3 нед.
media-libraryoj0e0n8hasp6dG6Kzlq

Кавадарчанка уапсена по напад со остар предмет врз сопругот

Триесетгодишна жена од Кавадарци била лишена од слобода утрово по пријава дека со остар предмет му нанела повреди на својот сопруг, информираат од Секторот за внатрешни работи – Велес.Како што соопшти полицијата, денеска околу 6:30 часот полициски службеници од ОВР – Кавадарци постапиле по пријава за семејно насилство, при што во семејниот дом, по претходна вербална расправија, жената му нанела повреди со остар предмет на 43-годишниот сопруг. Предметот бил пронајден и одземен.При преземање на службените мерки било утврдено дека жената имала 2,61 промили алкохол во крвта. Таа била задржана во полициска станица, а за настанот бил известен и надлежен јавен обвинител.По целосно документирање на случајот, против осомничената ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија од СВР – Велес.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-library6ug3fl146464dJlt1Xb

Обилни дождови и релативно високи температури најавени за следната недела

Обилни врнежи од дожд и релативно високи дневни температури ја очекуваат земјава во текот на следната недела, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, најавувајќи нестабилно време под влијание на циклонска активност.Во текот на ноќта и утрешниот ден се очекуваат врнежи од дожд, кои на одделни места ќе бидат пообилни и ќе надминат 30 литри на квадратен метар, а локално се можни и ретки грмежи. На планинските подрачја врнежите ќе бидат од снег. Во Скопје времето ќе биде претежно облачно, со повремени врнежи од дожд, кои од утринските часови утре ќе се засилуваат, а попладне и во текот на ноќта ќе бидат поинтензивни. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, а температурите ќе се движат од минимални околу 9 до максимални 11 Целзиусови степени.Во вторник претпладне, во источните делови од земјата се прогнозираат слаби врнежи од дожд во пониските предели, додека на повисоките места и на планините ќе има мешани врнежи од дожд и снег. Попладне се очекува стабилизирање на времето, но кон крајот на средата и во текот на четврток повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Максималните дневни температури во наредните денови ќе достигнуваат до 13 степени.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
Screenshot-2025-05-08-at-19.47.27

Папата Лав: Војната во Украина мора да заврши

Папата Лав 16-ти изјави дека цивилното население во Украина се соочува со сериозни страдања како последица на континуираните напади и продолжената војна, нагласувајќи дека конфликтот сè повеќе го оптоварува секојдневието на луѓето, особено во тешките зимски услови.Обраќајќи се по неделната молитва, поглаварот на Католичката црква истакна дека продолжените непријателства имаат сè потешки последици за цивилите, при што бројни семејства остануваат изложени на студ, разурнати домови и недостиг од основни услови за живот.Папата Лав 16-ти упати апел до меѓународната заедница за засилување на напорите насочени кон запирање на војната и ублажување на хуманитарната криза, потенцирајќи дека мирот е единствениот пат за ставање крај на страдањата на украинскиот народ.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-library3gmg93i8b4et1V5WONA

Локалните власти бараат повлекување на службата за имиграција од Минесота

Началникот на полицијата во Минеаполис потврди дека федерални агенти за имиграција усмртиле 37-годишен жител на градот, настан што предизвика нов бран жестоки судири и меѓусебни обвинувања меѓу локалните и федералните власти поради засилените депортации што ги спроведува администрацијата на претседателот Доналд Трамп.„Нашето барање е федералните агенции што дејствуваат во нашиот град да работат со истата дисциплина, хуманост и интегритет што се неопходни за ефикасно спроведување на законот“, изјави началникот на полицијата Брајан О’Хара. Тој нагласи дека, според сознанијата на неговата канцеларија, убиениот Алекс Прети бил државјанин на САД и легален сопственик на оружје со дозвола за носење.Убиството, извршено од агент на граничната патрола, дополнително ги влоши веќе зголемените тензии поради претходното пукање во Рене Гуд на почетокот од месецов. Демократските лидери на градско и државно ниво повторно упатија повици до Службата за имиграција и царина на САД да ги повлече своите сили и да ја запре агресивната кампања во регионот на таканаречените „градови близнаци“.Адвокатите што ги застапуваат државата Минесота и градовите Минеаполис и Сент Пол поднесоа итен предлог до федералниот суд, барајќи целосна блокада на операцијата на Министерството за внатрешна безбедност. Во поднесокот се наведува дека е неопходна итна судска интервенција за да се спречи понатамошна ескалација и нови жртви поврзани со операцијата „Метро наплив“.Паралелно, правните застапници на демонстрантите, кои тврдат дека биле незаконски приведени и нападнати од припадници на федералните служби, побараа од апелациониот суд повторно да воведе ограничувања за употреба на солзавец и друга муниција против протестите. Тие предупредија дека се очекуваат нови масовни собири поради смртта на Прети, што создава итна потреба од судска заштита.Градоначалникот на Минеаполис, Џејкоб Фреј, јавно го повика претседателот да ја повлече федералната имиграциска контрола од градот, прашувајќи колку уште жители и американски граѓани треба да загинат или да бидат сериозно повредени за операцијата да запре. Ова е трет ваков инцидент во Минеаполис откако во декември започна засиленото спроведување на имиграциските политики во Минесота.Гувернерот Тим Волц соопшти дека разговарал со претседателот Трамп, оценувајќи ја состојбата како „одвратна“ и побара итен крај на операцијата и повлекување на федералните сили од државата. Сличен став изрази и сенаторката Ејми Клобучар, која јавно побара Службата за имиграција и царина да биде веднаш отстранета од регионот.Од Министерството за внатрешна безбедност, пак, соопштија дека убиеното лице го третираат како осомничен и дека кај него било пронајдено огнено оружје со дополнителна муниција.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-library954e0q8kblbtaDqRrDC

Силна снежна бура ја парализира Америка, стотици илјади домаќинства без струја

Силна зимска олуја што зафати голем дел од Соединетите Американски Држави остави стотици илјади луѓе без електрична енергија, додека метеоролозите предупредуваат дека тешките зимски услови во текот на денот ќе се прошират и кон подрачјата на Њујорк, Филаделфија и Вашингтон.Меѓу најпогодените сојузни држави се Мисисипи, Луизијана и Тексас, каде околу 730.000 домаќинства останале без струја, според податоците на интернет-страницата PowerOutage.us. Според проценките, речиси 190 милиони луѓе, односно повеќе од половина од вкупното население на САД, се соочуваат со ризик од прекини во снабдувањето со електрична енергија и греење, во рамки на една од најжестоките зимски бури во последните неколку години.Метеоролозите најавуваат дека олујата за време на викендот ќе зафати подрачје долго околу 3.000 километри, од Ново Мексико на југозапад до Мејн на североистокот на земјата. Во недела се очекува нејзиното најсилно дејство во регионот на Њујорк, а во повеќе сојузни држави веќе е прогласена вонредна состојба.Неповолните временски услови предизвикаа сериозен хаос во патничкиот сообраќај, при што се откажани илјадници летови. Локалните власти информираат дека обилните снежни врнежи довеле до затворање на бројни патишта и сериозни нарушувања во сообраќајот, состојба што може да потрае и неколку дена. Дополнителен проблем претставуваат слоевите мраз, кои создадоа исклучително опасни услови за патување во одредени области.Поради најавениот продолжен студен бран што се заканува да парализира делови од земјата, властите апелираат граѓаните да останат во своите домови доколку е можно и да избегнуваат користење автомобили. На жителите на Вашингтон им е препорачано да обезбедат батериски светилки и целосно да ги наполнат мобилните телефони, додека во Њујорк, според американските медиуми, во сите пет општини ќе бидат отворени центри за затоплување достапни за граѓаните.Според извештаите, во Крестед Бјут во сојузната држава Колорадо наврнале дури 58 сантиметри снег, во делови од Оклахома околу 20 сантиметри, во Ново Мексико 30 сантиметри, а во Тексас околу 15 сантиметри, што дополнително ја отежнува состојбата на терен.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
opstina-aerodrom-

Левица обвинува за експлоатација на сезонски работници во општина Аеродром

 Општина Аеродром со години ги третира сезонските работници како потрошна роба. Луѓе што секојдневно работат на терен, чистат, одржуваат и ја носат општината „на грб“, се оставени без основни услови за работа, велат од политичката партија Левица.„Советникот Михајло Димовски, директно посочува дека е очигледно дека сезонските работници не носат никакви униформи додека работат, ниту пак имаат некаква дополнителна опрема. Наместо тоа, работат во фармерки и немаат никаква заштита кога временските услови се навистина сурови. Тие немаат обезбедено работни одела, немаат сигурност и стабилност.Наместо вработување на неопределено време, се држат на договори на дело, без права и без иднина. Во општина која има милионски буџет, нема пари за достоинство на работниците, но има за сликање, маркетинг и празни проекти. Трудот мора да се вреднува, а работниците да се почитуваат!Аеродром не смее да биде општина на евтина работна сила и привремени решенија, туку општина со фер услови и сигурни работни места“, се вел иво соопштението.

Скопје | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

Изолацијата на Мицкоси во Давос покажа колку му слугува на Орбан, велат од СДСМ

Дипломатската изолација на Мицкоски се покажа во Давос. Премиерот немаше ниту една средба со светски или европски лидер. Се снимаше по ходници и тераше туризам на сметка на граѓаните, велат од СДСМ.„Единствена средба којшто ја одбележа неговата посета на Давос беше со сопственикот на унгарската 4iG, поврзана со режимот на Виктор Орбан.Ова покажува колку Мицкоски му слгува на Орбан во ширењето на неговото политичко и бизнис влијание.Во оваа насока е и последната одлука на Владата на Мицкоски за влез на компанија 4iG во телекомуникацискиот сектор.Ова не е инвестициски успех туку политички проект за преземање контрола врз стратешки сектори како телекомуникациите и медиумите, создавајќи мрежа на авторитарни влијанија што го изолираат регионот од ЕУ.Сопственици на провладините портали кои се дел од медиумскиот октопод Алфа-Алта во најголем дел се од Унгарија и директно поврзани со Орбан.СДСМ веќе два месеци предупредува за планот на ВМРО за преземање контрола врз стратешките сектори и пред се во медиумите и тој план станува сè поочигледен.СДСМ повикува заштита на националните интереси од странски влијанија што ја загрозуваат независноста и европската иднина на Северна Македонија.Не смее да се дозволи нашата земја да стане дел од овој круг на корупција и авторитарност“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
Screenshot-2025-04-01-at-11.25.51

Ќе се одржи протест за платите да се зголемат за најмалку 6.000 денари и минимална плата на 600 евра

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, преку отворено писмо до граѓаните упати јасна порака дека најавениот протест на 28 јануари не е прашање на удобност, ниту на слободно време, туку прашање на егзистенција. Како што нагласува, ова не е протест на кој се доаѓа „ако се има време“, ниту настан што може да се одложи со оправдувања за студ, темнина или лошо време.Трендафилов истакнува дека протестот е директно поврзан со платата на работниците, која, според него, одамна не е доволна за да се преживее од први до први. Тој нагласува дека никој друг нема да се избори за платата на работникот, ако тоа најпрво не го направи самиот работник, а потоа и сите заедно, преку заеднички и масовен отпор. Протестот, како што наведува, е реакција на системското потценување и понижување на работниците, и од страна на работодавачите и од страна на власта.Во писмото се посочува дека ниските плати за едните значат акумулација на капитал, а за другите средство за политичка контрола, бидејќи, како што вели Трендафилов, сиромашниот народ е полесно управлив. Тој додава дека доколку граѓаните имаат пристојни плати и сигурна работа, нема да бидат принудени да зависат ниту од газдите, ниту од политичките елити.Протестот, според претседателот на ССМ, е и борба за иднината на децата и внуците, бидејќи со мизерните плати, како што наведува, државата свесно ги турка младите да ја напуштаат земјата. Тој ја оцени состојбата како длабока неправда, во која функционерите и носителите на власт добиваат значителни зголемувања на платите, додека работниците остануваат со минимални приходи. Како пример, Трендафилов го посочува растот на платите на избраните и именуваните лица, кои, според него, си обезбедуваат стотици евра повеќе месечно, додека оние што им ја даваат моќта и ги финансираат преку буџетот, остануваат без реална грижа и поддршка.Трендафилов упати апел до работниците и граѓаните да не се плашат и да им се придружат на синдикатите на 28 јануари. Според него, главната цел на протестот е зголемување на работничките плати за најмалку 6.000 денари, преку зголемување на минималната плата на 600 евра.Протестот ќе започне на 28 јануари 2026 година во 17 часот пред Работничкиот дом во Скопје, по што учесниците ќе се упатат кон Собранието, Стопанската комора и зградата на Владата. Трендафилов информира дека за време на протестот ќе биде обезбеден коридор за итни случаи, извинувајќи им се однапред на граѓаните кои евентуално ќе имаат потреба од движење по истите улици, нагласувајќи дека целта е протестот да помине мирно, но јасно и гласно.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarytg7lt258tk4l3M9ecuh

(Видео) Весна уште бара одговори за несреќата на Тоше, и сведочи за родителите „Татко му беше уморен од животот без синот“

Актерката Весна „Бејби“ Петрушевска во гостувањето во подкастот „Претрес со Ландов“ отвори едно од најчесто премолчуваните прашања поврзани со трагичната смрт на Тоше Проески.„Има едно многу важно прашање на кое никој не одговори – ти знаеш како се вика шоферот на камионот? Јас не. Знаеш дека го задржале нешто... Јас исто така не знам. Дали некогаш се спроведе истрага – како, што, зошто, кој е тој камион, како избегал, зошто избегал?“, праша Петрушевска.Таа додаде дека одговори немаат ниту родителите на Тоше: „Колку што знаеме јас и ти, толку знаат и тие луѓе. Тоа ме мачи и мене, исто како што ја мачи цела Македонија и цел Балкан. Кај е шоферот? Зошто го нема? Во ниту еден извештај? Ништо нема. Трилер.“Петрушевска беше прашана и за возачот на автомобилот во кој загина Тоше.„Тој одлежа, Џоле. Колку што знам, некое време беше во затвор. Секако дека не може да е во добра состојба. Последен пат го видов кога ми ги донесе картите за последниот концерт на Тоше на стадион. Кога прашав и мајка му и татко му, беа сосема отсечни – не сакаат ни да го спомнат“, рече таа.Актерката се присети и на разговорите со Тоше во последните денови.„Вечерта во Вртелешка му беше повредена ногата од одбојка. Му реков – кој ќе те вози? А тој ми вика: ‘Џоле ќе ме вози’. Му реков: ‘Чекај, нова е колата, дали знае да ја вози?’ Тој само ме уверуваше – ‘Не се секирај, ќе возиме полека’... Но, знаеш ли што е најстрашно? До денес нема целосни обдукциски наоди. Делумно ги има, ама сè е чудно, заматено. Ние не ги добивме одговорите“, заклучи Петрушевска.Целиот разговор:

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
mobilen-telefon

Се претставил како инспектор, изнудил пари од жена за наводна сообраќајка, па бил фатен на граница

СВР Битола, во координација со Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност, поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Битола против М.А. (46) од Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело „Измама“ по член 247 од Кривичниот законик.Како што информираат од полицијата, на 11 ноември 2025 година, 72-годишна жителка на селото Буково била жртва на телефонска измама. Лице кое се претставило како полициски инспектор ѝ се јавило и лажно ја известило дека нејзината ќерка и зет предизвикале сообраќајна незгода. Под закана и лажно уверување дека е потребно итно плаќање, жената оставила 40.000 денари и 1.500 американски долари на однапред договорена локација во Битола.Откако подоцна утврдила дека информацијата е невистинита, случајот бил пријавен во полиција, по што биле преземени истражни мерки.Осомничениот бил лишен од слобода на 24 јануари 2026 година на граничниот премин Ќафасан, при што во целост го признал делото. Истражната постапка продолжува во надлежност на Основното јавно обвинителство Битола.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-library5c6b9r52rdo3dhLtqw2

(Видео) Куче влезе во жестока борба со волк и успеа да го спаси стадото

Вистинска драма се одвивала во текот на ноќта во близина на шталите на домаќинството Куртагиќ на Пештерската висорамнина, кога кангалот Ајаз застанал на патот на волк и спречил напад врз стадото овци. Иако никој од семејството не бил директен сведок на судирот, глетката што ги пречекала наутро јасно сведочела за жестока борба.– Сè се случило преку ноќ. Утрото го најдовме Ајаз ранет и крвав. Не бевме очевидци, но ни е јасно што се случило. Ајаз постапи херојски и се соочи со ѕверот, како вистински чувар на стадото. Волкот е мртов, а Ајаз повреден, но тој е вистинскиот победник – изјави за РИНА Саладин, сопственик на кучето.Тој додава дека и претходно имале средби со волци, но никогаш со ваков исход. Нападот се случил во вечерните часови, во непосредна близина на шталите.– Волкот не успеал апсолутно ништо, затоа што Ајаз ја покажа целата своја храброст. Сметаме дека бил само еден волк, бидејќи борбата завршила без никакви последици по стоката. Видов дека има угризи, и на задната нога, вкупно три, како и една поголема рана на образот. Кучето носи заштитна огрлица, која веројатно му го спасила животот – раскажува Саладин.На Пештер ваквите средби не се реткост, но примерот со Ајаз уште еднаш ја потврдува улогата на кангалот како последна линија на одбрана на стадото.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarynhpt3n4oh2rjfHXHtLB

Зијадин Села: „Сејф сити“ камерите се против Албанците, за нивна финансиска репресија!

Претседателот на едното крило на Алијанса на Албанците, Зијадин Села, остро реагираше на имплементацијата на проектот „Безбеден град“, оценувајќи дека станува збор за систем кој, наместо безбедност, има за цел финансиска експлоатација на одредена категорија граѓани, пред сè на Албанците.Села посочи дека е загрижувачки кога, како што рече, дури и проекти што се промовираат како општо добро и како мерки за зголемување на безбедноста, во суштина се користат за „удирање по џебот“ на одредени заедници. Според него, не е тешко да се види каде и врз кого се применува проектот „Безбеден град“, наведувајќи дека камерите се поставени токму во Скопје, Куманово и Тетово, како и во скопските општини Чаир, Сарај и Бутел, каде што живее мнозинско албанско население.Тој оцени дека камерите се концентрирани на влезовите и излезите што ги користат Албанците за движење кон Скопје, како и во делови со застарена или недоволна патна и сообраќајна инфраструктура.„Нема семафори, но има камери за казнување. Нема паркинзи, но има глоби. Нема соодветна сообраќајна сигнализација, но има високи казни“, порача Села, нагласувајќи дека ваквиот пристап претставува класичен пример на експлоатација.Во своето обраќање тој ја поврза оваа политика и со финансиските обврски на државата, посочувајќи дека Северна Македонија годинава треба да врати околу две милијарди евра кредити. Според него, тие средства ќе се обезбедуваат токму од граѓаните во средини каде што најмалку се инвестирало, меѓу кои и преку проектот „Безбеден град“.Села додаде дека е свесен оти ќе биде обвинет дека на секое прашање му дава етничка димензија, но нагласи дека, како што рече, ниту тој ниту Алијанса на Албанците некогаш молчеле или ќе молчат кога, според нив, се прави неправда. „Не ние ги посочуваме етничките разлики, туку тие што владеат и што со прст нè обележуваат. Нашата обврска е да зборуваме и да не молчиме“, порача Села.

Коментари | пред 3 седмици

3 нед.
makron

Макрон бара забрана на социјалните мрежи за деца под 15 години уште од септември

Францускиот претседател Емануел Макрон побара од својата влада да ја забрза законската постапка со цел забраната за користење социјални мрежи за деца помлади од 15 години да стапи во сила веќе во септември, на почетокот на следната учебна година, објави Associated Press.Во видео-обраќање емитувано на француската телевизија BFM-TV, Макрон истакна дека побарал активирање на забрзана процедура за законот навреме да биде усвоен и потврден во Сенатот. „Мозоците на нашите деца и тинејџери не се на продажба. Емоциите на нашите деца не се на продажба и не смеат да бидат предмет на манипулација – ниту од американски платформи, ниту од кинески алгоритми“, порача Макрон.Најавата доаѓа само неколку дена откако и британската влада сигнализираше дека размислува за слична забрана за помладите тинејџери, во рамки на построги мерки за заштита на децата од штетни содржини и прекумерна изложеност на екраните. Според податоците на француското здравствено надзорно тело, секој втор тинејџер во Франција дневно поминува од два до пет часа на паметен телефон. Истражувањата покажуваат дека околу 90 проценти од децата на возраст од 12 до 17 години секојдневно користат интернет преку мобилни уреди, а 58 проценти активно се на социјалните мрежи.Во извештаите се нотирани сериозни негативни последици поврзани со ваквата употреба, меѓу кои намалена самодоверба и зголемена изложеност на содржини поврзани со ризични однесувања, како самоповредување, злоупотреба на психоактивни супстанции и самоубиство. Неколку семејства во Франција веќе поднесоа тужби против платформата ТикТок, тврдејќи дека штетни содржини придонеле за самоубиства кај нивните деца.Од кабинетот на Макрон за АП појаснија дека видеото било упатено до пратеничката Лор Милер, која е покровителка на законскиот предлог што треба да се најде на јавна расправа. „Забрануваме социјални мрежи за деца под 15 години и ќе ги забраниме мобилните телефони во средните училишта. Тоа е јасно правило – за тинејџерите, за семејствата и за наставниците“, нагласи Макрон.Како пример, француските власти ја посочуваат Австралија, каде по воведувањето забрана за користење социјални мрежи за лица под 16 години биле укинати околу 4,7 милиони кориснички сметки на деца. Иако таа мерка предизвика жестоки јавни дебати за приватноста, технологијата и менталното здравје, таа стана поттик и за други држави сериозно да размислат за воведување слични ограничувања.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryfluf2ihfeimm37FNNAN

(Видео) „Чичко маестро Џамбаз“: Сеќавање на Александар Џамбазов низ зборовите на Игор Џамбазов

Четири години по смртта на маестро Александар Џамбазов, неговиот син, актерот и музичар Игор Џамбазов, во подкастот Претрес со Ландов зборуваше за ликот, делото и човечката големина на човекот кого генерации го паметат како „чичко маестро Џамбаз“.Џамбазов го опиша татка си како редок спој на врвен професионалец и исклучително топол човек, обожуван од децата од „Златното славејче“, кои му го дадоа прекарот што остана трајно врзан со неговото име. Потсети и на муралот во Дебар Маало, поставен токму во близина на просториите каде што се одржувале пробите и кастинзите на фестивалот, како симбол на љубовта што градот ја има кон маестрото.Во разговорот, Игор Џамбазов се наврати и на музичката ера во која Александар Џамбазов остави длабок печат, особено преку скопските фестивали од седумдесеттите години, кога македонската музика доби простор и признание и надвор од границите. Токму во тој контекст беше спомната и песната „Довидување“, напишана од маестро Џамбазов, а изведена од Јосипа Лисац, која и денес се смета за една од најемотивните и најврвни композиции од тоа време.Џамбазов зборуваше и за последните денови од животот на маестрото, нагласувајќи дека неговото заминување било тивко, достоинствено и без жалби, како што и живеел.„Маестро кој диригираше со животот со иста прецизност како и со оркестрите“, беше пораката што провејуваше низ целото сведоштво.Споменот на Александар Џамбазов, четири години по неговата смрт, останува жив преку музиката и генерациите кои пораснаа со неговите дела, но и преку зборовите на неговиот син, кој го чува неговиот спомен.Целата емисија:

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryphbie5gt48bqei7e6uH

Девојка киднапирана во Струга, полицијата поднесе кривични пријави, четири лица се осомничени

ОВР Струга поднесе кривична пријава против четири лица од Скопје поради сомнение за сторени кривични дела „грабнување“ и „соизвршителство при грабнување“, информираат од Министерството за внатрешни работи.Станува збор за А.А. (25), Д.К. (35), Р.К. (18) и Р.К. (21), кои според пријавата, кривичното дело го извршиле на улицата „Маршал Тито“ во Струга, на штета на 23-годишна девојка од Скопје.Според полициските информации, А.А. најпрво ја забележал девојката и извесно време ја следел, по што во погоден момент насилно ја внел во патнички автомобил. Во извршувањето на делото, како што се наведува, му помогнале и останатите пријавени.Од МВР соопштуваат дека по целосно документирање на случајот, против осомничените се поднесени соодветни кривични пријави, а надлежните органи ќе продолжат со понатамошно постапување согласно закон.

Охрид | пред 3 седмици

3 нед.
eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-42-4810PM

Возач удрил пешак во Охрид и избегал: на повредениот му нашле 1,69 промили алкохол во крвта

Сообраќајна незгода со бегство од местото на настанот се случила доцна синоќа на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, информираат од Министерството за внатрешни работи.Според полициските информации, на 24 јануари 2026 година околу 23:50 часот, патничко возило удрило во пешакот Б.С. (49) од Охрид, по што возачот без да застане го напуштил местото на несреќата. Повредениот пешак со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, каде му биле констатирани телесни повреди.При медицинскиот преглед било утврдено и присуство на алкохол во крвта на пешакот, односно 1,69 промили.Од МВР соопштуваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање и идентификување на возачот на автомобилот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави до надлежните органи.

Охрид | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarys7om2kqll30h2CYB0o0

Едно лице почина, две тешко повредени во три сообраќајни несреќи

На 25.01.2026 во 04:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул. „Александар Македонски“, ул. „16 Македонска Бригада“ и ул. „Интернационални Бригади“ во Скопје, патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(45) од Скопје, излетало од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје, каде што лекар констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција во Судската медицина, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.На 24.01.2026 во 15:43 часот во ОВР Кочани било пријавено дека на ул. „Маршал Тито“ во Кочани, патничко возило „фолксваген голф“ со кочански регистарски ознаки, управувано од А.П.(34) од с. Чешиново, излетало од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Кочани, по што по укажана лекарска помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. По наредба на јавен обвинител, извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кочани.Истиот ден, во 15:15 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат Маврово – Дебар, кај Ростушки мост, се случила сообраќајна несреќа во која патничко моторно возило „фолксваген туран“ со албански национални ознаки, управувано од И.Т.(40) од Република Албанија, излетало од коловозот и се превртело. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката С.Т.(69) од Република Албанија, констатирани во Медицинскиот центар „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на настанот извршила екипа од ОВР Гостивар.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
krazba-kradenje

Тешка кражба во продажен објект на „Партизански одреди“, одземени пари и електроника

На 24.01.2026 во 10:00 часот  во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Партизански Одреди“ во Скопје, во продажен објект, сопственост на М.Д.(50) од Скопје, била извршена тешка кражба, при што биле одземени пари, таблети и мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryeq7tv8cc9qc84AAm9Qw

Драма на гробиштата во Ѓорче Петров: Тепачка за паркинг, а бил употребен и дрвен предмет

На 24.01.2026 во 12:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во кругот на гробиштата на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ј.Ф.С.(38) и Д.С.(33) двајцата од Скопје, при што Ј.Ф.С. употребила и дрвен предмет, додека Д.С. физички ја нападнал мајката на Ј.Ф.С., С.Ф.(60).По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryjlmrdiutfofd23SxeA5

Агресивен маж физички нападнал полицаец за време на службена интервенција

На 24.01.2026 во 20.35 часот во село Смолари, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода М.М.(48) од село Дражево, струмичко.Тој околу 20.30 часот во село Смолари агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени задачи, а во еден момент физички нападнал и еден од нив. М.М. е задржан во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања