3 нед.
media-libraryjq2utoq696ei1JnyYp4

(Видео) Шлепер излета од патот меѓу Владевци и Радичево, сообраќајот е целосно во прекин

Сообраќајот на патниот правец меѓу селата Владевци и Радичево е во целосен прекин откако шлепер излетал од коловозот, информираат од терен. Инцидентот предизвикал блокада на патот, поради што движењето на возилата е запрено во двата правци.На местото на настанот интервенираат надлежните служби, кои работат на обезбедување на локацијата и расчистување на патот, со цел повторно воспоставување на сообраќајот. Засега нема официјални информации за евентуални повредени лица.Од безбедносни причини, до учесниците во сообраќајот е упатен апел за зголемена внимателност, почитување на насоките на службите на терен, прилагодување на брзината и одржување поголемо меѓусебно растојание. Се препорачува избегнување на ризични маневри и користење алтернативни правци, сѐ додека трае интервенцијата и целосното расчистување на коловозот.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarybkpmnv6ui96l0YDdl36

(Видео) Невремето го зафати југоистокот: излеани реки, уништени ниви и угинати животни

Обилните врнежи од дожд што денеска ја зафатија Струмичката котлина предизвикаа сериозни поплави, излевање на реки и значителни материјални штети во повеќе населени места во југоисточниот регион на државата. Според првичните информации од терен, невремето резултирало со угинување на домашни животни, поплавени земјоделски површини и нагло зголемување на водостоите на реките.Заменик директорот на ЈП „Македонски шуми“, Кире Михаилов, информираше дека сцените од теренот се, како што рече, апокалиптични. Во селото Костурино е пријавено угинување на домашни животни, додека огромни штети се евидентирани на земјоделските површини во атарите на Муртино, Моноспитово, Градско Балдовци и во други населени места. Посебно загрижувачка е состојбата со реката Тркања, чиј водостој достигнал нивоа што, според жителите, не се паметат со децении.Во справувањето со надојдените води ангажирани се екипите на ЈПКД „Комуналец“ – Струмица, комуналните претпријатија од околните општини, приватна механизација, како и самото месно население, кое активно се вклучи во заштитата на домовите и имотите.Градоначалникот на Струмица информираше дека дејството на циклонот што го зафати југоисточниот регион предизвикало интензивни врнежи, излевање на речните корита и поплави на повеќе локации. Тој денеска ги посетил најкритичните подрачја, меѓу кои и селото Муртино, како и други населени места каде состојбата била најтешка.Според неговите изјави, уште од раните утрински часови механизацијата на ЈП „Комуналец“ била на терен, а дополнително била ангажирана и приватна механизација. Околу 17 часот попладне, состојбата почнала да се стабилизира, но екипите остануваат на терен и во текот на ноќта на сите критични точки каде постои ризик од ново излевање.Надлежните служби се во постојан контакт со граѓаните и внимателно ја следат состојбата, особено имајќи предвид дека дождот, според најавите, ќе продолжи и во наредните часови и денови. Од локалната самоуправа апелираат на внимателност и навремено пријавување на сите проблеми, со цел брза реакција и минимизирање на штетите.

Настани | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryhh3jvjrams1s7RLJJHO

(Видео) Скандалозно јавно интервју: кандидатка за Комисијата против дискриминација зборуваше за Ататурк наместо за Истанбулската конвенција

Мрежата за заштита од дискриминација остро реагираше на настапот на кандидатката Џихан Ахмед, предложена за член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, оценувајќи дека е разочарувачко и загрижувачко нејзиното непознавање на основни поими и меѓународни документи, меѓу кои и Истанбулската конвенција.Од Мрежата наведуваат дека е особено проблематично што кандидатка која треба да одлучува за еднаквост и недискриминација, вклучително и за правата на жените, не покажала основно познавање на Истанбулската конвенција, која претставува клучен стратешки документ за заштита од родово базирано насилство и за унапредување на родовата еднаквост. Дополнително, како што посочуваат, застрашувачки е фактот што лице со магистратура по меѓународно право не ги познава релевантните меѓународни документи што би требало да бидат суштински дел од работата на Комисијата.За време на јавната расправа, прашана да наведе елементи на дискриминација кои постојат во законите, Ахмед одговорила со општи ставови, наведувајќи дека „секој од нас се среќавал со дискриминација“, при што како пример го навела сопственото искуство во образованието и оценувањето на учениците, истакнувајќи дека за неа сите ученици се еднакви и дека причините за неуспех често се поврзани со средината во која живеат.На прашањето за нејзиниот став за законските измени во образованието во делот на дискриминацијата, таа изјавила дека сите ученици треба да се третираат исто, без разлика на етничката припадност, и дека е потребно повеќе интерактивна настава во која учениците ќе можат слободно да го изразат своето мислење.Дополнителни реакции предизвикал и нејзиниот одговор на прашање од претставник на Мрежата, кој ја прашал на кој темел од Истанбулската конвенција би работела за време на својот мандат и со кои тела би соработувала при третирање дискриминаторски практики во образованието. Во одговорот, Ахмед зборувала за Истанбул во историски контекст и за периодот на Ататурк, мешајќи теми поврзани со секуларизмот и слободата на изразување, без конкретен осврт на содржината, механизмите и обврските што произлегуваат од самата Конвенција.Дополнителни сомнежи предизвикала и нејзината објава на социјалните мрежи, во која, иако сè уште не е избрана, таа се заблагодарува за „назначувањето“ во Комисијата, упатувајќи благодарност до лидерот на ЛД, Изет Меџити, до партиските органи и до коалицијата ВЛЕН.На ова реагираше и адвокатот Умејр Муамеди, кој оцени дека ваквата објава претставува јавно признание за партиска припадност и политичко влијание врз процесот. Тој истакна дека кандидатката не ги исполнува законските услови предвидени со Законот за спречување и заштита од дискриминација, укажувајќи на непознавање на Истанбулската конвенција и на други клучни области поврзани со мандатот на Комисијата.Според Муамеди, во конкретниот случај постојат сериозни индикации за повреда на законските одредби, непрофесионалност и ризик од партизирање на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, институција која треба да биде независна и стручно водена.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryi3u1m1t7h2ie4ZumwMS

Европската комисија отвори истрага против платформата X

Европската комисија покрена истрага против четботот за вештачка интелигенција „Грок“, развиен во рамки на платформата X, сопственост на Илон Маск, поради сомнежи за генерирање и ширење експлицитни содржини, вклучително и незаконски слики.Ова денеска го соопшти европратеничката Реџина Дохерти од Ирска, која во писмена изјава наведе дека истрагата ќе утврдува дали платформата X ги исполнила своите обврски согласно дигиталното законодавство на Европската унија. Посебен акцент ќе биде ставен на мерките за ублажување на ризици, управување со содржини и заштита на основните човекови права.Според Дохерти, случајот отвора сериозни прашања за тоа дали големите онлајн платформи навремено и соодветно ги проценуваат ризиците поврзани со примената на вештачката интелигенција и дали преземаат доволни мерки за спречување на ширење незаконска и штетна содржина.Европската комисија претходно информираше дека на платформата X биле споделувани слики на голи жени и деца генерирани со помош на вештачка интелигенција, оценувајќи ги како незаконски и длабоко вознемирувачки. Според европратеничката, овие случаи укажуваат на слабости во регулативата и практичната примена на правилата за новите технологии.„Европската унија има јасни правила за заштита на граѓаните на интернет. Тие правила мора да имаат реално значење во пракса, особено кога моќни технологии се применуваат во голем обем. Ниту една компанија што работи во ЕУ не е над законот“, порача Дохерти.Истрагата е дел од пошироките напори на Европската унија за построга контрола и одговорност на дигиталните платформи при користењето на вештачката интелигенција.

Магазин | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryqsq87a7voc1n2MDXdQY

Тензии Будимпешта–Киев: Орбан тврди дека Украина се меша во парламентарните избори

Унгарија ќе го повика украинскиот амбасадор на разговор поради наводно мешање на Украина во унгарските парламентарни избори закажани за 12 април, изјави денеска премиерот Виктор Орбан. Според него, унгарските безбедносни служби утврдиле дека станува збор за координиран обид за влијание врз изборниот процес.Орбан изјави дека украинските челници, меѓу кои и претседателот Володимир Зеленски, минатата недела упатиле, како што ги нарече, „навреди и закани“ кон Унгарија. Во објава на социјалната мрежа Икс, тој наведе дека по анализите на безбедносните служби, побарал од министерот за надворешни работи Петер Сијарто да го повика украинскиот амбасадор на официјален разговор.Повод за ваквата реакција, според Орбан, се изјави на Зеленски дадени минатиот четврток, кога украинскиот претседател ја критикуваше Европа, опишувајќи ја како „фрагментиран калеидоскоп од мали и средни сили“ на кои, според него, им недостига решителност. Зеленски тогаш предупреди дека Европа не смее да дозволи нејзините престолнини да станат „мала Москва“.Говорејќи на Светскиот економски форум во Давос, Зеленски изјави дека „секој Виктор што живее од европски пари, а истовремено се обидува да ги продава европските интереси, заслужува шлаканица по шапката“, што Орбан го протолкува како директна порака упатена кон Унгарија и неговото раководство.Засега, украинските власти не ги коментираа јавно тврдењата на Орбан, ниту најавата дека украинскиот амбасадор ќе биде повикан на разговор во унгарското Министерство за надворешни работи.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-library2e9baqigp61uc7nGqE3

Неочекуван тон од Трамп: Разговор со демократскиот гувернер Волц по убиството на американски државјанин

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека е „на иста бранова должина“ со демократскиот гувернер на Минесота, Тим Волц, по убиството на уште еден американски државјанин во таа сојузна држава за време на интервенција на службеници на Имиграциската и царинска служба (ИЦЕ).Во објава на својата социјална мрежа „Truth Social“, Трамп наведе дека телефонски разговарал со Волц и дека разговорот бил, како што оцени, „многу добар“, со заедничко разбирање за понатамошните чекори. Според него, му порачал на гувернерот дека ќе побара од Том Хоман, висок функционер задолжен за имиграциските прашања, да стапи во контакт со властите во Минесота и да се побара целосна соработка во однос на лицата со криминално досие.Трамп тврди дека Волц коректно го разбрал ставот на федералната администрација и дека наскоро ќе следи нов разговор меѓу нив. Во истата објава, претседателот наведе дека федералната влада имала „огромен успех“ во борбата против криминалот во Вашингтон, Мемфис и Њу Орлеанс, додавајќи дека и во Минесота, според неговите зборови, криминалот значително се намалил, но дека и тој и гувернерот сакаат дополнително намалување.Набргу по објавата на Трамп, се огласи и Белата куќа. Портпаролката Каролин Ливит изјави дека претседателот во разговорот со Волц не ветил покренување локална истрага за последниот инцидент, иако најавил продолжување на комуникацијата. Таа истакна дека Трамп ги поддржува Првиот и Вториот амандман, но нагласи дека граѓаните немаат право да ги попречуваат законските операции на имиграциските служби, што, според неа, претставува кривично дело и токму тоа се случувало на улиците на Минеаполис.Ливит додаде дека претседателот очекува „отпорот и хаосот“ во градот да завршат уште денеска, притоа обвинувајќи ја политиката на администрацијата на Џо Бајден за настанатата состојба. Белата куќа, како што соопшти таа, упатила три конкретни барања до властите во Минесота: предавање на сите нелегални имигранти притворени поради кривични дела или со активни потерници, обврска локалната полиција да ги предава сите уапсени нелегални имигранти на федералните власти и активна соработка на локалните сили со федералната полиција при апсења и депортации, особено на насилни сторители.Иако Трамп сега зборува за соработка, гувернерот Волц и други демократски лидери претходно остро се спротивставуваа на политиките на претседателот во однос на имиграцијата, оценувајќи ги како незаконски и опасни по јавната безбедност. Минатиот месец, пак, Трамп јавно го обвинуваше Волц за неспособност, поврзувајќи го со скандал во системот за социјална заштита во Минесота.Американскиот претседател претходно најави дека ќе го испрати Том Хоман во Минесота за да соработува со локалните власти, откако во саботата имиграциски агенти во Минеаполис убија 37-годишниот Алекс Прети за време на судир со демонстранти. Додека дел од високите функционери на администрацијата го опишаа Прети како „домашен терорист“, Хоман јавно не се изјасни за инцидентот. Трамп, пак, нагласи дека Хоман не бил директно вклучен во настанот, но дека добро ги познава состојбите и луѓето во Минесота.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryuu9l25snmgai3nD2nM2

Роберт Де Ниро го напуштил снимањето на два филма: „Најлошото искуство во кариерата“

Легендарниот актер Роберт Де Ниро признава дека двапати во својата кариера морал да се повлече од проекти среде снимање, затоа што едноставно не функционирале.Првиот пат се случило во 1970-тите, кога го напуштил комичниот филм „Bogart Slept Here“, режиран од Мајк Николс. Иако бил на врвот на кариерата со улоги во „Улиците на злото“, „Кум II“ и „Таксист“, Де Ниро почувствувал дека улогата и атмосферата на сетот едноставно не се вистински. Снимањето траело околу две недели, а Де Ниро подоцна призна дека тоа било „ужасно искуство“. Во финалната верзија, неговата улога ја презел Ричард Драјфус.Вториот пат Де Ниро го напуштил проектот „На ивицата на темнината“ по само една недела снимање. Неговото место го зазел Реј Винстон, додека главната улога ја презел Мел Гибсон. Причините за повлекувањето биле „креативни разлики“, според портпаролот на актерот, кој истакнал дека понекогаш едноставно проектите не успеваат.Де Ниро истакнува дека одлуката да се повлече не е знак на слабост, туку резултат на искуство и препознавање кога нешто не функционира.

Медиасет | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryv43g8cpkqh5s2hcy92p

Црна Гора затвори уште едно поглавје во преговорите со ЕУ

На Меѓувладината конференција во Брисел, Црна Гора денес затвори уште едно поглавје во преговорите за членство во Европската Унија, со што Поглавјето 32 – Финансиски надзор е официјално завршено. Со овој чекор, на Подгорица ѝ остануваат уште 20 од вкупно 33 преговарачки поглавја за да го заокружи процесот на пристапување кон Унијата.Поглавјето 32 опфаќа контрола на користењето на финансиските средства, заштита на еврото од фалсификување, заштита на финансиските интереси на Европската Унија и зајакнување на надворешната ревизија. Европската комесарка за проширување, Марта Кос, оцени дека затворањето на ова поглавје претставува значаен напредок, но нагласи дека Брисел очекува понатамошни реформи, особено во делот на независноста на судството и полицијата, борбата против корупцијата и целосното усогласување со визната политика на Унијата.На заедничката прес-конференција со црногорскиот премиер Милојко Спајиќ, Кос истакна дека Црна Гора има амбициозна цел да ги заврши пристапните преговори до крајот на годината, оценувајќи дека таа цел е остварлива доколку реформите бидат добро структурирани и навремено спроведени. Таа потсети дека Црна Гора е најнапредната земја кандидат и повика на задржување на фокусот врз реформската агенда и затворањето на преостанатите поглавја.Кос најави и дека наскоро се очекува формирање работна група за подготовка на договорот за пристапување на Црна Гора во Европската Унија.Премиерот Спајиќ изјави дека со затворањето на Поглавјето 32, Црна Гора има затворено 13 од 33 поглавја, што претставува околу 40 проценти од вкупниот процес, резултат што го оцени како импресивен. Тој нагласи дека за само две години процентот на затворени поглавја е зголемен од осум на 40 проценти.Според Спајиќ, Црна Гора станува сè постабилна и пореформирана, а владата интензивно работи на сите поглавја со уверување дека преговорите ќе бидат завршени до крајот на годината. Тој додаде дека проширувањето на ЕУ повторно добива на динамика, оценувајќи дека брзината со која Црна Гора ги затвора поглавјата е доказ дека процесот на проширување е жив и активен.Од јуни 2024 година, кога Европската Унија го деблокираше процесот на пристапување, Црна Гора затвори вкупно десет преговарачки поглавја, значително интензивирајќи ги преговорите со Брисел.

Балкан | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryo94pl9ro06597KLIHDv

Се урна приватен авион во САД, седум загинати

Седум лица го загубија животот, а еден член на екипажот е тешко повреден откако приватен авион се урна на аеродромот Бангор во американската сојузна држава Мејн. Несреќата се случила во неделата навечер, во време кога регионот бил погоден од исклучително силна снежна бура која предизвика сериозни нарушувања низ САД.Според Федералната администрација за воздухопловство, деловен авион од типот „Бомбардиер Челинџер 600“ се урнал при полетување и веднаш се запалил. Директорот на аеродромот Бангор, Хозе Сааведра, изјави дека на аудио-снимката од контролата на летање се слушнал силен удар околу 45 секунди откако авионот добил дозвола за полетување, по што службите за итни интервенции пристигнале на местото на несреќата за помалку од една минута.Аеродромот Бангор ќе остане затворен најмалку до среда, додека истражителите од Националниот одбор за безбедност во сообраќајот спроведуваат увид на терен, и покрај екстремните зимски услови. Во меѓувреме, снежната бура предизвика откажување на повеќе од 12.000 летови низ САД и остави стотици илјади домаќинства без електрична енергија.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryflk78kl44c1g0BvleKZ

Руте: Путин би бил задоволен од европска војска

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги отфрли повиците на дел од европските лидери за формирање посебна европска војска, оценувајќи дека таквата идеја би го ослабнала трансатлантскиот сојуз и би му одела во прилог на рускиот претседател Владимир Путин. Обраќајќи се во Европскиот парламент во Брисел, Руте порача дека заговорниците на европски сили одвоени од НАТО „можат да продолжат да сонуваат“, нагласувајќи дека безбедноста на Европа треба да се зајакнува во рамки на алијансата предводена од САД.Руте истакна дека европските земји треба да преземат поголема одговорност за сопствената безбедност, како што бара американскиот претседател Доналд Трамп, но предупреди дека создавањето паралелни воени структури би довело до преклопувања, недостиг од кадар и дополнителна компликација на одбранбениот систем. Според него, токму таквото сценарио би било „воодушевување за Путин“.Во изминатите недели, шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Албарес и еврокомесарот за одбрана Андриус Кубилиус јавно говореа за можноста од европска војска, но Руте, иако без директно именување, јасно ја отфрли таа идеја.Тој оцени дека доколку Европа навистина сака целосна воена самостојност, трошоците би биле значително поголеми од пет проценти од бруто-домашниот производ, колку што земјите членки на НАТО се обврзаа да издвојуваат за одбрана. Руте предупреди дека тоа би значело и изградба на сопствени нуклеарни капацитети, со трошоци од милијарди евра, како и губење на американскиот нуклеарен чадор, кој го нарече краен гарант на слободата.Покрај тоа, генералниот секретар на НАТО информираше дека со американскиот претседател договорил два „работни правци“ за намалување на тензиите меѓу Европа и Вашингтон, особено во контекст на Гренланд. Првиот се однесува на тоа НАТО колективно да преземе поголема одговорност за одбраната на Арктикот и да спречи зголемено влијание на Русија и Кина во регионот. Вториот правец, според Руте, ќе се одвива надвор од НАТО и ќе опфати продолжување на разговорите меѓу САД, Данска и Гренланд.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
whatsapp-e1666686533913

WhatsApp би можел да добие верзија без реклами, но со претплата

WhatsApp наскоро би можел да понуди можност корисниците да ја користат апликацијата без реклами, но преку плаќена претплата.Според информации од најновата верзија на апликацијата за Android, во кодот на WhatsApp се забележани елементи кои укажуваат на развој на опција за претплата која би ги отстранувала рекламите. Рекламите би се појавувале во деловите „Статус“ и „Channels“, додека приватните пораки би останале непроменети.Корисниците би имале два избора – да ја користат апликацијата бесплатно со реклами или да се претплатат за искуство без реклами. Сè уште не е позната цената на претплатата ниту датумот кога оваа опција ќе биде официјално достапна.WhatsApp долг период важеше за апликација без реклами, но компанијата Meta, сопственик на сервисот, во последно време се повеќе се фокусира на нови модели на монетизација. Сличен систем на претплата без реклами веќе постои на Facebook и Instagram во одредени региони.Од компанијата Meta сè уште нема официјална потврда за датумот на воведување на оваа опција, ниту информации дали ќе биде достапна глобално или само на одредени пазари.

Магазин | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarytjhqcf9obo5mcEShfu2

Судии и обвинители влегоа во трката за републички обвинител

До Собранието на Република Македонија досега пристигнале пет кандидатури за функцијата републички јавен обвинител, потврдија од собраниските служби. Рокот за поднесување пријави истекува денеска на полноќ, што значи дека во текот на денот сè уште постои можност листата на кандидати да се прошири.Меѓу пријавените се Владимир Панчевски, поранешен претседател на Основниот кривичен суд Скопје, обвинителките Лидија Раиќевиќ и Ленче Ристоска, актуелниот судија во Кривичниот суд Ненад Савевски, како и актуелната вршителка на должноста републички јавен обвинител Анита Тополова-Исајловска.Функцијата остана испразнета откако поранешниот републички јавен обвинител Љупчо Коцевски во декември минатата година поднесе неотповиклива оставка. По неговото заминување, Советот на јавни обвинители за вршител на дејноста ја избра Тополова-Исајловска, која сега се јавува и како кандидат за полн мандат.Инаку, оваа позиција одамна ја следи контроверзна репутација. Покојниот државен јавен обвинител Александар Прчевски уште во 2006 година функцијата републички јавен обвинител ја опиша со саркастичниот и горчлив израз „последната будала“, предупредувајќи дека станува збор за позиција во која обвинителството ризикува да биде претворено во продолжена рака на извршната власт, наместо независен чувар на законитоста.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-library9ogo4s2mvdupdAeuqTC

Три приморски дестинации за краток одмор без гужви во февруари

Февруари, и покрај студот, нуди совршена можност за краток одмор и прошетка надвор од големите гужви. Овие три приморски бисера на Балканот се идеален избор. Тиват, Дубровник и Солун во овој период се речиси празни, нудат пријатни температури и совршени услови за шетња, истражување на градските улици и уживање во локалната атмосфера без стресот на летните туристички бранови.ТиватТиват е идеален избор за оние кои сакаат комбинација од море, луксузен амбиент и мирен февруарски одмор. Порто Монтенегро, луксузна марина со ресторани и кафулиња, нуди совршено место за прошетка и уживање во погледот на јахти.Иако е зима, температурите се движат околу 10 до 15 степени, што значи дека можете да уживате во кафе на обалата или прошетка по плажите без големи гужви. Покрај Тиват можете да прошетате и до Котор, Будва или Херцег Нови.ДубровникДубровник е познат по туристичките гужви во лето, но во февруари нуди сосема поинакво искуство. Стариот град со ѕидините кои гледаат кон Јадранското Море во овој период е речиси празен, што значи дека можете без брзање да го разгледате Страдун, Ловриенац и Форт Бокар.Температурите се околу 8 до 12 степени, доволно пријатно за прошетка по крајбрежјето и истражување на кафулиња и ресторани со домашни специјалитети.Солун За оние кои сакаат спој на култура и благи зимски денови, Солун е одличен избор. Градот познат по живописните улици, византиските цркви и пазарите нуди вистинска атмосфера на медитерански живот, дури и во февруари.Температурите се движат околу 10 до 15 степени, а можете да уживате во кафулињата на отворено со традиционален грчки појадок, печена риба или гирo. Солун е и совршена база за кратки излети до блиските плажи.

Магазин | пред 3 седмици

3 нед.
avtobus

Автобус удри девојче во Ново Село, сообраќајот кон Волково се одвива во една лента

Сообраќајот кон скопската населба Волково попладнево се одвива отежнато и само по една коловозна лента, поради сообраќајна незгода што се случила во непосредна близина на Основното училиште „Тихомир Милошоски“ во скопската населба Ново Село.Според информации што ги споделуваат граѓани на социјалните мрежи, во незгодата бил вклучен приватен автобус кој удрил во девојче, при што таа, според првичните наводи, се здобила со полесни повреди.На местото на настанот сообраќајот е делумно регулиран, а се создаваат и застои во движењето на возилата во правец кон Волково. Повеќе информации за околностите под кои се случила сообраќајната незгода се очекуваат од Министерството за внатрешни работи.

Скопје | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryqsq87a7voc1n2MDXdQY

Орбан: Киев се обидува да влијае врз изборите во Унгарија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Унгарија ќе го повика украинскиот амбасадор на разговор, поради, како што наведе, обиди на Украина да се вмеша во унгарските парламентарни избори закажани за 12 април. Изјавата, пренесена од агенцијата Ројтерс, доаѓа по серија остри пораки од украински официјални претставници кон Будимпешта.Орбан рече дека во изминатата недела украинските лидери, вклучително и претседателот на државата, упатиле навредливи и заканувачки изјави кон Унгарија, оценувајќи дека станува збор за координирана акција. Според него, унгарските служби за национална безбедност заклучиле дека ваквите пораки претставуваат обид за директно влијание врз изборниот процес во земјата.Украинскиот претседател Володимир Зеленски минатата недела ја критикуваше Европа, оценувајќи ја како расцепкан збир од мали и средни држави на кои, според него, им недостасува решителност за дејствување. Во своето обраќање на Светскиот економски форум во Давос, Зеленски предупреди дека Европа не треба да дозволи нејзините престолнини да станат, како што рече, „мала Москва“, алудирајќи на политиките што ги оценува како спротивни на европските вредности.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
lekovi-apteki

Германија најавува пониски даноци за лекови и повисоки за алкохол и тутун

Касата за задолжително здравствено осигурување на Германија (ДАK) предлага од 2027 година да се зголемат даноците за алкохол и тутун, со цел да се надомести финансискиот недостиг што би произлегол од планираното намалување на данокот на додадена вредност за лекови и медицинска опрема. Како што пренесува агенцијата ДПА, данокот за овие производи треба да се намали од сегашните 19 на седум проценти.Германското Министерство за здравство проценува дека ваквата мерка ќе создаде дефицит во здравствениот фонд, кој би изнесувал повеќе милијарди евра. Со цел стабилизација на финансиите, министерката за здравство Нина Варкен формираше експертска комисија која до март треба да предложи конкретни мерки за одржливост на здравствениот систем.Владата најави дека до крајот на годината ќе изготви предлог за сеопфатна реформа. Претседателот на ДАK, Андреас Шторм, оцени дека работата на комисијата претставува значајна можност за темелно преиспитување и обновување на германската здравствена политика, како и за постигнување поширок општествен консензус околу неопходните промени.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
h_54384372-220098

Дрога спакувана во најлонски и книжни омоти во пластична кофа под маса – четворица осомничени за трговија во Валандовско

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осомничен кој во временскиот период од октомври 2025 година до 23.01.2026 година, во угостителски објект во валандовското село Јосифово, неовластено заради продажба држел 121,40 грама марихуана,  751,99 грама хашиш и 37,44 грама мешавина од хашиш и марихуана.Дрогата била спакувана во најлонски и книжни омоти ставени во пластична кофа со капак под работната иноксна маса во објектот.  Полициски службеници пронашле и една пластична вага со остатоци од наркотична дрога.Од тие причини постои основано сомнение дека осомничениот сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.За истото кривично дело се осомничени уште 3 лица, кои меѓусебно препродавале наркотична дрога марихуана во непосредна близина на плантажи со лозје во Јосифово. На 21 јануари едниот осомничен продал 679,97 грама марихуана на вториот осомничен, а тој потоа неовластено ја држел во штала.Следниот ден дрогата ја однел кај третото лице во селото Пирава, кое требало да ја препакува и да посредува во купопродажбата на марихуаната на крајни корисници – зависници. При претресите полициски службеници ја пронашле дрогата, како и уште дополнителни 65,13 грама марихуана, 110 семки кои потекнуваат од растението канабис и вага со остатоци од наркотична дрога.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор за сите четворица осомничени дилери.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryq5sn56odcuf90JTX7Ro

Трагедија на скијалиште во Швајцарија: Татко загина пред својот син, сноубордер налета на нив

На скијалиштето Мелхзе-Фрут во Швајцарија вчера се случи трагична несреќа во која животот го загуби 41-годишен маж. Несреќата се случила околу 9:05 часот на скијачката патека Ерзег, додека тој бил со својот шестгодишен син.До трагедијата дошло кога 29-годишен сноубордер, прелетувајќи преку едно возвишение, налетал на нив. Ударот бил толку силен што 41-годишникот добил тешки повреди на главата и починал на лице место. Синот и сноубордерот се здобиле со полесни повреди и по укажаната прва помош биле префрлени во блиската болница.Кантоналната полиција на Обвалден, во соработка со Државното обвинителство, започнала кривична постапка против сноубордерот и спроведува истрага за околностите на несреќата.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryacthjulptk889aks5eo

Индија и ЕУ постигнаа историски трговски договор

Индија и Европската унија ја завршија долгоочекуваната трговска согласност која ќе биде официјално објавена утре, изјави индискиот министер за трговија Рајеш Агравал. Договорот е оценет како историски, додека двете страни се соочуваат со влошени односи со Соединетите Американски Држави.Согласието отвора пат за слободна размена на стоки помеѓу блокот од 27 европски земји и Индија, кои заедно сочинуваат четвртина од светскиот БДП и пазар со два милијарди потрошувачи. „Станува збор за урамнотежен, иднина ориентиран договор за подобра економска интеграција со ЕУ. Овој договор ќе ја забрза трговијата и инвестициите помеѓу двете страни“, истакна Агравал.Вкупната трговија меѓу Индија и ЕУ во фискалната година заклучена во март 2025 година изнесувала 136,5 милијарди американски долари.Договорот ќе биде официјално потпишан по правна проверка која се очекува да трае меѓу пет и шест месеци, додаде индиски официјален претставник, кој најави дека се очекува имплементацијата да се реализира во рок од една година.Овој договор следи по низа други трговски спогодби на ЕУ, меѓу кои клучниот пакт со јужноамериканскиот блок МеркоСур и договорите со Индонезија, Мексико и Швајцарија од минатата година. Во исто време, Индија финализираше спогодби со Велика Британија, Нов Зеланд и Оман.По речиси две децении преговори со повеќекратни прекини, Индја со овој договор го отвора своето огромно, третото по големина светско пазарно место за слободна трговија со ЕУ, нејзиниот најголем трговски партнер.Преговорите беа забрзани минатата година по согласност на индискиот премиер Нарендра Моди и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, а нивниот темпо се засили по воведувањето на американски тарифи против некои трговски партнери, вклучувајќи и 50-процентни тарифи за увоз од Индија.Клучни точки во преговорите беа автомобилите и челикот, при што ЕУ бараше значително намалување на царините за увоз на автомобили од Индија, додека Индија, голем производител на челик, побара олеснување на ограничувањата за извозот на челик кон ЕУ. Според последните извештаи, Индија ќе ги намали царините за увоз на европски автомобили на 40 проценти, додека дел од земјоделските производи остануваат исклучени за да се заштитат милиони локални земјоделци.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryafnd89a7afcraGn7gCv

Ѓорѓиевски: Ќе воведеме паметен зелен бран со кој ќе се намалат гужвите

Орце Ѓорѓиевски на својот Фејсбук профил објави дека денес бил одржан координативен состанок со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и експерти од областа на сообраќајот, посветен на финалните подготовки за официјалното пуштање во функција на Сејф Сити системот.„Градот Скопје ќе има силна и активна улога во неговата имплементација, со цел воспоставување ред, дисциплина и многу повисоко ниво на безбедност за сите учесници во сообраќајот“, напиша Ѓорѓиевски. Тој додава дека ова е „суштинска реформа во начинот на кој функционира сообраќајот во нашиот град“ и дека ќе се воведе „паметен зелен бран – модерен, адаптивен и иновативен систем кој во реално време ќе го регулира протокот на возила, ќе ги намали гужвите и ќе овозможи побрзо, поефикасно и побезбедно движење низ Скопје“.Дополнително, според него, преку Сејф Сити системот ќе се стави крај на „девијантното и неодговорно однесување кое со години наназад го нарушуваше јавниот ред и резултираше со уништување на урбаната опрема и јавниот простор“. „Контролата, превенцијата и брзата реакција ќе станат стандард. Ова ќе значи побезбедни улици, почитување на правилата, заштита на јавниот имот и пред сè, сигурност за секој граѓанин“, истакнува Ѓорѓиевски.Тој заклучува дека со овие мерки Скопје се гради како „современ и функционален град за сите“.

Скопје | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања