3 нед.
media-library5c6b9r52rdo3dhLtqw2

(Видео) Куче влезе во жестока борба со волк и успеа да го спаси стадото

Вистинска драма се одвивала во текот на ноќта во близина на шталите на домаќинството Куртагиќ на Пештерската висорамнина, кога кангалот Ајаз застанал на патот на волк и спречил напад врз стадото овци. Иако никој од семејството не бил директен сведок на судирот, глетката што ги пречекала наутро јасно сведочела за жестока борба.– Сè се случило преку ноќ. Утрото го најдовме Ајаз ранет и крвав. Не бевме очевидци, но ни е јасно што се случило. Ајаз постапи херојски и се соочи со ѕверот, како вистински чувар на стадото. Волкот е мртов, а Ајаз повреден, но тој е вистинскиот победник – изјави за РИНА Саладин, сопственик на кучето.Тој додава дека и претходно имале средби со волци, но никогаш со ваков исход. Нападот се случил во вечерните часови, во непосредна близина на шталите.– Волкот не успеал апсолутно ништо, затоа што Ајаз ја покажа целата своја храброст. Сметаме дека бил само еден волк, бидејќи борбата завршила без никакви последици по стоката. Видов дека има угризи, и на задната нога, вкупно три, како и една поголема рана на образот. Кучето носи заштитна огрлица, која веројатно му го спасила животот – раскажува Саладин.На Пештер ваквите средби не се реткост, но примерот со Ајаз уште еднаш ја потврдува улогата на кангалот како последна линија на одбрана на стадото.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarynhpt3n4oh2rjfHXHtLB

Зијадин Села: „Сејф сити“ камерите се против Албанците, за нивна финансиска репресија!

Претседателот на едното крило на Алијанса на Албанците, Зијадин Села, остро реагираше на имплементацијата на проектот „Безбеден град“, оценувајќи дека станува збор за систем кој, наместо безбедност, има за цел финансиска експлоатација на одредена категорија граѓани, пред сè на Албанците.Села посочи дека е загрижувачки кога, како што рече, дури и проекти што се промовираат како општо добро и како мерки за зголемување на безбедноста, во суштина се користат за „удирање по џебот“ на одредени заедници. Според него, не е тешко да се види каде и врз кого се применува проектот „Безбеден град“, наведувајќи дека камерите се поставени токму во Скопје, Куманово и Тетово, како и во скопските општини Чаир, Сарај и Бутел, каде што живее мнозинско албанско население.Тој оцени дека камерите се концентрирани на влезовите и излезите што ги користат Албанците за движење кон Скопје, како и во делови со застарена или недоволна патна и сообраќајна инфраструктура.„Нема семафори, но има камери за казнување. Нема паркинзи, но има глоби. Нема соодветна сообраќајна сигнализација, но има високи казни“, порача Села, нагласувајќи дека ваквиот пристап претставува класичен пример на експлоатација.Во своето обраќање тој ја поврза оваа политика и со финансиските обврски на државата, посочувајќи дека Северна Македонија годинава треба да врати околу две милијарди евра кредити. Според него, тие средства ќе се обезбедуваат токму од граѓаните во средини каде што најмалку се инвестирало, меѓу кои и преку проектот „Безбеден град“.Села додаде дека е свесен оти ќе биде обвинет дека на секое прашање му дава етничка димензија, но нагласи дека, како што рече, ниту тој ниту Алијанса на Албанците некогаш молчеле или ќе молчат кога, според нив, се прави неправда. „Не ние ги посочуваме етничките разлики, туку тие што владеат и што со прст нè обележуваат. Нашата обврска е да зборуваме и да не молчиме“, порача Села.

Коментари | пред 3 седмици

3 нед.
makron

Макрон бара забрана на социјалните мрежи за деца под 15 години уште од септември

Францускиот претседател Емануел Макрон побара од својата влада да ја забрза законската постапка со цел забраната за користење социјални мрежи за деца помлади од 15 години да стапи во сила веќе во септември, на почетокот на следната учебна година, објави Associated Press.Во видео-обраќање емитувано на француската телевизија BFM-TV, Макрон истакна дека побарал активирање на забрзана процедура за законот навреме да биде усвоен и потврден во Сенатот. „Мозоците на нашите деца и тинејџери не се на продажба. Емоциите на нашите деца не се на продажба и не смеат да бидат предмет на манипулација – ниту од американски платформи, ниту од кинески алгоритми“, порача Макрон.Најавата доаѓа само неколку дена откако и британската влада сигнализираше дека размислува за слична забрана за помладите тинејџери, во рамки на построги мерки за заштита на децата од штетни содржини и прекумерна изложеност на екраните. Според податоците на француското здравствено надзорно тело, секој втор тинејџер во Франција дневно поминува од два до пет часа на паметен телефон. Истражувањата покажуваат дека околу 90 проценти од децата на возраст од 12 до 17 години секојдневно користат интернет преку мобилни уреди, а 58 проценти активно се на социјалните мрежи.Во извештаите се нотирани сериозни негативни последици поврзани со ваквата употреба, меѓу кои намалена самодоверба и зголемена изложеност на содржини поврзани со ризични однесувања, како самоповредување, злоупотреба на психоактивни супстанции и самоубиство. Неколку семејства во Франција веќе поднесоа тужби против платформата ТикТок, тврдејќи дека штетни содржини придонеле за самоубиства кај нивните деца.Од кабинетот на Макрон за АП појаснија дека видеото било упатено до пратеничката Лор Милер, која е покровителка на законскиот предлог што треба да се најде на јавна расправа. „Забрануваме социјални мрежи за деца под 15 години и ќе ги забраниме мобилните телефони во средните училишта. Тоа е јасно правило – за тинејџерите, за семејствата и за наставниците“, нагласи Макрон.Како пример, француските власти ја посочуваат Австралија, каде по воведувањето забрана за користење социјални мрежи за лица под 16 години биле укинати околу 4,7 милиони кориснички сметки на деца. Иако таа мерка предизвика жестоки јавни дебати за приватноста, технологијата и менталното здравје, таа стана поттик и за други држави сериозно да размислат за воведување слични ограничувања.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryfluf2ihfeimm37FNNAN

(Видео) „Чичко маестро Џамбаз“: Сеќавање на Александар Џамбазов низ зборовите на Игор Џамбазов

Четири години по смртта на маестро Александар Џамбазов, неговиот син, актерот и музичар Игор Џамбазов, во подкастот Претрес со Ландов зборуваше за ликот, делото и човечката големина на човекот кого генерации го паметат како „чичко маестро Џамбаз“.Џамбазов го опиша татка си како редок спој на врвен професионалец и исклучително топол човек, обожуван од децата од „Златното славејче“, кои му го дадоа прекарот што остана трајно врзан со неговото име. Потсети и на муралот во Дебар Маало, поставен токму во близина на просториите каде што се одржувале пробите и кастинзите на фестивалот, како симбол на љубовта што градот ја има кон маестрото.Во разговорот, Игор Џамбазов се наврати и на музичката ера во која Александар Џамбазов остави длабок печат, особено преку скопските фестивали од седумдесеттите години, кога македонската музика доби простор и признание и надвор од границите. Токму во тој контекст беше спомната и песната „Довидување“, напишана од маестро Џамбазов, а изведена од Јосипа Лисац, која и денес се смета за една од најемотивните и најврвни композиции од тоа време.Џамбазов зборуваше и за последните денови од животот на маестрото, нагласувајќи дека неговото заминување било тивко, достоинствено и без жалби, како што и живеел.„Маестро кој диригираше со животот со иста прецизност како и со оркестрите“, беше пораката што провејуваше низ целото сведоштво.Споменот на Александар Џамбазов, четири години по неговата смрт, останува жив преку музиката и генерациите кои пораснаа со неговите дела, но и преку зборовите на неговиот син, кој го чува неговиот спомен.Целата емисија:

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryphbie5gt48bqei7e6uH

Девојка киднапирана во Струга, полицијата поднесе кривични пријави, четири лица се осомничени

ОВР Струга поднесе кривична пријава против четири лица од Скопје поради сомнение за сторени кривични дела „грабнување“ и „соизвршителство при грабнување“, информираат од Министерството за внатрешни работи.Станува збор за А.А. (25), Д.К. (35), Р.К. (18) и Р.К. (21), кои според пријавата, кривичното дело го извршиле на улицата „Маршал Тито“ во Струга, на штета на 23-годишна девојка од Скопје.Според полициските информации, А.А. најпрво ја забележал девојката и извесно време ја следел, по што во погоден момент насилно ја внел во патнички автомобил. Во извршувањето на делото, како што се наведува, му помогнале и останатите пријавени.Од МВР соопштуваат дека по целосно документирање на случајот, против осомничените се поднесени соодветни кривични пријави, а надлежните органи ќе продолжат со понатамошно постапување согласно закон.

Охрид | пред 3 седмици

3 нед.
eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-42-4810PM

Возач удрил пешак во Охрид и избегал: на повредениот му нашле 1,69 промили алкохол во крвта

Сообраќајна незгода со бегство од местото на настанот се случила доцна синоќа на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, информираат од Министерството за внатрешни работи.Според полициските информации, на 24 јануари 2026 година околу 23:50 часот, патничко возило удрило во пешакот Б.С. (49) од Охрид, по што возачот без да застане го напуштил местото на несреќата. Повредениот пешак со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, каде му биле констатирани телесни повреди.При медицинскиот преглед било утврдено и присуство на алкохол во крвта на пешакот, односно 1,69 промили.Од МВР соопштуваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање и идентификување на возачот на автомобилот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави до надлежните органи.

Охрид | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarys7om2kqll30h2CYB0o0

Едно лице почина, две тешко повредени во три сообраќајни несреќи

На 25.01.2026 во 04:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул. „Александар Македонски“, ул. „16 Македонска Бригада“ и ул. „Интернационални Бригади“ во Скопје, патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(45) од Скопје, излетало од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје, каде што лекар констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција во Судската медицина, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.На 24.01.2026 во 15:43 часот во ОВР Кочани било пријавено дека на ул. „Маршал Тито“ во Кочани, патничко возило „фолксваген голф“ со кочански регистарски ознаки, управувано од А.П.(34) од с. Чешиново, излетало од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Кочани, по што по укажана лекарска помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. По наредба на јавен обвинител, извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кочани.Истиот ден, во 15:15 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат Маврово – Дебар, кај Ростушки мост, се случила сообраќајна несреќа во која патничко моторно возило „фолксваген туран“ со албански национални ознаки, управувано од И.Т.(40) од Република Албанија, излетало од коловозот и се превртело. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката С.Т.(69) од Република Албанија, констатирани во Медицинскиот центар „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на настанот извршила екипа од ОВР Гостивар.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
krazba-kradenje

Тешка кражба во продажен објект на „Партизански одреди“, одземени пари и електроника

На 24.01.2026 во 10:00 часот  во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Партизански Одреди“ во Скопје, во продажен објект, сопственост на М.Д.(50) од Скопје, била извршена тешка кражба, при што биле одземени пари, таблети и мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryeq7tv8cc9qc84AAm9Qw

Драма на гробиштата во Ѓорче Петров: Тепачка за паркинг, а бил употребен и дрвен предмет

На 24.01.2026 во 12:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во кругот на гробиштата на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ј.Ф.С.(38) и Д.С.(33) двајцата од Скопје, при што Ј.Ф.С. употребила и дрвен предмет, додека Д.С. физички ја нападнал мајката на Ј.Ф.С., С.Ф.(60).По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryjlmrdiutfofd23SxeA5

Агресивен маж физички нападнал полицаец за време на службена интервенција

На 24.01.2026 во 20.35 часот во село Смолари, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода М.М.(48) од село Дражево, струмичко.Тој околу 20.30 часот во село Смолари агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени задачи, а во еден момент физички нападнал и еден од нив. М.М. е задржан во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryhauailip3tq1dUUbmca

Страшна сообраќајка во Скопје: Возач загина откако излетал од булевар

На 25.01.2026 во 04:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул. „Александар Македонски“, ул. „16 Македонска Бригада“ и ул. „Интернационални Бригади“ во Скопје, патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(45) од Скопје, излетало од коловозот.Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје, каде што лекар констатирал смрт.По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција во Судската медицина, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryd8porrs2egkgdO4QMc1

(Видео) „Балканот никогаш не нè сакал повеќе отколку во времето на Тоше Проески, ние најмалку го ценевме“, вели Џамбазов за Тоше

Во емисијата „Претрес со Ландов“, актерот и музичар Игор Џамбазов со силни и емотивни зборови зборуваше за ликот и делото на Тоше Проески, посочувајќи дека Македонија сè уште не ја сфатила вистинската големина на човекот кој за десетина години направи повеќе за државата отколку цели генерации политичари. Роденденот на Тоше, е на исти ден кога маестро Александар Џамбазов почина, за што Игор вели „Има нешто што е чудно“.Џамбазов истакна дека Тоше оставил длабока трага која допрва ќе се согледува, особено од идните генерации, нагласувајќи дека кога си современик и директен сведок на нечие дело, често не ја чувствуваш неговата тежина со истиот интензитет како оние што ќе го откриваат подоцна. Според него, времето ќе покаже дека Тоше Проески бил многу поголем отколку што ние денес сме подготвени да признаеме.Во разговорот, Џамбазов се осврна и на отсуството на Тоше од телевизиските програми, прашувајќи се кога последен пат јавноста видела негов спот на националните медиуми, иако станува збор за уметник со силни пораки, впечатливи видеа и универзални вредности. Тој посочи дека Тоше не бил само пејач, туку културен и дипломатски феномен.„Човек што за десетина години направи тоа што не можат да го направат сите министри за надворешни работи од деведесеттите наваму заедно“, рече Џамбазов, додавајќи дека Балканот никогаш не ја сакал Македонија повеќе отколку во периодот кога Тоше Проески беше на врвот на својата кариера.Тој нагласи дека името на Тоше и денес предизвикува искрени насмевки и почит кај луѓето од целиот регион, од Србија и Хрватска до Словенија, потсетувајќи дека постојат фан-клубови на Тоше Проески надвор од Македонија. Според Џамбазов, тоа е доказ за неговата наднационална вредност и за неговата улога како симбол на поврзување, а не на поделби.Во заклучокот, Џамбазов изрази горчлива констатација дека, како и многу други исклучително успешни луѓе, Тоше Проески можеби бил најмалку ценет токму во сопствената земја. „Времето ќе покаже дека ние најмалку си го сакавме и ценевме“, рече тој, споредувајќи го односот кон Тоше со односот што јавноста го имала кон други македонски уметници кои поголема почит добивале надвор отколку дома.Целиот разговор отвора прашања за односот кон сопствените вредности, колективната меморија и начинот на кој државата се однесува кон оние кои ја претставувале најдостоинствено пред светот.Целата емисија со Џамбазов:

Студио | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryuu75pb4a4cp47plHBXh

Петрушевски: Дали Филипче планирал приватизација на јавни пари преку Жан Митрев?

Случајот со Клиничката болница Жан Митрев и волјата на Венко Филипче да ја присвои во време кога СДС беше на власт е еклатантен пример за расипничко и деструктивно однесување, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ„Овој случај покажува каде Филипче ги пренасочувал парите на граѓаните и зошто, а покажува и дека вршел притисок и ветувал помош во судски случаи.Филипче со однесувањето во овој случај покажува дека неговиот интерес почнува и завршува само ако тој и негови блиски имаат ќар, што го води исклучиво кон криминални мрежи.Филипче стана министер за здравство во Владата на СДС кон крајот на 2017 година и веројатно заедно со другар му Зоран Заев кројат план за зголемување на буџетот на приватната клиника.Па така, буџетот на болницата во 2020 година кога на власт се двајцата достигнал околу 11 милиони евра, или тоа се пари на граѓаните кои ги префрлиле на конто на болницата.Тоа е дупло зголемување на буџетот на болницата кој во 2015 година бил околу 5,8 милиони евра.Очигледно ова бил добро подготвен план за преземање на болницата преку зголемување на буџетот на истата.Ако му успеал планот значи дека Филипче ќе направел приватизирање на јавни пари.Големо намалување на сумата на народни пари на контотото на болницата следи во 2025 година кога се префрлени околу 7,7 милиони евра.Ова е случај кој несомнено треба да има правна завршница“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarybds1v200n6tvcLTEVLc

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Другарството на Венко Филипче и Али Ахмети се покажа како нераскинливо кога имаат заеднички интерес, а во петокот покажаа дека се здружени и против граѓаните и нивните животи, вели Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ„Али и Венко додека беа на власт си другаруваа во криминални шеми со местење тендери и други и слични активности.А сега, Али и Венко, покажаа дека немаат слух воопшто за граѓаните и нивните потреби, па во петокот здружено нивните пратеници гласаа против измените на Законот за прекршоци со кој се заокружуваат правните норми потребни за официјален старт на системот Безбеден град.Замислете, нивните пратеници застанаа против систем кој гарантира безбедност за граѓаните во сообраќајот, систем кој има за цел да ги намали несреќите во сообраќајот, кои во Македонија често се со фатални последици.Според официјалната статистика во пробниот период на безбеден град во декември 2025 година, во сообраќајни незгоди телесни повреди имале 20 лица, а во декември 2024 година тешки телесни повреди имале 25 лица.Системот Безбеден град е и начин да се намали бројката на жртви во сообраќајот, која во Македонија која изнесува на еден милион жители 65 жртви, а европскиот просек е за една четвртина помал или 45 жртви на милион жители.Почитувани,Дружбата на Венко и Али ги носи двајцата и двете партии во пропаст, а ВМРО-ДПМНЕ продолжува посветено да се грижи за граѓаните“, додава Стојаноски.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarycut6gkka4mde9yFxWa5

Тошковски: Системот ‘Безбеден град’ не гледа кој си, туку каков прекршок си направил

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информираше дека е во тек финалната верификација на камерите за автоматска детекција на сообраќајни прекршоци, кои се дел од проектот „Безбеден град“. Како што објави на својот Фејсбук-профил, станува збор за клучна фаза пред целосното пуштање на системот во функција, со јасна цел – зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на бројот на сообраќајни незгоди и загубени човечки животи.„Денеска бев на терен, на локација каде што се спроведува финалната верификација на камерите за автоматска детекција на сообраќајни прекршоци како дел од проектот ‘Безбеден град’.Овој систем го развиваме со единствена цел за зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на сообраќајните незгоди, повредите и загубените човечки животи. Во оваа фаза се врши проверка на точноста на мерењето на брзината, при што утврдените отстапувања се минимални и значително под законски дозволената толеранција, што гарантира сигурност и доверливост на системот.Во првата фаза камерите ќе бидат ставени во функција на локации со зголемен ризик, а во текот на годината системот постепено ќе се проширува на целата територија на државата. Паралелно, ќе бидат активирани и возила на МВР опремени со мобилни камери, особено на т.н. црни точки.Овој систем не гледа кој сте, туку што сте направиле. Тој не познава имиња, функции или позиции туку евидентира исклучиво прекршок. Законот важи еднакво за сите и само на тој начин ќе постигнеме поголема сообраќајна дисциплина и повеќе спасени човечки животи.“, напиша Тошковски.Проектот „Безбеден град“ е еден од клучните безбедносни проекти на МВР, насочен кон системско и технолошко подобрување на сообраќајната култура и превенција на најтешките последици на патиштата.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-library2hcpkqfqrjmh9xdjUO5

Prime Class ги претстави резултатите од 2025 година и топ 5 компаниите за инвестирање во 2026

Со порака дека финансиската писменост, дисциплината и управувањето со ризик се темел на одржливо инвестирање, во Скопје се одржа годишната конференција на Prime Class под наслов „Инвестирањето во 2026“, која собра голем број членови на заедницата, млади инвеститори и професионалци од финансискиот сектор.Настанот беше отворен со обраќање на Иван Ивановски, CEO и основач на Prime Class и ко-основач на Prime Capital by Adora, кој повика на одговорно и свесно инвестирање и на градење култура на долгорочно размислување, наместо следење на краткорочни трендови.„Инвестирањето не е брза одлука и не е игра на среќа. Тоа е процес што бара знаење, структура, дисциплина и трпение. Ако не ги разбираме циклусите и бизнис моделите на компаниите во кои вложуваме, тогаш не инвестираме, туку шпекулираме,“ истакна Ивановски во своето обраќање.Во текот на конференцијата беа презентирани повеќе перспективи за современото инвестирање, од професионално управување со капитал преку примерот на Prime Capital во САД, до разговор со Мелита Гугуловска, генерален директор на Сава Осигурување за инвестициски ризик и улогата на осигурувањето како стратегија за финансиска стабилност. Посебен акцент беше ставен и на примената на вештачката интелигенција во анализа на компании и оптимизација на ресурси, како алатка што веќе денес го менува начинот на носење инвестициски и бизнис одлуки.Вториот дел од настанот беше посветен на резултатите на Prime Class заедницата во 2025 година и на доделување награди на најуспешните студенти. Студентите со најголем раст на портфолио добија признание за дисциплина, континуитет и одлуки донесени во реални пазарни услови. Посебни благодарници добија и најaктивните членови на Дискорд, кои секојдневно со своите совети, поддршка, анализи и коментари градат позитивна инвестициска култура во која сите членови учат од грешките на другите и се радуваат на заедничките успеси.Кулминацијата на конференцијата беше keynote-презентацијата на Иван Ивановски „Топ 5 компании за 2026“, во која беа анализирани глобалните трендови што ќе го обликуваат пазарот во наредната година и критериумите според кои инвеститорите треба да ги препознаваат компаниите со долгорочен потенцијал.„Нашата цел не е да им дадеме на луѓето листа што да купат, туку начин како да размислуваат. Кога ќе научите да ги читате трендовите и да ги разбирате бизнисите зад бројките, тогаш сте чекор поблиску до стабилно и зрело инвестирање,“ нагласи Ивановски.Со конференцијата „Инвестирањето во 2026 година“, Prime Class уште еднаш ја потврди својата мисија да придонесе кон унапредување на финансиската писменост и создавање поодговорна инвеститорска култура во Македонија.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryf8h1ahd2k6sn9eyMOlX

Игор Џамбазов со емотивна објава за татко му Александар: „Ти си маестро, маестро мој“

Денес се навршуваат четири години од смртта на маестро Александар Џамбазов, а по тој повод неговиот син, актерот и музичар Игор Џамбазов, сподели длабоко лична и трогателна објава на социјалните мрежи, посветена на својот татко.Во објавата, Џамбазов открива дел од интимната приказна за човекот кој, како што вели, бил „единствен примерок“, а чие присуство и денес го препознава во сопствениот одраз во огледалото. Текстот е извадок од неговата книга „Облечен човек“ и претставува искрено сведоштво за идентитетот, сенките и величината на еден маестро.„Денес се навршуваат четири години од заминувањето на мојот татко Александар.Ова е дел од приказната за него во мојата книга ‘Облечен човек’.Од пред некое време, наутро, кога ќе застанам пред огледалото, како да го гледам него. Особено кога имам на себе неколкудневна брада, јас и изгледам исто како него. И тоа е можно.До својата 50-та година личев на примероците од ‘велешката сорта’, а оттогаш па наваму, со невидена брзина станувам примерок на ‘штипската крв’.Татко ми Џамбаз е човек што вреди да го имаш за татко. Единствен примерок.Татко ми Џамбаз целиот свој живот се жали дека никогаш не бил свој. Секогаш бил во нечија сенка. Се разбира дека тоа не е така.‘Прво бев сопруг на Анче, па зет на Петре Прличко, а сега сум татко на Игор. А јас? Па што сум тогаш јас?’Ти си маестро, маестро мој.“Со оваа објава, Игор Џамбазов уште еднаш потсети на големината на маестро Александар Џамбазов – не само како уметник, туку и како татко, чиј дух и наследство продолжуваат да живеат преку зборот, музиката и сеќавањето.

Магазин | пред 3 седмици

3 нед.
media-library5p8joka9a2rb9mgjJuB

(ФОТО) Бел гулаб и роденденска торта со бројката 45 во спомен на Тоше Проески

На денешен ден, 25 јануари 1981 година, е роден Тоше Проески, македонски пејач чиј музички талент, човечност и искрена посветеност го втемелија како една од најзначајните личности во современата македонска култура. Со својот глас и дела, Тоше одамна ги надмина границите на музиката и стана симбол на добрина, емпатија и надеж.По повод годишнината од неговото раѓање, неговата сестра Дора и годинава ја продолжи традицијата. Таа сподели фотографија од роденденска торта посветена на својот брат – бела торта со елегантни златни детали, украсена со ангелски крилја и свеќички со бројката 45, како симболичен потсетник на годините што Тоше денес ќе ги наполнеше.И по толку време, споменот за Тоше Проески живее преку неговата музика, хуманите дела и љубовта што ја остави кај генерации луѓе, потврдувајќи дека вистинските вредности не згаснуваат со времето.

Магазин | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryid0kiou0mv3ga7ozFPm

Тепачка кај Аеродромот во Тузла: најтешко повредениот задржан на Клиниката за анестезија и реанимација

Синоќа пред влезот на Меѓународниот аеродром Тузла, во населбата Дубрава кај Живинице, дојде до тепачка меѓу навивачите на Хајдук Сплит (Торцида) и Црвена ѕвезда, по која припадниците на МВР на Тузланскиот кантон привеле 93 лица. Со доаѓањето на полицијата на терен, поголем број учесници се разбегале пеш или со возила се оддалечиле во непознат правец.Полицијата утврдила дека претходно на аеродромот слетал авион со навивачи на ФК Црвена ѕвезда и дека до тепачката дошло веднаш по нивното излегување од аеродромскиот круг, каде што ги чекала Торцида. Во судирот се повредени 23 лица.Порталот Istraga.ba ги објави имињата на учесниците, при што се наведува дека најтешко поминал Стефан Вукшиќ (2000) од Приедор, кој е задржан на лекување на Клиниката за анестезија и реанимација. Тој има повреди на главата, ’рбетот, градниот кош, раката и повеќекратни контузии.Од Универзитетскиот клинички центар Тузла информираа дека кај Никола Каламанда (1983) од Теслиќ, Давид Рикиќ (2005) од Петрово и Здравко Дујиќ (2000) од Приедор се констатирани тешки телесни повреди.– Останатите пациенти беа дијагностички обработени и згрижени на Клиниката за болести на уво, нос и грло и хирургија на глава и врат, како и на Клиниката за ортопедија и трауматологија, по што, по укажаната медицинска помош, беа пуштени на домашно лекување – соопштија од Универзитетскиот клинички центар.(ВИДЕО) Крвава пресметка кај аеродромот во Тузла: Нападнати навивачи на Црвена ѕвезда, 23 повредени и 93 приведени - Скопје1.мк

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
CaptureFEREQYT4QETY

Четири години без Александар Џамбазов – маестро чија музика живее

Денес се навршуваат четири години од смртта на Александар Џамбазов, еден од најголемите велемајстори на современата македонска музика, чиј творечки и културен печат останува длабоко врежан во националната меморија.Роден на 3 февруари 1936 година во Стапар, Александар Џамбазов изгради импресивна кариера како диригент, композитор и културен визионер. Дипломирал на Музичката академија во Белград, а целиот свој работен век го посвети на Македонската радио-телевизија, каде што беше диригент на Танцовиот и ревискиот оркестар. Преку бројни снимки и концерти, во земјава и надвор од неа, тој го претставуваше автентичниот дух на македонската музика.Неговиот творечки опус е исклучително богат и разновиден. Џамбазов е автор на бројни детски песни и беше иницијатор и долгогодишен диригент на фестивалот „Златно славејче“, кој остави неизбришлива трага во музичкото детство на многу генерации. Тој компонираше сценска и филмска музика, меѓу кои и за филмот „Мементо“, како и за драмите „Мајка“ и „Двајца на нишалка“. Во областа на класичната музика се издвојуваат делата „Рапсодија за Скопје“ и „Седум танцови варијации“, како и бројни хорски и популарни композиции со трајна уметничка вредност.За својот исклучителен придонес, маестро Џамбазов доби повеќе од 40 награди и признанија, меѓу кои и државната награда „11 Октомври“, како и наградата „13 Ноември“ на Град Скопје.Александар Џамбазов почина на 25 јануари 2022 година во Скопје, но неговото дело продолжува да живее. Четири години по неговото заминување, македонската култура и понатаму се потпира на темелите што тој ги постави, а неговата музика останува извор на инспирација и симбол на вистинска уметничка посветеност.

Магазин | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања