3 нед.
zena-noz

Пијана жена го прободела сопругот со нож во рамо, па го гребела по вратот и телото

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 30-годишна државјанка на Р.Хрватска со привремен престој во Кавадарци, која е осомничена дека сторила кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.На 25 јануари утрото, во состојба на пијанство со присуство на 2,61 промили алкохол во крвта, осомничената вршела семејно насилство и телесно го повредила својот сопруг. По вербална расправија, зела нож од кујната и го прободела оштетениот во левото и во десното рамо, а потоа го гребела по вратот и телото.Јавниот обвинител, имајќи ги предвид сите околности, оцени дека се исполнети законските основи и до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци достави предлог за определување мерка притвор за осомничената.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-library17cmrulfmv80flLPSNQ

Превозниците од Македонија и регионот на протест: блокада на товарниот сообраќај

Превозниците од Македонија и од земјите во регионот денеска, најавија протест со блокада на товарниот сообраќај на сите гранични премини во државата. Според најавите на организаторите, камионите нема да бидат пропуштани, додека патничките возила и автобусите ќе сообраќаат непречено.Блокадите ќе започнат во 12 часот и ќе се реализираат на граничните премини со Србија, Бугарија, Грција, Албанија и Косово. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземени мерки за да се обезбеди непречен проток на патничкиот сообраќај и да се спречат поголеми застои.Протестот го организираат здруженијата на превозници, кои бараат решавање на проблемите поврзани со правилата за престој и работа на професионалните возачи во земјите од Шенген-зоната, како и подобрување на условите за меѓународен патен транспорт. Од здруженијата најавуваат дека блокадите може да траат и неколку дена, доколку не се постигне договор со надлежните институции.Освен македонските, блокада на граничните премини кои водат до шенген-зоната најавија и превозниците од Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
faton

Новиот народен правобранител Фатон Селами стапува на функција

Новоизбраниот народен правобранител Фатон Селами денеска ќе ја даде свечената изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши, со што официјално ќе стапи на функцијата.Селами доаѓа на местото на Насер Зибери, чиј мандат заврши на 12 јули 2025 година, поради исполнување на условите за пензионирање.Новиот омбудсман е дипломиран правник и магистер по правни науки, со положени правосуден и нотарски испит, а во својата професионална кариера има долгогодишно искуство во областа на правото и заштитата на човековите права.Мандатот на народниот правобранител трае осум години, со можност за уште еден повторен избор, во согласност со Законот и процедурите утврдени од Собранието.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-library6ug3fl146464dJlt1Xb

Денеска облачно со дожд

Денеска, времето низ поголемиот дел на земјата ќе остане титпично зимски свежо и променливо, со повремени облачни услови и можност за врнежи, покажуваат најновите податоци од достапните метео-извори.Во Скопје ќе доминира умерено облачно време со покачување на дневните температури во споредба со историските просеци за јануари. Според локалните прогнози, утринските температури ќе се движат околу 2-4 °C, додека максималната дневна температура може да достигне околу 8-9 °C, што е нешто повисоко од историските просечни вредности за овој период од годината.Врнежи се очекуваат во текот на денот, со умерена облачност и локални периоди на слаб дожд, особено во попладневните часови. Влажноста ќе биде повисока, што може да создаде чувство на ладно и влажно време за време на движењето на отворено.Метеоролозите најавуваат дека овој период од зимата ќе продолжи да носи колебања во температурите, со периоди на умерена до зголемена облачност. Влажниот воздух од западните делови на Европа ќе се меша со локалните услови, што може да доведе до непостојаност на времето, особено во планинските региони.За граѓаните, тоа значи дека утре може да се очекуваат типични зимски услови — студено утро, повремени врнежи и умерена температура околу или малку над точката на замрзнување преку денот, со услови за влажни коловози и можни локални замрзнувања наутро и навечер.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
close-up-burning-lamp-dark-copy-space

Денеска прекин на струјата во дел од Чаир

Корисниците од улиците „393“ и „Стојна Стевкова“ во општина Чаир денеска од 9:00 до 14:00 ќе останат без напојување со електрична енергија.Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од стана на екипи на ЕВН Македонија АД.

Скопје | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryeu09uf1rl8j36Vf3zOF

Системски пропусти и човечка трагедија: продолжува процесот за пожарот во „Пулс“

Со сослушување на сведоци и законски застапници на оштетените, денеска во судницата во Идризово продолжува судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, трагедија во која на 16 март 2025 година животот го загубија 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.Претходното рочиште беше одложено по барање на бранителката на поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џаферовски, адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска, која во меѓувреме беше избрана за член на Судскиот совет.На последното рочиште, одржано во декември, судницата беше исполнета со тишина прекинувана од солзи, тешки воздишки и болни лелеци на семејствата на загинатите. Мајките, со гласови скршени од тагата, сведочеа за ноќта по која нивниот живот неповратно се променил. Обвинетите молчеа, со наведнати глави, додека сведоците низ солзи и празни погледи зборуваа за загубата и болката што не стивнува.Во воведното излагање, обвинителот Борче Јанев истакна дека судењето претставува чекор кон утврдување и на лична и на институционална одговорност. Тој нагласи дека општеството мора да се соочи со вистината – кој дозволил, кој молчел и кој не ја извршил својата должност за да се спречи трагедијата. Според него, не е клучно само прашањето кој го запалил огнот, туку и кој имал моќ да го спречи, а не го сторил тоа. Јанев оцени дека пожарот не е последица исклучиво на употребата на пиротехника, туку резултат на долгогодишни системски пропусти, институционален молк и отсуство на контрола, што дискотеката „Пулс“ ја претвориле во смртоносна стапица.Обвинителот подвлече дека целта не е одмазда, туку правда како последица на незаконито постапување и занемарување на службената должност. Повеќемина обвинети, преку своите бранители, ја оспорија основаноста на обвинението, тврдејќи дека не презеле дејствија што би можеле да доведат до пожарот, дека поседувале валидна документација и дека трагедијата е резултат на институционални, а не на индивидуални пропусти. Одбраната најави изведување докази и сведоци со кои, според нив, ќе се потврди оваа теза.Во воведниот збор, одбраната на првообвинетиот, сопственикот на дискотеката „Пулс“, Дејан Јованов, истакна дека и по девет месеци поминати во притвор не може да поверува во трагедијата и дека, како родител, никогаш не би дозволил небезбедни услови во објектот. Неговиот син, третообвинетиот Михаил Јованов, преку одбраната наведе дека против него не постои ниту еден материјален доказ и дека е обвинет исклучиво поради тоа што е член на семејството Јованови.Сите останати обвинети изјавија дека не чувствуваат вина за делото што им се става на товар.Пожарот во „Пулс“ избувна за време на настап на музичката група „ДНК“, при што пиротехнички средства биле активирани без дозвола. Во објектот имало значително повеќе посетители од дозволеното, меѓу кои и малолетници. Според обвинението, дискотеката со години работела незаконски, без исполнети минимално-технички услови, со извршени реконструкции без соодветни дозволи и без систем за противпожарна заштита.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
10-1

Покрената истрага против Мета поради WhatsApp

Британскиот регулатор за комуникации Офком покрена истрага против компанијата Мета, поради сомнежи дека доставила нецелосни или неточни информации за сервисот WhatsApp за време на една од анализите на пазарот, пренесуваат светските агенции.Од Офком соопштија дека минатата година спровеле анализа на големопродажниот пазар на деловни масовни СМС-пораки, кои најчесто се користат за услуги како потсетници за закажани термини и известувања за испорака на пратки. Во рамки на таа постапка, регулаторот побарал информации и за улогата на WhatsApp на овој пазар.„Достапните докази укажуваат дека информациите кои Мета ги доставила како одговор на нашите регулаторни барања во врска со WhatsApp можеби не биле целосни и точни“, наведуваат од Офком.Истрагата доаѓа во период кога WhatsApp се соочува и со зголемено регулаторно внимание на ниво на Европската унија. Според податоците, функцијата WhatsApp Channels во првите шест месеци од 2025 година достигнала околу 51,7 милиони просечни месечно активни корисници во ЕУ, со што е надминат прагот од 45 милиони корисници.Од Мета засега нема официјален коментар за покренатата истрага.

Магазин | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryrhb35n7d2hhg2iaAZqD

Никозија прогласена за најдобра европска културна дестинација за 2026 година

Главниот град на Кипар, Никозија, ја понесе титулата најдобра европска културна дестинација за 2026 година, според изборот на платформата European Best Destinations. Признанието ја потврдува сè поизразената промена во навиките на патниците, кои наместо класичен одмор на плажа, сè почесто се одлучуваат за кратки градски патувања исполнети со култура, историја и автентична локална гастрономија.Никозија е препознаена по уникатниот спој на богато културно наследство и современа уметничка и креативна сцена. Градот е компактен и идеален за пешачко разгледување, што го прави привлечна дестинација за таканаречените „city break“ патувања. Како еден од најстарите континуирано населени градови во светот, со историја подолга од пет милениуми, Никозија нуди длабок увид во културните и историските слоеви на Медитеранот.Старото градско јадро, опкружено со импозантните венецијански ѕидини од 16 век, претставува културното срце на градот. Посетителите имаат можност лесно да ги обиколат бројните музеи и галерии, меѓу кои Музејот на византиска уметност, музејот Левентис, кој го следи развојот на градот низ вековите, како и Кипарскиот музеј, најстариот археолошки музеј во земјата.Една од клучните причини за високото рангирање на Никозија е богатиот и разновиден културен календар што трае во текот на целата година. Музиката, танцот, филмот и современата уметност се нераскинлив дел од идентитетот на градот, а меѓу најпознатите настани се издвојуваат фестивалот „Фанеромени“ во летниот период, Меѓународниот филмски фестивал на Кипар, како и традиционалните божиќни села кои ѝ даваат посебна живост на зимската сезона.На листата на најдобри културни дестинации за 2026 година, по Никозија следуваат Фиренца и Виена, додека меѓу првите десет се најдоа и Левен, Шибеник, Верона, Томар, Руан, Оксфорд и Грац.Рангирањето на European Best Destinations се базира на детална методологија која вклучува проценка на културното наследство, современата креативна сцена, квалитетот на искуството за посетителите и гласовите на повеќе од 22.000 патници од 131 земја. Врз основа на овој комбиниран пристап, Никозија заслужено е прогласена за најдобра културна дестинација во Европа за 2026 година, позиционирајќи се како едно од најзначајните културни средишта на Медитеранот и пошироко.

Медиасет | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryamor4ttv1kji9rJ7lw7

Алијанса на Таравари ќе го обжали „Безбеден град“ пред Уставен: Не се почитуваат правата на Албанците

Крилото на Алијансата за Албанците предводено од Арбен Таравари остро реагира на начинот на кој владејачката коалиција ВМРО-ВЛЕН-ЛЕВИЦА го спроведува проектот „Безбеден град“, оценувајќи дека станува збор за селективна примена што го крши Законот за јазиците и создава сериозен економски товар за граѓаните преку, како што велат, непропорционални казни.Од ова политичко крило посочуваат дека примената на проектот отвора низа правни, социјални и уставни прашања, кои директно се одразуваат врз секојдневниот живот и благосостојбата на граѓаните. Според нив, проблематично е и тоа што официјалната комуникација со јавноста, вклучително и известувањата и санкциите што произлегуваат од системот „Безбеден град“, не се спроведува со почитување на јазичните права на граѓаните Албанци.„Ова претставува директно кршење на Законот за јазиците и на уставните принципи врз кои се темели мултиетничката и демократска држава“, реагираат од таборот на Арбен Таравари, нагласувајќи дека институциите имаат обврска да обезбедат еднаков и недискриминаторски пристап кон сите граѓани.Крилото на Алијансата за Албанците дополнително бара итно преиспитување на висината на казните и на прагот на толеранција, со цел мерките за сообраќајна безбедност да не се претворат во тежок финансиски притисок за семејствата. Тие сметаат дека селективната примена на проектот само во одредени градови е неправедна и дискриминаторска, поради што најавуваат дека ќе го оспорат Законот за прекршоци пред Уставниот суд, со цел заштита на правата на граѓаните и обезбедување еднаквост пред законот.Во меѓувреме, на неколку дена пред официјалното пуштање во употреба на системот „Безбеден град“, надлежните институции ги спроведуваат последните технички проверки. Денеска, во скопската населба Автокоманда, на излезот од градот кој со години се смета за една од најризичните сообраќајни точки, беше извршено тестирање и верификација на радарите и камерите за мерење на брзината на движење на возилата. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, информираше дека утврдените отстапувања се минимални и дека системот е подготвен за ставање во функција.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarynpgujvj40bu85ohoQSU

Возбудлива драма меѓу најгледаните серии на Нетфликс

„Finding Her Edge“ е нова драма на Нетфликс од 2026 година која ги спојува спортот, романтиката и семејните односи во светот на натпреварувачкото уметничко лизгање. Серијата брзо ја освои публиката и моментално се наоѓа на второто место по гледаност на платформата.Станува збор за екранизација на романот на авторката Џенифер Јакопели, која за кратко време привлече големо внимание кај љубителите на емотивни и инспиративни приказни.Приказната ја следи Адријана Русо, талентирана лизгачка која се враќа на мразот со цел да ја спаси семејната лизгачка хала и повторно да го пронајде смисолот по тешките животни удари.Додека тренира со новиот партнер Брејден Елиот, нејзиниот живот дополнително се комплицира со враќањето на поранешната љубов Фреди О’Конел, што доведува до емотивен љубовен триаголник.Главните улоги ги толкуваат Медлин Киз (Адријана Русо), Кејл Амброзик (Брејден Елиот) и Оли Аткинс (Фреди О’Конел).Серијата има осум епизоди и обработува теми како самодоверба, семејни очекувања, амбиција и созревање. Сите осум епизоди веќе се достапни за гледање на Нетфликс.

Магазин | пред 3 седмици

3 нед.
media-library2e9baqigp61uc7nGqE3

Белата куќа: Агентите од службата за имиграција се херои, отстрануваат опасни криминалци од улиците

Амерички имиграциски агенти вчера (сабота) во Минеаполис убиле американски државјанин, што предизвика жестоки протести и осуди од локалните власти, објавија официјални лица. Министерството за внатрешна безбедност соопшти дека агент на Граничната патрола пукал во самоодбрана откако мажот се спротивставил и се обидел да го задржи пиштолот. Локалните власти го доведоа во прашање овој навод, а видеа објавени на интернет, кои Reuters ги проверил, покажуваат поинаква слика.Убиениот е идентификуван како Алекс Прети, 37-годишен медицински техничар во болница за ветерани во Минеаполис. Во видеата од очевидци се гледа дека Прети стои на улица и го снима настанот со својот мобилен телефон. Агенти користеле спреј за самоодбрана, а потоа го собориле на земја и го удирале, при што еден агент извадил оружје и испукал неколку куршуми.Од Белата куќа агентите ги нарекоа „херои“, тврдејќи дека отстрануваат опасни криминални имигранти за да ги заштитат американските семејства. Локалните власти, пак, повторно истакнаа дека ваквите акции ставаат политика пред безбедноста на граѓаните кои ги почитуваат законите.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryjh9iv73k1k3u5Hc1I1F

(ВИДЕО) Скијачка нападната од снежен леопард во Кина

Редок и вознемирувачки инцидент се случи на познато скијалиште на северозападот на Кина, каде што снежен леопард нападна туристка, предизвикувајќи шок кај посетителите и локалната јавност.Нападот се случил во петокот вечерта, на 23 јануари 2026 година, во шумски појас покрај патот во округот Фујун, во близина на скијалиштето Коктокај. Туристката, облечена во скијачка опрема, се враќала кон својот хотел по ден поминат на скијачките патеки, кога била изненадно нападната од снежен леопард – една од најретките и најтаинствени големи мачки во светот.Видео-снимки од настанот, кои брзо се проширија на социјалните мрежи, ја прикажуваат повредената жена како лежи во снегот, додека животното се наоѓа во нејзина близина, по што минувачи ѝ укажуваат помош. На снимките јасно се забележуваат траги од крв на лицето и снегот, што сведочи за сериозноста на нападот.Туристката веднаш била пренесена во болница, каде што ѝ била укажана лекарска помош. Според официјалните информации од надлежните служби и локалната полиција, нејзината здравствена состојба е стабилна и таа не се наоѓа во животна опасност.По инцидентот, локалните власти ги засилија безбедносните мерки, со зголемен број патроли и активности за заштита, како и со информирање на туристите и жителите. Упатен е апел граѓаните да одржуваат безбедна оддалеченост од дивите животни и секоја слична појава веднаш да ја пријават.Експертите посочуваат дека снежните леопарди исклучително ретко покажуваат агресија кон луѓето. Станува збор за загрозен вид, со проценета популација од меѓу 4.000 и 6.500 единки во дивината, кои вообичаено го избегнуваат човечкиот контакт. Нападите врз луѓе се исклучително ретки и најчесто се случуваат кога животното е вознемирено, гладно или ненадејно изненадено.Локалните власти нагласуваат дека станува збор за изолиран случај и оти нема простор за паника, но апелираат на зголемена внимателност, особено во вечерните часови и во подрачја каде што дивите животни се движат во близина на туристичките центри.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarydphh3e7c0lpo5vmaQPY

(Фото) Малолетник со автомобил прегазил пешак во Долно Коњари, повредениот се бори за живот

Малолетно лице управувајќи патничко возило предизвикало тешка сообраќајна незгода во скопското село Долно Коњари, во која сериозно е повреден пешак, кој се наоѓа во животно загрозувачка состојба.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека несреќата била пријавена денеска околу 11:30 часот. Според првичните информации, автомобил со скопски регистарски ознаки, управуван од малолетник, најпрво удрил во паркирано возило, по што продолжил да се движи и удрил во пешакот И.Ф.Повредениот веднаш бил пренесен со возило на Итната медицинска помош во Ургентниот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Лекарите информираат дека неговата состојба е критична и дека се преземаат сите неопходни медицински мерки.За настанот е известен дежурен јавен обвинител за малолетници, а полициските служби вршат увид и преземаат активности за целосно расчистување на случајот и утврдување на одговорноста.

Скопје | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarycippd0svfb8bcOjtJ44

СДСМ: Македонија е на дното по стандард, на врвот по часовниците на Мицкоски

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија реагира дека државата се најде меѓу „првите во светот“ единствено по луксузот што го носи премиерот Христијан Мицкоски, а не по квалитетот на животот на граѓаните. Повод за реакцијата е објавената ранг-листа на компанијата IFL Watches, која ги споредува часовниците што ги носат шефовите на држави и влади на земјите членки на НАТО и нивната вредност.Според наводите на СДСМ, Мицкоски со часовник чија цена се движи меѓу 6.900 долари се најде меѓу првите пет на листата со најскапи часовници, што, како што велат од партијата, е поразителен симбол за состојбата во која се наоѓа државата. Тие додаваат дека доколку во предвид се земела и, како што тврдат, колекцијата на луксузни часовници во вредност од околу 60.000 евра, која не е јасно прикажана во имотната состојба на премиерот, Македонија би била и формално на првото место.Од СДСМ оценуваат дека ваквите податоци се навредливи за граѓаните, имајќи предвид дека Македонија, според релевантни меѓународни споредби, е на дното на Балканот по животен стандард, на последните места во Европа по висина на платите и минималната плата, како и во категорија на земји со исклучително низок економски капацитет. Во таа смисла, велат дека државата е етикетирана и како земја од „трет свет“ во одредени меѓународни извештаи.„Само кога се мерат скапите часовници на Мицкоски сме меѓу првите во светот“, порачуваат од СДСМ, нагласувајќи дека тоа најдобро ја отсликува реалноста во Македонија. Според партијата, актуелната власт служи пред сè за лично богатење на функционерите, додека граѓаните се соочуваат со ниски примања, скап живот и секојдневна борба за основна егзистенција.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-library0ki2coqpebhvfD0j0yQ

Сведоци: Алекс Прети не држеше оружје

Двајца сведоци на убиството на Алекс Прети, 37-годишен медицински техничар, изјавиле под заклетва дека тој не држел оружје кога се приближил кон федералните агенти во Минеаполис. Нивните искази се во спротивност со тврдењата на официјални лица од администрацијата на Доналд Трамп.Жена сведок, која го снимала настанот, изјавила дека Прети бил соборен на земја додека се обидувал да помогне на друга жена и дека не видел пиштол во неговите раце. Другиот сведок, лекар, потврдил дека Прети не мафтал со оружје и дека му било забрането веднаш да му пружи медицинска помош.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
cigari

Малите трговци за новиот закон за пушење: Законот може да затвори над 4.000 бизниси

Малите продажни објекти, како што се тобако продавниците, киосците, мини маркетите и други семејни бизниси, ќе бидат сериозно погодени од новиот закон за заштита од пушење, кој предвидува строги ограничувања во продажбата и изложувањето на тутунски производи. Според сопствениците, дел од нив ќе треба да отпуштаат вработени, а други ќе бидат принудени целосно да ги затворат продавниците.Нацрт-законот забранува изложување на цигари, тутунски производи и уреди за нивна употреба на продажните места. Производите ќе мора да се чуваат во непроѕирни, затворени шкафови, без видливи светла, бои или брендирање. Малите трговци велат дека ваквите ограничувања ќе ги поткопаат нивните инвестиции и ќе предизвикаат големи финансиски загуби, бидејќи најголем дел од приходите им доаѓаат од долгогодишни договори со тутунската индустрија.„Особено сме погодени сите што инвестиравме значителни средства за уредување на продажниот простор со витрини и безбедносни системи. Со новите законски ограничувања, овие инвестиции практично стануваат бескорисни, а загубите за нас ќе бидат огромни. За голем дел од нас тоа значи целосно затворање на бизнисот од кој се хранат многу семејства“, велат трговците.Тие истакнуваат дека законот нема јасни критериуми за специјализираните продавници за тутун и никотински производи, ниту пак предвидува преоден период за прилагодување на малите трговци. Дополнително, не е решено што ќе се прави со залихите на ароматизирани тутунски и никотински производи, чие прометување ќе биде целосно забрането.Според малите трговци, новите правила ќе доведат до нагло откажување на веќе потпишаните годишни договори со дистрибутерите, преуредување на просторот и отстранување на брендингот, што ќе предизвика финансиски колапс и отпуштање на вработени.Нацрт-законот, изработен од Министерството за здравство, предвидува и забрана за рекламирање, промоција и спонзорирање од страна на тутунската индустрија, како и целосна забрана за пушење во јавни и работни простории.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryf3ed0ehmbc4dcwmzg2U

АХВ лани уништила 355 тони небезбедна храна

Наместо на трпезите на граѓаните, минатата година 355 тони храна завршила на депонија бидејќи била прогласена за небезбедна. Меѓу откриените производи биле месо, млеко, риби, јајца, пијалаци, кондиторски производи и јаткасти плодови, најдени при контролите на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на домашниот пазар, но и на увозните пратки. Вкупната сума на изречени парични казни достигнала 618.000 евра.Од АХВ објаснуваат дека инспекциските надзори биле спроведувани врз основа на проценка на ризик, при што објектите со повисок ризик се контролирани почесто.„Одземена и нештетно уништена беше храна – месо и месни производи, млеко и млечни производи, јаткасти плодови, јајца, риба, кондиторски производи, алкохолни и безалкохолни пијалоци во вкупна количина од 355.377 килограми. Вкупната сума на изречени парични казни во 2025 година изнесува 618.000 евра во денарска противвредност“, изјави Миланов од АХВ.Само во внатрешниот промет, инспекторите извршиле 47.200 контроли, при што биле издадени 5.406 решенија и 1.073 прекршочни платни налози, додека биле поднесени и 10 прекршочни и 8 кривични пријави.Исто така, спроведени се 78.016 контроли на увозни и транзитни пратки, со храна од животинско и неживотинско потекло, материјали што доаѓаат во контакт со храна, добиточна храна и живи животни.„Како небезбедни уништени беа осум пратки со храна од неживотинско потекло во количина од 69.785 килограми, а една пратка беше вратена во земјата извозник. Како небезбедни во рамки на овие контроли, уништени беа и три пратки со храна од животинско потекло во вкупна количина од 22.061 килограм. Во истиот период како небезбедни беа вратени и 16 пратки со храна од животинско потекло“, додаде Миланов.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-library8mqvc1lsgqgp0iJDfUN

Политичка претстава без смисла, СДСМ е меѓу минатото и стечајот, вели Куновска

Поранешната советничка во Град Скопје од редовите на СДСМ, Софија Куновска, со остар и ироничен тон го оцени вчерашниот Конгрес на партијата, посочувајќи дека наместо политички настан, јавноста сведочела на уште една лошо режирана и повеќепати повторена претстава. Според неа, Конгресот наликувал на театар на апсурдот, со полна сцена, но без содржина, без визија и без јасна политичка порака.Куновска оценува дека настапот на лидерот на партијата повеќе личел на монолог отколку на автентичен политички говор, составен од механички елементи и носталгични еха од минатото. Таа прави паралела со говорот на Бранко Црвенковски од 2009 година, наведувајќи дека денешната верзија била без емоција, без убедливост и без политичка тежина, како бледо дигитално пресликување на одамна потрошена порака.Во својата анализа, таа наведува дека атмосферата на Конгресот била дополнително режирана преку однапред подготвени настапи и „спонтани“ говори, чија улога била да создадат привид на ентузијазам и единство. Според Куновска, тоа бил хор без сопствен глас, инструментализиран за аплауз по сигнал и поддршка по команда, без вистинска дебата и без соочување со реалноста.Како врв на апсурдот, таа го посочува моментот во кој раководството на партијата ги обвини внатрепартиските критичари за соработка со ВМРО-ДПМНЕ, иако, како што наведува, токму во минатото постоеле тајни политички калкулации и идеи за широка коалиција со истата таа партија. Според Куновска, ваквите обвинувања биле изговорени без чувство на одговорност и без политички усул.Епилогот на Конгресот, според неа, бил очекуван и разочарувачки. Наместо катарза и пресврт, партијата добила уште една реприза на истата агонија, со продлабочување на поделбите и нивно институционализирање. Таа смета дека највисокиот партиски орган, наместо да биде почеток на обновување, послужил како алатка за продолжување на политичкиот застој и одржување на состојбата на, како што вели, политички стечај.Куновска се осврнува и на најавите за наводен „голем бунт“ и појава на нови авторитети, оценувајќи ги како мит и илузија. Според неа, станува збор за истите структури кои со години биле дел од центарот на моќта и не можат да бидат носители на суштинска промена каква што му е потребна на СДСМ.Најголемата трагедија, според нејзината оценка, ја носат искрените и добронамерни членови на партијата, кои остануваат заложници на сценарио во кое СДСМ мора да биде политички парализиран, сè додека не се одиграат клучни заднински процеси поврзани со законски измени и лични интереси на поранешни функционери.На крајот, Куновска предупредува дека по завршувањето на оваа политичка претстава, седиштето на партијата ќе остане како празна сала по завршен театарски чин – без публика, без енергија и без реална политичка функција. Таа додава дека одговорноста за ваквата состојба не е еднострана, посочувајќи дека и одредени структури во ВМРО-ДПМНЕ, преку тивка поддршка од сенка, имаат удел во одржувањето на ова сценарио.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
delai-annuler-emails-gmail

Проблеми со Gmail: Корисниците преплавени со спам во главното сандаче

Корисниците на Gmail во изминатите денови се соочуваат со сериозни проблеми во функционирањето на сервисот, откако нивните електронски сандачиња беа преплавени со несакани и промотивни пораки кои вообичаено автоматски се филтрираат.Проблемот стана забележлив за време на викендот, кога корисници од различни делови на светот почнаа да пријавуваат дека спам-пораките и сомнителните реклами пристигнуваат директно во главното сандаче, наместо во предвидените папки. Наместо ефикасно филтрирање, системот ги испорачува пораките таму каде што им е најмалку местото.Дополнителна загриженост предизвика предупредувањето што се појавува кај голем број пораки, со кое се наведува дека Gmail не ја скенирал содржината за спам, непроверени испраќачи или штетен софтвер. Ова укажува дека проблемот не е само во сортирањето, туку и во безбедносните механизми на сервисот.Од Google потврдија дека се запознаени со ситуацијата и дека инженерските тимови активно работат на нејзино надминување. Од компанијата апелираат корисниците да бидат дополнително внимателни при отворање пораки од непознати испраќачи додека системот целосно не се стабилизира.Покрај проблемите со филтрирањето, забележани се и доцнења во испораката на електронска пошта, што особено ги погодува корисниците кои очекуваат безбедносни кодови за двофакторска автентикација при најавување на други дигитални сервиси.

Магазин | пред 3 седмици

3 нед.
pari-1

Лажен инспектор измамил старица за над 120.000 денари

Секторот за внатрешни работи Битола, во координација со Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност, до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против М.А. (46) од Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело измама, казниво по член 247 од Кривичниот законик.Според информациите од полицијата, на 11 ноември 2025 година, 72-годишна жителка на селото Буково била телефонски контактирана од лице кое се претставило како полициски инспектор. Осомничениот лажно ја известил дека нејзината ќерка и зет предизвикале сообраќајна незгода и дека е потребно итно да предаде пари.Под закана и доведена во заблуда, жената оставила 40.000 денари и 1.500 американски долари на однапред договорена локација во Битола. Откако подоцна утврдила дека информацијата е невистинита и дека станува збор за измама, случајот бил пријавен во полиција.По преземените истражни дејствија, полицијата го идентификувала осомничениот и против него е поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања