3 нед.
media-libraryn0at4km4a84jamHzvVd

Зеленски: Крајот на војната ќе зависи од американските безбедносни гаранции

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека крајот на војната ќе биде утврден преку договор за безбедносни гаранции од страна на Соединетите Американски Држави.Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјапков, потсети дека ова прашање веќе му било споменато на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Енкориџ. Тој додаде дека рускиот претседател Владимир Путин му предложил следниот состанок да се одржи во Москва, но истакна дека најавената иницијатива нема понатамошен практичен развој.Во меѓувреме, Европската Унија воведе ограничена слобода на движење за руските дипломати. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, оцени дека раководството на ЕУ е неспособно да гледа во иднината и порача дека Русија никогаш нема да преговара со министерката за надворешни работи на Естонија, Каја Калас.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarykplf96e8mim9bvsfGjy

ЈСП ги ажурираше инфо-дисплеите на автобуските постојки по реакции од граѓаните

Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје соопшти дека инфо-дисплеите поставени на автобуските постојки се ажурирани согласно најновата софтверска верзија, по добиените реакции и забелешки од граѓаните. Дисплеите се наменети за прикажување точни информации за реалното време на пристигнување на автобусите.Од претпријатието истакнуваат дека укажаните забелешки и сугестии од јавноста ги разгледуваат со должно внимание и дека континуирано работат на надминување на наталожените проблеми, како и на унапредување на услугите што им се нудат на граѓаните.„Информираноста на граѓаните и точноста на информациите се од суштинско значење за транспарентното работење на едно претпријатие. Со обезбедување пристап до проверени и навремени информации, ја зајакнуваме довербата на граѓаните во нашите услуги“, наведуваат од ЈСП – Скопје.

Скопје | пред 3 седмици

3 нед.
media-library47r82fb1fuba1MXDqZA

Лувр повторно затворен поради штрајк, вработените бараат подобри услови

Музејот Лувр во Париз денеска повторно ги затвори вратите за посетителите, по четврти пат откако дел од персоналот започна мобилизација кон средината на декември, барајќи подобри услови за работа, соопшти институцијата. Најпосетуваниот музеј во светот се соочува со еден од најдолгите социјални спорови во својата историја, и покрај повеќекратните преговори со француското Министерство за култура и управата на музејот.На утринското општо собрание, најмалку 300 вработени гласаа за продолжување на штрајкот што започна на 15 декември, со цел да се укаже на недостигот од персонал и на разликите во платите во однос на другите вработени во рамки на Министерството за култура, информираа синдикатите CGT и CFDT.„Она што ни е потребно е јасна политичка волја овие разлики во платите да се надоместат без одложување“, изјави Кристијан Галани за агенцијата АФП, додавајќи дека очекува министерката за култура Рашида Дати да остане на својот збор, откако ги оцени барањата на штрајкувачите како легитимни. Според него, доколку барањата се навистина легитимни, тие мора да бидат разгледани пред министерката да ја напушти функцијата за да се кандидира за градоначалник на Париз.Претставничката на синдикатот CFDT, Валери Бо, изјави дека раководството на Лувр испратило прв нацрт-предлог за подобрување на условите за работа, но вработените го оцениле како недоволен.Од почетокот на мобилизацијата, музејот бил принуден целосно да се затвори трипати, а во уште три наврати работел со ограничен пристап за посетителите. Кон средината на јануари, управата на Лувр ја процени загубата на приходи на најмалку еден милион евра.Дополнителен товар за институцијата претставува и кражбата од 19 октомври минатата година, кога од музејот бил украден накит од 19 век во вредност од околу 88 милиони евра, кој сè уште не е пронајден.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-library1knrevr88gf88w67czT

Трамп го испраќа „царот на границите“ Хоман во Минесота

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека го испраќа својот повереник за прашања поврзани со границите, Том Хоман, во сојузната држава Минесота, по протестите што избувнаа откако имиграциски агенти за време на викендот убија американски државјанин.„Том е цврст, но праведен и ќе ми поднесува извештаи директно мене“, напиша Трамп во објава на социјалните мрежи. Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, одделно на платформата Икс соопшти дека Хоман ќе раководи со операциите на службата за имиграција во таа сојузна држава.Трамп во изјава за „Волстрит џурнал“ наведе дека неговата администрација ја преиспитува последната употреба на огнено оружје и најави дека во одреден момент би можело да дојде до повлекување на имиграциските службеници од подрачјето на Минеаполис. „Во еден момент ќе си заминеме. Ја завршивме работата, тие завршија феноменална работа“, изјави Трамп, без да прецизира временска рамка.Американските имиграциски агенти завчера го убија 37-годишниот Алекс Прети. Министерството за внатрешна безбедност го оквалификуваше инцидентот како напад, но снимки направени од минувачи, кои ги прегледала агенцијата Ројтерс, покажуваат дека Прети во раката држел телефон, а не пиштол, додека се обидувал да им помогне на други демонстранти кои биле соборени на земја.Ова е втор ваков инцидент во Минесота овој месец. На 7 јануари федерален имиграциски агент уби американска државјанка, Рене Гуд, откако ѝ пријде додека била во своето паркирано возило. Од администрацијата на Трамп тврдеа дека таа се обидела со возилото да удри агент, но други сведоци наведуваат дека видеоснимките сугерираат оти таа се обидувала да сврти и да се оддалечи од него.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-library3b6d66am36uc87aJuR4

Пет жртви во експлозијата во фабрика за бисквити во Грција – пронајдено телото на исчезната работничка

Истражителите на противпожарната служба на местото на смртоносната експлозија и пожарот во фабриката за бисквити во Трикала, во централна Грција, рано во понеделникот наутро го пронајдоа телото на петтата вработена, со што бројот на загинати се зголеми на пет, соопштија властите.Според извори, пожарникарите кои интервенираат во фабриката за бисквити „Виоланта“ ја идентификувале областа каде што се наоѓала исчезнатата работничка, жена. Извлекувањето на телото ќе бара отстранување на урнатините поради обемниот структурен колапс.Телата на уште четири жртви, сите жени, беа пронајдени претходно во текот на денот, а надлежните органи веќе ги контактирале нивните семејства за започнување на постапката за идентификација.Во инцидентот се повредени седум лица, меѓу кои и еден пожарникар, и сите се во стабилна состојба.Голем дел од фабриката се урнал како последица на експлозијата и последователниот пожар, кој избувнал кратко по 4 часот наутро, за време на ноќната смена. Во моментот на несреќата, се верува дека во објектот се наоѓале 13 лица.Истражувањата на надлежните служби за утврдување на причините за експлозијата сè уште се во тек. Врз основа на досегашните сознанија, како најверојатна причина се наведува истекување на гас во комбинација со искра. Прелиминарните наоди укажуваат дека почетната експлозија се случила кај гасните печки во фабриката.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
kocani

„Од петмина другари, само јас преживеав“, потресно сведоштво на судењето за „Пулс“

Сведоштвото на Мартин Китанов на судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ беше едно од најпотресните досега. Тој опиша сцени на целосен хаос, чад и неподнослива жештина, со луѓе паднати и притиснати на главниот излез, каде, како што рече, животот и смртта се разделувале во секунди.Китанов раскажа дека во обид да излезе од објектот се сопнал и паднал, по што врз него налетале и други лица. Притиснат под тежината на повеќе тела, почнал да го губи здивот и надежта дека ќе преживее. Во тие моменти, како што сведочеше, помислата на неговите две деца му дала сила да се обиде да продолжи да дише, додека пожарникари и други луѓе безуспешно се обидувале да го извлечат.„Од пет другари кои излеговме таа вечер, само јас преживеав. Тројца ми беа другари од детство. До денес не знам како точно загинаа“, рече Китанов пред судот. Тој објасни дека сите заедно тргнале кон излезот, свесни дека се наоѓаат во сериозна опасност. „Единствено се обидував да издржам да дишам“, додаде.Како што сведочеше, брзо стигнале до таканаречената „каубојска врата“, но видливоста била нула, а топлината екстремна. Меѓу двете врати се сопнал и паднал, испружувајќи ги рацете напред, по што врз него паднале уште неколку луѓе. „Петмина лежевме еден врз друг. Потоа никој повеќе не помина – сите паѓаа врз нас“, изјави Китанов.Пресвртот, според него, се случил кога непознато момче со голем напор успеало да го извлече од купот тела и да го донесе до скалите. „Тоа го доживувам како божја сила“, рече сведокот, додавајќи дека бил извлечен без патики и со соблечени фармерки.Надвор, прва му помогнала девојка по име Ана, која го препознала, му помогнала да се облече, му дала вода и се обидувала да го смири. Иако сакал повторно да влезе во објектот за да ги бара своите пријатели, луѓето околу него не му дозволиле, укажувајќи дека е повреден и цел во крв.Откако седнал на тротоарот, Китанов почувствувал силен стрес и вкочанетост на рацете и нозете. „Пред очи ми се појавуваа сцени со луѓе и деца кои паѓаа и се онесвестуваа, а јас не можев да помогнам“, сведочеше тој.Подоцна се упатил кон блиска бензинска пумпа, каде што работел негов пријател, но таму колабирал и му била укажана прва помош. Потоа бил префрлен во болница, каде, како што изјави, одбил да слушне информации за судбината на своите пријатели, стравувајќи од вестите што би можел да ги слушне.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
uploads_thumbs_resize_800x420_348903

Град Скопје со повик до граѓаните за подмирување на долговите по даноци и комунални такси

Градот Скопје на 9 декември 2025 година упати јавен повик до сите даночни и таксени обврзници, правни и физички лица, кои имаат неплатени обврски по основ на данок на имот, данок на промет, наследство и подарок, како и комунална такса-фирмарина за изминатите години, да ги подмират своите долгови во најкраток можен рок.Заклучно со 23 јануари 2026 година, вкупно 830 даночни обврзници ги подмирија заостанати обврски во износ од 20.107.103 денари кон Градот Скопје.Со оглед на тоа што значителен број обврзници и понатаму не ги имаат подмирено своите долгови, Градот Скопје известува дека од 26 јануари 2026 година започна постапка за присилна наплата на данок на имот за 2021 година.Во рамки на постапката утврдено е дека 37.655 физички лица и 1.926 правни лица не го подмириле долгот по основ на данок на имот за 2021 година, во вкупна вредност од 148.466.661 денари.За 16.372 даночни обврзници, се изготвени и доставени Решенија за забрана на средства до деловните банки, додека преостанатите 23.209 решенија ќе бидат доставени до крајот на оваа недела, со цел обезбедување наплата на неплатените обврски.Град Скопје ги повикува сите граѓани и компании кои сè уште не ги подмириле своите обврски по основ на даноците на имот и комунални такси, тоа да го сторат во најкраток можен рок, бидејќи присилната наплата ќе продолжи кон сите даночни должници кои имаат долг спрема Градот Скопје.Увид во состојбата на сопствениот даночен долг може да се направи преку електронскиот портал на Град Скопје: https://danoci.skopje.gov.mk/gskopje/root/public/login.xhtml, каде што е овозможено и електронско плаќање. Подмирувањето на овие давачки претставува законска обврска и неопходен предуслов за нормално функционирање и развој на градот.Изразуваме благодарност до сите граѓани и правни лица кои навремено ги подмируваат своите даночни обврски и со тоа придонесуваат за побрз развој, поквалитетни услуги и подобар град за сите. Градот Скопје останува посветен на транспарентност, отчетност и создавање подобри услови за сите жители во главниот Град.

Скопје | пред 3 седмици

3 нед.
236816881_327299032472860_31726440552678132_n

Поскапува дизелот, од полноќ нови цени на горивата

Еуродизелот БС (Д-Е V) од полноќ ќе поскапи за еден денар по литар, додека екстра лесното масло за домаќинство ЕЛ-1 ќе се зголеми за 0,50 денари, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика. Цените на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 остануваат непроменети.Со новата одлука, малопродажната цена на еуродизелот БС (Д-Е V) ќе изнесува 67,50 денари за литар, а екстра лесното масло за домаќинство ЕЛ-1 ќе се продава по цена од 66,50 денари за литар.Регулаторната комисија информира и дека мазутот М-1 НС поскапува за 0,112 денари, при што цената на еден килограм ќе изнесува 33,099 денари.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarycfh5ufqhpcqr0PqAnXa

ЕУ ги следи протестите на камионџиите, најавена стратегија за визи оваа недела

Од Делегацијата на ЕУ во Скопје денес, по барање на „Независен“, одговорија дека ги следат внимателно протестите на камионџиите и дека и за нив ова е прашање што привлекува целосно внимание, најавувајќи претстојна стратегија за визи – веќе оваа недела.Во одговорот на Делегацијата исто така се потенцира дека во Брисел се свесни дека за голем број професионалци од трети земји може да биде неопходно пристапот до Шенген зоната да биде повеќе од 90 дена.„Свесни сме за загриженоста што ја искажаа транспортните оператори во Западен Балкан. Внимателно ја следиме ситуацијата и сме во контакт со нашите партнери во регионот. Системот за влез-излез не воведува никакви нови барања во врска со должината на кратките престои во Шенген зоната. Она што го прави е да обезбеди подобро спроведување на постојните правила и систематско откривање на нерегуларни практики.Според Шенгенските правила, граѓаните на земјите без виза имаат право да останат во Шенген зоната 90 дена во кој било период од 180 дена. Секој престој надвор од ова мора да биде покриен со виза за долгорочен престој или дозвола за престој издадена од земја-членка. Овие правила важат подеднакво низ целата Шенген зона и се во сила веќе многу години. Шенгенските правила, исто така, веќе обезбедуваат флексибилност во однос на прекуграничните работници.Сега, свесни сме дека за голем број професионалци од трети земји кои не се прекугранични работници, пристапот до Шенген зоната може да биде неопходен повеќе од 90 дена во рок од 180 дена. Ова ги вклучува професиите кои се потпираат на висока мобилност, како што се возачите на камиони, но исто така и спортистите и уметниците на турнеја.Ова е исто така поврзано со националните правила и постојните билатерални договори. Ова е прашање кое го привлекува нашето целосно внимание. И ова е нешто на кое се работи – и размислува, исто така во контекст на подготовката на претстојната стратегија за визи која е предвидена подоцна оваа недела.Остануваме ангажирани со партнерите од Западен Балкан и продолжуваме внимателно да ја следиме ситуацијата“, стои во реакцијата од делегацијата на Европската унија во Скопје.Извор: Независен

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryn2d8c22ahce09QyC9Oa

Скелет од македонски државјанин пронајден во подрум во Брисел

Скелет пронајден минатиот јули во подрум на куќа во бриселската општина Форест е идентификуван како Реџеп Рахмановски, македонски државјанин кој исчезнал во 2003 година, соопшти Федералната полиција на Белгија.Човечките остатоци биле откриени на 16 јули минатата година од работници за време на реновирање на објект во улицата „Капорал Трезињи“. По пронаоѓањето, Јавното обвинителство во Брисел веднаш отворило истрага и ангажирало форензичари, лабораторија на федералната полиција, експерти за идентификација на жртви, како и антрополог, со цел расветлување на случајот.Со форензичка анализа е утврдено дека станува збор за Реџеп Рахмановски, роден на 25 јули 1976 година. Тој последен пат бил виден во ноќта меѓу 16 и 17 јули 2003 година, кога го напуштил своето работно место во ресторан во централното подрачје на Брисел, по што бил пријавен за исчезнат.Надлежните институции упатија јавен повик до сите граѓани кои располагаат со информации поврзани со Рахмановски или со околностите на неговото исчезнување да се јават кај полицијата, при што, како што е наведено, целосна дискреција ќе биде загарантирана.Од полицијата информираат дека, врз основа на форензичките наоди, издаден е и налог за претрес на куќата каде што биле пронајдени остатоците, со надеж дека ќе се обезбедат дополнителни сознанија за тоа што му се случило на жртвата.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryfqo7r5bp3vhecQCGouZ

14 приведени во Тузла по нападот на навивачи на Црвена звезда

Портпаролот на Јавното обвинителство на Тузланскиот кантон, Адмир Арнаутовиќ, изјави дека 14 лица, уапсени по нападот врз навивачи на Црвена звезда во Тузла, се предадени на надлежност на Јавното обвинителство на кантоналното ниво.Арнаутовиќ појасни дека меѓу приведените има 11 државјани на Хрватска и три државјани на Босна и Херцеговина, осомничени за кривично дело учество во група што извршува кривично дело.Според неговите зборови, нападот се случил во саботата околу 22 часот во Горни Дубрави, во близина на Меѓународниот аеродром во Тузла, кога група навивачи што се враќала од Малме во Шведска била нападната со дрвени и метални шипки, при што повеќе од 20 лица се повредени, од кои четири со тешки телесни повреди, една со животно загрозувачки повреди, а 17 со полесни повреди, вклучително и еден полицаец.Обвинителството денеска треба да донесе наредба за спроведување истрага, а приведените ќе бидат испитани за околностите и дејствата за кои се товарат. По тоа ќе биде поднесен предлог за одредување притвор пред надлежен суд во Живинице.Арнаутовиќ истакна дека повредените се исклучиво учесници од навивачките групи „Торцида“ и „Делије“, додека цивилни граѓани не се повредени, освен еден полицаец кој интервенирал.Според оперативните информации, членовите на „Торцида“ организирано ги чекале навивачите на Црвена звезда по нивното пристигнување во Босна и Херцеговина. Полицијата на Тузланскиот кантон реагирала брзо и одговорно, при што првично биле задржани 93 лица, од кои 14 останале во притвор.

Спорт | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryln15t5tbfh5k3QO8KjQ

МВР ги објави казните што се изрекуваат преку системот „Безбеден град“

Во насока на зголемување на безбедноста во сообраќајот и доследна примена на законите, Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните за прекршоците што се санкционираат преку системот „Безбеден град“ и предвидените глоби.Пречекорување на брзина во населено место(дозволена брзина до 50 km/h, по исклучок до 70 km/h со знак)• до 10 km/h над дозволеното – 15 €• од 10 до 30 km/h – 50 €• од 30 до 50 km/h – 300 € + забрана за управување 3–12 месециПречекорување на брзина надвор од населено место(130 km/h автопат • 110 km/h пат за моторни возила • 90 km/h други патишта)• до 30 km/h над дозволеното – 20 €• од 30 до 50 km/h – 50 €• од 50 до 70 km/h – 300 € + забрана за управување 3–12 месециПоминување на црвено светло• 250 € глоба• забрана за управување 3–12 месециНепрописно запирање и паркирање(пешачки премини, крстосници, мостови, зелени површини, места за лица со попреченост, велосипедски патеки, тротоари, автобуски постојки и други критични локации)• глоби од 25 €, 40 €, 150 € и 180 €(во зависност од видот и тежината на прекршокот) Учество во сообраќај со нерегистрирано возило(без важечка сообраќајна дозвола или без регистарски таблици)• 500 € глоба• ако истекот на сообраќајната дозвола е до 30 дена – 100 €Намалување на санкциите• Плаќање во рок од 8 дена → се плаќа 50% од глобата• Ако има и забрана за управување → се изрекува во половина од пропишаниот рок

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryous637tr24fl2NvzuEe

Бунт на камионџиите: Без нас продавниците ќе бидат празни, ако ЕУ не го смени правилото, од април камионите ќе стојат, ќе нема кој да ги вози

Ако ЕУ не го смени правилото, од април камионите ќе стојат, ќе нема кој да ги вози. Со оваа порака македонските превозници денеска напладне започнаа со блокада на излезниот сообраќај за тешки товарни возила на граничните премини Стар Дојран, Богородица и Меџитлија, во знак на протест против ограничувањето на престојот на професионалните возачи на 90 дена во период од 180 дена во земјите од Шенген зоната.Превозниците бараат одложување или измена на правилото кое од 10 април ќе почне да се применува со електронско броење на деновите на престој во Шенген просторот. Како што посочуваат, возачите при секое излегување од Македонија практично влегуваат во Шенген зоната, а нивната професија не може да се третира како туристичко или миграциско движење, туку како работен ангажман.„Се надевам дека во Европската унија ќе имаат разбирање, затоа што станува збор за четири земји од Западен Балкан. Не е возможно сите фабрики и увозно-извозни компании да запрат со работа. Турските превозници ни се приклучуваат така што нема да одат по алтернативни правци, туку ќе застанат на границите и ќе чекаат додека не заврши протестот“, изјави Биљана Муратовска, генерален секретар на здружението на превозници „Макам-транс“.На граничниот премин Блаце денеска беше присутен и заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, кој изрази поддршка за протестот на превозниците и укажа дека станува збор за сериозен економски проблем што може да има далекусежни последици врз македонското и регионалното стопанство.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
puls-35-1

Сведок на пожарот во „Пулс“: паднав, ме газеа, па ја изгубив свеста - полицајците не ми пружија помош

Густ црн чад и жештина што не се издржува — вака сведокот Тоше Трендафилов ги опиша првите секунди по избувнувањето на пожарот во дискотеката „Пулс“. Тој наведе и дека во објектот не забележал противпожарни апарати. Кобната вечер, како што изјави, го видел и сопственикот Дејан Јованов-Деко како учествува во гаснењето на пожарот. Сакал да бега преку тоалетите каде што отишле повеќе негови познаници, но пријател кој го придружувал го убедил да си излезат преку главниот влез.„Се спушташе густ црн чад од плафонот, не се издржуваше од жештината. Имаше деца едни врз други. Се обидував да излезам, но беше невозможно. Луѓето лежеа едни врз други, кога паднав ме турнаа и ме газеа, повраќав. Ја ставив маицата на уста, по што изгубив свест, некој ме извлекол надвор“, рече преживеаниот Трендафилов.Тој додаде дека барал помош од полицајци кои биле пред објектот, но тие му кажале да се тргне од местото и според неговото сведочење, не била укажана помош.„Не ми пружија помош“, рече тој.Претходно:

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
kina

Кина ги предупреди своите државјани да избегнуваат патувања во Јапонија

Кинеското Министерство за надворешни работи, заедно со амбасадата и конзулатите во Јапонија, денеска упати официјално предупредување до кинеските државјани да избегнуваат патувања во Јапонија во наредниот период, особено со приближувањето на прославите за кинеската Нова година.Во соопштението објавено од Одделението за конзуларни работи на Министерството за надворешни работи на Кина на официјалниот профил на платформата „ВиЧет“, се наведува дека предупредувањето е издадено поради влошената безбедносна состојба во Јапонија, зголемувањето на криминални дела насочени кон кинески државјани, како и серијата земјотреси што во изминатиот период погодија одредени региони во земјата.Кинеските граѓани кои веќе престојуваат во Јапонија се повикани внимателно да ја следат локалната безбедносна состојба, навремено да се информираат за предупредувањата поврзани со земјотреси и можни секундарни катастрофи, како и да ја зголемат личната претпазливост и мерките за самозаштита.Во соопштението се истакнува и дека, во случај на вонредни ситуации, граѓаните треба веднаш да ја контактираат локалната полиција и да се обратат до кинеските дипломатски претставништва во Јапонија за помош и поддршка.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
kobi-i-vanesa

На денешен ден загина кошаркарската легенда Коби Брајант

Легендарниот американски кошаркар Коби Брајант загина на 26 јануари 2020 година во хеликоптерска несреќа што ја потресе светската спортска јавност. Во трагедијата животот го загубија и неговата ќерка Џијана, како и уште неколку лица, додека патуваа кон тренинг на младински женски кошаркарски тим во Калифорнија.Несреќата се случила кога хеликоптерот, летајќи низ густа магла, удрил во ридски предел. Американските истражни органи утврдија дека леталото во моментот на ударот имало активни мотори и ротор, а сведоци изјавиле дека хеликоптерот нагло се спуштал пред да се сруши. Пилотот, искусниот Ара Зобајан, имал повеќе од 8.200 часа лет и важел за еден од најдобрите во својата професија.Истрагата посочи и на фактот дека хеликоптерот немал систем за предупредување при опасно приближување до теренот, уред кој во тоа време не бил задолжителен за ваков тип летала. Иако подоцна беше препорачано негово задолжително воведување, не е со сигурност утврдено дали тоа би ја спречило трагедијата.Коби Брајант зад себе остави неизбришлива трага во светот на кошарката. Во НБА-лигата пристигна во 1996 година, кога од средношколските клупи директно влезе во професионалната кошарка и стана дел од Лос Анџелес Лејкерс, клуб со кој ја врза целата своја кариера. Со Лејкерс освои пет шампионски титули и стана симбол на посветеност, дисциплина и победнички менталитет.Во текот на кариерата беше 18 пати учесник на Ол-стар натпреварите, еднаш МВП на лигата, двапати МВП на НБА-финалињата и еден од најдобрите стрелци во историјата на натпреварувањето. Постигна вкупно 33.463 поени, а дресовите со броевите 8 и 24 беа свечено повлечени од употреба во чест на неговиот придонес.Од активното играње се прости во 2016 година со легендарните зборови „Mamba out“, оставајќи зад себе наследство што и денес инспирира генерации кошаркари и љубители на спортот ширум светот.

Спорт | пред 3 седмици

3 нед.
media-library1nms05sf1nus3YP8X0g

Македонија и Обединетото Кралство со нов чекор кон зајакнување на трговската соработка

 Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Метју Лосон, денеска го потпишаа Протоколот за правила за потекло, кој претставува интегрален дел од Спогодбата за партнерство, трговија и соработка меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство. Протоколот за правила за потекло овозможува практична и правна примена на проширената кумулација со материјали со потекло од Европската унија, земјите на ЕФТА, како и од другите земји опфатени со ПЕМ-конвенцијата, со кои двете држави применуваат преференцијална трговија. Проширената кумулација на потекло на стоките директно ќе придонесе за унапредување на можностите на македонските извозници за користење преференцијален третман при утврдување на потеклото на стоката во трговијата со Обединетото Кралство. Ова е особено значајно за секторите со сложени производни ланци и висок удел на материјали од Европската унија и другите земји опфатени со ПЕМ-конвенцијата, како и во контекст на усогласувањето со новите трговски односи на Обединетото Кралство по излегувањето од Европската унија. Со потпишувањето на овој Протокол се создаваат услови за зголемен извоз, отворање нови работни места, зајакнување на економијата и поголема економска сигурност за граѓаните, преку подобро позиционирање на македонската економија на еден од најзначајните европски пазари.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryi3jf2rmth9944Z9v0SB

Државјанин на Камерун фатен со француска лична карта барана од Интерпол, ја купил од скопјанец

На 25 јануари 2026 година, во 18:12 часот, на Граничниот премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода П.М.Ф.Б. (29) од Камерун. При извршената гранична контрола било констатирано дека тој на увид приложил туѓа француска лична карта, која била евидентирана како предмет на потрага од Интерпол.По дополнителната проверка, утврдено е дека лицето било регистрирано во Прифатниот центар „Визбегово“, а при службениот разговор изјавило дека француската лична карта ја набавил од лице од Скопје за сума од 1.000 евра.Приведениот е предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
20220325143806

Малолетници запалиле автобус во училишен двор во Радовиш

На 25 јануари 2026 година, во 20:30 часот, во Полициската станица Радовиш е пријавено дека избувнал пожар на автобус паркиран во дворното место на Основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш.На местото веднаш интервенирала екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш, која успешно го изгаснала пожарот. Во инцидентот нема повредени лица.По преземените мерки и активности, полициските службеници утврдиле дека пожарот бил предизвикан од две малолетни лица од Радовиш. Со нив биле извршени службени разговори во присуство на нивните родители, при што малолетниците го признале делото. Воедно, од нив била одземена и запалката со која го предизвикале пожарот.За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
kreditni_karticki_1_151010-600x450

Штипјанец злоупотебил туѓа картичка и подигнал над 31 илјада денари од банкомати

СВР Штип поднесе кривична пријава против Џ.К. (24) од Штип поради основано сомнение дека сторил кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.Според пријавата, на 20 октомври 2025 година, осомничениот без согласност и дозвола од женско лице од Штип неовластено ја прибавил и ја употребил нејзината банкарска картичка. Со картичката извршил четири успешни трансакции на два банкомати во Штип, при што одзел вкупно 31.300 денари.Против него е поднесена соодветна кривична пријава, а случајот се процесуира согласно законските прописи.

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања