 25 јануари 2026 година. Инцидентот се случил во централното подрачје на градот, а градоначалникот беше неповреден.Ампатуан изјави на прес-конференција дека верува оти четирите одвоени обиди за атентат можеби имаат исти мотиви, но дека засега не знае кој стои зад нападите. Првиот обид се случил во 2010 година во Гуиндулунган, додека следните биле во 2014 и 2019 година, а последниот е токму нападот во неделата.„Можеби се поврзани, но ни јас не знам кој стои зад тоа“, рече градоначалникот.Ампатуан исто така понуди помош на семејствата на тројцата осомничени кои беа убиени за време на потерата по нападот.Бригадниот генерал Јајсен Де Гузман, директор на Регионалната полициска канцеларија во Автономниот регион Бангсаморо, истакна дека властите сè уште работат на идентификување и профилирање на тројцата осомничени. Градоначалникот, кој моментално го извршува својот втор мандат, ги повика надлежните институции да го утврдат мотивот и деталите околу нападот.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryg60c4lk26ufb5gN5tMU

Филипче: Оваа власт не сака Европа – сака контрола, капитал и изолација

Дозволете да изразам голема загриженост за ситуацијата во земјата за немањето никаков прогрес на европскиот пат за практично антиевропските манири кои што сметам дека ги гледаме во веќе половина од мандатот, скоро и поминат на оваа влада. Освен што не се работи ништо по забелешките коишто ги добиваме од извештаите од Европа, не повикани од тоа се практикуваат антиевропски манири, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче на Националниот совет за евроинтеграции.„Ситуацијата во светот драстично е сменета геополитичката ситуација се менува, напред кон Европа во едни други околности оди Украина, Молдавија. Го слушаме премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ,  како повикува на политички одлуки за прием во Европската Унија, меѓутоа дури и тоа да се случи не ја спомнува Северна Македонија се осврнува на Босна и Херцеговина. Што значи дека, никаква задача домашна не ја завршена, не сме го зајакнале системот не можеме да бидеме спремни ниту за некаква политичка одлука доколку дојде до такво нешто во рамките на Европската Унија. На неколку нивоа сметам дека е проблемот, прво немањето политичка волја да се спроведат Уставните измени којшто се очигледно единствениот начин да се продолжат преговорите, да се отворат кластерите. Покрај најавите на владата дека нешто ќе се репреговара ќе се менува очигледно дека тоа не се случува. Дали беа свесни кога тоа го ветуваа или не тоа останува голема дилема.Мислам дека беа свесни дека ова е едно намерно запирање на европскиот пат на земја. Не се спроведува реформската агенда ама буквално никако.Од законите коишто требаше да се донесат лани се донесе само еден, набрзина еден од 12, којшто не беше целосно имплементација на препораките на Оценската мисија. Тоа се законот од областа на правосудството конкретно Законот за судскиот совет, само парцијално имплементација на тие препораки. Повторно еден обид да нешто се прикаже дека се работи, а во суштина ништо од тоа не е сработено. Понатаму, отворено изразување на проруските ставови, на внимавајте, вицепремиерот на нашата влада којшто присуствува на состаноци со луѓе блиски до Путин тоа не го крие, тие ставови не се не се кријат. Дали во тој контекст може или не да се носи и неговата изјава дека Европа треба да размислува да ние влеземе заедно со замислете Србија како е тоа спарување и врз која основа тоа го кажува вицепремиерот Стоиљковиќ е една голема дилема. Нешто што навистина сметам дека веќе не допира само во аспектите на проширувањето на Европската Унија, во политичките контексти но и во безбедносните контексти на целиот овој регион. Намерно, сме ставени на маргините на Европската Унија, отворено проруско влијание. Сомнителниот капитал којшто влегол во земјава, којшто е одбиен од земји членки на Европската Унија, големо прашање, зошто е дозволен таков влез од страна на гувернерот на владата, на Алта банка од Србија, сомнителен капитал со сомнително потекло. Се обиделе да влезат во земја членка на Европска Унија и биле одбиени, а оваа власт тука широко им ги отвори вратите. Дали тоа на нешто укажува? Понатаму, антиевропските манири повторно не повикани, ниту пак испровоцирани од никого. Слободата на говор, замислете се носи резолуција во Собранието со коешто се забранува, со ограничува слободата на говор на политички субјекти на опозицијата. Кои се тоа манири коишто ги практикува оваа власт? Понатаму, влошувањето на односите со соседите, во ниту еден контекст на добрососедски односи, провокацијата кон Грција од страна на премиерот дека го вратил старото име, влошувањето на односите со Бугарија. Наместо да се работи за тие односи се подобруваат, да се развиваат, ние влегуваме во ситуација кога затворени прашања повторно се отвораат за некаква националистичка, популистичка политика, последниот аспект на ова, слободата на медиумите. Огромен процент од медиумите, тука, телевизии, портали итн, практично се во директна сопственост на луѓе блиски на премиерот Орбан од Унгарија, господинот Петар Шатц, Адрија медија група итн. Тоа се медиуми кои промовираат антиевропски ставови, не сега, со години наназад и ги поддржуваат политиките на оваа влада. Така да, во тој дел на неспроведувањето на реформите, не правењето никаков чекор кон спроведувањето на уставните измени, ограничувањето на слободата на говор, сомнителниот капитал кој доаѓа од други земји, флертувањето и отворената соработка со луѓе блиски на рускиот претседател Путин, контролата на медиумите од страна на луѓе блиски на Орбан, сериозно го поставува прашањето дали оваа влада воопшто, ја мислам дека не, сака да направи чекор кон Европската Унија. И на крајот ќе завршам со нешто што утре нашите граѓани и економија конкретно ќе го почувствуваат, ограничувањето на движењето на нашите превозници со воведувањето новиот електронски систем од Европска Унија. Ќе крахира економијата, што би рекол еден независен аналитичар и со тоа упатува сериозна порака до еден министер вицепремиер во владата којшто треба да се занима со тоа и којшто не требал да доведе или требал да направи нешто да тоа не се случи, а тој независен аналитичар се вика Александар Николоски. Предупредува дека ќе крахира економијата, внимавајте кога над 60, 70% од нашата економија, извозот и увозот, посебно, поединечно се врзани со земји членки на Европската Унија. Граѓаните по којзнае кој пат ќе го платат цехот и цената на овие лоши владини политики“; изјави Филипче.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
dik

Членовите на изборните одбори сѐ уште без пари - ДИК и општините молчат, реагира Левица

Политичката партија Левица најостро го осудува недозволивото доцнење со исплатата на надоместоците за лицата ангажирани во спроведувањето на двата круга од локалните избори во октомври, односно ноември 2025 година. „Иако од изборниот процес поминаа речиси три месеци, голем број ангажирани лица сè уште не ги добиле заработените средства, а процесот на исплата кој се врши преку единиците на локалната самоуправа во повеќе општини не е ни блиску до завршен.Левица укажува дека и Државната изборна комисија и локалните администрации покажуваат крајна нетранспарентност во однос на реализацијата на исплатите во многу општини каде постојат задоцнувања, како и во врска со причините за ваквата состојба. Со ова однесување, ДИК демонстрира не само административна неодговорност, туку и дрско непочитување на трудот на илјадници лица кои професионално и одговорно го спроведоа изборниот процес.Да потсетиме дека висината на надоместоците за изборни ангажмани остана иста како при претседателските и парламентарните избори во мај 2024 година, без никакво усогласување со инфлаторниот раст на животните трошоци во меѓувреме. Тоа значи дека ангажираните лица реално работеа за помал износ, што ја покажува системската негрижа кон оние што го обезбедуваат изборниот процес.Левица бара итна и целосна исплата на сите средства што ДИК им ги должи на лицата ангажирани во спроведувањето на локалните избори, јавно објавување на податоците за реализираните и нереализираните исплати во секоја општина, како и ревидирање на сегашната пракса на исплата преку локалната самоуправа, која се покажува како исклучително неефикасна и нетранспарентна. Партијата ќе продолжи да се залага за професионализација, отчетност и правична компензација на сите кои непосредно учествуваат во изборните процеси во државата“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
sar-planina-2

Се бара заштита на Шар Планина од пустошење, но таа не е под надлежност на Македонски шуми, вели заменик-директорот

Во последните денови, голем број граѓани изразија загриженост за заштитата на шумите, особено на Шар Планина, повикувајќи на поголема активност од страна на ЈП „Македонски Шуми“. Заменик директорот Кире Михаилов преку својата Фејсбук страница појасни дека како заменик генерален директор нема ингеренции во рамките на Националниот Парк Шар Планина, кој од 30 јуни 2021 година функционира како посебен правен субјект со свое раководство, шумочуварска служба и ренџери.„Почитувани, овие денови видов доста реакции на загрижени граѓани кои ме повикуваа лично да се заангажирам повеќе во Западна Македонија и конкретно на Шар Планина, а не како што повеќето коментиравте, само на истокот.Морам да Ви објаснам дека Шар Планина од 30 јуни 2021 е Национален Парк, односно посебен правен субјект со свое раководство, своја шумочуварска служба, ренџери и незнам кои други структури.Јас лично како Заменик Генерален Директор на ЈП "Македонски Шуми" таму НЕМАМ НИКАКВИ ИНГЕРЕНЦИИ ниту во однос на заштитата на шумата, ниту на било што останато во однос на таа територија ниту пак на останатите територии на националните паркови Пелистер, Галичица и Маврово.Во однос на останатото и за тоа дека ме повикувате да делувам и на запад, да ви појаснам дека како во текот целиот период откако сум именувам, така и во изминативе денови имавме акции не само во радовишко струмичкиот регион, туку на целата територија на Македонија.Вчера, недела, конфискации и пријави имаше не само во струмичко, туку и во кумановско липковскиот регион.На територијата на општина Велес и општина Градско исто така вчера имавме големи акции.Тоа што секојдневно и од секаде не излегуваме со информации не значи дека некаде или некогаш не работиме, напротив, постојано сме на терен со своите обврски.Остануваме посветени кон исполнување на нашите законски обврски, а во интерес на граѓаните на целата територија на Република Македонија.Не постои, барем за мене лично, педа на територијата на Република Македонија на која што јас имам ингеренции на која би замижал пред евентуални криминогени дејства поврзани со шумарството.Добрата координација во изминатиов период помеѓу ЈП "Македонски Шуми" МВР, БЈБ, Граничната Полиција и сите останати структури во службите на полицијата, Шумската Полиција, ДИШЛ (Државниот Инспекторат за Шумарство и Ловство) при МЗШВ и сите останати служби кои имаат допирни точки со шумите и воопшто природата, дава огромни резултати, а така и ќе продолжиме.“

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarypif28ud6ql1459mpYO6

Младо момче од кавадаречко пронајдено мртво во својот дом во кавадаречко

Дваесет и четиригодишно момче почина во селото Возарци, кавадаречко, а телото е предадено на обдукција со цел да се утврди точната причина за смртта, информираа од Секторот за внатрешни работи – Велес.Според официјалните информации, синоќа околу 22:30 часот во Одделението за внатрешни работи Кавадарци било пријавено дека во семејниот дом во селото Возарци починал С.П. (24), жител на истото село. На местото пристигнал лекар од Итната медицинска помош – Кавадарци, кој констатирал смрт, при што не биле забележани видливи траги на насилство.По насоки на дежурен јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, а надлежните институции продолжуваат со постапките за целосно расветлување на случајот. Од СВР – Велес посочуваат дека повеќе информации ќе бидат соопштени по добивањето на резултатите од обдукцијата.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-library0lpcifn81ct47GaTSHu

Кисела Вода и „Паркови и зеленило“ стартуваат со голема еко-акција

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, оствари работна средба со Муамер Сефери, директор на ЈП „Паркови и зеленило“. Средбата се одржа во просториите на општината, при што беше договорена зајакната и интензивирана соработка во периодот што следи, со фокус на унапредување и одржување на јавните зелени површини.Во рамки на договореното, доколку дозволат временските услови, од понеделник Општина Кисела Вода, преку Секторот за месни заедници, заедно со ЈП „Паркови и зеленило“, ќе започнат еднонеделна интензивна акција за чистење и уредување на парковите и јавните зелени површини на целата територија на општината.Акцијата ќе се реализира со целата расположлива механизација и теренски екипи, а ќе опфати собирање на лисна маса, расчистување на паднати гранки и отпадоци, поткастрување на дрвја, сечење суви гранки, како и уредување на јавните тревници. Активностите ќе се одвиваат низ парковите и сите јавни зелени површини во Кисела Вода, а вакви акции, ќе бидат чести и во иднина.-Со директорот на ЈП “Паркови и зеленило”, Муамер Сефери, договоривме засилена соработка и конкретни чекори за подобрување на изгледот на нашата општина. Доколку временските услови дозволат, од понеделник започнуваме еднонеделна интензивна акција за чистење и уредување на парковите и јавните зелени површини, со целата расположлива механизација. Нашата цел е Кисела Вода да биде почиста, поуредена и попријатна за живеење, а ваквите акции ќе продолжат и во наредниот период. Воедно, ги повикувам и граѓаните заеднички да придонесеме кон почиста животна средина, со одговорно однесување и грижа за заедничките јавни простори-изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

Скопје | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryeq02ponch0c09PmWGEH

(Видео) Села бара двојазични казни кои ќе стигаат на адреса, а не на телефон, па се побуни оти имало многу камери низ Чаир во споредба со други општини

Зијадин Села поднесе иницијатива до Уставниот суд со која го оспорува Законот за прекршоци кој беше последната кочница за да се стави во функција автоматското казнување преку „Безбеден град“.Тој побара двојазични казни, согласно Законот за употреба на јазиците. Потоа, рече дека противуставно е да се бара од граѓаните задолжително да имаат телефонски број и е-маил адреса, односно дека казните треба да стигнуваат само на домашна адреса.Потоа, се побуни и зошто во Чаир имало повеќе камери, отколку во другите делови на градот. Тој рече дека „Во Чаир на секои сто метри има по 3, по 5, по 6 камери, а во другите општини во градот Скопје да бидат ретки и само на неколку раскрсници. Со имплементирање во само неколку градови, ни дава впечаток дека на одредена категорија на граѓани треба да им се удира врз џеб“.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
siljanovska-davkova-1

Сиљановска-Давкова ја прогласи за отворена Шестата Зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова преку видео-порака се обрати на свеченото отворање на Шестата Зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, што се одржува под нејзино покровителство. Оценувајќи ја како значаен настан што ја продолжува долгата научна и културна традиција на македонистиката, Сиљановска-Давкова посочи дека Зимската школа е жива академска дебата за македонскиот јазик како темел на идентитетот, меморијата и културната самосвест. Според неа, во ера на забрзани промени во којашто јазиците се соочуваат со нови предизвици,  македонскиот јазик мора да биде функционален и видлив во дигиталниот свет и да остане жив за идните генерации, дома и во дијаспората. За неа, зимската школа, како дел од тој процес е влог и инвестиција во иднината на македонскиот јазик, но и во иднината на македонистиката како светска научна мрежа. Како успешен пример на образовна и научна дипломатија, оваа Школа придонесува за меѓунационалниот дијалог и меѓусебното идентитетско разбирање и признавање во време на глобални предизвици.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryde7nt7q98su10k7lNCZ

(Видео) Украдени летниковци во Илинден, еден пронајден на трактор среде нива

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски во видео-објава на Фејсбук сподели дека летниковците кои што биле поставени на трим патеката од Ајватовци до Бичинци била украдена.„Мораме да ги чуваме јавните добра. Општината сите инвестиции ги реализира со пари од граѓаните и мора да го чуваме заедничкото. За жал, дел од урбаната упрема која ја поставуваме а се работи за летниковците поставени на трим патеката од Ајватовци до Бучинци, е украдена за што е пријавено во полиција“, напиша тој во објавата на Фејсбук.Воедно апелираше до граѓаните да ги чуваат јавните добра, да се пријавуваат до општината сите оштетувања и оштетувачи, бидејќи, како што вели, само така може да има модерна општина која е убаво и пријатно место за живеење на сите.Според видеото подолу може да се забележи дека еден летниковец е пронајден качен на трактор во сред нива.

Скопје | пред 3 седмици

3 нед.
izlea-reka

УХМР: Зголемено ниво на водата кај повеќе реки во Македонија

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопшти дека денеска повеќе реки во Македонија имаат зголемено ниво на водата.Зголемено ниво на водата денеска има реката Вардар, особено кај Јегуновце, Велес и Демир Капија. Исто така, реката Треска кај Македонски Брод, Пчиња кај Катлановска Бања, Црна Река кај Новаци и Црн Дрим кај Ложани покажуваат пораст на нивото на водата, соопшти УХМР.Сепак, не сите реки бележат позитивен тренд. Реката Сатеска кај Ботун,  Брегалница кај Штип и Бабуна кај Богомила покажуваат минимално намалување на нивото на водата.Според податоците од УХМР, нивото на водата во Дојранското, Преспанското и Охридското Езеро е стабилно и во рамките на просечните вредности за месец јануари.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryjhlt00pjmhbdfXaYYxP

Сведоштво на преживеан од Пулс: „Го најдов брат ми на самиот праг, меѓу тела без свест, а имаше еден излез од 'Пулс'“

„Го најдов брат ми на самиот праг. Имаше многу тела. Ги тргав за да стигнам до него“, вака сведочеше Кристијан Панов од Кочани, опишувајќи го хоророт кога, во хаосот и чадот, повторно влегол во дискотеката „Пулс“ во потрага по својот брат Андреј.Според неговото сведоштво, внатрешноста на објектот била исполнета со густ чад, со луѓе без свест и со минимална видливост. Налетал на пожарникар, но поради недоволно осветлување бил принуден да се снаоѓа со светлото од мобилниот телефон. Андреј Панов бил пронајден на самиот излез, меѓу други повредени и онесвестени лица.Андреј, братот на Кристијан бил префрлен во болница, но реанимацијата била безуспешна. Тој ги опиша моментите пред и откако избувнал пожарот.Во дискотеката дошол два часа по полноќ. Излегол пред вратите за да запали цигара, па видел како полицајци влегуваат внатре. За кусо време, како што рече, за околу 30 секунти, имало стампедо.„Сите почнаа да трчаат, луѓе врз луѓе, најмногу заглавени меѓу двете врати“, изјави Панов, додавајќи дека настапот на ДНК бил во тек и дека од бината бил упатен повик публиката да излезе надвор.Тој сведочеше дека од Пулс имало еден излез и влез, не бил означен и не видел противпожарни апарати. Посочи дека во објектот и пред трагедијата се користела пиротехника кога имало настапи.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
Sobranie-zgrada

Итно именување на директор и заменик на Агенцијата за слободен пристап до информации, бараат граѓанските организации

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата ги повикува пратениците во Собранието итно да именуваат директор и заменик-директор на Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.„Оваа Агенција, која е клучна за заштита на уставно загарантираното право на граѓаните до информациите кои ги поседуваат јавните институции, а со тоа и за транспарентноста на властите на сите нивоа, веќе еден месец е нефункционална поради истекот на мандатот на претходниот директор и неговиот заменик, и неименувањето на ново раководство од страна на Собранието. Правото на граѓаните до информациите од јавен карактер е едно од основните човекови права гарантирани со меѓународните и европските конвенции, како и со Уставот на Северна Македонија“, се наведува во соопштението.Во него се додават дека поради немање раководни лица, односно директор и заменик на директорот, Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер не може да одлучува по жалбите од барателите на информации, ниту целосно и редовно да ги остварува своите законски надлежности.„Со ова се оневозможува целосното остварување на правото на граѓаните и сите заинтересирани страни на пристап до информациите од јавен карактер, односно до начинот на којшто јавните институции работат и ги трошат парите на граѓаните. Оттука, се повикуваат пратениците, итно да именуваат раководни кадри на Агенцијата обезбедувајќи континуитет во нејзиното работење и во досегашното успешно остварување на заштитата на правото на граѓаните до јавни информации“, се наведува во соопштението на Платформата на граѓански организации за борба против корупција.

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања