Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

7 год.
ruskoska

Завршни зборови за 27 април, Обвинителката Рускоска побара казна затвор за 16 обвинети за крвавиот четврток

Обвинителката Вилма Рускоска во завршни зборови пред судот побара на обвинетите за насилставата во Собранието на 27 април 2017 година да им изречат казни со кои ќе се постигне целта за делото за кое се обвинети, односно за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата.За ова кривично дело, според законот, е предвидена минимална затворска казна од 10 години.– Обвинителството докажа дека на 27 април е извршен организиран насилен напад врз една од најважните оте институции. Докажа дека тоа не беше спонтан упад и зовриени емоции. Обвинитеството докажа дека ова беше организиран и со умисла напад. Доказите потврдија дека преземените дејствија се поврзани и последователни со цел да се загрози уставноиот поредок. Докажа дека ова обвинение не е политички реваншизам, туку акт за докажување на делото и запазување на правото, изјави Рускоска.На 27 април 2017 за време на насилствата во Собранието обвинетиот Митко Чавков, кој тогаш бил прв човек на БЈБ бил во штабот на ВМРО-ДПМНЕ и од таму давал наредби за пасивно делување, рекоа обвинителките на денешното судење. Обвинителката Вилма Русковска прераскажувајќи исказ на загрозен сведок С1 кажа дека Јане Ченто постојано бил во комуникација и добивал наредби од Митко Чавков, а по настаните заедно со Нинџа постојано се сретнувале со Чавков на кого му биле лути дека ги организирал по наредба на Никола Груевски, а сега ги оставил сами на цедило.Таа побара судот при носење на пресудата да ги цени како отежнителните, така и олеснителните околности и да им изрече казна со што ќе бидат постигнати целите.Наредната судска расправа за „27 април“ е закажана на 4 февруари, кога завршни зборови треба да даде одбраната на обвинетите.

пред 7 години

7 год.
nesreka-babic

Тешка сообраќајна несреќа, загина жена, тешко повреден директорот на ,,Коридори Србија“, Зоран Бабиќ

Кај наплатната рампа Дољевац на автопатот Ниш-Лесковац, утрово се случи тешка сообраќајна несреќа, во која една жена загина, а 4 лица се повредени, меѓу кои и директорот на ,,Коридори Србија“, Зоран Бабиќ.Танјуг јавува дека директорот Бабиќ има тешки повреди , со отворени скршеници по телото.Според српските медиуми несреќата е случила при влез кај наплатните куќички, поради магла и неприлагодена брзина, се судриле три возила, во едно од нив настрадала жена која седела на задното седиште и била врзана со појас.Фото: курир.рс

Свет | пред 7 години

7 год.
gordana-retki-bolesti

(ФОТО и ВИДЕО) Во февруари 28 дена ќе „Ги запознаваме ретките болести“

Со видео, аудио и текстуални пораки, кои ќе се емитуваат секојдневно во текот на месец февруари, ќе се запознаеме со 28 дијагнози за ретки болести – утре стартува кампањата „Ги запознаваме ретките болести“. Во кампањата се вклучи и порталот Скопје1.мк.Супер радио, Гордана Лолеска и здружението „Живот со предизвици“ изработија мини-проект, со комплетна тв, радио и интернет кампања „Ги запознаваме ретките болести“ која ќе се емитува на ниво на целата држава.Преку овие кратки „дневни дози“ е објаснето каква е болеста, каков е начинот на дијагноза, има ли лек за неа, дали тие лекови се достапни за пациентите во Македонија. Кои се проблемите со кои се соочуваат самите пациенти но секако и нивните семејства, бидејки кога страда член од семејство страда и целото семејство, потенцира активистот Гордана Лолеска.– За нас беше чест да се вклучиме во оваа кампања, помогнавме во изработка на аудио и видео материјалите за секоја од 28-те дијагнози. Истите ќе може да ги проследите на програмата на многу медиуми ширум државата како дневна доза, почнувајќи од утре, а ќе може да се најдат и на интернет порталите, вели Јане Стефанов, директор на Супер радио.Не секој доктор или специјализант во текот на својата кариера ќе се сретне со некоја од овие ретки дијагнози, бидејки многу е важно кога ќе имаат ваков пациент навреме да ја препознаат болеста. Неофицијално во Република Македонија има околу 2000 пациенти со околу 100 различни дијагнози. Официјалната бројка само на регистрираните ја има министерството за здравство.– Раното и точно поставување на дијагноза е клучно за овие пациенти. Некои ретки дијагнози се толку слични со некоја општа дијагноза, па се погрешно третирани. Преку овие видео и аудио материјали некој можеби сам ќе ја препознае својата диjагноза, па навреме ќе побара дијагностицирање. На младите доктори кои остануваат во Македонија им е потребна доедукација и вакви кампањи се за да ги потсетуваме да читаат повеќе за ретките за полесно да ги препознаваат, подвлече Лолеска.Новина оваа година е што буџетот за ретки болести е зголемен на 380 милиони денари, а се воведе набавка и на три нови лекови.Секоја година се работи на нешто ново за да се подигне јавната свест за ретките болести. На годинашната кампања и претходеше ланската промоцијата на химната на Децата со ретки болести, насловена „Сите сме исти“ во изведба на најдобрите на талент шоуто OhridSUPERSTAR. Претходно, во октомври 2017 година Македонска пошта ја издаде првата поштенска марка во светот посветена на децата со ретки болести. Соработката продолжи и понатаму, па за 10-ти јуни е планирано издавање на поштенската марка Деца со ретки болести – Алпорт синдром со номинална вредност од 18 ден и тираж од 6000 примероци. Следниот месец се очекува потпишување на меморандум за соработка со Македонска пошта за наредните пет години со кој секоја година за денот на ретки болести ќе издава по една поштенска марка со ретка дијагноза.– Овој мини проект е од едукативен карактет релизиран на моја идеја како активист здружението „Живот со предизвици“ со техничка поддршка на Супер радио, во насока на поблиско запознавање на јавноста со ретките болести. Два месеци напорно се работеше на подготовка прво на текстовите за 28-те ретки дијагнози, а потоа и техничката обработка. Стручните соработници беа проф. д-р Велибор Тасиќ и д-р Маја Танкоска. Идејата беше да се направи нешто ново, нешто едукативно, со кое би ги запознале граѓаните со ретките болести, но секако да ги потсетиме докторите, особено педијатрите, кои се клучни во поставување на дијагнозата, потенцира Лолеска.

Македонија | пред 7 години

7 год.
saso-ordanoski-696x316

Орданоски тврди дека само Мицкоски не бил во „содејство“ да се фрли СЈО на колена

Во својата редовна колумна познатиот новинар и аналитичар Сашо Орданоски пишува дека одлуката на Врховен со која се дезавуира работата на СЈО е договорена од страна на политиката и е постигната во „содејство“ меѓу Заев, Ахмети и одредени фракции и поединци во ВМРО-ДПМНЕ (не и Мицкоски) кои имаат сложени тековни односи со овдешниот обид за воспоставување правна држава.Интегрално ја пренесуваме денешната колумна на Орданоски:Во ниту еден висок судски орган во Македонија не може да се донесе одлука, без дискусија, во размер на гласовите 17:2, а таа претходно да не е договорена од страна на политиката. Тоа е случај и со одлуката на Врховниот суд на Република (наскоро, Северна) Македонија со која во голем дел се дезавуира работата на СЈО. И да не ве лажат скандализираните партиски и други соопштенија кои ќе следуваат.Таквата одлука на Врховен е постигната во „содејство“ меѓу Заев, Ахмети и одредени фракции и поединци во ВМРО-ДПМНЕ (не и Мицкоски) кои имаат сложени тековни односи со овдешниот обид за воспоставување правна држава. Оваа одлука на Врховниот суд е еден од последните потези во низа со кои СЈО се фрла на колена – со две третини од обвинителското портфолио кое сега ќе стане бесмислено – за да се оствари здружениот проект за амнестирање на цела една криминална структура од бившиот режим на Груевски која учествуваше во овозможувањето на процесот за зачленување на Македонија во НАТО. Ова се последните гнасни наслаги од тој процес кои сега се „цедат“ низ валканото сито на тој процес. Сосема прилега што таа работа му е оставена оперативно да ја заврши Јово Вангелов, викан „Јово превара“.Тој процес сè уште не е комплетиран: недостасува уште враќањето на Груевски во земјава. И тоа ќе се случи, иако веројатно ќе треба да причекаме да се завршат овие избори. На крајот ќе се испостави дека Груевски никогаш и не ја напуштил Македонија, бидејќи за тоа докази нема. За да се најдат, ќе имаше и истрага за бегството. Ниту истрага се води, ниту ќе има некаков извештај од тоа. Ќе се испостави дека Грујо целото ова време, всушност, спиел кај некоја комшика во соседниот влез на зградата и дека медиумите ја измислиле целата афера. Не е исклучено тоа да ни го соопшти владината служба за односи со јавност. Со закана за тужби против сите медиуми кои ќе го тврдат спротивното.Бидејќи е јасен интересот за оваа валкана операција на осудените и осомничени криминалци, зошто му треба сето ова на Заев? … Мислам дека одговорот е содржан во онаа негова прочуена изјава: „Никој мене не ме праша како од 49 пратеници по изборите стигнав до потребното двотретинско мнозинство во Собранието.“ Кому ваквото објаснување не му е доволно има проблем за кој помош му нема.Општествените последици од ваквиот развој на настаните се стравични. Како што споро се „цеди“ договорениот дил меѓу старата и новата власт (со ДУИ како амалгам за подобро зацврстување на договореното), така споро се губи смислата на политичкиот и, воопшто, граѓанскиот ангажман во Македонија. Прашање е со што ќе се наполни создадениот вакуум, испразнет од надеж и големата нужда за промени?„Има разлика!“? Па, скоро и да нема.Извор: Цивил медиа

Македонија | пред 7 години

7 год.
dzaferi

ВИДЕО: Џафери се вклучи во живо за да се пофали како собраниските седници ги води на албански јазик

Од денеска собраниските седници Талат Џафери, ќе ги води на албански јазик, потврди претседателот на Собранието. Тој пред малку постави и видео на социјалната мрежа фејсбук, со кое се пофали дека собраниските седници ги води на албански јазик.На дневен ред денеска се пратенички прашања.https://www.facebook.com/talatxhaferi/videos/348666415973024/

Скопје | пред 7 години

7 год.
sefer-canoski

ФОН ќе има нов декан - Љубомир Фрчкоски, од 1 март наместо во УКИМ, седнува во ФОН

Сопственикот на ФОН Универзитет, Сефер Цаноски, на својот ФБ профил објави дека познатиот професор од Правниот факултет при УКИМ, Љубомир Фрчкоски од 1 март ќе биде декан на ФОН.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10216287907183124&set=a.2350232728046&type=3&theaterПроф. др. Фрчкоски е професор по меѓународно право, меѓународни односи ,Современи политички теории и др.Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1981. Во 1986 година магистрирал на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, а со титулата доктор на науки се стекнал на Универзитетот „Едвард Кардељ“ во Љубљана во 1989 година.Повеќе од 3 децении работеше на државниот универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје. Работниот однос со универзитетот ФОН започнува со почетокот на новиот семестар од 1 март“-објави Цаноски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ulica-ohrid-2

Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на град Охрид , ја објави програмата за 2019

Со оглед дека четири годишниот мандат на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на град Охрид во овој состав, завршува во април 2019 година, до локалната самоуправа доставивме програма за работа на ОСБСП Охрид за периодот јануари-април 2019 година. Програмата предвидува реализација на повеќе кампањи насочени кон сите целни групи со посебен осврт кон ранливите категории учесници во сообраќајот. Целта е унапредување на безбедноста во сообраќајот на патиштата, едукација за потребата од внимателно, одговорно и совесно учество во сообраќајот, подигнување на јавната свест за внимателност во сообраќајот, подигнување на сообраќајната култура, на сообраќајните правила и прописи, подобрување на сообраќајната инфраструктура во градот, намалување на сообраќајните незгоди.Во таа насока, ОСБСП Охрид во програмата, предложи мерка за смирување на сообраќајот на регионалниот пат Охрид- Св.Наум и за реконструкција и обновување на постојните велосипедски патеки, изградба на нови вело патеки и поставување на велосипедска сообраќајна сигнализација на постојните велосипедски патеки но и на локалните и регионалните патишта. За големување на безбедноста во сообраќајот на регионалниот пат С.в.Наум-Охрид, на влезот на градот каде се менува каректерот на патот и брзината на движење на моторните возила, поконкретно на потегот кај Хидробиолошкиот завод, согласно законската регулатива, предлагаме, како мерка за смирување на сообраќајот да се постават вибрациони ленти. Тоа ќе придонесе за намалување на брзината на движење на возилата на тој дел од патот, каде изминативе години, случени се тешки сообраќајни незгоди со загинати лица. Со воведување на оваа мерка, се очекува подобрување на безбедноста во сообраќајот и намалување на бројот на сообраќајни незгоди. Овој дел од регионалниот пат е посебно небезбеден и за пешаците кои, поради непостоење на пешачка патека (тротоар и премин), се приморани неправилно да се движат на сообраќајниците кон населбата „Мегдани“ и „Хидробиолошкиот завод“. Со цел значително подобрување на сообраќајната безбедност на овој патен потег, поточно на дел од регионалниот пат, ОСБСП-Охрид, во 2016 година предложи поставување на челични одбојни огради како неоходно сообраќајно решение.Со цел зголемување на безбедноста на велосипедистите, ОСБСП во програмата ја реафирмира потребата од обновување-реконструкција на постоечките велосипедски патеки во градот но и изградба на нови што е во согласност со проектот „Велосипедска патека за секоја улица“ инициран од ОСБСП Охрид во 2015 година. Оттука, сметаме дека е потребна анализа на постојната состојба на сообраќајната инфраструктура наменета за велиосипедисти (снижени тротоари и обнова на коловозната конструкција). Предлагаме итно поставување на соодветна хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација на постојните велосипедски ленти но и на регионалниоте патишта Охрид- Св.Наум и Охрид-Струга, каде посебно за време на летната туристичка сезона има значително движење на велосипедисти. Со поставувањето на сигнализацијата, ќе се изврши значајно информирање на возачите на моторни возила, дека на тие делови од патот, се движат и велосипедисти и дека е потребно внимателно возење. Овде, потсетуваме дека, ОСБСП Охрид, во 2015 година го предложи пилот проектот „Велосипедско поврзување на Охрид и Струга“ што е реафирмиран предлог и во оваа програма за работа.Инаку, во изминатиот четиригодишен период, ОСБСП Охрид, реализира низа кампањи и соработка со предшколските и школските образовни центри во градот, со секторот за образование во локалната самоуправа, со СВР Оххрид, со Противпожарната единица, медицинските установи, Црвениот крст, со велосипедските и мото клубови од градот, со здружението на пензионерите, со здружението на глуви и наглуви лица, лицата со посебни потреби, НВО, со други асоцијации и секако со медиумите. Меѓу реализираните проектите се „Како возиме на кружен“, „Детски семафор“, „Сообраќаен час во панорамскиот автобус“, „Секој ден да е безбеден“, „Вози трезвен-стигни жив“, „Го сакам градот безбеден“, „Безбедно вози-без алкохол вози“, „Мобилниот не е попаметен од тебе“,,Дојди на точак во 10“,„ Сообраќаен час во панорамски автобус“, „Вело-мото патрола со полицијата“,„Барам зебра-преминувам на пешачки“ и многу други наменети за сите учесници во сообраќајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Oд 2011 до крајот на 2018 година легализирани 213 илјади дивоградби

Ново законско решение треба да помогне во постапување по нерешените предмети за легализација на дивоградби кои се заглавени со имотно-правни проблеми. По истекот на последниот рок за поднесување нови барања за легализација и комплетирање на предметите на крајот на минатата година, остануваат поделени мислењата околу оправданоста на последното продолжување на рокот, но и за потребата од повторна таква можност, која институциите ја отфрлаат категорично.Овој процес го проследија и коментари во јавноста за сомнежи дека се злоупотребува законската одредба со приложување задолжителни изјави заверени на нотар дека дивоградбата е изградена пред да стапи во сила првото законско решение за легализација на дивоградби во март 2011 година.Државата во три наврати, од март 2011 до крајот на 2018 година овозможуваше да се поднесуваат барања за легализација. За неполни осум години во Катастарот се впишани над 213 илјади дивоградби што добиле правен статус, од кои на територијата на Скопје се 68.516, информираат за МИА од Агенцијата за катастар на недвижности. На терен, пак, и натаму главен кочничар за решавање на поднесените барања се нерешени имотно-правни работи.Работна група за ново законско решениеОд Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) велат дека со одлука на Управниот одбор на ЗЕЛС побарале и со Министерството за транспорт и врски е договорено да се работи на законско решение за надминување на проблемите.

Македонија | пред 7 години

7 год.
49948075_282787959078136_8610624802379530240_n

Собраниските седници од денеска Џафери ќе ги води на албански јазик

Од денеска собраниските седници Талат Џафери, ќе ги води на албански јазик, потврди претседателот на Собранието.На дневен ред денеска се пратенички прашања.

Скопје | пред 7 години

7 год.
kluc

Владата предлага измени на Законот за субвенционирање на станбен кредит, со кои полесно ќе може да дојдете до сопствен дом

Владата на РМ предлага измени на Законот за субвенционирање на станбен кредит, по скратена постапка.Со измените се предвидува намалување на трошоците за субвенционираните кредити, се воведуваат нови модели и поволности за субвенционирање, се олеснуваат условите за отплата на кредитот, се прецизираат условите кои барателите треба да ги исполнат за добивање на субвенциониран станбен кредит и се обезбедува поправична употреба на јавните средства, со цел проектот да продолжи да се реализира во наредниот период и подобро да ги задоволи реалните потреби на што поголем број граѓани за обезбедување на сопствен дом.Со Законот за изменување и дополнување на Законот за субвенционирање на станбен кредит се утврдува износ на субвенција, и тоа на следниот начин:– При купување на нов стан, покрај постојната можност за субвенционирање на 50% од ратата во првите пет години од отплатата на кредитот или 50% од учеството, но не повеќе од 6.250 евра, за лицата до и со наполнети 35 години (а во брачна заедница едниот брачен другар да е до и со наполнети 35 години) се обезбедува субвенција во износ од 70% од ратата во првите пет години од отплатата или 70% од учеството за станот, но не повеќе од 8.750 евра,– за изградба/купување на нова куќа, субвенцијата изнесува 80% од ратата во првите пет години од отплатата на кредитот или 80% од учеството за кредитот, но не повеќе од 10.000 евра, додека за лицата до и со наполнети 35 години возраст (а во брачна заедница едниот брачен другар да е до и со наполнети 35 години), субвенцијата изнесува 60% од ратата во првите три години, 50% од ратата во следните пет години и 40% во последните три години од отплатата на кредитот, или 100% од учеството од кредитот, но не повеќе од 12.500 евра, и– за изградба на надградба/доградба на посебна станбена единица во рамки на постоечка куќа, субвенцијата изнесува 75% од ратата во првите 5 години од отплатата на кредитот или 75% од учеството, но не повеќе од 9.375 евра, а за лицата до и со наполнети 35 години возраст (а во брачна заедница едниот брачен другар да е до и со наполнети 35 години), субвенцијата изнесува 50% од ратата во првите три години, 40% од ратата во следните пет години и 30% во последните три години од отплатата или 100% од учеството од кредитот, но не повеќе од 12.500 евра.Критериуми за избор на корисниците на субвенциониран кредит преставуваат висината на вкупните приходи на барателот, односно вкупните приходи на барателот и неговиот брачен другар и висината на бараниот кредит, при што предност имаат барателите со пониски приходи и барањата на помал износ на кредит.

Македонија | пред 7 години

7 год.
svr

За 24 часа во Скопје 14 сообраќајни незгоди, санкционирани се 10 возачи, издадени се 98 мандатни платни налози

Во текот на изминатиот ден (30.01.2018 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 14 сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, шест сообраќaјни незгоди со телесни повреди и седум со материјална штета. Во сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди и 11 лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 43 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.Од сообраќај се исклучени 16 возачи од кои: 13 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и тројца возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така исклучени од сообраќај се и четири возила бидејќи биле нерегистрирани.Санкционирани се 10 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, еден поради неправилно престројување, 11 поради непоседување пропишана зимска опрема, двајца возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и осум возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.Во текот на изминатиот ден издадени се 98 мандатни платни налози и 72 возила се подигнати со специјално возило "пајак".

Скопје | пред 7 години

7 год.
mvr1

Возач удил пешак и избегал, пешакот со тешки телесни повреди пренесен во болница

На 30.01.2019 година во 13.30 часот на улица „Цано Поп Ристов“ во Кавадарци, Б.Г.(48) од Кавадарци, управувајќи патничко возило „Лада караван“ со кавадаречки регистарски ознаки, удрил во пешакот П.Т.(66) од Глишиќ, кавадаречко, и го напуштил местото. Од ударот пешакот се здобил со тешки телесни повреди и му била укажана лекарска помош во болницата во Кавадарци. Увид на место извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.Се работи на расчистување на случајот..

Македонија | пред 7 години

7 год.
48386635_519827275169320_4504456550655459328_n

Укината забраната за тешки моторни возила на патниот правец Гостивар – Кичево

Укината е забраната за камиони на патниот правец Гостивар – Кичево, преку планинскиот превој Стража.„Македонија пат“ информира дека забраната е укината во 09:45 часот.Забраната беше воведена поради интензивни врнежи од снег.

Македонија | пред 7 години

7 год.
germanija-vlada

Германската влада даде согласност за прием на Македонија во НАТО

Владата на Германија даде согласност за прием на Македонија во НАТО, објави „Дојче Веле“. Како што пренесува порталот Владата ќе се залага процесот да биде завршен брзо.Во соопштението од германската влада, меѓудругото се вели:„Свртниците за приклучување на Република Северна Македонија во НАТО се поставени. Во февруари 2019 година земјите членки би требало да го потпишат Протоколот за приклучување“, соопштува владата во Берлин и додава дека ќе се залага тој процес да се одвива брзо за „уште истиот месец да може да следи формалното приклучување“.Приклучувањето на Македонија во НАТО, според владата во Берлин, е „важно и за трансатлантската заедница“. „Северна Македонија во изминатите години амбициозно го реформираше својот безбедносен сектор и постигна голем напредок во сферата на правната држава и демократијата. Македонската влада се обврза да продолжи со започнатите реформски чекори“, стои, меѓу другото, во соопштението.Текстот во целост на овој линк.

Македонија | пред 7 години

7 год.
gjorchev-majk-pejns

Ѓорчев преку писмо на Пенс, му кажа дека го поддржува Гуаидо за претседател на Венецуела

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, кој се пријави на партискиот оглас на ВМРО ДПМНЕ за претседателски кандидат упати писмо до потпретседателот на САД Мајк Пенс каде изразува поддршка за ставови и политиката на САД во однос на кризата во Венецуела.Ѓорчев во писмото потсети дека Македонија и САД се сојузници, па затоа искажа поддршка на ставовите и политиката на САД предводена од претседателот Доналд Трамп.„Насилниот и антидемократски режим на Мадуро веќе нема легитимитет. Време е за мирна и демократска транзиција. Време е демократските влади од целиот свет да ги признаат новите власти во Венецуела. Вашата Републиканска партија од САД и мојата партија ВМРО-ДПМНЕ од Македонија се заедно членки во Меѓународната демократска унија (ИДУ), како најголема глобална асоцијација на десниот центар предводена од Стивен Харпер, поранешниот премиер на Канада.Тоа е нашата заедничка политичка организација основана од Роналд Реган, Џорџ Буш постариот, Маргарет Тачер, Хелмут Кол и Жак Ширак. Секогаш на страната на слободата и демократијата, ИДУ и ИРИ оваа недела јасно порачаа дека време е Мадуро да замине.Европската народна партија (ЕПП) јасно ја осудува тиранијата врз народот од режимот на Мадуро, како и Манфред Вебер, нашиот кандидат за претседател на Европската комисија од редовите на ЕПП.Владите на Германија, Франција, Велика Британија и Шпанија јасно порачаа дека наскоро би можеле да го признаат привремениот претседател Гваидо.Лично сметам дека Претседателот, Владата и МНР на Македонија треба заеднички да заземат став за признавање на привремениот претседател на Венецуела.Почитуван потпретседателе Пенс,Ви посакувам успешна работа. Вашето искуство и минато како конгресмен, гувернер на Индијана и сега како потпретседател на САД се забележани низ целиот свет.Вашата посветеност на НАТО, заедно со сојузништвото на Европа и САД се гаранти на нашата идна соработка.Македонија и САД се стратешки сојузници со Договорот потпишан во 2008 година. Тоа е одлична основа да го развиваме пријателството меѓу двете земји“, стои во писмото на Ѓорчев до Пенс.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Ramush-Haradinaj-Kadri-Veseli

Државниот врв на Косово ќе се сретне со американскиот амбасадор во Приштина, Филип Коснет

Косовскиот државен врв, претставен од шефот на државата, Хашим Тачи, собранискиот спикер, Кадри Весели и премиерот Рамуш Харадинај денеска ќе се сретнат со американскиот амбасадор во Приштина, Филип Коснет.На средбата треба да стане збор за американското барање за укинување на таксата од 100 отсто на увозот од Србија и Босна и Херцеговина, кое предизвика криза во владината коалиција.Тројцата претставници од Приштина има свој став по однос на ова прашање.Премирот Хардинај е категорично против повлекување на таксите, Спикерот Весели предложи таксата, под одредени услови, да биде суспендира на 120 дена, додека претседателот Хашим Тачи, силно се залага за повлекување на таксите.Инаку поради прашањето околу таксите, како што пишуват медиумите „Косово ризикува да ја изгуби поддршката на САД и ,,Распад на Владата на Харадинај“.Сега, Косово има само две опции, да ги укине таксите или да оди на предвремени избори по падот на владата на Рамуш Харадинај.Лани во ноември, Косово воведе такси од 100 насто за производите од Србија и Босна и Херцеговина.

Свет | пред 7 години

7 год.
atanasij-veliki

Денеска е Свети Атанасиј, од денеска и денот е подолг за еден час

Денеска е Св. Атанасиј Велики, голем борец за вистинското православие.Именден празнуваат: Атанас, (доаѓа од грчкото Атанасиос и значи бесмртен), Атанаска, Танас, Тане, Танаска, Насе, Насте…Празникот Св. Атанасиј зимен народот го смета за средзимо, па се верува дека главните студови веќе се поминати. Затоа во народното верување тој е победник над силните студови и мразеви кои му се паднале при поделбата на должностите меѓу светците.Сепак, како предупредување дека зимата не е замината, односно дека студовите можат да изненадат останала пословицата „Атанас фрли кожувот ја врз нас ја врз рас“.На Свети Атанасиј и денот е веќе подолг. Од 21 декември, кога денот почнува да се зголемува, денот од 31 јануари е подолг за еден час.

Македонија | пред 7 години

7 год.
48386635_519827275169320_4504456550655459328_n

Забрана за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево

Забрана за сообраќај за тешки товарни возила е воведена од 9 часот на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража поради интензивни врнежи од снег, соопшти ЈП „Македонијапат“.Инаку претходно поради интензивни врнежи од снег на патниот правец крак Маврово – Дебар, утрово во 7:30 часот, воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила, соопшти Автомото сојузот на Македонија.На останатите патишта во државата сообраќајот се одвива во зимски услови по влажни коловози, на некои повисоки места има остатоци од кашест снег на коловозот. Слаб снег провејува на планинскиот превој Буково.

Македонија | пред 7 години

7 год.
dzulijan-asanz

Американска судивка одби да ги открие обвиненијата за Асанж

Судија од американскиот сојузен окужен суд го одби барањето да ги испечати кривичните обвиненија против основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж. Станува збор за обвиненија откриени по грешка.Судијата Лиони Бринкема наведе дека во пресудата од 10 страници дека заговорниците на слободните медиуми, кои бараат да се откријат обвиненијата, немаат доказ дека Асанж всушност е обвинет.Комитетот на репортери за слобода бараше да се испечатат обвиненијата откако сојузниот обвинител немарно напомена „факт е дека Асанж е осуден“ во друг, неврзан случај.Владата призна дека напрвила грешка, но јавно не потврди дека се подигнати обвиненија против Асанж.

Свет | пред 7 години

7 год.
filipce-vakcina

Владата нема да бара одговорност од министерот Филипче

Владата на Република Македонија нема да бара одговорност од министерот за здравство, Венко Филипче. Во одговорот на новинарско прашање во однос на истрагата којашто ја води Основното јавно обвинителство за набавката и употребата на МРП вакцината, портпаролот на Владата не го споменува името на министерот Филипче.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение за неовластено поседување марихуана

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Обвинителен акт против едно лице кое се товари за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот неовластено заради продажба држел опојна дрога – марихуана во вкупна нето маса од 295,3 килограми. Дрогата беше пронајдена на 04.01.2019 година при претрес на неговиот дом во Бутел.Ценејќи дека и натаму постојат околности кои укажуваат на опасност обвинетиот да го повтори делото и го оправдуваат стравот дека тој би можел да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до Судот достави и Предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Внимателно, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните служби на ЈП Македонија пат. Слаб снег провејува на планинскиот премин Буково. Намалена видливост поради појава на магла од 100 – 150 метри има на патните правци Битола – Прилеп, Битола – Демир Хисар, Битола – г.п. Меџитлија, до 50 метри на патните правци Куманово – Св. Николе и Велес – Градско и од 20 – 30 метри на патниот правец Берово – Виница.ИЗВЕСТУВАЊЕ: На патниот правец Струга - г. п. Ќафасан (до с. Франгово) поради оштетување на коловозот, брзината е ограничена на 40 км/ч.ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15 ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2019 година. На овој линк ќе најдете повеќе информации што се подразбира под зимска опрема.ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се влажни, па поради ниските температури, карактеристични за вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица.ЗАБРАНА ЗА СООБРАЌАЈ: Поради интензивни врнежи од снег на патниот правец крак Маврово – Дебар во 07:30 часот воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила.

Македонија | пред 7 години

7 год.
vreme-31.01

Времето денеска облачно со повремени врнежи од дожд

Претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините само од снег. Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб, во западните делови умерен ветер од западен правец.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ffm

Собранието на ФФМ е фалсификат - гласале делегати кои се избришани од Централен регистар!

Се чини навикнавме последниве неколку години Фудбалската федерација на Македонија да работи нестатутарно и спротивно на Законот, па не е изненадување ниту последниот потег на фотелјашите од Куќата на фудбалот - на денешното собрание да им дозволат да гласаат на четворица делегати од ОФС Тетово, кои се избришани од Централниот регистар, објави sport1.mk.Веќе подолго време има подвоеност во ОФС Тетово, но пред неколку месеци, Централниот регистар пресече и ги избриша дотогашното раководство на чело со Фисник Исени. Но, тоа не беше пречка актуелната власт во ФФМ повторно нив да ги покани, па денеска во Охрид беа присутни, покрај Исени, и Дритон Муслиу, Мујдин Исмаили и Јовица Илиевски - сите нелегитимни претставници на ОФС Тетово. Ова значи дека Собранието е одржано на нестатутарен начин, со фалц делегати и ниту една одлука не може да биде важечка.Но, и самиот почеток на седницата беше предзнак дека ништо не штима - па така немаше легитимен претставник од УЕФА зашто не дојде Давор Шукер, кој е член на Извршниот комитет. Се појави анонимен лик во името на Денис Баштари од Албанија, за кој не се знае каква функција има во Нион. Освен ова, на Собранието не беше присутен ниту претставник на Агенцијата за млади и спорт, која воопшто не била поканета, за првпат во историјата.Но, тоа не значеше дека ФФМ нема да се пофали дека широко го отвора процесот за кандидатура на нов претседател иако тоа во реалноста воопшто не е така. Во еден од условите за кандидатура има член со кој кандидатот не мора да е делегат на Собранието, но мора активно да учествува во работата на членката која го предлага во изминатите четири години. Што само по себе е контрадикторно и служи само за замајување на јавноста и УЕФА дека процесот се отвора.Секој заинтересиран кандидат, па меѓу нив и да има бивши фудбалери со богато странско искуство, не би можеле да се кандидираат затоа што не го исполнуваат главниот услов да работат најмалку четири години во матичниот општински сојуз или во самата федерација. Исто така општинските сојузи немаат право да поднесат кандидатура за претседател на ФФМ, ако имаат веќе член во Управниот одбор на федерацијата и тоа дури шест месеци откако на некој од тие членови на УО ќе им заврши мандатот. Оваа промена во членот 91б уште повеќе ја усложнува постапката за демократско и непречено кандидирање, што е сосема спротивно од „филмот“ на ФФМ дека – сега трката за претседател - е отворена.Исто така изгласана е и одлука во членот 43 да се стави старосна граница и тоа за претседател да не може да се кандидира лице постаро од 65 години, што не е во согласност со правилниците и статутот на УЕФА, каде старосната граница е поставена до 70 години. Оваа одлука е поставена наводно во согласност со Законот за пензиско осигурување, што е апсолутно спротивно на Статутот на ФФМ, зашто функцијата претседател е волонтерска иако Илчо Ѓорѓиоски беше дебело платен и професионално ја извршуваше таа функција.извор:sport1.mk

Спорт | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Израелските сили убиле 16-годишно девојче, кое сакало да изврши напад

Израелските сили денеска убиле 16-годишно девојче по потекло од Палестина.Девојчето било убиено кога се обидело да изврши напад со нож над контролниот пункт на Ал-Заим, кој се наоѓа меѓу Ерусалим и Западниот Брег, соопшти полицијата.Според „Ројтерс“, убиеното девојче палестинските функционери го идентификувале како жител на палестинскиот град Рамала.

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања