Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Најнови вести

7 год.
mak-Nato-1

СДСМ: Република Северна Македонија живее нова ера на слободно и демократско општество на рамноправни граѓани

Кревањето на знамето на НАТО заедно со нашето ја одредува иднината на нашите поколенија. И тоа не само како симболика туку како реалност, велат од СДСМ.„Новата страница на сигурна и стабилна иднина е завртена, ние сме НАТО, нацијата се гордее со историскиот успех.Нашата татковина која наскоро ќе биде Република Северна Македонија живее нова еран а слободно, демократско и напредоноопштество на рамноправни граѓани.Само ВМРО-ДПМНЕ и антизападниот Мицкоски остануваат заглавени во антизападната матрица и не можат да се помират со остварувањето на стратешкиот интерес – членство во НАТОРепублика Северна Македонија станува 30 земја членка на НАТО, ВМРО-ДПМНЕ останува изолирана во својата антизападна матрица на деструкција и блокади“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
IMG-20190212-WA0002

Тевдовски: Праведниот данок ја намалува доходовната нееднаквост и го поттикнува економскиот развој

Министерот за финансии Драган Тевдовски присуствуваше на конференцијата: „Даноци, правда и економски развој“, што се одржува во Ереван, Ерменија, организирана од германската фондација „Фридрих Еберт“. Тој во своето излагање ги презентираше македонските искуства за реформирање на даночниот систем, со цел намалување на доходовната нееднаквост и забрзување на економскиот развој.Министерот Тевдовски е поканет како говорник на конференцијата заради визијата за поправедно општество и кредибилното водење на јавните финансии.-Само преку создавање на кредибилни институции и одговорно управување со истите можеме да одиме напред. Владата уште од почетокот е посветена на креирање на подобро општество за сите. Целите се подобар животен стандард за граѓаните, напредок на земјата и развој на економијата. Во делот на даноците сме посветени на креирање на праведен даночен систем - изјави министерот Тевдовски.Тевдовски во својата презентација ги објасни и причините поради кои Владата одлучи кај нас да воведе праведен, прогресивен данок почнувајќи од годинава.Министерот за финансии во своето обраќање направи споредба помеѓу прогресивните и рамните даноци. Зборуваше за нивните ефекти врз доходовната нееднаквост, јавниот долг и економскиот раст.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Силјановска: Немам намера да се симнувам во калта

Професорката Гордана Силјановска-Давкова, која поднесе кандидатура за претседател на Македонија, на својот Фејсбук профил порача дека секојдневно добива напади и клевети, со цел да ја оттргнат од претседателската трка.„Од моментот кога ја најавив мојата кандидатура за претседателски кандидат, изложена сум на најнепримерени ad hominem напади, клевети и инсинуации. Доаѓаат од различни страни, и веројатно се наменети да ми ја скршат волјата и да ме натераат да се повлечам од валканиот политички ринг.Но, сакам да ве уверам дека ќе одам до крај, затоа што мотивацијата и одважноста ги црпам од вас, граѓаните. Простете што не секогаш можам да одговорам на вашите повици, емаил пораки, пораки во инбокс, пораки пренесени преку моите блиски… Но, тие ми значат многу, и верувајте дека ги примам со должно внимание. Како професор по уставно право и политички систем, но и поради кусиот ангажман во политиката, а особено по се’ што преживеав во референдумската кампања од 2004 година, сите овие работи ми се многу добро познати, и за жал, очекувани.Свесна сум дека пропагандната машинерија е ставена во погон. Но, ве уверувам дека мојот стил ќе биде поинаков. Јас немам намера да се симнувам во калта, да одговарам на ист начин, ниту да се бранам од лични дискредитации. Јас имам многу поголема цел пред себе, а тоа е нашата Македонија, која се брани со љубов, знаење и чест.Секојдневно се потпирам на вашата граѓанска поддршка, црпам енергија од вашите насмевки и добри мисли, и така ќе продолжам да чекорам, се’ додека ја имам вашата поддршка. На сето она што е легитимен јавен интерес и ве засега, и како јавност и како граѓани, ќе одговорам доколку и штом станам и официјално претседателски кандидат. Бидете живи и здрави, и не се обѕирајте кон сите што патем (ќе) не’ напаѓаат. СИТЕ ЗАЕДНО ЗА МАКЕДОНИЈА!“, напиша Силјановска-Давкова.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Kiril-Lazov

(ВИДЕО) Лазов до градоначалникот на Велес: Ќе поднесете ли кривична пријава за сторениот криминал?

Деновиве можевте да видите и слушните уште една дволичност на актуелниот градоначалник Аце Коцевски кога невешто се обиде да ги ескивира фактите и аргументите за пречинатиот криминал и штета по општинскиот буџет од страна на екс раководителот на ЈП за стопанисување со спортски објекти Парк спорт на кој ВМРО-ДПМНЕ благовремено укажа, изјави Кирил Лазов од ВМРО-ДМПНЕ на денешната прес-конференција.„Затоа почитуван Коцевски во оваа прилика ќе ви поставиме уште неколку прашања?Зошто речиси повеќе од една година на седниците на Советот не беше спомнат ниту збор за ова јавно претпријатие?Кој ја контролираше работата на ова јавно претпријатие кое е под ингеренции на општината?Зошто дозволивте за целиот период ЈП Парк спорт да нема управен одбор, други органи на контрола, правилник за распределба на плати и слично?Зошто навреме не проверивте каде, како и зошто се исплаќаат илјадници денари на граѓаните даночни обврзници на име на непостоечки адвокатски услуги“, вели Лазов.Тој прашува дали навреме ќе ја прифати лично одговорноста за овој скандал и ќе поднесе кривична пријава за сторениот криминал?„Многу лесно сакате да помините за овој скандал, за кој вина сносите и Вие како најодговорен за работата и контролата на јавните претпријатија кои се под ингеренции на општината.Наместо да ни попувате и делите совети, редно е да ги засукате ракавите и од демагогија да премините во пракса. Граѓаните се уморни од вашите оправдувања Коцевски.Ако од дрвото не ја гледате планината тоа е ваш проблем, граѓаните на Велес не се толку наивни, не ги потценувајте.Тие даночните обврзници се должни да знаат каде и како отишле нивните пари во нечии џеб а за тоа никој да не одговара.Прагот на толеранција одамна го поминавте. Не е добро да ја замајувате јавноста Коцевски, за сите ваши манипулации граѓаните ќе ве казнат и тоа во првата дадена прилика“, вели Лазов.

Македонија | пред 7 години

7 год.
001

Донесена одлука за формирање на Меѓуресорска работна група за спроведување на Законот за употреба на јазиците

Владата на денешната 120 седница донесе одлука за формирање на Меѓуресорската работна група за спроведување на Законот за употреба на јазиците.Дел од обврските кои ќе ги има ова тело опфаќаат: подготовка на Акциски план за спроведување на Законот за употреба на јазиците, во рок од 15 дена од денот на влегувањето во сила на одлуката; следење на динамиката на реализација и имплементација на Акцискиот план; давање насоки на институциите во функција на координирање, организирање, имплементирање и операционализирање на мерките и активностите согласно тој план.Членови на Меѓуресорската работна група согласно владината одлука се: Генералниот секретар на Владата на Република Македонија; заменикот на генералниот секретар на Владата на Република Македонија; државниот секретар во Министерството за правда; државниот секретар во Министерството за финансии; државниот секретар во Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор; секретарот на Секретаријатот за законодавство; претставник од Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Македонија и претставник од Собранието на Република Македонија.На 120 седница владата донесе одлука да не даде мислење за Предлог-законот за престанување на важење на Законот за трговија на зелени пазари бидејќи веќе е донесена одлука со кој се предвидува пролонгирање на рокот за влегување на сила на законот за јануари 2020 година.Истовремено Влада веќе има формирано работна група за подготвување на нов предлог Законот за трговија на зелени пазари и на која членуваат и претставници на здружението на трговците на зелени пазари и постои цврста политичка определба дека конечното решение ќе биде и во интерес на нивна заштита.На редовната 120 седницата, Владата ја разгледа Информацијата за изградба на пруга Куманово-Бељаковце. Донесен е заклучок со кој Владата најавува дека ќе го преиспита Договорот за проектната единица за имплементација на проектот и ќе направи предлог за да се измени неговиот облик со цел поефикасно спроведување на договорот имајќи ги предвид значителните доцнења и нефункционалноста на проектната единица.Владата исто така ја разгледа и усвои Информацијата за одржување на Првата седница на македонско-бугарската меѓувладината комисија за економска соработка по Договорот за економска соработка меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија.Утврдено е дека меѓу двете земји сите економски параметри бележат позитивен развој што може да се констатира меѓу другото и преку значителниот обем на трговска размена во изминатите неколку години.Двете земји покажуваат силна заинтересираност за натамошно унапредување на економските и трговските односи што се огледа и преку заложбата за одржување на заеднички владини седници, како и за одржувањето на претстојната седница на македонско–бугарската Меѓувладина комисија за економска соработка.Истовремено, владата денеска ги задолжи: Министерството за транспорт и врски, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за информатичко општество и администрација до Министерството за економија да достават номинации на членови и теми за дискусија на Првата седница на македонско-бугарската меѓувладината комисија за економска соработка.

Македонија | пред 7 години

7 год.
avtopat-koli-3

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица - Радовиш

Во 15:10 часот сообраќајот на магистралниот пат Струмица - Радовиш е нормализиран.Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози во западните делови, додека на останатите патни правци коловозите се суви.ГП Виадукт трејд ДООЕЛ-Гостивар известува дека градежни активности ќе се изведуваат на обиколница , односно на делот од Хиподром до Стенковец во времетраење од понеделник 11.02.2019 до 13.02.2019 (среда).Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони

Македонија | пред 7 години

7 год.
K4rLE-n1-talat-dzaferi-gjorcev-432

Џафери во работна посета на Албанија

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери на 13.02.2019 година ќе отпатува на работна посета во Република Албанија каде што ќе присуствува пленарната седница на Собранието на Република Албанија, закажана за 14.02. 2019 и на која ќе се ратификува Протоколот за членство на Република Македонија во НАТО.

Македонија | пред 7 години

7 год.
internet

Русија накратко ќе го исклучи интернетот во целата земја

Русија накратко ќе го исклучи интернетот во целата земја, како дел од подготовките за идна сајбер-војна, објави Би-би-си.За време на тестот податоците што се разменуваат меѓу руските граѓани и организации ќе останат во рамките на националните граници, наместо да бидат пренесувани на меѓународно ниво.Законот, во кој се предлагаат технички промени неопходни за самостојната работа на Интернет, од крајот на минатата година е во рускиот парламент. Предлог закон наречен Digital Economy National Program треба да биде донесен оваа година.Целта на овој закон е да овозможи независност на Русија во случај на исклучување на земјата од светската интернет мрежа. До ова би можело да дојде поради се почестите обвинувања од страна на западот дека голем дел од „сајбер“ нападите доаѓаат од Русија.Тестот треба да биде изведен пред 1 април, но сѐ уште не е даден прецизен датум.

Свет | пред 7 години

7 год.
vlada

Законот за трговија на зелени пазари на денешната 120 седница на Влада

На редовната 120-та владина седница ќе биде разгледана информацијата за одржување на Првата седница на македонско-бугарската меѓувладина комисија за економска соработка по Договорот за економска соработка меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија.По барање на Собранието на Република Македонија, Владата денеска треба да даде мислење за Предлог-законот за престанување на важење на Законот за трговија на зелени пазари, по итна постапка.Министрите на денешната седница ќе одлучуваат и по информацијата со Предлог-решение за формирање на Комисија за спроведување на постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за формирање на современа модерна организација - платформа како ефикасен носител на хеликоптерскиот итен медицински систем во Република Македонија (HEMS) и хеликоптерските услуги за пребарување и спасување (SAR).На предлог на Канцеларија на Претседателот на Владата на Република Македонија-Национално координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост, министрите денеска ќе ја разгледаат информацијата со акциски план за имплементација на мерките од Конвенцијата на Обединетите Нации за правата на лицата со попреченост, за 2019-та година.Владата денеска исто така ќе одлучува и за информацијата со правилник за инструментот за поддршка-кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации, со Предлог-одлука.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Облачно и ветровито време со снег на планините, сообраќајот по наместа влажни коловози

Изутринава времето е претежно облачно и ветровито. Помалку облачност има на југоисток. На планините на запад има врнежи од снег (Маврово и Крушево), а утринава на повеќе повисоки места врнежите преминаа од дожд во слаб снег, и тоа во Охрид, Битола, Прилеп. Дожд врне во Претор и Струмица. Продолжува да дува умерен северен ветер, кој повремено се засилува, особено на северот и на повисоките места.Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози во западните делови, додека на останатите патни правци коловозите се суви.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.Времето во текот на денот ќе биде променливо облачно и постудено со повремен локален снеr, особено на запад и претежно претпладне. Во централните делови ќе има услови за слаб дожд. Температурата преку денот ќе биде од 2 до 10 степени.Под влијание на многу студена воздушна маса од север, од утре до петок следува период на променливо облачно, значително постудено и ветровито време со засилен северен ветер и со слаби локални врнежи од снег.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони

Македонија | пред 7 години

7 год.
Gjorge-Ivanov1

Од кабинетот на Иванов велат дека претседателот не бил поканет на свеченоста на НАТО

Од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов за Телма соопштија дека претседателот Горѓе Иванов не бил поканет на денешната церемонија за поставување на знамето на НАТО пред македонската Влада.Од Владата пак спротивно на ова велат дека Иванов бил официјално и уредно поканет.На денешната свеченост не беше присутно ни раководството на опозициската ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
dpm

Свечено доделување на наградите на Друштвото на писатели на Македонија

Традиционалните награди на Друштвото на писатели на Македонија ќе бидат врачени на свеченоста што ќе се одржи на 13 февруари (среда) со почеток во 11 часот во просториите на друштвото, со која ќе се одбележи  72-годишнината од основањето на писателската асоцијација.Оваа година добитници на овие престижни книжевни признанија се: Влада Урошевиќ за романот „Маџун“  („Стале Попов“), Виолета Танчева-Златева за стихозбирката „Патот“ („Ацо Шопов“), Лидија Капушевска-Дракулевска за критичко-есеистичката книга „Мозаик од гласови“ („Димитар Митрев“),Трајче Кацаров за краткиот роман за деца „Не паркирај гаража“ („Ванчо Николески“) и Рифат Емин, кој ја добива наградата „Книжевен мост“ за најдобра книга напишана на еден од јазиците на националностите во Македонија за поетската збирка Bi-nihauet (Без-конечно) на турски јазик.

Магазин | пред 7 години

7 год.
juric

Во Ријека политичарка пронајдена мртва

Мирјана Јукиќ, градска советничка во Собранието на Ријека, од редовите на партијата Жив ѕид, е пронајдена мртва во својот стан.Безживотното тело на Јукиќ, го забележала сосетката преку прозорецот на станот, по што ја известила полицијата.Наредена е обдукција, но засега нема индиции за насилна смрт.48 годишната хрватска политичарка стана советник во градското собрание во Ријека пред две и пол години.

Свет | пред 7 години

7 год.
ojo-1

ОЈО покрена обвинение за обљуба врз немоќно лице

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица поднесе Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело Обљуба врз немоќно лице од член 187 став 1 од Кривичниот законик. Обвинителот до Основниот суд Струмица достави и предлог за продолжување на определената мерката притвор, ценејќи дека се исполнети законските основи.Обвинетиот на возраст од триесет и две години го искористил претходното познанство со жртвата, па на 11 декември во домот на жртвата во струмичко, го извршил делото напаѓајќи ја оштетената-лице со пречки во развојот и вршејќи обљуба. Тој како вработен во претпријатие за собирање отпад претходно се сретнал со оштетената, при што ја осознал нејзината состојба како и домот во кој живее. Во момент кога жртвата била сама, осомничениот го извршил делото. По пријава од родител на жртвата, осомничениот беше веднаш лишен од слобода, а Основното јавно обвинителство Струмица веднаш презеде дејствија за расчистување на настанот.​

пред 7 години

7 год.
mak-Nato-1

(ФОТО) Подигнато знамето на НАТО пред Влада

Во моментов на платото пред владата се одржува церемонија, на која се подигнува знамето на НАТО. Иако Македонија, со потпишувањето на пристапниот протокол доби место во Алијансата, постојат повеќе чекори до полноправното членство.Во првиот ред на свеченоста седат Љубчо Георгиевски, Хари Костов, Владо Бучковски и Мендух Тачи. Забележливо е едно празно столче, за кое се претпоставува дека било наменето за некогашнот претседател Бранко Црвенковски.Најкус период во кој што една земја станала полноправна членка по по потпишување на пристапниот протокол биле девет месеци.Според објаснувањето на НАТО, сега сојузниците треба да го ратификуваат протоколот за пристапување на Македонија според своите национални процедури.Откако сите сојузници ќе го ратификуваат протоколот, според процедурата, генералниот секретар на НАТО формално ја поканува земјата да му се приклучи на Северноатлантскиот сојуз.  

Македонија | пред 7 години

7 год.
aerodrom-skopje

На Граничен премин Аеродром Скопје пронајдено лице кое било на листа со мерка „Апси”

На 11.02.2019 година во 22.10 часот на Граничен премин Аеродром Скопје, при пасошка контрола, било констатирано дека С.В.(25) од Скопје се наоѓа на листата со мерка „Апси” по Наредба од Основен суд Скопје 1 поради сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 став 1 од Кривичниот законик. Лицето било лишено од слобода и предадено на полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар.

пред 7 години

7 год.
zaev-cipras

Уште една номинација за нобелова награда за мир за Заев и Ципрас

Претседателот на Социјалдемократската партија на Црна Гора, Ранко Кривокапиќ, упати до норвешкиот Нобелов институт формална номинација годинашната Нобелова награда за мир да им се додели на премиерите на Македонија и на Грација, Зоран Заев и Алексис Ципрас. Причината иста, потпишувањето на Преспанската спогодба со која се решава спор стар 27 години, пишуваат црногорските медиуми.„Со овој историски Договор е затворено прашање, кое, не само што ја блокираше европската и евроатлантската иднина на Македонија долги 27 години, туку создаваше и јаз меѓу двете соседни земји. На овој начин двајцата премиери покажаа политичка подготвеност да носат надворешнополитички одлуки кои се однесуваат не само на иднината на нивните добрососедски односи, туку и на Европа во целина. Нивните лични напори и подготвеност на компромис за доброто на граѓаните на двете земји, се најдобар пример за мудро и долгорочно политичко визионерство, кое е неопходен предуслов за секое вистинско лидерство“, се наведува во поднесената номинацијата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mvr1

МВР: За 24 часа четири сообраќајни незгоди, 100 мандатни платни налози и 78 возила се подигнати со специјално возило "пајак"

Во текот на изминатот ден (11.02.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно четири сообраќајни незгоди од кои две сообраќајни незгоди со телесни повреди и две со материјална штета. Во сообраќајните незгоди две лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 73 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.Од сообраќај се исклучени 16 возачи од кои: двајца возачи затоа што управувале возило под дејство на алкохол, 13 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач затоа што бил возач-почетник. Исто така исклучени од сообраќај се и 16 возила бидејќи 15 биле нерегистрирани и едно затоа што било технички неисправно. Санкционирани се двајца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, пет возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, еден поради неправилно престројување, еден поради непоседување пропишана зимска опрема, 30 поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 33 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.Во однос на пешаците санкционирани се пет пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин и двајца пешаци поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатите денови издадени се 100 мандатни платни налози и 78 возила се подигнати со специјално возило "пајак".

Скопје | пред 7 години

7 год.
plmi-skopje

Само 16 од 138 палми во Скопје ја преживеаа зимата

Во интервју за 24инфо директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Адријан Муча изјави дека од засадените 138 палми во Скопје, во моментот се останати само 16.„Во моментот се останати уште 16 палми коишто се наоѓаат на кејот на Вардар. Како јавно претпријатие во соработка со Град Скопје, низ секоја зелена површина ќе засадиме цвеќиња и дрвја коишто ќе можат да се адаптираат на климатските промени и на нашето поднебје“, изјави Муча.Набавката на 1.100-те палми во Македонија чинеше околу половина милион евра. Како дополнителен трошок, тие лете беа туширани со специјални прскалки, а зиме беа облекувани во чоја и најлони. Градските власти велеа и дека издржуваат температури и под минус 15 степени.. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
161753_jelena-karleusa_ff

Крлеуша без шминка, би ја препознаете ли доколку ја сретнете по улица?

Не запираат написите по медиумите за аферата на Јелена Карлеуша и фудбалерот Огњен Врањеш. Фудбалерот не запир да објавува фотографии со цел да ја омаловажи Јелена.Првите обиди му беа со експлицитните фотографии и преписки по социјалните мрежи во кои објави крајно интимни разговори.Сето тоа ј разгневи Крлеуша, па најави и судски спор.Најново Врањеш објви фотографија која наводно му ја пратила Јалена, на која таае крајно не препознатлива. Брем во каво светло не сме ја виделе Крлеуша, што мислите?

Магазин | пред 7 години

7 год.
rabota1

(ФОТО) Македонија виско на врвот, но по стапка на невработеност

Според „Голд брокер“, Македонија во моментов го дели шестото место со Ангола во светот според стапката на невработеност.Недостижен на врвот е Конго со 46 отсто, втора е Босна и Херцеговина со 35 отсто, а трето Косово со 30 отсто.Пред Македонија се само уште Јужна Африка со 27 отсто и Нигерија со 23 отсто.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Kamcev-Mijalkov

СЈО обелодени детали од истрагата: „Империјата“ на Камчев и Мијалков изградена од офшор фирми, испрани милиони евра

Десетици фирми се дел од истрагата за случајот „Империја“, во која главни осомничени се Јордан Камчев и Сашо Мијалков. Дел од фирмите се во Македонија, а другите се офшор компании од Панама, Америка, Холандски Антили, Сејшели, Девствени острови, Велика Британија. Преку нив биле префрлани пари во македонските компании најчесто низ банки од Кипар, кои биле користени како основачки влогови, или со нив се купувале имоти, акции. Обезбедени се многу документи, докази за трансфери на пари, а има и сведоци кои проговориле како осомничените ја граделе империјата. Дел од нив се плашат да зборуваат јавно, па најверојатно ќе добијат статус на загрозени сведоци, објави irl.mk.Според порталот докази се обезбедени од прислушуваните разговори, од посебни истражни мерки, од претресите во фирмите и домовите на осомничените и преку меѓународна правна помош од властите каде се формирани офшор фирмите.Од СЈО брифираат дека од јуни до октомври лани под посебни истражни мерки биле Јордан Камчев и други осомничени, но Сашо Мијалков не бил слушан и следен. Интересно е дека како „таргет“ за овој случај од „бомбите“ кои ги има СЈО биле сопругата на Камчев, Ана Камчева, потоа братот на Сашо Мијалков, Влатко Мијалков, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и новинарката Оливера Трајковска. Преку нивните разговори со осомничените биле добиени многу траги во кој правец да се движи истрагата.Досегашната истрага открива дека Јордан Камчев е кралот на офшорите, а заедно со неговиот некогашен пријател Сашо Мијалков кој користејќи ја моќната функција преку македонски фирми испрале милиони евра. СЈО обезбедило докази како се испрани 2,3 милиони евра преку „Ексико“ и „Финзи“. А, се уште се утврдува како се переле парите кои влегувале и излегувале од Македонија преку фирми од Израел, Швајцарија, Америка, Бахами, Кипар. Вкупната досега детектирана сума е 10,3 милиони евра.Со лажен стечај Јордан Камчев почнува да ја гради империјата...Порталот irl.mk обработува теми ...Камчев мозокот, Мијалков моќникот...Иста адреса во Америка на две офшор фирми...Груевски или Камчев – чии се парите со кои беа купени атрактивни плацеви на Водно...Со политичките потреси во земјава и смената на власта, почнува и распадот на пријателството на Мијалков и Камчев. Кавгите почнуваат во октомври 2017, а делбата на бизнисот официјално завршува во јуни 2018 година.Случајно или не во тој период почнуваат и посебните истражни мерки, а со нив не е опфатен Мијалков. Тој дури помага со неговото влијание во ВМРО-ДПМНЕ да придобие дел од пратениците да гласаат за договорот од Преспа.Камчев и Мијалков беа уапсени лани во ноември откако Никола Груевски избега од земјава, а по помалку од два месеца беа пуштени во домашен притвор.Од СЈО информираат дека се истражува и како од градежната фирма „Бетон Штип“ Јордан осомничените извлекле 4 милиони евра. Истрагата е насочена и кон „ЗИК Пелагонија“, МПМ (Јордан Камчев, Јана Станисављева и Срџан Керим), Графички центар и кон фирмата „Бест веј инвестмент“.Текстот во целост: irl.mk

пред 7 години

7 год.
ojo-1

ОЈО поднесе обвинение против членови на група кои вршеле изнуда и продолжена уцена на едно оштетено лице

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица за сторено кривично дело – Изнуда од член 258 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.Обвинетите, заедно со уште едно лице кое е недостапно на органите на прогонот и по кое е распишана потерница, на 14.12.2018 година во еден трговски центар во Скопје со умисла се обиделе да присилат оштетено лице да им даде 10.000 евра. Притоа дејствувале како група, со намера да прибават противправна имотна корист и употребиле сериозна закана по животот на оштетениот.Имено, обвинетите неколку дена претходно телефонски го контактирале оштетениот и го принудиле на средба на која агресивно се однесувале и упатувале закани по неговиот и по животот на членовите на неговото семејство, барајќи да им исплати 10.000 евра. Оштетениот се согласил да се сретне со нив на 14.12.2018 година во еден трговски центар и да им ги даде парите, но намерата ја пријавил во полиција од каде му биле дадени обележани банкноти. Обвинетите се упатиле на договорената средба и пред трговскиот центар се раздвоиле. На оштетениот му се пристапил еден од обвинетите, додека другите го чекале во близина. Но, во тој момент ги забележал полициските службеници задолжени за безбедноста на оштетениот, започнал да бега и заминал во непознат правец. Останатите двајца обвинети биле затекнати и задржани во близина на местото на настанот и не успеале да го довршат кривичното дело.Во текот на истражната постапка беше утврдено дека една од обвинетите во периодот од 17.10.2016 година до 21.07.2017 година, со умисла искористувајќи исти прилики и ист траен однос, во повеќе наврати зела парични средства од истото оштетено лице. Таа, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, му се заканувала на оштетениот дека за него ќе открие нешто што може да наштети на неговата чест или неговиот углед и со тоа го присилила да и даде 10.500 евра и уште 450.000 денари. Со тоа, обвинетата сторила продолжено кривично дело – Уцена од член 259 став 1 од Кривичниот законик, па обвинителниот акт за неа се однесува и на ова кривично дело.Ценејќи дека и натаму постојат сите околности заради кои на двајцата обвинети претходно им беше определена мерка притвор, надлежниот јавен обвинител до Судот достави и предлог за продолжување на оваа мерка.

пред 7 години

7 год.
sneg-sad

Ледени бури во САД- затворени училишта

Во повеќе американски сојузни држави, училиштата се затворени поради снегот и ледените бури што повторно го зафатија северозападниот дел на САД.Снежната покривка во сојузната држава Вашингтон изнесува 36 сантиметри. З само еден месец, оваа сојузна држава ја зафатија три снежни бури.Според метеоролозите се очекуваат снег да паѓа и во текот на денот.Северна Калифорнија односно округот Хумболт е погоден бура, откако повеќе од 15 години не паднал снег.

Свет | пред 7 години

7 год.
protest-pazar

Законот за пазари пред уставен?

Тезгаџиите ќе поднесат иницијатива до Уставниот суд за укинување на Законот за пазари. Тие се закануваат со генерален штрајк, ако целосно не се укине Законот за трговија на зелените пазари. Според нив тој мора целосно да се повлече.Пазарчиите излез од проблемот кој ги затекна, бараат сплотено. Пазарџиит од сите градови како ќе делуваат.По најавите дека ќе има генерален штрајк, Министерот Бектеши уверува дека Законот ќе биде променет, а за тоа има време од една година.Инаку Законот за пазари беше предмет и на препукувања меѓу партиите. Опозицијата бараше целосно укинување и носење нов закон, а власта одложување на постојниот.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања