Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

7 год.
paneli

Фотоволтични панели ќе се поставуваат на зградите на општина Охрид и ОУ во Пештани и Велгошти

Во рамките на ИПА компонентата на ЕУ за набавка на фотонапонски системи за јавни објекти, која ја имплементира Министерството за финансии, Општина Охрид доби три фотоволтични системи. Енергетските системи ќе бидат поставени на зградите на Општина Охрид и на основните училишта во Пештани и Велгошти.Системите се веќе пристигнати и по завршувањето на соодветните законски пропишани постапки, се очекува да бидат монтирани во тек на месец март.Снагата на секоја фотонапонска централа е 15 kW , а произведената електрична енергија, преку посебни броила ќе се регистрира и ќе се дава на постоечкиот електросистем

Македонија | пред 7 години

7 год.
monetare-fond

Република Македонија пристапи кон највисокиот статистички стандард за дисеминација на податоци на ММФ – СДДС плус

На 28 јануари годинава, Република Македонија пристапи кон највисокиот статистички стандард за дисеминација на податоци на Меѓународниот монетарен фонд – СДДС плус. Денес, Државниот завод за статистика (ДЗС), Народната банка на Република Македонија (НБРМ) и Министерството за финансии организираа заеднички промотивен настан, на кој ја споделија оваа исклучително важна вест со јавноста.„Ова е голем исчекор и потврда за квалитетот на нашиот статистички систем. Република Македонија е осумнаесетта земја во светот, а втора од Југоисточна Европа, што пристапува кон СДДС плус – прва меѓу земјите од регионот кои сѐ уште не се членки на Европската Унија.“ – истакна гувернерката на Народната банка на Република Македонија, Анита Ангеловска-Бежоска. Во своето обраќање, таа нагласи дека овој успешен заеднички проект е јасна потврда за посветеноста на трите институции за постојано надградување на националните статистики и на нивното усогласување со најновите, највисоки меѓународни статистички стандарди.Како што истакна и директорот на ДЗС, Апостол Симовски, значењето и важноста на примената на стандардите на ММФ, главните носители на статистички истражувања во нашиот национален статистички систем ги препознаа уште на почетокот на 2000-те години, кога заеднички почнаа да работат на исполнувањето на критериумите за првиот стандард ГДДС, кон кој Република Македонија пристапи во февруари 2004 година. „Само за споредба, земјите од регионот – Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово – сѐ уште се во овој стандард.“ – нагласи Симовски, по што истакна и дека веќе во ноември 2011 година Република Македонија премина кон повисокиот стандард СДДС – специјален систем за дисеминација на податоци, во кој и денес се Словенија, Хрватска, Белгија, Грција, Унгарија, Руската Федерација и други. Дел од стандардот СДДС плус, кон кој пристапи нашава земја пред неколку дена, се и Соединетите Американски Држави, Канада, Франција, Германија, Австрија, Италија, Шведска и Јапонија.„Пристапувањето кон СДДС плус ќе придонесе за поголема доверба и позиција кај меѓународните финансиски организации, кредитните рејтинг-агенции и што е особено важно, кај инвеститорите. За меѓународните инвеститори и институции високите статистички стандарди се клучни. Ако веруваат во податоците, значи дека веруваат во државата. Со пристапувањето кон СДДС плус го јакнеме кредибилитетот на државата во меѓународни рамки.“ – истакна министерот за финансии, Драган Тевдовски.Истовремено, пристапувањето кон оној стандард на ММФ значително го зголемува и капацитетот на македонската економија за навремено утврдување и спречување на ранливостите во финансискиот сектор, како и на потенцијалните ризици во меѓусекторските изложености.Исполнувањето на условите на стандардот СДДС плус подразбира изготвување девет нови категории податоци, од кои седум се во надлежност на НБРМ, а две се во надлежност на Министерството за финансии. Координатор на работната група којашто посветено работеше на пристапувањето кон овој стандард беше ДЗС, како координатор и на националниот статистички систем.По пристапувањето кон СДДС плус, главните носители на статистичките истражувања во земјава се соочуваат со нови предизвици. Конкретно, по изготвувањето и доставувањето на првите пет, во натамошниот период, како дел од овој стандард на ММФ ќе бидат испорачани уште четири статистички показатели кои се однесуваат на статистиката на хартии од вредност, статистиката за финансиски сметки и статистиката на јавните финансии. „Имаме визија, имаме тимови од одговорни професионалци кои секојдневно работат на остварување на целите коишто пред нас ги постави СДДС плус, имаме одлична меѓуинституционална соработка. Сето ова што е и неопходно за да се изгради и да се развие современа и квалитетна статистика, ни е гаранција дека ќе успееме до крај.“ – беше порачано на денешниот настан. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
emuc

Стабилна е здравствената состојба на средношколците што вчера беа повредени во ЕМУЦ

Стабилна е здравствената состојба на средношколците што вчера беа повредени во средното училиште „Св. Наум Охридски“ во Охрид, дознава Факултети мк. По укажаната медицинска помош сите биле пуштени на домашно лекување. Во тепачката учествувале четворица малолетници, објав Факултети.мк.Директорот на училиштето, Сашо Недески, во телефонски разговор за порталот Факултети.мк објасни дека ученик од трета година вчера пукал со импровизиран пиштол или гасен пиштол во негов соученик од прва година во дворот на училиштето. Откако пукнал во раката на соученикот, си пукал во себе.- Тепачка сме немале 10 години во училиштето, а сега ете се случи ова. Ученикот кој пукаше е примерен, без учество во никакви инциденти. Има само 8 оправдани и еден неоправдан и е со многу добар успех. Не знам што му се случило за да го направи ова. Еве во моментов имаме и просветни инспектори во училиштето, а полиција им зела изјави и на двајцата ученици. Веројатно, но не можам со сигурност да потврдам, претходниот ден имале некаква расправија. Кај стручните служби не било пријавено ништо - вели Недески.Тој вели дека во училиштето има 600 ученици и невозможно е да проверуваат што носат сите ученици во ранците.Раководителот на одделот за хирургија, д-р Милчо Стефановски, ни изјави дека на лекување кај нив бил донесен ученикот-жртва со лесни телесни повреди.- Не е задржан на лекување. Бил само прегледан, третиран и пуштен дома. Има рани нанесени од оружје на четвртиот прст од десната рака и има црвенило во предел на градниот кош. Тоа се лесни телесни повреди. По третирањето бил пуштен дома – ни изјави Стефановски.Тој нагласи дека гасен пиштол не може да убие, но може да нанесе рани, црвенила, хематоми.- Повредите од вакво оружје повеќе се добиваат од ударот - вели хирургот.Средношколецот што пукал во својот соученик има 17 години. Неврологот Гулапка Василеска од одделот за невропсихијатрија од Општата болница во Охрид вели дека вчеравечер тројца ученици биле донесени на преглед. Момчето што пукало во соученик и во себе, и уште двајца ученици.- Момчето што пукало е во одлична состојба и немаше повреди. Не може ни да се каже дека имаше повреда, мала беше, не може ни да се класифицира како телесна повреда. Беше донесен од страна на полиција и јавен обвинител. Му направивме психолошко тестирање, поразговаравме со него. Немал намера да повреди никого, ниту себеси. Тоа е првичната наша процена, но в понеделник ќе може повеќе да кажеме. Другите двајца ученици беа уплашени - вели Василеска.МВР немаше известување за овој инцидент во утринскиот билтен.Текстот е превземен од факултети.мк

Македонија | пред 7 години

7 год.
zborva-na-tel

ВНИМАВАЈТЕ: Криминална група користејќи број од мобилен оператор од Австрија, со едно АЛО, ви ги празни сметките

Криминалната група, по која трага Интерпол и Еуропол, користејќи припејд број од мобилен оператор од Австрија со број 00436708012068 (++43 670 8012068) лови само едно ваше „ало“ за да ви го хакира оперативниот процесор во телефоните или компјутерите и да ви ги украдат банкарските податоци.Оваа група телефонски хакери само ако успее да воспостави врска со некого на телефон може да му ги укради сите лични и банкарски податоци на корисникот, а потоа можат да ја испразнат и неговата трансакциска сметка или кредитна картичка. Овој криминал од поодамна е познат во регионот, но од скоро вакви повици почнаат да примаат и македонски граѓани.Седиштето и потеклото на криминалната група, како што пишуваат европските медиуми, засега е непознато, а по неа со месеци трагаат Интерпол и Еуропол. Користејќи припејд број од мобилен оператор од Австрија, со број 00436708012068 (++43 670 8012068) сајбер-криминалците успеваат да влезат во трансакциските сметки на жртвите и да им ги испразнат.Во советите на ИТ „ловците“ на Интерпол се вели дека оваа измамничка банда е оценета како премногу обрaзована и искусна. Апелираат до сите граѓани што ќе добијат каков било повик од странство, а не им е познат, да не одговараат, а ако тоа го сторат случајно или по грешка, уште истиот ден да ги известат своите банкарски службеници да им ги блокираат картичките и сите трансакции да ги извршуваат на шалтер, не преку кредитна или дебитна картичка.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Советниците од Советот на Општина Центар, вчера ја одржаа 23-тата седница.

Пред почетокот на седницата, дневниот ред за работа претрпе измени и така, градоначалникот Саша Богдановиќ, повлече една точка која се однесуваше на хонорарите на членовите од управниот и надзорниот одбор на Јавното претпријатие “ПОЦ“, а се додадоа три нови.По добиените забелешки од Министерството за транспорт и врски, советниците изгласаа Блокот 24 од Деталниот урбанистички план Градска четврт Ј 07 да се врати на понатамошна доработка и истиот да повторно да биде ставен на дневен ред. Покрај ова, се изгласаа и неколку други точки од локален интерес, како изменувањето на програмата за поставување на рекламни паноа и информативни табли, со што ќе се зголеми бебзедноста на граѓаните и ќе се регулира поставувањето на рекламни паноа. Потоа, се изгласаа правилниците за систематизација и организација на работни места во градинката “Кочо Рацин“ во Центар, годишната програма за работа на ЈП “ПОЦ“, како и одлуките за вредноста на бодот на платите на државните и јавни службеници вработени во Општина Центар. Советот донесе одлука и за задолжување на општината во компонентата А од проектот за подобрување на општинските услуги, МСИП 1/2018, со што ќе се добијат средства за реконструкција на улицата “Велешка“ во населбата Маџир Маало и градинката “Раде Јовчевски Корчагин“ – клон Пепелашка.Советниците на седницата ја усвоија и измената на програмата за одбележување значајни настани, истакнати личности и маалски традиции со спомен обележја во Општина Центар. Со ова, се усвои и иницијативата на Македонската Академија на Науки и Уметности за поставување на спомен обележје на драмскиот писател и член на МАНУ надвор од работниот состав, Горан Стефановски. Спомен обележјето на Стефановски ќе се наоѓа на триаголниот парк во Дебар Маало, спроти ресторанот “Идадија“.

Скопје | пред 7 години

7 год.
a9-3

Одбележани 25 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Република Македонија и Швајцарија

Вчера, заменикот министер за надворешни работи, Андреј Жерновски, присуствуваше на свеченост организирана од страна на швајцарската амбасадорка Сибил Зутер, по повод 25 години од воспоставувањето дипломатски односи помеѓу Република Македонија и Швајцарија.На настанот беа истакнати пријателските односи помеѓу двете земји, како и значајната поддршка којашто Швајцарија ѝ ја дава на Република Македонија во нејзините напори да изгради социјално инклузивна демократија, да ја развие економијата, да ја подобри инфраструктурата и да ја заштити животната средина. Се дискутираше и за улогата на дијаспората од Република Македонија во Швајцарија со над 80 000 лица како мост помеѓу двете земји. Амбасадорката Зутер и заменик министерот Жерновски ја повторија заемната желба за поинтензивен политички дијалог и билатерална економска размена, како и за понатамошна соработка во сите области.Заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски ја нагласи важноста на пријателските односи и користа од поддршката на швајцарската Влада во изминатите 25 години: „Убеден сум декана 25 годишниот јубилеј ќе гледаме како на нов почеток.  Македонија силно ја цени поддршката на Швајцарија , преку реформите да ги постигнеме европските стандарди и вредности и да продолжиме со социјално инклузивната демократија и пазарна економија, воедно обезбедувајќи ефикасно управување со природните ресурси”  - ЗМНР Жерновски.„Во последните 25 години Швајцарија и Македонија развија силно партнерство преку политичка размена, трговија и инвестиции, и развојна соработка. Денес Швајцарија е рангирана меѓу најголемите билатерални партнери за соработка на Македонија. Во годините што доаѓаат остануваме посветени и понатаму да ѝ пружиме поддршка на Македонија на нејзината патека кон европска интеграција преку нашата обемна програма за соработка,“ рече амбасадорката Зутер.Швајцарија и Република Македонија воспоставија целосни дипломатски и конзуларни односи на 31 јануари 1994 година. Оттогаш Швајцарија се вбројува меѓу најголемите билатерални партнери за соработка и ја поддржува земјата во реформите и напорите за развој.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Единствена Македонија до Мицкоски: Еве ви кандидат за претседател со кој сплотени ќе го победиме злото наречено Зоран Заев

Единствена Македонија како дел од „Македонија-Блокира„ ја поздравува и целосно ја подржува кандидатурата на Филип Петровски за претседател на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ што треба да се одржи на 16 февруари во Струга.„Единствена Македонија застанува зад кандидатурата на Петровски водејќи се единствено од македонските национални и државни интереси да се порази злото во Македонија кое има свое име. Злото се вика марионетска власт Зоран Заев купена и контролирана од странски центар.Филип Петровски е кандидатот кој во моментот може да го победи кандидатот на марионетската власт на Заев бидејќи ужива народна подршка не широка основа, односно, не само од членството на ВМРО-ДПМНЕ туку и од големата коалиција „Македонија-Бликира„ во која членуваат 84 организации - партии и здруженија од земјата и дијаспората. Практично, Филип Петровски е кандидат на македонскиот народ и поголем дел од граѓаните.Во овие тешки моменти за Татковината кога пучистичката власт на Заев бесмилосно руши се што е македонско, го повикуваме раководството на ВМРО-ДПМНЕ да биде на страната на патриотските сили во Македонија, македонскиот народ, поголем дел од граѓаните, Македонците во странство“, велат од Единствена Македонија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
51398918_1557094514393483_4816196310770122752_n

Семејството Сиљанови во најскоро време ќе добие редовно водоснабдување

Екипа на ЈП Водовод и канализација – Скопје во моментов работи на промената на цевката во Гази Баба. Екипите работат со полна пареа за семејството Сиљанови во најскоро време да добијат редовно водоснабдување.Тие градат нова водоводна линија од 50 метри на сопствен трошок за да обезбеди вода за семејството на 25-годишниот Мартин Сиљанов кој неодамна загина во пожарот што избувна во сервисот за мопеди во Скопје, на улицата Јордан Мијалков.– За да обезбеди редовно водоснабдување ЈП Водовод и канализација – Скопје ќе изгради нова водоводна линија од 50 метри на сопствен трошок, со што ќе се овозможи преврзување на приклучокот за вода од старата на новата мрежа, односно ќе се изврши поврзување на објектот на странката на новата мрежа со која ќе добие редовно водоснабдување – соопштија од Водовод.Претпријатието ќе поднесе иницијатива до Управниот одбор на ЈП Водовод и канализација Скопје ова семејство да биде сместено во категоријата која ги опфаќа лицата кои се приматели на постојана парична помош кои пак се ослободени од 10 м3 во текот на месецот.И Општина Гази Баба ќе се вклучи со еднократна парична помош за семејството, како и Министерството за труд и социјална политика.

Скопје | пред 7 години

7 год.
anja-dete-1

Приказна која го менува светот

Цел свет се сеќава на моментот кога Ања Рингрен Ловен од Данска го спаси животот на едно момче од Нигерија. Тоа се случи пред три години, а таа се уште се сеќава на која може да се каже дека во вистинско време се најде на вистнско место направи сѐ што е во нејзина моќ за да го спаси од сигурна смрт.Нигериско племе го отфрли момчето од заедницата, сметајќи дека е вештер. Го напуштија и го оставија да умре, без храна, вода и облека. Откако го најде,, Ања му даде вода и бисквити, и во почетокот не веруваше дека ќе преживее.Од тој ден, Ања секоја година ја информира јавноста преку социјалните мрежи за тоа како напредува и како живее ова мало и насмеано момче денес.Таа на Фејсбук објави емотивен статус што таа го посвети на денот што го промени нејзиниот и животот на Хоуп.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10157031829768024&set=a.10150579280608024&type=3„Денес се навршуваат три години откако светот ја виде фотографијата на Хоуп откако го најдовме, повеќе мртов отколку жив. Во 2016 година, на 30 јануари, светот слушна за суеверието.Тоа не е само суеверие што го знаеме од филмовите и нашите сопствени верувања, туку и суеверие кое убива илјадници невини деца секоја година. Тоа не е само убиство, туку и мачење деца на најтешкиот начин што може да се замисли, додека смртта не стане олеснување.Тој ден не бев сама. Тоа беше тимски напор. Јас не сум и никогаш нема да бидам бел спасител кој дојде да ги спаси африканските деца. Јас сум само човек и го правам само она што чувствувам дека е исправно.Денес, Хоуп е многу силно и здраво момче, со голема самодоверба. Тој е многу интелигентен и сака да оди на училиште. Тој е заинтересиран за животот и сака да научи нешто ново секој ден.Секогаш ќе се прашувам зошто меѓународната заедница ги затвора очите кога станува збор за убиство на толку многу невини деца?!На мојот Хоуп: Јас секогаш ќе те сакам. Ова е последен пат да правиме ваква фотографија. Знам дека сакаш, но веќе му покажавме на светот дека си шампион. Веќе не ти треба мојата заштита. Силен си и знам дека наскоро ќе го освоиш светот. Ќе навивам за тебе на тој пат “, пишува Ања.Ања е ангажирана во хуманитарна работа во Африка и со нејзиниот сопруг, Дејвид Емануел Умем, има сиропиталиште во југоисточна Нигерија, каде што се сместени деца кои се напуштени од своите семејства поради суеверие.Исто така е вклучеан во проект наречен „Land of Houpe” (Земја на надежта). Тоа е мало село каде што според податоците од нивиот сајт има детски центар.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ГДУ: Образованието ни е во клиничка смрт, потребни се брзи и ефикасни мерки

Граѓанско-демократска Унија- ГДУ има обврска да алармира за сите оние прашања што се на штета на нашите граѓани. Не смееме да премолчуваме факти што се однесуваат на иднината на нашата земја и нашите граѓани. Како такво се наметна и прашањето-колку всушност ни е функционален образовниот систем? Колку знаењата што системот им ги пренесува на нашите деца, нашите млади, соодветствува на она што понатаму животот ќе го бара од нив, велат од ГДУ.„Дали ги подготвуваме за самостоен живот и за извршување на работните задачи или само го упропастуваме нивниот интелект и нивната природна волја за нешто ново, за нови знаења, за нови предизвици?Одговорот никогаш нема да го добиеме од нашите, од нашето Министерство за образование и наука, за ресорот за кое е најкомпетентно. Затоа овој одговор ќе го добиеме од надворешните, непристрасни, објективни институции кои ќе ни кажат колку всушност е лоша работата во нашиот двор.За жал секогаш некој друг подобро знае од нас самите за тоа каде и како живееме и каде се движи овој наш брод наречен Македонија.Нацрт-извештајот изработен од страна на стручниот тим на Организацијата за економска соработка и развој, за минатата година, истакнува дека повеќе од половина од учениците во државата, по завршување на основното и средното образование се на ниво на неписменост. Неподготвени се и ги немаат основните знаења за успех во животот. Проблемот го посочуваат и го лоцираат и кај учениците, но и кај наставниците и професорите. Ние би кажале проблем на целиот систем.Така да наместо место за образување, стекнување знаења, нашите училишта станаа места за создавање на неписмени, Illiterate, аналфабети. Се размножи ресавската школа на препишувачи и само се цени copy-paste, без никаков сопствен, индивидуален пристап. Децата ни се вкалапуваат во системот, без можност да се издигнат над него, да го унапредат.Не може она што е добро поставен систем на образование, со здрави основи и инволвирани чинители кои сакаат да се напредува да доживува едно вакво фијаско и повеќе од половината ученици да ни се функционално неписмени. Па тие се нашата иднина, нашите ценети доктори, професори, судии и адвокати, инженери, научници.Каде ќе ни оди државата ако таквата младина си го зеземе уште сега местото за кое ги подготвуваме. Нема да ни биде светла иднината, верувајте.Не смееме да молчиме. Барем не оние кои се тука да бидат коректив на системот, да укажуваат на недостатоците и да даваат решенија кои ќе не гураат напред. ГДУ се смета себе за таков субјект на нашата политичка, но и општо јавна сцена и не сака работите да се ставаат под тепих.Проблемот кој не го решаваме, не значи дека го нема!Голото копирање на болоњскиот систем или Кембриџ- системот кај нас не вродува плод. Треба да ни биде јасно дека само пренесување на туѓи искуства без нивно правилно согледување и прилагодување на нашата почва, нема да даде позитивен ефект. Напротив може да го упропасти и она што веќе го имаме постигнато.Така сега квантитативно се фалиме со бројки на запишани ученици и студенти, отворени факултети. Со бројки на постигнат успех кој од година во година оди се погоре и погоре. Квантитативно сме земја на генијалци, каде скоро и да нема човек без завршено средно образование, а по ново и со завршен факултет и стекнато звање Магистер на науки.Но треба да се оценува и квалитетот на сето тоа. А квалитетот е далеку, далеку под нивото кое го претставуваме. Оној познат скеч од К-15-„Ти мора да си магистер“. Во Македонија секој друг е магистер, па ако не сум јас, тогаш мора да си ти-кај нас стана реалност.Имаме факултетски дипломи, имаме звања на експерти за ова, за она, но немаме знаење. Имаме сѐ, но немаме ништо. Сите се празни со знаење и работодавачите мака мачат да ги остручат за работа за она што го учеле во клупите или во амфитеатрите.Оваа пракса мора да се прекине. Мора образовниот систем да го ставиме на „здрави нозе“. Доста беше штанцање на дипломи кои не можат да се искористат. Созадавање на профили кои нема каде да се вработат поради тоа што пазарот на трудот не ги бара. Да созадаваме „технолошки вишоци“ уште во основните училишта.Треба здраво да се зафатиме со работа и наместо сѐ да ставиме на формално образование, да се свртиме и кон неформалното. Кон образование прилагодено на потребите и интересите на децата и младите.Финска не случајно е лидер во образованието. Ги ценат афинитетите на децата и нивната иднина ја определуваат сообразно на нивните квалитети и интереси. Не се наметнува слепо и послушно еден модел кој треба сите да го следат, туку се бара решение поединечно за секое дете.Она што го сееме, тоа ќе го жнееме. Она што сега го пренесуваме на нашите деца, искрено не не води кон светла иднина. Мораме да менуваме и тоа мораме брзо да го сториме.ГДУ бара ревидирање на целиот наш образовен систем. Премногу сме реални за да поддржуваме нешто што објективно не функционира. Дајте да преземаме нешто додека не е доцна. Да бараме меѓународно искуство“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Conrad-van-Alphen

Премиерна изведба на симфонијата „Лос Анџелес“ од Арво Перт со Македонската филхармонија

„Ангелите и градот“ е насловот на претстојниот симфониски концерт на Македонската филхармонија кој ќе се одржи на 7 февруари (четврток) во 20 часот. За првпат на македонската музичка сцена, оркестарот на Македонската филхармонија ќе ја изведе раскошната Симфонија бр. 4 „Лос Анџелес“ од еден од најдобрите современи композитори, Арво Перт.Диригент на концертот е етаблираниот холандски/ јужноафрикански диригент Конрад ван Алфен. Покрај делото на Перт, на концертот ќе бидат изведени и Полка од балетот „Златна доба“ од Дмитриј Шостакович, како и Концерт за мала флејта во C-dur од Антонио Вивалди и Концерт за обоа и оркестар во g-moll од Јохан Себастијан Бах, каде како солист ќе се претстави извонредната уметница на барокна флејта, Луси Хорш од Холандија.Симфонија бр. 4 на Арво Перт насловена „Лос Анџелес“ се смета за едно од најволшебните дела со кое може еден град да се гордее. Таа е духовен портрет на овој т.н. град на ангелите, која поседува раскошна убавина. Естонскиот композитор Арво Перт (1935) е еден од најизведуваните живи современи автори кој создаде магија од сплет на класичната и духовната музика, кој ги разби постоечките контури на компонирање видени низ разновидните експерименти на останатите композитори од 20 век, кој направи и разви своја техника наречена „тинтинабули“, кој е силно инспириран од грегоријанските црковни песни, и кој на минималистичкиот музички израз му даде нова димензија.„Конрад ван Алфен е инспиративен диригент кој ги прави нештата да се случуваат“, ќе напише критиката за холандскиот маестро. Етаблираниот холандски/ јужноафрикански диригент Конрад ван Алфен се стекнал со својата популарност и кај оркестрите и кај публиката благодарение на посебниот начин на кој тој ги води пробите и изведбите. Маестро Ван Алфен е уметнички директор и шеф-диригент на Симфонискиот оркестар во Ротердам. Во изминатите 16 години го издигнал својот оркестар на ниво да биде интернационално признат оркестар и да стане домаќин на концертни серии во Ротердам, Хаг и Амстердам. Скорешните интернационални турнеи на оркестарот ги вклучуваат: Русија, Мексико, Бразил, Колумбија и Чиле. Од 2005 до 2009 година, Конрад ван Алфен бил на позицијата шеф-диригент на Државниот симфониски оркестар „Сафонов“ во Русија, каде што се здобил со наградата за својот придонес во културата во Јужна Русија. Во моментот е уметнички директор на Московското филхармониско здружение во чии рамки редовно диригира со оркестрите од Москва, во познатата сала „Чајковски“. Исто така, тој е гостин-диригент и со оркестрите на добро познатите културни центри во Новосибирск и Санкт Петербург. Во изминатите години бројни оркестри низ светот настапиле под диригентската палка на Ван Алфен, и тоа во: Холанија, Германија, Белгија, Италија, Швајцарија, Англија, Данска, Израел, Словенија, Србија, Бугарија, Романија, Полска, Јужна Африка, Кина и Мексико. Неодамна успешно дебитирал со Филхармонискиот оркестар од Брисел, со „Симфоникер“ во Бохум и со Симфонискиот оркестар „Светланов“ во Москва. Бројни солисти ја уживале неговата придружба, како што се: Даниел Хоуп, Жанин Јансен, Бенџамин Шмид, Куирин Виерсен, Роланд Браутигам, Албан Герхард, Симон Ламсма и Никита Борисо-Глебски. Низ изминатите години неговите соработки со Рускиот нацинален оркестар и солистот Михаил Плетнеев на фестивалите во Монтро и Мерано резултирале со неколку покани за соработка за турнеите во Кина и во Јужна Америка. Конрад ван Алфен е роден во 1963 година во Преторија. По завршувањето на своите музички студии на 26-годишна возраст, тој се преселил во Холандија и ја имал постојаната позиција на контрабасист во Радио-симфонискиот оркестар и на Академијата „Бетовен“ во Антверпен, Белгија, паралелно студирајќи и диригирање под раководство на Ери Клас и Роберо Бензи.„Младата Луси Хорш ја демонстрираше својата сигурност и вистинска фасцинација од инструментот на кој свири, и од кој креира звуци кои веројатно не се очекува да бидат возможни“, се вели во една од критиките за холандската флејтистка Луси Хорш, која е позната по нејзините врвни изведби на барокна флејта. Деветнаесетгодишната Хорш се смета за еден од најистакнатите таленти од нејзината генерација музички уметници која настапува во нејзината матична земја, но бројни се и нејзините интернационални настапи со барокни, како и со современи ансамбли. Оваа концертна сезона таа ќе ги направи своите дебија со Филхармонијата на Хонг Конг, како и со Македонската филхармонија, а заедно со ансамблот „Академија за античка музика“ заминува на турнеја во „Барбикан“ во Лондон, „Музикгебау“ во Амстердам и „Де Доелен“ во Ротердам. Постојано настапува и со рецитални програми на речиси сите европски музички фестивали, а неодамна го формираше дуото со францускиот лаутист Томас Дунфорд. Следува и нејзино деби со Филхармонијата во Есен. Луси Хорш е ексклузивец за „Дека класик“, а нејзиното прво ЦД содржи концерти и други дела од Вивалди, за што ја доби престижната награда „Едисон класик“ во 2018 година. Нејзиното второ издание го сними со „Академија за античка музика“ и Томас Дунфорд, со дела од Самартини, Бах и Хендл, а исто така учествуваше на премиерата на снимката на „Варијации на октатонска скала“ за „Дојче грамофон“ со виолончелистот Киан Солтани. Родена во семејство на професионални музичари, Хорш почнува да студира на петгодишна возраст во Музичкото училиште во Амстердам, а по четири години, откако ќе се појави на ТВ-шоу со изведба на Унгарски танц бр. 5 од Брамс, станува национална сензација. Откако ќе победи на многу натпревари, во 2011 година се запишува на конзерваториумот во Амстердам каде што сѐ уште е студент. Таа, исто така, е и одличен пијанист, а веќе неколку години е член на Националниот детски хор од Холандија настапувајќи со диригенти како што се Сер Сајмон Ратл, Марис Јансонс, Јап Ван Зведен. Во 2014 година, Хорш беше избрана да ја претставува Холандија на Евровизискиот натпревар за млади музичари и во 2016 година беше наградена со престижната „Концертгебау“ за млади таленти во присуство на Сер Џон Елиот Гардинер.

Магазин | пред 7 години

7 год.
brza-pomos

Прегазена жена на раскрсница во Скопје - пренесена во комплексот клиники “Мајка Тереза“

На 31.01.2019 во 09,20 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на крстосницата од булеварот „12-та Македонска Бригада“ со улицата „Димитар Туриманџовски“ патничко моторно возило „Фолксваген венто“ со кумановски регистерски таблици управувано од Д.С.(35) од с.Лопате-кумановско, удрило во пешакот О.Ц.(41) од Скопје. О.Ц. била пренесена во комплексот клиники “Мајка Тереза“, каде од страна на лекар и биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
mvr

Работник си ги повредил прстите од десната рака

На 31.01.2019 околу 16 часот, пријавено е дека 28-годишниот гостиварец Н.Н. се повредил работејќи на циркулар во фабрика за мебел во гостиварска Горна Бањица. Сечејќи со машината, тој ги повредил прстите од десната рака и пренесен е во клинички центар во Скопје. Извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mvr1

Во 24 часа во Скопје седум сообраќајни незгоди, 80 мандатни платни налози и 72 возила се подигнати со специјално возило "пајак"

Во текот на изминатиот ден (31.01.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно седум сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, три сообраќaјни незгоди со телесни повреди и три со материјална штета.Во сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди и четири лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 67 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.Од сообраќај се исклучени 20 возачи од кои: пет возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 13 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца возачи затоа што биле возачи-почетници.Исто така исклучени од сообраќај се и девет возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се шест возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден поради неправилно престројување, четворица поради непоседување пропишана зимска опрема, седум возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 13 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.Во однос на пешаците санкционирани се 14 пешаци поради поминување на коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 80 мандатни платни налози и 72 возила се подигнати со специјално возило "пајак".

Скопје | пред 7 години

7 год.
50999749_2077753648960935_5109981462615031808_n

(ВОЗНЕМИРУВАЧКА ФОТОГРАФИЈА) Убиено куче во Прилеп

„Вознемирувачка фотографија. Немаме повеќе зборови со кои можеме да го опишеме ужасното чувство на тага и болка во вакви ситуации. Верувајте воопшто и не сакаме да ги објавуваме овие ситуации, но не можеме и да ја криеме вистината и да шириме розови вести. Кучето скоро една недела се движеше на локација нова автобуска, железничка станица и беше хрането од две хумани особи, за денес да ни ја соопштат оваа вест. Можете по сликата да видите дека не е на улица и не е изгазено од кола, и на улицата каде беше немаше траги од крв. Оценете и сами бидејќи оваа слика нас ни личи дека кучето е удрено по главата т. е. намерно убиено. Ете тоа е една од судбините кое може да ја има едно бездомно куче кај нас. И да напоменеме на таа локација имаме хрането во различни периоди три кучиња кои ги најдовме отруени. За тебе мило ангелче е овај пост бидејќи никој не ти даде шанса за подобро утре“, пишуваат од Помош на животните Прилеп.https://www.facebook.com/1064107413658902/photos/a.1280757195327255/2077753642294269/?type=3&theater 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ЈСП апелира до граѓаните да се паркираат совесно со цел непречено сообраќање на автобусите на Водно

„Во пресрет на претстојниот викенд, сакаме да апелираме до сите граѓани кои планираат да го посетат Водно со автомобил, да се паркираат прописно на обележаните паркинг места, како возилата на ЈСП Скопје би стасувале непречено до крајната станица на Средно Водно.Токму поради несовесните граѓани, а во недостиг на сообраќајната полиција, возилата на ЈСП Скопје (од линиите 25, 25А и 25Б) изминатата сабота сообраќаа со големо задоцнување, дел воопшто не можеа да стасаат до станицата на Средно Водно, некои возила беа приморани патниците да ги оставаат на среде улица, а три поаѓања воопшто не се реализира.Како би ги избегнале овие ситуации и викендов што претстои, апелираме на поголема совесност кај дел од граѓаните, како и на толерантност од страна на патниците доколку застоите се повторат и викендов, имајќи во предвид дека возачите на ЈСП Скопје се приморани да реагираат согласно условите на терен.Истовремено, потсетуваме дека возењето со линиите 25 (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Автомакедонија-Средно Водно) и 25 Б (Дом на печат-Средно Водно) е бесплатно за сите категории на патници за време на викенди и државни празници“, велат од ЈСП Скопје.

Скопје | пред 7 години

7 год.
gordana-siljanovska

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи Силјановска за претседател?

Професорката Гордана Силјановска, пратеникот Влатко Ѓорчев и Филип Петровски, еден од лидерите на движењето „Бојкотирам“ се тројцата чии пријави на повикот за претседателски кандидат се стигнати засега во ВМРО-ДПМНЕ.Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи професорката Гордана Силјановска за претседателски кандидат, односно, таа ќе биде нивни претставник. Со тоа отпаѓаат останатите кандидатури, дознава „Скопје1.мк“.Позади Силјановска ќе застане и Ѓорчев, кој ќе ја поддржи.Рокот за пријавување истече синоќа на полноќ, но во партијата ќе почекаат да не стигне некоја пријава пратена по пошта, па најдоцна до 5 февруари ќе се знаат сите пријави на конкурсот.Триесетина професори со повик до јавноста да ја поддржат кандидатурата на универзитетската професорка Гордана Силјановска Давкова за претседател на државата.Потписници на повикот се: 1. Катица Ќулафкова, академик 2. Наде Проева, професор 3. Каролина Ристовска-Астеруд, професор 4. Фредерика Поповска-Павловска, професор 5. Билјана Ванковска, професор 6. Жидас Даскаловски, професор 7. Елка Јачева Улчар, професор 8. Михајло Миноски, професор 9. Никола Павловски, професор 10. Богдан Богданов, професор 11. Снежана Филипова, професор 12. Костадин Тренчевски, професор 13. Ивица Милевски, професор 14. Јован Донев, професор 15. Велика Стојкова Серафимовска, професор 16. Валериј Софрониевски, професор 17. Јани Бојаџи, режисер 18. Ружица Манојловиќ, професор 19. Игор Улчар, професор 20. Константин Миноски, професор 21. Марија Ристевска, доцент 22. Драги Митревски, професор 23. Тихомир Стојановски, професор 24. Благоја Јанаков, професор 25. Петре Георгиевски, професор 26. Јане Богданов, професор27. Виктор Ѓамовски, професор.

Македонија | пред 7 години

7 год.
kravi

Новинар на тајна задача го откри скандалот со месото од болни крави

Полска извезла 2.700 тони сомнително говедско месо од болни крави во 10 европски земји, објави директорот на полската ветеринарна служба, Павел Нимчук.Целиот скандал го откри новинар на тајна задача, кој бил почнал да работи како работник во една кланица.Кога прашал зошто кравите не можат да стојат, постарите колеги му рекле ништо да не прашува.Романија, Шведска, Унгарија, Естонија, Финска, Франција, Шпанија, Литванија, Португалија и Словачка се земјите во кои биле извезено штетното месо.

Свет | пред 7 години

7 год.
bejbizoo

Скопска зоолошка добива Бејби Зоо

Скопје Зоо добива мини зоолошка градина за најмладите. По теркот на европските и светските и во скопската зоолошка ќе се отвори Бејби Зоо. Тоа е заградена мини зоолошка градина каде што ќе има мали безопасни животни и каде што децата во присуство на Зоо негувател ќе може поинтеркативно да се запознаат со животните, да си играат и да се фотографираат со нив.„Целта е децата уште од мали да ја почувствуваат љубовта и грижата кон животните. Доколку уште од мали нозе научат како да се грижат за нив, сигурно е дека кога ќе пораснат ќе ја имаат онаа зоокултура која сега недостасува кај нас“- изјави директорот Ѓорѓи Галетановски

Скопје | пред 7 години

7 год.
zemjodelci

ОЈО ќе спроведе истрага за злоупотреба на службена положба и овластување при издавање под закуп на земјоделско земјиште

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Лицата се осомничени дека во својство на министри за земјоделство, шумарство и водостопанство и нивни заменици во одреден период склучувале договори за закуп на земјоделско земјиште, кои не ги раскинувале иако закупувачите не го плаќале надоместокот за закуп. Станува збор за досега утврдени 584 договори за закуп на земјоделско земјиште на разни локации низ државата. На овој начин била предизвикана штета на Буџетот на Република Македонија во износ од 88.467.607 денари (над 1,4 милиони евра).Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Предлог за определување мерка притвор за четворицата осомничени.

Македонија | пред 7 години

7 год.
shilegov

Шилегов сака новото јавно претпријатие за третман на кучиња да се вика Лајка

На новинарско прашање на темата, градоначалникот Шилегов одговори дека сѐ уште не е одлучено за името на новото јавно претпријатие, ама негова желба е претпријатието да се вика „Лајка“ – кучето што го смени човештвото, а коешто е земено од улиците на Москва. Според него тоа име би била одлична симболика за новиот концепт во згрижувањето на уличните кучиња.Од денеска Град Скопје започна постапка за формирање ново јавно претпријатие кое ќе биде задолжено за третман и благосостојба на уличните животни, со што стационарот „Вардариште“ ќе биде минато.– Стационарот „Вардариште“ повеќе нема да биде во надлежност на ЈП „Комунална хигиена“, туку ќе добие еднаков статус со другите јавни претпријатија кои се занимаваат со комуналните дејности во градот – хигиената, паркирањето, одржувањето на парковите и зеленилото и јавниот превоз на патници. Новото јавно претпријатие под своја надлежност во целост ќе ги преземе активностите за заловување на животните скитници, стерилизација, ветеринарната грижа, регистрирањето и процедурите за вдомување од заинтересираните граѓани – рече на вчерашната прес-конференција градоначалникот Шилегов.Процедурите околу формирањето на новото претпријатие течат паралелно со процесот на чипирање на домашните миленици. Целта е во истовреме да се стави под контрола механичкиот прилив на кучиња на улиците, предизвикан од неодговорни сопственици, и да се почне процесот за воведување нов системски пристап во третманот на животните скитници.Овој проблем бара вклучување на повеќе институции на локално и на национално ниво и вклучување на граѓанските активисти и здруженија, со цел бројот на кучињата скитници да биде сведен на минимум на начин што ќе обезбеди нивна благосостојба, но исто така ќе гарантира безбедно и непречено движење на граѓаните на јавните градски површини.– Притоа потребно е да се има предвид дека Скопје не е изолиран остров и дека едностран пристап во решавањето на проблемот од градската администрација нема да води до посакуваната цел во насока на надминување на постојната состојба. Треба да знаеме дека миграцијата на кучињата не се решава со правилници, закони, стерилизација, туку со одговорно однесување на сите надлежни институции. Ова значи дека не постои инстант решение со кое кучињата ќе исчезнат од улиците, но тоа не е и не смее да биде изговор на институциите да бегаат од решавањето на овој проблем, туку напротив, со еден координиран системски пристап да се прифати предизвикот да се изнајде одржливо решение – кажа Шилегов.Паралелно со подготовката на административните процедури за основање на новото јавно претпријатие Град Скопје ќе се консултира со здруженијата за заштита и унапредување на правата на животните за формата и начинот на нивното вклучување во целиот концепт бидејќи нивната стручност и искуство можат да бидат максимално искористени во полза на благосостојбата на овие животни.– Новото јавно претпријатие ќе биде основано со буџетски средства на Град Скопје, оние што досега сме ги давале ќе ги зголемиме, како и средства од ЈП „Комунална хигиена“. Во работата на новото претпријатие ќе се вклучи дел од постојниот персонал, а искрено се надевам дека професионално и волонтерски ќе се вклучат и активисти од здруженијата за заштита на животните – додаде Шилегов.Градоначалникот ги потсети и ги повика граѓаните дека и сега од вторник до сабота, во терминот од 09  до 13 часот, можат да го посетат стационарот „Вардариште“ и да си одберат куче за вдомување. Притоа, кучињата што се определени за вдомување, на граѓаните им се отстапуваат истретирани, вакцинирани и без никаков паричен надоместок. Секој граѓанин што вдомува куче, мора да пополни формулар со своите податоци и да се обврзе дека ќе биде одговорен сопственик, почитувајќи ги постојните закони. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
irena-ristic

Ристиќ: Ова не е живот,оти правдата ви е во кафи, а рак се фаќа како грипче во зима

Статус на социјалните мрежи од активистката и актерка, Ирена Ристиќ:"Имате право да умрете", изјавил некој "доктор"...Впрочем, тоа е и најточната констатација за севкупната состојба!Тоа е дефиниција на НИШТОТО со кое сме опкружени!Бидејќи ова не е Живот!Бидејќи е најзагадено!Бидејќи е прљаво до бесвест!Бидејќи рак се фаќа како грипче во зима!Бидејќи пиете лекчиња од паралелен увоз!Бидејќи пензиите некој веќе ви ги потрошил!Бидејќи сме клептоманска нација!Бидејќи сме Апашанат по уредување!Бидејќи криминалци со вратоврски ви ги кројат вчера, денес и утре!Бидејќи бизнисмени во мантии ви се врската со Бога!Бидејќи ПРАВДА, е уствари кафиќ!!!Бидејќи 50% од младите се неписмени!Бидејќи Џипериииии ви ги едуцираат децата!Бидејќи се зрачи со некултура и ароганција!Бидејќи зборувате, а сега веќе и не се разбирате!Можам јас и уште...Одлучете! Ќе умрете?!Или ќе се борите да Живеете...!(Малку сум се изнервирал!)https://www.facebook.com/irena.ristic.779/posts/10157141136674726

Коментари | пред 7 години

7 год.
kasami-kadriu-sela

Алијанса и Беса избраа заеднички кандидат за претседател?

Одлуката на Демократската унија за Албанците да не коалицира со СДСМ туку да настапи со самостоен кандидат на претседателските избори, беше дочекан со аплауз во другите политички партии со албански предзнак. Од Алијансата за Албанците иронично апелираат кандидатот на ДУИ да биде Албанец алудирајќи на долгото консензуално договарање со социјалдемократите.„Не би сакале да веруваме дека оваа нивна одлука дојде како последица на затворената врата и презир кон ДУИ во однос на нивната лажна идеја за консензуален кандидат со СДСМ, а во минатото со ВМРО-ДПМНЕ. Се надеваме дека одлуката на ДУИ се должи на предизвикот на претседателот Зијадин Села упатен јавно преку медиумите за соочување со ДУИ. Бидејќи ДУИ го прифати овој предизвик, ги охрабруваме да го прифатат и другиот - распишување на предвремени парламентарни избори“, велат од партијата.Во опозицискиот дел од Беса веќе понудија сите албански партии да имаат еден заеднички кандидат со цел да се факторизирал гласот на етничките Албанци.„Во тој контекст, подготвени сме за соработка со сите што размислуваат како нас“, велат од Беса на Билал Касами.Повеќе на Независен.мк

Македонија | пред 7 години

7 год.
Tomislav-Tuntev-e1511275814886-780x439

Тунтев: Создаваме услови за развој на ефикасен и безбеден воздухопловен систем

На македонското небо просечно се реализираат по 15 илјади летови месечно, а во врвните периоди на сообраќајно оптоварување дневниот број понекогаш достигнува и до 1.000 операции. Минатата година на двете македонски воздухопловни пристаништа беа прифатени и испратени повеќе од два милиона патника, а во наредните четири години се очекува овој број да достигне три милиони. Ваквиот прогнозиран интензивен пораст на физичкиот обем на сообраќајот не‘ обврзува да градиме и создаваме услови за развој на ефикасен и безбеден национален воздухопловен систем, целосно интегриран во европската воздухопловна транспортна мрежа, вели во интервју за МИА Томислав Тунтев, директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство.Според него, Македонија нема економски одржливи перформанси и финансиски потенцијали да размислува за формирање на т.н. национален авиопревозник, односно дека не постои економска оправданост за развој на, како што вели, еден таков застарен концепт. Сепак, посочува, доколку се појави сериозен инвеститор во областа на воздушниот транспорт кој би сакал да влезе на меѓународниот пазар со современи воздухоплови во македонскиот регистар, и доколку државата препознае економски интерес за заедничко вложување или друг вид на јавно-приватно партнерство во авиобизнисот, тогаш АЦВ ќе биде целосно подготвена во рамки на нејзината надлежност да ги реализира сите неопходни активности тоа да го овозможи.

Коментари | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

„Македонија вработувала“, ама не плаќала придонеси

Ударничкото намалување на невработеноста со проектот „Македонија вработува“ ќе удри по даночните обврзници. Тие, и во овој случај, ќе треба да ја платат цената на политичкиот профит на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ од субвенционираните вработувања во периодот од 2015 до 2017 година. Затоа што за овие работници никој не плаќал придонеси.Проектот „Македонија вработува“ беше замислен како поддршка од државата за отворање нови работни места, за развој на сопствени бизниси и за намалување на трошоците за работа, со ослободување на плаќање придонеси за нововработените. Тоа беше „мерка што им помага и на старите и на младите да најдат работа“ и „врвен приоритет на Владата“, како што милуваа да ја опишуваат политичките првенци од тоа време. Од Агенцијата за вработување велат дека во двете фази од проектот се реализирани вкупно 22.729 ослободувања од плаќање на придонеси. Агенцијата воопшто не зборува за вработувања.Повеќе на Независен.мк

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања