Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Најнови вести

7 год.
nesreka-1

15 загинати од автобуската несреќа, уште едно лице почина ноќеска

Уште едно лице почина ноќеска, со што бројката на загинати од автобуската несреќа која вчера попладне се случи на автопатот Скопје – Тетово, се искачи на 15 лица.несреќата се случила кога автобус на гостиварската фирма „Дурмо турс“ со преминал преку заштитната ограда на спротивна страна од автопатот, потоа излетал од патот и се превртел во близина на селото Ласкарци.На местото на настанот загинаа 7 , а подоцна на тешките повреди им подлегнаа уште 8 патници.Во 12 часот денеска вонредна седница по повод трагичниот настан ќе одржи Општина Гостивар. Се очекува советниците да донесат одлука за прогласување тридневна жалост во знак на почит кон загинатите.Денеска и утре, 14 и 15 февруари, се прогласени за денови на жалост. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
nesreka-3

(ВИДЕО) Сведоштво на еден од патниците: Многу брзо се случи се, додека се освестивме, веќе бевме превртени

Еден од повредените во вчерашната автобуска несреќа, за медиумите раскажа како се случила сообраќајката.„Многу брзо се случи се, наеднаш како да изгуби контрола автобусот, од едната лента во другата и паднавме долу, тоа траеше неколку секунди. Додека се освестиме веќе бевме превртени, во многу лоша состојба се сите. Полн беше автобусот, од работа доаѓавме, тоа е најфреквентната линија, до последно место беше полн автобусот“ сведочи повредениот во изјава за ТВ Клан.https://www.facebook.com/KlanMacedonia/videos/402400457181489/

Македонија | пред 7 години

7 год.
nesreka-3

Сведок: Со мои раце извадив 4 мртви и 2 повредени од собраќајната несреќа

На социјалната мрежа Твитер, сведок раскажува како со свои раце извадил мртви тела од автобусот кој летна во провалија.„Со мои раце извадив 4 мртви и 2 повредени од собраќајната несреќа во карпалак,во такви моменти не размислуваш дали е Албанец, Македонец, Ром, во такви моменти човек се покажува колку е човек, секоја чест и за селаните на тие села да не беа тие катастрофата ке беше уште поголема.“https://twitter.com/ViktoryyVeb/status/1095750469220216832

Македонија | пред 7 години

7 год.
filharmonija

Македонска филхармонија го откажа концертот поради сообраќајната несреќа

Концертот „Моја љубов“, кој требаше да се одржи денес е откажан поради трагичната сообраќајна несреќа која се случи на автопатот Скопје - Тетово.„Почитувани, Македонската филхармонија со жалење и огромна почит кон починатите во трагичната сообраќајна несреќа кај Карпалак и кон нивните семејства го откажува утрешниот концерт „Моја љубов“. Датумот на кој ќе биде одржан концертот ќе биде дополнително објавен. Слава им“, стои во дописот на Македонската филхармонија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Mickoski-pres

Мицкоски: Сочуство до семејствата на оние кои ги загубија животите

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил изрази сочувство за загинатите во тешката сообраќајка што се случи на патот Скопје – Тетово.„Со длабоко жалење и неверување ја примив страшната вест за автобуската сообраќајна несреќа.Искрено сочуство до семејствата на оние кои ги загубија животите.Нашите молитви се со семејствата на настраданите и повредените од оваа страотна несреќа.ВМРО-ДПМНЕ со своите расположливи капацитети стои на располагање да помогне“, напиша Мицкоски.Длабоко сочувство до семејствата и сите блиски на загинатите сограѓани во автобуската несреќа на патот Скопје – Тетово, изразија и вицепремиерот Бујар Османи, министерот за надворешни работи Никола Димитров, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари, лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села.

Македонија | пред 7 години

7 год.
edi-rama-696x523

Еди Рама: Жал за трагедијата на автобусот, духовно сме покрај сите семејства

По тешката сообраќајна несреќа што се случи на патот Скопје-Тетово, кај село Ласкарци, албанскиот премиер Еди Рама преку својот Твитер профил изрази длабоко сочувство до семејствата на загинатите, а на повредените им посака брзо закрепнување.„Жал за трагедијата на автобусот во соседната земја Северна Македонија, каде што бројот на жртви и повредени шокираа и вознемирија толку многу семејства. Ние духовно сме покрај сите семејства и целата пријателска земја“, напиша Рама.

Македонија | пред 7 години

7 год.
avtobus-krov

(ВИДЕО АЛСАТ) Најнова вест: Се преврте автобус нa автопатот Скопје - Тетово

Несреќа на автопатот Скопје - Тетово, кај селото Ласкарци. Гостиварски автобус полн со патници се излизгал, излетал од патот откинувајќи ги еластичните огради и се превртил на кров.https://www.facebook.com/AlsatMTelevision/videos/814386565560342/ Видео АлсатНаскоро повеќе...

Македонија | пред 7 години

7 год.
49343485_234656194113582_8744810236520431616_n

Сончево со мала облачност, утре локални врнежи од снег

Претпладне времето ќе биде сончево со мала облачност, околу пладне и попладне облачноста ќе се зголемува па ќе преовладува променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, особено изразен вдолж Повардарието. Температурта ќе се движи од -1 до 10 степени.Во Скопје променливо облачно време со температура од -2 до 7 степени.И утре ќе дува умерен до засилен северен ветер, а ќе има и локални врнежи од снег. Од сабота следува период на претежно сончево време со пораст на дневната температура.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Сообраќајот во западните делови од државата се одвива по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози во западниот дел, додека на останатите патни правци коловозите се претежно суви.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони

Македонија | пред 7 години

7 год.
DSC_0933

Владата ги прогласи 14 и 15 февруари за Денови на жалост

Владата на Република Северна Македонија одржа вонредна седница по трагичната сообраќајна несреќа што се случи на патот Скопје -Тетово во близина на село Ласкарци, на 13 февруари 2019 година.Владата ги прогласи 14 и 15 февруари за Денови на жалост, во сеќавање на нашите сограѓани кои трагично ги загубија животите.На Деновите на жалост, знамето на Република Северна Македонија ќе биде истакнато на половина копје.„Тешка ноќ. Полна со неизмерна болка и тага.Немам зборови кои можат да бидат доволна утеха за семејствата на нашите сограѓани кои вечерва трагично ги загубија животите во тешката сообраќајна несреќа.Сочувствуваме со нивните семејства и нивната загуба.Вечерва нашата држава тагува.Ги мобилизиравме сите сили и капацитети да им помогнеме на сите повредени кои се во опасност, колку што може побрзо да ја добијат неопходната помош и да им се вратат на своите најблиски.Вечерва, Владата донесе одлука со која 14 и 15 февруари ги прогласува за денови на жалост. Тоа е утре и задутре.Дозволете да ги соопштиме некои од фактите кои што веруваме дека ќе ги интересираат граѓаните.Автобусот се движел на релација Скопје-Тетово, несреќата е кај село Ласкарци. Неутврдени се причините, истрагата е под раководство на надлежниот обвинител. Денеска е завршена на лице место, продолжува, и веднаш штом ќе заврши ќе бидат соопштени сите факти и детали за причините за случувањето на оваа тешка сообраќајна несреќа.Автобусот поминал директно на спротивната страна, ја поминува спротивната страна, влегува дури и на регионалниот пат, паѓа на регионалниот пат и паѓа и понатаму после регионалниот пат во делот на удолнината.Интервенциите беа брзи на сите институции, вклучително МВР и државните болници, но и сите приватни болници коишто промтно и безпоговорно веднаш ги испратија сите свои ресурси.Вечерва, за жал животите ги загубија 14 наши сограѓани. Седум наши сограѓани починале на лице место на несреќата. 37 лица биле хоспитализирани во болницата 8-ми септември, односно донесени, 6 од тие 37 лица се починати во 8-ми септември. Во Свети Наум Охридски имаме едно починато лице, 2 лица биле пренесени во Тетово и се во добра состојба, едно лице е на домашно лекување од Гостивар, во Мајка Тереза, 8 лица од кои 3 се со сериозни повреди“, изјави премиерот Зоран Заев.

Македонија | пред 7 години

7 год.
nesreka-3

Во сообраќајката загина и син на пратеник од СДСМ

Во трагичната автобуска несреќа која се случи попладнево на патот од Скопје кон Тетово, загина и Јовица Трпевски кој е син на пратеникот Благојче Трпевски од редовите на СДСМ, објави порталот Нова ТВ.Во Институтот за судска медицина се идентификуваат лицата што починаа во тешката сообраќајка кај Карпалак.

Македонија | пред 7 години

7 год.
nesreka-tetovo

МВР врши увид на местото на несреќата, ќе се работи и во текот на ноќта

До пред малку затвоен за сообраќај беше автопатот Скопје - Тетово, поради трагичната сообраќајна несреќа која се случи попладнево. Од Авто мото сојузот на Македонија информираат дека автопатот Скопје - Тетово - Скопје во 20:55 часот е пуштен за сообраќај во двата правци.Инаку увидот на местото на несреќата на патот Скопје-Тетово се уште трае, а ќе продолжи и во текот на ноќта и утре. Истовремено, дадена е наредба за обдукција на загинатите, информираше вечерва портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Тони Ангеловски.Тој апелира да не се шират шпекулации во врска со причините за несреќата и кажа дека веќе е разговарачно со возачот на автобусот, а по завршување на увидот ќе се знаат повеќе детали.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ljubco_georgievski

ВМРО-Народна партија упати искрено сочувство до семејствата на загинатите патници

ВМРО-Народна партија упатува искрено сочувство до семејствата на загинатите патници од автобусот кој вечерва се преврти покрај автопатот Тетово – Скопје.„Во овие тешки моменти како за нивните роднини и пријатели така и за сите граѓани на Македонија упатуваме апел до сите без разлика на вера, нација и политичка определба да го почитуваат овој траорен ден без ситни потфрлувања и иронични мислења за тоа како и врз база на што се случила несреќата. За тоа ќе се погрижат надлежните институции, а тоа што ние најмалку можеме да го направиме е да сочувствуваме со нашите сограѓани, другари, роднини, а на повредените да им посакаме брзо заздравување.ВМРО-Народна партија упатува голема благодарност до сите надлежни екипи но и луѓето кои несебично излегоа на лице место и помогнаа во извлекувањето на настраданите во вечерашната несреќа“, се вели во партиското соопштение.

Македонија | пред 7 години

7 год.
1200px-Informal_meeting_of_ministers_for_foreign_affairs_Gymnich._Arrivals_Nikola_Dimitrov_36957321831

Димитров преку ФБ: Каква трагедија, длабоко сочувство до семејствата и сите блиски на загинатите

Министерот за надворешни работи Никола Димитров преку својот Фејсбук профил испрати сочуство до семејствата на загинатите во тешката сообраќајна нестреќа на автопатот Скопје - Тетово.„Длабоко сочувство до семејствата и сите блиски на загинатите сограѓани во автобуската несреќа на патот Скопје - Тетово. Каква трагедија“, напиша Димитров

Македонија | пред 7 години

7 год.
nesreka-2

ОJO врши увид на местото на тешката автобуска несреќа на автопатот Скопје-Тетово

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје врши увид на лице место на тешката сообраќајна несреќа која се случи на автопатот Скопје – Тетово и во која до овој момент 13 лица го загубија животот, а повеќемина се повредени.Според првичните информации од увидот, несреќата се случила попладнево кога автобус на компанијата „Дурмо турс“ со гостиварски регистарски таблици преминал преку заштитната ограда на спротивна страна од автопатот, потоа излетал од патот и се превртел во близина на селото Ласкарци.Во насока на утврдување на причините за несреќата, јавниот обвинител ќе издаде наредби за обдукција на починатите лица, како и за вонреден технички преглед на возилото. Во текот на ноќта местото на несреќата ќе биде обезбедено, а увидот и извлекувањето на автобусот ќе продолжи во текот на утрешниот ден.Возачот на автобусот е повреден и хоспитализиран, а од страна на надлежен јавен обвинител е издадена наредба за анализа на крв и урина.

Македонија | пред 7 години

7 год.
filipce

Филипче: 13 починати лица во автобуската несреќа на автопатот Скопје - Тетово

Вкупниот број на загинати е 13 лица, истакна предмалку министерот за здравство Венко Филипче.„За жал се случи тешка сообраќајна несреаќа. Веднаш по информацијата се упатив на лице место и јас и тимови од Здравствен Дом, како и од приватните институции „Неуро медика“ и „Систина“. Пациентите се транспортирааа во Скопкските болници.Во болницата 8 ми септември примени се 25 пациенти, 22 се хоспитализирани, 3 пациенти се пуштени на домашно лекување. 4 лица се во одделот за интензивна нега, 2 лица чекаат за хируршка интервенција. Во ургентното одделение 3 лиц се со полесни повреди, а има и една бремена жена, 5 пациенти се во загружувачка состојба, истакна министерот.Искрено жалам изреагиравме веднаш. За исклучително кратко време се даде помош. Се надевам нема да има дополнителни компликации, додаде министерот.Филипче додаде дека се откриват идентитетот на починатите.„Го знаеме на оние кои се примени свесни. Нема деца, но има и луѓи на воздраст околу 25 - 30 год. 7 лица беа починати на лице место, а 5 починаа тука. Почината е пациентката нво старта градска болница“, истакна Флипче.

Македонија | пред 7 години

7 год.
taravari-1

Таравари: 5 пациенти се во кома центарот, шоферот за среќа е жив, во релативно стабилна состојба

„Шоферот за среќа е жив, во релативно стабилна состојба, се надеваме дека од него ќе добиеме информации за тоа што се случило“, истакна градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.Таравари повтори информации кои предмалку ги даде и министерот Филипче, а тоа се дека околу 5 пациенти се во кома центарот. Од нив 2 се помлади, а тројца на средна возраст. 22 пациенти во релативно стабилна состојба. 5 пациенти се наоѓаат во клиничка болница. Врз сите се превземаат сите медицински активности“, истакна градоначалникот на Гостивар.Тој додаде дека се сретнал и со семеjствата на патниците од автобусот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
nesreka-2

(ОБНОВЕНО)Неофицијално 6 жртви и многу повредени во несреќата на автопатот Скопје - Тетово

Шест патници загинаа во автобуската несреќа на излез од Скопје кон Тетово, според првичните неофицијални информации. Само во болницата „8 Септември“ досега се пренесени 35 повредени.Кон местото на несреќата се пуштени се сите амбулантни возила со кои располагаат државните здравствени установи, а помош понудија и приватните болници.„Примени се 35 пациенти до овој момент. Од нив 4 се мртви и еден во интензивна нега му се прави реанимација. Сите други лице се вон животна опасност“, истакна директорот на градската општа болница 8 септември, Христијан Костов, во изјава за А1 ОН.МК.Директорот за порталот додава дека сите екипи се мобилизирани, операционите сали се подготвени. Болницата е подготвена да ги прими поврденте.Причините за несреќата не се познати. Според очевидци, се случила откако автобусот преминал на другата страна од колозовот, ја пробил оградата и се превртел во провалијата.Патнички автобус со 50-тина патници попладнево околу 17 часот излетал и се превртел од кај село Ласкарци на излезот од Скопје, движејќи се по новиот пат кон село Бојане.

Македонија | пред 7 години

7 год.
nesreka-3

(ФОТО) Неофицијално две жртви и 30 тина повредени во несреќата на автопатот Скопје - Тетово

Според првичните неофицијални информации во несреќата која се случи попладнево на автопатот Скопје - Тетово, има двајца загинати и над 30 тина повредени кои со возила на брза помош се пренесуваат во болниците во Скопје. На лице место има и противпожарни екипи кои помагаат во извлекување на повредените. Болниците во Скопје се мобилизираат да ги примат повредените.Несреќата се случи во близина на месноста Карпалак на автопатот Скопје – Тетово.Министерот Венко Филипче и медицински тимови од Здравствен дом Скопје, приватните болници Неуромедика и Систина се упатиле на местото на несреќата.https://www.facebook.com/filipce.venko/posts/2031785237128499 Несреќата според очевидци, се случила откако автобусот преминал на другата страна од колозовот, ја пробил оградата и се превртел во провалијата.Наскоро повеќе...

Македонија | пред 7 години

7 год.
svinja-plaza

(ВИДЕО) Позната Инстаграм ѕвезда додека позирала на плажа, ја гризнала свиња

Атрактивната Инстаграм ѕвезда Мишел Левин од Венецуела доживеала непријатно искуство на бахамска плажа со свињите. Додека позирала ја гризнала свиња.Видеото постирано на инстраграм собра 5 милиони прегледи.https://www.instagram.com/p/BtwWkKKhF58/

Магазин | пред 7 години

7 год.
cigari-skandal-1

Вработени пушат цигари на хистопатологија?

Нов скандал поврзан со здравството. По социјалните мрежи се појави слика на која се гледа како вработени во хистопатологија пушат цигари, а на масата има и пепелници полни со отпушоци.Станува збор за оддел каде се проверуваат ткивата на пациентите дали се заболени од нешто или не.Во продолжение статусот и фотографијата на граѓанин, кој имајќи потеба тропнал и на ова врата, носејќи примерок. Се разочарал кога видел дека докторка и доктор се над микроскоп и испитуваат ткиво со цигари во раце, а на бирото имало два пепелника полни со отпушоци.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Трајно одземање на возачките дозволи на пијаните возачи

Од возачите во Македонија 80 проценти барем еднаш во животот возеле под дејство на алкохол, а пет отсто тоа го прават чето, покажало истражувањето на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот и патиштата РСБСП.Статистиката покажала дека во 2018 година во сообраќајни незгоди загинале 129 лица, во 2017 година 155, а во 2016 загинале 165 лица. Од РСБСП информираат дека околу 6.000 во сообраќајки се повредени секоја година.-Оние пет проценти кои често возат пијани заслужуваат секаква осуда. За нив дефинитивно само големи казни, одземање на возачката дозвола и исклучување од сообраќајот, не привремено како што налага Законот (максимум 12 месеци), туку и трајно (со измена на законската регулатива). Нив слободно можеме да ги наречеме: несовесни, неодговорни, недостојни, непримерни возачи, па и личности. Тие претставуваат голема опасност за безбедноста во сообраќајот и за животот и здравјето на сите учесници во сообраќајот. За ова, сите се сложуваме-нагласуваат од РСБСП.Според нив опасни возачи се и оние 80 проценти кои барем еднаш возеле пијани и дека и тие се несвесни подеднакво како оние кои чето управуваат возило под дејство на алкохол.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Studentski-dom-K.J.-Pitu-Skopje

Студентскиот дом “Кузман Јосифовски – Питу” во иднина ќе се затоплува со парно

Студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ и АД БЕГ Скопје денеска потпишаа меморандум за соработка, со цел замена на системот на греење на Студентскиот дом од нафта за греење/мазут со приклучување кон системот на централно греење на АД БЕГ Скопје.Меморандумот за соработка го потпишаа директорите на Студентскиот дом и на БЕГ, Дарио Николовски и Димитар Кочовски.– Домот “Кузман” е црна точка која го загадува воздухот, а со приклучувањето кон топловодниот систем ќе се елиминира овој загадувач – рече Кочовски.Министерот за животна средина, Јани Макрадули, смета дека со овој чин почнува практичната имплементацијата на Планот за почист воздух и дека нивните пресметки кажуваат дека со 230 тони мазут, колку што годишно трошеле, тие генерирале 28 килограми ПМ 2,5 честички.

Скопје | пред 7 години

7 год.
sekerinska_nato_1

(ВИДЕО) Средба Шекеринска - Столтенберг во Брисел

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, денеска во Брисел, пред официјалниот министерски состанок на НАТО на ниво на министри за одбрана, се сретна со генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.Шекеринска пред средбата изрази благодарност до генералниот секретар Столтенберг за искрената поддршка и личното залагање во процесот на пристапување на нашата земја во НАТО.„Чест ми е и привилегија за мене и за мојата земја да бидам тука, за прв пат на НАТО министерскиот состанок. Тоа е доказ дека политичката храброст се исплати, дека промените се можни дури и на Балканот, дури и во времиња како овие. Тоа е и доказ дека не постојат смрзнати проблеми, туку единствено смрзнати решенија. Ќе ми биде привилегија да седам веднаш покрај вас, и покрај останатите колеги министри за одбрана“, рече министерката Шекеринска. Министерката изрази уверување дека ние можеме да го направиме нашиот регион подобар и постабилен и дека можеме да покажеме дека политиката на отворени врати на НАТО не се само зборови, туку реални дела и реална заложба.Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг истакна дека му е голема чест што министерката Шекеринска денеска ќе учествува на министерскиот состанок во НАТО.„Ова е голем момент за сите нас. Ние навистина го цениме прогресот кој го направивте, и без вашата лична посветеност, посветеноста на вашето лидерство и на вашата влада ние немаше да бидеме во можност да ве имаме тука, односно да ве поканиме на овој министерски состанок. Ова е еден голем ден и со нетрпение го очекувам денот кога ќе бидете наш полноправен член, штом заврши процесот на ратификација на пристапниот протокол кај сите 29 сојузници“, рече генералниот секретар Столтенберг.По состанокот со генералниот секретар, министерката Шекеринска ќе учествува на состанокот на министри за одбрана на Северноатлантскиот совет на НАТО. На овој состанок местото за министерката е меѓу првиот човек на НАТО, Столтенберг и секретарот за одбрана на САД.„Македонија по три децении битка за свое место во Алијансата, успева да седне на иста маса со сите членки, сојузници на Алијансата и ова е ден за гордост, не само за мене како прв министер за одбрана кој ќе ја има таа чест, туку и гордост за сите граѓани на нашата земја“, порача министерката.Во текот на денешниот ден, министерката се сретна со бугарскиот министер за одбрана, а ќе се сретне и со грчкиот, со турскиот, со белгискиот, со канадскиот и со британскиот министер за одбрана.

Македонија | пред 7 години

7 год.
zaev_sredba_4

Средба на премиерот Заев со претставници на филмските проекти „Господ постои, името ѝ е Петрунија“, „Медена земја“ и „Исцелител

Претседателот на Владата, Зоран Заев, имаше средба со претставници на филмските проекти, филмовите „Господ постои, името ѝ е Петрунија“, „Медена земја“ и „Исцелител“.Премиерот Заев им честиташе на филмските работници за огромните успеси на светско ниво, за светската премиера на филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на 10. февруари, во официјална конкуренција на престижниот Берлински филмски фестивал, за светската премиера на „Медена земја“ на најголемиот американски фестивал на независен филм Санденс, каде што доби три награди, како и за успесите на филмот „Исцелител“, прикажан на 53 меѓународни фестивали и 8 домашни, на коишто освои 15 меѓународни и 4 домашни награди.- Вашите успеси се успеси и на нашата држава, рече премиерот Заев.Претседателот на Владата, Заев најави зголемување на буџетските средства за филмот, што е поздравено од страна на филмските работници.- Успесите на државата, со влезот нашата земја во НАТО и очекуваното отворање на преговорите со ЕУ отвора можности за развој на земјава, повеќе инвестиции, повеќе пари, достапност до фондови, но и до нови пазари и полиња. Очекувам дека и вашите успеси само ќе растат, ја имате поддршката од Владата, рече премиерот Заев.На средбата, филмските работници ги споделија позитивните искуства на светско ниво, што, како што рекоа се успех на целата држава. Во кинематографијата на нашата држава, како што беше речено се препознаваат таленти кои зборуваат на филмски јазик што го привлекува вниманието на светската филмска јавност. Исто така, како што е заеднички констатирано, филмската уметност, како и целата култура, со негувањето на критичкиот пристап, актуелизира важни теми од реалноста, важни за граѓаните, а тоа води и кон поефикасни решенија во општествена смисла. Во таа насока се разговараше за значењето на поддршката од државата, во финансиска и квалитативна смисла, за да може филмот од Република Северна Македонија, да го задржи растечкиот тренд на интересот на светската филмска јавност. Филмските работници ја поздравија средбата со премиерот Заев и определбата на Владата да го поддржи и помага развојот на филмската индустрија.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања